Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
6 год.
11-3

Заев и Царовска на презентација на Извештајот на ОБСЕ за благосостојба и безбедност на жените

 Денеска во Владата на Република Северна Македонија се одржа настан на којшто се презентираа резултатите од Извештајот на ОБСЕ за благосостојбата и безбедноста на жените во нашата земја.Воведни обраќања на настанот имаа Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, Шефот на мисијата ОБСЕ во Република Северна Македонија, амбасадорот Клеменс Која и специјалната советничка за родови прашања во ОБСЕ, Амарсана Дарисурен. Потоа следуваше дискусија на тема предизвици и идни активности за спречување и борба против насилството врз жените во која зема учество министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.„Разгледувајќи го извештајот на ОБСЕ еден податок ме загрижи - само 2 проценти од испитаните жени кои имаат доживеано насилство од нивните партнери во полиција го пријавиле како сериозен инцидент. Ова мора итно да го менуваме. Жените во Република Северна Македонија треба и мора да се почувствуваат еднакви, сигурни, почитувани, вклучени и целосно интегрирани во општество со нулта толеранција за било каков облик на насилство. Наша заедничка обврска е тоа да го овозможиме. Да нема дилеми - жените се нашата сила за напред и наши еднакви партнери“ порача премиерот Заев во своето обраќање.Премиерот Заев рече дека насилството врз жените и неприфатливо и претставува кршење на основните човекови права и Владата заедно си сите засегнати страни ќе работи на унапредување на човековите права и на системско унапредување на родовата еднаквост и елиминирање на сите форми на насилство врз жените.„Работиме на јасни и недвосмислени законски решенија со коишто се спречува насилството и се штитат жените жртви на насилство. Владата на Северна Македонија ја ратификуваше Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство  (Истанбулска конвенција), а во октомври лани го усвои Акцискиот план за спроведување на конвенцијата за периодот од 2018 до 2020-та година. Исто така се унапредуваат потребните услуги за поддршка и заштита на жените жртви на насилство.  За првпат е отворен Центар за жртви на сексуално насилство во кој жртвите ќе добијат психосоцијална поддршка и помош за нивна ресоцијализација и реинтеграција, како и три центри за упатување на жртвите на сексуално насилство, лоцирани во здравствени установи во Скопје, Куманово и Тетово. Насилството врз жените не е само женско прашање, туку прашање кои се однесува на секој еден од нас. Токму затоа мора да работиме заеднички и да ставиме крај на истото.Ве охрабрувам и поканувам сите заедно, институции, граѓански организации, меѓународни организации, активистки и активисти, да кажеме и покажеме дека навистина нема толеранција за насилството врз жените и девојките во нашето општество“, посочи премиерот Заев.Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во своето обраќање на панел дискусијата се заблагодари на ОБСЕ за извештајот и истакна дека истиот е посебно важен за државата, бидејќи во минатото сите одлуки се носеле без да бидат поткрепени со докази и конкретни податоци.„Иако пред нас постојат многу предизвици сепак оваа Влада има силна политичка волја да работи на решавање на овој проблем и да ја спроведеме ратификуваната Истанбулска конвенција. Скопскиот регион целосно ни е полиен со кризни центри за жени жртви на насилство. МТСП си постави задача дека годинава ќе отвори 5 сервиси и се надеваме со меѓународна поддршка да активираме соодветен кадар којшто ќе работи директно со жртвите.Дополнително активно работиме на нов закон кој што ќе ги опфати сите форми на насилство врз жената којшто годинава се очекува да влезе во собраниска процедура”, рече Царовска.

Македонија | пред 6 години

6 год.
vikipedija

Кина ја блокира Википедија на сите јазици

Властите во Кина ја блокираа „Википедија“, објави сопственикот на оваа онлајн енциклопедија. Фондацијата „Викимедија“ во април откри дека „Википедија“ веќе не е достапна во Кина.Истражувачите на интернет цензурата посочуваат дека бесплатната интернет енциклопедија е последна од илјадниците други веб-страници до кои не може да се пристапи од Кина.Земјата претходно ја имаше блокирано кинеската јазична верзија на Википедија, но блокадата сега е проширена на сите останати јазици.Од Викимедија соопштиле дека не добиле никакво известување за ваквиот потег.„Ви април, фондацијата Викимедија утврди дека Википедија повеќе не е достапна во Кина. Откако детално ги анализиравме нашите внатрешни извештаи за сообраќајот, можеме да потврдиме дека Википедија во моментов е блокирана на сите јазични верзии“, велат од фондацијата.Во 2017 година страницата била блокирана во Турција, а оваа година таква блокада има направено и Венецуела. 

Свет | пред 6 години

6 год.
53751070_1987113501583065_4347258587253309440_n

Заев: Ако има исчекори во преговoрите за СЈО, ќе остварам средба со Мицкоски

Премиерот Зоран Заев најави дека денеска ќе има состаноци во Министерството за правда за да ги добие последните информации за работните средби за новиот закон за јавно обвинителство со кој треба да се реши идниот статус на СЈО.„Ако се случат одредени исчекори во делот на преговарањето, ние лидерите на двете политички партии, би оствариле средба за конечно заокружување на законот. Сакаме да постигнеме консезус и за овој закон. Овде имаме и политички одлуки кои треба да ги донесеме, затоа и ќе треба лидерска средба за законот за јавно обвинителство“, изјави Заев.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Slika-Pavle-25-02

Богоевски за „бомбата“: Не сум светец, но не нарачувам кокаин туку масло од канабис за лекување

Пратеникот Павле Богоевски на социјалната мрежа „Фејсбук“, се огласи по објавувањето на приватен разговор со наслов „Павле Богоевски нарачува кокаин“.„Вчера на руска социјална мрежа беше објавено аудио кое авторот го нарече БОМБА и каде тврди дека нарачувам кокаин. На нашите мрежи, прво беше споделено од пропагандната твитер машинерија на ВМРО ДПМНЕ и од порталите блиски до нив, а потоа веќе го споделуваа и сите останати.Би сакал да расчистам неколку работи:Дали тоа е мојот глас на снимката?Да.Дали разговарам за супстанца чиј промет е забранет?Да. Но, во овој разговор не нарачувам кокаин. Договарам набавка на масло од канабис. За медицинска употреба, за моја многу блиска личност на која маслото од канабис и’ помогна таму каде другите лекови не можеа да и’ помогнат. Тоа го правам веќе неколку месеци и ќе го правам се’ додека е потребно.Немам никаква намера да се правам светец, ниту да глумам дека сум изненаден зошто мојот политички противник одбра токму вака да ме нападне. Ама немам намера ниту да се правдам за мојот приватен живот. Во оваа „БОМБА“ нема договарање на милионски криминали. Нема заговарање за уништување животи. Нема местење избори. Нема ендеци и запалени кафани. Има наводи за мојот приватен живот, кои (во овој случај) се извадени од контекст.Исто така, очекувам службите многу сериозно да го истражат овој случај. Ова не е снимка од телефонски разговор кој некако „протекол“. Поради тоа, не подложи на заштита согласно Законот за заштита на приватноста од 2015г., кој се однесува на снимките по кои постапува СЈО. Но, ова е Неовластено прислушкување и тонско снимање, предвидено со чл. 151 од Кривичниот законик и очекувам дека сторителот ќе биде изведен пред правдата.п.с. Крајно време е да ја олабавиме законската рамка за медицинска употреба на канабисот и да ја декриминализираме личната употреба. Поддршка за луѓето што се влечат по судови поради тоа што произведуваат масло за болните!“, пишува Богоевски на социјалните мрежи.

Македонија | пред 6 години

6 год.
sugareski

Сугарески не очекува да биде сменет

Министерот за транспорт и врски не очекува да биде меѓу функционерите кои ќе бидат разрешени, како што најави неодамна премиерот Зоран Заев, но вели дека ќе ја почитува евентуалната таква одлука.„Искрено не очекувам. Меѓутоа  ќе ја почитувам секоја одлука на премиерот врз база на неговите анализи што ги прави за мојата работа“ изјави Сугарески.

Македонија | пред 6 години

6 год.
36447300_10217519362642214_4497387721681010688_n

Весна Ѓиновска Илкова до Заев: Помогнете да ја исправиме неправдата

Отворено писмо до премиерот Зоран Заев од оперската првенка Весна Ѓиновска Илкова,,Почитуван премиер, поради фактот што синдикатот на Национална Опера и Балет НЕ се избори за нашата положба за изедначување на оперските првенци, хорот, оркестарот , режисерите, сценските работници…со балетската фела,во мојата институција постои огромно незадоволство.Ние како репродуктивни уметници ја создаваме нашата работа на сцената,во моментот, овде и сега. И секоја изведба е различна. Нема вистинска реприза.Вршиме иста дејност, иста работа, подеднаква тежина. Дотолку повеќе што се броиме на прсти ние кои имаме и меѓународни кариери.Носиме голема тежина на работата, големи стресови и одговорности за оправдување на секоја позиција.Понатаму, хорот и оркестарот се единки без кои не можеме да направиме ништо.И тие се обесправени, и јасно е нивното незадоволство.Диригентите се тие кои ја водат целата музика на сцената. Режисерите се тие кои исто создаваат своја слика на сцената.Комлексна е нашата работа , Ве уверувам.Сега сме оставени да се бориме сами и верувам ќе имаме разбирање.Не сакам веќе поделби. Доста беше.Реагирано е на сите инстанци. И до министерството, и до владата.Во трка со времето, Ви се обраќам јавно.Борец сум во животот и на сцената.Помогнете да ја исправиме неправдата.Со почит,Весна Ѓиновска Илкова првенец,магистер и редовен професор на ФМУ“-се вели во отвореното писмо.

Македонија | пред 6 години

6 год.
F4F_Franc-Bekenbauer_2019

Легендарниот Франц Бекенбауер во Мадрид ќе сподели вештини со млади фудбалери од целиот свет

Глобалниот амбасадор на интернационалната детска општествено одговорна програма „Фудбал за Пријателство“ под покровителство на компанијата „Газпром“, Франц Бекенбауер, ќе учествува во финалните активности на овогодинешната сезона.Настаните ќе се одржат во шпанската престолнина Мадрид во период од 28 мај до 2 јуни, во рамки на УЕФА Лигата на Шампиони 2019.Мадрид ќе стане главен град на клучните настани од проектот „Фудбал за пријателство“. Повеќе од 800 учесници од различни земји од Европа, Азија, Африка, Северна и Јужна Америка, меѓу кои и 12-годишни млади фудбалери и млади новинари, ќе бидат дел од финалните настани.Интернационалниот Камп на Пријателството ќе овозможи специјални предавања за младите учесници. Во рамки на кампот ќе бидат обединети спортски, хуманитарни и едукативни програми. Учесниците ќе можат да ги претстават своите вештини на Светското Првенство во фудбал за пријателство 2019, каде младите фудбалери ќе бидат дел од 32 Интернационални тимови на пријателство. Според уникатниот принцип на Фудбал за пријателство, деца од различни националности, пол и физички можности ќе играат заедно во еден тим.За прв пат, Интернационалниот форум на фудбал за пријателство ќе опфати една целина од завршните настани на овогодинешната сезона на програмата. Учесниците во форумот се експерти во полето на развојот на детскиот и младинскиот спорт од целиот свет. Тренери, доктори од детските тимови, новинари од светски водечки медиуми, познати фудбалери, претставници на фудбалски академии и федерации ќе дискутираат за подготовките на младите играчи за интернационални натпревари, нови методи за спортска едукација, принципи за формирање успешен детски тим, начини на професионален развој на младите фудбалери.Годинава, еден од говорниците на форумот ќе биде и светската фудбалска легенда, двократниот добитник на „Ballon d’Or“ – Франц Бекенбауер.Во Мадрид, Бекенбауер како глобален амбасадор на проектот, ќе се сретне со младите учесници и ќе им раскаже за своите спортски искуства, интересни случувања од неговата професионална кариера и ќе го сподели знаењето кое им е потребно на спортистите почетници за постигнување на врвни резултати.Учесниците во завршните настани на оваа сезона на проектот ќе имаат можност да го проследат и финалниот натпревар на 2019 УЕФА Лигата на Шампиони на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.„Навистина е голема чест да се биде дел од ’Фудбал за Пријателство’, Интернационалната Општествено Одговорна Програма на компанијата Газпром. Вредностите кои се промовирани од страна на Младите Учесници од различни земји се безвременски – без идејата за еднаквост, љубезност и праведност, не може да се замисли балансиран свет. Соединувањето на деца кои имаат желба да меѓусебно да соработуваат и да комуницираат е главната цел, затоа што способноста за компромис, пронаоѓање на заеднички јазик со најразлични луѓе е клучот за успехот во животот, без разлика дали ќе одберат професионално да се занимаваат со спорт или пак нивен избор ќе биде друга кариера“, изјави Глобалниот амбасадор на проектот „Фудбал за Пријателство“, Франц Бекенбауер.„Среќна сум што проектот ’Фудбал за Пријателство’ ми дава можност да запознаам професионални фудбалери и што оваа година во Мадрид ќе се запознаам и ќе разговарам со вистинска фудбалска легенда – Франц Бекенбауер! Одлично е да се биде дел од ваков глобален проект поддржан од познати спортисти од целиот свет! За мене ова е одлична мотивација да продолжам да го следам својот сон“, изјави Софи Фолдс, 12-годишна млада амбасадорка на проектот од Вашингтон, САД.

Спорт | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Градоначалникот Марин доби плакета за афирмација на европските вредности

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, на вчерашната завршна свеченост на Европското движење во Република Северна Македонија, доби плакета за успешна соработка во реализација на активностите за одбележување на Денот на Европа.„Со своите заложби за спроведување на традиционалниот ликовен конкурс за дечињата од Општина Аеродром градоначалникот Марин даде несебичен придонес за афирмација на европските вредности до граѓаните. Се надеваме дека и во иднина ќе продолжи да го поддржува овој проект што им овозможува на дечињата од Општина Аеродром да ги покажат своите креативни потенцијали и талент“, изјави претседателката на Европското движење, Милева Ѓуровска.На свеченоста присуствуваа и трите деца што освоија прво место во трите категории Владимир Анастасовски од градинката „Срничка“, објект „Калинка“, Јосиф Најдовски од III 1 од ООУ „Гоце Делчев“ и Ангела Зимбакова од VIII 3 од ООУ „Лазо Ангеловски“.

Скопје | пред 6 години

6 год.
IMG-278d3c63d025667020edff82d89e9bd5-V

Младинките на ЖОК „Јанта Волеј“ направија голем успех

Одбојкарките на ЖОК „Јанта Волеј“ од Кисела Вода на финалниот турнир во женска одбојка во јуниорска конкуренција У-18 направија голем успех.На ова натпреварување клубот од Кисела Вода го совлада „Работнички Скопје“, со резултат 2:0, а  „Наковски Волеј“ од Струмица го победи „Пелистер“  со 2:0.Во борбата за првото место „Јанта Волеј“ го победи „Наковски Волеј“ од Струмица со 3:1, а во пресметката за третото место „Пелистер“ го совлада „Работнички Скопје“ со 2:0.-Многу сум задоволен од тоа што го освоивме јуниорското првенство. После реконструкцијата на шампионската екипа од минатата година, оваа година им дадовме шанса на младите во нашиот клуб кои успешно ја искористија во целост. Истите настапуваа во сениорска конкуренција и стигнавме до полуфинале каде испаднавме од многу поискусниот „Работнички - жени“. Наредниот викенд играме финален турнир во кадетска конкуренција каде по мое очекување треба да бидеме фаворити. Сакам да се заблагодарам на сите што помогнаа и не поддржаа на овој тежок пат до успехот посебно до градоначалникот Филип Темелковски и одделението за спорт при Општина Кисела Вода, изјави Горан Јаневиќ – Јанта, тренер на ЖОК „Јанта Волеј“.

Спорт | пред 6 години

6 год.
stojan-andov-kniga

Укината забраната за продажба на книгата на Андов „До атентатот и по него“

Апелација ја укина забраната за продажба на книгата на Стојан Андов. Со ова се поништува одлуката на понискиот суд, кој на 21 март годинава донесе одлука за забрана на книгата на Андов поради тужбата на поранешниот министер за внатрешни Љубомир Фрчкоски.Судот изрече времена мерка – забрана за продажба на книгата на Андов, со наслов „До атентатот и по него“ бидејќи во него се имплицирала вмешаност во атентатот на Киро Глигоров на Фрчкоски, поради повреда на личните права на тужителот.По одлуката на Апелација времената мерка се враќа во првостепениот суд на повторно одлучување. Се додека судот повторно не се произнесе, додава адвокатот, книгата на Андов може слободна да се продава и реиздава.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zaev-metla

Заев: За две недели ќе сменам министри и директори

Премиерот Зоран Заев рече дека во наредните две недели точно ќе се знае кој ќе мора да го напушти местото и да биде заменет со друг.„Ќе има промена и на министерско ниво и на ниво на директори на претпријатија, но и на локално ниво, како и во партијата од која доаѓам. Аргументите за смена ќе бидат ароганцијата, неисполнување на поставените задачи, неагилноста, или сѐ она од што граѓаните не се задоволни. Секако и решенијата од Антикорупциската комисија, особено ако имало влијание при вработување ќе се земе предвид“, рече Заев.

Македонија | пред 6 години

6 год.
uploads_thumbs_resize_800x420_348903

Вработени во Град Скопје измамиле 19 граѓани и го оштетиле буџетот за 3 милиони

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Ј.С.(25) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против С.Е.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „компјутерска измама“ и „компјутерски фалсификат“. Од страна на судија од претходна постапка на двајцата пријавени им е изречена мерка - претпазливост.Според документираните сознанија од истрагата, пријавените во својство на службени лица вработени во администрацијата на Град Скопје, Ј.С. како помлад референт за архивирање на документација во Одделение за присилна наплата, прием, издавање, заверка на документи за даноци, такси и други надоместоци, а Е.С. како соработник во истото Одделение за стручни работи, во меѓусебен договор ја искористиле својата службена положба со цел стекнување на противправна имотна корист, а на штета на граѓаните - даночни обврзници и на штета на буџетот на Град Скопје и општините во градот Скопје.Имено во текот на 2018 и 2019 година, Ј.С. се нудел на граѓаните да им изврши услуга за плаќање на износот на данокот во нивно име, доведувајќи ги во заблуда дека им прави само услуга за да не чекаат на шалтерите во банките каде се врши уплатата. Износот на данокот му го давале во готово, а тој наместо да го уплати целосниот износ, вршел уплата на минимален износ, а останатиот дел од примените парични средства ги присвојувал, односно ги делел со второпријавениот Е.С.Е.С., бидејќи имал овластување да пристапува во компјутерскиот систем на Град Скопје, каде што се евидентираат уплатите на граѓаните по основ на данок, неовластено и во договор со Ј.С., вршел преправка на износот на уплатениот данок од Ј.С. и врз основа на така преправените податоци во компјутерскиот систем ги доведувал во заблуда службените лица на град Скопје кои биле задолжени за контрола на извршените уплати на данокот и заверка на договорите за промет на недвижност, на наследство или на подарок, во зависност од правниот основ, дека износот на даночниот долг е целосно подмирен. По заверката на договорите од нивна страна второпријавениот повторно неовластено пристапувал во компјутерскиот систем и ја враќал претходната состојба на даночниот долг.На тој начин пријавените оштетиле вкупно 19 граѓани-даночни обврзници, за вкупен износ од 3.410.366 денари а за истиот износ го оштетиле буџетот на Град Скопје, како и општините на подрачје на град Скопје.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Srednoskolski-sportski-natpravari-Podgorica-2019-2

Започнаа спортските натпревари меѓу најдобрите екипи од средните училишта од Скопје и Подгорица

Денеска во Подгорица започнаа спортските натпревари меѓу најдобрите екипи од средните училишта од Скопје и од Подгорица.Пред почетокот на натпреварите се обрати градоначалникот Шилегов и ги поздрави екипите на Подгорица и на Скопје. На натпреварите присуствуваше и делегација од кабинетот, како и членовите на Советот на Град Скопје Соња Глинџарска, Лука Кржалоски и Ибуш Јусуфи.Средношколските екипи од Скопје се натпреваруваат со нивните врсници од Подгорица во кошарка, ракомет и футсал во машка и во женска конкуренција, како и во одбојка во женска конкуренција.Натпреварите на најдобрите спортски екипи од средните училишта од Скопје во Подгорица се продолжение на праксата за организирање вакви натпреварувања, а во изминатите години се организираа спортски гостувања во Нирнберг, Истанбул, Ниш, Загреб, Љубљана, Софија и во Белград.Претходно, во текот на оваа учебна година во системот на натпревари на средните училишта во Скопје учествуваа 245 екипи, а се одиграа над 1.000 натпревари во кои се вклучија околу 7.000 ученици од 29 средни училишта од Скопје. За организација и реализација на средноучилишниот спорт во Скопје, Градот Скопје годинава одвои 3.500.000 денари. Дополнително, и оваа година додели стипендии за спортистите средношколци од Скопје, односно додели 105 стипендии во висина од 3.000 денари месечно, за 8 месеци, средства обезбедени од буџетот на Град Скопје.Градот Скопје и Градот Подгорица се збратимени од 2008 година и негуваат плодна соработка и разменуваат позитивни искуства од повеќе области што се значајни за двата града.

Скопје | пред 6 години

6 год.
image-104009

Скопје доби нов забавен парк, но кој ја гарантира неговата безбедност?

Од неодамна Скопје доби нов забавен парк, со адреналински атракции лоциран на улица „Илинденска“ веднаш до СЦ „Борис Трајковски“.Но се отвора прашањето, кој е надлежен за безбедноста на овие атракции.Од Град Скопје за Алфа велат станува збор за отворен парк на приватна парцела за кој немаат никаква надлежност. Немаа одговор на прашањето кој врши безбедносни проверки и контроли на техничката исправност.– Градот Скопје нема никаква надлежност за давање на дозволи за работа на вакви паркови ниту пак за контрола на нивната безбедност и за исправноста на реквизитите, велат од Град Скопје.Забавниот парк нуди над 20 возења, од кои 10 се адреналински атракции, 10 фамилијарни возења, како и неколку интерактивни реквизити.Главни атракции во „Мега“ се Камикази, кулата висока над 100 метри, Летечкиот килим, Брејк Денс, Ентерпрајз, Куќа на стравот и Поп Старс- возења какви можеме да видиме низ светските тематски паркови.

Скопје | пред 6 години

6 год.
hgngjn

(ФОТО) Снег во северниот дел на Црна Гора

Во северниот дел на Црна Гора падна снег, и тоа во Беране, Андријевица, Плав и Жабњак.На Жабљак и утрово паѓа снег, а температурата во градот во седум часот изнесувала нула степени, јавија локалните медиуми.Во наредните денови се очекува нестабилно време со врнежи, додека, според проценките на метеоролозите, стабилизација на времето и пораст на температурите ќе има во петок.

Свет | пред 6 години

6 год.
potraga_bosna_poplave_820704956

(ВИДЕО) Се уште се трага по 6-годишното дете кое падна во надојдената река во БиХ

Потрагата за шестгодишниот Ибрахим Мешељевиќ, кој падна во поток во Босна и Херцеговина, продолжува и денеска.Иако потрагата на спасувачките екипи завршила откако се стемнило, членовите на семејството го барале момчето цела ноќ.Шестгодишниот Ибрахим Мешелевиќ вчера возејќи велосипед паднал во надојдениот поток. По него скокнала и мајката во обид да го спаси, но не успеала.Таа е извлечена од водата и пренесена во болница, а по момчето се трага.Роднина на малиот Ибрахим вели дека е можно телото да завршило во реката Босна. Во потрагата се вклучени 300 луѓе. Пронајдени се само тренерката и велосипедот на детето.

Свет | пред 6 години

6 год.
grcija-boja-ambasada

Фрлена боја врз резиденцијата на американската амбасада во Атина

Членовите на грчката анархистичка група „Рубикон” рано утринава фрлија боја врз резиденцијата на американскиот амбасадор во Атина, а потоа избегаа на мотоцикли, објави „Катимерини“.Според видеото кое го објави Рубикон, членови на анархистичката група со неколку мотори пристигнуваат пред резиденцијата на американскиот амбасадор, фрлаат бои врз надворешните ѕидови, а 20 секунди подоцна со голема брзина се оддалечуваат од местото.Грчката полиција приведе девет лица.Групата објави текст на својот анархистички сајт, со што ја презе одговорноста и објаснија дека причината е барањето за добивање дозвола за излез од затвор на Димитрис Куфодинас, лидерот на терористичката организација 17 Ноември, кој од втори мај штрајкува со глад.За инцидентот реагираа американскиот амбасадор во Атина, преку Твитер и Министерството за надворешни работи на Грција, преку официјално соопштение. 

Свет | пред 6 години

6 год.
policija-2-1

Изминатото деноноќие 6 сообраќајки во Скопје, шест лица го загубија животот

Во текот на изминатиот ден (14.05.) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле шест сообраќајни незгоди во кои шест лица ги загубиле животите.Од преземените сообраќајни мерки констатирано е дека 15 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Наедно, четворица возачи се санкционирани поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, шестмина поради неправилно престројување, а исто тоолку возачи заради неправилно престигнување.Тројца возачи се санкционирани поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило а 18 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Покрај ова, од сообраќај се исклучени 28 возачи: 26 затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, а двајца биле возачи почетници. Од сообраќај се исклучени и 15 возила бидејќи биле нерегистрирани.Во текот на изминатит ден издадени се 65 мандатни платни налози и 50 возила се подигнати со специјално возило „пајак".    

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Кривична за скопјанец кај кого бил пронајден кокаин

СВР Скопје поднесе кривична пријава против  М.М.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело - “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.На 27.02.2018 година во Скопје полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле опојна дрога - кокаин.

Скопје | пред 6 години

6 год.
soobrakajka

Автомобил излета од патот Кичево-Гостивар, возачот тешко повреден

На 14.05.2019 година во 14.00 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, на влез за с.Бокојчани, С.С.(42) од с.Србица, кичевско, управувајќи патничко возило „Опел Омега“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.Тој се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Кичево, од каде бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.Увид извршила екипа од Полициската станица Кичево.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања