Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
gruevski-mala

Груевски за Филипче: Го испуштивме детето, ова на шефот негов, заразно да не е?

Го испуштивме детето…ова на шефот негов, заразно да не е? По две години власт на СДСМ, министерот за здравство најде оправдување за епидемијата на морбили, напиша на Фејсбук, азилантот Никола Груевски за министерот за здравство Венко Филипче.– Во исто време кога и во неколку земји на Европа, но и во САД, во неколку држави и градови како во Вашингтон и Њујорк на пример, се прогласи епидемија на морбили министерот кога некој спомнал негова оставка како да доби мали сипаници со многу висока трмпература, изјави: „Епидемијата е резултат на падот на колективниот имунитет, поради катастрофалните политики на претходната Влада во изминатите години и негрижата за здравјето на граѓаните“, напиша Груевски.

Коментари | пред 6 години

6 год.
Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Дескоска: На митинг бев со приватно возило, поздрав до фотографката

Секој вистински новинар прво ќе знае дека министрите немаат на располагање службени мерцедеси, туку пасати, напиша на Фејсбук министерката за правда Рената Дескоска по обвинувањата дека на централниот митинг била со службено возило.– Со обична проверка на регистрацијата лесно ќе утврди дека мерцедесот со кој „ме фатиле жива” е во приватна сопственост, а не е службено возило. Продуцирањето на лажни вести од некој што сака да се нарече медиум, само говори за неговата кредибилност.  Така што, вистината е следна: бев на митинг денес, но не со службено возило, туку ме зедоа сопартици со нивно приватно возило.П.С. Поздрав до фотографката.

Македонија | пред 6 години

6 год.
micko-mitingg-696x492

ЗНМ бара извинување од ВМРО-ДПМНЕ за етикетирањето на медиуми

Здружението на новинарите на Македонија реагира на говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Крушево и смета дека е непримерно и недолично за еден лидер на политичка партија да етикетира медиуми.-Мицкоски за време на митингот во Крушево, кажа дека СДСМ ги вклучило своите скапо платени главни уредници и медиуми да лиферуваат анкети. Настапот на Мицкоски коинцидираше со објавата на анкетата на ТВ Телма. Ваквите јавни настапи на политичарите се неприфатливи и претставуваат директна закана кон работата и уредничката независност на медиумите и служат да го дискредитираат начинот на кој тие работат, соопшти ЗНМ.Здружението го повикува раководството на партијата ВМРО-ДПМНЕ да се извини на телевизијата и во иднина да се погрижи да не се етикетираат ниту медиумите, ниту новинарите, бидејќи, како што посочува во реакцијата, тоа може само да ја влоши состојбата на слободата на изразувањето во државата, а таквиот наратив може да поттикне напади врз новинарите, снимателите и фоторепортерите кои работат на терен.-Потсетуваме дека доколку политичарите или било кој друг има забелешки за начинот на кој известуваат медиумите, можат да поднесат претставки до медиумските саморегулативни тела и тоа до Советот на честа при ЗНМ и до Советот за етика во медиумите во Македонија. Исто така, ги потсетуваме и медиумите кои известуваат за предизборната кампања дека треба да се придружуваат кон Етичкиот кодекс на новинарите и да објавуваат проверени и точни информации, стои во реакцијата од ЗНМ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
20190308083602

Пендаровски за „едно евро за Вицето“: Според пресудата недостасуваат важни делови од снимката

Кандидатот за претседател од СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски во денешната претседателска дебата доби прашање од Христијан Мицкоски како го коментира случајот „едно евро за Вицето, едно за цркавата“.-Јас сум легалист и сакам да видам што во судската пресуда е кажано. Таму се вели дека снимката која ја направил агентот провокатор е непотполна и недостасуваат важни делови, поради што и пресудата е ослободителна. Тоа само потврдува дека во тој период имаше страшни злоупотреби на власта, со тоа што и ПИМ мерки со агент провокатор потоа беа јавно објавувани, одговори Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Capture-5

Река до Пендаровски: Ниту еден голем криминалец не е во затвор!

Во денешната емисија „Детектор“ кандидатот за претседател на Република Македонија, Блерим Река му се обрати на Стево Пендаровски потсетувајќи го дека во овие 2 години од власт немаат ниту еден голем криминалец затворено.-Како можеме ние да ги убедиме странските инвеститори ако имаме условни судски одлуки и корупција, со одлуки кои наместо судска одлука за затвор ги пуштаме во домашен притвор и така натаму. Значи во оваа држава може полицаецот за 20 евра да се казни ако зема корупција или мито, но не може тие што земаат милиони со тендери и со јавни набавки не можат да одат во затвор. Која е ве молам некој во затвор за мега корупциски скандал, упати прашање Река до Пендаровски.На ова прашање Пендаровски беше затечен и не знаеше што да одговори.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Capture-4

Река смета дека власта спрема полнење на кутии

Граѓаните имаат недоверба во политичкиот систем и не им веруваат на изборите, имаме неимплементирани препораки на ОБСЕ-ОДИХР, немаме ажуриран избирачки список, изјави Река.-Зошто актуелните власти, владата и министерството за правда, не ги спроведуваат клучните препораки од 2016 од ОБСЕ -ОДИХР. Не е ажуриран изборачкиот список стои дека има милион и осумствотини илјади гласач, а знаеме дека до 2017 година иселени се 250 илјади граѓани. И ние на денот на гласање ќе имаме милион и петстотини и пеесет илјади гласачи. Ова е простор за манипулација со тие 250илјади гласачи. Тоа е терен за полнење кутии, за таканаречениот бугарски воз. Ќе се манипулира со тоие фантоми или 250 илјади гласачи кои не се тука во Македонија, рече Река.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Capture-3

Стево Пендаровски нервозен во дебатата, целосно ја изгуби контролата

На третата телевизиска дебата на претседателските кандидати Гордана Силјановска Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река, кандидатот на СДСМ видно нервозен континуирано и упаѓаше во збор на Силјановска.Ситуацијата кулминираше во моментот кога Пендаровски говореше тоа дека сега кампањата била фер и демократската и дека се одвивала во слободна и мирна атмосфера.Силјаносвска со укажување дека не може да се зборува за мирна кампања во позитивен дух, кога таа и семејството беа цел на низа на напади.-Далеку од тоа дека духот е слободен во овој период и во кампањата за изборите. Тоа е желба на граѓаните, сега има предупредувања од ЕУ дека ако овие избори не бидат мининално фер и демократски, ние немаме шанса за ЕУ, рече Силјановска, укажувајќи „ако тврдите дека атмосферата е подобрена по референдумскиот скандал тоа надвор од секоја логика“.-И самата бев мета на нефер и недемократска кампања и за мене и за моето семејство. Сето тоа е напишано во извештајот на ОБСЕ – ОДИХР, напишано е дека има омаловажувања за мене по основ на пол, возраст, рече Силјановска која едвај успеа да каже и да го потврди тоа со факти,односно со извештајот на ОБСЕ – ОДИХР.

Македонија | пред 6 години

6 год.
mira-milosevic

Почина Мира Марковиќ - сопругата на Слободан Милошевиќ

Мира Марковиќ, сопругата на поранешниот претседател на СР Југославија и на Србија, Слободан Милошевиќ и поранешна претседателка на југословенската левица, почина попладнево во Москва, Русија во 77 година од живото, пишуваат српските медиуми.Марковиќ, починала во Русија, каде што живееше во последните 16 години. Според информациите кои ги објавија медиумите, имала четири операции во болница во Сочи.Апелацискиот суд во Белград неодамна ја укина пресудата со која Марковиќ е осудена на една година затвор поради злоупотреба на службената положба при доделување на државни станови. Судот наложи судењето да се повтори.

Свет | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Заев: Конечно, по 10 години ќе добиеме претседател на државата

 - Денеска слободно можеме да кажаеме дека успешно заедно одиме напред. Ги победивме омразата, конфликите и неправдата. Европа и светот аплаудираат, вам ви аплаудираат.  Граѓаните имаат потреба од претседател на својата држава и конечно, по 10 години ќе добиеме претседател на државата, човек кој ќе влече напред, Стево Пендаровски. Не знам што вели задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Будимпешта, ама знам дека Македонија ќе добие претседател, европски претседател. Одиме напред со Стево Пендаровски, истакна меѓу другото премиерот Зоран Заев на денешниот централен митинг на СДСМ во Скопје, во поддршка на заедничкиот претседателски кандидат, Стево Пендаровски.Бележиме голем напредок во еконимијата, истакна претседателот на СДСМ на денешниот митинг и вети плата од над 500 евра до 2020 година.Кандидатот за претседател од СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски на денешниот централен митинг  рече  дека овие избори се и избори за концептот на иднината.-Имаме неповторлива можност како генерација да оставиме трајно наследство. Обезбедена и сигурна држава, рамноправен член на сите сојузи. Оние кои мислат дека сигурноста можеме да ја обезбедиме без НАТО и ЕУ, се лажат себеси. Немаме повеќе генерации за губење и нема да и дозволиме на политичката опозиција да не вратат назад. Ова не се само обични избори за претседател, на овие избори избираме опција да продолжиме напред кон иднината, рече Пендаровски.Стево Пендаровски е вистински консензуален кандидат за претседател, затоа што ја има поддршката од сите етнички заедници, поддршката од 30 партии и е предвесник на нашата европска иднина, порача денеска на големиот граѓански митинг, Бујар Османи од политичката партија ДУИ.Османи порача дека денешната поддршка, денешното заедништво ја покажува европската срж на нашето општество, ја покажува вистинската слика на Европа на Балканот и е доказ дека се движиме на вистинскиот пат.„Пендаровски е симбол на нашата внатрешна инетргација и кохезија помеѓу различните етнички  заедници. Тоа е нашата предност и како граѓани и како заедница и како држава. Тоа е нашата предност на 21 април наспроти другите кандидати.  Токму затоа Стево Пендарвоски ќе биде идниот претседател на Република Северна Македонија, ќе биде гласот на разумот и  претседател кој ќе ги обeдини сите заедници и во добри и во лоши времиња“, истакна Османи.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pretepal-do-smrt

Тепачка во близина на угостителски објект

На 14.04.2019 год околу 00,30 час. на ул.Бутелска во близина на угостителски објект нарушен  е јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка меѓу Љ.М(44) од с. Стајковци од една страна и  А.К(40) од Скопје. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 6 години

6 год.
policija-123

Приведен скопјенец кој нападнал полициски службеник

На 13.04.2019 година околу 20 часот во Скопје на ул.„Кеј 13-ти Ноември“ приведен е И.Џ. (41) од Скопје затоа што физички нападнал полициски службеник кој преземал службени дејствија.

Скопје | пред 6 години

6 год.
viber-image-2019-04-14-13.48.50

Трендафилов и Колев се сретнаа со жителите на Велгошти, ги слушнаа нивните маки

Кандидатот за градоначалник на Општина Охрид од редовите на ГДУ, Михаил Трендафилов- Нанче, заедно со претседателот на партијата, Петар Колев, и членови на Граѓанско Демократската Унија, денеска го посетија манастирот Св. Петка во Велгошти, се вели во соопштението од ГДУ.Нанче се сретна со голем број локални жители и разговараше со нив за основните проблеми со кои што се соочуваат.Во разговорите Трендафилов истакна дека еден од основните негови приоритети е Општината да заживее, и освен традиционалниот , да се развива и верски, рурален и авантуристички туризам. Трендафилов ги праша мештаните колку од предизборните ветувања на претходните градоначалници на Охрид за развојот на Велгошти се исполнети. Локалните луѓе изјавија дека како и секогаш тие што дошле до градоначалничката фотелја ветувале многу, но речиси ништо не исполниле.Велгошти исто како и сите останати населени места во охридско е под ударите на „белата чума“. Претседателот на ГДУ, Петар Колев ,се заблагодари за гостопримството на велгоштани и потсети дека време е за промена, а не за замена. Во разговорите ја побара нивната поддршка на 21 април масовно да го заокружат бројот 4 за Михаил Трендафилов- Нанче, се вели во соопштението од ГДУ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Стоилковски: Поднесовме нови приговори за кршење и на изборниот законик и на законот за антикорупција и судир на интереси

Зоран Заев и Стево Пендаровски соочени со поразот, посегаат кон заштита на сите незаконитости кои би можеле да им донесат глас повеќе. И тоа го прават и го поттикнуваат со државни пари, што е уште поголем криминал. СДСМ продолжува во тонење во самоволие и беззаконие, но жално е што во тоа ја влече целата држава. Така е, кога повикот за поткуп од референдумската кампања остана неказнет. Зоран Заев и неговиот клан продолжуваат да туркаат корупција, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.До ДКСК поднесовме нови приговори за кршење и на изборниот законик и на законот за антикорупција и судир на интереси.Спротивно на законите, во изборен период, на 4-ти април, при започната изборна кампања, платежната агенција, односно агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството соопштува дека се исплатени 77 милиони денари - или над 1 милион и 250 илјади евра - на над 2.000 лозари. И за ова ресорниот министер се пофали преку медиумите. Во случајот употребени се државни пари за исплата на долг на приватни фирми - значи не станува збор за субвенции или за тековни исплати! Ова е класично кршење на членот 8-А од изборниот законик и членот 34 од законот за спречување на корупцијата и судир на интереси. Класичен случај на поткуп на земјоделци!Поднесен е приговор повторно за информација од медиумите од трети и четврти април, дека од 15-ти април започнува физичко обезбедување во училиштата на трошок на општината Гази Баба. Веста гласи дека по иницијатива на Градоначалникот на Гази Баба, по негова иницијатива ги ослободува родителите од плаќање. Што е повторно класично кршење на членот 8-А од изборниот законик и членот 34 од законот за спречување на корупцијата и судир на интереси - односно, во предизборен период, по распишани избори, општината носи одлука за исплати од сопствени средства кои не се редовни.Следува нов приговор, ВД градоначалникот на Ново Село - каде има и вонредни локални избори - дава согласност за вработувања на 10 работници. Ова е исто така спротивно на двата закони - членот 8А од Изборниот и членот 34 од антикорупцискиот закон.Општина Штип ги ангажирала пожарникарите да делат дрва на социјално загрозените лица од градот, и тоа оди во локалните медиуми! Среде кампања донесена е противзаконска одлука, со кршење на двата закони, за донација каде што се гледа како поткуп на гласачи и во тоа се злоупотребени и Општината и „Македонија Пат“ и „Македонски Шуми“, но и Противпожарната единица на Општина Штип. Оваа донација, можело да се спроведе пред распишување на изборите или по завршување на изборите.ВМРО-ДПМНЕ постојано ги следи незаконските работења и делувања на Зоран Заев и неговиот клан и ги пријавува до ДКСК. СДСМ и власта се тие што не го почитуваат законот и не ја почитуваат оваа институција.Очекуваме од Антикорупциската итно да преземе мерки и да ја санкционира акумулацијата на функции за која што веќе ВМРО-ДПМНЕ има поднесено пријава. Станува збор за повеќе лица кои извршуваат повеќе јавни овластувања, односно се дел и од управни и надзорни одбори, додека извршуваат функции како државни секретари, директорски функции, општински советници, или пак други функции. Тоа според членот 77 е судир на интереси, за што ДКСК мора да реагира и да извести.Истовремено ја охрабруваме ДКСК да се издигне и да почне да спроведува законот, да иницира прекршочни пријави за недоставување на информации до неа водени од начелото на законитости. Доколку антикорупциска не поседува информации од функционери, а во насока на непотизам и вработувања на роднини, тоа значи дека голем број на функционери од власта не го испочитувале законот, не ја исполнуваат обврската, не ја регистрираат институцијата, и затоа мора да бидат поведени постапки од страна на ДКСК.Ја користам оваа прилика, почитувани, да соопштам дека и во однос на одбиените приговори, кои што ВМРО-ДПМНЕ ги имаше поднесено до ДКСК дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја продолжи постапката по поднесоците што се одбиени до Управниот суд, убедени дека во овие случаи постои повреда на законите.

Македонија | пред 6 години

6 год.
kaneo-labino

Маж падна помеѓу Канео и Лабино, со тешки телесни повреди пренесен во болница

На 13-ти април 2019 година, околу 13:30 часот, во СВР Охрид било добиено телефонско известување дека паднал маж на непристапен терен на потегот помеѓу Лабино и Канео во Охрид.– Полициски службеници од езерската полиција, со пловен објект пристигнале не местото при што, констатирале дека се работи за 57-годишниот Д.А. од Охрид. Тој е пренесен до месноста „Грашница“ од каде со возило на Брза помош е пренесен во болницата „Св. Еразмо“, каде му се констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.

Македонија | пред 6 години

6 год.
iveqgpr0mxohbhtipzy0

Паднаа Фејсбук, Инстаграм и Ватсап

Од утрово на корисниците не им се достапни услугите на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Ватсап. Се работи за глобален проблем, бидејќи пријави за проблеми доаѓаат од целиот свет.Британски „Сан“ пренесува дека се работи за голема системска грешка, но засега не се соопштува точно за каков проблем станува збор.Ова е втор голем пад за компанијата „Фејсбук“ откако пред само еден месец имаше големи прекини во работата на овие мрежи, иако тогаш менаџментот тврдеше дека не станува збор за хакерски напад.„Фејсбук“ и „Инстаграм“ воопшто не може да се отворат, а не се праќаат и примаат ниту пораките на „Вотсап“.   

Свет | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Од утре, горивата во земјава со нови цени

На редоцна седница Регулаторната комисија утре треба да ги соопшти новите цени на бензините.Со последната промена пред две недели цените на горивата се зголемија. Малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 2,5 денари и изнесува 68,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапе за три денари и ќе чини 70,5 денари за литар.Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија за половина денар и изнесуваат 61, односно 49,5 денари за литар.Со одлуката на РКЕ за 0,677 денари за килограм се зголеми и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и изнесува 33,375 денари.Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 3,53 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,03 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
brza-pomos

Сообраќајка утрово во Аеродром, две лица завршија на Ургентен

На 14.04.2019 година околу 04,00 часот во Скопје на крстосницата  со булевар .„Србија“, булевар .„Јане Сандански“ и булевар .„В.С.-Бато“, се случила сообраќајна незгода во која М.И. (34) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило ,, Голф“ со скопски регистарски ознаки, изгубила контрола над возилото и излетала од коловозот.М.И. и сопатникот Т.А. (42) од Скопје  биле пренесени во Ургентен центар-Скопје, каде на М.И. и се констатирани тешки телесни повреди, додека кај Т.А. се констатирани телесни повреди.

Скопје | пред 6 години

6 год.
policija-6

Сообраќајка на патот Велес-Штип, камион прегази пешак

На 13.04.2019 година околу 20,15 часот на магистралниот пат А-3 Велес-Штип, кај с.Кадрифаково-Свети Николе, се случила сообраќајна незгода во која З.М. (56) од Штип , управувајќи товарно моторно возило ,,Ивеко“ со штипски регистарски ознаки удрил во пешакот Л.А. (21) од с.Ерџелија-Свети Николе.Л.А. бил пренесен во Медицински центар Штип каде му се констатирани тешки телесни повреди, по што е пренесен во Ургентен центар Скопје.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Фатено патничко возило кое превезувало 11 мигранти

На 13.04.2019 година околу 22,00  часот на автопатот А1 Неготино-Градско (кај археолошкиот локалитет Стоби) од страна на униформирани полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор ,,Михајлово“  и полициски службеници од Одделот за организиран криминал  било запрено патничко мoторно возило „Волво“ со скопски регистарски ознаки, при што возачот С.А. (22) од с.Петралица, се обидел да избега, но е лишен од слобода.Во возилото биле пронајдени 11 лица-мигранти од кои едно лице од Ирак, едно лице  од Пакистан, шест лица  од Авганистан и три лица од Сирија. Известен е јавен обвинител.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Државјанин на Иран баран од Интерпол уапсен на скопскиот аеродром

На 13.04.2019 година во 20,10 часот на Граничен премин меѓународен Аеродром -Скопје, на влез во Република Македонија допатувал Н.П (45) роден во  Иран,  кој е  лишен од слобода затоа што при проверка констатирано е дека евидира со мерка „Апси” од Интерпол.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања