Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
6 год.
Нема фотографија

ЕУ ја предупреди Северна, дадоа многу забелешки и шест препораки за стабилизирање на економијата

Од делегацијата на унијата во земјава со шест препораки до Владата, кои очекуваат да бидат исполнети во рок од една година. Според нив од примарно значење се намалувањето на јавниот долг и дефицитот, велат дека се. Побара да се воведат правилата - јавниот долг да не надмине 60 проценти од БДП, а дефицитот 3 проценти. Забележа и за ниската реализација на капиталните инвестиции и порачаа пак да нема оправдувања, туку тие да се реализираат според планот.-Првиот предизвик е стабилизирањето на јавниот долг. Тој во земјава е 43%, но ако на него се додаде и долгот на јавните компании кој е 10% и за кој одговорна е државата, тогаш тој се искачува на 53%. Во ЕУ јавниот долг на државите и не смее да биде повисок од 60%, доколку тој процент е повисок од таа бројка, треба да има план за тој да се намали истакна Фреек Јанмаат - Раководител на сектор за економски прашања во делегацијата на ЕУ .Од канцеларијата на ЕУ, како дополнителни предизвици ги наведоа сивата економија и невработеноста на младите, која кај нас е 45 проценти, а просекот во ЕУ е 15.  Како голем проблем ја нагласија и транспарентноста во трошењето на јавните пари, но и проверката на приватните компании. Во земјава според нив има и преголем број на инспекторати чии надлежности се преклопуваат, што може лошо да влијае на бизнис климата. Забелешки има и за образованието.Инаку дел од забелешките и препораките се повторуваат секоја година, но овие земјава треба да ги спроведе за една година.

Македонија | пред 6 години

6 год.
nikovskiristoooniko_original

Никовски: Богоевски призна дека извршил такво дело, реакција од надлежните органи мора да има

Не може да биде некој избран на висока функција, а тој да не подлежи на проверка, рече аналитичарот Ристо Никовски коментирајќи го случајот со пратеникот Павле Богоевски поврзан со телефонскиот разговор кој беше објавен на социјалните мрежи, а во кој се слуша како тој нарачува нароктик чија набавка во државава е нелегална.Никовски посочи дека проверките се потребни и поради фактот што имало повеќе случаи во државава, наведувајќи го примерот на поранешниот градоначалник на Ново село кој беше вклучен во шверц и за што доби казна затвор од 18 месеци.-Законот во Македонија се применува селективно. Тоа е најголемиот проблем во државава. Тоа е и главната забелешка што ја добива државава дека не се спроведува владеењето на правото на сите случаи подеднакво. Сега има конкретен случај и надлежните мора да реагираат. Станува збор за лице кое врши јавна функција, рече Никовски.Според Никовски, без разлика за која јавна функција станува збор, избранато лице не смее да врши никакви нелегални дејства.-Случајот е јасен, пратеникот и сам призна дека извршил такво дело, а тоа е нелегално. Оттука реакција од надлежните органи мора да има, посочи Никовски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
h_54384372-220098

Запленети повеќе од 5000 килограми хашиш во вредност од 50 милиони евра

Во близина на островот Маретимо, западно од Сицилија, италијанската полиција заплени 5.474 килограми хашиш, чија вредност е проценета на 50 милиони евра.Дрогата била откриена на 12-метарска едрилица, што пловела под турско знаме.Акцијата е спроведена по дојава од француската полиција, која ги информирала италијанските колеги дека едрилицата испловила од алжирското пристаниште Оран.Ова е шест брод кој превезува дрога, што италијанската полиција од минатото лето го запленува во Средоземното Море во реонот на Сицилија.

Свет | пред 6 години

6 год.
49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Собранието ги изгласа законите за правосудство и прекинување на бременоста кои ги кочеше Иванов, велат од СДСМ

Собранието на Република Македонија повторно ги изгласа законите што се во интерес на државата и граѓаните, а кои беа намерно блокирани од Ѓорге Иванов, кочничарот на реформскиот процес, велат од СДСМ.„Станува збор за исклучително важни закони, чие донесување граѓаните го бараа и го очекуваа и кои се важен чекор и услов за нашите евроинтеграциски процеси.Со Законот за прекинување на бременоста, се исправа долгодишна неправда кон жените и овозможува жената сама да одлучува за своето репродуктивно здравје. Со него не само што се враќа правото на жената на самостојна одлука туку и се обезбедува безбеден абортус, што не беше случај во минатото.Усвоените закони за Судски совет, за управните спорови и за судови се дел од реформите во судството кои се нужни, откако ВМРО-ДПМНЕ буквално го сруши судскиот систем.Освен зајакнување на правосудниот систем со овие закони се постигнува напредок во реформскиот процес, важен за евроинтегративниот процес на државата.Овие закони се само дел од реформите што ќе следуваат во наредниот период.Како одговорна партија оснатуваме посвестени на процесот на градење стабилна, просперитетна и економски развиена европска држава“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
tamara-todevska-2-220088

Тамара вечерва во финалето на Евровизија - ќе настапува под овој реден број

Тамара Тодевска со „Proud“ вечерва ќе настапи во финалната вечер на 64. Евровизија, што се одржува во Тел Авив, Израел.Тамара Тодевска четврти пат учествува на Евровизија, но првпат како солист. Таа ќе настапи под реден број 8, а придружни вокали ќе ѝ бидат Александра Јанева, Антонија Гиговска и Васил Гарванлиев. Автори на песната се Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, а текстот е на Коста Петров и Сања Поповска. Спотот е во режија на Чедо Поповски.Во финалето ќе настапат 26 земји, а ќе можат да гласаат сите учесници, односно 41 земја.Пласман во финалето од втората полуфинална вечер обезбедија и Холандија, Албанија, Шведска, Русија, Азербејџан, Данска, Норвешка, Швајцарија и Малта, а од првата полуфинална вечер – Грција, Белорусија, Србија, Кипар, Естонија, Чешка, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија. Директен пласман во финалето покрај домаќинот Израел имаат Франција, Италија, Германија, Шпанија и Велика Британија.

Магазин | пред 6 години

6 год.
infektivna_klinika-610x400

Заболена од мали сипаници во тешка здравствена состојба хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести

Заболена од мали сипаници со новооткриен дијабет во тешка здравствена состојба вчера била хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести, пишува „СДК.мк“„Во текот на вчерашниот ден прегледани се 13 пациенти со мали сипаници, од кои двајца се задржани за болничко лекување. Тоа се 39-годишна пациентка од Чаир без податок за вакцинален статус со новооткриен дијабет, која е во кетоацидоза и во потешка состојба на одделот за интензивно лекување. Втората заболена е 26-годишна за која нема податок дека е вакцинирана. И нејзиното дете е болно од морбили“, велат од Клиниката за инфективни болести.

Македонија | пред 6 години

6 год.
mickoski-2

Мицкоски: Функционерите иако се свесни дека не ги бива, чекаат деспотот што ќе одлучи

Граѓаните се разочарани и се свесни дека власта не ги испорачува резултатите. Големите очекувања кои ги создава оваа власта за операцијата метла ќе донесе големи разочарувања, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Општинскиот комитет Аеродром.– Функционерите на власта велат ја научиле лекцијата од минатиот период на неработа, дека ја примиле пораката, дека ќе следуваат промени, но никој од нив не вели не успеав да испорачам резултати и да ги исполнам барањата на граѓаните, си поднесувам неотповиклива оставка бидејќи сум неуспешен. Сите закотвени во функциите, целосно свесни дека не успеале, и не ги бива чекаат деспотот да види што ќе одлучи, па ако може уште некое време да ги користат повластувањата од функцијата и да продолжат да не работат – вели Мицкоски.Според Мицкоски, власта на чело со Зоран Заев нема морален компас, за овие луѓе моралот како вредноста категорија не постои, туку единствено се заинтересирани за бенефициите кои ги носат функциите и позициите.

Македонија | пред 6 години

6 год.
saso-tasevski

Тасевски: Однесувањето на Богоевски покажува дека сака да го скрие тој дел од себе ако му е автетентичен

Актерот Сашо Тасевски во гостување на телевизија 24 рече дека пратеникот Павле Богоевски мора да понесе одговорност по случувањата со снимката во која тој нарачува, како што рече, масло од канабис.-Богоевски во Парламентот не претставува одредено лоби на наркофили, ако таа група го донела во Собранието, во ред. Но, ако го донела една многу поширока група, тогаш има кабает во него. Неговото однесување покажува дека тој сака да го скрие тој дел од себе ако му е автетентичен, ако тоа го прави во приватен живот. Некој тоа добро го спакува, го искористи. Но, тој не е само Павле Богоевски, тој е пратеник претставник на граѓани и затоа треба да понесе одговорност, рече Тасевски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
koridor-deset34

Заев со Вучиќ на отварање на јужниот крак на Коридорот 10

Премиерот Зоран Заев денеска заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ ќе присуствува на свеченото отварање на јужниот крак на Коридорот 10 на делницата низ Грделичката клисура во Србија.Како што е најавено од кабинетот на премиерот, Заев вечер во 20:00 часот ќе се обрати на свечената церемонија по повод отварањето за сообраќај на автопатот на Коридотор 10 во Грделичка клисура, кај Владичин Хан, а ќе биде придружуван од министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески. Коридорот 10 ќе го отвори за сообраќај српскиот претседател Вучиќ, а на свечената церемонија, како што соопштија од неговиот Кабинет, ќе присуствуваат и премиерката Ана Брнабиќ и министерката за градежништво, сообраќај и инфраструктира Зорана Михајловиќ.Според протоколот, претходно, во попладневните часови српската делегација со претседателот Вучиќ ќе направи обиколка на новиот автопатат на делницата низ Грделичка клисура, на делот на Косината 2, клучката Предејане, Момин камен и кај тунелот Манајле. Свеченото отварање на јужниот крак на Коридорот 10 и обраќањето на претседателот Вучиќ и премиерот Заев е предвидено на платото под мостот Врла на делницата од автопатот кај Грделичка клисура.Со отварањето на делницата кај Грделичка клисура, Србија преку Коридорот 10 ќе биде целосно поврзана со 600 км долг автопат од границата на Македонија до границата со Унгарија. На делницата преку Грделичка клисура долга 26,3 километри, возачите од Македонија и Србија ќе имаат можност да поминат низ два нови тунела и 33-те конструирани моста. Тунелите Предејане и Манајле се со вкупна должина од 2,8 километри, минирани се ридови заради „скротување“ на природата, „исправнено” е коритото на реката Јужна Морава, а 33-те мостови се со вкупна должина од 5,7 километри.На делницата кај Гредичка клисура вградени се 560.000 тони асфалт, а вкупната должина на сите потпорни конструкции е околу 15 километри. Поради тежината на изградбата, особено на Косината 2, каде што се урна дел од ридот, изведувачите мораа да изградат галерија со 110 бетонски носачи, вградени се 7.000 тони арматура и отстранети се 170.000 кубни метри земја. На Косината 3, на лизгалиштето кое е едно од најсложените на оваа делница, ископани се над 500.000 кубни метри земјиште. Мостот Врла, кој е долг 645 метри, воедно е и најдолгиот и највисок мост на јужниот крак на Коридорот 10, чиј највисок столб е висок 62 метри.Коридорот 10 е еден од најважните пан-европски транспортни коридори што поминуваат низ Србија и ги поврзува Австрија, Унгарија, Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија, Северна Македонија и Грција.

Македонија | пред 6 години

6 год.
kolemisevski

Колемишевски е новиот главен извршен директор на Македонска банка за поддршка на развојот

На последната седница на Надзорниот одбор на Македонска банка Кирил Колемишевски е поставен за нов главен извршен директор на Македонска банка за поддршка на развојот АД Скопје, објави ТВ21.Според информациите објавени на сајтот, одлуката била донесена на 15. мај, а истекува со денот на добивање на согласност од страна на гувернерот на Народна банка на Република Северна Македонија за именување на член на Управен одбор на банката — главен извршен директор“, пишува во одлуката.При составувањето на Владата и делењето на ресорите, како и директорските места, ова место ДУИ го промовираше како свое, но до денеска не постави свој кадар, исто како и во Агенцијата за електронски комуникации.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Поради дефект, без вода висока зона во Аеродром и Ново Лисиче

Поради санирање на уличен дефект од ф-400 мм на булеварот „Борис Трајковски“, кај раскрсницата со булевар „Србија“, утре од 9 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од висока зона во населба Аеродром и висока зона во населба Ново Лисиче.Прекинот на водоснабдувањето ќе трае до санирање на дефектот, информираат од ЈП „Водовод и канализација-Скопје“.

Скопје | пред 6 години

6 год.
aleksandar-ben

ЈСП: Ако се потврди дека возачот не им дозволил влез на Александар и Бен, тој ќе биде санкциониран

ЈСП веднаш реагираше по објавата на социјалните мрежи во која Александар Велевски, кој боледува од церебрална парализа, се пожали дека и покрај уредбата на раководството на ЈСП да се дозволи влез за кучињата, тоа му било оневозможено в автобус со број 6.„Ве информираме дека ЈСП Скопје преку социјалните медиуми дозна за случајот со Александар и неговото куче придружник, кој преку „фејсбук“ информираше дека не му бил дозволен влез во автобус и покрај неодамнешната одлука на раководството за слободен пристап/влез на кучињата придружници на лицата со инвалидитет.Веднаш преку порака го исконтактиравме Александар да ни објасни за случката, но, се уште ни нема одговорено.Во меѓувреме, телефонски стапивме во контакт и со неговиот татко кој немаше никаква информација за настанот. Поради работни обврски, ни рече дека во текот на попладнето ќе не исконтактира.Што точно се случило, истражуваме и преку нашата внатрешна контрола.Доколку се потврди дека возачот не го пуштил Александар со Бен да влезе во автобус, од нему познати причини, ќе биде соодветно санкциониран“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 6 години

6 год.
60639304_2355933278023770_1457486852566024192_n

Непознати лица во близина на МРТ палеле кабли, па се дале во бегство

Инспекторатот на град Скопје соопшти дека вчера во попладневните часови во близина на МРТ лоцирале лица кои вршат палење на кабли. При обидот за легитимирање, лицата веднаш се дале во бегство.На фотографиите може да се забележи запалениот кабел , кој веднаш бил одземен.

Скопје | пред 6 години

6 год.
60478461_1531936473610398_5483011084648448_n

(ФОТО) Заев на Фејсбук ѝ честиташе матура на својата ќерка

На својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев се пофали со фотографиии од својата матурантка.  Тој постави фотографии со својата ќерка Александра Заева, но и една кога таа била бебе.„Мојата ќерка матурантка. Среќен татко!“, напиша Заев под фотографиите.

Магазин | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Сончево со температура до 28 степени

Времето денеска во целата земја ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен јужен ветер.Утринските температурите во земјава ќе се движат во интервал од 4 до 11 степени. Додекадневни температури на воздухот според управата за хидрометеоролошки работи ќе го достигнат максималниот 28 степен целзиусов.За неделата според метеотолозите ќе се задржат високите степени, односно дневните температури ќе се движат во интервал од 22 до 29 степени целзиусови. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, краткотрајно засилување на ветерот, грмежи и ќе има услови за појава на град. Вдолж Повардарието и на исток ќе дува засилен југоисточен ветер.Со слично време ќе започне и наредната работна недела.

Македонија | пред 6 години

6 год.
21DBE666-3651-4634-96EF-136A7E5F99B8_w1023_r1_s

Најчевска: Во пресметката со корупцијата нема место за популизам

„Имајки го предвид работењето на сите претходни комисии, јас не очекувам некои спектакуларни промени“, смета професорката д-р Мирјана НајчевскаДодека зад кулисите на политичката сцена со денови се шпекулира со имињата на министри, заменици, државни секретари и директори, градоначалници или високи функционери во владеачката СДСМ, кои на почетокот на следниот месец, наводно ќе ги опфати најавената „метла“ на премиерот Зоран Заев, се чека и разврската на некој од случаите кои амбициозно ги отвори новиот состав на Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси.Претседателката Билјана Ивановска, која има богато искуство како ревизор, по изборот пред три месеци, најави дека новиот состав на ДКСК ќе работи на јакнење на општествената и личната свест за корупцијата како тешка болест што го попречува владеењето на правото, демократијата и остварувањето на човековите права.„Корупцијата ја урива стабилноста на институциите и ги продлабочува и ги руши моралните корени во нашето општество, присутна е сè повеќе секојдневно, а граѓаните во отсуство на систем на вредности и систем на интегритет, сè повеќе ја толерираат и ја прифаќаат како начин за остварување на своите цели. Сметам дека ние треба да ги воспоставиме овие системи што ни недостигаат, да ја развиеме општествената и личната свест на начин што ќе работиме одговорно, транспарентно, професионално и законски“, порача тогаш Ивановска.По претставките на ВМРО-ДПМНЕ, ДКСК отвори и постапки против премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев. Антикорупционерите отворија четири предмети за премиерот Заев во кои ќе истражуваат наводи за евентуална корупција: „Глобал“, „Едно евро - корупција“, „Бугарски фирми на Заев“, како и за продажбата на земјиште во струмичката касарна, сите од периодот кога актуелниот премиер бил градоначалник на Струмица. Против вицепремиерот Анѓушев е покрената постапка поради сомневање дека под закуп дал градежно земјиште во Дреново, за изградба на хидроцентрала, со непосредна спогодба со фирма во која е еден од сопствениците, а управител е неговиот брат.„Мислам дека е сосема нормално, Државната комисија за спречување на корупцијата да покренува случаи против највисоки функционери во власта. Впрочем, тоа е и главната задача на оваа комисија која претставува еден од најистурените контролни механизми. Токму високите функционери во власта се оние кои најлесно можат да ја употребат функцијата на која се наоѓаат во коруптивни цели и за лични бенефиции“, изјави за Гласот на Америка на македонски јазик, професорката д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права и една од најжестоките критичарки на јавната сцена во Македонија, по повод полемиките кои во јавноста ги предизвикаа актуелните случаи на антикорупционерите.Во својот 17-годишен стаж, ДКСК раководена од разни претседатели, отвораше стотици предмети, но изгради имиџ на неделотворна комисија која не може ниеден случај да доведе до финализација и судска предуда. Цела деценија наназад ДКСК немаше речиси никаква конкретна активност, а за затворањето на очите пред реалноста, како најилустративен пример, ќе остане барањето на последниот експретседател кој „најљубезно ги замоли“ новинарите, да го затворат прашањето за имотната состојба на премиерот Никола Груевски „за век и веков“.Новиот состав на Комисијата, вети сосема поинаков пристап со кој ќе се почитуваат законите и нема да има селективна правда. Според медиумите, антикорупционерите наплатиле глоба од околу 220.000 денари од 29 прекршочни постапки, но експретседателот Ѓорге Иванов, на пример, сè до последниот работен ден, не ја платил казната изречена од ДКСК.Доколку се заврши само на бомбастични почетоци, без сериозен завршеток (независно од тоа дали ќе биде откриена корупција или не), Комисијата уште на почетокот од своето работење ќе го изгуби кредибилитетот и довербата на граѓаните.Проф. д-р Мирјана НајчевскаНа прашањето на Гласот на Америка на македонски, дали според неа, досега се работи за вртење на нова страница во работењето на Комисијата или за уште еден популистички потег со кој треба да се убеди македонската јавност дека актуелната власт ќе се пресметува со „мангупите во своите редови“, како обид за нејзино дефокусирање, професорката Најчевска, под чија опсервација редовно се постапките и делувањето на носителите на јавни функции кои не се во согласност со законите и етничките норми, вели: „Одговорот на ова прашање ќе го дознаеме дури по завршувањето на преземените активности и заокружувањето на започнатите истраги. Доколку се заврши само на бомбастични почетоци, без сериозен завршеток (независно од тоа дали ќе биде откриена корупција или не), Комисијата уште на почетокот од своето работење ќе го изгуби кредибилитетот и довербата на граѓаните.“А на прашањето, дали според искуството, има место за оптимизам дека најавените случаи ќе имаат и правна разврска, нашата соговорничка беше децидна: „Имајки го предвид работењето на сите претходни комисии, јас не очекувам некои спектакуларни промени. Меѓутоа, дури и препознавањето на прекршувањето на законите и изрекувањето на глоби е добар почеток. Самото тоа што претседателот на државата бил ставен на тапет и повикан на одговорност е некаква промена која ја отвора вратата за идна сериозна работа на комисијата. Она што во моментот недостатува според мене е помоќен и поагресивен настап на комисијата и искористување на сите алатки кои им стојат на располагање.“Комисијата отвори случаи и против претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, против градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, како и против Ирена Пановска, в.д директорка на Клиниката за хематологија и ќерка на сопственик на голема веледрогерија, за наводни спорни набавки. Во случајот на Вангеловски ќе се истражува набавката на возило „БМВ“ во вредност од 40.000 евра и евентуалната злоупотреба на набавката за лична корист, а градоначалникот Мерко, ќе се истражува за набавка на четири возила во вредност од 114.000 евра, меѓу кои и „Ауди А6“ во вредност од 67.000 евра.ДКСК покрена прекршочни постапки и за бројните случаи на непотизам и спорни вработувања на роднини на пратеници и на носители на други јавни функции, што доведоа и до повлекување на дел од тие лица од работните места.„Сметам дека секое вработување на роднина на функционер кој актуелно е во власта, мора да биде третирано максимално претпазливо и со огромен сомнеж. Во ваквите ситуаци не мислам дека е доволно вработувањето да биде врз основа на закон, односно, работодавачот да се задоволи со тоа дека лицето ги исполнува условите. Она што мора да се направи е за секој ваков случај да се докаже потребата од вработување, соодветноста на конкурсот со искажаните потреби за вработување и детално образложение на постапката со објаснување зошто токму тој, а не некој друг кандидат е вработен“, изјави за Гласот на Америка на македонски јазик, професорката Најчевска.„Повикувањето овие луѓе да дадат оставка без преиспитување на постапките, уделот на раководните лица кои се појавуваат како работодавачи и евентуалниот удел на Министерството за финансии во издвојувањето средства токму за овие вработувања, е чист популизам и замачкување на очите на јавноста. Ова нема врска ниту со демократија ниту со правна држава.“, децидна е д-р Најчевска.

Македонија | пред 6 години

6 год.
soobrakajka-2

Камион удри во остатоци од некогашна патарина кај Велес

Поставете соодветна сигнализација кога оставате бетонски остатоци како чиреви од стара патарина. Дури и најискусните (возачи на камиони) прават грешки бидејќи е вечерно време и нема соодветни знаци. Возачот на брза помош кажа дека е 5ти или 6ти случај откако е преселена патарината. Да не биде предоцна, бидејќи никој од нас нема да одговара.Сликата е страшна, но возачот е пренесен во Велес со расекотина на глава на снимање – стои во објавата на фејсбук на страницата Ѕид на сообрачајкниот срам.НА фотографијата се гледа искршен камион, кој се забил во остатоците од старата патарина, откако се поставени нови наплатни пунктови на само неколку метри растојание.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Madona-1

Мадона пристигна во Тел Авив со приватен авион, 135 луѓе и 30 тони опрема

Со товарен авион со 30 тони опрема, 70 скали и лифт за настапот, Мадона пристигна во израелскиот град Тел Авив, каде што ќе настапи на финалната вечер на изборот за песна на „Евровизија“.Со неа пристигнале 135 личности од кои 40 се придружни вокали, 25 танчери, а останатите се техничари.Како што најавија организаторите, таа треба да испее две песни, „Like a prayer“ и новата песна „Future“.За време на настапот в сабота, поп-дивата ќе ја придружуваат раперот Кову, хор од 40 изведувачи и 25 танчари.Таа веќе ја имаше првата проба, без потпишан договор, но од денеска веќе нејзиниот настап стана и официјален, објави „Ерусалим пост”, додавајќи дека Мадона за својот настап од 20 минути ќе ја чини „Евровизија“ 1,5 милиони долари.Според странските медиуми, Мадона со приватен авион слетала на меѓународниот аеродром „Бен Гурион“ и се сместила во хотелот „Дан“.

Магазин | пред 6 години

6 год.
toni-mihajlovski

Михајловски доби условна казна затвор за заканите кон Тричковски

Тони Михајловски доби условна казна за заканата која ја упати на Фејсбук кон новинарот Бранко Тричковски.  Михајловски на својот фејсбук профил на 16 јуни 2017: „Јас Бранко Тричковски можам да го убијам и да не ми трепне око. Прости ми боже“.Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Михајловски кој на денешното рочиште призна вина и му се извини на новинарот за заканите.  Тој доби  условна казна затвор од три месеци, ако во рок од една година не го повтори делото.Tричковски немал барања за отштета и за дополнителен прогон. По пресудата, Тричковски на фејсбук напиша дека Михајловски се извинил и ветил дека повеќе нема да стори дело за кое денеска беше суден.„Мојата малeнкост сметаше дека е тоа доволна сатисфакција.Му пружив рака на Михајловски, се откажав од натамошен прогон и какви било оштени барања. Пресудата ќе биде дополнително објавена, но веќе сега е јасно дека со оглед на горните околности, Михајловски ќе ја добие најблагата казна. Јас сум задоволен, а колку што можев да забележам, сите во судницата беа задоволни. Тони, од разбирливи причини, посебно.Не е убаво да се тепаме по секоја цена, ако имаме правна и морална сатисфакција. Освен тоа, мораме да ги ослободуваме капацитетите на судот и на обвинителството за важните процеси кои ќе не одведат кон општествена рехабилитација низ правото“, напиша Тричковски на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

6 год.
stevo-770x437

Пендаровски потпиша укази на четири системски закони кои не беа потпишани од Иванов

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски денеска ги потпиша указите за прогласување на Закон за судовите, на Закон за управни спорови, на Закон за прекршоци и на Закон за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа. Станува збор за закони, чиишто укази за прогласување не беа потпишани од претседателот Иванов.Претседателот Пендаровски го потпиша и указот за прогласување на Закон за енергетика. Пендаровски смета дека донесувањето на овие закони и нивната идна имплементација е од витален интерес за граѓаните на Република Македонија.Со донесувањето на законот за судови се исполнува едно од клучните барања на Европската унија, а со цел одредување на датум за почеток на пристапните преговори на Република Македонија.Со одредбите на Законот за судовите ќе има јасни и прецизни постапки за именување и унапредување на судии, како и за разрешување на судии и нивна  дисциплинска одговорност.Со новиот Закон за управните спорови граѓаните добиваат ефикасна правна заштита на своите права во управните спорови. Се зголемува транспарентноста и јавноста на постапките преку задолжителна јавна расправа.Со новиот Закон за прекршоци, граѓаните ќе плаќаат пониски казни. Овој закон директно влијае на буџетот на граѓаните бидејќи истиот предвидува опомена пред казна, но и значително намалување на казните.Со донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, ќе се унапреди функционирањето на државата во делот на работите поврзани со политичкиот систем, спроведување на Охридскиот рамковен договор и принципите кои произлегуваат од овој Договор и ќе се овозможи унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците во Република Северна Македонија.Новиот Закон за енергетика предвидува замена на фосилни горива со енергија добиена од обновливи извори. Со тоа се создава основа за решавање на едно од најгорливите прашања во нашето општество, заштита на животна средина и здравјето на луѓето.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања