Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Слабата посетеност на митингот на ВМРО-ДПМНЕ потврдува дека граѓаните не сакаат блокади, кочење и враќање назад

Вечерашната слаба посетеност на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје е уште една потврда дека граѓаните не скаат блокади, кочење и враќање назад, велат од СДСМ.„Граѓаните се за напредок, сигурна и стабилна иднина во НАТО и ЕУ, за концептот на Стево Пендаровски.Затоа поддршката за Пендаровски секојдневно расте, а тоа го потврдуваат и сите релевантни анкети.На 21-ви април граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски за претседател.Заедно напред!“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
551_6

Утре ќе се организира „Жив ѕид пред рудникот на смртта“

Иницијативата „Младите на Штука-Иловица против рудникот на смртта“ утре од 12 часот кај браната над Иловица организира пикник, односно собир под името „Жив ѕид пред рудникот на смртта“.„Предолго трае оваа борба против еко-геноцидната опасност за Струмичката Котлина. Предолго се толерира една странска компанија која го дестабилизира регионот, служејќи се со бескрупулозни манипулации. Предолго се одолговлекува конечното решение. Предолго се замижува пред ужасните последици кои ќе ги предизвика рудникот. Предолго се калкулира со нашите судбини. Доста беше. Овојпат нема да правиме Протестен марш или собир. Овојпат ќе се собереме на релаксирано, рекреативно пикник-дружење, во опуштена атмосфера, за да покажеме дека не сакаме ни да помислиме за можноста рудникот да се отвори. Токму таму каде што рудникот би создал отровна пустелија, ние ќе се собереме да уживаме во убавината на природата“, велат од иницијативата.На прекрасната локација на Иловичкото езеро, всушност ќе прослават, бидејќи, велат тие, сопирањето на рудникот е само прашање на време. Потенцираат дека масовното присуство на пикникот ќе ја забрза конечната одлука.„Тоа е клучната порака од овој собир – масовноста. Тоа ќе биде симболичниот ‘Жив Ѕид’, преку кој нема да може да помине никој и ништо. Тоа ќе биде порака дека, доколку е потребно, во иднина симболичниот Жив Ѕид ќе се претвори во Жив Бедем пред смртоносната опасност од рудникот. Нека мислат тие што треба да мислат. Ние немаме намера да се селиме од нашите домови, никогаш и под никакви услови. Ние ќе живееме овде како што живееле нашите претци со векови. Никој не може да помине преку ‘Живиот Ѕид’ на народната волја. Затоа, дојди. Биди дел од ‘Живиот Ѕид’. Дружи се со нас. Облечи маица со нашиот слоган. Кажи го твоето мислење на говорницата. Сакаме да те видиме и чуеме. Ти си ни важен/важна. Заради тебе е сето ова. И заради твоите деца. Биди со нас во отпорот. Заедно да го го зададеме последниот удар. Во недела, да завршиме со рудникот на смртта засекогаш. СТОП!“, се вели во повикот на „Младите на Штука-Иловица против рудникот на смртта“.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Screenshot_12

Таткото на избодениот Филип: Му посакувам на судијата никогаш да не го почувствува тоа што јас го почувствував

Мерки за обезбедување присуство им одреди судија на лицата А.Ц. и Ј.Ц, кој постапуваше по предлогот на Основното јавно обвинителство – Скопје за определување мерка притвор против двете лица, кои се осомничени за кривично дело тешка телесна повреда од член 131 став три од Кривичниот законик.-Прочитав вчера дека судијата не одреди мерка притвор на лицата што се обидоа да го убијат мојот син Филип Филиповски, Замислете на син ми му извадија бубрег, слезина, изгуби 2 литри крв, лекарите после операцијата ми соопштија дека шансите да преживее се 50-50 и сето тоа не беше доволно на „СУДИЈАТА“ да определи мерка притвор. Очекувам дека КРИВИЧНИОТ СОВЕТ ќе ја исправи неправдата и лицата што се обидоа да му го одземат животот на мојот син ќе ја добијат заслужената казна – се огласи таткото на Филип, Гоце Филиповски.https://www.facebook.com/goce.filipovski.3/posts/3161485247210841Тој бесен на одлуката на судијата кажа дека очекува дека Обинителството ќе побара од Кривичниот совет да се притворат сторителите.-Тоа што нема притвор искрено и беше очекувано, сепак позицијата на родителот влијаела на „СУДИЈАТА“. И покрај одлуката на „СУДИЈАТА“ му посакувам никогаш да не го почувствува тоа што јас го почувствував чекајќи пред операционата сала 4 часа, исчекување дали ќе си го видам детето повторно живо, болката господин „СУДИЈА“ е страшна, органите ги загуби засекогаш и мора останатиот дел од животот да се бори, за разлика од него сторителите претпоставувам си уживаат во нормалниот живот здрави и среќни. Очекувам дека ОБВИНИТЕЛСТВОТО ќе побара од Кривичниот совет да се притворат сторителите – напиша Филиповски.https://www.facebook.com/goce.filipovski.3/posts/3161499663876066

Македонија | пред 6 години

6 год.
uploads_thumbs_resize_800x420_372765

Филипче: За морбилите е крива претходната влада

Епидемијата на морбили е резултат на падот на колективниот имунитет, поради катастрофалните политики на претходната влада и негрижата за здравјето на граѓаните. Доколку не прогласевме епидемија, сега државата ќе беше парализирана од огромен број на заболени лица. Не сум му понудил оставка на премиерот, одговори денеска министерот за здравство Венко Филипче.-Приближно 12.000 илјади деца се вакцинирани од 16.000 невакцинирани деца во градот Скопје. Родителите ги почитуваат препораките на Министерството за здравство и голем е одѕивот за вакцинација. Никој нема право да го загрозува јавното здравје, ниту пак некој со своја волја има право да го загрозува правото детето да биде здраво, напиша Филипче на социјалните мрежи.

Македонија | пред 6 години

6 год.
56-1

Силјановска: Да покажаме дека фактот што ние жените работиме три пати повеќе од мажите, не направил три пати посилни

Кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на вечерашниот митинг пред Владата порача дека на татковината и треба жена за претседател.-Македонија има убаво име, во женски род и не и треба придавка. На татковината и треба жена, јасно е зошто. Зашто ние имаме потежок живот од мажите, треба да докажуваме дека сме добри професорки, покрај добри мајки. Сега дојде времето да ги покажеме способностите, не само човечките, туку и женските. Владата има само четири министерки, каква родова рамноправност. Само шест од нивните градоначалници се жени. Потребни се радикални промени. Дојде време да покажеме дека фактот дека работиме три пати повеќе од мажите не направил три пати посилни. Сега таа сила ќе и ја вратиме на Македонија, рече Силјановска.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Албанија гори: Демонстранти фрлаат боја по Владата и димни бомби во Тирана

Обединетата албанска опозиција, предводена од Демократската партија,вечерва пред Владата во Тирана го одржува третиот „национален протест“ со барање заминување на премиерот Еди Рама и формирање преодна Влада која ќе спроведе предвремени парламентарни избори.Пред Владата се насобрани илјадници приврзаници на опозицијата и незадоволни граѓани, кои во очекување партиските лидери веќе почнаа да фрлаат димни бомби и боја врз објектот. Преку мегафон постојано се апелира до присутните да ја зачуваат ладнокрвноста.На протестот учествуваат и жителите од населбата „Астир“ чии домови треба да бидат урнати поради изградбата на големата обиколница во Тирана. Тие носат голема парола на која пишува „Влада на криминалот“.Вечерашнот е девети по ред протест на опозицијата,шесте ги одржа пред Парламентот.Поради дождливото време распределени беа чадори на кои пишува „Рама оди си“.За безбедноста се ангажирани над 1.500 припадници на полицијата,кои носат и гас маски, има четири цистерни со вода за да во случај се обидат протестантите да влезат во објектот да бидат употребен водени топови, а на повисоките објекти може да се забележат и снајперисти.Различно од претходните протести не е само почетокот на протестот во доцните попладневни часови, туку поставената бина,од која се обрати лидерот на Демократската партија,Љуљзим Баша.Според полицијата, опозицијата има дозвола протестот да трае до полноќ.

Свет | пред 6 години

6 год.
c3

Пендаровски во Радовиш: Да продолжиме заедно, да го заокружиме бројот 3 за европска иднина за сите нас

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, денеска учествуваше на граѓанска трибина во Радовиш, каде со граѓаните разговараше на повеќе актуелни теми меѓу кои и претстојните претседателски избори.- Вратите сега ни се отворени. Ако минатата беше година на евроинтеграциите, оваа и наредните се години на економија и подобрување на стандардот. Доста се бавевме со историјата, немаме време за чекање, затоа знаете дека на 21 април и на 5 мај треба сте заедно да го заокружиме бројот 3. Претходната власт и фамилијата, не уназади и опљачка. 2016 година не почнавме од нула, туку од минус рече Пендаровски.Пендаровски подвлече дека тој и концепотот што тој го застапува пред себе имаат една единствена цел, а тоа е како да се живее подобро, како да се направи младите да не заминуваат надвор од државата. Последната година и пол направени се тешки компромиси, но, посочи Пендаровски, беа нужни, за нашата држава да тргне кон Европа и развиениот свет.- За НАТО е веќе речиси завршена работата и нема веќе дилеми дали ќе ја биде нашата земја. Имаме гаранција за безбедноста, суверенитетот и интегритетот. Со почетокот на преговорите со ЕУ се отвораат бројни можности за младите да продолжат да работат и живеат тука, порача Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
56

Во Франција 680.000 луѓе возат без возачка дозвола

Во Франција 680.000 луѓе возат без возачка дозвола, а во повеќето случаи причина е цената за полагање возачки испит, пишува денеска весникот „Паризиен“.Весникот додава дека тој број двојно се зголемил во последните десет години и покрај ригорозните казни.Повикувајќи се на податоци од надлежните органи, оние кои возат без дозвола сочинуваат 1,4 отсто од сите возачи, но 4,5 проценти од тие луѓе без дозвола се вклучени во сообраќајни несреќи со смртни последици.Околу две третини од возачите без дозвола се оние кои не полагале испит бидејќи наведуваат дека не можат да издвојат пари. Просечната цена за возачки испит е 1.500 евра.Една третина жители без возачка дозвола се оние на кои им е одземена поради прекршок.Доколку возачот во текот на рутинска контрола биде фатен без дозвола, паричната казна изнесува до 15.000 евра, а возилото може да биде одземено на самото место, ако возачот не е сопственик. Доколку возачот без дозвола изврши прекршок, казната може да биде уште поголема, до две години затвор или 30.000 евра.

Свет | пред 6 години

6 год.
jove-hagievski-1-696x850

Психологот Хаџиевски: Немав намера да ги навредам децата со Даунов синдром

Психологот Јове Хаџиевски преку својот Фејсбук профил се извини за објавата на слика на премиерот Зоран Заев со деца со Даунов синдром над која напиша „Конечно во друштво со интелектуално рампноравни на себе“ и рече дека тоа било во „погрешен контекст“.-Мало објаснување:Намерата не ми беше да ги омаловажувам децата со даунов синдром, туку да укажам на тоа како некој не бира ништо, па дури и децата со даунов синдром за да добие политички поени.Јас сум работел со деца со даунов синдром и знам колку се тие емоционално топли и мили.Но, во постот тие не беа цел, туку политичарот кој ги користи во свои себични политички цели.Немам намера да се правдам … затоа и реков … намерата беше друга, очигледно контекстот што го одбрав беше погрешен.ЈАС ЈАВНО СЕ ИЗВИНИВ!!!Политичарот тоа нема да го направи!!!, напиша Хаџиевски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
reka

За Река донирале само БЕСА и Алијанса за Албанците

За кампањата на независниот претседателски кандидат, Блерим Река, во периодот од 26 март до 10 април, имало донации само од двете политички партии кои го поддржуваат, БЕСА и Алијансата за Албанците.Тие во овој период заедно донирале околу 1.100.000 денари. Донации од граѓани нема.Целиот извештај за приходи и расходи можете да го погледнете ТУКА.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Filip-filipovski-policaec-

Претепаниот полицаец Филиповски: Таа вечер беше брутална и крвничка

Животот ми го променија целосно – заслужуваат казната да ги стигне, таа вечер беше брутална и крвничка, вели за ТВ 24 полицаецот Филип Филиповски кој беше прободен со нож во дискотека на 23-ти март во скопско Марино.За првпат по 22 дена, од кои 11 ги помина во болница полицаецот Филип Филиповски проговори јавно и опиша како бил нападнат од браќата Александар и Јордан Цветковски, инаку синови на екс- градоначалникот на Петровец и актуелен советник во МВР, Звонко Цветковски.Целиот прилог можете да го погледнете ТУКА.

Македонија | пред 6 години

6 год.
ali-ahmeti

Ахмети: Гласот за Пендаровски е глас за поддршка не само на Албанците, туку и на сите граѓани

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети пред жителите на Општина Кичево посочи дека поддршката за заедничкиот консензуален кандидат не оди само во поддршка на граѓаните Албанци, туку на сите граѓани, а пред се во корист на самата држава, затоа што ова држава има иднина само со добра и транспарентна иднина помеѓу двете партии кои имаат легитимитет.-Не треба да ги замориме луѓето со патриотизми без поткрепа, помина тоа време, сега е времето на материјализам, времето на инсталирање на вредности, владеењето на правото, реформи во судството, напредна економија, квалитетно здравство и образование и подобри услуги, поспремна јавна и државна администрација, бидејќи само вака се оди во Европа. Не се спречува миграцијата и амбициите за подобра иднина ако се занимаваме со празни фрази, со патриотизам на кој веќе му помина времето. Ако сакаме да живееме и да работиме во ова земја, да ги инсталираме и да работиме на овие вредности бидејќи Европа е пред нашата врата, рече меѓу другото Ахмети.Министерот за економија Крешник Бектеши истакна дека му даваат предност на новиот концепт што го инсталира ДУИ и лидерот Ахмети и врз база на овој концепт, како што рече, функционираа и ЕУ и НАТО.

Македонија | пред 6 години

6 год.
siljanovska-davkova

Силјановска на Фејсбук: Ако сакате да ја прочитате мојата програма коментирајте „2 за Македонија“

Кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова денеска на својата официјална Фејсбук страница објави дека нејзината програма е подготвена и секој кој сака да ја прочита, да искоментира на нејзината објава „2 за Македонија“.-МОЈАТА ИЗБОРНА ПРОГРАМА Е ПОДГОТВЕНА! АКО САКАТЕ ДА ЈА ПРОЧИТАТЕ ЦЕЛАТА, ВО КОМЕНТАР НА ОВОЈ ПОСТ, НАПИШЕТЕ „2 ЗА МАКЕДОНИЈА”…, напиша Силјановска.„Бидејќи безбедноста е во надлежност на Претседателот планирам да сугерирам:Нѐ прави небезбедни подеднакво како што нѐ прави небезбедни воен напад или непогода.• Измени за прагот на информирање за ПМ10-честичките да биде 50 микрограми на метар кубен• Измени за прагот на алармирање за ПМ10-честичките да не биде повисок од 70 µg/m3• Во Советот на безбедност ќе формирам работно тело за загадувањето како безбедносна закана, кое, доколку властите (локалната и централната) не преземаат мерки против загадувањето, ќе предлага донесување на одлука за прогласување на вонредна состојба до Собранието• Стратегија за одбрана да ги опфаќа и климатските промени и нивното влијание на националната безбедност со оглед на ризиците од деградација и уништувањето на животната средина, на еколошките потенцијали и природните непогоди;Мојата изборна програма е подготвена!Ако сакате да ја прочитате целата, во коментар на овој пост, напишете „2 за Македонија”…“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

6 год.
venko_filipce

Филипче за Скопје1.мк: Не поднесов оставка !

Минситерот за здравство Венко Филипче во изјава за Скопје1.мк изјави дека информациите дека поднел оставка се лажна вест.„ Не е точно дека сум поднел оставка. Слободно цитирајте ме на порталот. Оставка не поднесов и нема да поднесам !“ изјави Филипче за Скопје1.мкПовеќе медиуми во земјава пренесуваат тврдење дека после вчерашната трагедија на штипјанката која го загуби своето неродено бебе во шеститот месец од бременоста, како последица на епидемијата од морбили, министерот Филипче разговарал со премиерот Заев и му понудил оставка од морални причини, вест која Филипче категорично ја демантира.

Македонија | пред 6 години

6 год.
grabez_zz_na_bulevaar

Насилник одзел чанта од Скопјанка со пари и картички

На 13.04.2019 во 03 часот Л.Н (53) од Скопје пријавила дека на ул.„Филип Втори Македонски“ непознат сторител со употреба на сила и одзел чанта во која имало пари и картички.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
70D44252-EDB4-48D5-B149-F8AC2C99F6F3

СДСМ: Финансискиот извештај на Сиљановска не дава реална слика за трошоците

Од она што може да се види од објавеното на интеренет страницата на Државната изборна комисија финансискиот извештај на Гордана Сињановска е внесен во несоодветен образец, велат од СДСМ.„Финансиските извештаи треба да се подготват и да се внесат врз основа на Образец пропишан од Министерство за финансии, објавен во Службен весник број 65/19  од 29.03.2019 година.Оттука, вака подготвен и внесен во несоодветен образец, извештајот на Сиљановска не дава реална слика, затоа што има оромен дел на нереализирани побарарувања, неколкукратно поголеми од прикажаните трошоци.Во ваква форма финансискиот извештај не може да се споредува со оној на претставниците на групата избирачи на кандидатот за претседател Стево Пендаровски кој е внесен во соодветен образец, прецизен, реален и со точно наведени ставки кои што ја даваат објективната слика и граѓаните можат да имаат комплетен увид“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Teatar-Komedija

Гасен пиштол, револвер и електрошок украдени од Театар Комедија

На 11.04.2019 во ПС-Центар од страна на Национална  установа-Театар Комедија пријавено е кражба на гасен пиштол, револвер  и електрошок, што се употребувале во претстави.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
mobilen-telefon

Ученик споделувал компромитирачки фотографии од соученичка

На 11.04.2019 во СВР Куманово 38-годишна жена пријавила дека од училиштето каде учи нејзината малолетна ќерка била известена дека ученик во училиштето споделува компромитирачки фотографии од нејзината ќерка.Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
uploads_thumbs_resize_800x420_372765

Филипче: Ја подигнуваме свеста за дарување коскена срцевина

Во организација на Клиниката за хематологија и во соработка со Здружението за Хематологија и Институтот за имунологија и хумана генетика при УКИМ „Медицински факултет“ - Скопје, со поддршка на Министерството за здравство на Република Северна Македонија, на 12 и 13 април 2019 година се одржи првата работилница за трансплантација на коскена срцевина во Република Северна Македониjа, со наслов „Идни прерспективи и предизвици“.На работилницата се одбележа почетокот на кампањата, насловена „Be Someone Marrow“ или „Биди срцевина, биди херој“, која ја спроведува Клиниката за хематологија, во соработка со Институтот за имунологија и хумана генетика при УКИМ „Медицински факултет“ - Скопје и Министерството за здравство.Целта на оваа кампања е да се подигне свеста за хуманост, промовирање на солидарноста и засилување на можноста донаторите да се запишат во националниот дарителски регистар. Дарувајќи коскена срцевина, секој да може да спаси човечки живот.- Трансплантација на коскена срцевина, како тераписка метода за пациентите со малигни хематопоетски заболувања, беше воведена во земјава во 2000 година, а до денеска се реализирани повеќе од 500 интервенции, од кои 57 во 2018 година, а во првото тримесечје од 2019 година извршени се 20 трансплантации за коскена срцевина. Минатата  година ќе остане забележана во историјата на Клиниката за хематологија како година во која за првпат се воведе, и оттогаш успешно ја спроведува најсложената и најсофистицираната тераписка процедура во современата медицина, несродната трансплантација на коскена срцевина, изјави министерот доц. д-р Венко Филипче.Тој додаде дека одобено го радува фактот дека во јануари годинава успешно се изведе и првата несродна трансплантација кај 13 годишно момче со апластична анемија.Клиниката за хематологија потпиша Меморандум за соработка со Универзитетската Клиника за детски болести - Скопје, со што почнаа со изведување на алогени трансплантации, сродни и несродни трансплантациии кај деца постари од 3 години.Од почетокот на годинава изведени се и три полуидентични трансплантации , интервенција што недостигаше во спектарот на услуги од областа на трансплантацијата.- Изедначувањето на стандардите во примената на различни видови трансплантација на коскена срцевина, не само кај возрасни туку и кај деца,  е големо остварување за нас не само како експерти, туку и како медицински центар од нашата држава кој застанува рамо до рамо со најреномираните во Европа и пошироко. Потврда за нашиот досегашен успех е обезбедено присуство на нашата работилница од околу 60 учесници, водечки експерти од областа на трансплантцаијата во регионот и светот. Покрај тоа, во оваа прилика ја стартуваме националната кампања од  исклучителна важност со наслов „Be Someone Marrow” или „Биди срцевина, биди херој“, истакна д-р Ирина Пановска, директор на Клиниката за Хематологија.Како сублимат на сите зафати кои успешно се реализирани на Клиниката за хематологија организирана е оваа работилница.На работилницата учествуваа говорници кои се водечки експерти од областа на трансплантацијата во регионот и светот: Мохамед Мохти, Кристина Петерс, Радован Врховац и Матијаж Север.

Македонија | пред 6 години

6 год.
b10

Пендаровски: Во мојот Кабинет ќе има советничка за родова еднаквост

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, денеска учествуваше на граѓанска трибина со жените под мотото „Еднакви“.Жените, рече Пендаровски, мора активно да бидат вклучени во секое поле од општественото живеење и ова ќе биде негова заложба како иден претседател.- Ќе назначам посебна советничка за родова еднаквост и промоција на учеството на жените во политиката. Како што веќе најавив ова ќе биде еден од моите први 8 проекти, најавени за првите 8 месеци“, рече Пендаровски.Само еднакво општество, посочи Пендаровски, може да е вистински правично, силно и напредно. Ова е цел кон која треба секој ден и сите заедно да работиме. Се заложив за заштита на  сите девојки и жени кои се уште се соочуваат со родово базирано насилство, кои се уште немаат еднаков пристап до образование, работа, здравство.- Мора да создадеме услови за секоја жена да има еднаков третман и услови за развој и напредок, порача Пендарвоски.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања