Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

„Најголемите удари врз СДСМ не доаѓаат од власта, туку одвнатре“, вели Кузеска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarys0thmrjerbtf1nMst7E

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, преку објава на социјалните мрежи оцени дека актуелното раководство на партијата од првиот ден се соочува со силни притисоци и напади, без да добие, како што рече, ниту еден ден простор за нормален почеток на својот мандат.

Според неа, најголем проблем е што, наместо нападите да доаѓаат од политичките противници, тие пристигнуваат од редовите на самата партија.

— реклама —

„Вистината е дека ова раководство на СДСМ не доби ниту еден ден шанса. Од првиот ден, во најтешкиот можен контекст, е под постојан оган. И најболно е што сопките не доаѓаат од власта, туку одвнатре“, истакна Кузеска.

— реклама —

Таа потсети на периодот по изборниот пораз на СДСМ, кога, како што рече, партијата останала сама и покрај тоа застанала зад сите свои членови кои се соочиле со политички и правни последици.

Кузеска нагласи дека токму луѓето кои и денес јавно ја бранат партијата биле меѓу ретките што останале активни и во најтешките моменти, додека, според неа, дел од оние што сега настапуваат со различни платформи тогаш не биле присутни.

— реклама —

Таа порача дека актуелното раководство не бара сочувство, туку поддршка за да ја води партијата напред, додавајќи дека секој кој искрено сака силен СДСМ треба своите различни ставови да ги стави во функција на јакнење, а не на слабеење на партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn3lnsmmcfbhi7ttxtb5

(Видео) „По падот на Вучиќ Алта банка префрла пари во Македонија – Обвинителството веднаш да отвори истрага“, вели Кузеска

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryd8kruiqbe5k37qSmca6

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски и работи за ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија | пред 3 дена

media-librarya6lbgej0kd2p19Fss8f

(Видео) Кузеска: Левица не гласаше за минимална плата, сателит не штити работници

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryml8krnvp4f8k4AMQOdU

(Видео) Кузеска: Сè што рековме се потврдува, aрамијата не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања