Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
soobrakajna-nesreka

Велешанец се забил во бетонски ѕид

На 04.04.2019 околу 14.30 часот на крстосницата од улиците „Васил Ѓоргов“ и „Орце Мартинов“ во Велес, патничко возило „Рено Кампус“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ќ.Л.(80) од  Велес, удрило во бетонски ѕид.Во незгодата возачот се здобил со повреди и бил задржан на лекување во велешката болница. Извршен бил увид на местото на настанот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
56214433_328681634669537_669711235398238208_n

Возачот кој излета од автопатот Велес-Скопје, итно пренесен во болница

На 04.04.2019 во 22.30 часот на автопатот Велес-Скопје, во близина на „Штипска петља“, патничко возило „Хјундаи ИХ35“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.В.(58) од Скопје, излетало од патот.Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата во Велес, по што  бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 6 години

6 год.
marihuana

Марихуана и катран пронајдени во куќа во Гевгелија

На 04.04.2019 во периодот од 09.20 до 11.00 часот, врз основа на судска наредба,  полициски службеници извршиле претрес во домот на Б.Т.(32) од Гевгелија.При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, старо оружје, катран,  боева мина, куршуми, стари монети и други предмети.Поради сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје“ во Полициската станица Гевгелија од слобода биле лишени и задржани Б.Т., како и Б.П.(19), В.П.(55) од Гевгелија и Д.Г.(23) од село Миравци, кои биле затекнати во станот.По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Србин излегол од автобус и физички го нападнал сопатникот

На 04.04.2019 во 07.30 часот во СВР Куманово бил приведен  и задржан Д.П.(25) од Република Србија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“, казниво по член 133 од Кривичниот законик.Истиот ден околу 05.00 часот на бензинска пумпа на автопатот Куманово-Табановце, при излегување на автобус, Д.П., по претходна расправија, физички нападнал едно лице и му нанел тешки телесни повреди.По целосно документирање и расчистување на случајот, против Д.П. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Дрвокрадци фатени на Плачковица

На 04.04.2019 во 01.45 часот на планината Плачковица од слобода биле Ј.Ш.(28) и А.К.Ш.(25), двајцата од Радовиш.Полициски службеници ги затекнале при вршење кривично дело „пустошење на шума“. Од нив биле одземени дабови огревни дрва, моторна пила и патничко возило „Сузуки“ без регистарски ознаки, во кое биле натоварени дрвата.Лицата се задржани во Полициска станица Радовиш и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

6 год.
55861025_282611255990688_4897395635323404288_n

Милошоски: Владата за ништо не е крива, се е политички подметнато

Пратеникот Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил ги објави сите причини зошто владата за ништо не е виновна.„Владата за ништо не е крива, "прибидејќи":– Пожарите се политички подметнати– Економската нула од Германците стопанственици е политички подметната– Немањето датум за преговори со ЕУ е политички подметнато– И епидемијата на морбили е политички подметната– Зголемувањето на акцизата за горивото е политички подметната– Давањето рушвет за вработување на државно е исто така политички подметнато– Палењето на возила за рекет во СК е политички подметнато.., итн итн“, стои во објавата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
55935454_344204179634617_4942004368250503168_n

(ФОТО) Возило излета кај велешката патарина

Од засега непознати причини кај велешката патарина излета возило, пишува Курир.Од фотографиите може да се забележи дека станува збор за тешка сообраќајна незгода, а веднаш на терен се излезени екипи на МВР и Противпожарната бригада.

Македонија | пред 6 години

6 год.
56764548_2705156519501354_7354085248956628992_n

Миленко Неделковски: Мијалков му го подари „Мериот“ на Вице Заев за да се спаси

Миленко Неделковски на својот Фејсбук профил објави дека хотелот Мериот во Скопје повеќе не е во сопственост на Сашо Мијалков, кој пред неколку месеци истиот го префрлил во сопственост на Вице Заев.„Откако брат му стана нелегален премиер, "напатената душа" толку многу "пати" што ете стана и сопственик на хотелот Мериот во центарот на Скопје.Од пред некој месец Сашо Мијалков веќе не е сопственик на Мериот. Тој предходно покрај својот ги презеде и сооственичките делови на Орце Камчев и Сергеј Самсоненко во хотелот.Но сега, за да се испегла работата со обвиненијата, пред се за "Империја", доцна зимово хотелот е префрлен во сопственост на Вице Заев. Веројатно за да не му пати толку многу душата.Иста судбина е предвидена и за компанијата "Пелистерка".Останатите засегнати од "Империја" патењето на душата на Вице му ја амортизирале со носење кеш во Софија.Чудно е како за невладините, за проверувачите на фактите, за Орданоски, Борјан, Чом, Геровски и сличен шљам..., "фамилија" беа Грујо и Сашо, ама Црпко и Вице не се!!!!???“, стои во објавата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
ciklon

Циклон доаѓа кон Скопје, до вторник силен ветер и грмежи

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно и врнежливо, а така ќе биде се до вторник. Се очекуваат и силен ветер и грмежи.Утре пак ќе преовладува променливо облачно време со услови за локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, најизразен на северот.Како што претходно најавија метеоролозите почнувајки од денеска па натака кон подрачјето на Македонија се приближува нова ЦИКЛОНСКА активност што ќе ни ја донесе и новата промена на временската состојба.

Македонија | пред 6 години

6 год.
20190404201907

Силјановска: Премиерот и министрите не треба да доаѓаат на митинзите

Гордана Силјановска Давкова во вечерашниот ТВ дуел на Телма побара од нејзиниот конкурент за претседателските избори Стево Пендаровски да не го повикува премиерот Зоран Заев и министрите на своите кампањски собири бидејќи тоа е, како што вели таа, недозволиво.- Премиерот има јавна државна функција и тој и министрите не треба да доаѓаат на собирите. Јас сум дел од креаторите на Изборниот законик и знам дека тоа е недозволиво - рече Силјановска.Таа додаде дека Христијан Мицкоски, држи говори и присуствува на нејзините собири затоа што нема статус на премиер.

Македонија | пред 6 години

6 год.
siljanovska-davkova

СДСМ: Мицкоски ја демантира неговата кандидатка Силјановска дека е натпартиски кандидат

Христијан Мицкоски и директно ја демантира неговата кандидатка Гордана Силјановска, која лажно и неискрено се претатавува дека е натпартиски кандидат, велат од СДСМ.„Мицкоски порача дека Силјановска е многу повеќе ВМРО-ДПМНЕ отколку многу други во партијата.Пропадна обидот на Силјановска лажно да се претставува како натпартиски кандидат.За само три дена Силјановска пласираше три големи лаги со што се профилира како поддржувач на лагите и лажните вести на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.Граѓаните не прифаќаат претседателски кандидат да ги лаже, да зборува едно, а друго да прави. Затоа, на изборите, граѓаните нема да дозволат партиски послушници и лицемери да застанат на чело на државата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Muhamed-Zekiri

Зекири: Размислувам да поднесам барање за смена на Џафери

Во вечерашната дебата на Вести24, пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири, изјави дека Талат Џафери треба побрзо да се освести што прави како претседател на Собраниет.Мухемед Зекири изјави дека размислува да поднесе барање за смена на Талат Џафери од местото Претседател на Собранието и додаде дека ќе го држи за збор пратеникот Антонио Милошоски, кој рече дека ќе ја поддржи таквата интерпелација доколку биде поднесена од страна на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
duvalo-1

Обуки и теренски активности во рамките на проектот „Дувало: од предизик до решение“

Во тек е реализацијата на вториот циклус работилници организирани во рамките на проектот “Дувало: од предизик до решение”. Учесниците во рамки на циклусот покрај обуките го посетија и локалитетот „Дувало“ кај селото Косел, а беа во посета и на планината „Галичица“. Проектот е имплементиран од страна на Здружението за одржлив развој Синиот Проект, како дел од Програмата за подобрување со управување на заштитените подрачја финансирана од Европска Унија, а имплементирана од Програмата за развој на Обединтите Нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Македонија | пред 6 години

6 год.
56248128_2143886405667315_207757206014132224_n

Заев: Го направивме невозможното со Ципрас

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил објави кратко видео од посетата на Ципрас.„Kога со Алексис го започнавме тешкото патување за да го затвориме долгиот спор што го имавме, не знаевме дека ќе стигнеме до овој историски момент. Кога ќе погледнете во иднината што се отвора пред нас, гледате отворање на нови можности за подобри односи и посилна соработка. Гледате два соседни, пријателски народи, кои ѝ покажаа на Европа и на светот дека со храбри одлуки и со желба за заедништво, тоа што до вчера изгледаше невозможно, денеска е реалност“, напиша Заев под видеото.https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/267769454107826/

Македонија | пред 6 години

6 год.
Screenshot_12

Таткото на прободениот Филип: Додека вие бирате меѓу Пендаровски и Силјановска, јас се борам за животот на син ми

Таткото на прободениот полицаец Филип Филиповски, Гоце Филиповски, во текот на целиот случај е активен на Фејсбук, а пред неколку дена по агонијата објави прекрасна вест - дека младото момче излегло од болница каде се бореше долго за живот.- За многу македонци е најважно сега дали ќе биде Пендаровски или Силјановска, мене ми е најважно син ми Филип да ја добие битката за живот, напиша Гоце.https://www.facebook.com/goce.filipovski.3/posts/3142132625812770Тој додава и дека државата за лекувањето го праќа во Грција и дека немаат вакцини неопходни за неговото дете, а и уште еднаш повторува дека МВР молчи и дека случајот ќе се заташка поради како што вели синовите на градоначалникот од редовите на СДСМ кои му го прободеле детето.

Македонија | пред 6 години

6 год.
soobrakajka

Единаесет лица повредени во сообраќајки во Скопје

 Единаесет лица се здобиле со лесни телесни повреди во пет од вкупно девет сообраќајки што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во четири сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.СВР Скопје информира дека од сообраќај се исклучени шест возачи кои возеле побрзо од дозволеното, 23 возачи пред да се стекнат со правото на управување моторно возило, двајца почетници и 27 нерегистрирани возила.Полицијата казнила и 26 возачи кои разговарале на мобилен телефон, 15 возачи поради не носење сигурносен појас и пет возачи на мотор, мопед или мотоцикл поради не носеле заштитен шлем.Превземени се мерки и против тројца возачи кои поминале на црвено светло, тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаци на пешачки премин, тројца за неправилно престројување и двајца за неправилно престигнување. Санкционирани се и двајца пешаци кои направиле сообраќаен прекршок.За непрописно паркирање издадени се 121 мерка, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 70 возила.

Скопје | пред 6 години

6 год.
4

Истрага за несреќата кај Солунска глава: „Цесната“ паѓала како камен и се распарчила

Авионот "Цесна", кој го погреба бизнисменот Георги Бошнаков и неговото семејство, паднал како камен. Ова го рекле извори запознаени со истрагата од прва рака, пишуваат бугарските медиуми.Меѓу првите впечатоци на вработените од македонската единица за истрага на воздухопловни несреќи, авионот немал косо навалување, карактеристично за слични несреќи, туку се распаднал право надолу кон планинскиот рид каде се распарчал на парчиња. Поради оваа причина основна верзија на истрагата останува техничка неисправност во малиот авион.Исто така, пилотската грешка и паниката не се исклучуваат како причини за несреќата поради нестабилните временски услови.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Siljanovska-Pendarovski-696x371

Мицкоски: Професорката Силјановска држеше час, а Стево слушаше

На вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски ја коментираше вечерашната претседателска дебата, помеѓу тројцата претседателски кандидати, Гордана Силјановска Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река.Тој истакна дека Пендаровски денеска добил вистинска лекција од професорката Силјановска.Мицкоски ги прокоментира и шовинистичките испади на Пендаровски, додавајќи дека тој е човек кој украде кампањи од 2 жени, Тереза Меј и Хилари Клинтон.-Гласот за е глас за Зоран Заев тоа е иста паричка, лице и опачина. Замислете ќе каже Стево дека на државава не и требала мајка и требал татко на нацијата. Замислете, а вечерва гледавме како професорката држеше час, а Стево слушаше. Човекот кој украде, кампања од 2 жени, Тереза Меј и Хилари Клинтон. Стево е трета претседателка со иста кампања на овие претседателски избори, вели Мицкоски од Кочани.

Македонија | пред 6 години

6 год.
siljanovska-1

Пендаровски: Ако некој мисли дека Силјановска е различна од Иванов, се лаже

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, на денешната трибина со граѓаните на Свети Николе во својот говор се осврна кон своите политички опоненти.„Ако некој мисли дека Гордана Силјановска нуди нешто различно од Иванов, се лаже, ако некој мисли дека Мицковски нуди нешто различно од Груевски, се лаже. Ние, заедно со премиерот Заев, заедно со сите прогресивни сили ги отвораме портите на светот за нашата држава“, рече Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Jane-Cento-696x371

Јане Ченто: Да застанеме заедно зад проф. Силјановска и да ја испратиме оваа банда во историјата

На фејсбук страницата “Слобода за Јане Ченто” беше објавен текст од Јане Ченто, пренесен од неговата мајка, преку кој ги повикува сите негови роднини и пријатели да застанат за професорката Гордана Силјановска Давкова, со цел да ја испрата оваа банда во историјата.„Драги пријатели,победата и сами знаете оти е блиску.Таа ќе стане уште поблиска и поскоро ќе биде спечалена, ако секој чесен македонски граѓанин не си ги губи деновите држејќи се настрана од оваа борба против оваа криминална власт. Секој загубен ден е продолжување на животот на оваа криминална банда, продолжување на нивните ѕверства и малтретирање на секој оној кој мисли различно од нив.Секој треба да биде свесен за оваа вистина и за одговорноста која ќе ја понесе секој пред сопствената совест и пред граѓаните на Република Македонија.Затоа ве повикувам, мои роднини, мои пријатели, сите оние кои што ме познавате, сите оние кои сакаат да си оди оваа криминална власт, тоа да го докажете во битката која предстои а тоа се претседателските избори на која ќе застанеме зад Проф. Гордана Силјановска Давкова и уверен сум дека ќе победиме на предстојните избори и ќе ја испратиме оваа банда во историјата.На 21 Април нема да гласате само за Гордана Силјановска Давкова туку ќе гласате и против ова зло предводено од Зоран Заев, запомнете го тоа. Овие избори треба да го означат почетокот на крајот на Зоран Заев и неговата криминална банда.Почитувани пријатели, истомисленици, борци против овој режим, време е да се обединиме во интерес на Република Македонија во пресрет на изборите кои следат, да се обединиме против ова зло кое владее со Македонија и да ги поразиме на овие избори а со тоа се отвора патот да му го зададеме последниот удар на предвремените парламентарни избори на есен.Како сите народи, големи и мали, така и ние сме исправени пред дилемата да избереме еден од двата спротивставени фронта, два системи, две гледишта за нашата татковина.Во овие моменти, ние како поробен народ и држава треба да застанеме категорично на фронтот на демократијата, слободата и правдата.Тоа е долг на секој од нас кој што ја сака оваа татковина.Можеби сите имаме грешки, но сега е моментот да се сплотиме под знамето на Република Македонија, сите кои се против овој режим, Македонија не вика.Сите граѓани на Република Македонија ја видоа политиката на Зоран Заев која се состои од заткулисни зделки и одлуки кои се штетни за Република Македонија. Ова ли е правдата да ги пуштаат од притвор тие што му требаат за да обезбеди 2/3 мнозинство во Собранието, пазар кој сите го гледаме и ден денеска. Тие ли се европски вредности, со уцени за да се собира 2/3 мнозинство во Собрание? Не би рекол.Јас сум уверен дека народот нема веќе доверба во оваа банда која е на власт, бидејќи се разголија и видовме колку вредат.Видовме банда која краде, уништува, монтира судски процеси, мести тендери и носи штетни историски одлуки за Република Македонија.Ситуацијата од ден на ден се влошува, има обид да се лишат македонците од своите историски сеќавања и ги принудуваат во објекти на принудна асимилација.Државните институции се узурпирани од банда на криминалци и мора да ги ослободиме за да имаме правна држава.Ние денес сме на крстопат, но мораме да решиме дали сме подготвени да ги браниме државните интереси и интересите на граѓаните или вечно ќе се предаваме и ќе се повлекуваме пред овие бандити. Со оваа банда која е на власт ние од ден на ден доживуваме национален дебакл и катастрофа во која тонеме се подлабоко. Погледнете насекаде околу вас и ќе видете разочарани и понижени граѓани, наведнати глави, тажни лица, слика која е одраз на тешкиот денешен живот. Имаме општ распад на системот на сите полиња.Доживеавме премиерот и министрите во Владата на СДСМ да ги преќутуваат нашите браќа и сестри во Егејска Македонија и да се плашат да кажат дека таму има луѓе што зборуваат македонски јазик и кои се изјаснуваат како Македонци. Па тоа ни во најцрните ропства не го правеле нашите поробувачи, а денес премиерот на Република Македонија го прави тоа и негира дека таму живеат македонци кои зборуваат македонски јазик.Затоа ве повикувам сите и десни и леви и оние од центарот, да се обединиме против ова зло, да го тргнеме овој јарем кој ни го ставија а потоа да ја градиме Република Македонија.Имам порака и до оние кои сакаат да бојкотираат а тоа е: драги пријатели, имате шанса за бојкот во вториот круг ако видите дека оваа криминална банда ги краде изборите, затоа ве повикувам и Вас, излезете во првиот круг на 21 Април и не го бојкотирајте првиот круг, напротив излезете масовно и со пенкало во рака урнете ја оваа банда уште во првиот круг, нека видат дека народот не стои зад нив, и дека народот ја враќа Државата во свои раце.Да се избориме за перспективна и прогресивна Република Македонија , да се потпреме на сите оние кои и мислат добро на оваа држава и имаат морална вредност, бидејќи на Македонија и треба еволуција.Никој не треба да се води од лични амбиции, туку од взаемните вредности, да се обединат напорите за решавање на проблемите кои секојдневно ги демнат македонските граѓани.Моменталната слика во Собранието што ја гледаме, не е Собрание на интелектуалци и луѓе кои што и мислат добро на својата татковина, туку е толпа лакома за пари и зависна од неколку луѓе.Чест на исклучоци.Во борба против оваа банда која е на власт треба да учествуваат вистинските синови и ќерки на Република Македонија , само тие може да имаат смелост, храброст и издржливост за да победиме против ова зло.Оваа влада на чело со Зоран Заев нема праведна моќ која потекнува од македонските граѓани. Во овој момент Македонија не е Република, туку владее одвратен деспотизам и тоа мора да запре.Овие што ја туркаат Македонија да се самоукине се паразити полни со лицемерие и подла суровост.Македонските граѓани ја откријаа подлоста и лицемерието на овие паразити и ќе му се спротистави на 21 Април кога ќе му даде жолт картон.Сега е моментот сите партии, здруженија, поединци да ги исполнат нивните стремежи и да започне нова ера на соработка против оваа криминална власт.Никој не треба да ги игнорира неправдите од минатото, лекциите од историјата, но сега е моментот да се сплотиме, бидејќи тоа го бара нашата таковина.Ве повикувам сите добронамерни граѓани кои ја гледаат оваа неправда што се случува во Мaкедонија да излезете на 21 Април и да ја поддржите Проф. Гордана Силјановска Давкова за иден претседател на Република Македонија.Со победата на Проф. Силјановска ќе бидеме на еден чекор да го отфрилме ова ропство во кое не држи оваа банда.По победата на Проф. Силјановска ќе има предвремени избори на есен , а тогаш сите партии ќе покажат колку вредат и врз тоа ќе имаме нова власт во Република Македонија која ќе биде чесна, достоинствена и праведна.Од слободниот човек не може да се направи роб, затоа што слободниот човек е слободен и во затвор.Да живее Република Македонија!“, се вели во објавата.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања