Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
57308707_1238002443029865_8382117587156205568_n-560x390

Кумановец со автомобил удри во двајца полицајци

Полицаец загина, а друг со тешки повреди е пренесен на клиника по хорор сцена која синоќа се случила во Куманово, дознава КУРИР.45 минути после полноќ, на регионален пат Куманово-Свети Николе во близина на крстосница со нас.Ајдучка Чешма патничко моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(40), удрило во 37-годишен полицаец  В.Ц. и А.М.  кој е 25-годишен кандидат за полициски службеник, кои биле на службена должност. В.Ц. починал на местото на настанот, а А.М. со тешки телесни повреди е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, дознава КУРИР.С.Ј. со возилото „Мерцедес“ избегал од местото на настанот, по што на регионалниот пат Куманово-Св.Николе во близина на хотел „Сателит“ удрил во патничко моторно возило „Шкода“ со кумановски регистерски ознаки, управувано од Н.П.(34).Возачот на возилото „Шкода“ и сопатникот Д.Ј. (42) се здобиле со тешки телесни повреди, а А.Ј. (52) со телесени повреди, при што Д.Ј. е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека останатите повредени се пренесени во болницата во Куманово.С.Ј. е пренесен во болницата во Куманово, а против истиот во текот на денот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Фото: Кумановски муабети

Македонија | пред 6 години

6 год.
izbori

Во прв круг за победа потребни 904.066 гласови

Денеска се одржува првиот круг од претседателските избори. На изборите право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да изберат меѓу тројца кандидати Блерим Река, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски. Во првиот круг победник може да биде кандидат кој освоил мнозинство гласови од вкупниот број избирачи, односно 904.066 гласови.Според член 81 од Уставот, доколку во првиот круг никој не го добие потребното мнозинство, во вториот круг одат двајцата кандидати кои освоиле најмногу гласови во првиот круг.Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласањето, во случајов на 5 мај. За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излегле повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 723.253 гласачи, што е предвидено со член 121, став 3 од Изборниот законик.Доколку и во вториот круг ниту еден од двајцата кандидати не добил потребен број гласови, се повторува целата изборна постапка

Македонија | пред 6 години

6 год.
cvetnici

Денеска е Цветници - се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим

Денеска православните христијани го слават цветници ,празникот цветници познат уште и како цветоносна недела и врбица, секогаш е една недела пред велигден и се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим.При влегувањето на Исус Христос во Ерусалим неговите ученици и следбеници со цвеќе и врбови гранки, како и со својата облека му го постилале патот.Кога Христос влегуваше во Ерусалим, луѓето го пречекуваа со извици, постилајќи ги облеките пред неговите нозе и засипувајќи го патот со маслинови гранчиња пречекувајќи го како цар на мирот небесен. Во таа смисла и празникот е наречен Цветници.

Македонија | пред 6 години

6 год.
izbori

Се избира петтиот претседател на Република Македонија

Во Република Северна Македонија денеска се одржува првиот круг од шестите претседателски избори. Во претседателската трка се Стево Пендаровски кандидат на СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска-Давкова кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијат, и Блерим Река, кој е поддржан од Алијансата на Албанците и Движењето Беса.Претседателските избори ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и Град Скопје и на 32 во странство. Право на глас имаат 1.808.131 граѓанин.Гласачките места ќе бидат отворени од седум до 19 часот. Претседателските избори, ќе ги следат 3.150 домашни и 419 странски набљудувачи, акредитирани од ДИК.Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 5 мај 

Македонија | пред 6 години

6 год.
turcija-696x464-1

За пријавување повреди на избирачко право е отворена телефонска линија кај омбудсманот

Граѓаните денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Претседателските избори 2019, и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид, Дебар и Ново Село ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на беслатната телефонска линија: 0800-54321 која ќе функција од 7:00 до 19:00 часор во канцеларијата на Народниoт правобранител.Како што соопштуваат од канцеларијата на Народниот правобранител, отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и во Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права. Покрај лично во канцелариите, како и на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово 044 344-082, Струмица 034 329- 996, Кичево 045 228-586, Битола 047 242-310, Штип 032 389-701 и Куманово 031 431-488.Народниот правобранител, се посочува, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.„И во оваа пригода, Народниот правобранител потенцира, дека, избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела“, стои во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

МВР: Лични карти ќе се издаваат и денес

Одделенија за управни работи ќе работат и денес, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи. Сите барања за издавање лична карта по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални одделенија за управни работи при МВР и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.„Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно до 20 април. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до одделенијата за управни работи. На денот на претседателските и локалните избори, недела, 21 април, одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти. Истото ќе важи и за вториот изборен круг”, соопштија од МВР.

Македонија | пред 6 години

6 год.
iveqgpr0mxohbhtipzy0

(ФОТО) Фејсбук на вашите профили ќе ве потсети дека е ден за гласање

На Фејсбук веднаш откако ќе влезете во вашиот профил се појавува известување кое ве потсетува дека денеска е ден за гласање во РСМ.Исто така се наведува, доколку сакате да споделите дека сте гласале, со што и самите би ги поттикнале вашите пријатели на оваа граѓанска обврска.Фејсбук на корисниците од земјава им дава опција да добиваат информации како се одвива гласањето, со кликнување на објавата таа ве носи директно на страницата на Државната изборна комисија.фе 

Македонија | пред 6 години

6 год.
avtopat-tetovo-skopje

Сообраќајот се одвива по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.Од Гранит известуваат дека поради рехабилитација на делница Јурумлери-Драчево и делницата Драчево-Орешани-Таор, од 15.04.2019 година се воспотавува времен режим на сообраќај на регионалните патишта Р1106 и Р2131. Времената измена на режимот на сообраќај на наведенате делници предвидува, работа под сообраќај како и повремено запирање на сообраќајот за време на изведување на асфалтерски работи.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Регионалниот пат Р-2332 патен правец Ресен – Охрид(Отешево - Трпејца, преку национален парк Галичица) од 15.11.2018 е затворен за сообраќај. Од охридската страна возилата со вкупна тежина до 3,5 тони можат да соообраќаат само до месноста “Kорита”.Се очекува да биде отворен на 01.05.2019 год.ЦУКС известува и дека во наредните 4 (четири) месеци ДГТ ЖИКОЛ дооел Струмица и ЈП „Водовод и Канализација“-Скопје, ќе отпочнат со изведба на градежни активности за реконстукција на водоводна мрежа по ул. Елисие Поповски од ул. Мајка Тереза до ул. Киро Гаврилски, каде што до завршување на проектот, ќе биде воведен и времен сообраќаен режим, па оттука сообраќајот ќе биде пренасочен по околните улици.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Сончево со умерена облачност

Преку ден ќе преовладува стабилно и потопло време со мала до умерена облачност, која ќе биде поизразен на југот на земјата и во попладневните часови. Ќе дува слаб променлив ветер кој во текот на денот од северен ќе премине во јужен.Минималните температури ќе се движат од -2 до 6, а максималните од 16 до 22 степени.Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен претпладне северен ветер. Температурата ќе се движи од 3 до 21 степен.Нови локални врнежи од дожд ќе има од понеделник кон крајот на денот од југозапад, а преку ноќта врнежите брзо ќе се преместуваат кон север и исток. Поголеми количества воден талог ќе има во западните делови од земјата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Честитка од Талат Џафери за католички Велигден

Во честиткта од Џафери се вели:Ми претставува особена чест и задоволство да од мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, на сите верници од Католичка вероисповед кои живеат во и надвор од границите на Република Северна Македонија да Ви го честитам големиот христијански празник, Воскресение Христово - Велигден.Во оваа прилика, би сакал да Ви упатам искрени желби за добро здравје, радост и спокој во кругот на вашите најблиски. На овој голем празник, Ви посакувам да го славите животот со сета своја вистинска убавина и исполнети со најголемиот дар на овој ден Велигден, а тоа е надежта. Затоа, во духот на празникот, Ви пожелувам надежта и љубовта да царуваат во вашите срца, вашите домови и секаде околу вас.Оваа празнична прилика ќе ја искористам и за да се заблагодарам на католичката заедница во Република Северна Македонија за големиот придонес кој секојдневно го дава на сите полиња на општественото живеење. Дозволете ми уште еднаш да Ви посакам убави и весели празнични денови поминати во мир и благосостојба.

Македонија | пред 6 години

6 год.
izbori

ЦИВИЛ повикува да се пријавуваат изборните нерегуларности

ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повикува сите граѓанки и граѓани да пријавуваат изборни нерегуларности од секаков вид. Притисоци, закани, уцени, корупција, поткуп, злоупотреба на јавните ресурси или службената положба, кршење на изборниот молк, незаконито работење на изборната администрација, агитација и пропаганда, говор на омраза, лажни вести, проблеми со Избирачкиот список, односно сѐ што граѓанките и граѓаните сметаат дека не е во согласност со нивното сфаќање за слободни, фер и демократски избори, можат да го пријават во ЦИВИЛ.Пријавите може да поднесуваат деноноќно, на веб страницата Слободни избори, по електронска пошта (civil@civil.org.mk), во порака на Фејсбук или на телефоните 02 / 5209 176, 070 734 044.Не постојат информации што се неважни. Затоа, независно во кој формат да пристигнуваат: фотографија, видео, постови на социјални мрежи и друг вид комуникации, лично сведоштво или случка... Едноставно, сите информации се добредојдени.Сите што сакаат да помогнат во изборниот мониторинг можат да се вклучат како долгорочни и краткорочни набљудувачи на ЦИВИЛ. Уште поважно: независно од тоа дали се поврзани со ЦИВИЛ како соработници, членови и поддржувачи, учесници на семинарите за граѓанско новинарство или пак веќе учествувале во изборните процеси како наши набљудувачи, сите свесни и совесни граѓанки и граѓани, здруженија, организации, па дури и институции, можат да придонесат кон одбрана на правото на глас и да ја алармираат јавноста и релевантните институции за нерегуларностите и на тој начин да помогнат изборниот процес да биде слободен, фер и демократски. Целото општество е повикано да се вклучи во заложбите за искоренување на говорот на омраза и лажните вести, пред последиците од нив да бидат несогледливи

пред 6 години

6 год.
mvr1

МВР регистрира нарушување на изборниот молк на повеќе места во земјава

На 20.04.2019 година во 03 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во бараките во кругот на општина Кисела Вода било скршено стакло од влезна врата на еден од објектите, кој го користи политичка партија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 19.04.2019 година во 21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на објектот на месната зедница „11-ти Октомври“ на ул.„Андреја Димишков“ бил испишан графит во врска со претстојните избори. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 20.04.2019 година околу 08.10 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на ѕидот од основното училиште „Гоце Делчев“ во село Избиште бил испишан графит во врска со претстојните избори. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 20.04.2019 година околу 09.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на бандера во близина на основното училиште „Јонче Крежоски“ во село Мислешево бил испишан графит во врска со претстојните избори. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 20.04.2019 година околу 09.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на оградата од основното училиште „Дедо Лазар Циркоски“ во село Враниште била закачена слика на еден од кандидатите на претстојните избори. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

пред 6 години

6 год.
policija-3

Седумгодишна ученичка паднала во круг на училиште и се здобила со тешки телесни повреди

На 19.04.2019 година околу 12.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во село Топлица, гостиварско, седумгодишна ученичка паднала во кругот на училиштето и се здобила со тешки телесни повреди. Според пријавеното, за време на одмор, обидувајќи се да се напие вода од чешмата во кругот на училиштето, девојчето се лизнало и паднало. По укажаната лекарска помош во болницата во Гостивар, била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
magija

Бугарка измамила скопјанка, ветувајќи дека ќе и ја истера “црната магија“ и извлекла 700 евра и две златни лири

Полициски службеници ја лишиле од слобода С.Н.Б.(56) од Република Бугарија, со живеалиште во Скопје, поради постоење основано сомнение дека, доведувајќи ја во заблуда, на жена од Скопје и земала 700 евра и две златни лири. С.Н.Б. случајно ја сретнала оштетената во центарот на Скопје и, според пријавеното, во разговор и кажала дека забележала дека има проблеми, дека и е направена црна магија и дека таа може да и помогне да ја истера магијата.Тие имале средби во центарот на Скопје, при што во три наврати С.Н.Б. одзела вкупно 700 евра и две златни лири од оштетената. При лишувањето од слобода, кај С.Н.Б. биле пронајдени златните пари и девизите и и биле вратени на оштетената.За случајот бил известен Јавен обвинител, а по целосно документирање против С.Н.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

6 год.
guguceska-1

Денеска гласаа болните, затворениците и дијаспората, излезноста во странство 38,51%

Излезноста на првиот круг од претседателските избори во странство, каде што се гласа ден претходно, изнесува 38,51 отсто, додека во затворите излезноста е 55 отсто, соопштија од Државната изборна комисија.Најголема излезност до 18:30 часот е забележана во дипломатско-конзуларните претставништва во Берлин (64,47 отсто), Букурешт (64,29 отсто), Загреб, (61,11 отсто) Сараево (61,70) и Хаг (60 проценти). Најмала излезност пак до 18:30 часот имало во дипломатско-конзуларните претставништва  во Венеција (26,55 отсто), Копенхаген (30,77 отсто), Абу Даби (30 отсто).Тринаесетте гласачки места во КПУ, каде своето право денеска можеа да го остварат 1.640 гласачи се затворени. Гласањето течело без проблеми, а илезноста до 18:30 часот изнесува околу 55 отсто.Прв пат гласале и гласачи во два старачки дома. Од 71, гласач, своето право го оствариле 70.Во своите домови гласачкото право го остваруваат 3.539 граѓанин, кои се пријавиле како болни или немоќни и 12 кои се во куќен притвор. Досега гласале 3.064 болни или немоќни и седум лица во куќен притвор.

пред 6 години

6 год.
petar-bogojeski

ТРАНСКРИПТ: Петар Богојески признава дека бил во Унгарска амбасада со Рангелова

ТРАНСКРИПТ ОД РАЗГОВОР:Скопје 1: Петар, во која амбасада беше денес ти?Богојески: Зошто ме прашуваш?Скопје1: Имам информации дека си бил во Унгарска амбасада и тоа со една политичарка.Богојески: Значи секаде ме следат?Скопје1: Знам и со која политичарка беше?Богојески: Да, бев со онаа со иницијали Д. Рангелова.Скопје1: Е па гледаш, од нас неможеш да се скриеш...Богојески: Од каде ова ли го разбра, кој ти кажа?Скопје1:Тоа не е важно, извор не отктривме. Важно нашите информации се точни секогаш...Богојески: Чекај, чекај, има ли фотографии од ова?Скопје1: Нема, ама ако сакаш ќе обезбедиме.Ова е транскрипт од телефонскиот разговор помеѓу Скопје1 и реформаторот Петар Богојески. Во понтамошниот текст од разговорот Богојески вели дека не знае дали да се согласи д се објави информацијата или не и бара да размисли. Од наша страна му одговоривме дека за тоа ќе одлучи уредништвото на Скопје1.Во продолжение линкови од објавената вест и  објавените деманти:Петар Богојески и Даниела Рангелова во Унгарска амбасадаРангелова демантира дека била во Унгарска амбасада, ама не кажува дали го превезувала Богојески до тамуБогојески молчеше па демантира дека бил во Унгарската амбасада, “Скопје 1” бара извинување за навредите 

Македонија | пред 6 години

6 год.
petar-bogojeski

Богојески молчеше па демантира дека бил во Унгарската амбасада, “Скопје 1” бара извинување за навредите

Реформаторот Петар Богојески од ВМРО-ДПМНЕ одби да потврди или негира дали вчера бил во Угнарската амбасада во Скопје, за денес да демантира.Иако тимот на “Скопје1.мк”, нема обврска да го објави неговиот демант, од причина што беше исконтактиран пред објавување на веста, истиот ви го пренесуваме со цел точно и објективно информирање.„Во целост ги демантирам лажните информации објавени од skopje1.mk и информирам дека никогаш не сум имал средба во Унгарска Амбасада, со пратеничката Даниела Рангелова!Ја повикувам Embassy of Hungary in Skopje/Magyarország Szkopjei Nagykövetsége да ја демантира оваа вест.Ова е класичен пример за лиферување на лажни вести со задна нечесна намера, со цел дезинформирање на јавноста.Потврдувам дека имам комуникација со претставници на Унгарија, а во секој наврат не пропуштам да прашам, кога ќе го екстрадираат лицето Никола Груевски, со цел да ја докаже неговата невиност пред македонскиот Суд!Очекувам споменатиот портал да го објави овој демант!#ПравдазаНикола#ЗаправоиправдавоМакедонија#Татковинатаповикува“, пишува Богојески, во демантот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
kokain

Полициски акции во Словенија и Хрватска - запленета голема количин дрога

Деветмина Словенци поврзани со меѓународна трговија со дрога синоќа се уапсени во голема полициска акција во Љубљана. Запленети се 230 килограми кокаин, два килограми хероин, 43 килограми смола од канабис, четири приватни возила со посебно прилагоден простор за криумчарење дрога и голема количина пари.Како што наведуваат локалните медиуми, дрогата била наменета за меѓународниот пазар, а криминалната група дејствувала на просторите на Балканот и дел од земјите на ЕУ.Голема полициска акција и во хравтскиот град Карловац. Полицијата запленила 170,6 килограми марихуана и уапсила еден хрватски и еден српски државјанин, кои дрогата ја пренесувале со камион. Освен марихуаната, во камионот биле пронајдени и два пиштола со муниција.44-годишниот возач и 47-годишниот совозач биле уапсени на излезот од автопатот Ријека-Карловац.

Свет | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Изложба дел од проектор „Поместени граници“ под наслов - „Молк за…“

„Поместени граници“ е проект што се реализира под покровителство на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, а годинава ќе имаме можност да го видиме неговото трето издание под наслов „Молк за…“.Проектот „Поместени граници“ се стреми во надминување на традиционалниот модерен приказ во ликовната уметност со тоа што, додавајќи му концепт на делото (концепт што зборува преку една можеби препознатлива идеја) прави обид, а тоа е всушност и една од основните цели, да ги претстави и доближи кон пошироката публика новите аспекти на уметничкото истражување на различни начини. Овој проект има концептуален карактер, што значи дека се занимава со промислување, преиспитување, анализирање, критикување, лично видување/чувствување на стварноста, на нашето живеење.На изложбата што ќе можете да ја видите во галерискиот простор на Младински културен центар – Скопје на 22.4.2019, понеделник во 20 часот, учествуваат авторите:Моника Мотеска, Зорица Зафировска, Нехат Бекири, Андреј Митевски, Софиа Григориаду, ОПА, Антонио Пирковски и Лени вон Гелева, Никола Узуновски и Ремијон Проња.

Магазин | пред 6 години

6 год.
svr-ohrid

Во Враниште и Мислешево слика на еден од претседателските кандидати, како и испишани графит - полицијата истражува

Во Полициската станица во Струга денеска е пријавено дека во близина на основното училиште „Дедо Лазар Циркоски“ во село Враниште е закачена слика на еден од претседателските кандидати, како и дека е испишан графит во врска со претстојните избори.Според портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, и на бандера во близина на основното училиште „Јонче Крежоски“ во село Мислешево бил испишан графит во врска со претстојните избори.-Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаја, истакна Димоски.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања