Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
Нема фотографија

(ФОТО) Нова содржина за посетителите на Градски парк во Скопје

Градоначалникот Шилегов денеска оствари средба со групата на волонтери од Бон, СР Германија, кои изминатиов период работеа на креирање ново катче и инсталација во првиот дел од Градскиот парк.Новото катче во Градскиот парк се состои од кружна патека од различни материјали: парчиња од дрво, природни камења, тревник, калдрма, цементирани плочи и други материјали кои ја подобруваат циркулацијата, односно ќе треба да го поттикнуваат движењето, да ги активираат сетилата, а со тоа да даваат и добар здравствен ефект кај децата. Идејата е децата да газат и да се движат боси, а до самата патека ќе биде поставено и шкафче за чевли. Во средината на катчето ќе биде поставен сончев часовник каде што преку сенката на детето ќе може да се види колку е часот.Шилегов им се заблагодари на Антје Калер (Antje Kahlert) и Никлас Рот (Niklas Rott), консултанти од Одделот за финансирање на градот Бон, кои работеа на овој проект. Нивната прва посета во Скопје беше минатата година со уште пет едукатори со кои заеднички размислуваа за изработка на креативен проект во градот. Во реализацијата на оваа интересна нова содржина вклучени беа седум тренери, стручни волонтери, вработени од областа на театарот, градинарството и хортикултурата од градот Бон, како и претставници од ЈП „Улици и патишта“ и ЈП„Паркови и зеленило“. Град Скопје и Град Бон соработуваат од 2015 година преку проекти како Ерасмус Плус и „Nice to work with you!“. Соработката се заснова на идејата како Градот Скопје да се промовира во урбаниот туризам.

Скопје | пред 6 години

6 год.
svr

,,Бесправно градење“ во Охрид

СВР Охрид, до надлежното јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против К.Ч.72) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,бесправно градење”.Тој, во текот на првото тримесечје од 2019 година , на улица „Охридска бригада“ во Охрид, спротивно на Законот за градење, без одобрение за градба, изградил индивидуална куќа.Нелегалната градба била констатирана и од овластен општински градежен инспектор кој донел Решение за отстранување на градбата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
mvr

Движејќи се пеш, му се слошило паднал и починал

На 14.04.2019 година во 15.00 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека на булеварот „Кочо Рацин“ бил пронајден починат Т.К.(60) од Битола. Според пријавеното, тој починал додека се движел пеш, му се слошило и паднал. Била констатирана смрт без траги на насилство.По наредба на Јавен обвинител, телото било дадено на обдукција.

Скопје | пред 6 години

6 год.
tepacka-zeni

Србинка физички нападната во Скопје

На 14.04.2019 година во 12.00 часот во Полициската станица Центар, Т.С.(19) од Република Србија, со живеалиште во Скопје, пријавила дека истиот ден околу 03.30 часот пред ноќен клуб на улица „Димитрие Чуповски“ била физички нападната од неколку женски лица. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
notredame12-828x435

(ОБНОВЕНО) ВИДЕО - Се урна кровот и камбанаријата на Нотр Дам

Како последица на големиот пожар предмалку се урна целата кровна конструкција на светски познатата катедрала Нотр Дам во Париз. Последните информации се дека и претседателот на Фрнација Емануал Макрон ги откажал сите активности по веста за пожарот во оваа катедрала која е една од туристичките икони на Париз.Илјадници граѓани и туристи од цел свет се собираат на улиците околу познатата црква и гледаат како целиот објект го проголта огнот.https://twitter.com/France24_en/status/1117846962974248960Полицијата го евакуира целиот простор околу катедралата , а пожарникарите се обидуваат да се справат со солниот пожар во внатрешноста на објектот. Пожарот ја зафати едната од двете куполи на катедралата.Полицијата нема информации кои се причините за избувнувањето на пожарот , освен дека е вон контрола.

Свет | пред 6 години

6 год.
tepacka1

Тепачка по фудбалскиот натпревар помеѓу ФК Волково 1964 и ФК Братство од Коњари

На 14.04.2019 година во 18.10 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на фудбалскиот стадион на ФК Волково во с.Волково, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК Волково 1964 и ФК Братство од Коњари, лицата Е.Ќ.(51), И.Ќ.(48), Ќ.Ф.(33), А.Ќ.(20) и Б.А.(30), сите од с.Коњари, скопско, фудбалери на ФК Братство, го нарушиле јавниот ред и мир. Според пријавеното, А.Ќ. и Б.А. физички го нападнале Д.В.(26) од с.Волково, скопско, фудбалер на ФК Волково 1964, а останатите лица агресивно се однесувале кон полициските службеници. Лицата биле приведени во Полициската станица Ѓорче Петров и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци..

Македонија | пред 6 години

6 год.
stop-policija

Зајакнати сообраќајни контроли во Битола и Штип

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола викендот (12,13,14) април извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас. Притоа, било констатирано дека 87 возачи ја пречекориле дозволената брзина, 23 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле 14 возила, 11 возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото и 12 возачи не користеле сигурносен појас.На 12.04.2019 година во периодот од 11.00 до 17.00 часот СВР Штип спроведе акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. При контролата било констатирано дека 23 возачи управувале со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, додека 39 во населено место. Санкционирани се и 18 останати прекршоци..

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Кокаин пронајден кај Кумановец и во автомобил на Штипјанец

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.М.(23) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 08.03.2019 година во Куманово полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин.СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Х.(36) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и ,,овозможување на употреба наркотични дроги“. На 29.07.2018 година во Охрид полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од пријавениот, во кое како совозач било лицето П.Ш. од Штип. При прегледот бил пронајден и одземен кокаин. По преземени мерки, било утврдено дека пријавениот претходната вечер му овозможил на П.Ш. да конзумира кокаин.

Македонија | пред 6 години

6 год.
surfaj

Превентивно-едукативниот проект „Сурфај, но внимателно споделувај“

Секторот за внатрешни работи Тетово денеска ( 15 април ) започна со практична реализација на превентивно-едукативниот проект „Сурфај, но внимателно споделувај“.Носител на проектот е Отсекот за превенција во соработка со локалните самоуправи од подрачјето.Со проектот вкупно ќе бидат опфатени околу 3500 седмоодделенци од вкупно 215 паралелки, а кои во 92 основни училишта на тетовско- гостиварското подрачје следат настава на македонски, албански и турски јазик.Стручно обучени полициски службеници, на посебни часови ќе им објаснат на учениците како и на што треба да внимаваат кога споделуваат лични податоци и фотографии на социјалните мрежи, односно како најефикасно да се заштитат од злоупотреби на нивните податоци, фотографии или снимени видео-клипови.Учениците, исто така, поблиску ќе бидат запознаени и со законските импликации доколку тие  злоупотребуваат лични податоци на други лица.Проектот е планирано да трае до крајот на идниот месец, а неговата главна цел е учениците да се заштитат од можни злоупотреби на социјалните мрежи.

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC_4310

МИОА започнува процес за измени на Законот за вработени во јавен сектор и Законот за административни службеници

Министерството за информатичко општество и администрација, започна консултативниот процес за измени Законот за вработени во јавен сектор и Законот за административни службеници. На денешната јавна расправа беше презентирана моменталната состојба, предизвиците при имплементација на овие два закони, како и предлози за аспектите во коишто тие можат да се подобрат.Како што истакна министерот Манчевски, целта со измената на двата закони заедно со останатите реформи во јавната администрација е да се промени климата за работа на јавната администрација, законите да одговараат на реалната состојба, и да резултираат со регрутација на квалитетен административен кадар.„Го започнуваме процесот на разговори и консултации со сите засегнати страни. Тоа е формулата за подготовка на измени на законите кои ќе одговорат на потребите. Покрај овие измени, работиме и на реорганизација на јавната админситрација и на нов Закон за висока раководна служба. Но, законските решенија не се доволни, потребна е промена на политичката култура и условите за работа“, истакна министерот Манчевски, посочувајќи дека законите даваат добра основа за начелата на мерит системот, но праксата покажала дека неопходни се измени во повеќе аспекти.Државниот секретар во МИОА, Јахи Јахија, се освнра на најчестите проблеми детектирани од институциите кои ги имплементираат овие закони.„Опфатот, класификацијата на вработените во јавниот сектор, планирањето на вработувањата, мобилноста, трансфер листата, вработувањата на определено време, постапките за вработување и унапредување, платите... беа најчестто споменувани проблеми при разговорите со засегнатите институции. Оваа листа на проблеми, се потврда за неопходноста од менување на овие два закони“, рече секретарот Јахија.На јавната расправа свое обраќање имаше и советникот за администрација од МИОА, Билјана Жагар Николовска.„ Праксата покажа дека потребно е унапредување на моделот за управување со ефектот, односно оценувањето. Понатаму се јавува потреба од измени на постапката за мобилност, и да се овозможи мобилност помеѓу даватели на услуги и помошно технички лица, а притоа системот на административни службеници да остани комплетен“, заклучи Жагар Николовска, зборувајќи и за Балансерот, како алатка којшто не ги даде очекуваните резултати при планирање на вработувањето.Директорот на Агенцијата за админситрација, Спасе Глигоров, зборуваше за трите аспекти кои од искуството на Агенцијата, треба да се изменат и дополнат во Законот за административни службеници.„Во делот на постапката за вработување потребна е рационализација на условите за вработување и поедноставување на постапката. Исто така, потребни се измени и во постапката за унапредување. Што се однесува на заштитата на правата на админстративните службеници, потребна е рационализација на комисиите за водење на дисциплински постапки и ефектуирање на рокот за застареност за поведување на дисциплинска постапка “, информираше Глигоров.Големиот број на присутни на дискусијата со примери од практичната примена, но и со препораки согласно направени истражувања придонесоа кон дискусијата, од што понатаму ќе произлезат и законските измени.

Македонија | пред 6 години

6 год.
katedrala

Најнова вест - (ВИДЕО) Гори катедрлата Нотр Дам во Париз

Гори катедрлата Нотердам во Париз јавуват светските медиуми. Станува збор за една од најпознатите катедрали во светот и една од најпосетуваните туристички локации во Париз.Минатата година медиумите јавуваа дека оваа катедрала е сериозно оштетена и потребна е итна реставрација за која француската влада бара донации за да обезбеди средства за обновување.https://twitter.com/shivmalik/status/1117837460308938752?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1117837460308938752&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2F%25d0%25b2%25d0%25b8%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25be-%25d0%25b3%25d0%25be%25d1%2580%25d0%25b8-%25d0%25ba%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25b5%25d0%25b4%25d1%2580%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25be%25d1%2582%25d1%2580-%25d0%25b4%25d0%25b0%25d0%25bc-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25bf%25d0%25b0%25d1%2580%2FБогородичната црква или Нотр Дам  е готскакатедрала на источната половина на островот Сите на реката Сена во Париз, Франција, со главен влез од западната страна. Ова е катедралата на Париз и седиштето на архиепископот на градот. Богородичната црква се смета за најубавиот пример за француската готска архитектура. Виоле-ле-Дик, еден од најпознатите француски архитекти, ја обновил и сочувал од уривање. Името „Нотр Дам“ на француски значи „Нашата Госпоѓа“ (Богородица или Дева Марија). Ова е една од најубавите готски катедрали во светот, градена низ целиот готски период. Скулптурите и витражите се одликуваат со големо влијание од натурализмот, за разлика од пораната романска архитектура.Богородичната црква е една од првите цркви во светот каде се употребени арбутани(надворешни потпорни арки). Зданието првично не било предвидено да има арбутани околу хорот и бродот. По започнувањето на изградбата, откога потенките ѕидови (популаризирани во готиката) израснале уште повисоко, почнале да се јавуваат пукнатини од напон, како што ѕидовите притискале нанадвор. За да го решат проблемот, архитектите изградиле потпори на ѕидовите однадвор, и подоцнежните доградби продолжиле да се вршат на тој начин.За време на радикалната фаза на Француската револуција (1790-ти г.), катедралата настрадала од сквернавење, кога голем дел од верската иконографија бил оштетен или уништен. Истата била обновена во текот на XIX век, и така катедралата го добила својот поранешен изглед.David Almacy✔@almacySmoke billowing from Notre Dame Cathedral in Paris, France.4237:03 PM - Apr 15, 2019 · Paris, France885 people are talking about thisTwitter Ads info and privacycristina casacuberta@ccasacub#notredame1,5167:05 PM - Apr 15, 20193,635 people are talking about thisTwitter Ads info and privacyView image on TwitterMichael Arndt@Mr_InnovationRT @MarionLeblancWo: #notredame en feu. Speechless.

Свет | пред 6 години

6 год.
nance

(ВИДЕО) ГДУ: Трпејчани доаѓаат вашите 5 минути!

Трпејца 2019 година. Нашето „Сен Тропе“, гордост ама без решена канализација. Многу го сакаме Охридското езеро, доста е со празни флоскули. Одма и веднаш решение. А плоштадот погледајте го каков е, а како го замислувам. Трпејчани доаѓаат вашите 5 минути,  велат од ГДУ.https://www.facebook.com/MihailTrendafilovNanche/videos/1708729455939915/?v=1708729455939915

Македонија | пред 6 години

6 год.
naum

Стоилковски: Навреди, по пол и возраст се дел од недоличните напади на Пендаровски и неговиот тим упатени до Сиљановска Давкова

Навреди, омаловажувања по пол и возраст се само дел од недоличните напади на Стево Пендаровски и неговиот тим упатени директно кон кандидатката за претседател на Република Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Велат, логички у Бардовци треба да оди, и тоа е навреда упатена преку социјалната мрежа Фејсбук директно од шефот на изборниот штаб на Стево Пендаровски, Ѓорѓи Галетановски наречен Чомбе кон Гордана Сиљановска Давкова.Ова е коментарот на Галетановски објавен кај него, објавен на неговиот Фејсбук профил.Ваквиот коментар на Галетановски предизвика низа други навредливи коментари токму преку социјалните мрежи. Со ваквите коментари се омаловажува Сиљановска и се дискредитира нејзината личност.Стево Пендаровски пак на телевизискиот дуел со Гордана Сиљановска Давкова негираше дека било кој од неговиот тим ја навредувал Сиљановска, очигледно играјќи на краткото паметење, и притоа ветувајќи дека доколку му се дадат докази за навреда кон Сиљановска од било кој од  неговиот тим, тој веднаш ќе го избрка тој лик од тимот кој што му ја води пиар стратегијата за време на оваа кампања.Господине Пендаровски очекуваме доследност во вашите ставови.Напуштете ја матрицата на Зоран Заев за негирање. Напуштете ја матрицата заевизмот, на се што кажувате и спроведете го тоа што го ветивте пред целата македонска јавност, а за што впрочем Ве потсетивме.Доколку и овој пат не го испочитувате вашето ветување само ќе потврдите дека вие и Заев сте 102,5% исти, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Регулаторна: Цените на горивата се зголемуват за 1.5 до 3 денари!

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 3,21%, информираат од Регулаторната комисија за енергетика.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,00 денари/литар, односно за 2,50 денари/литар, во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.04.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,50 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,00 денари/литар.Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денари/литар, во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.04.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,50 денари/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,00 денар/литар. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
pistoli

Наредена истрага против скопјанец кој во домот чувал два пиштоли и муниција

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.При претрес во домот во кој престојувало лицето, на улица „Лазар Трпков“ во Скопје, било пронајдено огнено оружје – два пиштоли со калибар од 7,62мм, како и една рамка со девет куршуми со ист калибар.До судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје надлежниот јавен обвинител достави и Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои што очигледно укажуваат на опасноста лицето да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.

пред 6 години

6 год.
pravosmukalka

ЈП Билјанини Извори се поднови - купиле нова правосмукалка

„Инвестиции“ во Охрид !Во официјално соопштение испратено до медиумите денес ЈП Билјанини Извори ја информира јавноста дека купиле нова правосмукалка, која плус може и да полира паркет и ламинат.Во соопштението не е наведена вредноста на оваа инвестија која е наречена со „Продолжува со планот за техничко осовремување“.Во соопштението стои:„Продолжува со планот за техничко осовремување и поддршка на техничкиот персонал при претпријатието кој е задолжен за одржување на постоечката спортска инфраструктура во Спортскиот центар “Билјанини Извори”, а се со цел подобрување на условите за нашите спортски корисници, спортските клубови и рекреативците.Деновиве ЈП Билјанини Извори се поднови со современа машина за чистење и одржување на паркет од фирмата Клинфикс со одлични перфоманси за чистење, полирање и одржување на паркети и ламинатни подлоги.Ова е уште една скромна но многу значајна, од отварањето на салата прва од ваков тип, техничка инвестиција која во многу ќе го подобри и олесни досегашното одржување и чистење на паркетот при спортската сала.ЈП Билјанини Извори и во иднина планира да инвестира во подобрувањето и осовременувањето на техничката опрема при С.Р.Ц. “Билјанини Извори” веруваме на задоволство пред се на сите наши корисници но секако и на нашите вработени задолжени за одржување на спортската инфраструктура при центарот.“ВО БИТОЛА КУПИЈА ЦРЕВО

Македонија | пред 6 години

6 год.
rover

Отворена истрага против српски државјанин кој се обидел да украде вреден автомобил во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, државјанин на Република Србија, кое е осомничено дека се обидело да изврши кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот на 10.04.2019 година, на улицата „Орце Николов“ во Скопје, заедно со уште едно засега непознато лице, со провалување се обиделе да одземат туѓ подвижен предмет – автомобил.Осомниченото лице со употреба на подесен предмет (штрафцигер) го скршил задното десно стакло на паркирано патничко моторно возило Ренџ Ровер, сопственост на правно лице. Потоа влегол во возилото и со електронски уред за декодирање и клуч за стартување се обидел да го стави возилото во погон. Во тој момент, од блискиот угостителски објект излегол сопственикот и го затекнал осомничениот во возилото, со што го спречил во намерата противправно да го присвои автомобилот вреден 6.241.800 денари.Бидејќи постојат околности кои укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство, да го повтори кривичното дело или да влијае врз сведоците, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Јавниот обвинител ценеше дека притворот е единствена соодветна мерка за да се обезбеди присуство на осомничениот во текот на истражната постапка, особено со оглед на тоа што се работи за српски државјанин за кого постои информација дека е предмет на национална потерница на српските државни органи.

пред 6 години

6 год.
bebinja-37aztxcizx5mcibr5rdclc

ОЈО: Нема место за јавнообвинителска интервенција во врска со наводната трговија со здрави новороденчиња

По спроведување сеопфатно проучување на добиената документација и известувањата од надлежните органи во врска со наводна трговија со здрави новороденчиња, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе одлука со која укажува дека нема место за јавнообвинителска интервенција.Имено, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во декември 2018 година, следејќи ги информациите во медиумите, отвори предмет по допрен глас. Во медиумите беа изнесени сознанијата на Народниот правобранител дека постои сомнение за организирана криминална група која подолг временски период се занимава со трговија со здрави новороденчиња. Наводно, на биолошките родители веднаш или по краток временски период по раѓањето им се соопштувало дека новороденото е починато, а всушност тоа било здраво и заради понатамошно посвојување станувало жртва на трговија.По дејствијата преземени од страна на надлежен обвинител и врз основа на прибраната документација и побараните известувања од Народниот правобранител, Министерството за труд и социјална политика и Првата детска амбасада „Меѓаши“, произлезе дека во конкретниот случај нема докази, ниту индиции за постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело за кое се гони по службена должност.

пред 6 години

6 год.
DSC_7600

„Прљаво казалиште“ и „Нокаут“ го запалија Аеродром

И покрај дождот, вчеравечер стотици граѓани се собраа во паркот „Авион“ за да го прослават 14-тиот роденден на Општина Аеродром, со концерт на групите „Нокаут“ и „Прљаво казалиште“. Тие со своите незаборавни хитови направија прекрасна атмосфера под отворено небо.Ова е втора година по ред откако Општината почна да го слави роденденот на отворено со голема журка и целодневна забава за сите генерации. Така, попладнето илјадници граѓани уживаа во настапите на дечињата од градинките и училиштата од Општина Аеродром, како и на клубот „Аква денс“ и „Златните славејчиња“.Во исто време, дел од учениците од основните училишта во Аеродром со своите училишни спортски клубови одржаа ревијални натпревари во кошарка, мал фудбал, бадмингтон и одбојка. Исто така, своите вештини ги покажаа и скејтерите од Општина Аеродром.Целата забава имаше хуманитарен предзнак, а граѓаните уште еднаш како и многупати досега ја покажаа својата човечност. Општина Аеродром им се заблагодарува на сите компании што ја помогнаа организацијата на овој настан и што донираа за социјално ранливите категории граѓани, покажувајќи голема општествена одговорност.

Скопје | пред 6 години

6 год.
DSC08057-2

Обуката за унапредување на здравствените услуги преку јакнење на капацитетите на патронажните сестри во Здравствениот дом Велес

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово во регионалниот едукативен центар во Здравствениот дом Велес ја отвори обуката за унапредување на здравствените услуги преку јакнење на капацитетите на патронажни сестри, во организација на Министерството за здравство, Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки и во соработка со Симулацискиот медицински центар на Република Северна Македонија.„Со оваа обука, здравствените услуги ги доближуваме поблиску до граѓаните, преку добивање на здравствена заштита и услуга во домот. Патронажните сестри се клучни, затоа што тие работат во заедницата, со семејствата, со поединецот“, изјави министерот Филипче.Врвен приоритет на Владата на Република Северна Македонија и на Министерството за здравство е остварување на Целите за одржлив развој на Обединетите Нации, како и значењето на декларацијата од Астана, со посебен фокус на примарната здравствена заштита.Обуките за унапредување на здравствените услуги преку јакнење на капацитетите на патронажни сестри ќе се спроведуваат во сите јавно здравствени установи низ државата. Во подготовка се стандардните оперативни постапки во патронажа, како и општите и специфични интервенции и подготовка на правилникот за патронажа.Кочани е првата општина во која почна да се реализира мобилен сервис за грижа во домашни услови, во септември 2018 година. Интегрираните услуги за нега на Министерството за здравство добија позитивна оценка од Светската здравствена организација и опишани се дека го поттикнуваат унапредувањето на здравјето.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања