Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
soobr1

Сообраќајна несреќа кај „Момин Поток“, повредени две лица

На 19.04.2019 годинa во 13.15 часот на ул.„1506“ во Скопје, на место викано „Момин Поток“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Рено Меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Х.(29) од Скопје и патничко возило „Фиат Пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.А.(51) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Т.А., додека В.Х. се здобил со телесни повреди.На двајцата им била укажана лекарска помош во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Во пакет за затвореник од Прилеп, пронајдена марихуана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Б.С.(40) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори“. На 18. 12.2018 година во Прилеп, во Казнено- поправната установа „Затвор – Прилеп“, при преглед на пакет наменет за пријавениот била пронајдена и одземена марихуана.

пред 6 години

6 год.
vreme-1

Сончево и топло време со температура до 23 степени

Денеска во земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен и североисточен ветер. Вдолж Повардарието ветерот ќе се засилува. Локално е можнаизолирана појава на краткотраен локлен дожд.Минимална температура: -1°C до 6°C, а Максимална температура: 15°С до 23°C.Утре ќе преовладува умерено облачно со слаб ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минимална температура: 0°C до 7°C, а максимална температура: 16°C до 24°C.

Македонија | пред 6 години

6 год.
ohrid-trcat

Одбројување на деновите до ОХРИД ТРЧАТ

На нешто повеќе од 40 дена до третото издание на „Ohrid running weekend“, Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ ја презентираше комплетна програма. На 31 мај, 1 и 2 јуни градот Охрид, граѓаните и многуте гости ќе пулсираат во ритамот на спортот и забавата.Годинешната програма на „Ohrid running weekend“ ќе започне со ноќна трка од 2 километри, а потоа следува „паста парти“ забава. На 1 јуни, сите пријавени ќе ги подигнуваат стартните пакети и ќе се презентира трката. На 2 јуни, на програмата е главниот настан кој ќе ги раздвижи улиците на Охрид. Потоа, следува голема забава на градскиот плоштад.Ohrid running weekend претставува вистинско освежување за сите нас кога станува збор за спортско – туристичката понуда на Охрид и Македонија. Ова е туристички производ кој со ваков концепт претставува новина во Македонија, па и пошироко на Балканот. Ние сме убедени дека оваа наша визија ќе биде претпознатлива како во нашата држава така и во многу држави од светот и на таков начин во текот на годините ќе успееме да привлечиме многу бенефити како за самиот град и нејзините граѓани така и за самата држава. Спортот е светски социјален феномен и кога ќе го споите со музика, култура, едукација добивате хемиски резултат со таква позитивна енергија која е „вин вин“ ситуација за нашата заедница и општество. – изјави директорот на „Ohrid running weekend“, Иван Цветкоски.Како најава за „Ohrid running weekend“ се училишна и детската трката кои никој од присутните не останува рамнодушен. Асоцијацијата има уште неколку новитети и изненадување, а на вас останува да се пријавите и да ги откриете.

Македонија | пред 6 години

6 год.
izbori2_g111ynj56uj65u56uj56-88972

Денеска гласаат затворениците, раселените и немоќните лица - изборен молк, а препукување на социјални мрежи

Од почноќ почна изборниот молк. Денеска гласаат затворениците, раселените и немоќните лица за претседател и на предвремените локални избори што ќе се одржат во општините Охрид, Дебар и Ново Село.Своето право на глас можат да го остварат 1.640 лица во казнено-поправните домови и лица кои се во притвор, седум внатрешно раселени лица, како и 3.583 немоќни и болни.Гласањето и денеска и утре на денот на изборите почнува во седум и ќе трае до 19 часот.Вториот круг од изборите е закажан за две недели, на 5 мај.Но и покрај тоа што е изборен молк, кој трае до недела до 19 часот и во овој период забрането е одржување митинзи, јавни собири, средби со граѓани, секакво агитирање, граѓаните своите препукувања ги продолжуваат по социјалните мрежи.

Македонија | пред 6 години

6 год.
3CE76378-3C7E-400F-8D75-761107B9930B

ФОТО: За Тоше немаше топломер и доктор, за вас нема глас!

Починатиот Тоше сведочеше на катастрофалната состојба на здравството

пред 6 години

6 год.
BeFunky-collage-8

Петар Богојески и Даниела Рангелова во Унгарска амбасада

Поранешниот висок партиски функционер во ВМРО ДПМНЕ кој беше и дел од т.н. „Реформатори“ Петар Богојески во друштво на пратеничката Даниела Рангелова вчера престојувале во амбасадата на Република Унгарија во Скопје - дознава „Скопје1.мк“ од свои извори во една институција.Богојески и Рангелова биле облечени во тренерки, носеле очила за сонце и капчиња.На прашање на „Скопје1.мк“ дали бил во амбасадата реформаторот Богојески кратко одговори:„-Немам коментар ! “ - телефонски одговори Богојески.На дополнителните прашања, зошто бил во странска амбасада облечен во тренерки тој одговори дека нема намера да одговара на тривијални прашања кои немаат врска со политика и се однесуваат на модата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

ЗОРАН КРСТЕВСКИ - Животни одлуки

Пишува Зоран Крстевски за vecer.press (авторот е доцент доктор по филозофски науки и универзитетски професор) Највисоката вредност се состои во способноста да го откриеме доброто во нас самите и да создадеме позитивна можност за напредување и градење хармонија во односот со блиските. Но, доколку не ги согледуваме проблемите во кои се наоѓаме и живееме во илузија, заслепеност и духовна неосвестеност, тогаш неминовно ќе потпаднеме под влијание на лошите луѓе и ќе ги уништиме шансите за напредување.Сите луѓе не се исти, така што е потребна голема мудрост и способност да ги процениме туѓите намери и да се заштитиме од негативните вибрации.Нашата првична одлука секогаш треба да биде креирана од позитивниот пристап, отворениот дух и добронамерноста. Кога чесно и искрено се однесуваме кон другите, тогаш или ќе се здобиеме со почит или ќе стекнеме увид со какви луѓе си имаме работа.Постојат лица кои ја почитуваат туѓата добрина и искрено се заблагодаруваат за поддршката, љубовта и вниманието. Но, има поединци кои не престануваат да се однесуваат лошо, себично, круто и студено, без оглед колку кон нив пристапуваме со позитивна енергија и благонаклонетост. Таквите луѓе умислуваат дека вечно можат да го манипулираат и доминираат лицето кое манифестира емпатија, љубов и добрина.Фолклорната умотворба тоа го има искажано со зборовите: “Ти на него со леб, а тој на тебе со камен”. Народната мудрост има кажано и дека “наивноста е мајка на доблеста и глупоста”. Тоа значи, дека е неразумно својата позитивна енергија да ја трошиме на негативни и себични луѓе, кои на доброто возвраќаат со лошо.Во денешно време, иако најмногу страда добриот, морален и емотивен човек, сепак неговото страдање е краткотрајно. Тој можеби наивно постапува со емоционалното отворање кон лица кои тоа не го заслужуваат, но откако ќе научи тешка животна лекција, потоа многу повеќе внимава кон кого ја насочува својата енергија. Од друга страна, страдањето на неморалните и себични личности е многу подолготрајно, зашто зависат од туѓата наивност, константно бараат жртви, очекуваат секогаш да биде по нивно и сите да им се подредуваат.Овие лица колку и да се емоционално студени, крути и егоистични, сепак самите на себе се најголеми непријатели. Имено, воопшто не е лесно да се живее со потсвесна агресивност, да се манифестира незадоволство и негативизам и притоа да се биде зависен од неверства, лаги и измами. Хаосот што се случува во таквите души, еден ден ќе се одрази и врз нивното тело. Деструктивната патологија на однесување нужно се рефлектира врз аурата која станува мрачна, безживотна и наелектризирана со висок набој на негативна енергија. За разлика од негативците, поединецот кој сфатил дека суштината не е во ниската страст, неморалот и измамите зрачи со позитивна енергија, се разубавува и доживува хармонична трансформација на духот и телото.Сепак, повеќето од луѓето предност им даваат на задоволствата на телото, без да сфатат дека душата е таа која го облагородува духот на човекот и му дава смисла на неговото живеење. Кога нашиот престој на овој свет, исклучиво би бил поради телесни страсти, наметнување моќ врз другите, алчни побуди и егоистички стремежи, тогаш стануваат илузорни духовните учења на врвните моралисти, светители и пророци. Тие човекот го насочуваат кон негувањето на духот, мирот во душата, позитивните вредности и подигнувањето на свеста кон повисоките домени на постоењето.Ако суштината се наоѓа во определбата колку луѓе ќе излажеме, колку вреќи пари ќе украдеме, со колкав број партнери телесно ќе општиме и што се ќе направиме за да го задоволиме своето ситно и фрустрирано его, тогаш длабоко сме се излажале за смислата и вредноста на животот. Последиците од уништувањето на моралот, чесноста и духовноста, најдлабоко ги вкусуваат токму лицата кои со своето однесување ги деградираат овие вредности.Секоја одлука подразбира одредени последици. Тоа значи, дека погрешната одлука повлекува по себе крајно непријатни последици.Секој од нас ја одредува границата на среќата и несреќата. Ние сме господари на нашата судбина. Секој од нас е целосно одговорен за се што прави и со своите постапки придонесува за сопствената среќа или несреќа.Кога смислата би се наоѓала во промискуитетот, неморалот, измамите, интригите, експлоатацијата, себичноста, во тој случај лицата кои живеат според овие стандарди ќе се чувствуваат среќни, исполнети и ќе бидат во мир со себеси. На овој свет полн со многу негативистички пројави, токму лошите определби не му недостасуваат, туку уште повеќе се зголемуваат, водејќи го човекот кон несреќата и амбисот на постоењето.Правилното користење со слободата на изборот е клучно за дистанцирање од негативните влијанија. Мудра одлука ќе донесеме ако ги избегнуваме неосвестените луѓе, кои имаат ниско ниво на позитивна енергија. Ако се сплеткаме со нив во неконтролиран однос, може целосно да ја дисхармонизираме својата енергија. Секогаш треба да се следиме самите себеси, а помалку да зависиме од другите, посебно од оние кои не бираат начин и средства за да ги реализираат егоистичните цели и интереси.За таквите личности, Св. Филарет Московски има кажано: “Нека ја клеветат вистината, нека ја мразат љубовта, нека го убиваат животот – вистината ќе се оправда, љубовта ќе победи, животот ќе воскресне”.  Асоцијацијата е дека колку  помалку го чувствуваме влијанието на негативците, толку повеќе мирот, љубовта и хармонијата ќе се вселат во нашето живеење.Суштината на врвната среќа се наоѓа во мирот со себе, опуштеноста, чистиот образ, достоинството и во чувството дека со своето однесување не ги прекршуваме законите на духовното опстојување. Површното доживување на среќата е насекаде околу нас и често е поврзано со обидот во материјалните и телесни нешта да се побара излезот од празнотијата на сопственото постоење. Некој бегството го прави преку константното препуштање на блудот и ниските страсти, друг преку консумеризмот и социјалните мрежи, трет преку хазардот и разните зависности, четврт преку опсесивното препуштање на работата, парите, моќта или статусот. Современиот начин на живеење создаде армија површни луѓе, кои суштината ја бараат во материјалните и телесни нешта. Тие скоро и да не се обидуваат, барем за миг да ја подигнат свеста и да ги почувствуваат благодетите од духовниот концепт на живеење.Фјодор Достоевски има кажано: “Тајната на животот на човекот не е само да живее, туку и во тоа зошто и како живее”.Доколку исклучиво живееме поради насладите на телото, трупањето материјални добра, неконтролираното експонирање на егото, тенденцијата да ги владееме и контролираме другите, тогаш сериозно сме забавиле со својот личен развој и максимално сме се оттргнале од духовните вредности на животот. Во тој случај, последиците за нашата душа ќе бидат катастрофални, зашто неспокојството, внатрешната дисхармонија, неумереноста и зависноста од лажните вредности, никогаш нема да овозможат мир и среќа во животот. Секогаш треба да имаме на ум дека со губењето на достоинството на личноста, деградирањето на етиката, уништувањето на чистиот образ и оптоварувањето на својата совест, нужно ја дисхармонизираме својата душа и пропаѓаме во бездната на нечистото и неморално живеење.Излезот се наоѓа во умерениот однос кон телото, негувањето на душата и воздигнувањето на духот кон чесното, одговорно и позитивно дејствување.Заклучокот е дека кој верува во доброто и позитивни одлуки донесува – среќата ја наоѓа. Со пропагирање и вложување во вредноста, ќе оствариме хармонична егзистенција и ќе се отвориме за убавите мигови на животот. Едноставните нешта создаваат најголеми задоволства и колку повеќе ги практикуваме, толку помалку немирот и тагата ќе бидат дел од нашето живеење. Затоа, сите ние треба да одлучиме што повеќе да уживаме во смеењето, прегратката, танцувањето, молитвата, музиката, прошетките во природа, читањето и препуштањето на мигот, зашто животот е таков, каков што ние со своите мисли, постапки и одлуки го осмислуваме и создаваме.

Магазин | пред 6 години

6 год.
soob-nesreka

Сообраќајна несреќа кај Рача - Охрид, еден повреден

На осумнаесетти април оваа година во 11 часот и 50 минути, на регионалниот пат Охрид-св.Наум, во близина на населба Рача, случена е сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил марка „Голф“ со охридски регистарски ознаки управувано од Р.М.(27) од Демир Хисар и велосипед управуван од А.Т.(77) од Рача.Тој, со возило на Итна медицинска помош е пренесен и задржан на лекување во Општата болница во Охрид.На местото на настанот, по овластување на Јавен обвинител, увид извршија полициски екипи.

Македонија | пред 6 години

6 год.
novinarka-ubistvo

(ВИДЕО)Убиена млада новинарка во протестите во Северна Ирска

Новинарка е убиена во Лондондери - Северна Ирска. Според полицијата станува збор за терористички напад.Се смета дека виновници за убиството на 29- годишната Ласјра МекКи се републикански дисиденти кои предизвикале протести по полициските претреси, Врз полициските возила фрлале Молотови коктели , а според полицијата станува збор за терористички напад зад кој стои ,,новата ИРА” .Младата новинарка стоела во близина на полицајците кога кон неа почнал да пука вооружен маж.

Свет | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Од понеделник теренска вакцинација – невакцинирани деца нема да се образуваат

Теренската вакцинација во скопските училишта ќе почне од другата недела. Медицинските тимови ќе се распоредат по училиштата и до половината на мај веќе треба да ја завршат мисијата. Но, ќе мора да имаат согласност од родителите за дадат доза од МРП на учениците.Дури половина од децата на претшколска и школска возраст кои не биле вакцинирани пред епидемијата, се уште немаат имунитет на заразата од морбили. Здравствените власти ќе вакцинираат теренски за училиштата да смеат да ги запишат и да ги распоредат по одделенијата. Сепак, Законот останува неразјаснет. Основното образование е задолжително, но услов за упис се примени вакцини.Вакцините се безбедни тврдат одговорните. Нови количини вакцини стигнале денес и ќе се распоредат во здравствените домови.Несакани дејства пријавиле тројца досега.МРП вакцина во земјава немаат примено 22.612 деца до 14 години. Податоците од ИЈЗ покажуваат дека повеќето невакцинирани близу 19.000 се во внатрешноста, а околу 4400 се од Скопје. Според министерот за здравство иако годинава од морбили биле заштитени над 20.000 деца, сепак процентот сеуште не е доволен за стекнување колективен имунитет и сузбивање на епидемијата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG-deb493378b01a05e10c1f0f082c835fc-V

Високо признание за Охридско лето на ЕФА самитот во Лисабон

Фестивалот Охридско лето е на високото трето место во Европската Асоцијација на Фестивали којавклучува 100 фестивали од 40 земји, оценија делегатите на годинешново Генерално Собрание на Асоцијацијата што се одржа од 14-ти до 17-ти во Лисабон, Португалија. Ваквото признание за нашата најголема музичко сценска манифестација пред се се должи на квалитетот на програмата кој се нуди изминативе 59 години, врвните светски имиња кои настапиле на фестивалската сцена како и фактот што Охридско лето е еден од најстарите Фестивали меѓу сите членки на Асоцијацијата.Директорката на Охридско лето, Наташа Поповиќ која заедно со претседателката на Управниот одбор, Нина Момировска, беше дел од овој голем собир, вели дека европските делегати едногласно ја дале поддршката Охридско лето да биде меѓу најдобрите на европската културна сцена токму поради големината на богатата историја на Фестивалот.- Ова е само потврда дека сме надалеку познат и признат Фестивал, ценет од најголемата културна Асоцијација, еден од најстарите и најпочитуваните фестивали во тоа семејство. Добиваме бројни честитки и пофалби за големината на уметниците кои поминале низ годините нои за изборот на уметниците кои ќе настапат годинава. Навистина ми претставуваше гордост во својата презентација да ги спомнам големите имиња кои со свои маестрални дела оставиле печат во фестивалската историја како легендарниот руски виолинист Леонид Коган , виолончелистот Андре Навара од Франција, светскиот Хозе Карерас, Енио Мориконе и многу други кои учествувлена нашиот фестивал, смета директорката на Охридско лето. Претставниците на европските фестивали-членки на Асоцијацијата исто така биле едногласни и во одлуката Охрид да биде домаќин на Генералното собрание на бордот на директори на ЕФА, кој брои 23 делегати од цела Европа, следната година кога Фестивалот Охридско лето слави јубилеј, 60 години успешно постоење.-Со првите луѓе на ЕФА, претседателот Јан Бриерс и генералниот секретар Кетрин Девентер, веќе ги започнавме првичните преговори за ваквата одлука со која ни е дадена честа да бидеме домаќини на вака значајни преставници на ЕФА во 2020 година. Заедно со претседателката на УО на Охридско лето, Нина Момировска, изразивме уверување дека сме спремни да организираме еден вака голем настан во годината кога ќе го славиме 60-то издание на Охридско лето. Токму поддршката која ја имаме од сите институции на државата, посебно, поддршката од страна на Владата на преку Ресорното министерство за култура, Претседателот на државата кој воедно е и Покровител на Фестивалот како и поддршката од стопанството преку одделни фирми и претпријатија кои финансиски го помагаат фестивалот ни дава за право да изразиме уверување дека целосно и професионално ќе се ангажираме целиот настан да помине во беспрекорна реализација со содржини кои успешно ќе ја надградат културната репутација на сите членки насекаде во светот, вели Поповиќ.На Лисабонскиот самит директорката Поповиќ презентирајќи ја големината на Охридско лето го потенцирала и значењето во поглед на развојот на туризмот преку бројните гости кои пристигнуваат во Охрид токму поради квалитетот на фестивалската програма која се нуди од 12 јули до 20 август.-Од оваа година започнуваме со новините за збогатување на културната понуда. Направивме неколку концерти надвор од фестивалската рамка, чекор со кој веруваме дека ќе придонесиме кон развојот на туризмот преку цела година.Охридско лето ќе биде дел и од туристичката понуда на агенциите а промоцијата од оваа година ќе биде збогатена и со воведување туристички водич за уметниците, вели Поповиќ. На годинешново 67-мо генерално собрание на ЕФА учествувале 230 делегати од 80 европски фестивали.

пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Осомничено лице кое со измама на гостиварци им ветувало документи за работа во Германија

Основното јавно обвинителство Гостивар започна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело Измама од член 247 од Кривичниот законик.Осомничениот, во текот на овој месец, со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда едно оштетено лице, ветувајќи му дека за повеќе лица од Гостивар ќе му обезбеди документи од Министерството за труд и социјална политика со кои тие би можеле да добијат работни дозволи и легално да работат во градежна фирма во Германија. За услугата осомничениот од оштетениот наплатил сума од 7.700 евра, за што потпишал и изјава со обврските кои ќе ги исполни и со определен рок за реализација на договореното.По предлог на надлежниот јавен обвинител, Основниот суд во Гостивар на лицето му определи притвор во траење од осум дена.

пред 6 години

6 год.
licna-karta

Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите Одделенија за управни работи ќе работат во сабота и недела (20 и 21.04.2019 и на 04 и 05.05.2019 година).Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални Одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота(20.04.2019 година) до 16.00 часот. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, Одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до Одделенијата за управни работи. На денот на претседателските и локалните избори(недела, 21.04.2019 година) Одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти во периодот од 07.00 до 19.00 часот.Истото ќе важи и за вториот круг кој ќе се одржи на 05.05.2019 година. Барањата за лични карти ќе се примаат до 04.05.2019 до 16.00 часот, а на денот на изборите 05.05.2019 година ќе се издаваат во периодот од 07.00 до 19.00 часот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
debata

Пендаровски на ТВ 21 откри – Разговарав со висок функционер на ДУИ,му реков да престане со на говор на омраза кон Река

Вечерва на последната политичка дебата на Телевизија 21, тројцата претседателски кандидати за последен пат ја имаа можноста да се претстават пред граѓаните на Република Македонија.Кандидатот за претседател Стево Пендаровски во вечерашната дебата на ТВ 21 рече дека непотпишувањето на законите изгласани во Собрание од страна на Иванов е скандалозно. Пендаровски меѓу другото откри дека вчера разговарал со висок функционер на ДУИ и му рекол да престане со реториката на говор на омраза кон кандидатот Блерим Река.-Така ќе реагирам кон секој кој на таков начин сака да ми „помогне“. Добив одговор дека тоа нема да се повтори, рече Пендаровски.Во текот на дебатата, Стево Пендаровски во обид да и’ наметне став во облик на обвинување на Гордана Силјановска Давкова дека не се залага за Албанците, Силјановска му одговори дека звучи како рефрен од расипана плоча. Таа рече дека неговите говори од 2001 година, за кои постојат и докази во весниците, ги знае и таа, а и сите Албанци во државата.  

Македонија | пред 6 години

6 год.
probistip-4

Мицкоски од Пробиштип: За само една година 100.000 наши сограѓани ја напуштија Македонија и никогаш не се вратија

Вечерва Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски се обрати на митинг пред граѓаните од општина Пробиштип. Мицкоски кажа дека СДСМ воопшто не ги исполнија ветувањата кои ги даваа пред граѓаните и дека мислат на граѓаните од едни избори на други и даваат лажни ветувања.Не се овие само претседателски избори затоа што можеби за онаа врхушка на СДСМ се ова претседателски избори бидејќи тие за народот и за државата мислат од едни до други парламентарни избори а потоа ако им помина лагата, ако им помине измамата тогаш фино заседнуваат во меките фотелји и се разбира за пусти пари се работело,тоа е целта нема друго. Но ние сме поразлични од нив ние легнуваме со последна мисла за татковината и народот и се будиме со прва мисла за татковината и за народот. Затоа сакам да ги потсетам на сето она што го ветуваа на сето она кое што го збореа да ги потсетам сите оние снимачи кога ќе го прегледуваат денешниот настан дали кога ќе го прегледуваат ќе се засрамат од сите оние кажани лаги, кажа Мицкоски.Претседателот на ВМРО ДПМНЕ истакна дека на 21-ви април, а потоа и на 5-ти мај ВМРО-ДПМНЕ победува убедливо на претседателските избори. Сакам овде во Пробиштип да ја соопштам онаа добра вест која што изминативе 20 дена интензивно секаде во Македонија во домовите се зборува. А тоа е дека на 21-ви април, а потоа на 5-ти мај толку големо победуваме што нема да знаат што ги снашло. Победа најпрво на претседателските избори а потоа победа на предвремени парламентарни избори, истакна Мицкоски.Тој исто така објасни дека состојбите во земјоделието се катастрофални и дека сите ветувања од гарантиран откуп до повисоки цени на производите и повисоки субвенции се само лаги на СДСМ на чело со Зоран Заев.Земјоделците морат со пили да ги сечат крошните на јаболкниците затоа што немаат кому да го продадат родот бидејќи еден килограм јаболка е 1 денар. Но истовремено не потсетија на сите лаги на Зоран Заев сите лаги на Зоран Заев дека ќе има загарантиран откуп , дека ќе има честита цена за трудот на земјоделецот дека ќе има зголемени субвенции и поддршка за земјоделецот. Две години потоа овој политички измамник се срами и дури да спомене за тоа ветување, објасни Мицкоски.Мицоски кажа дека заради катастрофалната состојба во земјава предизвикана од владеењето на СДСМ и Зоран Заев голем број на луѓе се иселуваат од државата и тоа зазема се поголем интензитет и замав.Разговаравме со нашите сограѓани болката е голема , се сеќавате на овие ветувања пред Владата кога ги поставуваа чевлите дека луѓето се иселуваат. Во Виница луѓето ни соопштија дека само два дена пред ние да дојдеме повеќе од 500 луѓе ја напуштиле Македонија и заминале во друга дестинација во Европа. За само една година 100.000 наши сограѓани ја напуштија Македонија и никогаш не се вратија.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски појасни дека ситуацијата во земјата е трагична и дека Македонија се движи во многу лоша насока и повика на масовна излезениот на претседателските избори за да се стави крај на оваа голгота низ која поминуваат граѓаните.Ситуацијата е трагична , Македонија браќа и сестри добри луѓе се движи во многу лоша насока. Да не биде после дека повторно ние сме предупредиле а тоа било само во нашите умови. Ајде заедно масовно да излеземе на 21-ви април а потоа и на 5-ти мај. Онаа пролет која што ја најавивме во Охрид да ја донесеме во Македонија да ја обоиме со името на идниот претседател на републиката професорката Гордана Силјановска Давкова, кажа Мицкоски.Тој потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ има јасна визија, програма методологија и тим кој знае како да ги направи неопходните реформи во државата на чело со кандидатот за претседател професорката Гордана Силјановска Давкова.Правна држава, враќање на правото и враќање на правната држава . Па има поголем гарант од идниот претседател на републиката дека имаме јасен план, јасна визија , тим и методологија како да направиме вистински реформи за враќање на владеењето на правото и правната држава од најинспиративниот професор на правниот факултет а тоа е идниот претседател на републиката професорката Гордана Силјановска Давкова, кажа Мицкоски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Сиљановска Давкова од Карбинци: Дискриминацијата, скриената економија и непочитувањето на работничките права мора да запре

Сиљановска Давкова пред граѓаните посочи дека во индустријата за производство на облека трудот вреди 60 проценти од вкупната цена на производството. Нашите текстилни производители со цел да се тркаат со Источна Азија во континуитет наоѓаат начин како да ја намалат цената на трудот. Неколку години наназад ова е трка кон дното, во која најмногу страдаат жените и тоа поради родовата поделба на работните места на пазарот на труд.Денес се сретнав со текстилните работнички од Штип. На средбата, тие ми укажаа на дискриминацијата на работното место, на влијанието на минималната плата кое делува како урамниловка. Ми посочија за не функционирањето на т.н. спирала на покачување на платите на повисоките позиции, односно за оние кои имаат поголемо искуство, знаење или компетенции, за непријавениот труд, за неможноста од синдикално организирање итн. Дискриминацијата, скриената економија и непочитувањето на работничките права мора да запре, нагласи Сиљановска Давкова.Сиљановска Давкова истакна дека Македонија мора да размислува и делува развојно! Да го искористи капацитетот кој постои, но и да инвестираме во основна индустрија, дизајн и производство на сопствени производи.Како Претседателка ќе сторам се да стимулирам вакви развојни процеси. Исто така ќе го побарам и она кое секоја Влада го заборава - а тоа е официјално вклучување на Македонија во Пан-европската асоцијација на дијагонална кумулација на потекло на стоките, што ќе овозможи финалните производи од Македонија да кумулираат потекло и се извезуваат во ЕУ без царини. Тоа ќе обезбеди поголема додадена вредност за нашата економија, поголеми плати и економска интеграција на Македонија во Европската Унија, рече Сиљановска Давкова.

Македонија | пред 6 години

6 год.
a6

Пендаровски во Дебарца: Гласот за бројот 3 е глас за обединување, заедништво и напредок

Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, на средба со жителите на Дебарца, порача дека отворените перспективи кон ЕУ и НАТО, носат економски придобивки за развој нашата држава и сите граѓани.- Во 2018 година, само по добивањето на поканата за НАТО, во државата влегоа 625 милиони евра странски инвестиции, што е двојно повеќе од најдобрата година на таканаречениот реформатор Груевски. Тоа дополнително ќе се инетнзивира по влезот во НАТО и започнувањето на преговорите со ЕУ, истакна Пендаровски.Во 2014 година, посочи Пендаровски, бевме морални победници, но сега мораме да бидеме и реални победници. Пендаровски побара граѓаните да не дозволат другата политичка опција да ја врати државата назад, во темниот тунел на груевизмот, бидејќи тогаш и најмногу млади се иселени.Претседателскиот кандидат Пендаровски, повика на максимална излезност на претседателските избори во недела на 21 април, а потоа и на 5 мај.- Гласот за бројот 3 е глас за обединување и заедништво! Затоа заедно напред кон сигурна иднина во ЕУ и НАТО, повика Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC1722

Концертна промоција на „Крик и прашина“ од Сашко Костов во МКЦ

Осумте песни – „Прашина“, „Еј, еј“, „Ништо посилно“, „Living“, „Неонски хаос“, „Еве ти сон“, „Здив“ и „Последна“ ја создаваат и проектираат сликата за еден универзум полн различни предизвици и емотивни и сетилни, водени најчесто од идејата колку музиката може да биде одговорот на сите прашања.Сашко Костов со овој албум отвора ново поглавје во неговото истражување на музиката. Не само инструменталниот сопствен предизвик – да се отсвират скоро сите инструменти на албумот, самостојно, туку и со текстовите на македонски јазик, напишани заедно со писателката Ана Стојаноска, албумот „Крик и прашина“ е оригинална, автентична, емотивно-експресивна приказна за едно патување низ музичките соѕвездија. Славчо Пеев, Антонија Арангеловиќ свиреа на цел албум, а Михаил Парушев, Бојан Петков – Шамба, Анета Качуркова, Александар Ристовски – Принц, Огнен Анастасовски – Окац, се појавуваат како гости на по една песна.На промоцијата Костов ќе свири со нов бенд составен од: Сашко Костов – вокали, гитара, семпелер и удиралки, Дамјан Данев – тапани, Марио Симоновски – гитара, Кире Ацевски – бас, Симон Облешевски и Мартин Џорлев - клавијатури.

Магазин | пред 6 години

6 год.
Eko-centar-1

Денот на планетата земја ќе се одбележи во Битола

Еко центарот кој што работи под закрила на ЈП „Комуналец“ и со поддршка на Општина Битола, е носител на големиот настан кој што ќе се случи по повод Денот на планетата земја на 22 април. По серијата на презентации одржани во основните и средните училишта и во сите детски градинки во општината како дел од активностите на Еко центарот, ќе се случи првата заедничка оперативна координација на одбележувањето на овој ден. Директорот на ЈП „Комуналец“ Панде Богоевски, во присуство на градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и директорите на образовните институции во градот, на координативната средба ги договорија конкретните чекори за локациите и начинот на делување на терен.„Сите заедно во понеделник, во 12 часот заеднички ќе го одбележиме Денот на планетата земја и со тоа ќе направиме заеднички чекор кон подигнување на свеста и менталитетот кај нашите сограѓани, во однос на селектирањето на отпадот и истиот да не се фрла насекаде. На пет различни пунктови во градот, односно во Старата битолска чаршија, на Плоштадот Магнолија, кај хотелот Епинал, кај Офицерскиот дом и во Новиот пазар, ќе бидат лоцирани ученици од најблиските училишта кои што гравитираат околу локациите и заедно со нивните наставници, ќе делат флаери на кои е прикажан начинот на селектирање на отпадот и ќе им објаснуваат на минувачите како тоа да го прават. Исто така, свои претставници ќе имаат и невладините организации кои ќе им се приклучат на учениците на соодветните локации. Преку првичната селекција на отпадот, ние практично учествуваме во незагадување на нашата животна средина“, рече директорот на ЈП „Комуналец“ Панде Богоевски.Координативната средба донесе голем број предлози од страна на учесниците за уште поквалитетна соработка, чиј резултат е постојаната надградба во јакнење на свеста за зачувување на чиста животна средина.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања