Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
F63D2224-807C-4884-AAF8-B0391AA2FA02

ВИДЕО: Мртов човек на автобуска станица во Скопје, 30 минути никој не приметил

Тело на мртов човек повеќе од 30 минути седеше на столче на автобуската станица во Скопје.[embed][/embed]Сега, телото е покриено со чаршав и се чека брза помош за медиоцинската екипа да утврди смрт.

Скопје | пред 6 години

6 год.
pedofilie-1

Малолетна ученичка пријавила дека ја допирал чуварот на училиштето

Малолетна девојка од Велес вчеравечер околу 20:40 часот во СВР Велес пријавила дека била допирано по телото од чувар во училиште во Велес.Како што информираат од СВР Велес, 61-годишниот чувар В.Т. е приведен во полиција.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zaev-mickoski

Мицкоски прифаќа да се слика со Заев, но вели Заев прво да направи две работи

Вчера Заев ме покани да сум се сликал со него. Не е проблем, еве прифаќам, но Заев прво ќе треба да направи две работи. Да ги врати 8.5 милиони евра од Глобал, а потоа и оние едно евро за Вицето, едно евро за црквата што ги бараше на видео снимката.Додека не ги направи овие две работи, ќе му остане само да се радува на сликата со Ципрас, напиша на својот Фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој истакна дека Зоран Заев не разбира што е неправда.И ќе ви кажам зошто изгледа Заев не разбира што е неправда.-Неправда е кога неправда е кога наместо повисоки пензии, се даваат тендери и бизниси на Вицето.-Неправда е кога ќе ветите добра бизнис клима, а ќе покачите даноци.-Неправда е кога ќе излажете дека ќе влезе нова германска инвестиција, а таа ќе инвестира во соседна држава.-Неправда е кога младите си одат од земјава, мајките плачат, а Мира Дизел си запослува половина фамилија.-Неправда е кога студент со 10 просек си не може ни да се прехрани, ама децата на власта одат на скапи одмори,-Неправда е кога имаме криминални иновации наместо вистински иновации и напредок.-Неправда е кога ќе велат дека ќе им дадат повисоки субвенции на земјоделците, а тие не може ниту да ги продадат производите. Кога на оризарите поисплатливо ќе им биде да го фрлат родот отколку да го продаваат, кога ќе ветат зелена нафта, а нема да добијат ништо од власта.-Неправда е кога наставниците и професорите нема да добијат повисока плата.-Неправда е кога нема работа за доктори на науки, магистри…-Неправда е кога ќе ветат 500 евра плата, а ниту оваа сега што ја имаме можат да ја одржат.-Неправда е кога ќе ветите дека ќе ги решите Еврокомпозит, Колска и Југохром, а нема да мрднете прст за нивНеправда кога ќе ветите раст од 5 посто, а Светска Банка ви вика дека не можете реално да дојдете ниту до пола.Нашата визија е правдата да биде најголем непријател на неправдата, кога криминалците ќе бидат зад решетки. Тоа ние го можеме. Овој сон можеме да го оствариме. Тогаш што чекаме. Знаеме дека со оваа власт нема ништо добро. Да почне смената. Гордана за горда Македонија. Гордана за правда за Македонија, напиша Мицкоски на фејсбук.

Македонија | пред 6 години

6 год.
siljanovska-davkova

Силјановска Давкова: Како претседате ќе го применувам новото име, но како индивидуа ќе го одбегнувам називот Северна Македонија

Кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во ТВ дуел на ТВ Телма, на прашањето дали ќе го применува Договорот од Преспа и ќе го употребува новото име, одговори:– Се разбира, бидејќи тој стана дел од Уставот. Но, во примената има разлика. Ќе ги почитувам натписите на името на државата на институциите. Да, ќе го применувам, но како индивидуа ќе го одбегнувам називот Северна Македонија. Впрочем, и во членот 7, став 2 стои дека е дозволена употребата на придавката „македонско – рече Силјановска Давкова.Таа побара од нејзиниот конкурент за претседателските избори Стево Пендаровски да не го повикува Зоран Заев на неговите кампањски собири бидејќи, како што вели таа, премиерот има јавна државна функција и тој и министрите не треба да доаѓаат на собирите.

Македонија | пред 6 години

6 год.
merkel-zaev

Телефонски разговор меѓу Заев и Меркел: Посетата на Ципрас, како и заедничката владина седница, се историски момент

Во средата, 3 април, премиерот Заев имаше телефонски разговор со канцеларката Меркел.Во разговорот беше потврдено дека посетата на Македонија што ја оствари грчкиот премиер Ципрас во вторникот, на 2 април 2019 година, како и заедничката владина седница, беше историски момент. Позитивниот развој на односите меѓу Македонија и Грција е позитивен пример за регионот на Западен Балкан и тоа се добри вести за Европа.Спроведувањето на Договорот од Преспа потврдува дека дијалогот и дипломатијата креираат позитивни резултати за надминување на отворените прашања и може да донесат директна економска корист за граѓаните. Како што информираше премиерот Заев, владите на Северна Македонија и Грција потпишаа неколку договори за зацврстување и развој на соработката. Покрај тоа, во Скопје беше одржан и бизнис форум на кој присуствуваа повеќе од 140 компании од Грција и 250 компании од Македонија.Премиерот Заев, исто така, ја информираше канцеларката Меркел и за други политички настани во државата, како што е одржувањето на отворен дијалог со опозицијата во врска со реформите, каде се постигнати конкретни резултати со усвојувањето на нов закон за антидискриминација, формирањето на Антикорупциска комисија, како и реформи во безбедносните служби и јавната администрација. Дијалогот во врска со иднината на Специјалното јавно обвинителство е сѐ уште во тек.Премиерот Заев ѝ се заблагодари на канцеларката Меркел за поддршката што Германија ја даваше во сите процеси, вклучително и надминувањето на спорот за името со соседна Грција, внатрешните реформи, а особено за економскиот советник што Германија го обезбеди со цел да ѝ помага на Владата на Македонија. Германија е најголемиот трговски партнер на Северна Македонија, а интересот на германските инвеститори е сѐ поголем. Покрај тоа, во земјата се спроведува модел за дуално образование со помош на германски партнери.Имајќи ги предвид горенаведените настани, премиерот Заев побара поддршка во врска со одлуката за почеток на преговорите со Македонија која треба да ја донесе Советот на ЕУ во јуни. Тој потенцираше дека, со оглед на тоа дека државата има статус на земја кандидат за членство во ЕУ од 2005 година, го склучи Договорот од Преспа и постигна резултати во поглед на реформските процеси, време е Советот на ЕУ да донесе позитивна одлука за отворање на пристапните преговори. Оваа одлука ќе претставува дополнително охрабрување за да се продолжи со реформите во Македонија.Канцеларката Меркел го поздрави позитивниот развој на спроведувањето на Договорот од Преспа, како и спроведувањето на домашните реформи преку отворен дијалог со опозицијата, што, според неа, ќе донесе конкретни и позитивни резултати.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Slika-Kiracovski-25-01

Кирацовски: Дури и да има бојкот, ќе најдеме начин Пендаровски да победи

Александар Кирацовски, шефот на изборниот штаб на кандидатот за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, за 24 Вести пред одржувањето на Изборната конвенција во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје озјави дека тие ќе ја однесат победата дури и ако има бојкотирање од одредени структури во вториот круг од изборите на 7 мај.– Знаеме дека првиот круг ќе биде се како што треба, но не очекуваме дека некој ќе бојкотира во вториот круг како што се шпекулира. Но, дури и некој да го поттикне тоа, ние ќе најдеме начин како да се исполни цензусот. Заедно со граѓаните и со Пендаровски ќе создадеме доволна бројка на излезност – рече генералниот секретар на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
thumb

Филипче ја одби иницијативата за укинување на задолжителната вакцинација

Ниту едно дете нема да биде примено во градинка или училиште, ако не е вакцинирано, кажа министерот за здравство Венко Филипче, откако група родители кои поднеле иницијатива до Собранието вакцинацијата да не биде задолжителна, денес реагираа дека по нивната иницијатива Парламентот не расправал, бидејќи немало кворум, пишува СДК.„Неколку пати кажавме дека има важечка законска регулатива со која вакцинацијата е задолжителна. Точно е дека во законот за основно образование има некои контрадикторности. Но, дозволете сега да коментирам дека нема да дозволиме ниту едно дете да биде примено во училиште или во градинка невакцинирано. Волјата на родителот не може да биде посилна од правото на децата да бидат здрави. А при тоа не може една индивидуална постапка да го загрозува колективното здравје“, рече Филипче.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zamir-mehmeti

Замир Мехмети: Онаа која повикуваше на ликвидација, сега ги чита рекламите на Гога

Замир Мехмети, активист на Шарената револуција на својот Фејсбук профил објави статус во кој вели дека гласот во рекламите на Гордана Силјановска е на Валентина Божиновска.„Го слушате ли оној драматичен женски глас кој ги чита рекламите на Гога и повикува на правда.Епа истата таа пред две години од пред дик повикуваше на „Ноќ на долгите ножеви”!#ВалентинаБожиновска“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Стоилковски: Заев и Пендаровски се двете лица на иста паричка

Зоран Заев и Стево Пендаровски се двете лица на иста паричка и тоа и самите го кажуваат. Ете почитувани, слушнавте како Стево Пендаровски вели дека Зоран Заев може да зборува за неговите програмски определби и дека 102.5% се исти политички и дека имаат исти програмски цели односно програмските цели и политиките се оние на Зоран Заев, изјави Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.„Тоа што Стево Пендаровски го вели всушност значи дека Стево Пендаровски е за јадење живи луѓе и оставање на луѓе на улица, додека поддржува криминал во кој царуваат компаниите на кланот. Дека Стево Пендаровски поддржува непотизам и преполнување на администрацијата. Ова значи дека Стево Пендаровски одобрува трговија со влијание односно селективна правда и трговија со правото и правдата за партиски цели. Ова значи дека Стево Пендаровски поддржува правосудство во пранги и јавно обвинителски систем во кој Заев и неговиот клан се недопирливи. Ова значи дека Стево Пендаровски поддржува обесчестување на гласот на граѓаните било на локален референдум, државен референдум или пак гласање. Ова значи дека Стево Пендаровски поддржува систем за безбедност ставен само во партиска заштита додека убиства и пукотници се секојдневна слика на улиците. Ова значи дека Стево Пендаровски поддржува целосна девастација и здравство бутнато во стечај.Ова значи дека Стево Пендаровски смета дека Македонците во Грција зборуваат „некој друг јазик“ различен од македонскиот, и тој се плаши и срами да одговори дали тие зборуваат македонски. Ова значи дека Стево Пендаровски е дел од лагата како познатата „Додека дишам, додека ме држи памет“.Стево Пендаровски признава дека е продолжение на заевизмот – кажувам, заборавам, негирам!Епа, почитувани, на Македонија и еден Заев и е преголема тежина. Зоран Заев, премиер се срами и ја крие химната на Република Македонија, ја крие Гардата на Република Македонија. Исто како Зоран Заев и Стево Пендаровски лаже дека идентитетот е забетониран, ама и тој се  срами пред гости, државници од македонската химна. Тоа е исто како лагата, ние сме Македонци, ама по дома. И химната може да си ја пееме, тивко, по дома – или затворени во сала.Македонскиот Уставен систем разликува и предвидува Претседател на државата и Претседател на владата. Премиерот го избира Парламентот, Претседателот го избираат граѓаните! Неговиот легитимитет извира директно од граѓаните. Претседателот има поинакви ингеренции, особено во меѓународните договори, во одбраната, но и како коректор на законските решенија на Владата.Тој е чувар на законитоста, чувар на државата. Е па почитувани, ако Заев и Стево Пендаровски се 102,5% исти, ако политиките се исти, тоа е отворено признавање дека Заев на овие избори трга по апсолутна власт. Претседател нема да е Пендаровски, туку Заев, за ништо долготрајно да не му застане на патот на криминалот, на заевизмот, на непотизмот, додека државата тоне со промашена економија, промашена политика, газење на човековите права, газење на демократијата и злоупотреба на системот за репресија врз граѓаните.Стево Пендаровски и Зоран Заев знаат дека им следи казна на заевизмот. На Македонија и на Македонците им е потребна право и правдина. И како и во химната, тие за тоа ќе се изборат. На овие избори ќе се изборат за правда за Македонија, за правото на достоинство, правото на државни симболи, обврската да биде интонирана државната химна секогаш и секаде“, изјави Стоилковски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG_6106

Потпишан Меморандум за соработка со средното земјоделско-шумарско училиште „Ѓорче Петров“ од Кавадарци

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска со директорот на средното земјоделско-шумарско училиште „Ѓорче Петров“ од Кавадарци, Горан Велковски потпиша Меморандум за соработка, чија што крајна цел е заеднички придонес во заштитата на шумскиот фонд.Министерот Николовски изјави дека со денешното потпишување на Меморандумот се потврдува заедничката заложба за унапредување на соработката во областа на заштита на шумите, преку подготовка и стручна обука на сегашните и идните припадници на шумската полиција, што важно за ефикасно спроведување на мерките во делот на заштита на шумите.„Овој Меморандум предвидува обуки на вработените од Шумската полиција, размена на искуства и активности во секој поглед помеѓу МЗШВ особено секторот за Шумска полиција и ова училиште.Во следниот период планираме засилена соработка со училиштето во поглед на секторот шуми и шумската полиција. Ние како ресорно министерство во изминатиот период инициравме доста активности кои се однесуваат на шумската полиција, во претходниот период започнаа со работа работните групи за дефинирање на колективниот договор , активно работиме на набавка на опрема за шумска полиција вклучувајќи и набавка на униформи и целосно сме посветени на опремување на шумските станици и подигнување на статусот на овој сектор“, изјави министерот Николовски.За реализација на овие цели, заеднички ќе преземеме активности за заштита на шумите од илегални активности, организирање обуки и семинари за потребите на сегашните и идните припадници на шумската полиција при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а паралелно ќе ја прошириме мрежата на соработка со други институции и организации.При тоа Николовски посочи дека во изминатиот период работни групи од МЗШВ ги посетија сите стручни земјоделски училишта во државата при што е констатирано дека изминатите години не добиле доволно помош, поради што сега ќе им се овозможат мерки за финансиска поддршка преку Програмата за рурален развој 2019 во делот на инфраструктурата, опрема, опитни полиња и се што им е потребно.Директорот на на средното земјоделско-шумарско училиште „Ѓорче Петров“ од Кавадарци, Горан Велковски, изјави дека со овој Меморандум се овозможува создавање и усовршување на стручниот кадар кој ќе може соодтвено да одговори на задачите а со цел заштита на шумскиот фонд.

Македонија | пред 6 години

6 год.
izjava-zaev.Still090-1

Легендарниот полицаец од Охрид, Стевче Стевоски почна нова битка во долгата војна со МАФИЈАТА

Стевоски Стевче - познатиот охридски полицаец кој 30 години се бори со системот денес ја зпаочна кампањата на претстојните Локални избори, каде е кандидат на „Деморкати“.Стевоски рече дека за него ова е уште една битка во долгата војна со Мафијата -за која рече дека е мајката хранителка на сестрите близначки СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.Од самиот старт на кампањата станува јасно дека Стевче Стевоски е кандидат кој очигледно ја зборува вистината и само вистината, па затоа ви препорачуваме да го прегледате видеото од неговата изјава или да го прочитате  интегралниот текст од обраќањето на Стеовски пред медиумите:Почнуваме уште една изборна кампања, во која како и цел мој живот ќе продолжам да ја зборувам вистината и да се борам за правдата.Целиот мој живот го поминав борејќи се за правда во институцијата каде работев и иако не успеав многу не се откажав во борбата со мафијата инсталирана во институциите и продолжив да ги штитам беспомошните луѓе и работниците врз кои институциите спроведуваа закони, и да се конфронтирам со моќниците кои со децении наназад и ден денес се недопирливи за законите.Цел Охрид знае кој е Стевче Стевоски. Ме знаат сиромашните, ме знаат и мафијашите. Ме знаат Египќаните, Албанците, Турците, Македонците. Сите знаат дека никогаш неправедно не сум казнил никој, а дека не сум се плашел да ги казнам моите претпоставени, за што и ден денес, центрите на моќ ме влечкаат по судови.Почнуваме денес повторно, нова битка во долгата војна на правдата против неправдата.Денес јавноста знае кој се ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ! Знае дека тоа се две сестри близначки кои ги родила една мајка Мафија, а таткото име Јуда.Против кандидатите од овие две партии лично немам ништо. Тие двајцата се доктори, но за жал прифатија да се марионети на нивните партии и нивната мајка Мафија.Народот овој пат знае дека тие ВМРО ДПМНЕ и СДСМ никогаш нема да тргнат против нивната мајка Мафија и затоа повторно :ГИ ПОВИКУВАМ, ОБЕСПРАВЕНИТЕ, УГНЕТЕНИТЕ, ОД ИЗВРШИТЕЛИ ЗГАЗЕНИТЕ, ОД ЛИХВАРИ УНИШТЕНИТЕ, ЗА БЕДНИ ПЛАТИ ВРАБОТЕНИТЕ, И НЕВРАБОТЕНИТЕ овој пат да гласаат за мене СТЕВЧЕ СТЕВОСКИ , за конечно да влезиме во финалната битка против МАФИЈАТА - таа сокриена мајка хранителка на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.Да живее ОхридДа живее МакедонијаДа живее чесниот граѓанин на Охрид

Македонија | пред 6 години

6 год.
pretepan

Го нападнале и му го одзеле мобилниот телефон

На 03.04.2019 во 22.58 часот во СВР Скопје, А.Ш.(18) од село Љубин, скопско, пријавил дека на улица „11-ти Октомври“ две лица извршиле разбојништво над него и му одзеле мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
carina-sverc

Кинези, бугарин и македонец шверцувале стока

На 03.04.2019 година во 20.00 часот во Полициската станица Куманово биле приведени и задржани Л.Х.(44), J.P.(38), двајцата од Народна Република Кина, В.В.М.(54) од Република Бугарија и С.П.(41) од село Режановце, кумановско, во врска со член 278/б од Кривичниот законик – „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Zekoli

Арсим Зеколи: После Јуни – само оставки

Политичкиот аналитичар Арсим Зеколи се огласи на својот Твитер профил, каде побара во јуни да се даде јасна, прецизно именувана и конкретна препорака за почеток на преговори.„Доколку во Јуни не се даде јасна, недвосмислена, прецизно именувана и конкретна препорака за почеток на преговори, сите муабети за “ќе почнеме во Јануари” се само манипулација за залажување. После Јуни препораките ќе бидат ставени ад-акта за години ред. После Јуни – само оставки“.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Го нападнале на улица и му одзеле три ланчиња

На 03.04.2019 околу 12.45 часот во СВР Скопје, Ч.К. (59) од Скопје пријавил дека на улица „Коце Металец“ две лица извршиле разбојништво над него и му одзеле три ланчиња. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
skele

Работник паднал од објект во изградба и починал

На 03.04.2019 во 15.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 13.30 часот во индустриската зона „Чојлија“, атар на село Чојлија, скопско, од објект во изградба, Н.Н.(68) од Куманово, паднал од околу пет метри висина додека изведувал работни задачи. Тој се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болница во село Петровец, каде во 15.00 часот починал. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било пренесено во институтот за Судска медицина за обдукција. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
vakcini-novi

Девојче од Штип доби оштета од 300.000 евра поради погрешно примена вакцина

Основниот cyд во Штип донесе прecyдa за oбecштетување на семејство од Пробиштип поради погpешно лекување на нивната ќерка која примила вакцина додека била под cилна антибиoтска терапија, објави Инфомакс.Терапијата траела вкупно осум месеци во 2010 и 2011 и во тој период без да биде прегледано девојчето примило вакцина за МРП и ДТП. Во 2013 година на Детска клиника на девојчето му било дијагностициранo аyтизам.Судијката Мери Гичева, делумно го прифатила тyжбеното баpање на тyжитeлите, и ја задoлжила здравствената установа „Наде Михајлова“ од Пробиштип да исплати оштета од 19 милиони денари, од кои 10 милиони за намалена животна активност, 3 милиони за физичка болкa и 6 милиони за душeвно стpaдање и бoл. Амбулантата исто така ќе треба да ги надомеcти и cyдските тpошоци во износ од 1,3 милиони денари.Во обpaзложението на пpecyдата стои дека тyжитeлката во периодот од август 2010 до март 2011 била под скоро постојана антибиотcка тeрапија, односно примала различен aнтибиотик секој месец. Кога ја примила вакцината ДТП, на 4 април 2011, била на тeрапија со Панцеф поради aкутна долноpeспирaторнa инфeкција. Вaкцината ја примила без да се изврши преглед и увид во медицинската историја за утврди дали имало контpaиндикaција за нејзино примање. По вaкцината девојчето продолжило со aнтибиотска тeрапија уште еден месец, а примило и неколку дoзи Урбазон поради згoлемена телесна температура.Во април и мај родителите забележале необични промени во однесувањето на детето. По повеќе од две години пpeгледи и теcтирања, на 21 ноември 2013 ЈЗУ Клиника за детски болecти во Скопје дијагностициpа детски аyтизам „како последица на неcоодветното и пpедолго лeкување со aнтибиотска тeрапија која довела до намaлен имyнолошки систем и спроведувањe имунизација спpoтивно на пpавилникот за имyнизација, а посебно на појавата на аyтизам влијаело давањето на коpтикотерапија преку примање инeкции Урбазон“.Од Министерството за здравство, како втоpoтyжена страна во cyдската постапка поведена од родителите на В.П. од Пробиштип, потврдија дека ја примиле прecyдата со која делумно се усвојyва нивното тyжбено.Во образложението е наведено дека предмет на вeштaчењето не е дали вакцината предизвикyва аyтизам или не, туку здравствената состојба на детето пред и по примањето на вакцината.Преcyдата не е конечна бидејќи во тек е поcтапката по жaлба.ЗД Пробиштип, повикувајќи се на стyдија објавена во Журналот на Американската медицинска асоцијација во која се образложени резултати од истражување над 95 000 деца и со која се потврдува дека нема корелација помеѓу вакцините и аyтизмот, ја oбжали пpecудата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Screenshot_12

Таткото на прободениот Филип: Молам за лeкови за син ми

АПЕЛ!!! Молам некој да ми пoмoгне како да ги oбeзбeдaм вaкцините за MNEUMOKOK i MENINGOKOK. Вaкцинитe се потребни да ги прими мојот син Филип Филиповски, кој беше пpoбoдeн со нoж минатата недела, пренесува порталот Досие.Овој aпeл го напиша на социјалните мрежи Гоце Филиповски таткото на пpoбoдeнoтo момче во дискотека кој по инцидeнтoт ocтана бeз бyбpeг и cлeзинa. Момчето се oпopaвyвa но резултати од иcтpaгaтa се уште нeмa. Семејството cвeочеше дека нaпaдpт без повoд и пpичина го извpшилe синови на висок функционер во МВР пopaнешен градоначалник. Таткото peaгира дека институциите се уште мoлчaт за кpвавиот инцидeнт.Oбвинитeлcтвo, МВР, институции надлежни за рacчистување на oбидoт за yбиcтвo на мојот син Филип Филиповски ги прибравте ли дoказите, изјавите дадени од cвeдoци и се што е потребно за да почне да се рacчистува случајот или помина и медиумскиот пpитиcoк и сега функцијата на таткото ќе си го направи своето…13 дена поминаа никaква информација , мoлk од ваша страна. He почувствувавте нешто за да не информирате како семејство , нe ги познавам законите ама убеден сум дека човечки беше да не информира некој до каде е случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Заев: По вториот мандат ќе се повлечам и ќе се посветам на семејството

Во вчерашното гостување во „Печат на неделата“ на 1ТВ, премиерот Зоран Заев рече декаќе се држи до ветувањето премиерскиот мандат да се ограничи на максимални два мандати.Заев рече дека можеби граѓаните ќе му дадат еден или два мандати, но дека после евентуалниот втор мандат тој ќе има време да се посвети на семејството.

Македонија | пред 6 години

6 год.
studenski-dom-bitola

Директорка на студенски дом си се назначила за секретар

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.П.(55), Ј.Б.(63), Ц.А.(65), Е.С.(31), М.К.(57), Д.К.(27) и Е.Е.(59) поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“.На 14.09.2016 првопријавената, како директор во државниот студентски дом „Кочо Рацин“ од Битола, донела и потпишала решение со кое себе си се распоредила како секретар во наведениот студентски дом, иако се уште вршела функција– директор, со што постапила спротивно на одредбите од Законот за вработените во јавниот сектор. Останатите пријавени, на седница на управниот одбор, изгласале и потпишале повеќе одлуки со кои ја назначиле првопријавената како секретар, со што овозможиле на неа да и се исплатува 25% од платата за работното место секретар.Со наведените дејствија, првопријавената се стекнала со противправна имотна корист од 235.001 денари, додека нанесената штетата на Буџетот на Државниот студентски дом „Кочо Рацин“ изнесува 362.276 денари.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања