Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
6 год.
Safet-Bisevac

Експратеникот Бишевац: Не ме интересира дали Богоевски нарачувал за болен, одговорност мора да има

Реакциите за случајот со Павле Богоевски и снимката за која тврди дека е направена во такси и дека нарачува масло од канабис за медицински цели, и понатаму е топ тема, а коментар даде и поранешниот пратеник и новинар, Сафет Бишевац во синоќешното гостување на „Само вистина“.- „Богоевски призна на кој начин се случува таа работа. Ова општество веќе треба да биде сведок на поднесување на морална одговорност. Не ме интересира дали Павле Богоевски нарачувал нешто за болен во фамилијата, или половина од тоа го нарачувал за свои лични потреби. Тогаш се покажува моментот кога се потврдува беззаконието“, истакна Бишевац вчера во Само вистина.Инаку, реакциите по снимката не стивнуваат. Таа се појави од профил со псевдоним „Илија Громовник“, а во која се слуша гласот на пратеникот. По неа Богоевски на фејсбук напиша дека не нарачува кокаин во објавената снимка, туку масло од канабис, а потоа беше и во полициска станица.- За медицинска употреба, за моја многу блиска личност на која маслото од канабис ѝ помогна таму каде другите лекови не можеа да ѝ помогнат. Тоа го правам веќе неколку месеци и ќе го правам сè додека е потребно“, напиша Богоевски на Фејсбук, па птооа вчера отиде и во полициска станица.

Македонија | пред 6 години

6 год.
spasovski-gi-prezemame-site-merki-za-fer-mirna-i-demokratska-izborna-atmosfera

Министерот Спасовски се огласи по скандалот со дрога на пратеникот Павле Богоевски

Министерството за внатрешни работи ќе го третира случајот со пратеникот Павле Богоевски како и секој друг счучај за кој е покрената истрага, затоа што, пред сè, сите сме граѓани на оваа држава, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.-Без разлика дали некој носи некаква функција или не, тоа не е никаква предност за него, туку напротив, тој само има поголема одговорност. Затоа ниту јас, ниту колегите од МВР немаме никаква причина да не постапуваме за овој случај на начин како и за сите други случаи. Се работи за настан кој е во истрага, но и јавноста знае дека не станува збор за разговор што бил прислушуван од страна на институциите, туку бил сниман со мобилен телефон или друг уред. Добро е сето тоа да се расчисти затоа што сакаме да застанеме на патот на злоупотребата на снимањето и нарушувањето на приватноста на кој било човек. Што се однесува до сличниот случај во Прилеп, со прислушуваните разговори, истрагата е при крај и деновиве очекувам да биде поднесена кривична пријава, истакна Спасовски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
1-16

Џафери нема да им прави наркотестови на пратениците

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, ја доби и ја разгледа Иницијативата од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, а која се однесува на барањето за доброволно тестирање на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија од наркотици.„Ве информираме дека, во Законот за пратеници, во Деловникот за работа на Собранието и во Уставот на Република Северна Македонија, нема правен основ според кој Претседателот и Собранието на Република Северна Македонија би можеле да ја реализираат Иницијативата на Независната пратеничка група. Условите за кандидирање, за избор и за работа на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија се јасно дефинирани и оттука, Претседателот на Собранието не може и не смее да постапува надвор од своите законски овластувања. Според Законот за безбедност и здравје при работа, член 22, став 1, работодавачот мора да обезбеди здравствени прегледи за вработените најмалку на секои 24 месеци. Пратениците и вработените во Собранието на Република Северна Македонија, како и сите вработени лица во државата, одат на редовни годишни систематски прегледи, кои се потврда за нивната здравствена состојба. Последниот систематски преглед се реализирал во 2017 година, а следниот редовен систематски преглед ќе се спроведе во текот на оваа година. Дополнително, не се точни тврдењата на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски дека, Претседателот на Собранието може и без формално покрената иницијатива, да утврди одговорност на пратеник. Согласно Кодексот за етичко однесување на пратениците, Член 15, Претседателот на СРСМ нема надлежност во постапката за утврдување на сторени лесни и тешки повреди и изрекување на мерки за пратениците“, информираат од Собранието.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Џафери засега воздржан за барањето пратениците да одат на нарко-тест, од кабинетот велат се чека конкретна иницијатива

Претседателот на Собранието, Талат Џафери е воздржан околу барањето на независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ в понеделник сите пратеници да направат тест за употреба на наркотички средства и нема да коментира изјави на пратенички групи.- „Претседателот на македонското Собрание не ги коментирал и нема да коментира изјави на пратенички групи. Во моментот кога во Кабинетот на петседателот на Собранието ќе стигне конкретна иницијатива, претседателот Џафери ќе ја разгледа, ќе се произнесе за неа и ќе постапи согласно надлежностите што му ги обезбедуваат Уставот, Деловникот и Законот за пратеници“, велат од Кабинетот на Џафери откако Груби вчера, а денеска независните пратеници на ВМРО, побараа да се направи текс на сите пратеници.Инаку, реакциите по снимката не стивнуваат. Таа се појави од профил со псевдоним „Илија Громовник“, а во која се слуша гласот на пратеникот. По неа Богоевски на фејсбук напиша дека не нарачува кокаин во објавената снимка, туку масло од канабис, а потоа беше и во полициска станица. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
VMRO-za-pavle-bogoevski

Стоилковски: Аферата Павле Богоевски, е многу посериозна отколку што неговите сопартијци сакаат да прикажат

Аферата Павле Богоевски и неговото тргување на црниот нарко пазар емногу посериозна отколку што неговите сопартијци сакаат да го прикажат.Аферата има два суштински моменти:Павле Богоевски е во центарот на вниманието по аудио материјалот објавен на интернет, по што постои јавно силно сомневање дека е корисник на наркотици односно психотропни супстанци. Павле Богоевски признава дека бил во контакт со криминалното подземје - имајќи предвид дека најмалку тргувал на црниот пазар за наркотици, кој што е воден пред се од криминални организации за кои постои можност да се силен безбедносен ризик, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Сето ова го доведува во прашање неговиот кредибилитет како пратеник во македонското Собрание. Но, тука не станува збор дали Павле Богоевски има само морална одговорност, туку работата е многу посериозна.Павле Богоевски како пратеник е член на повеќе собраниски комисии каде има допир и увид во високо класифицирани државни и безбедносни тајни.Тој е дел од Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање. Павле Богоевски поседува Безбедносен сертификат и е во допир со класифицирани документи кои се однесуваат:На методите и средствата што ги користат Управата за безбедност и контраразузнавање но и Агенцијата за разузнавање. Материјалната, кадровската и техничката опременост на Управата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање.Значи Павле Богоевски има комплетен увид во функционирањето, опременоста, кадровската поставеност, методите за работа на безбедносните служби на Република Македонија.Оттука, постои силен сомнеж дека Павле Богоевски е лесна цел - што и се докажа со аудио материјалот објавен на интернет - да биде уценуван, поттикнат, или присилен, да сознанијата од класифицираните документи да завршат на црниот пазар! Тоа е сериозен безбедносен ризик за државата. Тоа Павле Богоевски, како човек со диплома од Факултетот за безбедност, асистент и ментор во Полициската академија, добро го знае, и се уште изненадува но и остава огромен простор за сомнеж, зошто Павле Богоевски се уште инсистира да не се повлече од функцијата - пратеник, член на Комисијата за надзор на УБК и на Агенцијата за разузнавање, но и во Комисијата за одбрана и безбедност.Патем, за да се членува во Комисијата за надзор на УБК и Агенцијата за разузнавање, Павле Богоевски мора да поседува Безбедносен сертификат, за кој што има пополнето Безбедносен прашалник, Образец А, кој дава најголеми овластувања, а во кој што има прашање кое гласи: Дали користите или сте користеле наркотици или психотропни супстанции. За точноста на одговорите во тој прашалник се гарантира со целосна морална, материјална и кривична одговорност.Колку и да сака да се забошоти случајот, власта мора сериозно да пристапи кон аферата Богоевски. Се спротивно води кон сериозно намерно рушење на безбедносниот систем во Република Македонија, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
2-1

Канцеларијата на премиерот Заев распишува конкурс за избор на детски раскази и песни

Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија распишува конкурс за избор на раскази и песни за публикација на детската книга „Моето патување во Фантазија“. Темата произлегува од предновогодишниот настан „Писмо од Фантазија“ на кој, при дружењето на премиерот Заев со ученици, беше презентирана бајка, дизајнирана и напишана на начин кој ја стимулира детската имагинација и креативност во педагошки и пошироки цели, како поттик децата да читаат книги.Во „Писмото од Фантазија“, се раскажува за земјата Фантазија во која живеат најдобрите другарчиња на децата - Петар Пан, Зоки Поки, Златокоса, Пепелашка, Доктор Офболи, мечето Вини Пу и многу други, на кои им се заканува опасност од исчезнување ако децата не читаат книги и ако не се дружат со нив. Опасноста доаѓа од Големиот црн змеј, кој се вика „НИШТО“, и доаѓа по главните јунаци, кои можат да бидат спасени од децата, кои имаат љубов кон пишаниот збор и сакаат да читаа книги.Конкурсот, наречен „Моето патување во Фантазија“ ги поттикнува децата да напишат расказ или песничка во која раскажуваат за нивните авантури во земјата Фантазија и како со своите дела, читањето и љубовта кон книгите им помагаат на хероите и јунаците во борбата за спас на земјата Фантазија, со што нема да се дозволи исчезнување на нивните херои од приказните.Песничките и расказите ќе ги разгледува седумчлена Комисија составена од четворица реномирани детски писатели, по еден претставник од Министерството за образование и наука и Министерството за култура и претставник од Владата на Република Северна Македонија, како претседател на Комисијата и уредник на изданието.Право на учество на конкурсот имаат сите ученици од II, III и IV одделение од јавните и приватните училишта во земјата. Секој ученик има право да пријави само еден расказ или една песничка.Авторските дела (раскази или песни) на учениците, се доставуваат до нивните одделенски наставници/наставнички, како нивни ментори, во дигитална форма (ворд документ), на мајчиниот или на кој било друг јазик на кој учениците најкреативно се изразуваат. Расказите, треба да се во формат соодветен за рани читатели (до 500 зборови), додека песничките до четири (4) строфи.Насловот на „ворд“ документот треба да го содржи името на песничката/расказот, додека на самиот документ под делото треба да стои име и презиме на ученикот/ученичката што го има напишано, име и презиме на менторот/менторката, телефон и е-пошта на менторот/менторката.Одделенски наставници/наставнички сите собрани раскази или песнички треба да ги испратат по пат на официјална е-пошта на своите раководители на училиштата најдоцна до 9 јуни 2019 година, до 12:00 часот. Раководителите на училиштата добиените песнички и раскази, преку официјалните е-пошти ги испраќаат на konkursi@vlada.gov.mk најдоцна до 10 јуни 2019 година, до 18:00 часот. Сите електронски пораки кои ќе пристигнат по овој рок ќе се сметаат за некомплетни и нема да се земат предвид. За дополнителни прашања или информации, заинтересираните можат да напишат на: konkursi@vlada.gov.mkПо завршувањето на роковите, Комисијата ќе ги разгледа делата и ќе донесе одлука кои раскази и песни ќе станат дел од печатена публикација и тоа заклучно со 30 август 2019 година, додека резултатите од избраните раскази и песни јавно ќе се објават во септември 2019 година.Избраните дела ќе бидат објавени во публикацијата „Моето патување во Фантазија“., која ќе се печати во тираж и ќе биде промовирана на предновогодишен настан во декември 2019 година, а потоа донирана за збогатување на библиотечниот фонд во сите основни училишта и градски библиотеки ширум земјата.Повеќе детали на: vlada.mk/detski-konkurs 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Матурантите по 13 пат го одиграа квадрилот

На плоштадот „Македонија“ се одржа „Матурската парада 2019 “, а матурантите од Скопје точно напладне, заедно со своите врсници од повеќе градови од земјава и од Европа, по 13. пат го одиграа танцот „квадрил“ на звуците на штраусовата опера „Лилјакот“. „Матурската парада“ ја отвори градоначалникот Шилегов.- Драги матуранти, со завршувањето на средното образование Вие затворате едно важно поглавје во вашите животи, поглавје во коешто убеден сум, имајќи во предвид како полека ги подобруваме условите во нашите училиштата, е период во којшто сте се стекнале со знаење за понатамошната иднина. За наша и ваша среќа за првпат навистина можеме да и кажеме на Eвропа дека сме дел од неа, јас сум убеден дека и вашите врсници од 25 различни земји од Европа за првпат ве чувствуваат и како дел од неа. Сакам да ви пожелам на сите да имате успешно лето и да имате успешни уписи, а знаењата и искуствата коишто ги стекнавте во изминатите 4 години во средните училишта ќе ви помогнат од ден на ден да бидете подобри и поблагородни луѓе и да градите убави односи со луѓето околу вас – им порача Шилегов на матурантите.На „Матурска парада” во Скопје учествуваа околу 1.000 ученици од 22 средни училишта во Скопје, како и матуранти од средни училишта од Охрид, Струга, Струмица, Гевгелија и од Валандово.Пред започнувањето на танцот „квадрил“, матурантите тадиционално положија заклетва за ненасилство и толеранција. Организатори на годинешнава Матурска парада се Дирекцијата за култура и уметност на Скопје во соработка со танцовиот клуб „Ритам плус“, а покровител на манифестацијата е Градот Скопје. Поддржувач на оваа традиционална манифестација е Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија.

Скопје | пред 6 години

6 год.
sahpaska-izjava

Шахпаска: Заврши блокадата на Иванов, повторно ги усвоивме законите што се во интерес на граѓаните

Со задоволство можам да соопштам дека заврши блокадата на законодавниот процес во Собранието на Република Северна Македонија, со која поранешниот претседател Иванов нанесуваше директна штета на граѓаните и на интегративните процеси на државата. Повеќе од три месеци Собранието на Република Северна Македонија беше заложник на однесувањето на Иванов, кое беше спротивно на волјата на граѓаните претставувана преку парламентарното мнозинство.На вчерашната седница во трето читање изгласавме низа закони, меѓу кои и Законите за прекинување на бременоста, за спречување и заштита од дискриминацијата, Законот за Судскиот совет, за коишто Иванов спротивно на Уставот не сакаше да ги потпише указите за нивно прогласување.Станува збор за исклучително важни закони, чие донесување граѓаните го бараа и го очекуваа, но и кои се важен чекор и услов за нашите евроинтеграциски процеси. Законодавниот процес е повторно во функција, а Собранието на Република Северна Македонија конечно може со полн капацитет ефикасно да работи.Како парламентарно мнозинство остануваме силно посветени на градењето едно општество за сите, без поделби, без дискирминација, општество на еднакви граѓани со еднакви можности независно од полот, расата, верата или пак сексуалната определба.Со новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација за прв пат со закон се заштитуваат лицата со попреченост, различен родов идентитет, различна сексуална ориентација. Овој закон беше подготвен во соработка со невладиниот сектор, но е и еден од условите за евроинтеграцискиот процес на нашата држава.Законот за прекинување на бременоста, граѓаните го очекуваа подолго време и кој овозможува жената сама да одлучува за своето репродуктивно здравје.Продолжуваме и ги реализираме нашите заложби за владеење на правото, за реформи во судството и за еднаквост на сите пред законот. Законите за Судски совет, за управните спорови и за судови се дел од реформите во судството кои се нужни, откако ВМРО-ДПМНЕ буквално го сруши судскиот систем.  Овие закони се само дел од реформите што ќе следуваат во наредниот период.Не отстапуваме од целта Република Северна Македонија да биде стабилна, просперитетна и економски развиена европска држава.

Македонија | пред 6 години

6 год.
avtomobil

15 лица затекнати во сообраќај, а воопшто немале возачка дозвола

Во текот на изминатиот ден (16.05.) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје случиле девет сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди. Од преземените сообраќајни мерки и контроли констатирано е дека 16 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената,а од сообраќај се исклучени 17 возачи затоа што 15 од нив управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило додека двајца поради тоа што биле возачи почетници.Исто така, исклучени од сообраќај се и осум возила бидејќи биле нерегистрирани. Наедно, петмина возачи биле санкционирани поради поминување на крстосница на црвено светло, еден поради неправилно престројување, двајца возачи поради неправилно престигнување. Исто така осумина возачи се сакнционирани поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило а петмина возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците, санкционирани е еден пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот  ден издадени се 70 мандатни платни налози, а 64 возила се подигнати со специјално возило „пајак.

Скопје | пред 6 години

6 год.
kucinja-kuce

Три годишно девоjче и 61 годишен маж каснати од кучиња скитници

На 16.05.2019 година во 15.30 часот во Полициската станица Аеродром, Љ.С.(39) од Скопје пријавила дека на 15.05.2019 година околу 19.30 часот на ул.„1613“ во Скопје нејзината тригодишна ќерка била касната од куче скитник во пределот на десната подлактица и градниот кош.На 16.05.2019 година во 21.45 часот во Полициската станица Центар , С.Т.(61) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 16.45 часот на ул.„Кеј 13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата надколеница.

Скопје | пред 6 години

6 год.
soobrakajna-nesreka

Охриѓанец излетал од патот и удрил во дрво

На 16.05.2019 година во 07.45 часот на регионалниот пат Охрид- Струга, во близина на приклучокот за магистралниот пат Охрид- Кичево, патничко возило „Рено Меган“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.Ш.(37) од Охрид,  излетало надвор од коловозот и удрило во дрво. Со тешки телесни телесни повреди се здобила Т.Ш. којашто била пренесена во болницата Св.Еразмо, каде и била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

Македонија | пред 6 години

6 год.
655-402-bebe

Кривична пријава за малолетната мајка која го остави новороденчето во парк

Секторот за внатрешни работи Скопје ќе поднесе кривична пријава против А.А (17) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напуштање немоќно дете “, казниво по член 200 од Кривичниот законик.Таа, на 14.05.2019 година околу 11.00 часот на булевар ,,Македонско Косовска Бригада“, своето новородено машко бебе го однела и го оставила на земја во близина на нејзината куќа. Новороденчето било пронајдено од случаен минувач кој повикал Итна медицинска помош, по што бебето било префрлено на Клиниката за детски болести – Скопје, каде било прегледано и било констатирано дека се наоѓа во добра здравствена состојба. По Наредба од Основно јавно обвинителство – Скопје, била извршена споредбена ДНК анализа на А.А со новороденчето и било утврдено дека таа е мајка на новороденчето.После тоа, бил известен и стручниот интервентен тим од Јавна установа – Меѓуопштински Центар за социјални работи – Скопје за нивно понатамошно постапување.

пред 6 години

6 год.
F4F_MKD-Pretstavnici-na-sredba-so-FFM_05.2019

Фудбалот е поттик за ширење на позитивни вредности, на теренот и надвор од него

Во знак на подготовките за финалните активности од овогодинешната сезона на „Фудбал за пријателство“, македонските учесници во проектот на средба со Фудбалската Федерација на Македонија.Македонските учесници во проектот „Фудбал за Пријателство“, младите амбасадори Милош Спасовски, Борјан Томовски, Лука Јаневски, млади фудбалери од подмладокот на ФК „Вардар“ и Калина Василевска, ученик од Скопје остварија средба со претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Муамед Сејдини и Селекторот на Македонската Фудбалска Репрезентација, Игор Ангеловски.Во рамки на одржаната средба, македонските учесници го претставија проектот и неговите цели и разговараа за неговите вредности – пријателство, мир и еднаквост, како и поттикнување на негување на истите помеѓу граѓаните и важноста на вакви проекти за создавањето на љубов кон спортот кај младите. Младите амбасадори на присутните им подарија сино-зелена Алка на Пријателството – официјален симбол на проектот и неговите клучни вредности.„Фудбалот е колективен спорт. Добриот фудбалер, покрај високо – квалитетните перформанси на теренот, е тимски играч и ги применува позитивните вредности кои ги поттикнува проектот ’Фудбал за Пријателство’ – пријателство, еднаквост, праведност, здравје, мир, посветеност, победа, традиција и чест. Ги охрабрувам сите млади активно да спортуваат и да ја пренесуваат пораката на овој проект за присуство на мирот, пријателството и еднаквоста на спортските терени, како и во секојдневниот живот. Воедно, ги повикувам Младите Амбасадори на проектот од македонската делегација да ги споделат овие вредности со сите свои врсници и пошироко“ , изјави Игор Ангеловски, селектор на Македонската Фудбалска Репрезентација.„Како Фудбалска Федерација, континуирано поддржуваме проекти во кои се поттикнува практикувањето на спортски активности, но и позитивни вредности на теренот и вон него кај децата од различни возрасни категории. Во овој контекст, со целиот наш стручен и личен капацитет го поддржуваме проектот ’Фудбал за Пријателство’ и можам да кажам дека редовно ги стимулираме младите кои се заинтересирани за фудбалот да ги применуваат клучните вредности на овој Проект, истовремено поттикнувајќи ја средината на здрав живот, развој на спортска кутура, пријателство и еднаквост. На младите претставници од македонската делегација која ќе нѐ претставува во Мадрид, Шпанија, им посакувам успешни активности и да се вратат со убави спомени и нови пријателства. Воедно, ги повикувам нив, како и сите млади, да ги следат своите соништа и да веруваат во самите себеси – на овој начин, со посветеност, работа, верба и дисциплина, може да се реализираат и како личности и врвни спортисти“, изјави Муамед Сејдини, претседател на Фудбалската Федерација на Македонија.

Спорт | пред 6 години

6 год.
otrov-1

Апел од општина Аеродром – граѓаните да не поставуваат отров на јавни површини

Во текот на вчерашниот ден добивме информации дека на јавните површини во Општина Аеродром има расфрлено отров, со што се загрозува животот на животните и на луѓето.Инспекциските служби на Општина Аеродром се на терен, а сезонските работници го пребаруваат секој сомнителен реон.Општина Аеродром ја информира полицијата и апелира до граѓаните да не поставуваат штетни материи на јавни површини, кои претставуваат опасност за домашните миленици, бездомните животни и децата што си играат во парковите.Доколку забележите супстанција за која сметате дека е опасна, пријавете во полициската станица „Аеродром“ на телефонскиот број 02/2432-362.Исклучително е важно да не допирате ништо и да не ја напуштате локацијата сѐ додека не дојде претставник од полициската станица, се вели во апелот од општина Аеродром.

Скопје | пред 6 години

6 год.
hipertenzija-2

17ти мaј, Светски ден на хипертензијата - крвниот притисок да не се игнорира

17ти мaј е Светски ден на хипертензијата востановен од пред 15 години и неговото одбележување има за цел да ја подигне свеста за важноста на оваа медицинска состојба која многу често останува неоткриена и нетретирана.Годинава целиот месец Мај е во знакот МММ(May Measurement Month). Toa e глобална камапања која ја предводи ISH( Интернационалното здружение за хипертензија) а на која и се приклучуваме и ние , како установа која е предводник во активностите посветени на превенција и третман на кардиоваскуларни болести во земјава.Во просториите на Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања е поставен штанд каде со пациентите се разговара за хипертензијата, важноста од рано откривање и адекватен третман . Знаењето за оваа болест им го збогатуваме со наменски едукативен материјал кој го добиваат. Хипертензијата е во нашиот фокус секојдневно 365 дена во годината.„ Овој е повод да упатиме апел широката јавност да не заборава на Покачениот крвен притисок и да не го игнорира исто така“, велат од Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања .

Македонија | пред 6 години

6 год.
Civil

Цивил: Крај за расипништвото!

ЦИВИЛ ќе ги достави барањата за укинување на привилегиите на функционерите, објавени и во соопштението од 14 мај, до Собранието на РСМ денеска (петок) во пет минути до 12 часот. По тој повод, претставниците на ЦИВИЛ ќе бидат на располагање на медиумите и заинтересираните граѓанки и граѓани за изјави на оваа или било која друга тема, во непосредна близина на службениот влез во Собранието.Воедно, ЦИВИЛ уште еднаш ги повикува сите граѓанки и граѓани активно да се вклучат во контролата на трошењето на јавните пари и практикувањето на власта на локално и национално ниво. Ова подразбира дека се добредојдени и идеите за промена на постојните законските регулативи што не се во согласност со интересите на граѓанките и граѓаните. На располагање се сите канали за комуникација со организацијата. Соопштение на ЦИВИЛ, 14/5/2019ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да му стават крај на расипништвото и повластиците во кои уживаат функционерите. Почнувајќи од поранешните претседатели, завршувајќи со раководителите на државните агенции и други институции, сите повластици мора да се укинат, односно да се редуцираат до ниво што е прифатливо за една сиромашна земја која се декларира како социјална држава, според Уставот.Бесмислено е да се трошат огромни суми пари за доживотни повластици на поранешните претседатели на државата, без оглед на тоа дали тие биле на висината на својата функција или биле криминалци. Едноставно, нема ниедна логична причина тие доживотно да живеат во раскош на сметка на сиромашните граѓанки и граѓани на Република Северна Македонија.Функционерите во законодавната и извршната власт, а секако и локалната самоуправа, мораат да се откажат од луксузните автомобили, од патните трошоци, од репрезентативните издатоци, прескапи патувања за кои имаат слаби изговори, луксузниот мебел, набавки на уметнички дела за „декорирање“ на нивниот работен простор и сите останати удопства на кои полагаат право врз основа на закони зад кои стојат сомнителни, па и криминални мотиви.Сѐ што е до сега набавено, мора да се продаде, а средствата да бидат наменети за подобрување на образованието, здравството и безбедноста. Наместо локалните шерифи да се возат во автомобили од над 50.000 евра, треба да се набават противпожарни и амбулантни возила, или автобуси за учениците. Наместо да се прејадуваат по ресторани, функционерите мораат да работат на борбата против корупцијата и сиромаштијата во земјата.Апанажите мора да се укинат или да се сведат на минимум. Во оваа земја социјалната помош му се укинува на примателот, ако заработи екстра приход од собирање пластични шишиња во вредност од 300 денари. Неприфатливо е да се креираат, а потоа и до максимум да се користат сите прописи според кои функционерите, практично, не мораат во ниеден момент да посегнат по својот џеб. Секоја чест на исклучоците за кои знаеме дека ги има и чесно и одговорно се однесуваат кон јавните ресурси. Но, поединечните добри примери меѓу функционерите не се доволни!ЦИВИЛ бара да се ревидираат сите законски регулативи според кои им се даваат прекумерни повластици и на актуелните и на функционерите во заминување. Во време кога ни умираат деца поради лошото здравство, кога младите во огромен процент се функционално неписмени, кога луѓе гладуваат и се мрзнат по своите домови, не може да се трошат 165.000 евра годишно за некого, па нека е тоа и поранешен претседател.ЦИВИЛ бара воведување стандарди според кои набавките ќе бидат не само транспарентни, туку и рационални! Возилата не смеат да бидат луксузни, ни во голем број, туку да одговараат на практичните потреби на институциите и луѓето што ги раководат. Истото се однесува на сите останати аспекти од нивното трошење.Доколку властите не почнат итна постапка за корекција на законските регулативи според кои се трошат вртоглави суми пари за повластици на функционерите, граѓанките и граѓаните треба да го искористат и своето право на протест.  

Македонија | пред 6 години

6 год.
otrov-3

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО) Внимавајте: Отруени три кучиња во Аеродром, две се борат за живот

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира сите да внимаваат на своите миленици оти во изминатото деноноќие биле отруени неколку кучиња.„Овие денови сме сведоци на повеќе труења на следниве локации: Позади ОКТА бензиската паркот (до лулашките) , ФФМ и кај паркот на музиката! Отров во виршла завиткан со селотејп! Три кучиња не успееа да се спасат, две се борат за живот, од кој едно е домашно! Внимавајте на вашите домашни миленици и на маалските! Пријавено е во полиција дојдени се на лице место, посочени се лица во кој има сомнеж дека тоа го направиле, се чека до понеделник да се види дали има отисоци“, велат од Анима Мунди.КРАЈНА ВНИМАТЕЛНОСТ ДОДЕКА ГИ ШЕТАТЕ ВАШИТЕ МИЛЕНИЧИЊА!!!

Скопје | пред 6 години

6 год.
Tajvan

Тајван прв во Азија ги легализира геј браковите

Тајванскиот парламент денес прв во Азија ги легализираше браковите од ист пол.Во 2017 година, тајванскиот Уставен суд донесе одлука дека двојките од ист пол имаат право да стапат во брак, и таа одлука конечно беше формализирана со гласање во парламентот.Според „Би-би-си“, Уставниот суд му дал на парламентот двегодишен рок да почне да ја применува одлуката за браковите од ист пол, а крајниот рок беше 24 мај.Стотици активисти за правата на хомосексуалците се собраа пред зградата во Тајпеј и го чекаа донесувањето на одлуката во парламентот.Пратениците разговараа за три различни закони за легализација на истополовите заедници, а беше усвоен најнапредниот, објави „Би-би-си“.Другите два закони поднесени од страна на конзервативците се однесуваат на „партнерства како истополови семејни односи” или „заедници од ист пол”, а не на бракови.

Свет | пред 6 години

6 год.
47118228_303

Битката против урбанистичкиот хаос е сепак (не)возможна

Законот за урбанистичко планирање конечно е пред пратениците. Измените тргнаа, но опструкциите не запреа. Дали новото решение ќе му стави крај на хаосот?Средувањето на хаосот во урбанизмот се покажува како една од најтешките операции која ја спроведува власта. И по повеќе од две години, никако да се донесе законското решение кое треба да ги елиминира дефектите во постојниот закон кој во времето на претходната власт повеќепати се менуваше. Конечно, денеска предлог законското решение, односно Законот за урбанистичко планирање е на дневен ред во парламентот. Изготвувачот вели дека она што е клучно со новото решение е што се елиминираат какви било можности за нетранспарентно, незаконски и криминално спроведување процедури што е една од главните одлики на постојното решение:„Законот носи големи промени за кои ќе бидат потребни многу напори за да има прилагодувања. Исчистени се сите т.н. криминални дупки и апсурди кои меѓу другото овозможуваа да се прави злосторство и силување на просторот“, објаснува за Дојче веле архитектот Мирослав Грчев, кој е главен изготвувач на законот.„На пример“, вели Грчев понатаму, „се исфрла терминот планска документација кој беше измислен од страна на претходната власт како неуставна категорија која му дава право на градоначалник, или на министер да менува урбанистички план со пенкало. Со еден потпис. Со тоа тие цело време го растураат просторот и си правеа сопствени бизниси. Законски апсурди кои им овозможуваа со една третина гласови да се носат урбанистички планови. Тоа е како Монти пајтон, така е смислено со злосторнички дух и ум да обезбеди оние што се против да ги задржиш дома, да не знаат кога има совет и ние сложната дружина, истиот да го усвоиме. Со новото законско решение, ваквите и еден куп други наметнати стотици измени се исчистени“.Злоупотреби преку законски „дефекти“Она што е клучно и проблематично во целиот процес е што законските „дефекти“ кои овозможуваат злоупотреби сѐ уште се во сила. Односно до носење на новиот, се уште важи стариот закон. Грчев реагира дека целата процедура на носење е премногу бавна, но и подложна на низа опструкции:„Законот дури сега оди на расправа во парламентот и се предвидени три фази. Сите закони ги носат по скратена и итна процедура, а овој во најспора возможна. Во ред носете го во три фази, но поминаа две години, а оној ужас е на сила. Сите се однесуваат како да е тоа што е на сила, одлично проверено, феноменално, но не, тоа произведува корупција, хаос и ужас, а ние за една корекција и поправка, го кинеме плукаме да го претвориме во леш пред да биде донесен. Име, устав, менуваме за два, три месеца, за колку сакате. Но урбанистички план, закон, за тоа се влече и одолговлекува, па да се утепаш. Сите се влезени со тезги и рекети. Под сите подразбирам институции и големи играчи, нормално на штета на 99% од обичните граѓани“, реагира Грчев.Скопје во изминативе години доживеа огромни промени овозможени од честите измени и непочитување на законите.Оттука и не чуди што веќе се подготвуваат десетици амандмани кои дополнително може да го отежнат носењето, но и функционалноста на законот:„Законот е влезен во процедура, но повторно се собираат. Се прават амандмани по 20, по 30. Не политички туку онакви кои сакаат да ја сменат конструкцијата на законот. И тоа го прават разни интересни групи, мотивирани главно од фелата и од бизнисот. А законот е готов една година и е јавно објавен, беше на дискусии, се менуваше текстот повеќепати. Излегува дека никој не е задоволен, или најголем дел од засегнатите, чии забелешки се дека не сакаат да се менуваат работите. Тоа и донекаде е разбирливо, свесно или несвесно, бидејќи тие и не знаат за друго. Се снашле во сегашното решение и не знаат како е да биде подобро бидејќи тоа не го ни паметат. А се беше како што треба во законското решение од 2005 година, но потоа се` се уништи“, коментира Грчев.Невладините незадоволниВо пресрет на собраниската расправа, јавно реагираат и дел од невладините организации. О2 иницијативата бара пред да се усвои законот, да биде одржана јавна расправа. Тоа велат дека не било направено, иако било дадено како ветување од страна на ресорниот министер за транспорт и врски:„Министерот Горан Сугарески пред 4 месеци јавно вети дека ќе се организира јавна расправа помеѓу првото и второто читање на законот и сите забелешки и сè што е од интерес на граѓаните ќе биде прифатено. Воедно ги покани сите да дојдат на јавната расправа. Во однос на нашата реакција, Сугарески изјави дека штом го имало на ЕНЕР секој можел во државата да го види и да даде свои забелешки и мислења околу текстот на законот и дека екологистите (ние во случајот) сме можеле да реагираме со свои забелешки уште во август кога бил на ЕНЕР. За да биде јасно, предлог-законот за урбанистичко планирање бил поставен на ЕНЕР на 23 јули 2018 на јавен увид, во ек на летните одмори. Рокот за доставување на забелешки и мислења бил до средина на август.Урбанистичкиот хаос низ годините предизвика сериозни проблеми за граѓанитеНие и во минатото и сега сме реагирале и барале од локалната и централна власт, јавните презентации, јавните анкети, јавните расправи, јавните увиди да не ги спроведува за време на летните одмори или празнични периоди. Сме рекле и тогаш и сега, ако сакате про форма да спроведете нешто и да не ја вклучите јавноста, ќе го направите тоа за време на летните одмори и празниците, како што беше направено и со овој предлог закон“, реагираат од иницијативата.Ваквите забелешки според Грчев само непотребно ќе го одолжат и онака долгиот процес на носење на законот.„Невладините стануваат и критикуваат и тоа е во ред. Но новиот текст е една година на стручни и јавни расправи. Се е транспарентно, за разлика од претходно кога измените ги гледавме откако ќе стапеа во сила. И сега, на тоа тивко му се поклонуваа, а на ова со едно погрешно однесување и со површна анализа реагираат од една општа и оправдана аверзија, бидејќи се работи за децениска злоупотреба. Но со погрешна атмосфера, со тивко ставање клинови, со бескрајно одложување на јавните процедури, се одлага во бескрај“, коментира Грчев.Прилагодување на надлежнитеТекстот на Законот за урбанистичко планирање е обемен, близу 80 страници и е објавен на страницата на парламентот. Во него се предвидени големи промени кои според предлагачот носат транспарентност, инклузивност и отчетност. Самото усвојување наметнува и доста обврски за надлежните, па затоа е и вметната обврската за стапување во сила дури три месеци откако документот ќе биде усвоен од страна на пратениците. Во овој рок министерствата и другите надлежни институции ќе треба да се прилагодат, само да се направи на пример електронскиот отворен систем, кој ќе биде на услуга на сите физички и правни лица што досега беше незамисливо. Тоа е ставено како обврска во законот и без таа тој воопшто не може да се применува.Урбанистичкиот хаос низ годините предизвика сериозни проблеми за граѓаните кои се мобилизираа, реагираа но најчесто се дискредитираа и тоа со политички квалификации. Преку ноќ се менуваа планови, се цртаа, се прошируваа маркички, се градеа споменици, објекти. Под сомнителни околности се делеа локации, се доделуваа државни земјишта под концесии. Промената на власта донесе одредени промени на локално ниво. Во дел од општините некои планови кои беа донесени на нетранспарентен начин беа укинати преку Уставниот суд. Во општина Центар на пример, локалната власт се реши за воведување на мораториум, додека се реши хаосот, што пак од друга страна предизвикува друг хаос и низа реакции на граѓани, но и компании кои се оневозможени да ги извршуваат планираните градежни активности.DW.COM

Скопје | пред 6 години

6 год.
60689787_2385600305001894_3413678549897314304_n

Адвокат од Скопје му понуди на Богоевски да му го плати наркотестот, за да докаже дека не користел дрога

Адвокатот Јанаки Митревски јавно му нуди на пратеникот Павле Богоевски да докаже дека не користел наркотици да направи тест во МАНУ и сумата од 60.000 ден. ќе ја покрие во целост.„Павле вика бил подготвен да му се направи тестирање. Павле ова е бесплатен правен совет од адвокат – DONT GO THERE!“, напиша Митровски.„Или веќе чим така си одлучил еве јас се нудам да помогнам да си ја докажеш теоријата. Не тестови од 200 ден од Зегин или крв урина. Еве јас ти предлагам во МАНУ лабараторијата праат тест од влакна од коса и има да ти извадат историјат каков тип млеко си пиел а не какви наркотици си земал или не. Тоа тестирање чини 60.000,00 денари и се нудам ЈАС да го платам. Alea iacta est!!!!”, додаде Митровски.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања