Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
isceznato

Пронајдено исчезнато девојче

На 05.04.2019 година од страна на полициски службеници била пронајдена и предадена на семејството Ш.М. (24) од Скопје за која на 01.04.2019 во Полициската станица Бит Пазар беше пријавена од страна на нејзиниот татко дека се оддалечила од домот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
marihuana2

Три лица приведени поради марихуана

На 05.04.2019 година во 20,45 часот на локалниот пат во с.Жеровјане кој води кон с.Радиовце при вршење на контрола на патниот сообраќај од страна на полициски службеници од Полициското одделение Камењане било запрено патничко моторно возило “Фолсфаген венто“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Х.К.(27), а како совозач било лицето Н.Е.(27), а во возилото бил и Р.И.(18) сите од с.Г.Седларце.При извршениот преглед над лицата, возилото и багажот пронајдена е марихуана и ризли.Лицата се приведени во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

6 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Силјановска го смени ставот, еднаш Преспанскиот договор е согалсно Уставот, сега го тврди спротивното

Помина еден ден, кандидатката на Мицкоски го смени ставот.На телевизија Телма тврдеше дека Преспанскиот договор е согласно со Уставот и ќе го почитува, на митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Битола дека не е, се вели во соопштението од СДСМ.Поминаа само неколку дена, Гордана Сиљановска си го покажа лицемерното лице. Се покажа, Сиљановска не е чесна пред граѓаните.Кога лаже Сиљановска? Наутро кога вели дека нема да го почитува Договорот и уставното име Северна Република Македонија или навачер кога самата се негираше?Исто како и Мицкоски и Сиљановска едно зборува а друго прави, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ се срами од името Република Македонија – на концертот во Македонската Филхармонија, отсуствуваа државните симболи

СДСМ уште еднаш потврди дека се срами од името Република Македонија и се што е македонски. На настанот во Македонската Филхармонија, каде концерт имаа оркестрите на армиите на САД, Велика Британија, Словенија, Грција и Македонија, повторно отсуствуваа државните симболи. На македонските парадни униформи го немаше државното име Македонија, се вели во соопштението до СДСМ.Воените оркестри на другите држави кои настапуваа заедно со македонскиот, гордо го носеа името на своите држави на своите униформи, само македонскиот воен оркестар не.Ова е уште еден голем срам за македонската држава и народ, уште едно понижување сервирано од Заев и неговата опачина Пендаровски, од министерката за одбрана Радмила Шекеринска и СДСМ.Власта веќе втор ден молчи кога и дали воопшто е сменета Уредбата за единствен знак за припадност на Армијата на Република Македонија? Доколку не е сменета, ќе дојде ден кога ќе одговараат за нејзиното кршење вчера.Власта на Заев не бира кој закон ќе го прекрши, со единствена цел на граѓаните и на државата да и сервира уште едно посрамотување и понижување.СДСМ ја обесчести Армијата на Република Македонија. Република Македонија не можат да ја водат луѓе како Стево Пендаровски и Зоран Заев кои се двете страни на истата паричка. На чело на Македонија не можат да застанат луѓе кои се срамат и не почитуваат се што е македонско, нашето име, јазик, идентитет, култура, историја и државни симболи. На Македонија и е потребна претседателка како Гордана Сиљановска Давкова, честита, горда и достоинствена, мајка на нацијата. На Македонија не и е потребен очув како Стево Пендаровски, , се вели во соопштението до СДСМ..

Македонија | пред 6 години

6 год.
droga-germanija-banani

Во пакети со банани во германски супермаркети пронајдени стотици килограми кокаин

Стотици килограми кокаин биле најдени во кутии со банани , што се продавале во супермаркетите во северниот дел на Германија. Во шест претставништва на супермаркетите Алди во градовите Росток и во Јармен, североисточна Германија во кутиите со банани , бил најден кокаин.Полицијата претпоставува дека дрогата е од Латинска Америка.Претставници на синџирот супермаркети за Си-Ен-Ен потврдиле дека се „случил инцидент“, но не откриле дополнителни информации за да не се влијае на текот на истрагата. 

Свет | пред 6 години

6 год.
48379311_1927567827369516_7749756448220905472_n

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.СЕЗОНСКО ЗАТВОРАЊЕ: Регионалниот пат Р-2332 патен правец Ресен – Охрид(Отешево - Трпејца, преку национален парк Галичица) од 15.11.2018 е затворен за сообраќај. Од охридската страна возилата со вкупна тежина до 3,5 тони можат да соообраќаат само до месноста “Kорита”.Се очекува да биде отворен на 01.05.2019 год.ВАЖНО: Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.РАБОТИ НА ПАТ:Поради изведување на градежни работи (рехабилитација на асфалтот) на патниот правец А2 Кичево – Охрид (помеѓу планинскиот премин Пресека и с.Песочан) од 02.04.2019 сообраќајот ке се одвива под посебен режим т.е. преминување од една во друга коловозна лента. На местата на изведување на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Македонија | пред 6 години

6 год.
vreme-oblacno

Времето денеска претежно облачно, утре дожд

Времето денеска во земјава претежно облачно, во јужните делови со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во горниот тек на Повардарието и во крајните западни делови повремено засилен ветер од југоисточен правец.Утре, претежно облачно со локални врнежи од дожд, особено во западните делови.

Македонија | пред 6 години

6 год.
3-4

Бомба од Мицкоски: Заев ми нудеше влез во Влада и министерства за да го прифатам договорот со Грција, јас го одбив, честа нема цена

 Во јануари 2018 година во клубот на пратеници се гледавме очи во очи кога ви кажав дека ВМРО-ДПМНЕ и народот ова нема да го поддржат, ме гледавте и се согласивте со мене, има записник, дојде март во повторивме истиот став заедно, тајно преговаравте ја парчевте ја делевте татковината, делевте и тргувавте со нешто за што не сте се испотиле и крвареле за да го заработите. Луѓе гинеле Заев за ова парче земја, дојде мај исто така во клубот на пратеници ми рековте решението е Илинденска мисли си ти само му реков, ова е морковот господине Заев. Во Јули во клубот на пратениците, се гледавме очи во очи преговаравме и после пет часа ми рече еве ајде влези во Владата и сам бирај кои пет министерства ги сакаш, само прифати го Договорот ти одговорив мојот образ и достоинство како човек немаат цена, ова не го работам ниту за пари ниту за моќ не ми треба твоето милосрдие, уживај во твоите привлиегии и твојата слава зошто знам дека за пусти пари се работи за ништо друго, рече Мицкоски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
devojce-i-baba

(ФОТО) Девојче клекна пред бабичка која проси, поразговараа па ја прегрна

Девојче клекна пред бабичка која проси на уличката Кнез Михајлова, поразговараа кратко, а потоа ја прегрна. Сето ова е овековечено, од фотограф кој сличајно се нашол во вистинско време на вистинско место.Авторот на фотографијата, Владимир Чех вчера шетал во главниот град и забележал потресна сцена. Имено, не дознал околу што девојката разговарала со бабичката, но оваа фотографија кажува многу повеќе од тоа.-Видов девојка која клечи и разговара со бабичката. Кога се прегрнаа, срцево ми се стегна. Не сакав да им пречам и да им пријдам, па само фотографирав. Инаку, бабичката е тука секој ден. Проси и заработува за животот, изјавил Владимир за тамошните медиуми.Оваа фотографија е доказ, дека човечкото во нас за среќа не згаснало.

Магазин | пред 6 години

6 год.
trgovija-organi

На солунскиот аеродром, уапсена жена поради трговија со човечки органи

Цариниците на солунскиот аеродром „Македонија“ во багажот на патничка, која од Москва пристигнала во Солун, пронашле стерилизирани човечки клетки што се користат за кератопластика, односно за трансплантација на рожницата на окото, јави дописничката на МИА од Атина.Специјално спакуваните клетки ги немале потребните потврди како што е предвидено од Националната организација за трансплантација и затоа биле запленети како предмет на нелегална трговија.Патничката била уапсена, а тврдела дека како туристички водич требала да преземе странци од Солун и да ги однесе на островот Крф и дека знаела оти пренесува лекови, што требала да ги достави до вработен во туристичка агенција.Случајот го презел надлежен јавен обвинител. Независната управа за јавни приходи на Грција соопшти дека станува збор за важен успех во борбата против нелегалната трговија со човечки органи.

Свет | пред 6 години

6 год.
20190405162545

(ВИДЕО) Шекеринска: Грчкиот воен оркестар ја изведуваше македонската химна

Вицепремиерката Радмила Шекеринска на својот профил на Фејсбук тврди дека грчкиот воен оркестар ја изведувал македонската химна заедно со останатите по повод синоќешната свеченост за одбележување на 70-годишнината од формирањето на НАТО.„Воените оркестри на Армиите на Северна Македонија, Грција, САД, Велика Британија и Словенија ги интонираа заедно химните на Северна Македонија и на НАТО.Заедно сме посилни“, напиша министерката за одбрана.https://www.facebook.com/sekerinska/videos/1823198787785932/ 

Македонија | пред 6 години

6 год.
press1-1

Јовановски: Во завршна фаза е Проектот за реконструкцијана Плоштадот „Крушевска Република”

Плоштадот „Крушевска Република” е едно од најрепрезантативните места во  Охридското централно подрачје и локалитет кој секојдневно има голема  фреквенција на гости и туристи.Овој плоштад  го означува почетокот на Охридската чаршија и го поврзува овој дел од градот со Главниот плоштад и Градскиот кеј на Охридското Езеро. На овој плоштад е лоциран и Охридскиот Чинар кој е многу важна охридска знаменитост и е една од главните атракции за гостите и туристите, истакна Филип Јовановски , член на ВМРО Народна Партија, на кој што се презентираше дел од предизборната програма на кандидатот за градоначалник Д-р Константин Георгиески.Сегашниот изглед со целокупната инфраструктура, постоечката фонтана и урбаната опрема на овој плоштад не се на задоволително ниво и истите се во лоша состојба, па оттука се јавува потреба од нивно реконструирање.Изготвено е Идејно решение и во завршна фаза е Проектот за реконструкцијана плоштадот. Уредувањето на овој плоштад ќе придонесе за создавање поубав амбиент за одмор и прошетка на охриѓани и туристите и место каде што ќе може поефикасно да се организираат настани и манифестации особено во текот на летната туристичка сезона.Со реконструкцијата се предвидуваат нови содржини кои ќе бидат во согласност со стандардите за заштита на културното наследство и една нова понуда која во текот на целата година ќе ги привлекува домашните и странските посетители.Нашата цел е јавните површини во Охрид да добијат современ лик достоен за еден туристички и културен центар.На 21-ви април да излеземе и да ја дадеме својата поддршка за конкретни и реално остварливи проекти. Да го заокружиме бројот 7 и да гласаме за нашиот кандидат Константин Георгиески.Заедно напред за Охрид, рече  Јовановски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-123

Средношколци повредени во два различни инциденти во Скопје

Вчера во 19.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, С.Т.(41) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 17.30 часот на улица „Пушкинова“, во двор од основно училиште, нејзинот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник.Истиот ден во 18.50 часот во Полициската станица Карпош, С.Е.(48) од село Љубин, скопко, пријавил дека истиот ден околу 15.15 часот во средното училиште „Здравко Цветковски“ неговиот 17 - годишен син бил физички нападнат од двајца негови соученици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Полицијата презема мерки за расчитување на случајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
4

Телата на починатите во авионската несреќа денес ќе бидат вратени во Бугарија

Изгорените тела на бугарското семејство, кое загинаа во авионска несреќа ќе бидат вратени во својата земја денеска.  Ова го објави бугарската НОВА по информација од јавното обвинителство во Скопје.Идентитетот на загинатите во авионската несреќа во близина на Скопје е потврден. Вчера нивните роднини дадоа примероци од ДНК во македонската судска медицина.Првичните сознанија за причините за падот треба да бидат познати за околу еден месец. Финалниот одговор за тоа што се случило на кобниот лет треба да го даде Комисијата за истражување на авионската несреќа, во која со своето искуство ќе помогнат и двајца бугарски истражители.

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG-bde87a26c1febccca27adae280eda84d-V

Ученички од ООУ „Партенија Зографски“ станаа шампионки во одбојка

Одбојкарска екипа составена од ученички од ООУ „Партенија Зографски“ втора година по ред го освојува првото место во натпреварувањата помеѓу скопските основни училишта.На натпреварите кои беа во организација на Федерацијата на училишен спорт на град Скопје шампионките од Кисела Вода лесно ги надиграа своите врснички. Додека, момчињата од истото училиште го освоија вторто место во одбојка.Во периодот од 9 до 11 мај учениците од ООУ „Партенија Зографски“ во Куманово ќе се натпреваруваат на државно првенство, на „Мали олимписки игри“. 

Спорт | пред 6 години

6 год.
civil-deca

ЦИВИЛ: Стоп за политичка злоупотреба на децата!

ЦИВИЛ - Центар за слобода најостро ја осудува злоупотребата на децата и малолетниците во политички и изборни цели. Врз основа на долгорочниот изборен мониторинг на ЦИВИЛ, се констатираат случаи на злоупотреба на деца и малолетници пред и по почетокот на кампањата за претседателските избори во Република Северна Македонија.Политичката злоупотреба на децата е забранета со закон! Според член 12, став 4 од Законот за заштита на децата, се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување.ЦИВИЛ ги потсетува политичките партии, родителите, медиумите и институциите дека секое дете, без никаков исклучок, има право на достоинствен живот и да ги ужива сите права наведени во Декларацијата за правата на децата и во Законот за заштита на децата. Голем број деца немаат пристап до квалитетно образование, здравствена заштита и достоинствени услови за живот.  Тие имаат право на безгрижно детство, ослободено од дневно политичките случувања.Местото на децата е надвор од политиката! Политичките партии и нивните поддржувачи мораат да дадат придонес за заштитата на децата, а не за нивна злоупотреба. Државата и институциите имаат обврска на децата да им овозможат физички, ментален, духовен, морален и социјален развој, здрав и нормален начин на живот во услови на слобода и достоинство!ЦИВИЛ во континуитет ги алармира јавноста, политичките партии и институциите за злоупотребата на децата за политички цели и бара од институциите да ги санкционираат сите што ги вовлекуваат децата во политиката на било кој начин.ЦИВИЛ порачува: СТОП за политичката злоупотреба и индоктринација на децата! Не смееме да дозволиме развојот на децата да биде контаминиран со идеолошки, политички, етнички, верски, родов или социјален антагонизам и мобилизација.ЦИВИЛ бара од институциите да преземат решителни санкции против сите што ќе се обидат децата и малолетниците да ги стават на својата листа на активности. Едноставно, тоа мора да престане веднаш!

Македонија | пред 6 години

6 год.
stop-policija

Скопјанец со возило во движење удрил во полицаец

На 04.04.2019 во 14.55 часот во СВР Скопје, на булевар „Никола Карев“, при преземање на службени дејствија за запирање на патничко возило „Фолксваген“, возачот на возилото А.С. (25) од Скопје не застанал и со возилото го удрил полицискиот службеник во левата рака.По преземени мерки А.С. е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава

Скопје | пред 6 години

6 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Грчкиот воен оркестар ја свиреше македонска химна

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што за првпат грчки оркестар на настан во Скопје ја свиреше македонската химна.Секојдневно се потврдува дека македонската химна е признаена од целиот свет, дека државата и армијата се почитувани од соседите од целиот свет.Дури и кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, Гордана Силјановска призна и потврди дека македонската химна, македонскиот јазик и македонскиот идентитет се трајно признаени и потврдени со Договорот од Преспа.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Мицкоски: Изборната кампања изобилува со голема злоупотреба на државен ресурс и притисоци во администрацијата

При посетата на Битола денеска, претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговараше на новинарски прашања.Прашање: Господине Мицкоски, Заев денес повика на позитивна кампања, кандидатите повеќе да зборуваат за концепти, а помалку за минатото. За минато кое вашиот кандидат за претседател не се ни оградил. Кој е вашиот коментар и има ли одговор?Христијан Мицкоски: Човекот кој што најмалку има право да зборува за концепти е господинот Зоран Заев. Зошто го велам ова? Ова го велам затоа што сите оние концепти кои што ги слушнавме во минатото од овој политичар видовме дека во моментот кога ќе дојде до реализација на концепти кои што тој ги ветува, не само што нема реализација туку токму спротивното се случува. Човекот на кој што атрибут за однесување е лага зборува за концепти, помалце комично, но не е толку комично колку што е трагично. Ние водиме кампања во која што сакаме на граѓаните во Република Македонија да им ја преставиме реалната слика што се случува во Република Македонија. А, не онаа розевата која што владините мегафони во центарот на лаги и манипулации на СДСМ сака да ја долови пред граѓаните. И навистина тоа можеби на политичари од профилот на Заев им пречи бидејќи тие се навикнати само на комплименти, а не се навикнати на аргументирана критика. Така што оваа долга приказна на кратко за концепти ја говори човекот кој што најмалку има право да говори за концепти, ниту има кредибилитет личен, ниту пак има личен легиминитет да зборува за концепти. Бидејќи тоа он што го прави е комплетен антипод на еден концепт кој што е неопходен за нормален и пристоен живот на граѓаните на Република Македонија.Прашање: Како вие го оценувате стартот за изборната кампања?Христијан Мицкоски: Па гледате дека стартот на изборната кампања изобилува со голема злоупотреба на државен ресурс на државен апарат сведоци сме на притисоци во јавната и во локалната администрација, од страна на претпоставените врз вработените се разбира никој не се осмелува тоа да го каже и посведочи пред камера бидејќи следат веднаш потоа консеквенции бидејќи веднаш после претседателските избори оваа локална и оваа централна власт уште некое време ќе бидат власт и луѓето стравуваат практично за сопствената иднина понатаму и затоа многу тешко се одлучуваат да излезат пред камера и тоа што нас ни го посочуваат да го посведочат. Гледате злоупотреба на средства од буџетот, исплати и т.н. но во ред сето тоа е во ред сето она коешто значи исплата и што значи подобри услови за живот на граѓаните во Република Македонија нека го прават и сега еве кога не стигнаа пред да започне оваа кампања нека го направат и сега.Ние сме подготвени и со сите тие услови повторно да ги победиме и сега и на предвремените парламентарни избори бидејќи за нас приоритет е да луѓето живеат подобро да ги решаваат реалните нивни егзистенцијални проблеми па макар тоа значело и злоупотреба на државни ресурси макар тоа значело злоупотреба на државниот буџет за исплата еве како што сега тоа се случи со лозарите во Тиквешијата бидејќи чекаа да отпочне кампањата па тоа да се случи, но во ред повторно ќе кажам ние тоа го охрабруваме нека се охрабри Зоран Заев и оној негов послушник Министер за земјоделие и наместо да купува скапи патики во Дубаи и по некое ексклузивно парче гардероба од патувањата службени кои што ги реализира еве барем се осмели и тоа што го вети иако со задоцнување од три месеци и после голем број на прозивки од моја страна од страна на ВМРО ДПМНЕ конечно во рамките во центарот во епицентарот на изборната кампања тоа го реализира. Но во ред барем за тие луѓе тоа ќе значи подобар живот и ние ги охрабруваме и понатаму нека продолжат нека го прават тоа па макар било и злоупотреба на централниот буџет и на ресурсите со кои што располагаат и вака и така граѓаните не треба да се потценуваат тоа што они го направија, граѓаните немаат кратко помнење и граѓаните на 21 април и 5 мај ќе им го испорачаат цехот за сето она и за сите оние неправди кои што ги направија изминатите речиси две години.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Мицкоски: Јас сум сигурен во победата, се надевам дека премиерот ќе остане на зборот и ќе распише предвремени парламентарни избори

Денеска сме во Битола во рамките на предизборната кампања за претседателските избори ќе имаме голем народен митинг овде во Битола. Исто така сум во Пелагонискиот регион ќе имаме митинзи. Во Могила ќе има митинзи, во Новаци, во Демир Хисар така што практично денот ќе го поминеме денеска овде во Битола, Пелагонискиот крај и ќе поразговараме со граѓаните. И исто така претседателскиот кандидат, идниот претседател професорката Гордана Сиљановска Давкова ќе биде денеска овде во Битола и Пелагонискиот крај, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.[caption id="attachment_35157" align="alignnone" width="1024"]  [/caption]Посетата ја започнуваме овде од пазарот, каде што сакаме да поразговараме со луѓето што се во секојдневен контакт и во допир со Битолчани, да споделиме искуства, да ги слушнеме нивните искуства од тоа како денеска живеат луѓето, каква е потрошувачката помеѓу луѓето овде во Битола. И мислиме дека од таа навигација можеме многу да научиме, а во иднина истата таа навигација која што ќе ја добиеме од овие луѓе да ја искористиме и во рамките на креирање на нашите политики во подоцнежна фаза. Бидејќи јас сум сигурен во победата на овие претседателски избори и се надевам дека премиерот еднашка ќе остане на зборот и веднаш потоа ќе распише предвремени парламентарни избори.Затоа сето она искуство и сета онаа навигација која што ќе ја добиеме од граѓаните во Битола и од Пелагонискиот крај, но и од овие луѓе кои што се овде на пазарите ќе бидат од огромно значење во креирање на идните политики на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Мицкоски

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања