Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
zoran-zaev-4-696x405

Заев: Блескаме во светот, и држиме лекција на Европа со европски манири

Вчера премиерот Зоран Заев по средбата со Стопанските комори за иницијативата за воведување скратено работно време при користење на родителско отсуство, изјави дека не планира да поднесе оставка.-Кога се исполнети сите реформи, кога блескаме во светот, кога држиме лекција на Европа со европски манири и со европски вредности, и со европски начин на однесување, апсолутно не ни размислувам за оставка, одговори Заев.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Gjorge-Ivanov1

(ШОКАНТНО) Божиновски тврди дека Иванов ќе ги помилува Чавков и другите ексфункционери

Зоран Буревесник Божиновски, на својот Фејсбук најави дека претседателот во заминување, Ѓорге Иванов пред заминување ќе го помилува Митко Чавков, како и други ексфункционери.[embed]https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10218907547542291&set=a.10213871785171379&type=3&theater[/embed]

Коментари | пред 6 години

6 год.
najcevska

Најчевска до Силјановска: Да не ги знаеш градовите е несериозно и безобразно

Откако вчера Силјановска во однос на нејзините гафови со мешање на имињата на градовите, истакна дека ниту претседателските кандидати не се совршени и дека и тие можат да направат грешка, на социјалните мрежи коментар даде професорката Мирјана Најчевска.„Како прво, воопшто не е сеедно дали кандидатот за претседател прави гафови или не. Ако во ваква ситуација губи концентрација, што ќе стане во ситуација на криза. Второ, да не ги знаеш македонските градови, а да се кандидираш за претседател е малку несериозно и безобразно. Трето, да употребуваш латински изреки, а да не го знаеш нивното значење е знак на големо незнаење кое се затскрива со шлакање во надеж дека оние кои слушаат знаат уште помалку. Драга моја, професорка на правен факултет мора да знае што значи изразот in medias res (или, во центарот на нештата), и мора да знае соодветно да го употреби, а не да тресе зелени“, напиша Најчевска.

Коментари | пред 6 години

6 год.
saso-tasevski

Тасевски: Сдсмовките се полуди од струја, дајте им терапија од психијатар

Актерот Сашо Тасевски на социјалните мрежи им порача на СДСМ да не им даваат микрофони на сдсмовките, оти тие им правеле контра релама за изборите„А бе не им давајте микрофон на запалените сдсмовки од публиката на собиранките за Пендаровски, кои како да рецитираат песни за Тито, само што, името на Тито го замениле со Заев и Пендаровски. Контра реклама ви прават. Полуди се од струја. Полуди се дури и од вмровките кои на слични такви собиранки го воспеваа ликот и делото на Груевски. Мислевме, по Груевски, таквите будали полека ќе ги покрие анонимноста, нема да имаа простор да се размавнат со своето лудило или ќе се најдат во редот пред ординациите на доктор Чепреганов и Дудучки. Ама не. Зошто имате потреба такви гревчиња јавно да ве чешкаат на разни места и да ви го раснат цвеќето, не ми е јасно. Наместо микрофони, дајте им терапија во доза пропишана од локалниот психијатар или фармацевт и нека се опуштат во столчето“, напиша Тасевски.

Коментари | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Мицкоски: Од една страна ја продаваат Македонија, од друга страна ја опљачкаа

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за ТВ Тера обвини дека власта од една страна на продава Македонија, од друга страна ја опљачкува.[embed]Тој зборуваше за состојбата во РЕК Битола и за укинувањето на Советот за јавни набавки.-Две години со прст не е мрднато, напротив, уште е полоша ситуацијата. Знаете зошто е полоша? Затоа што во тоа време постоеше Совет за јавни набавки кој беше некаков контролор. И тие што правеа? Од една страна ја распродаваа Македонија, од друга страна ја опљачкаа Македонија. Го укинаа Советот за јавни набавки за да можат под превезот на итност, тет-а-тет, си ги договараат тие 5-15 проценти. Тоа е разликата од тогаш до сега, истакна Мицкоски во интервјуто за ТВ Тера.

Македонија | пред 6 години

6 год.
stream_img

Изгоре српски автобус на автопат

Српски автобус изгоре во Германија, а возачот мораше да биде пренесен во болница поради задушување со чад.Во пожарот целосно изгорел автобусот од Куршумлија, пренесуваат германските медиуми и додаваат дека несреќата се случила на автопатот А8 кај местото Холкирхе по што тој бил затворен на неколку часа.Патниците успеале навреме да излезат од автобусот, но возачот морал да биде транспортиран во болница поради задушување од густиот чад предизвикан од пожарот.Според податоците на полицијата од Холкирхен, автобусот бил сосема нов.„Невообичаено толку нов автобус да има таков дефект“, соопштиле од полицијата.

Свет | пред 6 години

6 год.
Zaev-i-Pendarovski

Кога дојде оваа Влада немаше пари за пензии и плати, рече Пендаровски

Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател, на трибина со жителите на Делчево разговараше за перспективите за младите што ги отвора напредокот, за можностите за вработување, за европските интеграции и што ќе значат тие за Делчево.Пендаровски посочи дека ова не се обични избори, бидејќи се работи за избор дали започнатиот напредок кон НАТО и ЕУ ќе продолжи или ќе запре.„На овие избори бираме меѓу два концепти, едниот којшто го застапувам и јас, за напредок, иднина, членство во најсилните сојузи, ЕУ НАТО, и вториот кој го застапува опозицијата и кој ќе не врати во времето на Груевски.„Важно е да продолжи овој концепт кој дава резултати. Се сеќавате и во 2014 кога ни ја украдоа победата, сега е време да си ја потврдиме на слободни и фер избори. И сега нашиот број е 3. Ќе победиме затоа што заедничкиот избор на мнозинството граѓани е напредокот. Само ако продолжиме напред можеме отворените перспективи за младите да ги зграпчиме со две раце. Само ако продолжиме кон НАТО и ЕУ можеме да им гарантираме идината“, рече Пендаровски.Испуштивме, рече Пендаровски во Делчево, многу години расправајќи за историјата, а не создававме услови за живот и просперитет особено за младите.Кога дојде оваа Влада затекна празен трезор, немаше пари за пензии и плати, а сега финансиите се стабилизирани.Пред неколку дена, рече, сите ние бевме сведоци на историскиот исчекор во пријателските односи со соседна Грција. Не посетија повеќе од 80 бизнисмени и министри кои се заинтересирани да вложат во нашата држава. Ние мора да ја искористиме оваа шанса.„Интеграцијата во НАТО и Европската Унија значи повеќе инвестиции, отворање нови работни места, можности за основање на сопствени бизниси, сигурност за нашите деца. Нашата држава мора да оди напред, мора да изгради нова и просперитетна иднина со силна економија. Да не се враќаме во минатото туку да остваруваме нови успеси. Одиме заедно напред“, рече Стево Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
fosil-kit

Пронајден фосил од кит со четири нозе, стар дури 43 милиони години

Во Перу е пронајден фосил од кит со четири нозе кој е стар дури 43 милиони години, јавија светските агенции. Палеонтолозите веруваат дека овие морски цицачи, долги околу четири метри, биле прилагодени за живот и во вода и на копно.Со четири екстремитети и способност да ја носи својата тежина и силна опашка, водоземниот кит се споредува со видра или дабар.Истражувачите веруваат дека ова откритие би можело да ја разјасни еволуцијата на китовите и како тие се ширеле.

Магазин | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

ДУИ не предложиле кандидат оти било ризично за ЕУ, НАТО и Законот за јазици

Демократската Унија за Интеграција престојуваше во Општина Желино, односно членовите на раководството на ЦИШ го посетија локалниот штаб. На присутните им се обрати шефот на Централниот штаб, Изет Меџити, заменик министерот за Внатрешни работи, Агим Нухиу како и други партиски функционери кои пред присутните ја објаснија важноста од изборот на консензуалниот претседател, бидејќи со тоа, како што велат, се продолжува започнатиот пат кон полноправно членство во НАТО и започнување на преговорите за членство во ЕУ.„Да имаше теоретски можности, значи да победеше албански кандидат само со гласовите на Албанците, тогаш ова работа не би им ја препуштиле на вториот или третиот субјект кој е после нас, туку Демократската Унија за Интеграција ќе излезеше со свој кандидат. Ние не сме заинтересирани за популистички политики бидејќи не сме на почеток на 90-те години, ние поминавме 30 години демократија и знаеме дека нема теоретски можности да се избира претседател на државата потпирајќи се само на гласовите на Албанците. Единствениот начин е кога има консензус, како примерот со Собранието каде 10-те гласа на ДУИ и другите албански партии со консензус го изгласаа претседателот на Собранието“, рече Изет Меџити, шеф на изборниот штаб.Тој понатаму истакна дека ДУИ е дел од про-Европска и про-НАТО настроена влада и дека овие начела се воспоставени од самиот почеток.„Постигнавме договор за формирање на про-Европска и про- НАТО настроена влада. Ние немаме потреба да направиме политички договор за вториот изборен круг на претседателските избори, значи ние овој договор го направивме уште при формирањето на Владата, Влада која го промени името и сега сме Северна Македонија, го донесе Законот за албанскиот јазик и прави напори Северна Македонија да стане 30-та земја членка на НАТО. Овие се капитални проекти заради кои е формирана оваа Влада и нам не ни треба претседател кој ни прави проблеми, туку ни треба претседател кој ги познава овие процеси и ќе биде позитивен актер во реализација на овие аспирации“, истакна во неговиот говор шефот на изборниот штаб на ДУИ за Претседателските избори, Изет Меџити.На крај, шефот на штабот, Изет Меџити уште еднаш истакна дека излегувањето со албански кандидат не дека немало да донесе победа, туку постоел ризик за процесот на интеграција на земјата во НАТО и ЕУ, преспанскиот договор и Законот за албанскиот јазик.„Членството во НАТО подразбира странски инвестиции, стабилност во Северна Македонија, подобар животен стандард. Ние се одлучивме за стратегиската определба на државата, не за дневна политика, не за да излеземе со кандидат за да победиме едни спрема други во првиот круг и да се удираме во гради за тоа кој е посилен“, подвлече шефот на штабот на ДУИ за Претседателските избори, Изет Меџити.

Македонија | пред 6 години

6 год.
7478438452_99cbe66773_b

Фрчкоски против Пендаровски: Дуелот беше блед и слаб

Љубомир Фрчкоски во вчерашното гостување на емисија на 1ТВ посочи дека Пендаровски во дуелот беше доста слаб и блед.-Пендаровски беше блед во целата приказна беше импресиониран можеби од својата колешка. И имаше една сосема погрешна тактика да поставува наводно прашања кои требаше Силјановска да ја стават во незгодна позиција, за 10 секунди. А, она после користеше за две минути да му држи лекции и да му објаснува. И таа му го украде времето во дебатата. А, Пендаровски го изгуби своето време и имаше тотално глупава тактика, посочи Фрчкоски.Фрчкоски дополни дека Пендаровски треба да се подготви, не може алудирајќи на политичка разумност да влезе во дебати кои се врзуваат и за определена правна структура.

Македонија | пред 6 години

6 год.
46804282_2706308569637663_264683870786420736_n-1

Мицкоски: Заев ќе каже ќе носел мигранти затоа што тука немало работна сила

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при вечерашните средби со граѓаните ја критикуваше власта за иселувањето на младите од земјата.-Не само што не ги вратија одамна отселените, туку дополнителни стотици илјади наши сограѓани ја напуштаат Република Македонија, па потоа ќе го слушнете Зоран Заев онака храбро, недалеку од Новаци тука од прилепско, ќе каже ќе носел мигранти затоа што немало работна сила. Човек не знае дали да се чуди, дали да се смее или да плаче. Ваква трагедија и комедија во исто време ниту Шекспир не можел да напише што Заев може да смисли, рече Мицкоски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
282559-0.Basic-duel

Река ќе бара гласови во Струга, Силјановска во Ѓорче Петров, Стево во Битола

Кандидатите за претседател на државата и денеска ја продолжуваат кампањата, на која на средби со граѓани и митинзи ги претставуваат своите изборни програми.На шестиот ден од изборната кампања Блерим Река, кој е поддржан од Алијансата на Албанците и БЕСА, ќе има средба со граѓаните на Струга, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Гордана Силјановска Давкова ќе одржи митинзи во Ѓорче Петров и Куманово, додека кандидатот на СДСМ и Коалицијата, Стево Пендаровски ќе има средби со граѓани во Могила и Новаци и граѓански трибини во Демир Хисар и Ресен и митинг во Битола.Кампањата официјално почна на први април, а ќе трае до 19 април по што следува 24-часовен изборен молк пред денот на гласањето.

Македонија | пред 6 години

6 год.
reka

Река со патриотизам по гласови: Не треба да чекаме уште 20 години за Албанец да биде претседател

Кандидатот за претседател Блерим Река вечерва на конвенција во Дебар нагласи дека е време и Албанците да имаат претседател на државата. Тој во присуство на лидерите на Алијанса на Албанците и БЕСА, Зијадин Села и Билал Касами, истакна дека има пет клучни приоритети за развој на државата, а 21 април е плебисцит за Албанците во Република Северна Македонија.-Ние говоревме само за мултиетничко општество, а треба да говориме за мултиетничка држава. Тоа треба да се случи на 21 април, тоа е прв приоритет. Албанците не можат да бидат само аморфна маса и да се статистичка нација. Тоа е неприфатливо така што е голем приоритет да се надмине овој проблем, потенцира Река.Мој приоритет, посочи, е и НАТО.-Македонија веќе е сигурно дека ќе стане членка на Алијансата. Некој се обидува да ме прикаже како политичар кој сака да спречи влез во НАТО, тоа не е вистина. Треба да се поздрави Преспанскиот договор, бидејќи и јас се залагам да има нула проблеми со соседите. Многу е добар договорот со Бугарија, а треба да се решат проблемите со Србија. Македонија никогаш немала проблеми со Албанија и Косово. Албанците надвор и внатре се за стабилна Македонија и регион, јас тоа само ќе го продлабочам. Треба да се надмине проблемот на исчекување за уште 20 години за Албанец да биде претседател на државата, рече Река.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pasosi-bez-EU

На пасошите од Велика Британија, нема повеќе „Европска унија“

Велика Британија почна да издава пасоши на своите граѓани без зборовите „Европска унија“ на корицата, и покрај одложувањето на Брегзит. Новите пасоши се воведени на 30 март, еден ден откако Британија требаше да ја напушти ЕУ.Новите британски пасоши се издаваат без зборовите „Европска Унија“ на предната корица.Едно лице што го добило пасошот рече дека е „навистина згрозено“ поради отстранувањето на ЕУ, вели Еуроњуз.„Бев изненадена - сè уште сме членки на ЕУ. Бев изненадена што направиле промена кога уште не сме заминати, и тоа е јасен знак за нешто за кое верувам дека е сосема залудно“, рекла Сузан Хиндл Барон за британската Асоцијација за новинари.„Што добиваме со заминувањето? Секако, многу ќе загубиме“.Министерството за внатрешни работи на Велика Британија соопшти дека за доброто на „даночните обврзници, уште краток период ќе се издаваат пасоши со зборовите 'Европска Унија'“, се вели во извештајот на Еуроњуз. 

Свет | пред 6 години

6 год.
palevski-2

Палевски е уапсен оти пуштал прислушкувани разговори на разглас

Љупчо Палевски и уште две други лица, едно од Битола, а едно од Прилеп, синоќа на собир на отворено во Прилеп на разглас пуштале телефонски разговори во кои наводно зборуваат актуелни и поранешни функционери, објави порталот ПлусИнфо.Тројцата денеска биле задржани на разговор во полициска станица, а информацијата ја потврдуваат и од МВР.– На 05 април 2019 во Полициската станица Прилеп задржани се три лица Љ.П. (55) од Тетово, Т.М.(44) од Битола и Г.Н. (49) од Прилеп поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено прислушкување и тонско снимање“ казниво по член 151 став2 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија – велат од МВР за Плусинфо.Од настанот на социјалните мрежи имало и пренос во живо и според она што може да се слушне од тоа видео, за еден од разговорите кои биле пуштени, се тврди дека е од 2012 година, а наводно го водат поранешната и актуелниот министер за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и Оливер Спасовски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
46797436894_fbdde1b97f_z

Шекеринска откри зошто носела облека со боите на грчкото знаме

При посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас и грчката владина делегација, многумина забележаа дека гардеробата на министерката за одбрана Радмила Шекеринска случајно или беше е во боите на грчкото знаме. Министерката Шекеринска во интервју за „360 степени“ откри дали изборот на гардеробата бил случаен.-2 април многумина го гледаа само низ призмата на посетата на грчкиот премиер и грчката владина делегација, но 2 април е и ден во кога обично во сино се одбележува нашата поддршка на лицата со Даунов синдром. Мислам дека и двете пораки се позитивни пораки, па кој како сакаше коментираше. Сината боја е и бојата на НАТО а нашата желба е да станеме членка и на НАТО и на ЕУ, рече Шекеринска.Таа искоментира дека за разлика од мажите кои немаат многу избор, жените имаат поголема грижа околу изборот на гардеробата.-Како што рече хрватската претседателка понекогаш и јас би сакала јавноста помалку да се занимава со овој дел, а повеќе на нашата работа, рече министерката која сепак заклучи дека се обидува пораката која има да ја испраќа со зборови, а не преку облеката.

Македонија | пред 6 години

6 год.
siljanovska-1

Силјановска не можела да спие: Интонирање на химна без текст е противзаконски

Кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на вечерашниот митинг од Битола порача дека интонирање на химната без текстот е противзаконски, бидеќи според закон химната има и текст и музика.-Далеку сме од владеење на правото, не се справуваме со корупцијата и криминалот. Непотизмот прецвета, стручната администација ја нема, а во ЕУ не се оди без неа. ЕУ вели дека ќе ги казнува земијте членки кои ќе ги кршат правилата на правната држава. Епа како ќе добиеме датум? Хан вели следувала подготвителна фаза за преговори. Па до кога ќе се подготвуваме? Сега веројатно ќе велат дека ЕУ си има сопствени проблеми, треба да го среди сопствениот двор. Химната си има и текст и музика и тоа е во Законот. Она што денеска го слушаме, химна без текст е противзаконски. Затоа мислам дека треба да ги предупредиме на почитување на правото. Никогаш не сум помислувала дека ќе прифатам ваков предизвик. Не можев да спијам, се думав, неколкупати се откажував. Не затоа што не сум храбра, туку поради одговорноста, рече Силјановска.

Македонија | пред 6 години

6 год.
skopje-12

Поради снимање филм, ќе биде затворен булевар во центарот Скопје

На 07.04.2019 (недела) во периодот од 10,00 до 17,00 часот, поради снимање на филм од страна на Скопје филм студио, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по бул.„Видое Смилевски Бато“ во Скопје, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.За време на снимање на филмот ќе се користат и специјални ефекти.

Скопје | пред 6 години

6 год.
marihuana-novo

Претрес во домот на 23-годишно момче од Велес, пронајдени 24 пакувања марихуана

Секторот за внатрешни работи Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против А.К.(23) од Велес поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.На 03.04.2019, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Скопје во содејство со полициски службеници од Одделот за крим полиција извршиле претрес во стан каде привремено престојува пријавениот на ул.„23-ти Октомври“ во Скопје.При претресот биле пронајдени и одземени вкупно 24 пакувања со 167 грама марихуана и повеќе предмети со остатоци од марихуана, кокаин и амфетамин. А.К. бил лишен од слобода. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Старица паднала од автобус кај Зелен пазар

На 05.04.2019 година во 15,30 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата „11 Октомври“, спроти Зелен пазар, Ѓ.Ј.(80) од Скопје паднала додека се  симнувала од автобус на ЈСП, управуван од Ж.К.(58) од Скопје.Според пријавата на Ѓ.Ј., автобусот тргнал додека таа се симнувала. На Ѓ.Ј. и била укажана помош во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“, каде и биле констатирани повреди и по укажаната помош била пуштена на домашно лекување.Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања