Промени тема
Контакт

Најмалку 21 лице почина за 24 часа поради топлотен удар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет

Најмалку 21 лице почина во Мароко за 24 часа поради топлотен удар, бидејќи земјата беше погодена од топлотен бран со температури кои достигнаа 48,3 степени Целзиусови во централниот дел на земјата.

— реклама —

Мароканското Министерство за здравство соопшти дека во средата во градот Бени Мелал, во централниот дел на Мароко, починале 21 лице и истакна дека ова е шеста година на суша во таа земја, пренесува Фигаро.

— реклама —

Најголем дел од починатите имале хронични заболувања и главно се работи за стари лица.

Рекордна температура во Мароко за време на овој топлотен бран е забележана во вторникот во градот Казба Тадла, северно од Бени Мелал, каде е измерена температура од 48,3 степени.

— реклама —

Според прогнозата на метеорологот во следните денови во Мароко се очекува пад на температурите.

Во главниот град на Мароко, Маракеш, во четвртокот се забележани 45 степени, а во недела се очекуваат 10 степени помалку.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sonce-so-termometar

Топлотен бран кон крајот на септември: во Македонија температурите ќе се искачат до 30 степени

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryjldhhh6vv1h16Dk773V

Речиси 13.000 починати поради екстремните горештини во Германија и Велика Британија

Свет | пред 2 месеци

media-libraryjldhhh6vv1h16Dk773V

Нов топлотен бран ја зафаќа Шпанија, температурите ќе достигнат и до 45 степени

Свет | пред 2 месеци

media-libraryjldhhh6vv1h16Dk773V

Нов топлотен бран ја зафати Европа, Франција и Холандија воведуваат вонредни мерки

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања