Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
saso-tasevski

Тасевски: Ви кажуваат 'браво' од партија ако ставите селфи од гласачко место, мивки?

„Што? Ви кажуваат браво во партија ако ставите селфи од гласачкото место и кажете за кого сте гласале? Очекувате нешто за возврат? Мивки. Најпроста форма на живот. Еден едноклеточен организам има повеќе достоинство и мозок од вас. Треба да ви кажат во партија со тоа го кршите изборниот молк. Правите кривично дело. Агитирате. Оние осудените во затвор за 27 април исто агитираат за оние поради кои ги осудија. Се фалат за кого гласале. Држава на глуперди. Ние ни Д не сме научиле од демократија“, пишува актерот Сашо Тасевски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
bajrami

Нема пријави за нерегуларности на избирачкиот процес до обвинителствата

До Јавното обвинителство засега не е пристигната ниту една пријава за нерегуларности на гласачкиот процес.–До овој момент изборниот процес се одвива мирно, без посериозни нарушувања. Ниту во Комисијата, ниту во основните обвинителства каде што има организирани дежурства, нема пријавен настан. Очекуваме дека така ќе продолжи до завршување на изборниот ден, изјави Бајрами.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Izbori

До 13 часот во Охрид гласале 3.966 граѓани, односно 7,60%

До 13 часот, во Охрид гласале 13.708, односно 26,27% од избирачите, во Ново Село 21,27% од избирачите, а во Дебар 17,57%.Заедно со претседателските избори денеска се одржуваат и предвремени локални избори за градоначалници на Охрид, Ново Село и Дебар.Според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за предвремените локални извори во Охрид право на глас имаат 52.303 граѓани, во Дебар 18.625 и во Ново Село 11.365 граѓани.

Македонија | пред 6 години

6 год.
glasanje

МОСТ: Откако гласал забележале дека го нема во Избирачкиот список

Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, гласањето се одвива во најдобар ред, без посериозни неправилности.Само на две гласачки места забележани се изолирани неправилности:На ГМ 2805/1 во општина Центар, Скопје, на почетокот од гласањето биле откинати 3 ливчиња заедно со серискиот број од кочанот.На ГМ 1385/1 во Прилеп, откако едно гласач гласал било увидено дека не бил запишан во Избирачкиот список, но тој гласал заедно со неговата сопруга која била запишана во Избирачкиот список и која се потпишала во истиот.Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите до 11 часот е 11,2%, до 12 часот е 15,9%, додека до 13 часот е 20,8%.

Македонија | пред 6 години

6 год.
133474234-105843-207971

Сообраќајка на патот Скопје-Велес, сообраќајот во прекин

Од 13:15 часот на автопат Скопје-Велес,поради случена сообраќајна незгода на 2 км. после наплатна станица Петровец сообраќајот е во прекин, а се пренасочува по стариот пат.

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-2-1

Регистрирани два случаи со фотографирање на гласачко ливче

До 12 часот Министерството за внатрешни работи нема регистрирано нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето. Гласањето се одвива мирно, сооопшти на денешната прес конференција Билјана Милевска од Одделот за односи со јавност на Министерството за внатрешни работи.-До овој момент регистрирани се два случаи со фотографирање на гласачко ливче. Во 09.05 часот, на гласачко место во градинката „Лале- Срничка“ во општина Аеродром- Скопје, претседателот на избирачкиот одбор го забележал Р.Ѓ.(36) од Скопје како со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче. Р.Ѓ. е приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Исто така, во 11,40 часот, на гласачко место број 1515 во село Обршани, општина Кривогаштани, К. П. од село Обршани, со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче и од страна на полициски службеници се преземаат мерки за расчистување и на овој случај- рече Милевска.Утрово во 06,11 часот во СВР Скопје било пријавено и дека на гласачкото место во основното училиште „Дрита“ во село Рашче била оштетена влезната врата, но избирачката комисија констатирала дека нема проблеми со избирачкиот материјал и гласањето започнало во предвиденото време без проблеми.-Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните на мирен и достоинствен начин да го искористат своето гласачко право. Секој обид за нарушување на изборниот процес ќе биде бескомпромисно санкциониран- рече Милевска.

Македонија | пред 6 години

6 год.
izbori2_g111ynj56uj65u56uj56-88972

До 13 часот излегле вкупно 284.942 граѓани, односно 20,45%

Вкупно 284.942 граѓани, односно 20,45%  до 13 часот го оствариле своето граѓанско право за избор на нов претседател, соопшти ДИК.Гласањето тече без проблеми и ќе трае до 19 часот кога се затвораат гласачките места.Во претседателската трка се Стево Пендаровски кандидат на СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска-Давкова кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијатa, и Блерим Река, кој е поддржан од Алијансата на Албанците и Движењето Беса.Претседателските избори се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини. Право на глас имаат 1.808.131 граѓанин.Според член 81 од Уставот, победата на еден од кандидатите во првиот круг може да им ја донесе мнозинство на гласови од вкупниот број избирачи, односно 904.066 гласови за кандидатот. Доколку не се случи изборот да биде завршен во првиот круг, во вториот круг одат двајцата кандидати што освоиле најмногу гласови во првиот круг.Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 5 мај.

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-620x2641

Краткотраен прекин на гласањето во Кривогаштани

Алсат дознава дека на гласачкото место 1515, во с. Обрсани, општина Кривогаштани, имало прекин на гласањето од 11:25 до 11:35 часот поради сликање на гласачкото ливче од страна на лицето К.П од с. Обрсани.На самото место интервенирала полицијата и инспектор од Прилеп.

Македонија | пред 6 години

6 год.
turcija-696x464-1

Екипа на Алсат спречена да влезе на гласачки места во Велес

Екипата на телевизија „Алсат“ во Велес беше спречена да дојде до гласачките места распоредени во зградата на Судот.„Иако снимателот и репортерот на Алсат имаат акредитации издадени за следење на изборите, службеното лице им забранило да влезат и им побарало посебни легитимации издадени од ДИК“, информираат од телевизијата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
57308707_1238002443029865_8382117587156205568_n-560x390

ОЈО: Возачот од Куманово кој удри во полицајци бил пијан

Надлежен јавен обвинител заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи изврши увид на местото каде синоќа се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице, а неколкумина се повредени.Патничко моторно возило управувано од осомничениот, жител на Куманово кој бил видно под дејство на алкохол, удрило во двајца полициски службеници. Од тежината на повредите на лице место еден од полициските службеници починал. Возачот потоа продолжувајќи со управувањето со возилото удрил во друго патничко моторно возило во кое биле три лица и на сите им нанел телесни повреди. Возилото продолжило со движење, но од брзината и ударите се превртело, при што и возачот се здобил со телесни повреди. Сите повредени лица се згрижени во медицинска установа и им се укажува помош.Надлежен јавен обвинител донесе Наредба за вршење обдукција на телото на починатиот. Донесена е и Наредба за прибирање траги од лице место, фотографирање и скицирање како и натамошно вештачење со кое ќе бидат утврдени фактите во предметот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

МВР со детали за трагедијата во Куманово

Четириесет и пет минути по полноќ на регионален пат Куманово- Свети Николе во близина на крстосница со населбата Ајдучка Чешма, патничко моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот С.Ј. удpило во В.Ц.(37-годишен полициски службеник) и А.М. (25 годишен кандидат за полициски службеник), кои биле на службена должност.В.Ц. починал на местото на настанот, а А.М. со тешки телесни повреди е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.С.Ј. со возилото „Мерцедес“ избегал од местото на настанот, по што на регионалниот пат Куманово-Свети Николе удрил во патничко моторно возило „Шкода“ со кумановски регистерски ознаки, управувано од 34-годишниот Н.П.Возачот на возилото „Шкода“ и сопатникот Д.Ј. (42) се здобиле со тешки телесни повреди, а А.Ј. (52) со теле сни повреди, при што Д.Ј. е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека останатите повредени се пренесени во болницата во Куманово.

Македонија | пред 6 години

6 год.
glasanje

(ВИДЕО) Во Кожле се гласа во дворот на соседот

Селото Кожле е уникатен пример на денешното гласање каде има избирачко место сместено во двор на локален жител, пренесе Канал5.На местото гласаат 20 граѓани кај својот сосед.Има Комисија која се грижи за редот на гласањето на 2391.

Македонија | пред 6 години

6 год.
bozinovski-1

Божиновски на ФБ: Зошто нема да гласам?

Божидар Божиновски е популарна јавна личност на Фејсбук, кој секојдневно коментира за различни политички и општествени прашања.Божиновски денеска преку ФБ образложи Зошто нема да гласа.Во продолжение фејсбук статусот на Божиновски.Зошто нема да гласам:- Затоа што во земјава има 500.000 сиромашни што живеат со еден оброк на ден и никој не направи ништо за нив. Не само што не направи туку тие се директни жртви на континуираното менување на СДСМ и ВМРО на власт и нивните грабежи- Затоа што ми ја разредчија фамилијата, пријателите, познаниците кои поради нив заминаа странство- Затоа што децата се лечат со пораки и донации додека Мира заема по 10.000 евра патни трошоци- Затоа што сум од град во кој секој се дијагностицира по еден заболен од рак, а во 30 години никој ништо не направи за тој град- Затоа што истиот тој град е град на духови поради поврзаноста на локални бандити кои секоја власт сака да ги има со нив- Затоа што истите луѓе кои не ограбија во 90-тите бараат повторно да ги гласаме за да не пљачкаат уште- Затоа што правда во земјава е само збор во речникот- Затоа што живееме во една од најкорумпираните земји во Европа- Затоа што на цел народ им е одземено достоинствот- Затоа што три најзагаден градови во Европа се наоѓаат во Македонија, земјата која три децении ја водат исти луѓе- Затоа што им дозволија на разни банки и извршител и да прават приватен грабеж на она што остана- Затоа што законите важат само за најсиромашните- Затоа што не ми е гајле дали ќе добиеме уште еден фокус кој ќе аминува се на партијата која го предложила- Затоа што истите олигарси уште се на власт, уште побогати, народот посиромашен- Затоа што нема лекови и инсулин поске 10-ти во месецот- Затоа што ако немаш пари да се лелиш слободно можеш да умреш- Затоа што патиштата ни се едни од најнесигурните- Затоа што образованието ни е едно од најлошите, со најслаби резултати во Европа- Поради најниски плати во Европа, скоро па модерни робови по странските инвестиции- Затоа што на сите истите кои ги гласаме во циклус ни ја зедоа иднинатаОд Македонија сум добил само горе-долу бесплатно основно и средно образование, за среќа со кадри кои се образувани во Југославија па имаа некој интегритет и знаење. Жал ми е што морам да плаќам даноци овде за да може да продилжи ова. Не би сакал да учествувам во политичкиот живот на оваа земја која само им зема на граѓаните, а не им давав ништо. Исто така не сакам да гласам на избори каде:- Први ќе гласаат штабските глувци за да им се додворат на нивните партии за вработување- Газдите ги тераат своите вработени да гласаат онака како што мислат дека најмногу им одговара за нивниот бизнис- Избори кои уште на почеток се нелегитимни затоа што рекоа дека ако нема цензус ќе изгласале во собрание претседател иако не постои таква можност- Избори на кои се купуваат гласови- Избори на кои се гласа по инерција за партијата за која си без да го гледаш кандидатот- Избори на кои ќе учествуваат луѓе кои два пати го избрале Ѓорѓе за претседателИ ова не значи дека сите се исти. Сите се катастрофални за Македонија на различни начини.https://www.facebook.com/mojokilington/posts/10219659035335737

Македонија | пред 6 години

6 год.
Izbori

До 10 часот во Охрид гласале 3.966 граѓани, односно 7,60%

До 10 часот, во Охрид гласале 3.966, односно 7,60% од избирачите, а во Ново Село 8,10% од избирачитеЗаедно со претседателските избори денеска се одржуваат и предвремени локални избори за градоначалници на Охрид, Ново Село и Дебар.Според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за предвремените локални извори во Охрид право на глас имаат 52.303 граѓани, во Дебар 18.625 и во Ново Село 11.365 граѓани.

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-5

Приведено лице на гласањето во Аеродром

На гласањето за претседателските избори во скопската населба Аеродром е приведено лице кои според пријавата го фотографирал гласачкото ливче, пренесува Сител.Инцидентот се случил на гласачкото место во градинката „Срничка”, појасниле од Министерството за внатрешни работи.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

МОСТ: Член на гласачки одбор ги откинал првите три ливчиња заедно со серискиот број

МОСТ ги демантира информациите кои се појавија во медиумите дека на првата прес-конференција одржана во 9:00 часот било известено за прекин на гласање поради неработење на УВ ламба и за графит со политичка содржина. На првата прес-конференција МОСТ извести само за гласачкото место 2344 во општина Студеничани. Напоменуваме дека официјалните соопштенија на МОСТ се испраќаат од меил адресата press@most.org.mkСпоред потврдените информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места забележано е следното:ГМ 2344 во општина Студеничани не се отвори до 10 часот и поради тоа на ова ГМ денес нема да се спроведува гласање.На ГМ 0531, с. Здуње, општина Гостивар, член на избирачкиот одбор ги откинал првите три гласачи ливчиња заедно со серискиот број и истите биле искористени за гласање. Известена била општинската изборна комисија, направен бил записник и гласањето продолжило.Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите до 9 часот е 3,7%, додека до 10 часот е 6,6%.

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-22

Со мотоцикл удрил дедо, па го оставил на улица и избегал

На 20.04.2019 година во 19.40 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од сообраќајна незгода бил донесен Ј.М.(82) од Скопје. Во разговор со полициските службеници тој изјавил дека истиот ден околу 18.00 часот на улица „Маџари“ бил удрен од мотоцикл со непознати регистарски таблици, кој го напуштил местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
baza_iminja

XAKEPCKИ HAПAД: Укpaдeн единствениот избирачки список, се продава на руски xakepcки сајт

Дата база со преку еден милион имиња, адреси и останати податоци за гласачите се продава на интернет, а истата се рекламира на руски сајт за xakepски „услуги“ дознава Инфомакс.„Јас пакистански xakep, продавам голема база од сајтот ‘izbirackispisok.gov.mk’ со преку 1 милион запишани. Во него има имиња, презимиња, дати на раѓање, фотографии, уверенија, адреса, град. Цена во приватни пораки. Фотографија од базата како дokaз“ – пишува во огласот објавен на руски xakepcки форум.Претходно од Државната изборна комисија објавија дека се соочуваат со технички пoтeшkoтии во нивниот систем, а претседателот на ДИК Оливер Дерковски објасни дека можен е xakepcки напад.Текстот во целост на: infomax.mk

Македонија | пред 6 години

6 год.
ljupka-DIK-1

Во едно избирачко место се доцнеше, а во друго денеска нема да се гласа

Утрово од 7 часот се отворија гласачките места низ државата за шестите претседателски избори. Гласањето низ државава се одвива мирно. Според портпаролот на Државната изборна комисија во општина Боговиње гласањето задоцнило еден чaс, и истото ќе се продолжи за еден час. Додека во општина Студеничани поради проблеми гласањето се уште не е започнато и истото денеска нема да се одржи.Според избирачкиот список на Државната изборна комисија, за предвремените локални избори во Охрид право на глас имаат 52.303 граѓани, во Дебар 18.625 и во Ново Село 11.365 граѓани.Во општините Охрид и Дебар изборите за градоначалник се распишани поради ненадејната смрт на градоначалниците Јован Стојаноски и Ружди Љата, а во Ново Село ќе се избира нов градоначалник, бидејќи поранешниот Боро Стојчев поднесе оставка откако беше осуден на затворска казна поради обид за шверц на цигари.

пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Страшна сообраќајка во Неготино, едно лице итно пренесено на Ургентен

На 21.04.2019 година во 00.50 часот на булеварот „Маршал Тито“ во Неготино се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фиат Фиорино“ со неготински регистарски ознаки, управувано од В.З.(19) од Неготино и мотоцикл „Мондиал“, управуван од Г.С.(20) од с.Војшанци,неготинско.Во незгодата Г.С. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во ЈЗУ-Кавадарци, а потоа во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Извршен бил увид на местото на настанот.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања