Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
DSC_7930

Заев се сретна со шефот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со г-ѓа Корин Јонкер, шеф на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за претстојните претседателски избори во  Македонија.На средбата е оценета важноста на обезбедување услови за регуларен и успешен процес за спроведување на претседателските избори и за потребата од висока одговорност од страна на сите субјекти во државата, за да се осигура демократското изјаснување на граѓаните.„Претстојните претседателски избори се исклучително важни и ние сме целосно посветени да спроведеме комплетно демократски, транспарентен и доверлив процес за остварување на кристално чисти и фер претседателски избори. За ова разговаравме и со лидерот на најголемата опозициона партија и отворени сме за продолжување на дијалогот со неа и со сите политички партии  во интерес на напредокот на Република  Македонија и за подобра иднина на нашите граѓани“, рече премиерот Заев.Премиерот Заев додаде дека кампањата на кандидатите за претседател на државата, која започна пред неколку дена, се одржува во пријатна атмосфера подвлекувајќи ја посветеноста и одговорноста на Владата за обезбедување регуларен, слободен и успешен процес за избор на претседател на државата. На средбата се разговараше за повеќе актуелни теми со фокус на претседателските избори.На средбата е изразена согласност за важноста на Извештајот што ќе го изготви ОБСЕ/ОДИХР за претстојните избори, со оглед дека Македонија очекува почеток на преговорите со Европската Унија и отворање на поглавјата, што според  премиерот Заев, е исклучително важно со оглед на тоа што Република Македонија е држава која ги почитува европските и демократските вредности и има единствена цел да  продолжи во тој правец.Набљудувачите од ОБСЕ/ОДИХР внимателно ги следат процесите и активностите и работата на институциите, известувањето на медиумите за време на кампањата вклучително и мониторинг на денот на изборите, соработувајќи со делегации на набљудувачи  од  Парламентарното собрание на ОБСЕ и Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Штипјанец доби кривична пријава поради коментар на Фејсбук

СВР Штип до Основното јавно обвинителство Штип, поднесе кривична пријавa против С.Ш.(20) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, казниво по член 394-г став 1 од Кривичниот законик.На 16.03.2019 година, пријавениот на неговиот „Facebook“ профил објавил коментар и слика со кои ширел расистички и ксенофобичен материјал и поттикнувал омраза и насилство

Македонија | пред 6 години

6 год.
nesreka-avionska

Комитетот за истраги со детали за авионската несреќа во која загинаа 4 лица

Денеска владиниот Комитет за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, одржаа прес-конференција за авионската несреќа во која трагично го загубија животот четири државјани на соседна Република Бугарија во вторникот (2-ри април), во атарот на Солунска Глава.На оваа прес-конференција се обрати претседател истражителот на Комитетот Зоран Илиевски кој презентираше досегашни факти од истрагата по трагичната несреќа, за која објасни дека по завршениот увид во истрагата се утврди дека авионот е паднат во особено тешки услови, особено и поради снегот кој е присутен на повисоките места на планинскиот врв Солунска Глава. Истрагата е сѐ уште во тек, за утврдување на сите детали за несреќата.Со цел да се заврши успешно истрагата на 4.4.2019 е донесена одлука за формирање на Комисија за истражување на конкретната воздухопловна несреќа која ќе биде составена од членовите на Комитетот и надворешни експерти во доменот на воздухопловство, од домашните институции и компании или доколку е потребно ќе бидат вклучени и агенции или центри за истраги од соседството или други држави.Првите резултати ќе бидат објавени најрано за 30 дена а откако ќе се утврдат причините за несреќата ќе се состави и препорака за превенција како да не се повтори истата грешка. Дали временските услови се причина за падот на авионот во кој загина 4 членото семејство од Бугарија, претседателот на комитетот не потврди но вели дека според комуникацијата е познато дека пилотот пријавил турбуленција. И тој ги отфрли информациите дека од скопскиот аеродром не му била дадена дозвола за слетување на пилотот поради посетата на грчкиот премиер.– Веќе дадовме барање до центарот за воздухопловна навигација за преслушување на авио снимката. Во делот над прилепско побарал да слета во Скопје а потоа веднаш го повлекол барањето и кажал дека продолжува кон Софија. ... “ Пилотите сами одлучуваат дали ќе летаат или не . претходно во службата за навигација го најавува и прави план и бара информации од метео службата и сите други информации. Пилотот сам си го прави патот за летање но го доставува тој план . ..Од август минатата година воспоставена е соработка со Центарот за истраги на авионски несреќи во соседна Република Бугарија, а наскоро ќе се потпише и меморандум за соработка со владиниот Комитет за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти на двете држави.Со цел спречување на ширење на шпекулации во јавноста, денеска на оваа прес-конференција Комитет за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти ги презентираше своите две основни дејности од кои прва и основна дејност е истрагата на воздухопловни несреќи и на сериозни инциденти со цел да се утврди причината на несреќата, втора основна дејност е превенцијата кога после изведените заклучоци се прават препораки од кои произлегуваат идните превенции на ваквиот тип на грешки.Ваков тип на авион може да лета и на 6- 7 000 метри надморска височина. Во овој случај тој летал на 2200.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zname

Пожарникарите го тргнале знамето зошто било заплеткано, а им требаа три дена го отплеткаат

„Попладнево знамето ќе биде вратено на јарболот“, велат за Скопје 1 од општина Охрид. Портпаролот Томе Џамтовски додава дека знамето го тргнале вработените од противпожарната служба за да го отплетктаат и дека попладнево знамето ќе биде вратено на старото место.Државното знаме од високиот јаброл во центарот на Охрид го снема пред три дена, а граѓаните се прашуваа зошто овој државен симбол повеќе го нема во центарот на Охрид.Сеуште нејасно зошто го нема државното знаме од центарот на Струга?

Македонија | пред 6 години

6 год.
Google-Chrome

Тројца повредени по страшната несреќа на автопатот Гостивар-Тетово

Три лица се повредени по страшната сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Гостивар-Тетово. Двајцата возачи и сопатникот, неофицијално, се со лесни телесни повреди.Во несреќата учествувале ауди А3“ управувано од 23-годишна гостиварчанка и „БМВ“ управувано од 59-годишен гостиварец.Неофицијално според очевидци, „аудиото“ загубило контрола, а во тој момент возилото со марка „БМВ“ сакало да престигнува, по што удрило во „аудито“.

Македонија | пред 6 години

6 год.
slika-1

Мицкоски: Министерството нема слух за потребите на лицата со инвалидитет и лицата со посебни потреби

Денеска во рамките на посетата овдека во Штип ќе разговараме со луѓето коишто навистина во последно време се на маргините од страна на оваа Влада, од страна на Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Мицкоски додаде:Изминатиот период во рамките на Парламентот преку Министерството за труд и социјала беше поднесено предлог законско решение. ВМРО-ДПМНЕ откако детално го разгледа и откако направи сериозни консултации со лицата коишто им е потребна дополнителна заштита, а ги третира овој закон, лицата со инвалидитет, лицата со посебни потреби поднесе голем број на амандмани. За жал соодветното министерство и министерката не најдоа засходно ниту пак имаа слух да ги погледаат, да ги прочитаат и да поразговараат со предлагачите тоа е ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ одлучија да продолжат насилнички како и впрочем и се однесуваат во овие две години самобендисано да го истуркаат законот на начин на којшто го истуркаа без да прифатат ниту една сугестија, ниту еден амандман коишто беше поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија. Иако морам да признаам и јас присуствував на еден од тие состаноци заедно со лицата со кој што се со посебни потреби, лицата кои се со телесен инвалидитет.За жал како што реков надлежното министерство не успеа да најде, да собере храброст, ниту пак да има слух за сите овие потреби на овие лица се крати финансискиот надомест, на овие луѓе се кратат дополнителното внимание коешто претходно беше предвидено така што ВМРО-ДПМНЕ заклучи и тогаш но еве и сега овдека можам да кажам дека ова законско решение кое што се протурка во рамките на Парламентот ниту ќе даде одговор ниту пак ќе биде во насока на олеснување на потребите и излегување во пресрет на потребите на овие лица. ВМРО-ДПМНЕ од како ќе победи на следните парламентарни избори еден од првите закони кои што сериозно ќе ги ревидира и ќе се обиде да ги врати сите оние амандмани кои што претходно ги предложивме и сите оние мерки кои што заедно со оваа категорија на лица ги донесовме односно ги усогласивме ќе бидат вградени во новиот предлог текст на новиот закон кој што ќе биде предложен од страна на преку Министерството за труд и социјална политика, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zname

(ФОТО) Каде е државното знаме од градскиот плоштад во Охрид?

Неколку дена на градскиот плоштад во Охрид не се вее државното знаме. Охриѓани прашуваа каде е знамето кое од 2009 година се виори на градскиот плоштад. Истото беше поставено како дел од проектот за поставување на вакви обележја ширум државата.Контактиравме со пресс службата во општина Охрид, од каде ни кажаа дека информација за тоа каде е државното знеме ќе добиеме во текот на денов.Но, не само во Охрид, го нема и државното знаме и во Струга. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Talenti

Општина Кисела Вода ќе ги награди своите најталентирани жители

На иницијатива на градоначалникот Филип Темелковски, Општина Кисела Вода и оваа година ќе додели парични награди за талентирани: ученици, спортисти, наставници, стручни соработници, воспитувачи и негуватели од општинските основни училишта и јавните детски градинки кои се во нејзина надлежност.За таа цел, на седница на Советот на Општина Кисела Вода беа изгласани следните правилници за утврдување на општите и посебните критериуми за избор и доделување на паричните награди за талентираните жители на општината:- Правилник за условите и критериумите за доделување награди за талентирани ученици од општинските основни училишта од Општина Кисела Вода- Правилник за условите и критериумите за доделување награди за талентирани ученици – спортисти од општинските основни училишта од Општина Кисела Вода- Правилник за условите и критериумите за доделување награди за најдобри воспитувачи и негуватели од јавните детски градинки од Општина Кисела Вода- Правилник за условите и критериумите за доделување награди за најдобри наставници и стручни соработници од општинските основни училишта од Општина Кисела Вода.  

Скопје | пред 6 години

6 год.
romi-lideri

Ромските политички лидери сложно за прв пат застанаа зад Стево Пендаровски

Вчера во Општина Шуто Оризари се одржа заедничка Прес конференција на ромските политички лидери. Тие на претстојните претседателски избори, за прв пат, ќе работат здружено и во поддршка на натпартискиот Претседателски кандидат Стево Пендаровски.„Прво, носени од концептот на помирување и соживот во едно мултиетничко општество и опкружување дојдовме до заклучок дека делбите и раздорот меѓу нас ќе донесе поголема штета за ромскиот народ во нашата земја. Па, оттука како претставник на владејачката партија во Република Северна Македонија, имав морална и професионална обврска да го вратам единството во ромскиот политички сектор во интерес на нашата заедница. Второ, сметам дека е доста од поделби и делби. Доаѓа нова ера, живот за сите, сите граѓани, вклучувајќи ги и Ромите, заслужуваат стабилна економија, континуирано вработување, повисоки плати, квалитетно здравство и решено станбено прашање. Нашите деца треба да бидат вреднувани по нивниот труд, а не по нивната кожа“, нагласи во дел од своето излагање градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш.На прес-конференција свое излагање имаа и Амди Бајрам, Самка Ибраимовски и Неждет Мустафа.

Македонија | пред 6 години

6 год.
gdu

ГДУ: Продолжете со ова темпо, па ќе запознаете и нов економски поим -БАНКРОТ!

Јавен долг од 49% од БДП. Уште малку, па поминување на половина од нашето БДП. Трошење на плати и пензии, без некоја ефикасност во фискалната политика. Наместо намалување или барем стагнирање, јавниот долг во 2018 година уште ни пораснал. Ова се статистичките показатели од Годишниот извештај на Светска банка за земјите од Западен Балкан, се вели во соопштението од Центар за комуникации на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ.Контра на ова, има и намалување, ама на бројот на креирани, нови работни места. Ограничена динамичност на приватниот сектор и потреба од длабински економски реформи.Епа сега, кој е во право? Владата или Светската банка? Некој не работи по правилата на статистиката. Се користат извитоперени показатели, да се покаже дека сѐ е во ред во оваа наша држава. А реалноста? Црна како никогаш порано.Најголем број на невработени млади лица, најголем јавен долг, секојдневни задолжувања на идните генерации. Економија во рецесија. Странски инвестиции ни за лек. Вработувања само во јавниот сектор. Да ни е жива и здрава државната администрација, за да има место за истакнати членови на кланот.Вака веќе не оди. Ќе ви се отселат и најистрајните симпатизери, па ќе си организирате избори само за себе и своја душа. Е тогаш барем имајте еден стол помалку во игра, па барем малку да имате меѓусебен натпревар. Нема да биде интересно ако сите си добиете фотелја. Ќе нема од кого да ги наплатувате даноците за вашата плата.Сепак проверете и како сте со рејтингот кај Меѓународниот Монетарен Фонд. Дали уште имате бонитет и кредибилитет за добивање на нови кредити? Продолжете со ова темпо, па ќе запознаете и нов економски поим-БАНКРОТ, велат од ГДУ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
delovi

(ФОТО) Од автобус ЈСП испаѓале делови, возачот продолжил да вози

На групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ е објавена фотографија од автобуски делови, за кои, објавувачот тврди дека паднале додека автобус со број 67 се обраќал на неговата релација.Според фотографијата, деловите испаднале на потегот кај Кисела Вода пред рампа.Објавувачот на фотографијата сведочи дека повеќе луѓе викале по возачот да сопре, но тој продолжил да вози.

Скопје | пред 6 години

6 год.
9C422137-1C8E-4609-815A-EAA820241295

Сочувство од претседателот на Собранието Талат Џафери

Длабоко потресен од трогателната вест за ненадејната загуба на животите на четиричленото семејство од Република Бугарија, изразувам длабоко сочувство во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија. Викендот поминат заедно со семејството во нашиот прекрасен Охрид, за жал заврши со сосема неочекуван и тажен крај за Бошнакови. Нивниот лет беше прекинат со падот на леталото над Солунска глава. Ова е жалосен настан за нивните блиски, за нивните пријатели, познаници и соработници, меѓутоа жалосен настан и за Република Бугарија и нејзините граѓани. Во оваа прилика сакам да изразам искрено сочувство и до државниот врв на нашата соседна земја и да посакам ваквите несреќни вести никогаш да не се повторат. Нека живее споменот за ова семејство во сеќавањето на сите кои лично ги познавале и споделувале заеднички мигови со загинатите, нека почиваат во мир,се вели во сочуството од Претседател на Собрание на Република Северна Македонија Талат Џафери.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Google-Chrome

ФОТО: Страшна сообраќајка на автопатот Гостивар-Тетово, возилото е здробено

Страшна сообраќајна несреќа се случи пред еден час на автопатот Гостивар-Тетово. Според објавените фотографии на „Ѕид на сообраќајниот срам“, предниот дел на возилото е целосно искршен, а делови од истото се распрскани на сите страни.Не е познато како дошло до оваа несреќа, но и кои се причините.Се очекува МВР во текот на денот да даде детални информации

Македонија | пред 6 години

6 год.
2019-04-0

Се намалуваат цените во роаминг - Потпишан регионалниот Договор

Ресорните министри задолжени за дигитализација од земјите од Западен Балкан денеска на Дигиталниот Самит во Белград, Р. Србија го потпишаа регионалниот Договор за намалување на цените во роаминг. На овој начин Заклучоците од Дигиталниот Самит во Скопје континуирано се реализираат.Потписниците на Договорот се согласни дека е неопходно дополнително да се намалат цените за роаминг услугите за целосно покривање на сите крајни корисници во регионот на Западен Балкан.Тоа значи дека максималните малопродажни надоместоци за роаминг услугите во регионот на Западен Балкан ќе бидат доведени до нивото на цени во согласност со правилото „како дома“, односно соодветно на правилата за „роаминг како дома“, кои се применуваат во Европската унија, не подоцна од 1 јули 2021 година. Државите се обврзаа да ги преземат сите потребни подготвителни чекори.Со Договорот се предвидува да се воведе преоден режим за роаминг услугите почнувајќи од 1 јули 2019 година.За Република Северна Македонија Договорот го потпиша министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
izjava-zaev.Still090

ВИДЕО: Мукоски и Арнаудов со непознати лица “пребаруваа” низ гепек од џип

Пратениците Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов по подолго време конечно се појавија во охридсктие кафани и ресторани.Тие утрово беа на кафе во еден познат охридски хотел придружувани од непознати лица кои зборуваа со скопски дијалект.По кафето Мукоски и Арнаудов стоеја покрај еден џип и со нивните „гости“ нешто разгледуваа и префрлаа во гепекот.АКТУЕЛНА Е НОВА КОАЛИЦИЈАДенповиве во јавноста се лиферуваа информации дека осумте пратеници исклучени од ВМРО ДПМНЕ преговараат за влез во владиното мнозинство. Дали ова пиење кафе е поврзано со активностите околу тоа ќе видиме наскоро.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Нестороска: Во Охрид Георгиески како градоначалник ќе отвори канцеларија за млади – ќе донесуваме одлуки

Младите охриѓани имаат капацитет да бидат носители на многу позитивни промени во нашиот град, тие се важен ресурс за иновации и развој. Нашата  цел е да ги мотивираме да се вклучат во заедничката мисија да го направиме Охрид посакувано место за живеење и да создадеме услови за подобра иднина, истакна Емилија Нестороска , член на младината на СДСМ, на кој што се презентираше дел од предизборната програма на кандидатот за градоначалник Д-р Константин Георгиески..Градењето на партнерство помеѓу општината и младите е единствениот начин на кој ќе се осигураме дека нашите политики се исправни и се однесуваат на вистинските потреби.Имаме конкретни планови со кои ќе ја подобриме положбата на младите во Охрид. Ќе отвориме Канцеларија за млади која што ќе биде посветена на младите луѓе во сите сегменти на општественото живеење. Ќе ги вклучиме и ќе ги консултираме младите во донесување на одлуките на локално ниво, а ќе работиме на проекти за едукација, професионална надградба и личен развој на младите во општината.Канцеларијата ќе функционира како локален сервис за младите граѓани икако оперативно тело на локалната самоуправа кое ќе има за задача да ги афирмира младитеохриѓани и да ги вклучи во општественото делување.Исто така канцеларијата ќе работи и како креативен центар кој ќе има за цел да им помага на младите во нивната професионална ориентација и да ги поттикне да се активираат во културниот и спортскиот живот на општина Охрид.Канцеларијата ќе има за цел да го промовира значењето на волонтерската работа, да дава поддршка на младинските иницијативи и проектии да изнаоѓаначинза нивно финансирање. Таа ќе биде и главен иницијатор за креирање на општинска Стратегија за млади.Младите во Охрид заслужуваат да одат напред, Охрид заслужува повеќе!На 21-ви април да гласаме за нашиот Кандидат за Градоначалник, Д-р Константин Георгиески!  Заедно напред! За Охрид, истакна Нестороска. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
struja

Се намали цената за приклучок за електрична енергија

За најмалку 20 проценти ќе се намали цената за приклучок за електрична енергија за домаќинствата, а ќе има намалување и на цената за приклучок за останатите потрошувачи. Тоа значи дека ако досега домаќинствата плаќаа околу 500 евра за приклучок, отсега ќе плаќаат околу 400 евра.– Ова се должи пред се на зголемувањето на ефикасноста на работа на „Електродистрибуција“ и на намалувањето на нивните трошоци за набавка на опрема која би се користела за изградба на овие приклучоци. Сето ова не става во добра ситуација, трошоците за приклучок на домаќинствата да се намалат најмалку 20 проценти, а исто така ќе има соодветно намалување и на трошоците за приклучување на останатите видови потрошувачи, изјави денеска претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимовски пред јавната расправа за мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија на „Електродистрибуција“ Скопје.Покрај приклучокот ќе се намали и рокот за издавање согласност и роковите за изградба на приклучоците.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Анима мунди: Бараме јасна, децидна забрана за еутаназија на бездомните животни

Криви само затоа што се живи, обезвреднети, тепани, труени, масовно еутаназирани – тоа е судбината на бездомните животни! Анима Мунди, поддржани од 16 други здруженија за заштита на животните бара измени и дополнувања на Законот за заштита и благосостојба на животните кој е во процедура и конечно, пред се законска забрана за еутаназија на бездомните животни. Ова е единствен закон кој примарно мора да ги штити правата на животните, пред се нивното право на живот. Нашите предлог законски измени се достапни на следниот линк:Реакција и предлог законски измени, велат од Анима мунди.Тие преку соопштение додаваат:Не сме задоволни со досегашните измени, не прифаќаме игнорирање на она што е наше основно барање и фокус со години: БАРАЊЕ ЗА ЈАСНА, ДЕЦИДНА ЗАБРАНА ЗА ЕУТАНАЗИЈА како механизам за справување со бездомната популација кучиња затоа што усмртувањето се применува со децении и не донело резултат, го продлабочило проблемот, дало можност на надлежните (општините) наместо трајно решавање, само да симулираат привидно намалување фокусирајќи се на краткорочни ефекти (пр. само за време на траење на сопствениот мандат), а потоа драстично продлабочување на проблемот кое што ги изложува граѓаните на опасност. Убивањето крај нема! Сега откако за прв пат коректно се уредува одговорното сопствеништво во рамки на законот, што го поддржуваме (на која што ургентност и важност укажувавме со години, затоа што неодговорните сопственици се причинител бр. 1 за прилив на нови и нови на бездомни кучиња на улиците) итно е потребно со закон да се забрани убивањето на бездомните животни и спречи произволноста, неодговорноста, нехуманоста со која општинските власти манипулираат, животните се убиваат, се трошат општинските ресурси, а проблемот се продлабочува до недоглед!‼️ ОСВЕН,1). ЗАБРАНАТА ЗА ЕУТАНАЗИЈА на здрави бездомни животни, животни кои се излечиво болни и животни за кои постои интерес да бидат вдомени,БАРАМЕ :2). Дефинирање на дополнителни забрани кои ќе ја унапредат заштитата и благосостојбата на животните, пр:- ЗАБРАНА за чување на кучиња постојано врзани на ланец или во бокс, без да се овозможи слободно движење надвор од тој бокс;- ЗАБРАНА за чување, одгледување и користење копитари во урбана средина;- ЗАБРАНА за е користење на копитари за извлекување дрва;- ЗАБРАНА за колење и усмртување на животни во ритуални обреди, надвор од кланици;-ЗАБРАНА за одгледување на кокошки во основен кафезен систем ;3). Законско овластување на здруженијата за заштита на животни за спроведување одредени одредби на законот, вршење надзор, проверка на одговорното сопствеништво, т.е. измени од кои би произлегла можноста за наменски овластена служба за заштита на животните формирана од претставници на здруженијата за заштита на животни, се вели во соопштението од Анима мунди. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
masakar-nov-zeland

Терористот од Нов Зеланд обвинет за 50 убиства и 39 обиди за убиство

Австралиецот, кој беше уапсен поради масакрот во џамиите во Нов Зеланд, ќе се соочи со вкупно 50 обвиненија за убиство и 39 обиди за убиство, кога во петок ќе се појави пред судот, соопшти полицијата.Тој треба да се појави пред Високиот суд во Крајстчерч Поранешниот фитнес-инструктор Брентон Тарант би требало околу обвиненијата да се изјасни лично пред судија во Крајстчрч. За таа цел, меѓутоа, тој нема да се појави лично во судот, туку ќе биде вклучен во судницата преку видео-врска од затвор, преку видео-линк во 10 часот по локално време во петок.Доколку биде осуден, Тарант се соочува со доживотен затвор. Австралиецот го пренесуваше своето дело во живо преку интернет, со помош на камера поставена на шлем. Кратко претходно тој на интернет поставил памфлет со деснорадикални и расистички пароли, кои ги испратил и преку мејл. Полицијата сѐ уште проверува дали има основа и за други обвиненија. Таа зборува и за „терористички напади“.Нападот извршен на 15 март се вбројува во најстрашните масовни убиства на вооружен поединец во Нов Зеланд.Австралиецот за прв пат се појави пред суд на 16 март. Беше притворен без да се изјасни за вината.  

Свет | пред 6 години

6 год.
vakcini-novi

Расправата за укинување на задолжителната вакцинација, се одложи за после изборите

Собраниската комисија на која требаше да се расправа за граѓанска иницијатиа за укинување на задолжителната вакцина се одложи.Претседавачот на комисијата Чедомир Саздовски објасни дека парламентот е во мирување поради претседателските избори и дека нема кворум за работа, па посочи за иницијативата ќе се расправа по 5 мај.Подносителите на иницијативата бараат измени на законот за здравствена заштита од заразни болести, со што наместо задолжително, бараат вакцинирањето да биде по избор на родителот.129 граѓани побараа родителите да имаат право сами да одлучуваат дали, со која и кога да го вакцинираат своето дете. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања