Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
6 год.
policija-traka

Почина 2-годишно девојче откако беше прегазено од автомобил

На 14.05.2019 година во 14.45 часот на паркинг простор на ул.“23-ти Октомври“ во Скопје, патничко возило „Фиат Добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(35) од Скопје, удрило во двегодишно девојче од Скопје.Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и со истото возило било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски каде му била укажана лекарска помош.Во 15.20 часот детето им подлегнало на повредите. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

6 год.
soobrakajka-1

МВР со детали за сообраќајката во Драчево

На 14.05.2019 година во 23.40 часот на бул.„ Борис Трајковски “ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од  М.Ј.(44) од Скопје “ и патничко возило „Рено 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Л.(43) од Скопје.Во несреќата возачот Ј.Л. и сопатниците во возилото „Рено“ - С.Н., А.Т. (54) од Скопје, Е.Т. (37) од Скопје и И.А. (40) од Скопје починале на местото на настанот, додека, пак, возачот на товарното возило - М.Ј. се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.Увид на местото извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција.

Скопје | пред 6 години

6 год.
banki-2

Секој ден владата на Заев се задолжува, а парите не се знае каде одат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ веќе две години ништо не исполни што вети. За време на избори ветуваше 500 евра за секој граѓанин, 100.000 денари плата за секој лекар, а од тоа нема ништо, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Секој ден владата на Зоран Заев само се задолжува, а парите не се знае каде одат. Вчера Тевдовски ја задолжи државата за нови 49 милиони евра. За само 5 месеци СДСМ ги задолжи граѓаните  за над 317 милиони евра.Откако Заев и СДСМ се на власт нема нови капиталните инвестиции, нема нови инвестиции, нема повисоки плати, нема повисоки пензии. Нема ништо од ветувањата од економската политика од пред изборите. Наместо најавените ГУГЛ и ФЕЈСБУК, имаме бизнис партнери кои се во бизнисот со марихуана со фамилијата Заеви, а граѓаните тонат во сиромаштија.Освен сиромаштија и колапс на економијата не доби Македонија ништо од СДСМ. Ова е една од низа причини зошто СДСМ мора веднаш да си замине од власта“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Kosta-Mitrevski

Коста Митровски се повлекува од позицијата главен извршен директор во УНИБанка

Коста Митровски по 16 години работа во УНИБанка се повлекува од позицијата главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на банката.Според она што Банката го објави на Македонска берза, Митровски нема да ги извршува функциите од 13 мај.Неговите обврски ќе ги распределат останатите тројца членови на УО и извршни директори на Банката Делчо Крстев, Владислав Хаџидинев и Милка Тодорова.

Македонија | пред 6 години

6 год.
evrovizija

Ова се првите 10 финалисти на Евровизија

Од 17 земји кои настапија синоќа, во финалето се пласираа изведувачите од Грција, Белорусија, Србија, Кипар, Естонија, Чешка, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија.Македонија со Тамара Тодевска ќе настапи утре во втората полуфинална вечер како претпоследна од 18 учесници. Другите претставници се од Ерменија, Ирска, Молдавија, Швајцарија, Латвија, Романија, Данска, Шведска, Австрија, Хрватска, Малта, Литванија, Русија, Албанија, Норвешка, Холандија и Азарбејџан.Во финалето, в сабота , 26 земји ќе настапат, а ќе можат да гласаат сите 41.Покрај пласираните од полуфиналињата, ќе пеат и претставниците на големата четворка плус земјата домаќин: Италија, Франција, Германија,  Шпанија, Англија и Израел.

Магазин | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Отворена истрага против три лица кои со нож и се заканувале на жена и ја ограбиле

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, за кои постои основано сомнение дека во соизвршителство сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничените на возраст од 26, 21 и 19 години, на 27.06.2018 година во селото Рибарци, претходно договорени и маскирани со црни чорапи на главите, отишле пред куќата на една оштетена. Со нож ја пресекле заштитната мрежа за инсекти на прозорецот од гостинската соба на куќата, го отвориле прозорецот и влегле  внатре. Притоа ја фатиле оштетената за рацете и за устата за да не вика и со употреба на опасно оружје – нож во должина од околу 30 см и се заканиле  дека  непосредно ќе нападнат врз нејзиниот живот и тело. Додека едниот од осомничените ја држел оштетената, другите двајца пребарувале низ собите и одзеле женска кожна чанта во која имало банкноти од различни валути и други вредни предмети, во вкупна вредност од 67.000 денари.Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за двајца од осомничените, додека за третиот предложи мерка куќен притвор.

Македонија | пред 6 години

6 год.
MFA_8353

Димитров: Македонија е успешна приказна која треба да биде поддржана ако сакаме да направиме разлика

Мојата земја денес, Северна Македонија, е успешна приказна која треба да биде охрабрена и поддржана ако сакаме да направиме разлика. Најголемата научена лекција од сето ова е дека ние можеме да направиме разлика.Ова го истакна министерот за надворешни работи Никола Димитров во обраќањето вчера во германскиот Бундестаг на дебатата „Западниот Балкан по решавањето на прашањето за името: постигнувања, предизвици и перспективи“, од која видео е прикачено на неговиот фејсбук профил.„И покрај тешката политичка ситуација во Европа денес, претстојните европски избори, сите прашања кои се поврзани со тоа, едноставно го немаме луксузот да не успееме во создавањето успешни приказни. Мојата земја Северна Македонија денес е успешна приказна која треба да биде охрабрена и поддржана ако сакаме да напарвиме разлика. Најголемата научена лекција од сето ова е дека ние можеме да направиме разлика. Ништо од ова, ниту помирувањето, ниту Преспанскиот договор не беше неизбежно. Напротив, се случи бидејќи ние тоа го направивме, заедно со лидерството во Атина“, изјави Димитров.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Најмногу дожд во Ѓуриште, најмалку во Дојран

Најмногу, вкупно 36 литри на метар квадратен, наврнале изминатите 24 часа во Ѓуриште, а најмалку, два литра, во Дојран.Во Скопје до осум часот водниот талог измерен кај Петровец изнесува девет литри, а на Зајчев рид шест.Како што соопшти УХМР, изминатото деноноќие заклучно со осум часот утрово наврнале 32 литра на метар квадратен во Виница, 28 во Лазарополе, 23 во Куманово, 21 во Гевгелија, 20 во Прилеп, 17 во Битола и Маврово, 16 во Дебар, 15 во Демир Капија и Крива Паланка, 14 во Крушево, 12 во Тополчани, 11 во Тетово, 10 во Охрид, девет во Пожаране, осум во Штип, четири во Претор и Струмица, како и три во Берово. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
kosjeric-sneg-830x0

(ВИДЕО) Снег на Златибор и Копаоник

Снега вее од ноќеска во реоните на Златибор, Копаоник и Сјенци во Србија.Сите служби се ангажирани, соопштија од Секторот за вонредни сутуации. Во изминатите неколку денови поројни дождови имаше во Хрватска и во БиХ кои предизвикаа поплави.Метеоролошкиот завод соопшти дека до крајот на денот се очекуваат врнежи во државата од 40-60 литри на метар квадратен.

Свет | пред 6 години

6 год.
rsz_lucija

„Лучија од Ламермур” вечерва на Мајски оперски вечери

Психолошки фасцинантната опера „Лучија од Ламермур” од Гаетано Доницети, со врвна солистичка екипа, ќе се одржи вечерва во рамки на 47. Мајски оперски вечери во Националната опера и балет.Во главната улога како Лучија ќе настапи нашата светски позната првенка Ана Дурловски која бележи успешна светска кариера. Италијанскиот баритон Франческо Вултаџо, добитник на многубројни интернационални награди ќе настапи во улогата на Енрико, додека во улогата на Едгардо ќе настапи Ифрим Космин од Романија, кој со својот полн и обоен тенорски глас бележи настапи на многубројни престижни оперски сцени и театри низ светот.Во улогата на Рајмондо ќе настапи гостинот од Србија Иван Томашев, солист на Националната опера во Белград, а во улогата на Артуро, Марјан Николовски. Марика Поповиќ и Јане Дунимаглоски ќе ги видиме во улогите на Ализа и Нормано.Диригент е гостинот од Бугарија Најден Тодоров, се наведува во соопштението од Националната опера и балет.

Македонија | пред 6 години

6 год.
sveti-atanasij-640x528

Денес се слави Свети Атанасиј Велики

Роден во Александрија во 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар, и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за утврдувањето на Православието. Го напиша Символот на Верата кој на Соборот беше усвоен.По заминувањето на Александар, свети Атанасиј беше избран за архиепископ Александриски. Во архиепископскиот чин остана над четириесет години, иако не беше цело време на архиепископскиот престол. Речиси сиот живот беше гонет од еретиците. Од царевите најмногу го гонеа: Констанциј, Јулијан и Валент; од епископите Евсевиј Никомидијски со уште мнозина други; а од еретиците Ариј и неговите следбеници. Беше принуден да се крие од гонителите дури и во бунар, во гроб, по приватните куќи, по пустините. На двапати бегаше во Рим. Едвај недолго пред заминувањето едно време проживеа мирно како добар пастир сред своето стадо, коешто вистински го љубеше.Мал е бројот на светителите што се толку клеветени и толку 3лосторнички гонети како светиот Атанасиј. Но, неговата голема душа најпосле излезе победоносна од сета таа долготрајна и стpашна бopба. За совет, утеха и морална потпора често одеше кај свети Антониј, кого го почитуваше како свој духовен отец. Човекот којшто ја формулираше најголемата вистина мораше и да постpада за таа вистина, додека Господ не го упокои во своето Царство овој Свој верен раб, во 373 година.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Мандатот на Груевски засега нема да се чепка, оти Џафери е на пат

Пратениците чекаат да се врати собранискиот спикер, Талат Џафери, од службен пат, па да биде свикана Комисијата за мандатно-имунитетни прашања за да расправа за мандатот на осудениот екс премиер, Никола Груевски, кој се уште се води како пратеник во Собранието.Претседателот на собраниската Комисија, Павле Богоевски вели дека за мандатот на Груевски недвојбено ќе се расправа, но дека не може да знае како ќе гласаат пратениците.-Не е прашање на иницијатива ова е службена должност по која мора да постапиме, значи седницата на комисијата сигурно ќе се случи, но како ќе гласаат пратениците не би можел да кажам, а повторувам, верувам дека ќе се одважат доволно за да постапат согласно Уставот и законите, каде се вели дека пратеник кој повеќе од 6 месеци неоправдано отсуствува тогаш тој веќе не е достоен да има мандат на пратеник – изјави Богоевски за ТВ21.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Screenshot_5-2

OJO за несреќата во Драчево: Автомобилот возел во спротивна лента

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа во близина на Драчево, во која пет лица го загубија животот.Според првичните сознанија од увидот, несреќата се случила петнаесетина минути пред полноќ, кога автомобил Рено 5 со скопски регистарски таблички во коj се превезувале жртвите, од непознати причини преминал на спротивната лента на коловозот и директно се судрил со камион за превоз на отпад. Од здобиените повреди починале сите патници во автомобилот, тројца мажи и две жени.Надлежниот јавен обвинител издаде Наредба за обдукција на телата на починатите, а ќе се врши и сообраќајно-техничко вештачење за да се утврдат причините за несреќата.

Скопје | пред 6 години

6 год.
49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Седници на две комисии во Собранието на РМ

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања и за труд и социјална политика.На дневниот ред на Комисијата за економски прашања е Годишниот извештај за работата на Комисијата за заштита на конкуренцијата за 2018 година, а на седницата на Комисијата за труд и социјална политика Предлог-законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување во прво читање, поднесен од пратеници од опозицијата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

И денес врнежи од дожд, но повисока температура

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Утринската температура ќе се движи од четири до 12, а дневната од 11 до 21 степен.Во Скопје, претежно облачно со сончеви периоди. Попладне со врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 19 степени.До петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд.Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.

Македонија | пред 6 години

6 год.
vlada

ВМРО-ДПМНЕ: Владата потроши две години без да го подобри стандардот

Владата две години не направи ниту една реформа, ниту пак проект во насока на приближување кон ЕУ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Зоран Заев лани ја лажеше јавноста дека Македонија треба да слави бидејќи добила датум и ќе ги почнеме преговорите за членство во ЕУ. Заев не додржа долго во лагата па излезе со новo дека ќе отпочнеме преговори за влез во ЕУ во јуни оваа година. Како минуваше времето така Заев призна дека никој не му ветил дека почеток на преговори во јуни и дека тоа може воопшто и да не се случи.Не отпочнување на преговори во јуни е можно поради не спроведувањето на реформите од страна на власта, која потроши две години од животот на граѓаните без да спроведе ниту еден чекор за подобрување на стандардот.Реформите кои се потребни за влез во ЕУ се одвиваат со бавно темпо, а не како очекуваното. Ова го коментираат експертите и професорите од Правниот факултет во Скопје. Немањето наВласта ја партизираше јавната администрација, која ја засили и со бран на непотизам, додека  судството целосно го политизираше. Така не се оди во ЕУ, а уште помалку се постигнува фер општество за сите.Граѓаните немаат повеќе време за губење да чекаат СДСМ да си игра влада. Власта е неспособна и треба да си замине“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
60281907_868905560113991_5267032752884023296_n

(ВИДЕО) Снег во Босна среде мај

Жителите на Корчаница, кај Сански Мост, ги изненади снег во мај.На интернет се појави снимка на која се гледа еден возач на камион кој стои на снежен нанос додека другиот снима.„14. мај, а врне снег како во февруари. Е, ова ќе им го покажуваме на внуците“ - вели низ смеа снимателот.Инаку Корчаница е дел од планината Грмеч.

Свет | пред 6 години

6 год.
ministerstvo-za-kultura-5

2899 вработени во културата добиваат повисоки плати, се исправа уште една неправда, велат од СДСМ

Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа и обезбедување повисоки плати за сите граѓани, велат од СДСМ.„Со одлука на Владата за нивелација на платите на вработените во институциите од областа на културата, 2899 лица вработени во културата ќе имаат зголемени плати почнувајќи од платата за месец април 2019 година.Со нивелацијата на платите се опфатени сите вработени во културата, односно вработените во националните установи и вработените во локалните установи од областа на културата, што занчи дека дури околу 80 отсто од вработените од областа на културата ќе имаат повисоки плати.Со ова се исправа долгогодишна неправда кон вработените во одредени институции кои добиваат различни плати за исти работни места со исти работни обврски.Трендот на раст на платите продолжува, Владата предводена од СДСМ останува посветена на подигање на стандардот во културата и обезбедување повисоки плати и повеќе пари во секое семејство“, се вели во соопштението.  

Македонија | пред 6 години

6 год.
nikola-gruevski

Книгата на Груевски распродадена, се спрема дополнително издание

Целиот тираж на книгата „Искуства за иднината”, напишана од поранешниот премиер Никола Груевски е распродаден.Ова го соопшти сопственикот на издавачката куќа ЃУРЃА на Фејсбук и најави издавање на дополнителен тираж.„Драги мои, првиот тираж на книгата на д-р Никола Груевски, ИСКУСТВА ЗА ИДНИНАТА, во издание на ЃУРЃА, е распродаден. Со оглед на големиот интерес што тој наслов го предизвика меѓу најшироката читателска публика, издавачот подготви дополнително издание.Бодејќи ЃУРЃА нема своја книжарница, ќе ги замолиме колегите кои имаат книжарници, да го преземат дополнителниот тираж и книгата да им ја понудат на читателите. За тоа како и каде ќе може да се набави книгата, ќе ве известиме најдоцна до утре, среда, 15 мај 2019„ информира Никола Костески.Груевски претходно најави дека во септември ќе излезе и англиска верзија од книгата.

Магазин | пред 6 години

6 год.
Screenshot_5-2

(ФОТО) Детали за страшната сообраќајка во Драчево

Пет лица ги изгубија животите во тешка сообраќајна несреќа на влезот од скопската населба Драчево која се случила синоќа околу полноќ.При судирот на автомобил и камион загинаа на лице место три лица, а две починале на скопските клиники.Како што информира „Магазин“во несреќата настрадал поранешен полицаец од полициската станица Драчево заедно со своето семејство. Неофицијално меѓу загинатите има и деца.Несреќата се случила кога патничкото возило „рено 5“ директно удрило во камион за собирање на смет.Според очевидци, автомобилот се движел со поголема брзина при што изгубил контрола.ФОТО: Press24

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања