Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
Grabez-pistol

Вооружен грабеж во филијалата на Тутунска банка во Бутел

Подружницата на “Тутунска банка” во Бутел денеска беше плен на вооружен грабеж. На местото на настанот веќе има бројни полициски сили кои работат на расветлување на случајот. Неофицијално украдени околу 100.000 евра.На 15.04.2019 г. во 10.36 ч. пријавено е разбојништво од страна на неколку лица со оружје во банка на ул. Ферид Бајрам кои одзеле пари. Од страна на сторителите бил физички нападнат Е. Е. (26), кој е вработен како обезбедување во банката. Повредени лица од оружје нема. Веднаш по добивањето на пријавата презмени се мерки и активности од полициски службеници, се наведува во првичната инфотмација од МВР.Од страна на полицијата до сега пронајдени е полнач за пиштол кој е пронајден во просториите на експузитурата на НЛБ Банка во Бутел 2 која утрово беше ограбена од страна на засега непознати вооружени лица, пишува Коха. Припадниците на Министерството за внатрешни работи го пронашле автомобилот со кој се превезувале крадците но тој е целосно изгорен. Автомобилот бил пронајден после два саати откако крадците го нападнале обезбедувањето на банката, но сеуште не е познато дали четворицата маскирани и вооружени лица успеале да ги земат парите.Весникот Коха од официјални полициски извори успева да дознае дека во близина на реката Серава кај гробиштата во Бутел пронајден е изгорен автомобил “Голф 5” со сива боја, додека во експозитурата на банката во Бутел 2 се продолжува со истрагата, а се трага по 4 лица.Кражбата, се случила околу 9 часот, додека пак крадците палејќи го Голф-от, успеале да си заминат со друг Голф 5 во непозната насока досега. Во текот на денот, Министерството за внатрешни работи информираше дека ќе излезат повеќе детали за настанот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
man_original

МАН: Управниот суд да не служи за клиентелизам на СДСМ

Македонската асоцијација на новинари (МАН) ја повикува владеачката партија СДСМ, како најодговорна воизборниот процес, бидејќи на истиот настапуваат двојно - едновремено и како партиски функционери ивладини министри, да се извинат на ТВ Алфа за квалификациите и навредите кои партијата ги изрече насметка на уредниците и медиумот на 5-ти април, и со тоа барем малку да покажат одговорност предјавноста за своите зборови.-“Етикетирањето на медиуми придонесува за ширење на омраза кон медиумите. Секој новинар имаправо да постави прашање до секој политичар, а обврска на политичарите е да даваат одговори. Ваквитејавни дисквалификации на политичари во однос на медиумите се неприфатливи и претставуваат директназакана кон работата и уредничката независност на медиумите,” соопштуваат од МАН.Од друга страна, надвор од законот, со видно јавно влијание на партијата СДСМ врз Управниот суд, се кршатпрописите и на телевизијата 1ТВ која СДСМ ја смета за блиска на нивната политика, среде изборидополнително, надвор од Изборен закон им се овозможува емитување партиски маркетинг, иако не гиисполнуваат условите за таа цел. Тоа е клиентелизам на партија врз медиум.- “Го повикуваме судот да не подлегнува на политички притисоци и да не и наложува на Државнатаизборна комисија со одлуки кои се надвор од роковите во Изборниот законик. Ги повикуваме политичкитепартии да се придржуваат до законските одредби од Изборниот законик. На Република Северна Македонијаи се потребни кристално чисти претседателски избори за добивање на препораката од ЕК. Ваквите одлуки наСудот само ја потврдуваат сликата дека судството нема намера да се реформира, а медиумите секонтролирани од власта”, соопштуваат од МАН.Ја повикуваме Агенцијата за АВМУ да ги преземе сите мерки од Изборниот и другите закони за спречувањена ваквите појави..Истовремено, МАН смета дека ЗНМ треба да престане да биде адвокат за политички потреби на власта.- “МАН е следбеник и поддржувач на меѓународните стандарди за новинарството кои воМакедонија ги застапува токму Македонската асоцијација на новинари во соработка со меѓународнатаорганизација IAB, и ги упатува партијата СДСМ и Здружението на новинарите ЗНМ истите да ги прочитаат ипочитуваат со што би им било појасно каков треба да биде односот на медиум во јавноста, а особено како нетреба политичка партија да врши притисок врз едни мeдиуми кои не се пожелни за нивната партискаполитика, а да крши закон за да помага финансирање преку партиски огласи во време на изборна кампањана друг медиум, иако тој за тоа не ги исполнил условите” – соопштува МАН.

Македонија | пред 6 години

6 год.
OCcK_v38_400x400

Цветанова до Пендаровски: Не би било на одмет да демонстрирате добри манири на однесување

По телевизиската дебата помеѓу претседателските кандидати, поранешната министерка за култура Ганка Цветанова го повика Стево Пендаровски да покаже повеќе манири и го прекори за непочитување на Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река.-Почитуван Пендаровски, никој не смета дека на ТВ дебатите треба да ги штедите Вашите противкандидати, но кога спроти Вас седи една дама прoфесорка, Гордана Сиљановска Давкова и професор интелектуалец, Блерим Река, не би било на одмет да демонстрирате повеќе почит и добри манири на однесување, пишува Цветанова во објавата до Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-123

Албанец баран од Интерпол уапсен на ГП „Ќафасан“

На 14.04.2019 година во 13.15 часот на Граничниот премин „Ќафасан“, при контрола на лицето З. Ц.(46) од Република Албанија, било утврдено дека се наоѓа на стоп листата по барање од СМПС - Интерпол Скопје.Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-traka

„Пежо“ удри во 6-годишно дете

На 14.05.2019 година во 15.45 часот на улица „Војводинска“ во Прилеп, патничко возило „Пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Ѓ.(50) од Прилеп, удрило во шестгодишно дете од Прилеп.Детето се здобило со тешки телесни повреди и му била  укажана помош во Градската болница Прилеп.Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Возачи од денес точите горива по овие цени

Напладне Регулаторната комисија за енергетика треба да ги соопшти новите цени на бензините, стандардно, две недели по последната одлука.Со последната промена пред две недели цените на горивата се зголемија, па така малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 2,5 денари и изнесува 68,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапе за три денари и чини 70,5 денари за литар.Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија за половина денар и изнесуваат 61, односно 49,5 денари за литар.Со одлуката на РКЕ за 0,677 денари за килограм се зголеми и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и изнесува 33,375 денари.Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочија за 3,53 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,03 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.Останува да видиме дали и понатаму ќе продолжи трендот на зголемување на цените на горивата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
ahmeti

Ахмети: Ќе има последици ако Иванов ги помилува осудените за 27 април

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вели дека ќе претседателот, Ѓорге Иванов, ќе направи непромислен чекор доколку ги аболицира осудените за 27 април. Вели дека ако Иванов одлучи да ги аболицира, ќе има последици во државата, пишува Фокус.-Тоа би било непромислен и неразмислен чекор, од страна на претседателот во заминување. Не знам колкав легитимитет би имал за да преземе таков чекор кој би предизвикал многу реакции – рече Ахмети.

Македонија | пред 6 години

6 год.
60A5DC4D-94C9-49CF-B79D-F7F6F2B7E738

Силјановска: Дали Македонија е слободна ако иредентизам е да ја пеете химната?

На 21 април ќе отвориме пат за предвремени парламентарни избори, ама новата влада нема да бара од нас да ги заборавиме зборовите на химната или во себе да ги кажуваме и да тагуваме. Со нас ќе ја пее химната, со нас ќе го вее знамето и ќе го изговара светото име Македонија зашто тоа е нашиот идентитет, а Северна нека пишуваат тие. Тоа не е нашето име, рече претседателскиот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова на вечерашниот митинг во Велес.Силјановска го почна обраќањето со забелешката дека пред ракометниот натпревар, македонската химна била интонирана без зборови.– Замислете на денешната утакмица химната била интонирана без зборови. Неморално, неетички и мазохистички е тоа што се случува. Нели идентитетот ни е сочуван и загарантиран? Па што е химната ако не дел од македонскиот идентитет? Дали Македонија е слободна ако иредентизам е да ја пеете химната? Дали е ова слободна земја и дали навистина не треба повторно да се бориме за право и правдини оти во Уставот ги пишува трите најважни симболи на државата, меѓу кои, покрај грбот и знамето, е и химната. Сите се под Уставот и законите во слободна земја ама ја се плашам дали оваа земја е се уште слобода. Химната е нашата историска слика, нашиот историски национален наратив. Кој им дава право да ги тргнат зборовите од химната? Таа не е само музика, туку е битката за право и правдини, рече Силјановска.

Македонија | пред 6 години

6 год.
soobrakajka

24 сообраќајки изминатиот викенд во Скопје

Возач и сопатник се тешко повредени, а девет лица се здобиле со лесни телесни повреди  во 11 од вкупно 24 сообраќајки регистрирани  изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје.Од сообраќај се исклучени 77 возачи, од кои петмина почетници, а 71 пред да се стекнат со право на управување моторно возило. Исклучени се од сообраќај и 52 возила, 50 нерегистрирани и две со претовар.Издадени се 201 мерка за непрописно паркирање, а „пајакот“ подигнал 145 возила.Полицијата санкционирала и 13 возачи за поминување крстосница на црвено светло, петмина за недавање првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, тројца за неправилно престројување, двајца за неправилно престигнување.Изречени се мерки за 37 возачи за користење мобилен телефон, 16 за неносење сигурносен појас

Скопје | пред 6 години

6 год.
silegov-1

Шилегов: На вашиот митинг, драги Курирци, имаше бајаги повеќе ѓубре

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, ги демантира објавите дека вработени во градското јавно претпријатие Комунална хигиена, биле принудувани да присуствуваат на митингот на СДСМ, што се одржа вчера во Скопје. Порталите каде беа објавени овие написи Шилегов ги нарекува „курирци“ поради блискоста со опозиционата ВМРО-ДПМНЕ.„После “невидениот скандал” што го откри Курир, дека сум ги приморувал вработените од КХС да присуствуваат на митингот на Стево Пендаровси, должам мало вербално и фото појаснување:Комунална хигиена со луѓе и опрема беше “присутна” на двата митинга. Додуше, на Вашиот митинг, драги Курирци, исто како и лани, имаше бајаги повеќе ѓубре.Хигиената на улиците лесно се воспоставува.Хигиената во главите на Курирци ?Признавам, тешка работа. Голема е таа депонија …“, напиша Шилегов.

Скопје | пред 6 години

6 год.
57306017_169770174015340_83715105941880832_n

(ФОТО) Снежна идила на Попова Шапка

Поради спуштањето на постудена воздушна маса од север на планинските места е формирана снежна покривка. Вака во моментов изгледа Попова Шапка.

Македонија | пред 6 години

6 год.
vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните вчера испратија јасна порака дека не ја поддржуваат оваа Влада

Граѓаните држат до сопствените чест и углед, па затоа одбија да се качат во автобусите и да дојдат на митингот на човекот кој ги навредуваше нарекувајќи ги „стока“.„Автобусите организирани од страна на Пендаровски и Заев останаа полупразни бидејќи народот е за враќање на правдата во Македонија.Расипничкото, криминално владеење на Заев и Пендаровски доведе до најслаба посетеност на нивниот централен митинг вчера во Скопје. Иако главниот град на Република Македонија беше блокиран од автобуси кои СДСМ ги донесе од цела држава, митингот беше дебакл.Граѓаните испратија јасна порака дека не ја поддржуваат оваа Влада. Луѓето ниту со сила, ниту со закани, уцени и притисоци не прифатија да бидат искористени за верифицирање на антидржавните политики на Заев и Пендаровски.Народот не сака повеќе да биде манипулиран, лажен и краден. Криминалот, непотизмот, хаосот во земјоделието, фамилијарните бизниси на сметка на државата, катастрофите во земјоделските политики на маката на земјоделецот се олицетворение на СДСМ за овие две години власт.Стево Пендаровски и Зоран Заев ќе изгубат на овие претседателски избори. Народот ја даде  поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и на Гордана Сиљановска Давкова кога се појави во рекорден број на централниот митинг во Скопје пред Владата на Република Македонија.Јасна е пораката која народот ја испрати до СДСМ и Пендаровски кои треба да почнат да се подготвуваат за голем пораз. Народот ќе избере жена Претседател. На Македонија и треба правда. Татковината повикува“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
133474234-105843-207971

Промена на режимот на сообраќај на патот Куманово - ГП Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.Виадукт трејд известува дека од 15.04.2019 до 17.04.2019 ќе се изведуваат градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Автопат А1, делница Куманово - ГП Табановце (Клучка Бумеранг) за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.Регионалниот пат Р-2332 патен правец Ресен – Охрид (Отешево - Трпејца, преку национален парк Галичица) од 15.11.2018 е затворен за сообраќај. Од охридската страна возилата со вкупна тежина до 3,5 тони можат да соообраќаат само до месноста “Kорита”.Се очекува да биде отворен на 01.05.2019 год.На 04.04.2019 година од 11:30 часот поради оштетување на мостот во с.Ваташа на регионалниот пат Кавадарци - с.Мрежичко воведена е забрана за ТМВ.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.Друштвото Асфалт ДООЕЛ Скопје, известува дека порaди изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобренијата за времен режим на сообраќај и тоа на;-наплатна станица Гевгелија во период од 18.03.2019 до 18.09.2019 (делница Демир Капија – Гевгелија)-наплатна станица Демир Капија во период од 11.04.2019 до 18.09.2019 (делница Неготино - Гевгелија)

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Денес и утре облачно со дожд, од среда сонце

Времето денеска во целата земја ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. На места, особено во јужните и источните делови врнежите ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Кон крајот на денот ќе престануваат.Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 15 Целзиусови степени, Крива Паланка 10, Берово 9, Маврово 4, Кавадарци 15, Охрид и Битола 11, Дојран 16 степени.Прогнозата за утре е променливо облачно, попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневните температури ќе бидат во Скопје 17 степени, Крива Паланка 14, Берово 13, Кавадарци 17, Маврово 9, Охрид 13, Битола 14, Дојран 18.Од среда се очекува сончево и потопло време.

Македонија | пред 6 години

6 год.
sela-2

Села: Ние никогаш нема да поддржиме некој кој не е како нас и не е Албанец

Претседателскиот кандидат Блерим Река вечерва, од митингот во тетовско Желино, порача дека на 21 април ќе се случи голема промена со политичкото минато.Укажа дека со неговиот нов концепт ќе ги корегира досегашните политики на власта.-За да биде држава, треба да има владеење на правото. Немаме друга опција, освен ЕУ и НАТО, а корупцијата и невработеноста мора да запрат. Треба да се знае и дека ние не сме статистички народ, туку ние сме Албанци, рече Река.Претседателот на Алијансата на Албанците Зијадин Села упати критики до СДСМ и ДУИ зашто, според него, Албанците во оваа коалиција не се добро претставени.-Имаме должност да ја тргнеме вашата маска и тоа што 18 години манипулирате со Албанците. Ние никогаш нема да поддржиме некој кој не е како нас и не е Албанец, нагласи Села.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zaev

Заев: Ви ветувам 2020 година ќе има просечна плата над 500 евра

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на денешниот централен митинг во Скопје зборуваше за економските резулатите на неговата Влада и вети дека во 2020 година просечната плата ќе надмине 500 евра.-Не беше лесно, но се обединивме против режимот. Воведовме реформи и воспоставивме правна држава. Ние сме веќе дел од НАТО. Одиме кон ЕУ, очекуваме Унијата да ги вреднува реформските резултати и летоска да добиеме датум за почеток на преговорите. Имаме рекорден износ на странски инвестиции од 624 милиони евра. Невработеноста падна на 19,4 отсто. Просечната плата за една година за зголемивме за осум проценти. Ви ветувам 2020 година ќе има просечна плата над 500 евра, рече Заев.

Македонија | пред 6 години

6 год.
kuce

Во Сараево уапсен маж осомничен за силување куче

Во Сараево уапсен 37-годишен маж кој е осомничен за измачување и убивање животни. Потрагата по осомничениот следела откако здружение за заштита на животните на својот Фејсбук профил предупредило за човек кој во центарот на Сараево сексуално злоупотребувал куче, пренесе Кликс.ба.За тој ужасен чин сведочел граѓанин, кој го пријавил случајот во полиција.За монструмот се вели дека бил често во алкохолизирана состојба и дека секојдневно се движи по улиците на центарот на градот и злоупотребува животни.По апсењето, известен е и државниот обвинител. 

Свет | пред 6 години

6 год.
Capture-2

Силјановска: Во наредниот период фокусот ќе ми биде на Албанците и на останатите

Кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска во денешната претседателска дебата на телевизија Сител рече дека во преостанатиот дел од кампањата во фокусот ќе и бидат Албанците, Ромите, Турците и останатите други етнички заедници.– Луѓето ги разбирам како индивидуи кои треба да бидат еднакви пред Уставот и пред законите. Не почитувам поданичка политичка култура. Значи постојано велам сите ќе ги вклучам околу мене врз основа на стручност и компетентност прво, а потоа врз основа на принципот на правична застапеност, рече Силјановска..

Македонија | пред 6 години

6 год.
kotor-1

Протести во Котор, стотици граѓани се против смената на градоначалникот Владимир Јокиќ

Стотици граѓани денеска во Котор излегоа на протест изразувајќи незадовлство од смената на градоначалникот Владимир Јокиќ. Собирот се одржа под слоганот: „Кој го предава Котор?“. Демонстрантите порачаа дека се против смената на градоначалникот Владимир Јокиќ (демократ) и ја повикаа СДП да се откаже од иницијативата за негово разрешување, додека не се создадат услови за одржување на фер слободни избори.При секое спомнување на СДП и имиња на советници од оваа партија, демонстрантите свиреа. Тие го повикаа ракводството на СДП да се врати и да ги исполни своите обврски во локалната владејачка коалиција со демократите, ДФ, УРА и СНП и им порачаа избраниците од СДП да престапан да го саботираат работењето на мнозинството во локалниот парламент, нешто што партијата на Ранко Кривокапиќ го прави месеци наназад.Доколку ова не се направи, како што беше кажано на протестот граѓаите на Котор и останатите избраници од локалната власт , ќе сметаат дека СДП отворено склопила коалиција со опозициските партии во овој град и на тој начин ја прекроила изборната воља на граѓаните од последните локални избори кои се одржаа во октомври 2016 год.СДП пред десетина дена формално покрена иницијатива за разрешување на Јокиќ, обвинувајќи го за самоволие, неисполнување на стратешки развојни планови и нанесување на штета на Котор.Нивната иницијтива со свои потписи ја подржаа и пратениците од ДПС, СП и ХГИ, а седницата СО која е закажана по нивно барање на која ќе се разгледува прашањето на поверењето на градоначалникот е закажана за 24 април.

Свет | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Министерство за правда демантира дека Дескоска пристигнала на митингот со службено возило

Министерството за правда ги демантира наводите на ВМРО – ДПМНЕ и во дел од медиумите дека министерката Дескоска на централниот митинг на СДСМ пристигнала со службено возило.,Денеска, во дел од медиумите беше пренесена лажна вест дека министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска го користи службеното возило за да оди на собирот за поддршка на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.Ваквите објавени содржини се манипулативни и невистинити, најостро ги демантираме и бараме најпрвин повлекување на ваквата вест, а потоа и јавно извинување од страна на оние кои ја споделија веста без да направат проверка на фактите.Сите знаат дека службените возила на министрите, како од претходната влада, така и оваа, се Фолксваген - Пасат, а не како што се тврди лажно со објавената слика во која министерката влегува во возило “Мерцедес”, кое е во приватна сопственост.Воедно, во оваа прилика сакаме да потенцираме дека лесно може да се провери сопственоста на возилото, дека истото не е дел од возниот парк на Министерството за правда, ниту пак Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), ниту пак на било која друга јавна институција.  На денешниот митинг, министерката отиде со приватно возило на нејзин сопартиец кој одеше на истиот митинг.Единствениот кој досега се возеше во она на “М” купено со државни средства, е бегалецот од правдата, г. Никола Груевски. “ , се наведува во демантот на Министерството за правда.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања