Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
drva-1

Кривична пријава против четири лица поради сеча на шума

Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против С.А.(29), Ш.A.(35), Е.К.(21), сите од Радовиш и против Н.Б.(20) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење на шума“.На 02.03.2019 на планина Плачковица, на место викано „Влизина“, на патот за Иланица, вработени во шумска полиција ги затекнале пријавените при бесправна сеча на шума, при што било утврдено дека бесправно исекле 71 дабови стебла.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Koce-kuka-696x348

Призма: Коце Трајановски се подновил со куќа, се сменил ГУП и ДУП за да гради во Керамидница

Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, се подновил со нова куќа, во скопската населба Керамидница, објави Призма.Во истражувањето на Призма е наведено дека куќата е на два ката и според податоците од Катастар, има вкупна површина од 392 квадратни метри, заедно со подрумските простории и со терасите. Градежната дозвола за градба била издадена 31 март 2017 година од општина Гази Баба, во времето на градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Трајковски. Маркичката е добиена со промена на ДУП, исто така во време на градоначалникот Трајковски.Иако Трајановски за Призма потврдил дека куќата е негова, всушност, не е директен сопственик, туку таа е во сопственост на фирма што тој ја купил минатата година заедно со својата сопруга. Компанијата се вика „Природна органска храна ДОО“ и на нејзино име се водат три катастарски парцели во Керамидница, со вкупна површина од 1.895 квадрати. На една од парцелите се гради објектот.Целото истражување на Призма можете да го прочитате тука.Фотографија- Призма

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC06328-2

Филипче: Општата болница Кавадарци со нови современи апарати за дијагностика, отворен модерен ургентен центар и реновирана биохемиска лабораторија

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче денеска оствари средба со раководството и персоналот на Општата болница со проширена дејност Кавадарци, каде заеднички го одбележаа 7 април–Светскиот ден на здравјето.Во рамки на посетата, министерот Филипче на вработените им честиташе на посветеноста и истакна дека минатата година беше успешна за оваа болница. Министерството за здравство реализира повеќе мерки за унапредување на здравствената заштита за сите граѓани во нашата држава и за унапредување на статусот на здравствените работници. Се грижиме за здравјето на сите граѓани. Целта е јасна: достапна здравствена заштита за сите граѓани, подигнување на квалитетот на здравствена заштита и условите за работа на лекарите и останатиот медицински персонал со подобрување на условите и квалитетот на услугата.„Го враќаме достоинството на сите здравствени работници. Во текот на минатата година се вработени голем број на здравствени работници, а во 2018 година во Општата болница со проширена дејност Кавадарци се реализирани 46 вработувања. Задоволен сум што здравствените работници од оваа болница добија покачувања на своите плати. Ги зголемуваме и коефициентите за исплата на дежурства, ноќен труд и дополнителна работа на здравствените работници. Првпат специјализантите земаат плата за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар“, потенцираше министерот Филипче.Со измената на Законот за здравствена заштита, од оваа година, секој млад лекар добива шанса да се ангажира во системот на јавно здравство. Тоа значи дека секој лекар, кој ќе го заврши лекарскиот стаж и ќе добие лиценца за работа, ќе се вклучи во системот на здравствените домови, ќе биде платен за својот труд и ќе почне да стекнува искуство во брзата помош, вакциналните пунктови и во системот на патронажна нега.„Во општата болница со проширена дејност Кавадарци, беа исполнети повеќето цели во тек на минатата година, како што се набавка на современи апарати за дијагностика, отворен модерен ургентен центар, реновирана биохемиската лабораторија, и зголемен е обемот на работа со проширување на дејноста на болницата, со цел интегрирање на давањето здравствени услуги на пациентите од овој регион“, рече министерот Филипче.Во следниот период ќе продолжи изградбата на центарот за палијативна нега, ќе се реновира детското одделение во рамки на болницата и едно од возилата за итна медицинска помош кои се набавени ќе биде доделено токму за Кавадарци.„Ви го честитам Светскиот ден на здравјето и само со заеднички заложби на сите чинители може да го унапредиме здравствениот систем во Република Северна Македонија“, потенцираше министерот Филипче.Планирано е проширување на интеграциите на лекарите од болничкиот сектор, посебно за регионите кои се соочуваат со недостиг на лекари во примарно ниво. Истовремено, работиме на проширување на дејностите на одредени здравствени домови, во насока на враќање на гинеколошките диспанзери.

Македонија | пред 6 години

6 год.
siljanovska

Гога ја разреши дилемата околу нејзиното презиме

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, на денешната прес-конференција ја разреши дилемата околу нејзиното презиме.„Во македонскиот литературен јазик, Силјановска е вистинското, но понекогаш кога презимето на родителите го внесувале матичарите, можело и наместо лј да стават љ и вие сте тогаш должни тоа што го пишува во личната карта да го кажувате. Да, во личната карта на моите родители е внесено љ наместо лј. Звучи чудно, но можеби е време да се корегира“, изјави Силјановска-Давкова.

Македонија | пред 6 години

6 год.
56168073_416388139137834_7125685004188778496_n

Поранешното раководство на Обединети за Македонија- Охрид со поддршка за Михаил Трендафилов - Нанче

Денес, во разгорувањето на битката во трката за градски татко на Охрид, се приклучи поранешното раководство на Обединети за Македонија од Охрид со давање на целосна поддршка на кандидатот за градоначалник Михаил Трендафилов – Нанче, стои во соопштението од Граѓанско Демократска Унија-ГДУ.На прес-конференција во Локалниот клуб на Граѓанско Демократската Унија, Владимир Каневчев, поранешен претседател на Обединети за Македонија во Охрид изјави:„Како поранешното општинско раководство на Обединети за Македонија и јас како нејзин поранешен претседател, пред неполн месец донесовме едногласна одлука за негово распуштање, а после неколку наши консултации околу понатамошните политички ангажмани, едногласно одлучивме, на претстојните избори за градоначалник на Охрид да застанеме во поддршка на г- динот Михаил Трендафилов Нанче.Одлуката не беше лесна, но мотивите за тоа беа следни: Знаете и сите дека партијата Обединети за Македонија e десно ориентирана партија и настана како производ од незадоволните членови на поранешното ВМРО- ДПМНЕ, каде воедно како член и еден од основачите беше и г-динот Љубе Бошкоски. Во неколкуте изминати години, режимското владеење на ДПМНЕ ја достигна својата кулминација, со што беше неопходно обединување на сите прогресивни сили во Македонија, без оглед на политичкото убедување, со една единствена цел, рушење на режимот.Застанавме рамо до рамо во таа борба, се формира и коалицијата ВМРО за Македонија како трета десна опција, а предводник во битката беше тогаш најголемата опозициска партија СДСМ. Битката иако тешка, режимот падна, ама многу работи не тргнаа онака како што очекувавме.Во пост изборниот период, како и многу други помали и десни и леви партии влеговме во коалиција со сега владеачката СДСМ, се со цел да бидеме поцврсти, заеднички да ја градиме Македонија како силна европска и просперитетна државаа, а таа сплотеност покажа одлични резултати на локалните избори наредната година.Но, сега еве, изборите за градоначалник се пред нас, тука сме со кандидатот на Граѓанско Демократската Унија, г-динот Михаил Трендафилов Нанче, на кого овој пат му ја даваме целосната поддршка, а оваа наша одлука произлезе од многу други фактори, пред се гледајќи на глобално ниво за Охрид.И г-динот Георгиески од СДСМ и г-динот Милошески од ДПМНЕ се пред се врвни лекари, кои верувам со љубов си ја работат својата работа и се спремни секогаш да помогнат секому, не затоа што дале Хипократова заклетва, туку затоа што пред се се хумани луѓе, па затоа и на двајцата искрено им посакувам многу успех во својата лекарска кариера и да останат запаметени како такви.На Охрид доста му беше не само од лекари за градоначалници, на Охрид доста му беше и од партиски послушници од двете најголеми партии, кои функцијата градоначалник не дека не знаат да ја вршат. Не можат да ја вршат совесно, затоа што мора да бидат неми извршители на ситнопартиските интереси.Затоа на Охрид му треба искусен менаџер, организатор и независен човек.“Со тоа, поранешното раководство на Обединети за Македонија во Охрид го повикува своето членство и симпатизери да ја дадат својата поддршка за градоначалничкиот кандидат Михаил Трендафилов – Нанче, стои во соопштението од Граѓанско Демократска Унија-ГДУ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG_1830

Со помош од Општина Кисела Вода полуматурантите ја избираат идната професија

Општина Кисела Вода и оваа година започна со реализација на проект преку кој полуматурантите од општинските основни училишта полесно ќе можат да ја изберат идната професија.Во рамки на проектот, денеска деветоодделенците од ООУ „Кузман Јосифовски - Питу“ беа во посета на Цементарница УСЈЕ АД Скопје каде имаа можност да се запознаат со дел од вработените кои им ги презентираа потребните професии за успешно функционирање на фирмата во која работат.Учениците гледаа краток документарен филм од кој научија нешто повеќе за Цементарница УСЈЕ АД Скопје. Покрај ова, учениците од страна на вработените добија одговори на прашањата за кои се интересираа.Во периодот што следува учениците од општинските основни училишта ќе посетат повеќе фирми кои опстојуваат на територијата на Општина Кисела Вода. 

Скопје | пред 6 години

6 год.
heroin-111

Скопјанец под истрага за неовластена продажба на хероин

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот неовластено заради продажба држел опојна дрога – хероин со вкупна нето маса од 84,01 грама спакувана во седум полиетиленски пакувања. При претрес во домот во кој престојувал осомничениот, освен дрогата, била пронајдена и една дигитална вага со остатоци од хероин.Имајќи го предвид фактот дека лицето претходно е осудувано за истото, но и за друго кривично дело, надлежниот јавен обвинител ценеше дека постојат околности кои укажуваат на опасност тој да го повтори кривичното дело или да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон. Од тие причини, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. 

пред 6 години

6 год.
marihuana

Жител на Градско со престој во Скопје осомничен за неовластена продажба на дрога

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Имено, на 03.04.2019 година, при претрес на домот во Скопје во кој престојувал осомничениот, биле пронајдени 24 полиетиленски пакувања наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 166,81 грама, како и две ваги и други поситни предмети со траги од различни дроги и психотропни супстанции – амфетамин, кокаин и тетрахидроканабинол.Со оглед на тоа што постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. 

пред 6 години

6 год.
marihuana2

Поднесено обвинение за неовластено пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот на 11.03.2019 година во својот дом во Скопје неовластено заради продажба држел наркотична дрога  – марихуана со вкупна нето маса од 293,71 грама како исушени врвни делови од растението Cannabis, хашиш смола со вкупно количество од 47,5 мл со кое биле исполнети пет шприца, како и психотропни супстанции – шест таблети 3,4 метилен диоксиметамфетамин (MDMA). Дрогата и психотропните супстанции биле пронајдени при претрес во домот на обвинетиот од страна на овластени полициски службеници.Ценејќи дека и натаму постојат законските основи заради кои на сега обвинетиот претходно му беше определена мерка куќен притвор, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за продолжување на оваа мерка. 

пред 6 години

6 год.
03-4

Дипломатскиот брифинг посветен на 15 годишната активност на МАРРИ Регионалниот центар

“Регионалната иницијатива за азил, бегалци и миграции односно МАРРИ Регионалниот е докажана успешна регионална приказна, успешен регионален проект кој успеа да опстои и покрај многуте премрежја пред кои беше исправен нашиот регион во изминатиот период“.Ова, меѓу другото, го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на почетокот од своето излагање во рамки на дипломатскиот брифинг посветен на 15 годишната активност на МАРРИ Регионалниот центар што денеска се одржа во Министерството за надворешни работи и на кој што беа сублимирани досегашните активности и значење на оваа Регионална иницијатива, како и предизвиците пред коишто е исправена во наредниот период.Според министерот Спасовски во релативно краток временски период Република Северна Македонија, но и регионот, се соочија со голем прилив на мигранти на своите граници, притоа посочувајќи дека научените лекции, брзо беа преточени во законски и подзаконски решенија, беа изготвени соодветни акциски планови за справување во слични ситуации во иднина, а сега веќе искуства се споделуваат во рамки на МАРРИ учесниците, а и пошироко.“Миграцијата, сама по себе, особено онаа која вклучува ненадеен и огромен прилив на мигранти повлекува земање предвид на уште неколку други феномени. Тоа се, пред се кривични дела од областа на трговијата со луѓе и криумчарење мигранти, кои треба да ги спречиме или откриеме. Но тоа се и ситуации кои понекогаш налагаат пружање медицинска помош, обезбедување соодветна заштита и интеграција. Во насока на справување со сите овие предизвици и обврски, првенствено е потребен координиран настап на сите засегнати државни институции, но и заедничко регионално дејствување токму во обезбедувањето на тој координиран пристап“, потенцираше министерот Спасовски.Платформата за соработка креирана токму преку самото постоење на МАРРИ, претставува огромна придобивка за целиот регион на Западен Балкан,односно истата се користи како значајна алатка за размена на искуства и најдобри пракси. Она што можам да го кажам во мое име и во име на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија е дека нашата поддршка на МАРРИ и натаму ќе продолжи и ќе се интензивира“, констатираше на крајот од своето обраќање министерот Спасовски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
FullSizeRender-05-04-19-12-03

ВМРО ДПМНЕ Охрид: Герогиески да одговори како е извршена промена на официјалните печати на општината?

Несовесното и неодговорно работење спротивно на Законите стана главна одлика за СДСМ и Константин Георгиески. СДСМ и Георгиески толку послушно и понизно ги спроведуваат незаконските одлуки повикувајќи се на одлуките на Владата на Република Македонија да се промени Статутот на општината, изјави Перчо Божиновски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.Герогиески да одговори како е извршена промена на официјалните печати на општината и наместо Република Македонија, тие се испишани со Република Северна Македонија?Децицно во член 10 од Статутот на општина Охрид и јасно стои што треба да пишува на печатот.Кој ќе одговара за тоа што незаконски се изработени нови печати и ги има како доказ два дена последователно на официјални документи од општина Охрид?За да се изврши промена на Статут на општината врз основа на член 18, точка 1 потребна е Одлука на Совет, но таква Одлука не е донесена.Охриѓани треба да знаат дека СДСМ работи против нивната одлука донесена на референдумот на 30 септември, за печатот на општината наместо досегашниот назив Република Македонија да го носи називот Република Северна Македонија.Наместо Георгиески да ја потценува интелигенцијата на охриѓани и да ветува исти работи што ги ветуваше како носител на советничка листа треба да им каже дека сака спротивно на Законите секаде каде што се споменува зборот Република Македонија да се замени со зборот Република Северна Македонија.Георгиески и СДСМ спроведуваат флагрантно кршење на Статутот и Деловникот за работа на Советот. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги информира сите засегнати институции и ќеподнесе соодветни пријави.На 21 април ќе се стави крај на владеењето на СДСМ, ќе победи правото и правдината, а Охрид за охриѓани повторно ќе биде град на дела и светла иднина, изјави Перчо Божиновски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC06136-2

Општата болница Велес - првата што доби акредитација на 3 години од Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи

 Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска ја посети Општата болница Велес, каде оствари работна средба со раководството и персоналот на оваа јавна здравствена установа. На средбата, министерот Филипче во пресрет на 7 април – Светскиот ден на здравјето им честиташе на успехот и заложбите да бидат првата општа болница што доби акредитација на три години од Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи.„Оваа акредитација значи квалитет и безбедност во здравствената заштита, која ги развива, ревидира и унапредува стандардите на здравствена заштита во здравствените установи, прави проверка на имплементацијата на стандардите и дава стручна помош на здравствените установи за успешна подготовка до постапката на надворешно оценување и следење на одржувањето и унапредувањето на здравствената заштита после акредитацијата. Исто така, во следниот период ќе почне постапката за проектирање и реконструкција на инфективното одделение во оваа болница“, истакна министерот Филипче.Во изминатиот период, Министерството за здравство реализираше повеќе мерки за унапредување на здравствената заштита за сите граѓани во државата, како и за унапредување на статусот на здравствените работници и дополнителна стимулација и вреднување на трудот на кадарот во јавните здравствени установи.„Нашите цели се јасни: достапна здравствена заштита за сите граѓани, подигнување на квалитетот на здравствена заштита и условите за работа на лекарите и останатиот медицински персонал со подобрување на условите и квалитетот на услугата. Верувам наша заедничка цел е достигнување на стандардите на современ европски здравствен систем“, потенцираше министерот Филипче.За потсетување, во септември минатата година, на 19.123 вработени во јавните здравствени установи им се зголеми основицата за плата за 5%. Во јануари 2019 година, реализирано е дополнително зголемување на платите - 5% за медицинските сестри и 10% за докторите специјалисти, а во септември годинава следи зголемување од 5% и за останатите здравствени работници.Исто така, реализирани се голем број вработувања во јавните здравствени установи, и овој процес ќе продолжи и по завршување на изборниот циклус.Зголемени се коефициентите за исплата на дежурства, ноќен труд и дополнителна работа на здравствените работници. Првпат, специјализантите земаат плата за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар.„Со измената на Законот за здравствена заштита, од оваа година, првпат во нашата земја, секој млад лекар добива шанса да се ангажира во системот на јавно здравство. Тоа значи дека секој лекар, кој ќе го заврши лекарскиот стаж и ќе добие лиценца за работа, ќе се вклучи во системот на здравствените домови, ќе биде платен за својот труд и ќе почне да стекнува искуство во брзата помош, вакциналните пунктови и во системот на патронажна нега“, рече министерот Филипче.Министерот Филипче потенцираше дека целта е со овие мерки да ги задржиме младите лекари и медицински сестри да работат во јавното здравство, а не да заминуваат надвор од земјата. Вработуваме, ги покачуваме платите, го едуцираме медицинскиот кадар, но најважно од сѐ, го враќаме достоинството на здравствените работници.„Дозволете во оваа прилика да го најавам и проектот со кој планираме проширување на интеграциите на лекарите од болничкиот сектор посебно за регионите кои се соочуваат со недостиг на лекари во примарно ниво.Истовремено, работиме на проширување на дејностите на одредени здравствени домови, а во насока на враќање на гинеколошките диспанзери“, изјави министерот Филипче.Во делот на унапредување на здравствената заштита, минатата година е воспоставен електронски регистар за ретките болести, по препорака на извештајот на ЕУ, воведени се и три нови лека за ретки болести, од кои еден за болеста фамилијарна амилоидна полиневропатија, апластична анемија и нов лек за болеста Гоше. Со заложба на Владата, буџетот за набавка на лекови за ретки болести, годинава, е двојно зголемен и изнесува 380 милиони денари.„Меѓу значајните мерки на Министерството за здравство е и укинувањето на паралелниот увоз на лекови, обезбедувањето лекови со сертификат за квалитет, воведувањето три нови молекули на инсулини и набавени дополнителни 10 инсулински пумпи. Првпат се обезбедени бесплатни ортопедски градници за жените што се оперирани од рак на дојка и имаат потреба од градник, во соработка со ФЗОМ“, истакна министерот Филипче.Во областа на трансплантација, првпат е успешно извршена и трансплантација на матични клетки од несроден донор кај пациент кој боледувал од акутна миелобластна леукемија, а по пауза од три години, од месец ноември 2018 година успешно беа изведени три трансплантации на бубрези на пациенти од починат донор.„Во декември, минатата година, првпат во државата, имплантиравме механичко срце кај пациент на возраст од 54 години со терминална срцева слабост на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија. Оваа операција претставува врвот на адултната кардиохирургија“, потенцираше министерот Филипче.Општата болница во Велес по пуштањето на Ургентниот центар ќе стане Регионален ургентен центар со целосна дијагностика со што ќе се покријат сите потреби на пациентите од Велес, од околината и поширокиот регион на Повардарието. Кон средината на минатата година ставен е во функција апаратот за компјутерска томографија, а во следниот период ќе се набави и дополнителна опрема, се со цел да им се олесни пристапот до здравствени услуги на пациентите од овој регион.Ова се само дел од новините и проектите што ги спроведуваме во сите сегменти во здравството. Нашите активности продолжуваат понатаму, со уште поинтензивно темпо.„Дозволете во оваа прилика да го објаснам и моделот на јавно приватно партнерство кое планираме по широка јавна дебата да го имплементираме онаму каде што ќе покажат студиите дека е потребно и можно во здравствениот сектор. По изборниот процес ќе следат повеќе физибилити студии кои ќе ни го покажат патот во кои дејности е можен ваков модел, каде можеме да ги подобриме здравствените услуги и услови, како и да креираме заштеди. Целта е приватниот партнер да влезе како инвеститор во нашиот здравствен систем, со цел да нема непотребни трошоци и долгови и да се фокусираме кон здравствен систем што купува услуги таму каде што е најевтино и најквалитетно за пациентите. Уверен сум дека заеднички, традиционално и во иднина ќе го одбележуваме Светскиот ден на здрајвето со уште поголеми успеси на кои ќе се гордееме. Само со заеднички заложби на сите чинители може да го унапредиме здравствениот систем во нашата држава“, потенцираше министерот Филипче.

Македонија | пред 6 години

6 год.
SpasovskiOhrid-1

Спасовски: Во Охрид одиме на двојна победа!

Потпретседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Оливер Спасовски, вчера попладне беше со граѓаните на Охрид со кои разговараше за реформските процеси, позитвините економски политики кои ја вратија државата на вистински пат, но и за одговорноста да избереме вистински претседател кој ќе биде партнер на граѓаните и ќе ја води државата напред кон развој и интеграција, истакна Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски.- Откако ја презедовме одговорноста, ја поставивме државата на вистински пат, имаме пораст на платите, рекорден број на странски инвестиции, се отвораат нови работни места. Пред нас е обврската да продолжиме да работиме во тој правец и да ги задржиме нашите деца дома – порача Спасовски.Пред граѓаните, Спасовски ја потенцираше важноста по 10 години конечно да избереме вистински претседател кој државата ќе ја води кон интеграции и подобар живот за сите.- На Стево Пендаровски во 2014 година му беше украдена победата, затоа на овие избори мораме да ја исправиме таа неправда. Стево е човек кој ќе води напред кон подобра иднина, кон интеграции и подобар живот за сите. Од другата страна воопшто немаме алтернатива, бидејќи сите се свесни дека патот кон ЕУ и НАТО е вистинскиот пат, бидејќи сите се свесни дека Стево е вистинскиот избор за претседател. Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат поддршка за Стево, ќе дадат поддршка на концептот што води напред.На овие избори, овде во Охрид одиме на двојна победа. Победа за Стево, победа за Константин за Охрид, повика Спасовски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Kiril-IZJAVA-0504-GLAVNA-SLIKA

ВМРО ДПМНЕ: Вашиот Стево Пендаровски најубедливиот пораз го има веќе доживеано во Велес

Вчеравечер бевте сведоци, дека овде токму на ова место, СДСМ на Северна и нивната коалиција одржаа митинг за да го претстават нивниот кандидат за претседател Стево Пендаровски пред Велешани.Стево веќе еднаш поразениот!А, Велешани добро знаат што нудат господата северни елитисти! Знаат дека заеднички именител им е: „Политичари со свилен гајтан“. Забија нож во корените, историјата, идентитетот, јазикот!Вчера вечер на новата претстава, со стари лаги ни го испоганија градот, истакна Кирил Лазов од ВМРО ДПМНЕ.Празно и провидно, салон „Хармони“. Сите среќно сме живееле, ама ете не сме знаеле. Во љубов и изобилие. И сосема очекувано од нив, оти нив ништо не им е свето. Ни изречен збор, ни пролеана крв, ни коски, ни химна, ни име.Ајде, ние ќе ги потсетиме. Тие и онака, едно говорат, па порекнуваат и потоа забораваат. Ама Велешани паметат. Зошто Велес е град на мостови, на еснафот, на гемиите, на солунските трговци. А, нивниот, нивниот венецијански трговец Стево, бесрамно мантра за напред. Ниту знае каде, ниту знае кога, ниту знае како. Само пуста желба за претседател, кој притоа, мора да е сервилен, оти неговата земја била мала.Не случајно, драги сограѓани, тој 102% е поистоветен со неговиот политички ментор Зоран Заев. Претендентот за нобеловец. Се колне во деца, се расфрла со нови празни ветувања за надеж, светла иднина, европска перспектива, инвестиции, 500 евра плата. На дело реформи 0, резултати 0. Тоа е „сидрото“ што влече напред. Аболицираниот капетан на брод во шише.Ама велешани го имаат Вардар и Јаниташ. Не може Заев да ги превесла.Велешани се пливачи на сулинот!И уште нешто. Велес е град со џамија, манастир и цркви. Со верба во Бога, во право и правда. И храм во карпа ѕидан од најголемиот Дамјанов. Со камен на раце носен. Не е како онаа црквата на Заев, никната со евро за Вицето. Со лаги, изнуда и поткуп.Северни уште еднаш да Ве потсетиме! Ова е градот и на Рацин. Велешани на свеќа пишувале и затоа прочитани сте! Вие народни пари арчите и можете уште 100 пати да дојдете, ама залудно Ви е!Вашиот Стево Пендаровски најубедливиот пораз го има веќе доживеано во Велес. За Вашите предавнички политики народот на 21 април, истата сметка ќе Ви ја испорача!Се фалите со едно општество за сите, а донесовте поделби! Господа од СДСМ, Северна е вашата, нашата е Македонија, истакна Кирил Лазов од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Screenshot_20190405_111615

Китев: Исплатени 77 милиони денари кон 2.000 лозари за неисплатеното грозје

Владата предовдена од СДСМ продолжува со грижа кон земјодлеците. Исправена е долгогодишната неправда кон лозарите од нашиот регион.Во текот на вчерашниот ден исплатени се парите кои приватните винарници “Повардарие” и “Стефани Винарија” им ги должеа на лозарите за предаденото грзоје во 2015 и 2016 година, истакна Бетиане Китев, пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.77 милиони денари или над 1,2 милиони евра се иплатени кон над 2.000 лозари од Тиквешкиот регион за неплатеното, а предадено производство.Овие пари се враќаат директно кај лозарите, за да ги вложат во ново производство на квалитетно грозје. Ова е пример за вистинска грижа кон земјоделците, кон лозарите, кон граѓаните.Продолжуваме со спроведување на политиките што обезбедуваат грижа за земјоделците, унапредување на земјоделството и повеќе пари кај секој граѓанин, кај секое семејство, истакна Китев.

Македонија | пред 6 години

6 год.
slovenija-policija

Обид за киднапирање автобус во Љубљана, загина едно лице

Едно лице е убиено во градски автобус кој вршел јавен превоз во Љубљана бидејќи, како што наведуваат словенечките медиуми, се обидел да го киднапира возилото и му се заканил на возачот дека ќе го убие.Непознато лице го присилило возачот да тргне кон обиколницата, заканувајќи му се дека ќе го убие со штрафцигер, јавува словенечкиот „Дело“.Но, возачот останал присебен и свртел во правецот во кој сакал киднаперот, но потоа намерно минал на црвено светло на семефор за да ја предупреди полицијата.Полицијата потврди дека дошло до инцидент и дека едно лице настрадало, а според неофицијални информации, станува збор за напаѓачот, додаде „Дело“.Локалните медиуми соопштуваат дека и една од патничките наводно успеала да ја алармира полицијата за инцидентот, кој се случил синоќа околу 21 часот, додавајќи дека полицијата неколку пати се обидела да го запре возилото, по што киднаперот бил убиен. 

Свет | пред 6 години

6 год.
skopje-111

Скопјанка ги бара момчињата кои и помогнале: Сите ме одминуваа на улица, само тие застанаа

На Ѕидот на сообраќајниот Срам се појави објава од скопјанка која се заблагодарува јавно на момчиња кои и помогнале вчера на Илинденска.- Синоќа имав немила случка со моторот на Илинденска, а од сите возачи кои ме поминаа и гледаа, но не застанаа, само една кола колку што запамтив, црвена застана и излегоа две момчиња. Албанци беа, го дигнаа моторот и мене ми помогнаа, па ми донесоа и вода. Ви благодарам дечки, ако сте членови на групава сакам да ви кажам едно големо благодарам, и јас сум како вас, хуманост пред се, стои во објавата.

Скопје | пред 6 години

6 год.
taravari-1

Сопруг на пратеничка е назначен за директор на средно училиште во Гостивар, вели Таравари

Сопругот на пратеничката Мирсада Емини-Асани, од ДУИ, е назначен за директор на средното техничко училиште во Гостивар, вели градоначалникот, Арбен Таравари.„Денеска е 5-ти ден од кампањата за претседателски избори, и “реформскиот“ министер на ДУИ назначува уште еден директор во средното техничко училиште во Гостивар, сега сопругот на пратеничката на ДУИ! Феноменот НЕПОТИЗАМ! Законите не важат за ДУИ!“, напиша Таравари на својот Фејсбук профил, додавајќи за „Фокус“ дека се работи за пратеничката Мирсада, која што, вели, оневозможи да му се одземе имунитет на Вељаноски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
9C422137-1C8E-4609-815A-EAA820241295

Завршена ДНК анализата на загинатите во авионската несреќа кај Солунска Глава

Во институтот за судска медицина завршени се анализите на ДНК материјалот од загинатите бугарски државјани во авионската несреќа кај Солунска Глава. Како што информираше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се очекува наскоро телата на четиричленото семејство да се пренесат во Бугарија.Остатоците од леталото „цесна 210 н“ остануваат на местото на несреќата сѐ додека временските услови не дозволат нивен  транспорт од планинскиот врв висок околу 2.200 метри.Во меѓувреме, формирана е Комисија за истражување на несреќата во која покрај претставници на македонскиот Комитет за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, КИВНСИ ќе бидат ангажирани и надворешни експерти, а ќе се приклучат и давјца бугарски истражители.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zoran-zaev-4-696x405

(ВИДЕО) Кампања полна со смешки и гафови: Јас сум Зоран Заев, некои ме викаат зајче

Премиерот Зоран Заев на синоќешната трибина од Велес, ги насмеа граѓаните опишувајќи се себеси, за тоа од каде е каков му е надимакот.„Јас сум Зоран Заев од село Муртино, струмичко. Едноставен човек. Некои ме викаат „зајче“. Нема проблем. Викаат едно зајче рипка од таму до таму. На крајот ја пееја „зајченце миличко, зајченце сивичко““, рече Заев.https://twitter.com/MartianFromMKD/status/1113890071466381313

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања