Промени тема
Контакт

Најмалку 57 загинати во мигрантската криза на границата меѓу Мароко и Шпанија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryg65gl6mol4o9cKY61DX

Најмалку 57 лица загинаа на границата меѓу Мароко и шпанската енклава Сеута за време на масовен обид на околу 60.000 мигранти да влезат на шпанска територија, соопштија локалните власти.

Шпанската влада информираше дека повеќе од 48.300 мигранти во петокот биле вратени во Мароко. Поради сериозноста на ситуацијата во Сеута, каде што живеат околу 84.000 жители, распоредени се единици на шпанската армија, како и повеќе од 400 дополнителни припадници на Националната полиција и Цивилната гарда.

— реклама —

И покрај засилените мерки, стотици мигранти и натаму се обидуваат да влезат во Сеута пливајќи или заобиколувајќи го морскиот насип што ја дели мароканската од шпанската територија.

На граничното подрачје се регистрирани судири меѓу групи мигранти и мароканските безбедносни сили, при што биле фрлани камења и правени обиди за пробивање на граничните бариери.

— реклама —

Шпанскиот премиер Педро Санчез, кој ја посети Сеута, оцени дека станува збор за сериозно нарушување на територијалниот интегритет на Шпанија и најави дека државата ќе ги искористи сите расположливи механизми за обезбедување на границата и забрзување на постапките за враќање на мигрантите што нелегално влегле во земјата.

— реклама —

Кризата предизвика остри политички реакции во Шпанија, додека локалните власти предупредуваат на голем притисок врз безбедносните и хуманитарните служби.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library18is0v5m70uvdiDcyVe

Драма во Атлантикот: Спасени повеќе од 300 мигранти, меѓу нив и 40 деца

Свет | пред 3 дена

media-librarynaafj6r316fq7FfYmnI

Се скриле во товарен камион со стока од Кина: Цариниците открија тројца мигранти од Судан

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryv06a0t2fep237FmrqfK

По кризата во Сеута, ЕУ го заострува пристапот кон миграцијата

Свет | пред 1 седмица

migranti

230 мигранти во еден чамец го преминале Ламанш кон Велика Британија

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања