Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
6 год.
Нема фотографија

Заев: Во првата половина на јуни ќе излезам со конкретни решенија за промени во Владата

Премиерот Зоран Заев по завршување на Виенскиот економски форум изјави дека во првата половина на јуни има намера да излезе со конкретни решенија за промени во Владата.„Во јуни месец и тоа првата половина на јуни имам намера да излезам со конкретните решенија за промени и тоа во Владата, во владините институции, значи директорски места, Управни одбори, надзорни одбори, во локалната средина, значи едно трето ниво подоле, а секако ќе се случат и персонални промени во Социјалдемократскиот сојуз, што ќе значат и подобрување на перформансите на најголемата владејачка партија, којшто има директен импакт квалитативен и врз владеењето во државата. Веројатно и во локалните самоуправи има одредени слабости кадешто се под ингеренции на СДСМ и владејачката коалиција. Секако промените ќе се случат. Јас реков тоа ќе се случи на почетокот на јуни, затоашто извештајот го затвора Европската Унија и го објавува на 29 мај, изјави Заев.“, изјави Заев.

Македонија | пред 6 години

6 год.
bebe-vakcina

Нема дискриминација со забраната за запишување на невакцинирани деца, велат од Комисијата за заштита од дискриминација

„Министерството за здравство ја информира јавноста дека Комисијата за заштита од дискриминација утврди - нема дискриминација со мерката за забрана за запишување и прием на деца кои не се вакцинирани со МРП вакцината, откако било доставено мислење во однос на претставки добиени од граѓани, како и јавно искажани ставови во врска со постоење на наводна дискриминација кон децата кои не се вакцинирани од МРП вакцината, а во контекст на нивното запишување во предучилишни установи и училишта.Мислењето од Комисија за заштита од дискриминација е дека не постои дискриминација од страна на органите на управата и градинките со мерката за забрана на запишување и прием на деца кои не се вакцинирани со МРП вакцината и задолжителноста од вакцинирање на децата на училишна возраст.Во мислењето од оваа институција е наведено дека се земени во предвид наводите во индивидуалните претставки на граѓаните, одговорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, записниците на Комисијата за заразни болести, Уставот, Законот за спречување и заштита од дискриминација, Европската конвенција за заштита на човекови права и основни слободи, Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права, Конвенцијата за правата на детето како и Општиот коментар на Комитетот за правата на детето бр.7 (2005).Комисијата смета дека не постои дискриминација бидејќи мерката има легитимна цел, согласно член 5, точка 8 од Законот за спречување и заштита од дискриминација и дека таа не е спротивна на Уставот и на одредбите на меѓународните договори, соодветствува на реалните потреби со оглед дека е прогласена епидемија и е загрозен животот и здравјето на детето, животот и здравјето на другите деца кои се во контакт со детето во училиште или градинка, како и во функција на јавното здравство, односно заштита на здравјето на сите деца кои би биле во контакт со невакцинирано дете.Министерството за здравство уште еднаш потсетува дека вакцинацијата е најефикасна превентивна мерка за заштита на населението од заразни заболувања, а воедно за зачувување и одржување на колективниот имунитет“, се вели во соопштението на Министерство за здравство.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

„Макпетрол“ ја зголеми цената на горивата

Цените на нафтените деривати од ноќеска на полноќ на бензиските станици на „Макпетрол“ ќе се продаваат по повисоки цени. Зголемување, како што соопштуваат од компанијата, е поради зголемувањето на цената на нафтените деривати на светските берзи.Како што соопштуваат од компанијата од ноќеска  Ултра 95 ќе се продава по цена од 72 денари за литар, Ултра 100 по 74 денари, Дизелот по 66 денари, Био дизелот 67 денари и екстра лесното по 54,50 денари.Од компанијата претходно најавија дека тие ќе ги формираат малопродажните цени доколку тоа не го стори Регулаторната комисија за енергетика, која треба да ги одреди цените согласно новото законско решение кое веќе е донесено.

Македонија | пред 6 години

6 год.
ali-ahmeti

За скандалот со Богоевски, Ахмети не бил во тек

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, останува на барањето за ветинг на пратениците и функционерите кои вршат јавна дејност.  Ахмети барал совети за примена на системот за проверка во земјава, со што ќе се спречат нападите кон функционерите и ширењето на лажните вести.За скандалот за Павле Богоевски вели не бил во тек,пренесува Канал5.За потсетување за Богоевски, по снимката од Илија Громовник, тој кажа дека не нарачува кокаин во објавената снимка, туку масло од канабис.

Македонија | пред 6 години

6 год.
FB_IMG_1539871036738

Мишелин готвачот Џорџо Дијана со Матер часови по готвење во рамките на Taste Ohrid

Италијанскиот готвач со престижното признание Мишелин ѕвезда, Џорџо Дијана, повторно ќе  биде гостин во Охрид, овој пат како дел од програмата на Факултетот за туризам и угостителство  каде ќе одржи неколкудневни Мастер часови.Тој на пријавените студенти и претставници од  угостителските објекти во Охрид ќе им ги презентира новите техники на готвење со конзервирање на храната, пастеризација на продуктите, спорото готвење, како и важноста на новите техники и методи на готвење во кујната на модерните ресторани и хотели.Покрај практичните обуки од затворен карактер, љубителите на гастрономијата ќе имаат можност да ги пробаат специјалитетите од славниот готвач.Покрај Џорџо Дијана, гостин на пролетното издание на „Taste Ohrid“ ќе биде и Андреа Бијаџини, МТП Мишелин и сопственик на „Food & Lifestyle“. Неговото богато искуство во угостителството ќе го пренесе на претставниците од рестораните и хотелите во Охрид преку практичните обуки за маркетингот и неговото влијание врз туризмот, како и вредноста на рестораните во целокупната туристичка понуда на градот.Покрај домашните и странските туристи во Охрид, на овој настан огранизиран од страна на Општина Охрид, ЕДЕН – туристички кластер на југо-западна Македонија и Факултетот за туризам и угостителство, ќе присуствуваат и високи претставници од дипломатскиот кор на Република Македонија.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Mila_Carovska_Minister

(ФОТО) Тендер од еден милион денари за сопругот од Царовска

Речиси еден милион денари од Град Скопје добила компанијата „ФЛАЈ КЕМ“ ДООЕЛ Скопје, чиј спственик е неформалниот сопруг на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, открива Економски Лидер.Горан Георгиевски, кој живее во заедница со министерката Царовска, доби тендер вреден 967.600 денари од Град Скопје за изнајмување на опрема за висинско набљудување на терен, диви депонии и останати зони во градот.Како што открива Лидер дроновите на сопругот на Царовска ќе го набљудуваат градот во рок од траење од една година. Договорот помеѓу Георгиевски и скопскиот градоначалник Петре Шилегов е склучен на 8 мај.Лидер јавно го доставува договорот помеѓу Шилегов и Георгиевски за дроновите: Текстот во целост на: Економски лидер 

Македонија | пред 6 години

6 год.
nance-2

(ВИДЕО) Нанче на протестот за Алипашината џамија: Не ни треба крв, туку разум

Михаил Трендафилов - Нанче од „Совест“ вели дека Охрид се топи, а тие ќе бидат запишани во историјата дека ја предале Македонија. Нанче рече дека тие сакале легален начин да се заврши работата, а не крв да падне. На протестот протестираа жители на Охрид, кои даваа поддршка да се реши прашањето за Алипашината џамија. Протестот се одржа пред седиштето на Општина Охрид.„Тие сакаат да ни стават нешто, за да кажат колку се големи. Овие се два голија. Секоја чест за ние што се собравме тука, а нечест за сите оние кои се кријат на Фејсбук и портали за да не ги сликаат. Нас крв не ни треба, туку разум и ум. Во Охрид сме 90 проценти христијани, а 10 муслимани. Тие раководат. 10 на 1 а тие се посилни. Тоа е затоа што и позиција и опозиција се борат кој повеќе да стави во џеб“, рече Нанче од Совест за џамијата.Претставниците на „Совест“ укажаа дека градбата на минарето е нелегална и треба да се стопира.Со жалење констатираме дека ниту Управата за заштита на културното наследство, ни Државната урбанистичка и градежна инспекција, ниту судот не се на ниво на своите надлежности и не покажуваат решеност да стават мораториум на градба, која макар задоцнето е прогласена за нелегална. Констатациите на испекциските служби од управата се само рефлексии од најавата за граѓански бунт и само обид за амнестија за направените пропусти од надлежните во издавање на конзерваторско одобрение. Испративме повеќе дописи до светскиот центар за културно наследство на УНЕСКО во Париз со цел да го исвести за немоќта на македонските државни институции. Добивме повратно известување дека проблемот со зголемен обем на нелегални градежни активности во заштитеното централно градско јадро, како и околу Али Пашината џамија ќе влезе на дневен ред на 43-та сесија на Советот во текот на оваа година, истакна Сашо Михајлоски од „Совест“.„Ова е прв почеток. Нема да застанеме на ова. Ова е прв протест, а ние одиме натаму. Доколку општината не пројави интерес да го реши овој проблем. Доколку не дадат информации, ќе бараме помош од другите институции. Нема да прекинеме, ќе продолжиме додека не се реши проблемот“.  Охриѓани се чувствуваат изманипулирани и измамени. Не престануваме во својата борба за заштита на својот град од бесправно градежно дивеење со што неповратно ни се уништува градот. Ове е прв мирен протест, нема да оставиме работите туку така да исчезнат. Заедно со вас граѓаните будно ќе ги следиме случувањата, ќе алармираме и ќе учествуваме во решавањето на сите голиви проблеми со урбанистичкиот хаос, напомена Михајлоски.Од здружението уште еднаш ги повикаа државата, надлежните инстититуции, градоначалникот и премиерот да ги преземат своите уставни надлежности и законот да важи за сите.  

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Работникот што го уби холандскиот газда се заканува со нови убиства во притвор

С.Р. (49), осомничениот за убиство на холанѓанецот Јос М. (59) сопственик на расадникот „Еуроплантс" во тетовско Прељубиште, кој пред 10 дена почина откако беше удрен со камен во глава бил вознемирен, гласен и агресивен во притворската ќелија во Истражниот затвор во Шутка и се заканувал со нови убиства, дознава МКД.мк.Според информации на портaлот овој осомничен нападнал и цимер во ќелијата, обидувајќи се да го задави. Го спасила брзата реакција на затворската полицијата.Текстот во целост на МКД.мк 

пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Единствена Македонија: Заев да ја врати лиценцата за бизнис со дрога, марихуната за болните да ја обезбедува државата

Зоран Заев денеска од Виена на отворена сцена се заебаваше со народот изјавувајќи дека набавувањето на дрога од пратеникот Павле Богоевски е негово лично право. Владеењето на марионетската власта во Скопје се претвора во безаконие, корупција и криминал кога за флагратно кривично дело од пратеник, мариоентата Заев застанува во негова одбрана велејќи дека тоа е негово лично право како се однесува, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Станува се повеќе јасно дека со одбраната на пратеникот Богоевски, марионетата Заев го штити својот бизнис со дрога кој треба со другите бизниси да му носи годишно чиста добивка од 100 милиони евра а кое нешто го призна и самиот Заев во последниот телевизиски дуел со Христијан Мицковски во емисијата „Само вистина“.Единствена Македонија го повикува Зоран Заев да не се затскрива зад алтруистички мотиви со неговиот бизнис со дрога во милиони евра и веднаш да ја врати лиценцата за дрога, а марихуаната за болните да ја обезбедува државата, се вели во соопштението од Единствена Македонија. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
izjava-zaev.Still109-1

НАЈНОВА ВЕСТ: Евакуирана Ајфеловата Кула во Париз

Запошната е евакуација на Алфеловата кула во Париз од како на неа непознат маж се качил сам до врвот на кулата.НАСКОРО ПОВЕЌЕ ...ВИДЕОhttps://www.pscp.tv/w/1ypKdvMgrepJW?fbclid=IwAR0rjcRvQr4GHwiIddiWqTAayO3sVrb0Y3PhwpPjxxX3pw1osZ14wo6S3ck

Свет | пред 6 години

6 год.
direkten-sudar

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Го прателе како вози и снимиле директен судир

На социјалните мрежи се појави вознемируачко видео на кое се гледа како како момчиња забележувајќи како автомобил чудно се движи по пат, решиле да го снимаат и исмејуваат.Но, следејќи го и обидувајќи се да го снимат одзблиску  снимиле и директен судир.Видеото е снимено во Босна и Херцеговина и може да ве вознемири.

Свет | пред 6 години

6 год.
44581818_1726175564174909_7302245934291746816_n

91 амандман на Законот за Агенцијата за национална безбедност 30 тина од Фросина Ременска

Со 91 амандмани почнаа да се исправаат пропустите во законот со кој се формира новата УБК, Агенцијата за национална безбедност. Но не се сите од исти подносители. Една група амандмани која поминува мазно е договорена меѓу власта и опозицијата.Реформите во безбедносните служби и ингеренциите на Директорот на Националната агенција за безбедност ги ставија на различна страна сопартиијците на СДСМ Фросина Ременска и Оливер Спасовски.Ременска, која инаку е експерт за безбендносни служби, како пратеник поднела 30-тина амандмани на Законот за Национална агенција за безбедност иако овој закон Спасовски како министер за внатрешни работи го подготвуваше неколку месеци и го усогласуваше со пратениците од СДСМ, но и од опозицијата. Зад амандманите на Ременска се потпишале и пратениците Павле Богоевски, Горан Мисовски, Мухамед Закири, Чедомир Саздовски и Илија Николовски. Но, за минстерот беа прифатливи само техничките амандмани.За Спасовски овие аманмдани не беа прифатливи. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
bombi-cico

Јутуб ќе треба да даде информации за тоа кој ги објавува нобите „бомби“

СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје достави Известување кон кое е приложен Записник за примена кривична пријава изготвен од ПС Центар на 15.05.2019 година во кој пратеник во Собранието на Република Северна Македонија пријавил непознат сторител на кривично дело – Неовластено прислушување и тонско снимање од член 151 од Кривичниот законик.Според наводите во пријавата, на неодреден датум во периодот од март до мај 2019 година, додека се превезувал со такси возило од неидентификувана компанија и разговарал на мобилен телефон, пратеникот неовластено бил сниман од возачот на такси возилото. Разговорот потоа бил објавен на Youtube профилот Бомби 2019 како и на руската социјална мрежа vkontakte.По приемот на ова известување од страна на надлежен јавен обвинител веднаш беше изготвено барање за доставување податоци до Youtube кои се однесуваат на комплетни логови за наведениот профил, ИП адреси користени за пристапување и најавување на тој профил, како и ИП адреса од која е креиран профилот.Воедно до Министерството за внатрешни работи е доставена Наредба за да бидат направени проверки околу утврдување на идентитетот на таксистот кој наводно извршил снимање на разговорот, да се направат проверки од кое лице евентуално била нарачувана наркотична дрога и за кое лице била нарачувана. Министерството за внатрешни работи преку меѓународните инструменти кои ги користи ќе треба да направи проверки и за тоа кој е сопственик на профилот на руската социјална мрежа vkontakte.По направените проверки, доколку се утврди идентитетот на сторители на кривични дела и се обезбедат законити докази, МВР треба да поднесе кривична пријава до Обвинителството

Македонија | пред 6 години

6 год.
marihuana2

Марихуана пронајдена во автомобили на автопатот Скопје – Велес и Гостиварско

СВР Велес поднесе кривична пријава против Д.Д.(38) од Куманово и С.Б.(43) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.На 14.05.2019 година на автопатот Скопје – Велес, кај наплатната рампа „Сопот“, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „Фиат Пунто“, управувано од второпријавениот, во кое бил и првопријавениот како сопатник, при што пронашле и одзеле околу еден килограм опојна дрога - марихуана. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.О.(19) од село Равен, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни суптанци и прекурсори“. На 06.10.2018 година во Гостивар полициски службеници извршиле при преглед на лица и возило, управувано од Р.И. од село Равен, сопственост на пријавениот, кој бил сопатник, до пријавениот пронашле и одзелени марихуана.

Македонија | пред 6 години

6 год.
kidnapiranje

Три лица се обиделе да киднапираат 11 годишно девојче

СВР Тетово поднесе известување против Ч.К.(17), Е.О.(19) и еден 13-годишник, сите од село Ларце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „грабнување во обид“. На 14.04.2019 година околу 19.00 часот во село Ларце, тетовско, се обиделе во патничко возило да внесат 11-годишно девојче, кое успеало да избега.

Македонија | пред 6 години

6 год.
brza-pomos

Три лица нападнале 21 годишен тетовец, му нанеле убодна рана на левата рака

На 19.05.2015 година околу 22.00 во СВР Тетово било приајвено дека во угостителски објект на ул.„Јане Сандански“, М.А.(20), К.Н.(20) и Ф.К.(20), сите од село Порој, тетовско, физички го нападнале Ј.Ј.(21) од Тетово. Притоа, според пријавата, М.А. со остар предмет му нанел убодна рана на левата рака на Ј.Ј. кому му била укажана лекарска помош во Клиничка болница – Тетово.Истиот ден во 23.20 часот М.А., Ф.К. и К.Н. се пријавиле во Полициската станица Тетово, по што биле задржани за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
kurumi

Собирал старо железо - пронашол муниција во кесе

На 19.05.2019 година околу 14.40 часот во Полициската станица Струга, Ф.М.(52) од Битола пријавил дека на регионалнниот пат Струга-Подмоље, покрај река Сатеска, на околу 50 метри од мостот, додека собирал старо железо, во кеса пронашол муниција. Полициски службеници излегле на местото, извршиле увид, при што било констатирано дека во кесата имало околу 130 куршуми од разен калибар и пет испукани патрони за ловна пушка.

Македонија | пред 6 години

6 год.
stop-policija

Засилени сообраќајни контроли во Битола, затекнати низа ниправилности

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола, за време на викендот извршиле засилени сообраќајни контроли и притоа контролирани се 1284 возачи, од кои 32 возачи управувале возило без возачка дозвола, седумина користеле сигурносен појас, а дозволената брзина ја надминале 95 возачи. Под дејство на алкохол биле петмина возачи, а четворица возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото. Од сообраќај се исклучени 22 возила затоа што биле нерегистрирани.

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija

СВР Штип расчисти седум кривични, кражба, тешка кражба на дрзок начин, насилство

СВР Штип, по преземени мерки и активности, расчисти седум кривични дела од кои две кривични дела - “разбојништва“, една „разбојничка кражба“, три кривични дела - “тешка кражба на дрзок начин“ и едно кривично дело - “насилство“, сите извршени на подрачјето на Штип.Според досегашната истрага, постојат основи на сомнение дека овие кривични дела се извршени од лицата Е.И.(24), А.М.(26), Б.Н.(26) и М.Д.(24), сите од Штип, кои од претходно се познати како извршители на исти или слични кривични дела за кои веќе биле осудувани и издржувале казна затвор.По целосно документирање на кривично правните настани против наведените лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави до Основното јавно обвинителство. Двајца од сторителите се лишени од слобода и спроведени до Казнено поправни установи за издржување на претходно изречени казни.

Македонија | пред 6 години

6 год.
migranti_kola

Мигранти од Ирак пронајдени во бугарско возило на Табановце

На 19.05.2019 година во 23.30 часот на Граничен премин Табановце, при преглед на товарно возило „Форд Транзит“ со бугарски национални ознаки, управувано од П.П.(47) од Република Бугарија, во кровниот дел од возилото, во наменски прилагоден простор, царински и полициски службеници пронашле осум лица-мигранти од Ирак, кои не поседувале документи за идентификација.Возачот П.П. бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања