Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
1-5

Пендаровски од Ресен : Заедно напред за нови шаниси за младите, за демократски и европски дом

Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател, на трибина во Ресен, вечерва порача дека интеграциите во ЕУ и НАТО создаваат нови шанси за младите, за демократски и европски дом во сопствената татковина.„Со Преспанскиот договор го сочувавме идентитетот кој сега е и меѓународно гарантиран. Затоа добивме покана за НАТО. Во 2018 година, за само 6 месеци влегоа рекордни 625 милиони евра што е двојно поголемо од најдобрата инвестициска година.Ако минатата година беше година  на интеграции, оваа е година на економски развој, поголеми плати и повеќе пари кај граѓаните. Гаранцијата за млади дава резултат, веќе се вработени 1.800 млади во само три општини. Затоа е важно заедно да продолжиме, да создадеме нови шанси за младите, демократски и европски дом“, рече Пендаровски.На овие избори, рече, ќе се судрат два главни концепти, едниот, кој  вели дека ќе поништат се што постигнавме.„Тоа значи блокада према НАТО и ЕУ. Тоа ќе значи нови тензии на Балканот.Ако некој на 21 април го заокружи бројот два на Гордана Сиљановска, тоа значи глас за трет мандат за Ѓорге Иванов, човекот кој 8 години молчеше за сите зулуми на претходната власт на Груевски,  а последните две години кочи се што правеше оваа Влада“, додаде Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC_04

Мицкоски : СДСМ го подели народот како никогаш досега

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ пред жителите на општина Брвеница рече дека гласот даде за кандидатот за претседател на државата Стево Пендаровски е всушност глас даден за Зоран Заев и продолжување на неговите криминални политики од кои единствен интерес имаат тие двајца и СДСМ, додека граѓаните живеат се полошо.Мицкоски ја искомнетира и вчерашната изјава на Пендаровски каде што изјави дека доколку го застане полиција поради брзо возење нема да го казни бидејќи го знаеле од телевизија.Денеска не знам дали можевте да видите , но јас видов еден исечок од обраќањето на кандидатот за претседател на Зоран Заев, бидејќи не можам поинаку да го наречам човекот кој што во мафијашки стил во еден скап скопски хотел беше номиниран од деспотот Заев и избран. Не можам поинаку да го наречам кандидатот на Зоран Заев, тоа е паричка со лице и опачина, иста паричка е тоа. Го слушам и вели, замислете мене да ме сопре припадник на МВР и тој припадник да ме сопре затоа што возам со недозволена брзина, што мислите вика ќе ме казни? Па се смее онака шеретски помалку несмасно. И потоа сфаќа што кажал откако вели дека самиот си го дава одговорот на прашањето, нема шанси да ме казни бидејќи ме знае од телевизија. Го знаеле од телевизија, замислете затоа нема да го казнат, но па вели може ќе ме казни, ама само ако е од овие вмровците, вели Мицкоски.Според претседателот Мицкоски ова е всушност разликата меѓу ВМРО- ДПМНЕ и СДСМ, бидејќи Заев, Пендаровски и СДСМ ги поделиле граѓаните.Е тоа е суштинската разлика помеѓу нас и господа од СДСМ, вас. Што вие го поделивте народот како никогаш досега, кажа Мицкоски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
migranti-grcija-1

Околу 1500 мигранти чекаат на грчко- македонската граница, Шекеринска смирува АРМ будно следи

Меѓу 1.200 и 1.500 лица чекаат на грчко- македонската граница, откако на социјалните мрежи се појави лажна вест дека одново е отворена „балканската рута“.Дали нова мигрантска криза и се заканува на Македонија? Станува ли нашата земја дел од рутата на мигрантите кон сонуваниот подобар живот во Европа? Според министерката за одбрана Радмила Шекеринска тоа е нова реалност на која мора да се навикнеме и опасност која може да се создаде преку ноќ.Армијата и полицијата будно ја следат состојбата со мигрантите на јужната граница, смирува  министерката за одбрана. Шекеринска вели дека единиците на АРМ се присутни на теренот и подготвени да одговорат доколку дојде до мигрантски бран од Грција.– Собранието неколкупати ја продолжуваше одлуката на границата да имаме и воена односно армиска поддршка дури и во периоди кога изгледаше дека опасноста поминала, меѓутоа и јас и министерот за внатрешни работи велевме дека во поглд на мигранстките кризи мора да се навикнеме на новата реалност, а тоа е дека таа опасност може да се создаде преку ноќ, и дека таа ќе биде најверојатно една од стандардните опасности и за нас, меѓутоа и за сите земји во регионот, рече Шекеринска.Миграционите власти денеска  во солунскиот камп се обидуваат да ги убедат луѓето да се вратат во прифатните центри. Инаку бројот на мигранти во Грција кои во моментов се наоѓаат во импровизираниот камп надвор од прифатниот центар Диавата е околу 700. Грчките власти информираа дека успеале да убедат дел од нив да се вратат во кампот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
katica-janeva

Катица Јанева ќе побарала меѓународна помош за да открие кој го финансира Груевски

Првиот човек на СЈО, Катица Јанева, во интервју за „Независен“ вели дека обвинителството ќе побара меѓународна помош за да открие од каде му стигаат пари или кој го финансира претсојот на поранешниот македонски премиер Никола Груевски како азилант во Будимпешта.- Не завршивме со истражувањето на Никола Груевски во делот на имотната состојба. По сите изјави и фотографии што се објавуваат во јавноста, гледаме дека тој живее удобен живот во странска држава. Имаме намера, покрај финансиската истрага што како предистрага се води за Груевски, да побараме меѓународна помош и да видиме кои се изворите на пари од кои се издржува Никола Груевски во таа странска држава. Но, за тоа ни е потребно да се донесе законот за јавно обвинителство - вели Јанева.Таа ги групира во три категории причините поради кои опозицијата не сака да се дојде до лесен договор со власта околу новиот закон за јавното обвинителство со кој ќе се продолжи рокот на СЈО како регуларно тело, а за што Европската комисија има големи очекувања.Вели дека кога ќе се продолжи рокот на СЈО со новите законски решенија ова обвинителство ќе превземе случаи од редовното кои се однесуваат на високи функционери. Верува дека ниту еден предмет од оние отворените на СЈО нема да згасне, ниту пак ќе има наменска амнестија за некого. Потврди дека повторно ќе конкурира кога ќе и истече мандатот бидејќи „на тоа имаат право сите обвинители што ги исполнуваат условите предвидени со предлог- законот“. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
naum-stoilkovski-vmro

Стоилковски : Македонија нема да отпочне преговори со ЕУ , бидејќи власта е заглавена во криминогеност и корупција

За СДСМ нема ниту закон, ниту институција. Македонија нема да отпочне преговори со ЕУ бидејќи СДСМ и власта се заглавени во криминогеност и корупција, а затоа не сакаат да има отчетност. И Заев и неговите послушници од кланот кријат информации од ДКСК, кријат бидејќи се фатени на дело. Повеќе од цел месец функционери не и одговараат на комисијата, кои и каде се вработени нивни роднини, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Почитувани, од Комисијата е побаран список, информација за 23 лица, за роднини со звучни презимиња, а во врска со непотизам, а Антикорупциска обезбедила известувања само за четири од наведените 23 барани информации за функционери.Значи, по барањето од Антикорупциска, најмалку 19 функционери од власта не доставуваат информации за вработување на нивни роднини, за можен непотизам. Ако за нив закон нема, тоа значи дека за нив ништо не е задолжително, нема држава, нема институции што може да ги казни. Опфатени со плаштот на селективноста, сметаат на плаштот на неказнивоста. Веројатно исто како оние другите стотиците за кои ВМРО-ДПМНЕ поднесе претставки до ДКСК.Според Антикорупциска „Во однос на бараните документи кои се однесуваат на другите лица, станува збор за овие 19 од листа од 23 функционери за кои што граѓанско лице има поднесено барање за информации во врска со непотизмот. Констатирано е дека Државната комисија не располага со бараните информации/документи! Ова е одговор од Комисијата која што е ставена во незгодно да не може да одговори во врска со барањето, доставување на информации и документи од страна на граѓанин до ДКСК! Информации кои што се од јавен карактер и треба да бидат достапни.Така што меѓу лицата кои сакам да ги прочитам за кои што се бараат информации, а не ги доставуваат до ДКСК тоа е пратеникот Емилија Александрова од Берово, претседателот на Собранието Талат Џафери, државен секретар на министерство за локална самоуправа Кирил Парталов, а потоа градоначалникот на Општина Новаци. Оваа листа продолжува со директорот на рудници РЕК Битола Душан Вукадиевиќ, па директорот на МЕПСО Сашо Василевски, потоа градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јовановски за вработување на тројца роднини, па градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш за вработување на сопруга, чичко, тетин, први братучеди, една сопруга  на братучедите, како и еден внук на градоначалникот. Како и министерот кој што не поднел своја листа до Комисијата за антикорупција, министерот за економија, Крешник Бектеши за вработување на сестрата, Дора Бектеши во МЕПСО. Тоа се само дел од неколкумина кои што немаат поднесено и не ги почитуваат барањата, односно законот за доставување на информации од јавен карактер до ДКСК, ставајќи ја нејзе во незгодна позиција.Повеќе од еден месец, министри, пратеници, градоначалници советници, не ја фермаат комисијата, не поднесуваат документи, сметаат на заштита. Заштита токму од оној кој што декларативно, јавно ги повика да пренесат на роднините да си заминат од работните места.ДКСК мора да покаже интегритет, јавно да ги објави функционерите од СДСМ кои што одбиваат да и одговорат, да и бидат доставени нови пријави во однос на вработувањата на своите роднини. Зашто и се обврзани со закон, но и бараме Антикорупциска да покрене прекршочна постапка против овие лице кои спротивно на закон не доставуваат информации.Функционерите на власта не ја почитуваат Комисијата, веројатно поведени од двајцата нејзини најизразени ликови. Оттука ќе потсетиме, Зоран Заев во својот анкетен лист нема куќа на свое име, а Стево Пендаровски поведен по постапките на Зоран Заев веројатно живее во Југо Темпо од 90-тите години, бидејќи само тоа го пријавил во анкетниот лист! Недвижен имот Стево Пендаровски нема пријавено!Почитувани, тоа се двете лица на Зоран Заев и Стево Пендаровски, двете лица на иста паричка, тоа се ликовите кои што ја поддржуваат борба со корупцијата пред камери, а заштитуваат непочитување на комисионерите од ДКСК! Тоа е заевизмот, тоа е марионетството, тоа е односот кон правото и правдата, тоа е трговијата со влијание. Македонија никогаш повеќе немала потреба од правда, и правдата ќе победи за Македонија, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
pretepan

Малолетник нападнат од неколку лица

На 06.04.2019 во 01,50 часот во СВР-Скопје Т.Ј.(47) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 00,20 часот на булеварот “Кузман Јосифоски Питу“ неговиот 16 годишен син бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
pretepa

74 годишен дедо, ја претепал бабата, случајот во полиција го пријавил синот

На 05.04.2019 во 15,00 часот во СВР-Велес, С.С.(49) од Велес пријавил дека истиот ден околу 14,50 часот во куќата на неговите родители, ја затекнал неговата мајка Д.С.(74) со повреди нанесени од сопругот Л.С.(74). Д.С. била пренесена во Општата болница во Велес.Се преземаат мерки за пронаоѓање на Л.С. и расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pretepal-do-smrt

Нападнал малолетник му го одзел телефонот и украл пари од спортска обложувалница

СВР Скопје до надлежното ОЈО ќе поднесе кривична пријава против лицето Х.И. (30) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека е сторител на две кривични дела - “разбојничка кражба“ и “тешка кражба“. Имено, првото кривично дело “разбојничка кражба“ Х.И. ја извршил на 29.12.2018 година над малолетно лице на ул. “Димитрие Чуповски“ во Скопје, кое физички го нападнал и му одземал мобилен телефон.Второто кривично дело го извршил на 11.01. 2019 година во спортска обложувалница во Скопје од каде одземал пари. Х.И. бил приведен во Полициската станица Бит Пазар и во присуство на надлежен јавен обвинител од страна на оштетените било извршено препознавање.

Скопје | пред 6 години

6 год.
pendaroski-himna

(ВИДЕО) Пендаровски дава знак да станат при интонирање на химната

Се појави видео од средбите на кандидатот  за претседател Стево Пендаровски на кое се гледа како започнува интонирањето на македонската химна, но подржувачите на Пендаровски кои дошле да ја слушнат неговата програма седат, по што тој им дава знак да станат. Нели ред е на при интонирање на химна да се стои.Видеото во продолжение.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/2113858198905925/?sfns=mo

Македонија | пред 6 години

6 год.
kosta-4-1

(ФОТО) Докторска средба или ...? Георгиески, Милошески и Спасески за што ли разговараат?

Убавото време кандидатите за градоначалник од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ го искористија за средба и разговори со охриѓани.Плоштадот претесен да се разминат или пак симпатично за фото како разговараат Георгиески и Милошески. Објетовот ги улови во друштво на уште еден доктор од болницата за ортопедија и трауматологија, Драган Спасески Охридски.Симпатична фотографија која покажува дека во Охрид се води позитивна кампања.

Македонија | пред 6 години

6 год.
kosta-3

(ФОТО) Георгиески: Наша цел е да бидеме меѓу граѓаните, заедно да ги решаваме проблемите

Наша цел е да бидеме меѓу граѓаните, да ги слушнеме нивните идеи за иднината на Охрид и заедно да ги решаваме проблемите!Само така можеме да имаме напредок, напаша на својот фејсбук профил, кандидатот за градоначалник од СДСМ Константин Георгиески, кој викендов го користи за да оствари што повеќе средби со охриѓани.

Македонија | пред 6 години

6 год.
56468314_2600181376661978_4621274889397993472_n

(ВИДЕО) Пендаровски: Полицијата не ме казнува, ме знаат од телевизија

Стево Пендаровски, заеднички кандидат за Претседател од СДСМ и коалиционите партии, на една од своите трибини се пофали дека полицијата не го кaзнува дури и кога вози пpeбрзо. Имено тој посочи дека го знаеле од телевизија.„Значи вие знаете, еве да бидеме отворени до крај, ако мене ме запре полицаец сега на улица со поголема брзина од дозволената, мислите дека ќе ме кaзни. Не, нема, зашто затоа што ме знае од телевизија, можеби ќе ме кaзни ако е од ВМРО-ДПМНЕ полицаецот“, рече Пендаровски.https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/1338064086333778/?v=1338064086333778 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Capture-1

(ВИДЕО) Нов тренд на Фејсбук - #MacedoniaChallenge

Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Велес, Игор Здравковски, лансираше нов “Challenge” на фејсбук во кој заедно со неговиот колега Милан Ристов, предизвикуваат да се отпее Македонска песна.Тие ја отпеаја песната Бисер Балкански, а предизвикаа уште неколкумина да отпеат друга македонска песна.„Прифатен е предизвикот #MacedoniaChallenge од Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес. Ги предизвикуваме Toni Sanac Mihajlovski, Brane Petrusevski, Иван Јорданов, Иванчо Тошевски, Bosko Cvetkovski, Goranco Todorovski, Vladev Dejan, Gane Petrov, Toni Jarevski, Petar Risteski Oliver Risteski и сите останати општински комитети, членови и оние кој се чувствуваат како Македонци.Гордана победува!Македонија победува!Да дадеме дух на оваа голема победа на Македонија, да испееме стих, да внесеме љубов и емоција бидејќи и должиме.#MacedoniaChallenge“, стои под видеото.https://www.facebook.com/igor.zdravkovski.39/videos/266527514250378/

Магазин | пред 6 години

6 год.
20190404201907

Силјановска: Јас мојот глас го давам за противкандидатот Блерим Река

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на својот профил на Твитер напиша дека својот глас го дава за противкандидатот Блерим Река бидејќи смета дека тој бил многу подобар.„Драги твитерџии, утрово ја видов анкетата, а сега слушам дека ја избришале. Иако избришана, сепак сакам да го дадам мојот глас за противкандидатот Блерим. Сметам дека беше многу подобар од 11%“, напиша Силјановска.https://twitter.com/gogamkd/status/1114172931100348417

Македонија | пред 6 години

6 год.
taravari-1

Таравари: Законите не важат за ДУИ

Сопругот на пратеничката Мирсада Емини-Асани, од ДУИ, е назначен за директор на средното техничко училиште во Гостивар, пишува на Фејсбук градоначалникот, Арбен Таравари.„Денеска е 5-ти ден од кампањата за претседателски избори, и „реформскиот“ министер на ДУИ назначува уште еден директор во средното техничко училиште во Гостивар, сега сопругот на пратеничката на ДУИ! Феноменот НЕПОТИЗАМ! Законите не важат за ДУИ!“, напиша Таравари на својот Фејсбук профил.

Македонија | пред 6 години

6 год.
gordana-siljanovska-davkova

Силјановска: Грешките на митинзите се простуваат, но оние како Преспанскиот договор – никогаш!

Гордана Силјановска Давкова се оглеси на својот Фејсбук профил во врска со лапсусите на митинзите.„Драги мои,Забележуваат дека сум направила некој лапусус на митинзите. Се случува. Секому може да му се случи, особено ако има таква агенда како мојата. (Си велам, среќа што Македонија не е голема како Франција)Но, забележуваат ли дека знам да се извинам кога ќе згрешам? Ете, и за најмала грешка… А си имаме работа со луѓе кои погазија и збор и морал и право – и не само што не носат одговорност за тоа, ниту се извинуваат, туку бараат НИЕ да им се извиниме за нивните грешки.Не е страшно, човечки е да се направи лапсус. Уште почовечки е да признаеш таква грешка и да побараш прошка. Но, страшно е кога носители на извршна власт се однесуваат според онаа старата „кадија те тужи, кадија те суди“ – а не се ни кадии! Македонскиот народ никогаш нема да прости за нивните „грешки“ и „лапсуси“ – во уставот, законите, Преспанскиот договор.Други ми забележуваат дека било несвојствено за кандидатка на опозицијата да практикува јога!? Да биде вегетаријанка! И забележуваат дека иако професорка, на видеоспотот сум се нашла и во кујната. Да, драги мои! Сето тоа сум јас: сложено ама и едноставно човечко суштество! Јас не се срамам што живеам обичен живот, што перам и готвам, средувам по дома, се грижам и за семејството, и тоа се грижи за мене. Небаре е голема работа да си обичен човек од Муртино и да те викаат зајченце миличко, а мене не ми доликувало да се претставам во светлината на мојот секојдневен живот.Имајте убав викенд, ви благодарам за сета поддршка – од народот, за народот, со народот!“, пишува Силјановска.

Македонија | пред 6 години

6 год.
slika-1-1

Славевски: Со пензиската реформа на Владата, пензионерите ќе бидат покуси за минимум 300 до 700 денари

Со пензиската реформа на Владата во 2019 година пензионерите во просек ќе бидат покуси за минимум 300 до 700 денари во 2019 година. Изминативе неколку месеци од 2019-та година најпрво ги видовме негативните ефекти од воведувањето на прогресивното оданочување односно зголемување на даноците во Република Македонија, каде што на удар беше најкреативниот дел од македонското општество, истакна Трајко Славевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Деновиве со исплатата на мартовската пензија, пензионерите се уверија во она од што стравуваа дека ќе има минимално речиси никакво усогласување односно зголемување на пензиите и не се остварува ништо од онаа најава за зголемување на пензиите во Република Македонија.Еве, да потсетиме дека на 28-ми декември, минатата година Владата по скратена постапка го измени Законот за пензиско инвалидско осигурување, со што го укина усогласувањето кое што со години важеше и со порастот на платите во Република Македонија. Да потсетам старото решение кое што долго време функционираше беше дека пензиите еднаш на 6 месеци се усогласуваат со 50% од стапката на пораст на трошоците на живот и 50% од стапката на пораст на платите во Република Македонија.Пензиите во изминатиот период растеа затоа што растеа и платите во Република Македонија.Што се случува сега? Односно што значи сето ова? Имено да потсетиме дека речиси во сите земји на светот пензиите се усогласуваат по правило, по двете основи кои што кај нас важеа до 1-ви јануари оваа година. Имено со усогласувањето на пензиите со зголемување на цените треба да се задржи куповната моќ на пензиите.Но пензионерите исто така имаат право да учествуваат во зголемувањето на БДП кој што е изразен преку порастот на платите. Тоа е првата причина зошто порастот на платите треба да биде фактор за зголемување на цените.Втората е што ова усогласување на пензиите како што гледаме доаѓа секогаш со задоцнување односно веќе се начнала куповната моќ на пензиите со порастот на цените во изминатите 6 месеци пред да се изврши усогласувањето што не е случај со платите.Сега поконкретно, пресметано а и самите пензионери увидоа и покрај онаа разлики за трите месеци дека има минимално зголемување на пензиите од 0,7% што еве да речеме на пензија е просечно од околу 15.000 денари значи некаде околу 100 денари.Усогласувањето доколку останеше старото законско решение требаше да биде 1,83% односно пензионерите се закинати за повеќе од 1 процентен поен што значи дека доколку оваа тенденција продолжи во текот на годината тие месечната пензија ќе ја примаат во помал износ од оној што можеше да биде со старото решение некаде од 300 до 700 денари.За волја на вистината да спомнеме дека вградено е едно решение кое што нема шанса да се оствари дека пензиите можат дополнително да се усогласуваат односно да растат доколку БДП на земјата надмине 4% ова како што гледаме е нереално затоа што ниту она што го видовме изминативе две години ниту она што го предвидува самата влада, а и меѓународните финансиски институции не покажува дека постои шанса да се оствари БДП во Република Македонија над 4% и тоа ќе остане само празна надеж односно празно ветување.Кои се сега ефектите покрај закинувањето на пензиите кои што го почувствуваа и самите пензионери. Имено се намалува односот просечна пензија просечна плата во Република Македонија. Овој однос на просечната пензија споредено со просечната плата изнесува во последниве години околу 60% што е прифатливо и меѓународно познато ниво, истакна Славевски.Само да потсетиме со некој политики на некои претходни влади на СДСМ во периодот 2004-2005 овој однос просечна пензија просечна плата се беше спуштил на само 50%нешто што навистина ги погодуваше пензионерите и влијаеше врз нивниот животен стандард. Со политиките на владите на ВМРО- ДПМНЕ за зголемување на пензиите се достигна ова ниво од 60%. Оваа  година со новото решение се очекува односот да се симне повторно под 60% односно некаде околу 58% со тенденција ако се задржи решението и понатаму, да се намалува кон онаа граница од можеби испод 50 проценти.Ова е удар врз животниот стандард на пензионерите уште од една дополнителна причина. Имено пензионерите како сите ние користиме услуги кои се во делот на сивата економија за поправка на домовите некои водоинсталаторски услуги електричарски услуги и така натаму кои статистиката не може да ги опфати се вршат единствено проценки, но тие и тоа како се зголемени цените од познати причини во последниве неколку години и оттука ова решение е неправедно и идната Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе го промени ова законско решение кое е на штета на пензионерите и ќе ги преземе сите неопходни мерки за заштита и подобрување на нивниот животен стандард, истакна Трајко Славевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC_4299

Костадинов: За само неколку дена Сиљановска си го покажа лицемерното лице

Помина еден ден, кандидатката на Христијан Мицкоски го смени ставот. На телевизија Телма Сиљановска тврдеше дека Преспанскиот договор е согласно со Уставот и ќе го почитува. На митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Битола пак Сиљановска тврдеше дека не е, изјави Костадин Кпстадинов на денешната прес-конференција.„Кога лаже Сиљановска? Наутро кога вели дека нема да го почитува Договорот и уставното име Северна Република Македонија или навачер кога самата се негира?За каква правда и правичност зборува Сиљановска кога со секоја изјава потврдува дека е лицемерна и лажно се претставува пред граѓаните.Сиљановска тврдеше дека не ја признала програмата на ВМРО-ДПМНЕ, иако тоа беше еден од условите да учествува на конкурсот на Мицкоски.За само неколку дена, Гордана Сиљановска си го покажа лицемерното лице.Сиљановска не е чесна пред граѓаните.Затоа граѓаните на претстојните избори ќе изберат вистински претседател, кој искрено и чесно настапува и достоинствено ја претставува земјата, ќе го изберат Стево Пендаровски“, изјави Костадинов. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Screenshot_1-1

ВИДЕО: Гога готви

Како дел од претседателската кампања на кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, таа снимила спот каде вели дека ако жена не ги среди работите, нема кој.Спотот погледнете го во продолжение[embed]https://www.facebook.com/vmromakedonija/videos/743739939354586/[/embed]

Македонија | пред 6 години

6 год.
shilegov-vo-vardariste

Стационарот Вардариште затворен поради заразни заболувања

Поради појава на заразни заболувања кај бездомните животни и непостапување по дел од утврдените пропусти во работењето констатирани со извршената контрола на 19 март годинава, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство изрекоа мерка за затворање на стационарот “Вардариште” со кое стопанисува јавното комунално претпријатие “Комунална хигиена” - Скопје.На сила е и изречена забрана за заловување на бездомни кучиња во рок од 30 дена. Во овој временски период ќе се заловуваат и во стационарот ќе се прифаќаат само кучињата кои каснале човек, односно само по поднесена претставка до Агенцијата. Официјалните ветеринари, наредија и спроведување на мерки за темелна дезинфекција дезинсекција и дератизација во стационарот во рок од 5 дена пред негово повторно отворање.АХВ изврши надзор над работењето на стационарот за бездомни животни “Вардариште” на 19 март годинава при што беа констатирани пропусти во работењето. Во дворот на стационарот затекнати беа кучиња излезени од кафезите и животни кои во стационарот влегле однадвор преку оштетената ограда. Со контролата утврдено било и дека не е воспотавена ниту целосна контрола на влезот и излезот во прифатилиштето, а дел од кафезите не ги исполнувале условите за благосостојба и хигиена, односно не биле соодветни за сместување на заловените кучиња. Спротивно на законот, во стационарот е утврдено присуство на кучиња без мајка, односно животни со несоодветна возраст помали од 6 месеци.Кај дел од заловените животни констатирано е нарушено здравје и присуство на болести. Спротивно на законските одредби, со контролата е утврдено дека тие во прифатилиштето се сместени во исти простории со здравите животни, бидејќи не постои посебна просторија – карантин наменета за лечење на болните и за опоравување на животните кај кои се извршени хируршки интервенции. Не работела и комората за одлагање на угинатите животни, а пред ламелите на кафезите не биле поставени листите за хигиена со информации за тоа кога е извршено чистење и со кои средства се спроведени мерките за дезинфекија, дератизација и дезинсекција.За констатираните недоследности на 20 март, издадено е решение со кое се наложени мерки за отстранување на утврдените недоследности со контролата и наложено е животните кои се заловуваат задолжително да бидат обележани со микрочип или со други видливи средства за идентификација. Заловените животни треба да бидат вратени на местото каде се заловени најдоцна во рок од 30 дена. На ова прифатилиште изречена му е и мерка забрана за сместување на кучиња помали од 6 месеци без мајки.На 2 овој месец, официјалните ветеринари извршија контролен инспекциски надзор во стационарот “Вардариште” при што е констатирано дека е постапено по наложените корективни мерки. Извршена е делумна санација на оградата, воведена е контрола за влез и излез во стационарот, ставена е во функција комората за одлагање на лешевите и воспоставен е карантин за одвојување на болните од здравите животни. Потврдено е водењето на соодветна евиденција за секое заловено куче, а преземни се и наложените мерки за спроведување на дезинфекција, дезинсекција и дератизација на просториите.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања