Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Нафтата повторно „експлодира“: Брент над 117 долари, пазарите се плашат од подолга блокада околу Ормускиот теснец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-library06n17o41rd039MbAVnX
unsplash

Цените на нафтата забележаа нов силен дневен скок, откако на пазарите се засилија стравувањата дека геополитичките тензии околу Ормускиот теснец може да ја нарушат глобалната испорака на сурова нафта. Брент-нафтата денеска ја надмина границата од 117 долари за барел, додека американската WTI исто така се искачи над 104 долари.

— реклама —

Според берзанските податоци, во попладневното тргување цената на суровата нафта WTI порасна за 4,94% и достигна 104,774 долари за барел. Истовремено, Брент порасна за 5,13% на 117,001 долар за барел.

— реклама —

Пазарната нервоза се поврзува со проценките дека клучниот коридор за транзит на нафта може да остане под притисок подолго време, доколку САД ја продолжат блокадата на иранските пристаништа. Инвеститорите ваквите сигнали ги вградуваат во цените како ризична премија, што често предизвикува нагли и синхронизирани скокови кај двата водечки референтни вида нафта.

— реклама —

Во меѓувреме, во фокусот на пазарите се најдоа и изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои дополнително ја подгреаа реториката во односите со Техеран. Се најавува и стратегија за зголемување на притисокот врз иранската економија преку мерки што би го погодиле извозот на нафта.

— реклама —

Како дополнителен сигнал за нестабилност во енергетската политика, аналитичарите ја следат и одлуката на Обединетите Арапски Емирати да го напуштат ОПЕК. Иако дел од проценките укажуваат дека тоа претставува удар врз влијанието на картелот, се оценува дека ефектите врз цените на енергенсите не мора да бидат долгорочни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5gnfl5n1c3gm8Xbol2C

Цените на нафтата се намалија по стравувањата од ескалација на Блискиот Исток

Свет | пред 11 час

— реклама —
evra

Скапата нафта и храната ја најавуваат 2027 како уште една година на високи трошоци за живот

Свет | пред 3 дена

nafta-mazut

Нафтата поевтини: „Брент“ падна под 115 долари за барел

Свет | пред 5 дена

media-library3q60lle3ri7hcea4HuW

Пад на цената на нафтата на светските берзи, денес нова одлука за горивата во Македонија

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања