Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
kursum

Зрно од огнено оружје им паднало на тендата од терасата

На 18.04.2019 година во 20.20 часот во СВР Скопје, А.С. од Скопје пријавила дека пронашла зрно од огнено оружје кое паднало на тендата од терасата. Екипа од СВР Скопје извршила увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
tepacka-1

Нападнати малолетни лица во Скопје

На 18.04.2019 година во 21.40 часот во Полициската станица Центар, М.А.М.(38) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 18.20 часот на плоштад „Македонија“ нејзиниот 13 - годишен син, кој бил со своите брат и сестра, бил физички нападнат од две непознати лица. Се работи на расчистување на случајот.На 18.04.2019 година во 20.30 часот во СВР Скопје, А.Д.(34) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 13.30 часот на улица „Димитрија Чуповски“ нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку други малолетници. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
crkva

Паднал од покрив додека извршувал градежни работи на црква- се здобил со тешки телесни повреди

На 18.04.2019 година во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека околу 10.30 часот Д.Т.(65) од с.Каласлари, велешко, паднал од покрив додека извршувал градежни работи на црквата ,,Покровение на Богородица“ во с.Каратманово, општина Лозово, при што се здобил со тешки телесни повреди. Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во болницата во Велес, а потоа во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.

Македонија | пред 6 години

6 год.
mvr1

Со лажна диплома се вработил како референт на возен парк во болницата

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.А.(38) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. Во септември 2017 година пријавениот, како возач во Клиничката болница – Битола, приложил лажна диплома за завршено средно образование од средно училиште од Скопје, по што бил поставен на работно место референт на возен парк во болницата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
lisici

Во Гостиварско „БМВ“ пронајдена марихуана - две лица приведени

На 18.04.2019 година околу 20.15 часот на автопатот Тетово-Гостивар, на наплaтната станица Тетово, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово запреле патничко возило „БМВ“ со гостиварски регистарски таблици, управувано од Б.Б.(22) од гостиварското село Чегране, а во кое се наоѓал и И.С.(24) од истото село. При преглед на возилото била пронајдена и одземена марихуана. Б.Б. и И.С. биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово, а по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

6 год.
marihuana2

Кај Кумановец пронајдена марихуана

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.М.(42) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 24.12.2018 година во 12.00 часот во Куманово, при преземање на службени дејствија во врска со претходно пријавена поплака, полициски службеници во домот на пријавениот пронашле и одзеле марихуана.

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG_2100-19-04-19-14-12

Донев: Ветија многу проекти за Охрид! Не видовме ниту еден!

Ветија живот! Донесоа сиромаштија и беда!Ветија правда и ослободени институции! Донесоа неправда и заробени силно партизирани институции!Ветија многу проекти за Охрид! Не видовме ниту еден!Не ветија промена на Уставот! Но името ни го променаа!Вака во неколку реченици може да се опише хаотичното, анархистично и безидејно владеење на СДСМ во изминатиов период, истакна Сашо Донев, претседател на ОК Охрид..И кога мислевме дека со воспоставувањето на процедурите за работа и воведувањето на новиот концепт на работа сме ги поставиле темелите на функционирање на градот без оглед кој е градоначалник, на власт во Охрид дојде СДСМ.Ни малку не почекаа тука веднаш по преземањето на градската власт, ги укинаа процедурите и протоколите за работа кои во својата суштина носеа и гарантираа развој на Охрид. Почнаа да ги избегнуваат јавните претпријатија и работата да ја даваат на приватни фирми, воведоа чуден и скап начин на наплата на паркинг, не асфалтираа ниту една дупка по улиците, водеа нетранспарентни и сомнителни преговори со доверители за исплата на долгот на општината, ја распуштија општинската администрација, секојдневно ги полнат општината и јавните претпријатија со партиски послушни војници, ја избегнуваат електронската архива со цел да манипулираат со документите во општината, во однос на промоцијата на Охрид како туристичка дестинација се вратија на старото и повторно избраа саеми во соседството каде партиските послушници кои таму одат нема потреба да знаат англиски јазик, како најголеми екологисти не засадија ниту едно дрво, ги излажаа младите, пензионерите со еден збор ги излажаа сите граѓани на Охрид. Не ветија но ја покачија цената на водата и воведоа фиксен трошок за секое домаќинство!Овозможија урбанистичко дивеење во секој дел од градот. Секојдневно никнуваат дивоградби. Немоќни се пред урбанистичките налети на еден нивен коалиционен партнер.Мислат дека граѓаните на Охрид доживеале амнезија. Сите проекти на ВМРО- ДПМНЕ се обидоа да ги претстават како свои иако ништо не сработија.А Константин Георгиески никако да научи дека кампања се води од првиот ден. Се води со работа, со проекти. Не може да се асфалтираат улици ноќе на само неколку дена пред избори. Повеќе од еден месец се реконстриура еден кружен тек. На никому не му е јасна потребата од неговата реконструкција. На само една недела пред изборите општинската администарција и јавните претпријатија се преполни со партиски луѓе на СДСМ кои без никаков статус се шетаат од канцеларија во канцеларија! Охридската противпожарна единица и понатаму останува главен адут за вработување, како мамка за луѓето! А сите знаат дека половина Велгошти на минатите избори го излажаа за вработување во пожарна!Но доаѓа денот за одлука! 21 ви Април е денот кога користејќи ја моќта на гласачкото ливче – најсилниот демократски инструмент ќе им го покажеме местото на овие луѓе!ВМРО-ДПМНЕ и на овие избори излегува со програма за убав Охрид! Во неа детално се предвидени реални и потребни проекти за градот кои со домаќинска работа ќе се реализираат!На охриѓани им го нудиме како опција Д-р Митре Милошевски. Човек кој сите добро го познаваат, почитуваат човек кој има концепт и визија за Охрид.Ние од ВМРО-ДПМНЕ гарантираме дека од Д-р Митре Милошевски нема да бараме да биде слеп партиски послушник. Ќе бараме од него да биде Градоначалник на сите граѓани! Онака како што работел до сега да продолжи и понатаму! Неговиот кабинет да биде отворен за сите граѓани и нивните проблеми! Силно ќе го поддржуваме во неговите напори да соработува со сите политички партии застапени во Советот на општина Охрид! Само така ќе биде Градоначалник со кој ВМРО-ДПМНЕ ќе се гордее! Д-р Митре Милошевски е гаранција за развојот на нашиот Охрид! Д-р Митре Милошевски ќе биде градоначалник на сите без оглед на партиска, верска и националната припадност. Кај него шанса да се докажат ќе добијат сите! Главен услов за тоа ќе биде личниот и професионален капацитет на личноста и неговата едукација! Друг услов ќе нема!Во недела гласаме и за професорката Гордана Силјановска-Давкова. Со неа добиваме мајка на нацијата, претседател на сите кој ќе се бори за Правда за Македонија! Охрид со силната поддршка на професорката Давкова ќе му даде црвен картон на Зоран Заев!За деновите во кампања што да се каже? Кампања која ја водат: министерот за внатрешни работи, директорите на УЈП и Царина е далеку од фер и демократска. Но нашиот таргет беа и секогаш се граѓаните. Ги посетивме дома и одблиску ги видовме нивните проблеми и маки. Ние имаме решение и знаеме како!Искористувајќи го нашето демократско право на глас, заокружувајќи ги броевите 2 и 5 практично гласаме за Убав Охрид и Правда за Македонија! Овие два слогана значат крај на владеењето на СДСМ и Зоран Заев и опустошувањето и обезличувањето на нашиот Охрид и Република Македонија!Охрид повикува, Татковината повикува, истакна Сашо Донев, претседател на ОК Охрид.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Исчистете го оџакот на својот дом, искористете ги субвенциите на Град Скопје

Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека е во тек субвенционирањето за чистење на оџаците на нивните објекти и дека може да надоместат дел од трошоците направени за негово чистење. На јавниот повик на Градот Скопје што важи од 01.01.2019 година и е во тек, досега се пријавиле 119 граѓани.Со јавниот повик за субвенционирање на граѓаните и на други субјекти на подрачјето на Скопје за чистење оџаци за 2019 година Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците за чистење на оџаците, во износ од 1.000 денари. На повикот можат да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште, е на подрачјето на Град Скопје. Поточно, право на учество на овој повик имаат жителите на Скопје и правните лица кои имаат деловни објекти во општините Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај, кои ќе го исчистат оџакот на своето живеалиште или деловен објект и ќе поднесат барање за искористување на правото за надоместок.Јавниот повик трае заклучно со 30.11.2019 година и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“, односно до исцрпување на средствата предвидени за оваа намена во Буџетот на Град Скопје за 2019 година.Барањето за искористување на правото за надоместок на дел од трошоците за чистење оџаци, заедно со потребната документација, треба да се достави во затворен коверт до Град Скопје, булевар Илинден број 82, во архивата на Град Скопје, секој работен ден од 08:30 до 15 часот.Целта на овој проект на Град Скопје е да се придонесе за намалување на загаденоста на амбиентниот воздух, особено со ПМ10 и ПМ2,5 честичките. Една од поголемите причини за емисија на овие честички е затоплувањето на објектите кои не се приклучени на централното греење, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво; несоодветниот квалитет и начин на чување на дрвото; употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки; како и нередовното чистење и одржување на оџаците. Мерката има цел да постигне краткорочни и некои подолгорочни ефекти, како што се постигнување на подобро согорување, намалување на штетните отпадни гасови, саѓите и трошоците за затоплување, заштита од пожари, како и подигнување на јавната свест за потребата од редовно чистење на оџаците.Град Скопје оваа мерка ја реализираше и во 2018 година, кога беа доделени 269 субвенции.

Скопје | пред 6 години

6 год.
ali-ahmeti

Ахмети: Нека се обидат да ја видат ДУИ во опозиција, тогаш ќе ја почувствуваат вистинската сила на ДУИ

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, во интервју за ТВ21, ја коментираше изјавата на пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири, кој рече „што подалеку од ДУИ, тоа подобро“.–Нека се обидат да ја видат ДУИ во опозиција, тогаш ќе ја почувствуваат вистинската сила на ДУИ. Јас побарав сите да се обединат и да ја победат ДУИ и да видат каква е ДУИ како опозиција. Но, дали ќе можат да преживеат ако ДУИ е опозиција, рече Ахмети.Ахмети меѓу другото се пофали дека како што кажа За 15 месеци ја ставиле на колена ВМРО.Тој додаде и дека доколку нема цензус од 40 отсто во вториот круг на претстојните претседателски избори, можно е претседателот на државата да се избира во Собрание.

Македонија | пред 6 години

6 год.
nance

Трендафилов: Охрид ја доживува судбината на Кичево и Струга од 2004 година

Прес-конференција на кандидатот за градоначалник на Охрид, од листата на Граѓанско Демократска Унија , Михаил Трендафилов- Нанче.За крај темата која беше и еден од мотивите да се кандидирам за градоначалник а која низ сите дебати на некој начин се одбегнуваше. Но пред да разговараме на било која тема за Охрид, мора со прст да покажеме на злото кое е посеано во Охрид. Тоа зло се вика раздор, раздорот што го посеаа СДСМ и ДПМНЕ, со што главниот збор го имаат двата гласа од ДУИ во советот, па така сме сведоци на катастрофата на Охрид во сите сфери, истакна кандидатот за градоначалник на Охрид, од листата на Граѓанско Демократска Унија , Михаил Трендафилов- Нанче.Охрид ја доживува судбината на Кичево и Струга од 2004 година. Охрид не смее да падне. Охрид е симболот на Македонија, во Охрид не смее да се обележуваат територии со градење на 32 метарско минаре, со една единствена цел демонстрација на моќ.Јас имам решение за проблемот, изградба на меморијален центар на културите. Јас и партијата што ме поддржува немаме ништо против џамијата и минарето. Сакам да се изгради камбанарија до минарето. Пред XVI век на местото на џамијата имало црква, пред неа имало и ранохристијанска базилика. Историјата на Охрид не започнува од XVI век. Ако станам градоначалник и овој мој проект стане реалност, Охрид ќе стане единственото место во светот каде еден до друг греат симболите на две големи цивилизации. Во еден двор, зарем има подобар начин да покажеме пред светот дека ние охриѓани имаме заеднички живот за пример. Јас сакам Охрид да грее, да биде град за пример. Јас тоа го мислам, верувам во него и затоа ве повикувам мои охриѓани, не дозволувајте да ве лажат повторно! Го имате најсилното оружје- вистината, а во ваши раце се и најдемократските „куршуми“- пенкалото и гласачкото ливче .Бидете свои. Заокружете го бројот 4, истакна кандидатот за градоначалник на Охрид, од листата на Граѓанско Демократска Унија , Михаил Трендафилов- Нанче.https://www.facebook.com/MihailTrendafilovNanche/videos/353968908658947/?__xts__[0]=68.ARCYvT_oBWZ2mlxEQ-MQlJg0UEXmsauqSWdoHoxABtP-4mNJixvovrGia6lzcpiN3VPfzG_IEIhsLEW9FYNYR8ijV9xhSSj14jPM8R6IXo-jloMJ2YZsI0GRq5qYUgO5bLSvChZPcPzHHJMJhqrmGC3bIjLjyM5_7Z-RkQOl9nUW4WyeWWIN3I2FnEisHrlAui7AOlusDVILb3M2qqDWFw-CHm2bZ_4mkTpJAXCQR2cUyK9heNOQAXV0hRUit8H7WppJB6uy5NZrLt51qrqdgTph9vkphtIn7gMD9LwAZneRJ1S2LkdAV26ROqp0KBby29jUBXi0UoXgRPoUjuseuJVtOKKleeb_0fk&__tn__=-R 

Македонија | пред 6 години

6 год.
57348112_10218949673514940_6652449916784214016_n

(ФОТО) НОВО УНИШТУВАЊЕ: На Козјак наместо видиковец ќе никнат градби - посетителите револтирани

Туристичко-рекреативниот центар „Козјак“ ќе се гради во непосредна близина на главниот град на државата и ќе опфаќа површина од 45,3 хектари. Се наоѓа западно од селото Нова Брезница, на околу 5 километри. И за него дознавме откако се појави информација дека приватен инвеститор гради ресторан со придружни содржини, во заштитеното подрачје „Јасен“.На социјалните мрежи врие. Оние кои често го посетуваат ова место, за да најдат излез од градската гужва, велат дека ова е уништување за Козјак.„Па маме еб*вте бе! Ова место требаше само да се одржава, зошто е најубавиот escape од Скопје. Мораше ли ресторан?! Ајде тури му крст и на Јасен-Козјак!“, пишува Дадо Тапасанов.Жител на Нова Брезница пишува дека нивното село во 21 век нема вода. За градбата на комплексот тврдат дека тоа не е во нивна корист, туку напротив, во нивна штета.„Другар ова место пред 20 години не беше достапно толку кога се правеше браната ...сега идат луѓе нелуѓе депонија ни го направија местото...ова место се вика Рудина ..така ние си го викаме цел живот тука како деца мали сме иделе ..затоа што подоле ни е селото Нова Брезница ..само апаши другар и нелуѓе има во државава ...нашето село нема вода а 21 век брои преку 200 нови викендици старите не ги бројам ...парите за водата све ги испокрадоа на кого да се пожалиш кога сите се оваа игра криминална алчна за пари...Изгледа ќе треба да почнеме ние самите да им пресудуваме на тие апаши профитери ...ВИКААТ ЌЕ БИЛО ВО НАША КОРИСТ МА НЕМОЈ БЕ ...ЌЕ БИЛО КАКО НЕ ...ТОА МЕСТО АКО НЕ Е ПРОДАДЕНО ПО 1 ЕВРО ЗА КВАДРАТ ЈА ЕВЕ....И ДОДЕКА НАРОДОТ НЕ ГИ ФРЛИ ОД НЕКОЈ МОСТ СИТЕ ПОЛИТИЧАРИ СЕ ВАКА ЌЕ БИДЕ И ЏАБЕ СИ ПИШУВАМЕ И РЕД ДРУГИ РАБОТИ“, пишува жителот на Нова Брезница.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Grabez-pistol

Велешкото обвинителство поднесе обвинение за недозволено држење оружје и разбојништво

Основното јавно обвинителство во Велес до Основен суд Велес поднесе Обвинителен акт против едно лице, жител на Гевгелија на возраст од 40 години, за кривичните дела Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи од член 396 став1 и Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.По сеопфатна истражна постапка надлежниот јавен обвинител утврди дека обвинетиот во временскиот период од 09.01.2019 година до 22.02.2019 година кај себе неовластено држел огнено оружје – ловечка пушка марка Чешка збројевка со калибар 16 мм. и 8 ловечки куршуми со истиот калибар. Потоа на ден 09.01.2019 година околу 02.40 часот од електронското казино во Гевгелија, заканувајќи се со пушката одзел пари во вкупен износ од 150.000,00 денари со намера противправно да ги присвои. Имено, обвинетиот маскиран во пределот на лицето, преку задниот спореден влез влегол во казиното и се упатил кон просторот каде се наоѓа касата. Потоа ја вперил пушката кон касиерот кој бил на работно место давајќи му знак со пушката да се оддалечи од касата. Касиерот исплашен по својот живот од ваквата закана, ја послушал наредбата дадена од обвинетиот и го напуштил просторот кај касата. Тогаш обвинетиот ги одзел парите кои се наоѓале внатре во вкупен износ од 150,000,00 денари во различни апиени и го напуштил казиното.Имајќи предвид дека се работи за обвинет кој пред извесно време во Република Грција имал извршено кривично дело Разбојнипштво за кое бил правосилно осуден на ефективна казна затвор и избегал од државата за да го избегне издржувањето на изречената казна, како и дека повеќе пати е осудуван за кривични дела против имотот и против животот и телото на луѓето, Основното јавно обвинителство Гевгелија ценеше дека постои опасност, обвинетиот да се даде во бегство или да продолжи со вршење на вакви кривични дела, па поради тоа до Основен суд Велес со поднесениот Обвинителен акт достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот.

пред 6 години

6 год.
FullSizeRender-19-04-19-11-52

Милошевски најави изградба на 40 станови за млади брачни парови, Стипендии за талентирани студенти, средношколци и основци и социјални категории

Младите се нашата најголема вредност, нашата иднина. До мене гледам сила која е суштината по која сме различни од другите. Млади луѓе полни со енергија и ентузијазам. Во мене младите ќе имаат искрен пријател и поддржувач на се’ она што сакаат да го прават, истакна Митре Милошевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.Сите заедно имаме знаење, сила и храброст за нови идеи, а имаме и моќ да ја насочуваме иднината во позитивна насока.Грижата за младите луѓе претставува грижа за иднината и затоа со програмата За убав град за младите има низа проекти:Изградба на 40 станови за млади брачни парови Стипендии за талентирани студенти, средношколци и основци, стипендирање на социјални категории на студенти, средношколци, основци.Целта на проектот е мотивација на најдобрите учиници, основци, средношколци и студенти да продложат во научното инвестирање. Со ваквиот тип на субвенционирање се вложува во домашниот буџет и се поттикнуваат децата на научен натпревар помеѓу себе.Ангажирање на најдобрите студенти од најдефицитарните занимања како квалитетни кадри на општината Бесплатни карти за превоз на учениците 24 часа за сите ученици од основно и средно образование.Формирање на претприемачки инкубатор за нови бизниси за млади лица.Со овој проект се предвидува формирање на претприемачки инкубатор за почетници, со што би се овозможило изнајмување на простории со повластени цени, располагање со деловна инфраструктура, интелектуални и деловни услуги, како и советодавна поддршка за успешен развој на своите идеи и бизнис. Воедно би се добивале и техничка поддршка во насока на развој, сметководствени и маркетиншки услуги и програми за едукација и советодавна помош со цел изнаоѓање на финансиски средства преку национални и меѓународни проекти.Поддршка за отварање на бизниси за млади Договор помеѓу општината, бизнис заедницата и средните стручни училишта.Субвенции за вработени во туризмот Со оглед на тоа што дека има недостиг на вработени во угостителско-туристичкиот сектор субвенции за вработените.Младите ќе бидат клучната сила во нашата заедничка цел за убав Охрид и за подобра Македонија.Затоа на 21 април, бројот 5 е единствениот избор за младите.5 за град кој се темели врз цврста младина.5 за многу нови проекти за младите.5 за убав град! Охрид повикува, истакна Митре Милошевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ!https://www.facebook.com/mitremilosevskimd/videos/864124487256685?sfns=mo

Македонија | пред 6 години

6 год.
bombi-cico

Фокус: МВР отвори истрага за објавувањето на новите „бомби“

Објавувањето на новите прислушувани разговори ќе биде предмет на истрага која што ќе ја водат Министерството за внатрешни работи во координација со Јавниот обвинител, велат од МВР за „Фокус“.„Согласно надлежностите започната е истрага во врска со објавените телефонски разговори. За текот на истрагата јавноста дополнително ќе биде информирана“, велат од МВР.Текстот во целост на: fokus.mk

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Георгиески: Изминативе 18 дена ги слушнавте нашите идеи, планови и нивните лажни вести, клевети и навреди

Дојдовме до последниот ден од изборната кампања пред стапување на предизборниот молк. Во претходните 18 дена охридската и пошироката јавност ја запознававме со нашите идеи, планови и конкретни мерки за Охрид да биде место со кое сите ние ќе се гордееме. Во овој период водевме исклучително позитивна кампања. Го промовиравме сработеното, а посебен акцент ставивме на нашата програма за идниот период. Програма, составена од реално остварливи проекти базирани на проблемите и потребите на охриѓани.Од другата страна, за жал, имаме политички противник кој не успеа да се надмине себеси па својата безидејност и немоќ се обидува да ја компензира со ниска, примитивна кампања, истака кандидатот за градоначалник Д-р Константин Георгиески.Нивната реторика, составена од лажни вести, клевети и навреди, започна уште пред почетокот на кампањата а континуирано го засилуваше интензитетот во текот на овие 18 дена. Јас лично, како кандидат за градоначалник и како вршител на должноста градоначалник на Охрид сум изложен на серија дрски, безобзирни напади базирани на лаги и инсинуации. Атакува политичкиот противник на мојот личен интегритет и кредибилитет, потценувајќиго Охрид и охриѓани.Но дури и тоа е разбирливо. Авторите на црната кампања се во белата палата во Скопје а нивните читачи на соопштенија и говори од охридскиот комитет, очигледно, и не знаат подобро. Затоа, горд сум на наративот и високото ниво на политичка култура кое го покажавме за време на кампањата. Воведуваме нови стандарди. Времето на манипулаторите и сеачите на магла е завршено.Има разлика!Има голема разлика, а охриѓани најдобро го знаат тоа.Почитувани,Охрид има огромен потенцијал, но на Охрид му се потребни вистински луѓе. Потребни се посветени професионалци кои тимски, заедно, ќе го направат Охрид посакувано место за живеење и светска туристичка дестинација! Ние ги знаеме приоритетите за развој на Охрид и одиме заедно напред! Охрид заслужува да оди напред, а охриѓани заслужуваат повеќе! Бидејќи крајот го краси делото, ве поканувам на Голем Граѓански митинг, вечерва на Градскиот плоштад, со почеток од 20 часот и 30 минути.Ајде заедно, уште еднаш да покажеме дека сме многубројни, сплотени и цврсто определени да одиме напред! Изборот е едноставен. Избираме подобра иднина за нас, за нашите деца и за нашиот град! Заедно Напред, За Охрид, истакна кандидатот за градоначалник Д-р Константин Георгиески. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
24294364_2044625322424270_5676878171613768651_n-800x445

ЕМОТИВНA ПОРAКA: Престана да чука едно бесценето храбро срце – Тоше Илиевски

“Престана да чука едно бесценето храбро срце”Пораз за него, пораз за неговите, пораз за нас, немам сила да плачам на глас, те чуваме вечно во нас ти ангелу наш. Прости ми што не успеав во целта да ти одложам уште некое убаво време за дружба, но сигурен сум дека горе бесмртно ќе се дружиме брате.Ти Благодарам што беше со мене уште пред 7 години кога беше најпотребно, ти благодарам за оние убави години како позрели тинејџери дење ноќе ти кај мене јас кај тебе во дружба родендени шмекање низ градов и кога се викавме БРАЌА сродни души со исти мисли. Тоше брате, не требаше да биде вака, но пак ќе речам, БОГ ГИ ЗЕМА НАЈДОБРИТЕ ПОРЕД НЕГО.Рече дека пак ќе ни дојдеш да отсвириме заедно свадба, можеби тоа беше и последната свирка од тебе и тоа баш со нас Респекти во Њу Стар кои многу Те Сакавме и почитувавме за стореното за нас оддамна…Но не го исполни ветувањето и лут сум ти малку… Но горе, таму ќе се видиме брат мој!!!Сочувство до неговото семејство, нека почива во мир нашиот најубав и прекрасен другар колега и роднинаТ О Ш Е И Л И Е В С К И.Каков Лепотан од дечко не ми се верува, Божееее.П.С Честитки до државата и здравството, сега сте посреќни без еден борец пациент кој си го сакаше животот бидејќи му беше мед и млеко, а сега радувајте се дека го нема” Фејсбук статус на Даниел Сидовски.

Коментари | пред 6 години

6 год.
51982135_761934034192496_3837100924430450688_n-696x462-1

Нема поука од Ласкарци: Шофери без дозвола превезуваат деца

Ученици од средни и основни училишта низ Гостиварско се возеле во комбиња кои ги управувале шофери без возачка дозвола, имало возачи без лекарско уверение, а дел од возилата биле нерегистрирани.По трагедијата што се случи кај селото Ласкарци на 13 февруари, единствено што се промени се извештаите што ги објавува полицијата за акциските контроли што ги направила. Овие извештаи, кои речиси секојдневно стигнуваат во медиумите, воопшто не ја менуваат сликата за функционирањето на јавниот превоз, туку на површина го извадија несериозниот пристап на превозниците кон своите патници.Со последната акциска контрола во Гостивар биле опфатени 35 возила, комбиња кои превезувале ученици. Откриени се девет возила со претовар на патници, осум возачи возеле без лекарско уверение, тројца возачи немале положено возачки испит, две возила биле нерегистрирани и еден возач возел со неприспособена брзина. Во Кичево при контрола на 60 возила, 24 возила кои вршеле јавен превоз на патници биле испратени на дополнителен технички преглед во станиците, а таму било констатирано дека на едно возило имало неисправен уред за сопирање, една од главните причини која однесе во смрт 16 луѓе од автобусот на „Дурмо турс“ кој излета кај Ласкарци.Во Штип минатиот месец биле контролирани 23 автобуси од кои кај осум била утврдена техничка неисправност, односно шест биле со неисправен уред за сопирање, а два автобуса имале неисправни други уреди. Во акциска контрола спроведена во Скопје, на технички преглед се испратени 49 автобуси и возила што вршат јавен превоз. Кај нив се констатирани 16 неправилности од кои кај осум возила бил неисправен уредот за кочење, кај два уредот за управување, а три имале неисправни светлосно-сигнални уреди.Повеќе прочитајте на Независен.мк

Македонија | пред 6 години

6 год.
Capture-5

Од полноќ молк и размислување за кого да се гласа

На полноќ завршува дваесетдневната кампања и почнува молкот пред неделните претседателски избори и предвремените локални во општините Охрид, Дебар и Ново Село и почнува изборниот молк.Двајца од тројцата кандидати за претседател ја завршуваат изборната кампања со средби со граѓани и митинзи, додека кандидатот поддржан од Алијанса за Албанците и „Беса“, Блерим Река вчера со митинг во Тетово ја заокружи изборната кампања.Кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски кампањата ја завршува денеска во западниот дел од државата, односно ќе одржи митинзи во Струга и Охрид, а во текот на денот ќе има средби со граѓани во Дебарца, Вевчани и Лабуништа, додека кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова ќе биде во источниот дел од државата, поточно ќе има вечерен митинг во Штип, а претходно ќе одржи митинг и во Пробиштип.Утре, ден пред изборите, своето право на глас можат да го остварат 1.640 лица во казнено-поправните домови и лица кои се во притвор, седум внатрешно раселени лица, како и 3.583 немоќните и болни кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.Внатрешно раселените лица гласаат во прифатлиштата каде што се сместени, болните и немоќните лица во нивните домови, а избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување куќен притвор гласаат во местото каде ја издржуваат мерката.Гласањето и утре и задутре на денот на изборите почнува во седум и ќе трае до 19 часот.Претседателските избори ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и Градот Скопје и на 32 во странство. Право на глас имаат 1.808.131 граѓани.

Македонија | пред 6 години

6 год.
skopje-8

Петок е неработен ден

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 26 април Велики Петок, петок пред Велигден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православната вероисповед им го честита празникот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
SSM-696x419

ССМ со синдикален марш

Под мотото „Не може да се одлучува за нас, без нас“, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ќе одржи синдикален марш  на 1 Мај –  Денот на трудот, на кој ги повикува сите членови на синдикатот, работници и граѓани.Синдикалниот марш ќе почне во 11 часот пред зградата на ССМ на 1 мај.Мотото на маршот, како што соопшти денеска ССМ, ги обединува и претставува сите работници и граѓани.– Нашиот глас – гласот на работниците, поттикнува, бара и мотивира, но истовремено, обврзува, задолжува и предупредува, порачуваат од ССМ.Се залагаат, како што наведуваат, за брза и ефикасна реализација на работничките приоритети, меѓу кои договори за вработување на неопределено време, стоп за договорите на определено време подолго од  година, сабота и недела, денови на неделен одмор, 12 месеци породилно отсуство, Минимална плата од најмалку 13.800 денари, пораст на платите…

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања