Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
6 год.
pretepan

Малолетник истепан од четири непознати лица

На 14.05.2019 година во 01.15 часот во СВР Скопје, А.Е.(44) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 01.10 часот на бул.„Кузман јосифовски Питу“ неговиот 16-годишен син бил физички нападнат од четири непознати лица.Според пријавеното, неговиот син бил нападнат додека шетал со свој другар, кој успеал да побегне.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
60552635_261365381342131_1752860029913923584_n

(ФОТО) Другарите се простуваат од полицаецот кој загина во сообраќајката во Драчево

На социјалните мрежи на страната ТВРДОКОРНИ, беше поставена фотографија од загинатиот полицаец Јованче Лазаревски познат под надимак Шиљо, кој е една од жртвите во синоќешната сообраќајка. Со него во возилото беа уште четворица негови блиски.Несреќата се случи вчера доцна вечерта. Сообраќајната несреќа се случила помеѓу товарно возило марка ‘мерцедес’ со скопски регистарски ознаки, кое било управувано од М. Ј. (44) од Скопје и патничко возило ‘рено 5’ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј. Л. (43) од Скопје. Во несреќата возачот Ј. П. и сопатниците возилото ‘рено’, С. Н., А. Т. (54) од Скопје, Е. Т. (37) од Скопје и И. А. (40) од Скопје починале на местото. Додека, возачот на камионот М.Ј. се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница ‘Св. Наум Охридски’ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција“, соопштија од МВР.Во сообраќајката настрада поранешен полицаец Јованче Лазаревски, вработен во ПС Драчево. 

Скопје | пред 6 години

6 год.
KIR_0837

Се степале, а едниот завршил во болница

На 14.05.2019 година околу 23.30 часот во Полициското одделение Галате, П.Х. од Република Албанија пријавил дека во куќа во која престојувале привремено во село Неготино настанала физичка пресметка помеѓу А.Х.(29) и Ф.П.(46), двајцата од Република Албанија.Според пријавеното, А.Х. го турнал Ф.П. кој паднал и се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“, по што бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Извршен бил увид на местото. А.Х. е приведен и задржан во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
dac

Дац: Очекувам оставка од Богоевки, како што е ред нели?

Актерот Драган Спасов – Дац на својот профил на „Фејсбук“објави свое мислење за последната објавена „бомба“ во која е инволвиран пратеникот Павле Богоевки. Дац на ФБ напиша:-Очекувам оставка од Павле Богоевки и прес конференција на Миле Бошњаковски!Како што е ред, нели?Инаку Актерот Драган Спасов – Дац, во јануари 2018 год си поднесе оставката од директорската позиција во Македонскиот народен театар откако со својот автомобил удри и повреди девојка.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Избувна пожар во фирмата „Нова Рефректор“ во Пехчево

На 15.05.2019 година околу 01.00 часот во Полициското одделение Пехчево било пријавено дека настанал пожар во фирмата „Нова Рефректор“.Со пожарот биле зафатени печка на нафта, комплетната инсталација во халата и инвентарот.Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Берово. Повредени лица нема. Увид бил извршен.

Македонија | пред 6 години

6 год.
klinicki

Пронајден 25-годишен тетовчанец облеан во крв, итно пренесен на Клиника

На 15.05.2019 година околу 06.30 часот во Секторот за внатрешни работи Тетово било пријавено дека во месноста „Бањиче“ во Тетово имало паднато машко лице облеано во крв.По преземени мерки лицето е идентификувано и се работи за С.М.(25) од Тетово.Поради сериозноста на повредите тој бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид извршила екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
60355251_1089003981300740_4199651629420511232_n-1

Дивата платформа на Матка доби ограда, клупи и маси

Постизборно се доградува дивата платформа на Матка во првиот залив по браната, додека од Општина Сарај сè уште се чека одговор на барањето за нејзина легализација. Поставена е дрвена ограда на платформата, а покрај малиот објект се поставени маси и клупи.Градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, не одговара на прашањата дали барањата за легализација на платформите на Матка стигнале на ред за разгледување и дали инспекцијата постизборно излегла на терен за да направи увид во уредувањето на платформата. 

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Приведени четворица Албанци кои илегално престојувале во земјава

На 15.05.2019 година околу 01.00 часот полициски службеници од Полициска станица Гостивар, поради сомнение за непријавен престој и нелегална работа, ги привеле албанските државјани Г.Џ.(37), П.Х.(46), Б.М.(35) и А.Х.(40).Тиe се приведени и задржани во Полициската станица Гостивар по што ќе бидат предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pavle-bogoevski

(ФОТО) Богоевски: Ме снимал таксистот додека разговарам

Пратеникот Павле Богоевски тврди дека разговорот кој вчера беше објавен од него, го снимил всушност таксист додека тој се возел во такси.Ова го обелодени самиот пратеник одговарајќи на прашања во коментари на неговиот Фејсбук профил.Тој претходно потврди дека е негов гласот на снимката, но дека не нарачувал кокаин, туку масло од канабис.„Очекувам службите многу сериозно да го истражат овој случај. Ова не е снимка од телефонски разговор кој некако „протекол“. Поради тоа, не подложи на заштита согласно Законот за заштита на приватноста од 2015г., кој се однесува на снимките по кои постапува СЈО. Но, ова е Неовластено прислушкување и тонско снимање, предвидено со чл. 151 од Кривичниот законик и очекувам дека сторителот ќе биде изведен пред правдата“, напиша претходно Богоевски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
655-402-bebe

Бебето кое беше оставено на улица е во добра здравствена состојба

На Клиниката за детски болести вчера со возило на итна медицинска помош е донесено новородено најдено во скопската населба Топанско поле.– Се работи за машко новородено, со родилна тежина 2.400 гр, згрижено е на одделот за неонатологија, неговата здравствена состојба е добра, превземени се сите неопходни мерки за вакви случаеви, соопштија од Клиниката за детски болести.

Скопје | пред 6 години

6 год.
saso-tasevski

Тасевски:Лекарски тим под итно да направи систематски на пратениците

Актерот Сашо Тасевски со свој коментар на социјалната мрежа Фб. Статусот на Тасевски ви го пренесуваме:-Под итно да влезе во собрание лекарски тим и да направи систематски на пратениците, со тест на тешки и лесни дроги. Да се види зошто државава ни е дрогирана.

Македонија | пред 6 години

6 год.
gruevski-2

Започна постапката за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски

Претседатеот на Собранието Талат Џафери ја извести Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања дека пратеникот Никола Груевски неоправдано отсуствува од работа во Собранието повеќе од шест месеци.Според членот 59 од Деловникот,предлог за одземање на мандатот на пратеник поднесува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, во рок од 15 дена од денот на добивањето на известувањето од претседателот на Собранието.Според овој член, за пратеникот кој неоправдано отсуствувал од седниците на Собранието повеќе од шест месеца, претседателот на Собранието ја известува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Предлог за одземање на мандатот на пратеник како што е случајот со Груевски поднесува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Претседателот на Комисијата Павле Богоевски сега треба да ја закаже седницата на која ќе се расправа по прашањето. Ако комисијата препорача одземање на мандатот, потоа на пленарна седница е потребно двотретинско мнозинство за да му се одземе мандатот на Груевски.Претресот може да заврши со донесување одлука за одземање на мандатот на пратеникот или со заклучок дека нема елементи за одземање на мандатот на пратеникот. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
fenjgrehrtjhdztj-158218-1

Арсовски: Филипче е подготвен за чистење и метла, оставката му е неизбежна

Венко Филипче повторно ја потценува интелигенцијата на граѓаните. Од медиумите вчера можевме да видиме дека на повидок има нов скандал за централизација на стерилизација во Министерството за здравство. Скандал помалку или повеќе сличен или идентичен на тендерот за реагенси кој пропадна инаку вреден 35 милиони евра, изјави Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.„Скандалот со тендерот кој вчера го објавија медиумите за централизација на стерилизацијата на клиниките во моментов активен и трае до 21 мај, а тендерот е во вредност од 13.700.000 евра.Главното прашање е кој близок до власта ќе го добие овој тендер и во чиј џеб ќе завршат овие пари на граѓаните?Тендерот по овој терк е планиран да воспостави монопол во наредните 15 години за стерилизации и сервисирање на клиниките.Оттука би сакале да поставиме повеќе прашања до Владата и до Венко Филипче.Дали ова е уште еден тендер по ист принцип на тендерот за реагенси?Дали се свесни Венко Филипче и СДСМ дека со овој принцип на централизирано стерилизирање постои можност да се доведе до прашање здравјето на граѓаните?Планирано е целата опрема што ќе се стерилизира да се превезува до клиниките и болниците со возила и оттука постои можност дополнително да има опасност од инфицирање и бактерии.Експертите коментираат дека на овој начин дури и 5 пати ќе се зголеми цената на стерилизацијата, сето тоа ќе се плаќа од парите на граѓаните, а услугата сепак нема да е на ниво.Исто така постои и можност да се поскапи и цената на услугите за здравството за граѓаните.Апелираме и повикуваме, веднаш да се стопира овој тендер и да се отвори поширока јавна расправа, за да се тргнат сите сомнежи во моментов.Венко Филипче е подготвен за чистење и метла. Оставката му е неизбежна.Додека пак институциите ги повикуваме да ги следат сите чекори на Филипче и Министерството за здравство, за да може да биде спречен уште еден огромен скандал кој што е на повидок“, изјави Арсовски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
sveti-atanasij-640x528-1

Здравковски: Веќе е средина на мај, а градскиот базен во Велес нема ниту градежни зафати

Две години поминаа откако СДСМ и ДУИ ја превземаа локалната и централната власт во речиси цела држава, и овој бран на неработење и пустош не го избегна и Велес како еден од градовите кои дадоа многу, но и најмногу изгубија од погубните политики на овие деспоти, изјави Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ.„Две години откако на чело на локалната власт е господинот Коцевски, и две години напразно очекување да отпочнат со реализација некои од неговите ветени проекти во изборната програма.Ветувањата и проектите останаа заборавени во неговата изборна програма, а секое негово излегување во јавност е само низа изговори, оправдувања, барање виновници низ минатото и нови шарени лаги.Ветивте затворен градски базен, а го затворивте и отворениот. Единственото место кое за и онака нискиот стандард на Велешани беше достапно за разладување во летниот период.Пред точно една година, во април 2018 година на прес конференција од општинската администрација беше објавено дека таа сезона базенот нема да работи бидејќи е ризичен, и ги замоливте граѓаните да бидат трпеливи, дека ќе биде најдено решение. И тие беа трпеливи Коцевски, но една година подоцна, поточно 02/2019 год. излеговте и најавивте дека не само што ќе биде ставен во употреба градскиот базен, ами и дека до него ќе се гради нов затворен базен.Сега е веќе средина на мај, а градскиот базен нема ниту градежни зафати, ниту некој се движи таму, и повторно ќе побарате од граѓаните да бидат трпеливи.Велешани господине Коцевски немаат веќе трпение за вашите празни ветувања и шарени лаги. Доста им е од ветувања кои се само предизборен трик, ве прочитаа и никогаш повеќе нема да ја вратите довербата, а тоа јасно ви го кажаа и на последните избори на кои бевте катастрофално поразени со речиси 3.000 гласови разлика и пад од цели 6.500 гласови за две години, а за тој резултат сте виновни единствено Вие - челниците на градот поставени од владејачката гарнитура.Вие знаете, но знаат и граѓаните дека формиравте две нови јавни претпријатија за паркинзи и за гасификација, претпријатија кои по една година постоење немаат ниту своја годишна програма за работа ниту некаков проект, а не па приход кој ќе влегува во општинската каса, претпријатија кои служат само да се вдоми по некој партиски кадар и да зема плата.Постоечките јавни претпријатија кои никогаш не работеле со загуба сега  прикажуваат и тоа континуирано зголемена загуба, Јавното комунално претпријатие „Дервен“ и Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти „Спорт Парк“ – работат со загуби, а неумеењето да се менаџира  и да се постават вистински професионалци доведе само до чести менувања на раководните лица, од кои  дел сами си поднесуваат оставки, и сето тоа уште повеќе ги хаотизира работите, а претпријатијата тонат, па сега поради лошите резултати, дополнително се дрзнувате да ги прераспоредувате работниците на други работни места, единствено затоа што тие не се ваши истомисленици и не ги поддржуваат погубните политики.Нема ниту катни гаражи, нема паркинг простор, нема трговски деловен центар, градски пазар, нема атмосферска канализација која ви беше предвидена во изборната програма и досега требаше да биде реализирана, но се уште има тука азбести цевки - а ветивте град без азбест - нема ништо од она што го ветувавте - доста е Коцевски.Велешани видоа доволно за овој период, ама не го видоа она што вие го ветивте – гледаат само смет, ископани улици со дупки кои ниту не се санираат, ниту имате намера да ги поправите, гледаат депонии кои горат со месеци, загаден воздух кој ги уништува, ги гледаат зголемените давачки по неколку основи на сметката на секој граѓанин, ја гледаат поскапата вода и што уште треба да видиме?!Вие Вашето си го кажавте Коцевски, а граѓаните едвај чекаат да си го кажат своето на следните избори.Колку побрзо сфатите дека проблемот е во вас, а не во народот, толку подобро ќе биде за и градот.Коцевски до крајот на вашата политичка кариера остануваат уште две години. Време е да почнете да работите нешто, за како - така достоинствено да заминете во историјата“, изјави Здравковски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG_1931

Заев: Отворените врати и можности во ЦЕРН е од исклучително значење за научниците од нашата земја

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска прими делегација на Европската организација за нуклеарни истражувања, популарно позната по кратенката ЦЕРН.Делегацијата, предводена од Проф. д-р Кристоф Шафер и д-р Тадеуш Куртика, високи советник во Одделението за меѓународни односи на ЦЕРН, во придружба на министерката за наука на Црна Гора Сања Дамјановиќ, која воедно е и член на Надзорниот Одбор на Меѓународниот институт за одржливи технологии на Југоисточна Европа (SEEIIST), кој како регионална организација во која членува и нашата земја, учествува во заеднички проекти иницирани од Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН), е во посета на Северна Македонија за да се направат последните подготовки за обнова и потпишување на Договорот за меѓународна соработка меѓу Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) и Владата на Република Северна Македонија.На Претседателот на Владата на РСМ Зоран Заев денеска му беше упатена покана да го посети ЦЕРН и во Женева, Швајцарија, каде што ќе се одржи церемонијата на потпишувањето на обновениот договор, кој за нашата земја го обезбедува континуитетот на учеството на наши научници и студенти во многубројните проекти од врвно значење за науката и технологијата.Премиерот Заев со задоволство ја прифати поканата, и додаде дека оваа соработка на нашата земја со Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) е од огромно значење за научната и академската јавност во Северна Македонија, и од огромно искуство за 22 студенти од нашата земја кои досега биле корисници на програмите на ЦЕРН.Министерката за наука на Црна Гора, и член на Надзорниот Одбор на Меѓународниот институт за одржливи технологии на Југоисточна Европа (SEEIIST) Сања Дамјановиќ, на средбата изрази благодарност на подготвеноста на Владата и на Претседателот на Владата на РСМ Заев, да ја поддржат иницијативата научни работници од нашата земја да земат учество во проектот Хадронска терапија на ракот и биомедицински истражувања со протони и тешки јони (Hadron Cancer Therapy and Biomedical Research with Protons and Heavy Ions), како проект на земјите членки на Институтот (SEEIIST) во кој членува и Република Северна Македонија.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pavle11111

Се бара оставка од Богоевски: Ако Павле не падне, сите ќе можат да нарачуваат преку него

Бура од реакции на социјалната мрежа „Твитер“ по објавувањето на прислушкуваниот разговор, за кој пратеникот Павле Богоевски потврди дека е автентичен. Твитер заедницата побара и оставката од пратеникот, бидејќи и сам признал дека нарачувал забранети супстанци, што е казнливо со закон. Дел од нив ви ги пренесуваме во продолжение:

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG-5878ddd3d5ac65cd8635efe2aea1af6a-V

Спасовски ја пофали СВР Битола: Колегите постигнаа најдобри резултати во борбата со криминалот

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска беше во посета и оствари работна средба во реконструираниот објект со раководството на Секторот за внатрешни работи Битола, по што се сретна и со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска како и со претставници на општинскиот совет и советот за превенција .Во изјавата за медиуми министерот Спасовски рече - “Она што, во поглед на подобрувањето и унапредувањето на материјално-техничките услови за работа на полицијата, го започнавме во текот на 2017 година голем дел реализиравме во текот на целата измината години , го  продолжуваме со несмален интензитет и оваа година.Денешниов ден го започнавме со работна посета и работна средба со раководството на Секторот за внатрешни работи Битола каде што во целост завршија санациските работи на објектот на оваа организациона единица при МВР, вредни околу 7.000.000 денари, средства обезбедени од буџетот на министерството“.“Практично во рамки на тој наш зафат за реконструкција и санација на објекти во владение на организациони единици при МВР ова е 19-ти таков објект, а сумата што за таа намена до денес е издвоена од наши буџетски  средства на министерството веќе достигнува околу 28.000.000 денари или околу 450.000 евра. Ние и во наредниот период ќе продолжиме со натамошните активности на овој план, согласно нашите проекции и проценки, затоа што еден од суштинските приоритети без кој што неможе да се преферира на успешност во работата на полицијата е токму подобрување на севкупниот статус и услови за работа на оваа категорија службеници на МВР“, нагласи Спасовски.Покрај ова министерот Спасовски се осврна и на безбедносната состојба на подрачјето на СВР Битола оценувајќи ја како мирна и стабилна, при што посочи дека во текот на 2018 година како и првиот квартал на оваа година, компаративно гледано во споредба со претходните години, евидентен е позитивниот тренд во работењето на СВР Битола.“За илустрација сакам да посочам дека по однос на криминалитетот од вкупно евидентираните 3037 кривични дела по разни области на подрачјето на СВР Битола реализација та е 36 отсто во споредба со 3263 дела во 2017 кога реализацијата била 31 процент.Всушност лани нашите колеги од СВР Битола постигнале најдобри резултати во борбата со криминалот споредбено со петте години претходно. Таквиот позитивен тренд веќе е задржан и годинава така што на пример минатиот месец од вкупно регистрираните 185 кривични дела процентот на реализација изнесува 56 отсто“, истакна Спасовски.На крајот од својата изјава министерот Спасовски ја посочи и средбата со битолската локална самоуправа и советот за превенција на која што било разговарно за сите прашања од взаемен интерес, посебно во поглед на соработката, односно продлабочувањето на комуникацијата и заедничките активности помеѓу  граѓаните и полицијата, како и за прашања во делот на сообраќајот за кои што во наредниов период полицијата и локалната самоуправа ќе работат заеднички за нивно подобрување и решавање.

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC_0500

Османи: За смена на кадрите на ДУИ одлучува само Ахмети

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во емисијата „200“ на Алсат телевизија, во врска со најавената „метла“ на премиерот Зоран Заев истакна дека за смена на кадрите на ДУИ кои се дел од владата може да одлучува само Али Ахмети и партијата.Водителот се надоврзува на ова и го праша вицепремиерот дали е ова дуалност, паралелност, бидејќи премиерот сепак е вашиот шеф од организациски аспект за тоа како функционира Владата на што Османи вели дека нема ништо чудно во тоа имајќи предвид дека Владата била политичка, а не експертска.– Нема тука ништо чудно. Владата е политичка, не е експертска, ја сочинуваат партиите од коалицијата. Секоја партија има свои форуми каде се предлагаат кадрите кои ќе раководат со институциите. Јас сум избран во претседателството на ДУИ и сум предложен кај премиерот да ме предложи во Собрание. Според ова премиерот има можност само да побара од Али Ахмети да биде сменет некој функционер на ДУИ и тоа да се потврди во претседателството на ДУИ, па дури и Али Ахмети треба да ја потврди таквата одлука во раководството на ДУИ, рече Османи.

Македонија | пред 6 години

6 год.
BUJAR-OSMANI

Османи: Денеска ќе договориме состанок меѓу Заев и Ахмети за реконструкцијата

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи изјави дека уште денеска ќе биде договорен состанокот меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети, околу најавената реконструкција.„Денеска премиерот се враќа и уште денеска ќе го договориме состанокот меѓу двајцата лидери, за да можат да разговараат по однос на рефокусот на Владата кон темите што ќе бидат актуелни во периодот што доаѓа“, истакна Османи.

Македонија | пред 6 години

6 год.
fenjgrehrtjhdztj-158218

Антиќ е новиот претседател на КФМ

Поранешниот македонски репрезентативец, Перо Антиќ е избран за нов претседател на Кошаркарската федерација на Македонија.Антиќ на денешното Изборно собрание во Скопје едногласно беше избран како единствен кандидат.„Со одличен тим, добра стратегија и добра програма се надевам дека постепено ќе ја вратиме кошарката каде што заслужува. Во управниот одбор ќе вклучиме луѓе од бизнис секторот, професионалци, од спортскиот дел и сите заедно да работиме за доброто на кошарката“, изјави АнтиќОваа функција досега ја вршеше Петар Наумоски.

Спорт | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања