Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Најмалку 15 лица, над 50 се ранети во руски ракетен напад врз Киев и околината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-librarys6pk1lh7ajdf9ePFWsU

Најмалку 15 лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени во руски напад со балистички проектили врз Киевскиот регион, соопштија украинските власти.

— реклама —

Нападот започнал по полноќ, а тревогата за воздушна опасност траела повеќе од еден час. Во тој период, повеќе балистички проектили го погодиле Киев и неговата околина.

— реклама —

Според шефот на Киевската воена администрација, Тимур Ткаченко, девет лица загинале во округот Бориспил, додека четири жртви се регистрирани во Буча.

Од руското Министерство за одбрана соопштија дека цел на нападите биле логистички и снабдувачки центри.

— реклама —

„Овие центри се користеа за складирање и испорака на различно оружје и воена опрема, како и за производство и дистрибуција на беспилотни летала“, соопшти руското министерство.

— реклама —

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека постои стравување оти под урнатините има затрупани лица. Тој додаде дека четворица од повредените се во критична состојба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6beh2hrj8fts0NyQ2Ak

(Видео) Украина испратила 28 копнени роботи во напад врз руски позиции кај Лиман

Свет | пред 5 часа

— реклама —
kremlj-moskva

Кремљ го објави составот на руската делегација за преговорите со САД и Украина

Свет | пред 7 часа

moskva-na

Москва најави „болен“ одговор кон Австрија по протерувањето на руски дипломати

Свет | пред 9 часа

media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Русија официјално се повлече од Европската конвенција за спречување тортура

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања