Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
reka

Река: Дојде времето претседател на државата да биде Албанец

Не убедуваа во комунизмот и сега сé уште не убедуваат дека тоа не може, но сега дојде времето претседател на државата да биде Албанец и тоа треба да го поддржите на претстојните избори. Со овие зборови кандидатот за претседател Блерим Река го побара гласот од гостиварци на предизбориниот митинг во Гостивар.Река кој е поддржан од Алијансата за Албанците и движењето БЕСА, во неговото обраќање во Ценатрот за култура АСНОМ ги критикуваше активностите на владината коалиција за евроинтеграциите. Тој напомена дека тие немаат доволно капацитет да се справат со предизвикот и препораките кои биле дадени од Брисел. Реформите во судството, законот за јавното обвинителство, деполитизарање на администрацијата и елминирање на непотизмот се дел од тие препораки.– Дури и да добиеме датум за преговори, партиите на власт и институциите немаат ниту волја, а ни капацитет да ги исполнат условите кои ни беа поставени во Брисел. Тоа ние го зборувавме, а сега и самите партии кои се на власт тоа го признаваат деновиве, рече Река.Членството во НАТО, според Река, е завршена работа и тој смета дека процесот конечно ќе заврши идната година, но треба да се води сметка и за потребите на народот.– Ние сакаме да ја спречиме тенденцијата на иселување на младите од земјава. Што ќе ни се концепти за ЕУ и НАТО кога ќе завршиме со петстотини илајди жители помалку, потенцира Река. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
seizmograf-zemljotres-620x350

Силен земјотрес на Хаваи, повеќе од 3.000 граѓани останаа без струја

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди западниот дел од хавајскиот Голем Остров, соопшти утрово американскиот геолошки завод.Земјотресот се случил на околу 24 километри југозападно од градот Каилуа- Кона, во кој живеат околу 12.000 луѓе, и на длабочина од 16 килметри, пренесе агенцијата АП.Околу 3.300 потрошувачи во местото Ваиколоа останаа без струја, а работниците на терен работат на подигнување на електричната мрежа.Не е издадено предупредување за цунами.

Свет | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Средби во Вашингтон: Монетарната политика е соодветна, Народната банка склучи нов меморандум за соработка со Европската инвестициска банка

На бројните состаноци со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) коишто делегацијата предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Драган Тевдовски ги оствари во рамки на Пролетните средби на групацијата на Светската банка (СБ) и ММФ во Вашингтон, меѓу другото беше нотирана оценката дека монетарната политика во земјава е соодветна. Притоа беше потенцирано и оствареното монетарно релаксирање, во услови на стабилни движења на девизниот пазар и отсуство на инфлациски притисоци, што претставува испорачување на клучна поддршка од Народната банка за вкупната активност во економијата. „Тековните движења покажуваат умерен раст на домашните цени, а со тоа и отсуство на ценовни притисоци. Просечната годишна стапка на инфлација во првите три месеци од годинава е под нивото проектирано од Народната банка. Воедно, најновите оцени упатуваат на послаби притисоци од увозните цени годинава.“ − одделно беше нагласено на состаноците.Делегацијата веќе оствари состаноци со директорот на ММФ за Европа, Пол Томсен, со извршните директори на ММФ, Ентони де Ланој и Ричард Дорнбош, како и со шефицата на мисијата на ММФ за нашава земја, Џесмин Рахман. Во фокусот на состаноците, меѓу другото, покрај монетарната политика беа и економскиот развој и економските показатели коишто ги следи централната банка. Гувернерката на Народната банка потенцираше дека расположливите високофреквентни податоци од почетокот на годинава упатуваат на натамошни поволни поместувања во економијата, што соодветствува со очекувањата за постепено забрзување на економскиот раст во наредниот период. Во однос на монетарните движења се осврна на растот на депозитите којшто го надминува проектираниот, како и на нивото на кредитниот раст во текот на минатата и првиот квартал на оваа година. На состаноците се говореше и за најновите проекции на ММФ за македонската економија.Одделно внимание беше посветено и на техничката помош којашто ММФ ѝ ја дава на Народната банка. Притоа, на состаноците беше искажано големо задоволство од досегашната соработка и од резултатите коишто ги постигна нашата централна банка со поддршка од ММФ. „Постојано следејќи ги најновите европски и меѓународни стандарди и најдобрите практики, ние сме цврсто решени и натаму да унапредуваме повеќе сегменти на нашето работење и тоа е детерминирано и во нашиот Стратегиски план. Во таа насока, за нас ќе биде клучно да добиеме поддршка од ММФ, со цел што побрзо и поефикасно да оствариме дел од реформите коишто ги имаме зацртано.“ – порачува гувернерката Ангеловска-Бежоска, којашто на високите претставници на ММФ им ги елаборираше проектите за кои иницираше идна соработка.На состанокот со потпретседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ), Андре Мекдовел и со генералниот директор на ЕИБ за кредитни операции, Жан-Кристоф Лало, меѓу другото бешесклучен меморандум за соработка меѓу Народната банка и ЕИБ во спроведувањето на Анкетата за кредитна активност за земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈЕ).„Со приклучувањето на нашата централна банка во овој значаен проект на ЕИБ, ние добиваме можност уште еднаш да ја потврдиме нашата посветеност на активното учество во меѓународните иницијативи значајни за потемелното следење на тековите во економијата. На овој начин, како централна банка овозможуваме директна вклученост на повеќе банки од нашиот банкарски систем во Анкетата за кредитна активност на ЕИБ. Со тоа, во рамки на ова анкетно истражување ќе се добие целосна слика за состојбите на нашиот кредитен пазар и за движењата на кредитната побарувачка, а истовремено подобро ќе се согледаат и факторите коишто влијаат врз кредитната побарувачка, како и промените во кредитните услови. Особено важно е што сето ова е во контекст на согледувањата за натамошните економски движења во регионот. Значајно е и што преку овој проект, на полугодишно ниво, ние ќе имаме можност состојбите со кредитната активност кај нас да ги согледаме и компаративно, во рамки на ЦИЈЕ.“ – истакнува гувернерката на Народната банка по потпишувањето на меморандумот.Ангеловска-Бежоска учествуваше и на состанокот на Надзорниот одбор на Виенската иницијатива 2, на којшто се разговараше за најновите движења во рамки на банкарските системи на земјите од ЦИЈЕ.Делегацијата на земјава, во рамки на Средбите во Вашингтон оствари состаноци и со заменик претседателот на СБ за Европа и Централна Азија, Сирил Милер, со регионалнната директорка на СБ за Западен Балкан, Линда ван Гелдер, како и со извршниот директор на СБ за Конституенцата во која членува нашата земја, Кун Дависе и со потпретседателката на Меѓународната финансиска корпорација за Латинска Америка, Карибите, Европа и Централна Азија, Георгина Бејкер.Годинешното издание на Пролетните средби на групацијата на СБ и ММФ завршува денес.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Melburn-napad

Оружен напад пред дискотека во Мелбурн

Четири лица се повредени и веднаш хоспитализирани, од кои двајца се во тешка состојба при оружен напад во близина на дискотека во австралискиот град Мелбурн, соопшти локалната полиција.Западните медиуми, кои се повикуваат на полицијата од државата Викторија, објавија дека еден маж им подлегнал на повредите в болница. Тројца од повредените се на возраст меѓу 29 и 50 години.Првично полицијата соопшти дека во инцидентот, кој се случи во 03,20 часот утрово по локално време, се повредени голем број луѓе.– Според истрагата има голем број повредени лица на излезот од дискотеката, посочи полицијата- без да наведе детали за нападот.Засега нема информации дали станува збор за терористички напад.Полицијата, која моментно врши истрага, повикува сведоци и лица кои евентуално го снимиле напаѓачот да им се јават.

Свет | пред 6 години

6 год.
DSC07969-2

Филипче: Болницата во Кочани ќе стане регионален центар за ампутации

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, вчера ја посети општата болница со проширена дејност во Кочани. На средбата со стручниот колегиум од болницата, потенцираше дека оваа болница нема да се затвора и истите услуги кои досега беа давани ќе продолжат да се даваат на пациентите од Кочани и околните места.„Критикувани бевме дека ќе ја затвориме Општата болница Кочани, но не станува збор за затворање, туку за модел на нивно унапредување, каде за истите пари од Фондот ќе добиеме подобри услови за работа на здравствените работници и подобри услови за пациентите“, истакна министерот Филипче.Концептот за регионализација ќе донесе голем бенефит за жителите, а болницата во Кочани ќе стане регионален центар за ампутации, каде ќе се вршат ампутации на пациенти од целата држава.Министерот Филипче посочи дека концептот на јавно приватно партнерство ќе биде разгледан со вработените и по завршување на физибилити студиите, ќе се отвори широка јавна дебата. Дејностите ќе останат, а приватниот партнер би инвестирал во инфраструктурата.Според специјалностите во секоја установа, ќе се направи листа на дејности и регионализација. Со регионализација ќе се зајакнат капацитетите на точно утврдените дејности во секоја установа.На состанокот, министерот Филипче истакна дека нема да биде наметнато решение, нема да се затвараат болници, туку ќе се направи реорганизација, се со цел унапредување на здравствената заштита за нашите пациенти. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
avion-nepal-696x392

Mал патнички авион удри во хеликоптер, три лица загинаа

Најмалку три лица загинаа денеска, а четири се повредени кога мал патнички авион удрил во хеликоптер, кој бил приземјен на аеродром во регион на планината Монт Еверест во Непал.Несреќата се случила додека мал авион на компанијата „Самит Ер“ се обидувал да полета од местото Лукла кон Катманду. Авионот свртел на пистата и удрил во хеликоптер на компанијата „Мананг Ер“.Двете летала се сопственост на приватни компании кои превезуваат туристи и локално население до оддалечените области на Непал.

Свет | пред 6 години

6 год.
srbija-protesti

Демонстрантите од протестот во Белград порачаа - сакаме оставка од Вучиќ и слободни избори

Голем опозициски протест на ,,Еден од пет милиони” во Белград се одржа синоќа на кој се повториja барањaто за оставка на Вучиќ и обезбедување на услови за фер избори.Повеќето беа млади демонстранти – на возраст од 20-30 години, кои категорично се изјаснуваат дека повеќе не сакаат да живеат под режимот на претседателот Александар Вучиќ. Незадоволните бараа и оставки на премиерот Ана Бурнабиќ и на претседателката на парламентот Маја Гојковиќ.Жителите носеа многу пароли, вклучувајќи ги и оние на кои претседателот Вучиќ се изедначува со Адолф Хитлер, и севрнокорејскиот режим.Претставниците на протестот „Еден од пет милиони” порачаа дека се подготвени за разговор со надлежните органи и дека во следните денови ќе делегираат претставници за сите три предложени работни групи.Целта на организаторите на протестите е и да се покаже сила и масовност на демонстрациите, како и да го привлечат вниманието на меѓународната јавност.Додека демонстрантите зборуваа пред Собрание, внатре пратениците на СНС држеа стража за да не дојде до преземање на власта и насилен упад , како што велат од власта. Пратеницуите беа помогнати од силни полициски специјални единици кои влегоа во парламентот.Според Вучиќ, не треба да има начин да се отстапи пред како што тој вели насилството и фашизмот во земјата.

Свет | пред 6 години

6 год.
gruevski-1

Груевски: За да се признае туѓата вредност, треба да се има и сопствена

Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на Фејсбук напиша мудра мисла од Артур Шопенхауер, над споделен текст за СДСМ и објекти кои владеачката партија не ги ставала во употреба, поради како што се наведува фрустрации.„За да се признае туѓата вредност, треба да се има и сопствена“, напиша Груевски.https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10157299795142716?__xts__[0]=68.ARAJFMkz8tx5nTCySJmHIDQGPIF4tatrHujM02OmVM41OwvCitHE8rlj4wYz1ClYGU7biy9xjIZjH9hxjNl3BHWQkzB3aEswIRQVxtBXQ_2z2wW_3HqrRJBLFm45jNiq4W7tLYkIm-vt-M-XaUUPI6v0MwYpPcsORsaSHRgI7yVGD7rMkCjpg5ZdeIhtJzP15EjmkpKeUQQOlwq82BR4YCurLSgiR_PFzGMh0g7S8ZjSC4VISDbxfgQGhnV3FMfErDgYtYT9wOuktNXpZcFgi3r2l65BJcFiqji8Blo6VjvjTQfMMJRPQF3Pk8NnzilG8nWz-iMdZMoC7EPjyw&__tn__=-R   

Македонија | пред 6 години

6 год.
Capture-2

Сиљановска: Слоганот е „Правда за Македонија“, оти фокус групите го одбраа

Слоганот „Правда за Македонија“ е одбран врз основа на истражувања. Искрено јас не очекував, но најголемиот дел од фокус групите што беа анкетирани го одбраа ова и така мнозинството од оние кои одлучуваа рекоа дека ова е најсоодветното мото, вели претседателскиот кандидат Гордана Силјановска – Давкова, во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Таа зборува и за тоа како гледа на бегството на Груевски, за експертиските групи кои планира да ги формира, за одржливоста на Преспанскиот договор, барањата за аболиции.-Контрадикторноста може да ја барате во однос на ВМРО-ДПМНЕ, но јас и кога ме бираа на конвенцијата и кога ме избраа реков дека гревовите на ВМРО-ДПМНЕ се гревови на ВМРО-ДПМНЕ, јас сум непартиски човек ви благодарам што отворивте порта за мене, но јас себе се гледам како претседател на сите граѓани, а не претседател на членовите и на симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ. Самите тие кои отворија порта за некој кој ги критикувал на линија на која вие говорите за мене е демократски исчекор, вели Силјановска.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zoran-zaev-4-696x405

Заев: Не најдоа место за споменик на Борис Трајковски, поважен им беше Прометеј со гаќи или без

На вчерашниот митинг во Струмица се обрати и премиерот Зоран Заев, кој одговори на критиките на Христијан Мицкоски дека тој бил негативниот лик од Струмица, а позитивни биле само Горан Пандев и Борис Трајковски.-Од толку многу споменици во Скопје 2014 изградени од партијата што неа ја кандидира за претседател, не најдоа место за ниеден споменик на Борис Трајковски. И додека поважен им беше Прометеј со гаќи или без, многу порано оттогаш Зоран Заев со струмичани заедно подигна споменик на Трајковски, една година откога го изгубивме претседателот. На Горан Пандев на овој најголем плоштад во државата му поставивме ѕвезда затоа што заслужува, оти тој е нашата гордост,рече лидерот на владечката партија Зоран Заев.Н

Македонија | пред 6 години

6 год.
micko-mitingg-696x492

Мицкоски до бојкотирачите: Гласајте поради себе и своите семејства, гласајте поради Македонија

На вчерашниот масовен митинг на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на партијата Христијан Мицкоски испрати посебна порака на оние кои сакаат да ги бојкотираат изборите.-Сакам да се обратам до оние кои цврсто заговараат бојкот, а кои сепак во своите срца ја носат идејата за Македонија. Ние сме браќа и сестри по нашата кауза, и знам дека имате 1000 причини да бидете разочарани, повлечени, бесни, и не велам дека за се не сте во право, но ви се обраќам искрено, без ракавици, во име на организацијата со историско име и завет ВМРО, имате една причина зошто морате да излезете, таа се вика Македонија. Бојкотот на овие избори знаете дека му помага само на Заев, и тој потајно тоа го посакува и на тоа се надева, и на тоа работи. Некогаш треба да се биде молчалив и да се чека прилика кога треба да се биде гласен, ова е твое време. Сега треба да се биде гласен. Дојдете во нашето семејство, затоа што со нас имате многу повеќе заеднички работи, отколку со оваа однародена власт. Бесот нека не ви биде поголем од љубовта кон татковината, која знам дека длабоко во срцето ја имате. Дојдете заеднички да се бориме против ова зло. Излезете и гласајте, не барам да гласате поради мене или ВМРО-ДПМНЕ, гласајте поради себе и своите семејства. Гласајте поради Македонија, рече тој.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Zaev-i-Pendarovski

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Пендаровски се синоним за политичари без кичма

Зоран Заев и Стево Пендаровски се вистинскиот проблем за Македонија. Со нив државата две години реди само неуспеси, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Заев и Пендаровски се срамат да кажат дека Македонците кои живеат во Грција зборуваат македонски јазик.Заев и Пендаровски се срамат од македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“. Страв им е да се чуе дека Македонците се борат за своите правдини. Тие се синоним за политичари без кичма. Тие се класична копија на слугите од македонските народни приказни кои понизно и со наведната глава прифаќаат се.Се што ветија Зоран Заев и Стево Пендаровски излажаа. Ги излажаа родителите на убиените кај Смилковско езеро. Додека тие плачат, убијците се шетаат на слобода. Излажаа и за Никола Младенов. Си играа со чувствата на граѓаните. Ги манипулираа граѓаните само за да дојдат на власт, не мислејќи ма последиците.Заев и Пендаровски излажаа и дека во јуни ќе почнеме преговори. Сега кога веќе е очигледно дека нема да добиеме, сам Заев призна дека не му рекле дека ќе добиеме во јуни, туку дека можеби ќе добиеме. Ова е срамно и недозволиво. Премиерот призна лажел, а за тоа нема последици.Лагите и криминалот мора да запрат. Македонија нема потреба од нов Зоран Заев. Македонија има потреба од чесен и искрен претседател, кој ќе работи за државата и граѓаните. Гласот за Гордана Сиљановска Давкова е глас за Македонија. Правда за Македонија. Татковината повикува“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
siljanovska-pendarovski-reka

О2 Иницијатива со трибина на еколошки теми со претседателските кандидати

Граѓанското здружение О2 Иницијатива, денес организира трибина насловена „Деградација на животната средина – Закана по националната безбедност“, на која ќе учествуваат тројцата кандидати на престојните претседателски избори.Дискусијата ќе почне од 15:30 часот во Јавна соба.„Оваа трибина има за цел да го постави прашањето на загадувањето и грижата за животната средина на агендата за следните 5 години, и да ги искористи надлежностите, но и кредибилитетот на претседателот/претседателката во неговото решавање. Тројцата претседателски кандидати ќе имаат можност да ги изложат своите ставови, видувања за одбраната на националните интереси, заштита и унапредување на животот и на здравјето на граѓаните и заштита и унапредување на животната средина, во 21 век, одлуката на претседателот да предложи вонредна состојба при големи природни непогоди, кои се во сè поголеми размери и позачестени како резултат на климатските промени, начинот на учество на дел од Армијата во кризна состојба, како поддршка на полицијата, шумската полиција… Исто така ќе се постави и прашањето на деградација и уништувањето на животната средина и на еколошките потенцијали, природните непогоди, индустриските несреќи од поголем обем, како закани и ризици по националната безбедност“, најавуваат организаторите.Од О2 Иницијатива информираат дека присутните на трибината ќе можат да им постават конкретни прашања на претседателските кандидати, додека нема да бидат дозволувани прашања надвор од темата.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Ако има избори на 21 септември (сабота), само Чавков и компанија би гласале, се вели на Твитер

Лавина реакции на социјалните мрежи предизвика новиот лапсус на кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова која вчера на централниот митинг во Скопје во еден наврат го утна датумот и ги повика граѓаните да гласаат на 21 септември.https://twitter.com/CorbadziJa/status/1117227337773453312?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1117227337773453312&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Ftviter-zovre-za-noviot-gaf-na-sil-anovska-ako-mozhe-branko-na-15-septemvri-zoshto-ne-bi-mozhela-goga-na-21-septemvri%2Fhttps://www.facebook.com/bojan.vasilevski/posts/10155994872376759https://twitter.com/Vlayo/status/1117160993853976578?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1117160993853976578&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Ftviter-zovre-za-noviot-gaf-na-sil-anovska-ako-mozhe-branko-na-15-septemvri-zoshto-ne-bi-mozhela-goga-na-21-septemvri%2Fhttps://twitter.com/Skala_Mandar/status/1117198694632361991?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1117198694632361991&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Ftviter-zovre-za-noviot-gaf-na-sil-anovska-ako-mozhe-branko-na-15-septemvri-zoshto-ne-bi-mozhela-goga-na-21-septemvri%2Fhttps://twitter.com/Mijakott/status/1117166561012461568?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1117166561012461568&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Ftviter-zovre-za-noviot-gaf-na-sil-anovska-ako-mozhe-branko-na-15-septemvri-zoshto-ne-bi-mozhela-goga-na-21-septemvri%2Fhttps://twitter.com/Mijakott/status/1117175712291672065https://twitter.com/MPrlichka/status/1117178060082749440https://twitter.com/milicka9/status/1117192459568734209https://twitter.com/18SheSaid/status/1117230709079445505https://twitter.com/vladnik55/status/1117247401151148032https://twitter.com/milicka9/status/1117307795420790784https://twitter.com/Blau_Wagen/status/1117121700183801856https://twitter.com/mojokilington/status/1117158728900464641https://twitter.com/maddddddddog/status/1117163536743059456

Магазин | пред 6 години

6 год.
56-1

Силјановска со нов гаф: Треба да се излезе на 21 септември

Кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова, на вчерашниот централен митинг пред владата на Република Македонија, повторно направи лапсус и ги повика граѓаните да излезат на гласање на 21 септември, наместо април.– Мора да ставиме крај на оваа состојба. Затоа треба да се излезе на 21 септември. Но нешто друго е уште поважно. За длабоки реформи не е доволно да се пбоеди само на претседателски избори, треба да се отвори портата за предвремени парламентарни избори – рече Силјановска.https://twitter.com/VidanaDeSign/status/1117169143663476741

Македонија | пред 6 години

6 год.
1-2-2

Централен митинг на Пендаровски во Скопје

Централниот митинг на кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, ќе се одржи денес во Скопје во 14 часот пред зградата на ЕУ Инфо Центар.Поради тоа скопската сообраќајна полиција ќе воведе посебен сообраќаен режим на градските сообраќајници.Поради маршот организиран од политичката партија СДСМ, чиј почеток е закажан за 12.30 часот, за сообраќај ќе бидат затворени улиците по кои ќе се одвива настанот.Од МВР соопштуваат дека блокадата ќе почнува од Соборниот храм, потоа право по булеварот Партизански одреди, десно по улицата Васил Главинов, па лево по улицата Димитрие Чуповски и право до крстосницата помеѓу улицата 11 Октомври и булеварот Кочо Рацин.Потоа, пред МТВ и МАНУ право по булеварот Крсте Петков Мисирков, право по булеварот Кочо Рацин до крстосницата со улицата 11 Октомври, како и пред Транспортен центар право по булеварот Кузман Јосифовски – Питу, лево по булеварот Кочо Рацин до крстосница со улицата 11 Октомври.Исто така, ќе биде затворена делницата од Тутунскиот комбинат право по улицата 11 Октомври до крстосницата со булеварот Кочо Рацин, како и од крстосницата помеѓу булеварот Кочо Рацин и улицата Беласица право по булеварот Кочо Рацин, десно по улицата Свети Кирил и Методиј до седиштето на ЕУ, каде што во 14 часот ќе се одржи митинг.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Облачно со локален пороен дожд и грмежи

Времето во земјава и денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, особено попладне во западните и јужните делови.Утринската температура ќе се движи од два до девет степени, а дневната температура од девет до 19 Целзиусови степени.Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе достигне до седум степени, а дневната температура до 17 степени.До вторник ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, а во попладневните часови процесите локално ќе бидат поинтензивни со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од среда условите за нестабилност ќе се намалат, па ќе преовладува посончево и потопло време.

Македонија | пред 6 години

6 год.
izjava-zaev.Still090-2

Осумте пратеници почнале да делат функции во идната коалициона Влада

Пратеници од Охрид почнале да делат функции во идната „пост изборна“ Влада во која ќе бидат дел, дознава „Скопје1.мк“.Како што дознаваме директорски места, места на секретари во министерствата но и обични работни места се нуделе на членови на ВМРО ДПМНЕ, пред се на членови во комитетот во Охрид кои се сега активни во овој состав на комитетот, а биле активни и во време кога со комитетот раководеше пратеникот Љубен Арнаудов, кој сега е дел од т.н. „Осум пратеници“.АКТИВНО РАБОТАТ ЗА ПЕНДАРОСКИ И КОНСТАНТИНИнаку осумте пратеници ( или барем дел од нив ) се вклучени и во изборните активности. Во Охрид активно работат на страната на СДСМ и за локалните и за претседателските избори, нудејќи работни места и директорски места, но и позиции во идната коалициона Влада на членови на ВМРО ДПМНЕ.ПОВРЗАНИ ВЕСТИ :  ВИДЕО: Мукоски и Арнаудов со непознати лица “пребаруваа” низ гепек од џипСе разгледува ново мнозинство на СДСМ со 8-те пратеници, БЕСА и Алијансата„Скопје1.мк“ прв објави дека се подготвува вградување на т.н. „Осум пратеници“ во владината коалиција, а само неколку дена потоа во Охрид од наша страна беа фотографирани Љубен Арнаудов и Крсто Мукоски во друштво на лица позиционирани во МВР, а блиски до СДСМ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zdrebe-1

(ВИДЕО)Научниците оживуваат животно старо 42.000 години

Тим на руски и јужнокорејски научници се обидуваат да оживеат животно старо 42.000 години пренесува Daily Mail . Научниците велат дека се убедени дека ќе успеат да ги извадат клетките од стар фосил на ждребе од изумрен вид, со цел да го клонираат и да го вратат во живот.„Истражувачите се сигурни во успехот на проектот, обидите ќе траат до крајот на април”, изјавил извор од Североисточниот федерален универзитет во Јакутск, најстудениот град на светот кој е домаќин на овој проект, пренесува “Siberian Times”.Ова лесно ждребе, старо најмногу две недели кога угинало, е сочувано во речиси совршена состојба во сибирскиот пермафрост – состојба на вечен снег и лед – цели 42.170 години, тврдат научниците.Овој обид да се обнови одамна изумрена врста на коњ би помогнала и во подоцнежните обиди за оживување на џиновскиот волнен мамут. 

Магазин | пред 6 години

6 год.
stoilovv

(ФОТО) Столе си се пошегува на своја сметка

Македонската ракометна селекција во рамки на квалификацискиот меч за пласман на ЕП 2020 на гостински терен славеше против Исланд со 33-34. Разочарувањето кај домаќините беше големо, по што нивното крило Арнор Гунарсон изјави:„Нивниот пикер (Стоилов) сигурно има околу 140 килограми, па кога ќе прими топка е невозможно да се чува. Нашата лоша одбрана вечерва беше кобна. Иако знаеме дека ќе биде тешко одиме по реванш и победа во Скопје“, изјави Гунарсон.По оваа изјава нашиот репрезентативец си се пошегува на своја сметка.  Тој на социјалните мрежи ја сподели статијата на Gol.mk со модифицирана слика со што се пошегува и му одговори на противникот.

Спорт | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања