Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
siljanovska-pendarovski

Силјановска: Да си ни жив и здрав, драг Стево

Кандидатката за претседател, Гордана Силјановска, преку својот профил на „Твитер“ му го честита роденденот на противкандидатот Стево Пендаровски.„Упатувам искрени честитки до колегата Пендаровски за неговиот роденден! Да си ни жив и здрав, драг Стево!“, напиша Силјановска-Давкова.

Македонија | пред 6 години

6 год.
44937-woman-sitting-alone1200u.1200w.tn_

Простете си себеси за сите моменти кога заборававте колку вредите…

И самите сте свесни за тоа дека простувањето е многу важно за да продолжите понатаму во животот. Со време, научивте дека тоа е единствениот начин навистина да се ослободите себеси. И постојано им простувате на оние кои ви згрешиле. И прифаќате извинувања кои никогаш не сте ги добиле, затоа што сте добра личност која не може долго да држи лутина.Но, што е со вас? Зошто самите не се однесувате така кон самите себе? Зошто држите лутина кон самите себе? Зошто не можете да најдете сила да си простите себеси? Затоа што тоа е токму она што треба да го направите!Време е да си простите за моментите кога дозволувавте да ви го скршат срцето. Време е да си простите за моментите кога прифаќавте помалку отколку што заслужувавте. Затоа што барем сега знаете што не сакате во животот. Простете си себеси за тоа што сте дозволиле погрешни луѓе да влезат во вашиот живот.Простете си за сите втори шанси кои сте им ги дале на луѓето. Простете си што не сте научиле од грешките. Простете си себеси за сите моменти кога сте молеле за љубов и внимание, за сите моменти кога сте дозволиле некакви кретени да направат да се чувствувате лошо и да ви ја нарушат самодовербата.Простете си за моментите кога сте трчале по некои луѓе. За сите непроспиени ноќи кога се обидувавте да сфатите што сакаат луѓето од вас. Простете си себеси за сите моменти кога сте се надевале дека тие ќе се променат и ќе бидат подобри луѓе. За сите моменти кога се обидувавте да ги спасите луѓето кои не сакале да бидат спасени.Простете си себеси што сте давале повеќе отколку што сте добивале. Простете си за сите моменти кога сте сакале некого повеќе отколку што сте се сакале себеси и за сите моменти кога не сте се ставале себеси на прво место. За тоа што потребите на другите секогаш сте ги ставале пред своите.Престанете да се обвинувате себеси за сите моменти кога не се сте се ценеле себеси и за сите моменти кога сте дозволувале другите лошо да се однесуваат кон вас. Простете си за сите моменти кога заборававте да ја видите сопствената вредност.Наместо тоа, бидете горди на тоа што секогаш сте оделе низ животот со отворено срце. Бидете горди на тоа што секогаш сте внимавале на туѓите чувства и никогаш намерно не сте повредиле никого!

Магазин | пред 6 години

6 год.
happy-man

12 работи кои му штетат на вашето ментално здравје

Менталното здравје е подеднакво важно како и физичкото. Нашата психичка состојба влијае и врз нашето физичко здравје, врз нашиот успех и врз односите со другите. Во време кога депресијата е психичка состојба која редовно се јавува кај луѓето, мораме да преземаме мерки за да се заштитиме од негативните влијание. Погледнете што се негативно влијае на вашето ментално здравје и ослободете се од негативните влијанија.1. Одите подгрбавеноИако малкумина знаат за ова, сепак начинот на кој се движиме може многу да влијае на нашето расположение. Истражувањата кои биле правени покажале дека луѓето кои оделе згрбавено биле поподложни на негативни расположенија, за разлика од оние кои оделе исправено кои биле повесели. Воедно тие што оделе позгрбавено често имале навика да се сеќаваат и мислат на негативни работи, додека оние кои оделе исправено имале попозитивни мисли. Затоа, главата горе, рамената назад и одете исправено!2. Постојано сликатеБлагодарение на Инстаграм и паметните телефони, навикнати сме постојано да сликаме и да правиме што е можно поубави слики. Но, едно истражување покажало дека ние речиси и не ги паметиме моментите кога ги сликаме. Истражувањето се состоело во набљудување на луѓе додека се во музеј и потоа интервјуирање на оние кои постојано сликале и оние кои не сликале. Луѓето кои сликале речиси воопшто и не се сеќавале на сликите и статуите кои ги сликале за разлика од оние кои не сликале. Затоа, оставете го телефонот и живејте во моментот, ќе бидете многу посреќни и ќе имате поубави спомени.3. Дозволувате да ве малтретираатКога дозволувате луѓето да ви се качуваат на глава и премолчувате, си правите ужасна услуга. Тоа доведува до депресија, ниска самодоверба и немање желба и мотивација за ништо. Борете се за себе и спротиставете им се на луѓето кои ве малтретираат!4. Не вежбатеИстражувањата покажале дека ако човек вежба три пати неделно, го намалува ризикот од депресија за 19%. Луѓето кои воопшто не вежбаат, имаат поголеми шанси да паѓаат во депресија, отколку оние кои вежбаат. Вежбањето и физичката активност ќе ви помогне да го исфрлите стресот и да ги прочистите мислите, а некогаш само и тоа ни е потребно.5. Премногу сериозно го сфаќате живототАко сте од оние луѓе кои ако се сопнат на улица се препотуваат од срам, време е да се опуштите. Не го сфаќајте животот толку сериозно. Во секоја ситуација наоѓајте причина за да се насмеете и да ја свртите работата на шега. Смеењето е најдобар лек против депресија и нервоза.6. Никогаш не сте самиЕдна од најважните работи за сочувување на вашето ментално здравје е времето кое си го посветувате самите на себе. Иако живееме во динамично време во кое сме постојано опкружени со луѓе, посветувањето на самите себе и времето кое го поминуваме сами мора да биде императив. Постојаното опкружување со луѓе може да ви ја исцрпи енергијата и да направи да се чувствувате празно, така што одвојувајте секој ден време за сами себе и за активностите кои вам ви се битни.7. Не можете да живеете без телефонотОва е едно од проклетствата на новото време. Приклучени сме на телефоните исто како што се тие приклучени на полначот. Постојано сликаме, проверуваме Фејсбук, Твитер, Инстаграм, Пинтерест, мејл и поголемиот дел од слободното време го поминуваме на телефонот. На тој начин никогаш потполно не го одмораме мозокот и само повеќе го оптоваруваме. Ограничете го времето кое го поминувате на телефонот и веднаш ќе ја забележите разликата.

Магазин | пред 6 години

6 год.
37-Symptoms-Associated-With-Mold-Illness

Занемарувачки знаци кои што укажуваат на сериозна болест

Ништо не е онака како што изгледа. Симптомите започнуваат од мали промени, кои често се незабележителни, мислиме дека ништо не ни е, незнаејќи до какви се последици може да доведат. Еве дел од занемарувачките знаци на нашето тело, кои што укажуваат на сериозна болест.СЕТИЛО ЗА МИРИССлабеење на сетилото за мирис може е знак кој укажува на почеток на Алцхајмерова болест. Промените се случуваат во нервните завршетоци во внатрешноста на носот и се поврзани со одредени делови од мозокот, кои пак се поврзани со оваа болест.НОКТИЗдравите нокти немаат задебелување и имаат здрава розова боја. Ако забележите црвенило или задебелување под ноктите, тоа може да биде знак на Лупус. Тоа е автоимуна болест која ги напаѓа здравите ткива.КОСАНарушената функцијата на Тироидната жлезда влијае на хормоните во телото, вклучувајќи ги и оние поврзани со растот на косата. Ако забележите дека вашата коса брзо опаѓа, или имате мала видна ќелавост, постои можност дека нешто не е во ред со работата на тироидеата.ЛОШ ЗДИВАко имате лош здив, логично е – лоша орална хигиена и расипување на забите. Само кога би знаеле колку тоа може да ви биде проблем во подоцнежни години. Има можност и за компликации со забната коска,како и проблеми со МОЗОКОТ. Кај мажи укажува и на можен проблем со ерекција.ОЧИПроширени очни капилари, можат да бидат показател за намален интелект, а со тек на време и показател на ДЕМЕНЦИЈА. Во подоцнежни годиниСпоред лекарите, телото е наш најголем доктор, дококлку будно ги следиме несекојдневните промени, самите може да превенираме многу болести.

Магазин | пред 6 години

6 год.
depression-in-men-and-women

Човекот може да почине од самото губење волја за живот

Според едно ново истражување на Универзитетот од Портсмут, човекот може да почине и од самото губење волја за живот, појава позната како „болест на откажување“ или со медицински речник – психогена смрт.Истражувачкиот тим предводен од д-р Џон Лич посочува дека таа состојба е последица од траума што за лицето се чини неизбежна, а смртта притоа е „рационална и неизбежна појава“, но не како самоубиство.– Смртта може да се случи и само три дена по почетното повлекување во себе… Психогената смрт е реалност. Тоа не е самоубиство и не е поврзано со депресија. Тоа е едноставно откажување од својот живот и смртта обично следи по неколку дена. Тоа е многу реална состојба најчесто поврзана со тешки трауми, исакнува Лич.Научникот смета дека тоа веројатно е предизвикано од промени во сингуларниот кортекс на мозокот, одговорен за мотивацијата кај човекот.

Магазин | пред 6 години

6 год.
home-new1

Се разбудила по 72 часа клиничка смрт

Девојка од источно-кинеската провинција Фуџијан се опорави по 72-часовна клиничка смрт, откако на 1 јануари била итно примена в болница поради забрзано чукање на срцето.По згрижувањето, нејзиното срце прекинало да работи, а таа ја загубила свеста. Лекарите утврдиле миокардитис – воспаление на срцевиот мускул, па веднаш била приклучена на апарати.Тие ѝ го спасиле животот, но срцето повторно почнало да пумпа крв дури следното утро, а во наредните 72 часа ѝ се вратила и свеста.– Откако ги отвори очите, ја прашав дали е среќна и дали може да ме фати за рака. Кога таа го направи тоа, сфатив дека таа се врати во живот, раскажува д-р Занг Минвеј од болницата при Универзитетот на Сјамен.

Магазин | пред 6 години

6 год.
team-work-of-businesspeople-using-mobile-device-like-tablet-computer_e1q5x4q5g__F0000

За да процените некого, слушајте како зборува за другите

Неодамна сте започнале нова работа и сега се обидувате да ги процените новите колеги. Знаете дека многу е важно да имате пријатели на работа за да бидете среќни и продуктивни. Но, како да процените кој ви е пријател, а кој не? Според едно истражување, треба да ги прашате што мислат за своите колеги.Датин Вуд, истражувач и професор по психологија, вели дека вашата личност и општа среќа не зависи толку од вашите чувства за себеси, туку повеќе се поврзани со вашата перцепција за другите. Ако вашиот нов колега зборува само добро за неговиот тим од канцеларија, тогаш голема е веројатноста дека тој е љубезен, емотивно стабилен, задоволен од својот живот и човек кој е сакан и допадлив.Од негативната страна, Вуд, вели дека „едноставната наклонетост да се гледаат луѓето во негативно светло укажува на голема веројатност за депресија и други пореметувања на личноста.“ Дури и ако вашиот шеф навистина е нарцис, зборувањето лошо за него, укажува дека и вие самите имате нарцистички и анти-социјални карактеристики.И што да правите?Најдобро решение е да зборувате со вашиот колега и да го потпрашате што мисли за неколку колеги. Ако генерално зборува позитивно, сте си нашле нов пријател на работа.

Магазин | пред 6 години

6 год.
https___blogs-images.forbes.com_womensmedia_files_2016_06_Photo-woman-and-airplane-photo-by-Predrag-Vuckovic

Мудра приказна: Клучот за успехот лежи во една работа која многу често ја забораваме

Еден бизнисмен се нашол во долгови преку глава и во својот очај, никако не успевал да најде решение за својата ситуација. Земал повеќе кредити, се позамјмувал пари од кого стигне, а сега сите ги сакале назад парите кои тој ги немал.Еден ден излегол да прошета во паркот, со надеж дека тоа ќе му ги оттргне мислите, но тоа го направило уште поочаен. Размислувал за сите начини како да се спаси од банкрот, а тогаш еден старец му пристапил и му рекол:„Гледам дека нешто ве мачи. Можеби ќе ви биде полесно ако си ја олесните душата?“Очајниот бизнисмен му ја раскажал својата ситуација, а старецот молчел и ниту еднаш не го прекинал. Кога бизнисменот прекинал, старецот му рекол:„Мислам дека можам да ви помогнам.“Го прашал бизнисменот како се вика. Овој му кажал, па тогаш старецот извадил чек, го запишал името на бизнисменот и му го дал чекот.„Земете ги овие пари. Ќе се најдеме овде точно за една година и тогаш ќе  ми ги вратите парите.“ – рекол старецот и си отишол пред бизнисменот да каже било што.Погледнал во чекот – старецот му дал 500.000 долари, а името на старецот бил Џон Рокфелер, еден од најбогатите луѓе на светот.Бизнисменот си рекол: „Можам да ги решам сите проблеми за една секунда“, но наместо тоа, го ставил чекот во сеф. Доволно му било тоа што знаел дека во сефот постои решение за неговиот проблем, па сега можел да се обиде и сам да се извлече од сите проблеми.Охрабрен од заштитната мрежа која ја имал во сефот, успеал повторно да застане на нозе. За половина година успеал да ги врати долговите, а потоа почнал и да заработува. По една година, се вратил во паркот со чекот во рака.Во закажаното време, старецот навистина се појавил. Во моментото кога бизнисменот тргнал кон него за да му се заблагодари и да му го врати чекот, позади старецот се појавила медицинска сестра.Сестрата рекла: „Толку ми е драго што ве пронајдов. Се надевам  дека не ви пречел. Знае да избега од болница  и да им кажува на луѓето дека е Рокфелер!“Бизнисменот останал вчудоневиден. Цела година мислел дека го има магичното решение во сефот, решение кое ќе го спаси од можна пропаст, а во суштина немал ништо!Тогаш сфатил дека не се парите, вистински или не, тие кои направиле пресврт во неговиот живот.Новостекнатата самодоверба му направила пресврт во животот!

Магазин | пред 6 години

6 год.
silhouette-depressed-sad-man-sitting-footage-085605604_prevstill

За што највеќе се каат луѓето?

„За што се каете кога ќе погледнете назад во вашиот живот?“Ова е прашањето кое Карл Пилемер, професор на Универзитетот Корнел, им го поставувал на стотици луѓе како дел од еден проект.Тој вели дека сосема бил неподготвен за одговорот кој најчесто го слушал, а тоа било:„Посакувам да не го поминев мојот живот грижејќи се за се и сешто.“Пред неколку години, Пилемер се сретнал со Џун Дрискол, весела 90-годишна жена која му рекла: „Моја одговорност е да бидам што е можна посреќна, токму тука и токму денес.“Овој разговор го поттикнал Пилемер да открие како една генерација која искусила толку загуби, тешки историски настани и болести би можела да е толку среќна и како да се пренесе оваа мудрост на новите генерации.Тој во својот проект зборувал со над 1500 Американци над 65 години за најважните лекции кои ги научиле во текот на животот. Во книгата „30 лекции за живот“ тој зборува за своите испитаници како „експерти“ затоа што тие во себе содржат повеќе испробана мудрост од која било книга за самопомош.Тој вели дека очекувал да чуе дека најголемите каења на своите испитаниците ќе бидат работи како загуби во бизнисот, изневерувања или зависности.Но, одново и одново тој слушал верзии на: „Посакувам помалку да се грижев“ или „Се каам што се грижев за се и сешто.“Пилемер вели: „Оваа лекција за мене беше изненадувачка. Имајќи предвид дека тие живееле во тешки историски периоди и преживеале големи лични  трагедии, мислев дека сосема е нормално да имаат одредено ниво грижа.“Тој објаснува дека луѓето го гледале времето како една од нашите најскапоцени ресурси и грижењето за настаните кои можеби нема ни да се случат или врз кои немаме контрола е неоправдано губење на овој ресурс.„Главната карактеристика на грижата е дека се случува во отсуство на вистински стресови, односно се грижиме кога нема нешто конкретно за да се грижиме. Овој тип на грижа, мислејќи на сите можни лоши работи кои може да им се случат на нашите сакани е сосема различно од конкретно решавање на проблемите.“За да го намалиме нивото на каење во животот, испитаниците советуваат повеќе време да трошиме на решавање на проблемите и драстично да го намалиме времето поминато во грижење. Тие исто така му дале предлози на Пилемер како да го промениме начинот на рамислување за да можеме да продолжиме понатаму:Фокусирај се на краткорочните работи наместо на долгорочните:Мислам дека ако се грижиш и тоа многу, мора да застанеш и да си речеш: „И ова ќе помине.“ Не може постојано да се грижиш затоа што тоа навистина ти го уништува животот. Но, има моменти кога не може да не се грижиш. Тогаш замисли си дека тоа не ти користи во животот.Наместо да се грижиш, подготви сеАко веќе се плашиш од нешто, тогаш треба да знаеш што е тоа. Барем да знаеш зошто. Идентификувај го. „Се плашам од тоа и тоа“. И понекогаш можеби ќе имаш добра причина за тоа. И можеш да се подготвиш наместо да се грижиш.

Магазин | пред 6 години

6 год.
sleep-in-elite-sports-header-1300x754

Слабејте додека спиете: Ова се 4-те начини

Мислите дека не постои начин да слабеете додека спиете? Не сте сосема во право.Сите знаеме дека доволното спиење е од особена важност за целокупното здравје, а недоволниот или неквалитетниот сон може да биде причинител за прекумерната телесна тежина. Иако можеби мислевте дека подолгото спиење е луксуз кој не можете често да си го дозволите, погледнете ги овие четири начини кои ќе ве премислат, покажувајќи ви дека можете да слабеете и додека спиете.1. Пијте протеински шејкВашиот метаболизам игра важна улога во губењето на тежината, а тоа е процес кој исто така се гледа и за време на спиењето. Исадора Баум, тренер за здравје, открива дека пиењето шејк пред спиење кој е богат со протеини и содржи околу 150 калории, го забрзува метаболизмот и ги обновува мускулите додека спиете.2. Разладувајте ја просторијатаДали сте слушнале дека спиењето во постудена соба носи многу придобивки? Покрај фактот дека најверојатно така е поудобно, одржувањето пониска температура исто така може да ви помогне при губењето на вишокот килограми. Со температура од 18 до 22 степени Целзиусови, а идеални 20, ќе го задржите телото на оптималната температура за губење на тежината и мирен сон.3. Пијте алкална водаАко сакате да се ослободите од мастите додека спиете, пред да си легнете напијте се алкална вода. На овој начин ќе му помогнете на телото да ги намали киселините и да ја спречи дехидрацијата. Бидејќи мастите се екстремно кисели, пиењето алкална вода ќе ви помогне да слабеете додека спиете. Исто така, за време на спиењето вие се потите, па многу е важно да останете хидрирани во текот на ноќта.4. Помирисајте нанеНането се смета за доста корисно кога е во прашање губењето на тежината, затоа што го спречува гладот. Затоа, обидете се да запалите свеќа со мирис на нане или пак да помирисате етерично масло, па вашиот метаболизам може да ви се промени за време на спиењето.

Магазин | пред 6 години

6 год.
1-2

Работи кои морате да ги искусите додека сѐ уште сте млади

Младоста е време на енергичност и спонтаност. Ова е период кога времето се движи бавно и имате чувство дека засекогаш ќе биде така. Често си велиме дека сме сѐ уште млади и дека имаме време и да патуваме, да учиме јазици, да се заљубиме…Но, често сфаќаме дека времето лета многу побргу отколку што мислиме. Затоа не го губете своето време во сонувајќи за животот, живеете ги вашите соништа!Денес ви даваме листа со работи кои би требало да ги направите без да чекате да дојде правиот момент!Дочекајте изгрејсонце на необично местоБез оглед на тоа каде се наоѓате, некаде на одмор или можеби дури и на кровот на вашата зграда. Станете од кревет порано и замислете си желба додека го гледате изгрејсонцето.ПатувајтеВелат дека луѓето кои трошат повеќе пари на патување отколку на материјални работи се многу посреќни. Понекогаш дури и мало патување до соседен град може да отвори нови светови, а да не зборуваме за други држави!Одвојте време за вашите браќа и сестриДа, сите сме зафатени и секогаш има што да правиме, но еден ден ќе се каете што не сте поминувале повеќе време со вашите браќа и сестри.Покорете ги вашите стравовиСтрав од темнина, височини или вода – ова се многу чести стравови. Но, најубаво е кога би ги предизвикале сопствените стравови и ќе се соочите со нив. На тој начин ќе бидете посилни и послободни.Не ги игнорирајте оние на кои им е потребна вашата помошМожеби со малку ќе направите голема магија за некого. Почнете со мали работи како донирање храна и облека.Претворете ја вашата најневеројатна идеја во реалностДефинитивно го можете тоа! Дури и првиот малечок чекор кон остварување на сонот е победа!Најдете време за учењеБез изговори!Користете ја секоја можност да учите од попаметните и поискуснитеСите правиме грешки, но доколку учите од поискусните, ќе ги намалите грешките!Одете на карневал со вашите пријателиПа и во Македонија имаме голем број на карневали или слични интересни настани кои се одвиваат под маски. Речиси секој град во Македонија има своја интересна традиција. Соберете го друштвото и отидете!Танцувајте низ улиците на непознат градУживајте во вашата младост и слободата која доаѓа со тоа. Погледнете го небото и уживајте во сонцето, ветерот и дождот. Бидете среќни без оглед на се.Бидете храбри и бидете она што стеЕдна од најхрабрите работи што човек може да ги направи е да биде тоа што е во свет кој живее од измами и дволичност!Борете се за љубовСекоја врска има подеми и падови. Тешките времиња во вашиот живот или ќе ја зајакнат или ќе ја ослабат вашата врска. Ваш е изборот!Откажете се барем од една лоша навикаНикој не е совршен. Сите имаме лоши навики. Одлучете се да се откажете барем од една од нив и работете на тоа!Покажете ја вашата креативностДодадете повеќе бои и возбуда во монотоните денови. Покажувајте ја вашата креативност секаде: дома, работа или на одмор. Дури и обичната прошетка низ маало може да биде прекрасна авантура.Соберете го друштвото некаде и дружете се – ама без телефони и таблетиВо денешно време ќе излезе друштво на кафе и од 5 луѓе, 4ца постојано се на телефоните. Затоа соберете го друштвото и договорете се дека ќе имате седенки на кои нема да бидат дозволени телефоните.Зборете со вашата бабаНашата баба е непресушен извор на мудрост. Само треба да ја слушате.Уживајте во природатаОтидете на планина, во шума, уживајте во природата без да гледате во екран.Запишете се на часови по танцувањеОва е нешто интересно, забавно, поучно, а и попатно ќе запознаете нови луѓе и тоа е можност за нови познанства и пријателства. Плус, танцувањето е секогаш добра идеја! Танцувајте со цело срце и уживајте во слободата!Не се плашете од одговорностОдговорноста е прекрасна работа, затоа што тоа значи дека се зависи од нас.Запомнете, светот ви е на дланка!Понекогаш животот не става на тест, но исто така е полн со среќни моменти. Кога човек е млад, целиот свет му е на дланка. Не го заборавајте тоа!

Магазин | пред 6 години

6 год.
12

Краток, но моќен текст со силна порака за сите уморни мајки

Мајките се возвишувани, но и често критикувани и осудувани. Милиони жени едногласно поддржаа моќна порака која стана светски хит, зашто потсетува дека мајчинското секојдневие апсолутно не е лесно и дека на секоја мајка ѝ се потребни барем 5 минути за да здивне и простор да не биде осудувана, бидејќи никогаш не се гледа целата приказна.„Кога мајка вели дека е уморна, токму тоа и го мисли!Таа не вели дека сака да го остави детето и да заборави дека тоа постои.Кога мајка сака да помине малку време сама, само со себе, токму тоа и го мисли!Не вели дека жали што е мајка и дека мајчинството е најголемата грешка во нејзиниот живот.Кога мајка вели дека ѝ е потребна помош, токму тоа и го мисли!Таа не вели дека е неспособна.Кога мајка прави нудли за вечера, не значи дека таа го готви истото секој ден од неделата и дека има дете кое не знае за зеленчуци или месо.Кога ќе пристигнеш во куќа на мајка и се соочиш со неорганизираност, тоа не значи дека секој ден нејзината куќа е несредена.Кога мајка вели дека сака да излезе со свои пријатели, токму тоа и го сака! Не сака да се врати повторно да биде сингл или да не е мајка и да нема обврски.Кога мајка вели дека е загрижена или исплашена, токму тоа и го мисли! Таа не вели дека ќе се откаже или уште помалку дека е кукавица.Кога ќе слушнеш мајка како вреска, не значи дека таа постојано вреска, веројатно претходно го повторила истото 300 пати со нормален глас.Кога ќе видиш нервозна мајка, на работ на лудило, не значи дека секој ден е во таква ситуација.Зад сето тоа има контекст, цела ситуација.Не измислувајте невистини за да осудувате некого, особено не жена која секој ден, цело време, се откажува од својот живот за да го живее животот на друго суштество за кое знае дека е поважно од неа.На светот нема човечко суштество кое е способно да даде и донира толку многу колку што може мајка!И тaa заслужува многу разбирање и помалку судења“!

Магазин | пред 6 години

6 год.
attractive-beautiful-beauty-594421

Ти требаше да бидеш тој кој ќе остане…

Ти ме научи на многу работи. Ме научи како да бидам силна и како да верувам во себе кога никој друг не верува. Ме научи како да сакам. Ме научи и на мали работи кои мислев дека никогаш нема да ги знам. Ме научи како да научам да чекам. Ме научи како да бидам разочарана. И тоа толку многу, што веќе престанав да бројам, затоа што моето срце не можеше повеќе да издржи.Но, најважната работа на која ме научи е дека луѓето не остануваат. Да, драматично звучи, но вистинито е.Мислев дека засекогаш ќе те сакам. Мислев дека ќе бидеме јас и ти до крајот на животот. Дури и кога се се распаѓаше дури и кога работите не одеа по план. Толку бев сигурна дека тоа ќе бидеш ти. И тогаш, одеднаш, ти повеќе не беше тука. Не бев јас таа која се откажа.Многу сакав да ти ги кажав овие работи. Мислев можеби така ќе разбереш. Јас не сакав да се борам за некој друг. Не сакав повторно да почнувам одново. Но, се случи токму тоа.Сакам да ти каќам неколку работи:Ти требаше да бидеш тој што ќе остане…За тоа нема никаков сомнеж во мојот ум.Никогаш не планирав да ти кажам збогум. Секогаш планирав ова да биде засекогаш.И колку да ме убива тоа, се уште верувам тоа. Сѐ уште верувам во тебе.Не можам да те заборавам. Колку и да се трудам, изгледа дека правам два чекори напред и оп, ете си пред мене.Би сакала да кажам дека најдов некој друг и дека е подобар од тебе и дека се грижи подобро за мене. Но, тоа би значело дека се лажам самата себе.  Затоа што на крајот сѐ се сведува на тоа дека само требаше да останеш. Да бидеш тука. Толку мала и едноставна работа.Сакам да знаеш само една работа. Ќе те сакав до крајот на мојот живот. Ќе направев се што е во моја можност повторно да бидам со тебе. Да бидам личноста која ти ја сакаше. Девојката која сакав да бидам. За мене, никогаш нема да биде сосема завршено.Навистина се трудев. И двајцата го знаеме тоа. Сега, размислувам за тоа како да продолжам понатаму. Затоа што ти го отфрли она што го имавме. Ти требаше да останеш.

Магазин | пред 6 години

6 год.
011316_3Dteeth_THUMB_LARGE

Колку заби сте изгубиле досега- тоа кажува колку долго ќе живеете

Број на забите кои сме ги изгубиле може да биде добар показател за предвидување на должината на животот. Според една студија луѓето што ги имале сите заби до 74 години имаат поголема шанса да живеат 100 години.Оние, пак, кои изгубиле пет или повеќе заби до 65 години, најверојатно, ќе страдаат од сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи кардиоваскуларни болести, дијабетес и остеопороза, кои можат да влијаат значително на должината на животот.Сите овие болести се поврзани и со квалитетот на животот на поединецот, нивниот социо-економски статус, но, исто така, и со стресот.Експертите истакнуваат дека е потребно да се четкаат забите двапати дневно, наутро и навечер со паста за заби со флуор, да се намали внесувањето шеќер и слатки пијалаци и да се посетува стоматолог редовно.Денталната хигиена, освен правилното миење на забите и користењето на соодветна паста, вклучува и соодветна четка за заби која треба да ја менувате секој месец.„Дали е вистина дека четката за заби треба да се менува секој месец?“, гласи прашањето на заинтересираните лица.Апсолутно да! Можеби ви изгледа нереално и претерано, но на четкичката за заби можат да се насоберат околу 10 милиони бактерии вклучувајќи и ешерихија коли и стафилокока.Нормално, освен тоа што е потребно да ја менувате често, важно е и каде ја чувате.И покрај редовната промена која ќе ја вршите, ви препорачуваме и внимателност при изборот на соодветна паста за заби која содржи триклосан/кополимер, бидејќи пдобро ги убиваат бактериите.Исчистете ја повремено четката со антибактериска течност за плакнење на устата, а некои советуваат и да ја измиете во машина за садови, со цел да ја стерилизирате.Никогаш не ја чувајте во пластично заштитно капаче, бидејќи така по користењето се задржува влажноста подолг период и развојот на бактерии е поголем.

Магазин | пред 6 години

6 год.
2257

Овие деца заработуваат огромни суми на пари: Погледнете што прават со нивните умни глави

Овие 10 деца заработуваат огромна сума на пари. На нивни години, сите ние имавме само неколку обврски: да ја раскренеме собата, да напишеме домашна задача и да си играме.Погледнете што прават денес и како заработуваат многу.1. 7-годишниот Рајан од јутуб-каналот „Рајан тојс ривју“ заработи 22 милиони долари во период од една година7-годишниот Рајан е едно од најбогатите деца на светот. Родителите го чуваат во тајност неговото презиме поради безбедносни причини, а неговиот јутјуб-канал е канал со најголема заработувачка во 2018 година. Има 18 милиони следбеници и речиси 2 милијарди прегледи на видеата што прикажуваат како рецензира нови играчки, како игра, како ја учи азбуката и како ја пее познатата „Бејби шарк“.2. Џоел Џоан – Џоџо Сива го претвори своето име во брендОткако се прослави на „Денс мамс“, оваа 15-годишна танчарка/пејачка/актерка и јутјуб-личност го освојува светот. Со 7,9 милиони инстаграм-следбеници, 8,9 милиони јутјуб-следбеници и милиони стриминзи на „Спотифај“, таа е наредната тинејџерска икона. Има колекција на нејзини украси за коса, линија на сокови, кукли и многу други работи. Нејзиното богатство е проценето на 12 милиони долари.3. Мозија Бриџес лансира бизнис за продажба на пеперушки на 9-годишна возрастМос Боус оваа година ќе наполни 17 години, а и понатаму го проширува својот бизнис. Тој официјално е претседател и креативен директор на неговиот бизнис, кој продава пеперушки, вратоврски и друга облека. Во 2018 година продал производи вредни повеќе од 600.000 долари.4. Макена Кели, 13-годишна јутјуб-ѕвезда, заработува 1.000 долари дневноJутјуб-каналот на Кели е посветен на АСМР-видеа и има 1,3 милион следбеници. АСМР е кратенка од автономна сензорна меридијална реакција, а претставува смирувачко, пријатно чувство што честопати е придружено со морници, обично предизвикано од звуци како шепотење или звук на тропање на нечии нокти или нешто друго.Кели заработува 1.000 долари дневно.5. 14-годишната Марсај Мартин е најмладиот извршен продуцентМартин глуми и е извршен продуцент на комедијата „Литл“. Таа има големи планови за иднината.– Ова е прв филм во кој јас сум и пред и зад камерата. И нема да биде последен – вели таа.Нејзината плата за филмот е 200.000 долари, со бонус до 300.000 долари во зависност од тоа како ќе помине филмот.6. Рајан Кели е основач на „Рајс Рафери“, висококвалитетна храна за кучињаКели, заедно со неговата мајка, се појави на „Шарк тенк“ за да ја предложи идејата за повисок квалитет на храната за кучиња. Тие обезбедија финансии од Барбара Коркоран и моментално ги продаваат своите производи онлајн.7. 13-годишната Микаила Улмер има сопствена линија на органска лимонадаУлмер почнала да прави лимонада која ја продавала на нејзиниот штанд за лимонада во Тексас кога имала само четири години. Оттогаш лимонадата еволуирала во производ што содржи мед и ленено семе. „Хол Фудс“ склучи 11-милионски договор со Улмер за нејзината лимонада.8. Кори Нивс поседува бизнис за колачињаНивс и неговата мајка почнале бизнис кога тој имал само 6 години: сакал да заштеди пари за да ѝ купи автомобил. Почнал да продава топло чоколадо низ соседството, но наскоро се одлучил да го промени производот и да продава колачиња. Така се родила „Корис кукис“. Денес, компанијата на Нивс продава четири вида природни колачиња и има работено со брендови како „Барнис“, „Блумингдејлс“, „Потери Барн“, „Ралф Лорен“, „Хол Фудс“ и многу други.Во 2017 година Кори и неговата мајка се појавиле на „Профит“ каде што обезбедиле инвестиција од 100.000 долари.

Магазин | пред 6 години

6 год.
318806

После оваа вест веќе никогаш нема да го местите креветот наутро

Секое утро по будењето сите ние сме навикнати да ги средуваме постелите, но излегува дека подобро за нашето здравје е воопшто да не го правиме тоа. Зошто? Поради ова суштество.Овие микроскопски мали црвчиња се многубројни во вашиот кревет. Впрочем, просечен кревет може да биде дом на 1,5 милиони од нив. Тие се хранат со остатоците од кожата на луѓето. Алергенсите кои ги создаваат лесно се вдишуваат за време на спиењето и се голема причина за болести како астмата.Додека спиеме, трошки од нашата кожа се наоѓаат насекаде и овие суштества имаат вистинска гозба. Наутро, кога ја местиме постелата, сета таа кожа заедно со потта и овие мали гости се заробени долу под прекривката.Д-р Стивен Претлов од универзитетот „Кингстон“ изјави за Би-би-си дека овие суштества преживуваат со водата од атмосферата, а нешто толку едноставно како оставање на креветот ненаместен во текот на денот може да ја отстрани влагата од прекривките и душеците, па суштествата ќе дехидрираат и умрат.Експертите препорачуваат оставање на креветот наутро и негово местење подоцна истиот ден.

Магазин | пред 6 години

6 год.
grandfather-1

БИДИ ЧОВЕК: Моќни совети од еден дедо кои младите мора да ги знаат

Иако знаев дека не можам да го задржам во својот живот вечно, сепак не можам да кажам дека не ми недостасува мојот дедо. Ми недостасува секој ден, мојот живот е поинаков откако тој го напушти овој свет. Никогаш нема да ги заборавам неговите зборови, тие моќни лекции кои ќе ме водат низ животот.Вака започнува приказната која деновиве кружи низ социјалните мрежи.Едно момче ги раскажува најдобрите совети од својот дедо.Забавувај сеИмам фотографија над фрижидерот во кујна која го покажува дедо ми со огромна насмевка во неговите војнички денови. Тоа тој го практикуваше целиот живот. Ми велеше никогаш да не престанам да се смеам, дури и во најтешките денови да не ја отфрлам насмевката од моето лице.Ако  е скршено, поправи гоОд него научив да не ги отфрлам работите и луѓето туку така. Тој велеше дека се што е расипано, може да се поправи ако тоа нешто ни значи. Тој ја разбираше вистинската вредност и се трудеше и нам да нѐ научи на тоа.Покажи им на луѓето како се чувствувашНикогаш не ја пропуштај можноста на луѓето да им кажеш и покажеш како се чувствуваш. Те навредиле, кажи им. Ги сакаш, покажи им. Животот е прекраток за да ги чуваме чувствата во себе, без да им го покажеме тоа на другите луѓе околу нас.Цени го своето здравјеНиз текот на целиот мој живот гледав тој како се грижи за своето здравје. Стануваше од спиење пиејќи лимонада, одеше на спиење јадејќи овошје. Стануваше рано и уживаше во денот. Никогаш не беше поспан, никогаш не беше нерасположен.Ако имаш можност да избираш што ќе бидеш, секогаш биди добар човекОд него научив многу лекции, колку е важно да бидеш добар човек. Тој секогаш избираше да им помага на другите. Сакаше да разговара со нив, да ги научи на многу нешта, но и да поднаучи нешто од сите нас.

Магазин | пред 6 години

6 год.
2119222020740039392923166349435869367487455n

Таткото на прободениот Филип: Син ми дојде дома жив и здрав, но борбата продолжува

По агонијата која ја доживеа кога син му беше прободен со нож во дискотека во Марино, таткото на полицаецот Филип Филиповски, Гоце Филиповски, конечно со добри вести.- Син ми дојде дома жив и здрав. Сега сум посилен од кога и да е, ќе издржиме, моите предци ги издржале Османлиите, ќе ги издржиме и ние Фашиштиве и бандитиве. Никогаш не сме побегнале. Борбата продолжува посилно, мојот дом денеска беше премал за сите кои не посетија и дадоа поддршка, напиша таткото на прободениот Филип.Тој се огласи уште еднаш утрово и напиша дека е непроценливо чувството кога ќе си го видиш најмилото дома, штом отвориш очи.

Македонија | пред 6 години

6 год.
mkd-389411

Граѓаните до Шилегов: Улица Столтенбергова изгледа како НАТО да ја бомбардирала

Улицата „Столтенбергова“ се наоѓа во ужасна состојба, a граѓаните апелираат до градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов да поведе сметка за нејзината состојба.„Градски парк #СкопјеУлица Столтенбергова 🤦‍♂️Па добро бе градоначалнику Шилегов, па бива ли до волку да се мајтапиме со генералниот секретар на НАТО?Со градоначалникот на Центар - Богдановиќ го прошетавте ли Јенс Столтенберг 100-200м подоле да си ја види улицата именувана по татко му ?Како НАТО да ја бомбардирала е. Кратер до кратер.А дали и вие воопште сте биле?Изгледа не.Небитен ни е Столтенберг.Тој не вози по улицава. Ние граѓаните ја возиме. Ние кои плаќаме даноци за вие да не работите и централен градски парк да дозволите да има ваква улица со кратери.Срамота е ова. Имуни на кратери ќе станеме уште малку. Не ве биравме за низ вакви дупки да возиме“, се вели во објавата.

Скопје | пред 6 години

6 год.
55944924_10161646476170451_696797120232947712_n

Димитров: Добро е да се има пријатели

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на својот профил на „Фејсбук“ сподели повеќе фотографии направени за време на посетата во Вашингтон.„Главната порака на генералниот секретар на НАТО, Столтенберг во настапот во Конгресот на САД: Добро е да се има пријатели! И, така е! Добро е да се има пријатели!“, напиша министерот под фотографиите.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања