Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
MV5BMDRlY2RiNjYtYmJiMi00YWQyLWFhNDEtNWFkMTljNzQwYjQxXkEyXkFqcGdeQXVyMjUyODgyMDg@._V1_SY1000_SX1500_AL_

Јелена Јованова со емотивна порака до починатата Беличанец

Актерката Јелена Јованова на својот фејсбук профил се прости од Билјана Беличанец.”Се надевам дека сега си на подобро место. Се надевам дека таму нема да си изневерена од никого…Се надевам дека таму ќе си прегрната од љубов која овде ти недостигаше…Толку многу даде, а уште колку многу остана.Тешко и за неверување маме. Ти благодарам за СЕ! Почивај во мир Билјана Беличанец.”, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-6

Кафеана во Тетово давала алкохол на малолетници, полицијата ги фати на дело

На 06/07.04.2019 година во времето од 23,30 до 01,30 часот од страна на полициски службеници од СВР-Тетово извршена била акциска контрола во угостителски објект лоциран на улицата “Борис Кидрич“ во Тетово при што биле затекнати девет малолетни лица како консумирале алкохолни пијалоци. По целосното документирање, ќе следат соодветни поднесоци. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Собраниска делегација на 140. Собрание на ИПУ

Претседателот на Парламентот Талат Џафери ќе учествува на 140. Собрание на Интерпарламентарната унија што од 6 до 10 овој месец се одржува во Доха, Катар.Покрај претседателот Џафери, во работата на Собранието на ИПУ ќе учествуваат и пратениците, членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во ИПУ, Ејуп Алими, Јулијана Николова, Димитар Стевананџија, Африм Гаши и Диме Велковски како и Генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова.Претседателот Џафери ќе има свое обраќање на генералната дебата на тема „Парламентите како платформи за зголемување на едукацијата за мир, безбедност и владеење на правото.“Во рамките на настанот, претседателот Џафери ќе оствари и билатерални средби со г. Иракли Кобахиѕе, претседател на Парламентот на Грузија, г. Анџело Фаруџа, претседател на Претставничкиот дом на Република Малта, г. Зигфрид Браке, претседател на Претставничкиот дом на Федералниот парламент на Белгија и г. Нурлан Нигматулин, претседател на Мажилисот на Република Казахстан.

Македонија | пред 6 години

6 год.
biljana

Тасевски за Беличанец: Ти си една од најдобрите глумици во Македонија на сите времиња

Актерот Сашо Тасевски, сподели со јавноста една анегдота поврзана со актерката Билјана Беличанец Алексиќ, која вчера беше пронајдена почината во својот дом. Случката која ја раскажува Тасевски ја доловува потребата на Беличанец да биде во својот матичен театар, каде работела од 1997 година.„Билјана Беличанец влезе во канцеларијата. Два месеци откако ме назначија за директор. Седна како на жар карши мене, зад клуб-масата. Да и пратам порака дека е добредојдена и влегува дома, станав од директорската фотеља и седнав кај клуб масата. Ја понудив кафе, одби. Дојдов само нешто да ти кажам., рече. Те разбирам ако ме држиш на страна, ако не добивам улоги, зашто бев функционер кај оние, само дозволи ми да бидам овде, да го дишам театарскиот воздух. Стави ме и во шивална, ќе шијам, само да сум тука. Беше сериозна, а јас се насмеав. Реков: Билјана ти си една од најдобрите глумици во Македонија на сите времиња. Треба да играш и сакам да играш, ама не со игла и конци, туку на сцена. Таму би била од најголема помош. Имаш сојузник во мене. Сепак не заигра, иако требаше да игра главна ролја во една претстава, тоа се изјалови од други причини. Нејсе, затоа со ќеф прифати да биде дел од уметничкиот совет, кога ја поканив, откако ме предупреди дека може да си имам проблеми што е она во него. Баш ме заболе и реков. Се сеќаваш што ти кажав во канцеларија ко дојде? Се насмеа. Е па уште го мислам тоа и реков. И секогаш ќе го мислам. Го мислам еве и сега. Најдобра“, напиша Тасевски на својот фејсбук профил.

Македонија | пред 6 години

6 год.
kir0628

МВР: Беличанец ја пронашол нејзиниот сопруг

Од Министерството за внатрешни работи излегоа со официјални информации за смртта на актерката Билјана Беличанец Алексиќ.Оттаму велат дека синоќа околу 22.30 часот, во полициска станица Центар, С. М. пријавил дека на улица „Истарска“ во неговиот стан ја пронашол мртва неговата сопруга Б.Б.А. (45) од Скопје.Од страна на Итна медицинска помош е констатирана смрт.Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на Судска медицина за обдукција.

Македонија | пред 6 години

6 год.
biljana-belicanec-960x540

Телото на Беличанец предадено на обдукција

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи и со лекари по судска медицина синоќа изврши увид на лице место во стан во Скопје, каде беше пронајдено телото на актерката Билјана Беличанец. Безживотното тело на починатата го пронашол нејзиниот сопруг, кој ја известил полицијата.Телото на починатата е предадено за обдукција, а јавниот обвинител издаде и наредба за вештачење на трагите подигнати и обезбедени на лице место.

Македонија | пред 6 години

6 год.
biljana-belicanec-960x540

Жугиќ се прости од Беличанец: Бескрајно ќе ни недостастуваш

Актерката Јелена Жугиќ на својот фејсбук профил се прости од Билјана Беличанец.„Почивај во мир драга Беличанец, во вечноста пронајди го тоа што овде не можеше… бескрајно ќе ни недостастуваш…“, напиша Жугиќ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Малолетник каснат од куче скитник

На 06.04.2019 година во 14,00 часот во Полициската станица Центар Г.П.(59) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 12,00 часот на улицата “Кеј 13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник во пределот на нозете.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Албанец баран од Интерпол уапсен на ГП Долно Блаце

На 06.04.2019 година во 16,00 часот на Граничниот премин Долно Блаце при влез во Р.С.Македонија од слобода бил лишен А.Е.(24) од Албанија. А.Е. бил лишен врз основа на барање на СМПС Интерпол-Швајцарија.

Македонија | пред 6 години

6 год.
56215546_1000119713514941_4677042802058592256_n

(ФОТО) Јаболката во Преспа завршија покрај патот

На Фејсбук страната “Земјоделци – Македонија / Zemjodelci Makedonija” каде редовно се објавуваат вести поврзани со земјоделството и земјоделските политики во државата, објавени се фотографии од купишта јаболка во Преспанскиот регион, кои како што пишува се исфрлени покрај патот.„Земјоделците од преспанскиот регион ги фрлаат своите јаболка. Навистина тешка година за овие земјоделци.Ќе ја преземе ли некој одговорноста??”, пишува над објавата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
belicanec-n

Дац се прости од Беличанец: Таа беше мојот Петар Пан

Прераната смрт на познатата актерка Билјана Беличанец- Алексиќ, ја шокираше не само актерската фела туку и цела Македонија.„Билјана Беличанец беше мојот Петар Пан.Полетна како никој од нашата бранша, леташе високо со своите улоги и оддаваше цврстина на маж, но беше кревка, како кокиче.Замина во Недојдија...“, напиша Драган Спасов Дац на својот  Фејсбук профил.

Македонија | пред 6 години

6 год.
60A5DC4D-94C9-49CF-B79D-F7F6F2B7E738

СДСМ: Гласот за Сиљановска е глас за нов Иванов

Гордана Сиљановска веќе се профилираше и се потврди како полтрон на Христијан Мицкоски. Нејзината агенда и нејзините ставови се идентични со ставовите на Мицкоски, велат од СДСМ.„Исто како и Мицкоски, наутро Силјановска зборува дека Договорот од Преспа ќе го почитува, а навечер зборува против НАТО и ЕУ, против договорот од Преспа.Гласот за Гордана Сиљановска е глас за нов Иванов, за нов политички полтрон, под контрола на Мицкоски и Груевски.Гласот за Сиљановска е глас за враќање назад, за нови блокади и деструкции.Затоа граѓаните на претстојните избори ќе изберат вистински претседател, кој гледа и води напред, граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски за напредокот да продолжи“, се вели во соопштението. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Zaev-i-Pendarovski

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски исто како и Заев само ќе ја уништува државата

Зоран Заев и Стево Пендаровски се 102.5% исти. Заев призна дека лажел кога ветувал почеток на преговори со ЕУ во јуни. Заев не може да спроведе реформи, ист е и Пендаровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Република Македонија не може да се придвижи ни милиметар кон ЕУ, се додека власта наместо да работи и прави реформи, тргува со националните и државните интереси.Лично Зоран Заев призна дека цела година ги лаже граѓаните. Почеток на  преговори со ЕУ во јуни може и да нема. Ова го кажа лично Зоран Заев, политичарот кој ветуваше дека веднаш по промената на името Република Македонија ќе се придвижи на својот пат кон ЕУ.Правилата на ЕУ се јасни. Првин реформи, па тогаш преговори. ВМРО-ДПМНЕ изразува сериозна загриженост, дека реформи со оваа влас не се можни.СДСМ го политизираше судството и ја партизираше администрацијата. Економијата тоне, а тоа го потврдија и  германските стопанственици. Република Македонија е единствена земја во Европа, каде има политички монтирани случаи.Република Македонија за жал е далеку од реформи. Напредок со СДСМ не е можен. Напредок со Зоран Заев и Стево Пендаровски е невозможен. Пендаровски исто како и Заев само ќе ја уништува државата.Република Македонија има потреба од чесен, работен и честит човек за претседател. Гордана Сиљановска Давкова е вистинскиот избор за Република Македонија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
20190407090519

Река: Се плашам дека нема да го има потребниот цензус

„Максимум ова време во Северна Македонија има 1,5 милиони гласачи, а со тоа и се плашам дека може да пропадне изборниот процес, како и дека нема да го има потребниот цензус. Сепак, се надевам дека барем во првиот круг ќе биде постигната потребната излезност, за вториот круг ќе видиме како ќе биде“, вели Блерим Река , еден од кандидатите за претседател на Македонија во интервју за „Ал Џезира“.Помеѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска вели дека е „најнезависен“ кандидат.„Убеден сум дека мојот концепт ќе биде поддржан од сите граѓани, бидејќи тоа е универзален концепт, а не национален, не е само концепт за Албанците. Тоа е концепт за функционирање на модерна држава, која граѓаните на Северна Македонија ја заслужуваат. Граѓаните на Северна Македонија на 21 април имаат две опции: да останат во заробена, приватна, неуспешна и нефункционална држава; или да живеат во мултиетничка, европска и модерна република, каде што се почитуваат законите. Без почитување на Уставот и законот, не можеме ништо да постигнеме и затоа мојата порака е: "Закон за сите, никој не е над законот!"

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Умерено облачно со температура до 21 степен

Времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно, попладне претежно во западните делови со локален дожд и ретки грмежи. Ќе дувам слаб до умерен јужен ветер.Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 10 до 21 степен.Во Скопје слично време, умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец.  Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 21 степен.Во понеделник на повеќе места се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 25 л/м2), кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Потоа, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи, како и пораст на дневната температура.

Македонија | пред 6 години

6 год.
kir0628

Пронајдена мртва Билјана Беличанец

Почина актерката Билјана Беличанец, пишува Макфакс.   

Македонија | пред 6 години

6 год.
migranti-2

(ФОТО) Грчката полицијата се судри со мигрантите на границата со Македонија

Грчката полиција денеска интервенираше со солзавец бидејќи мигрантите кои се обидуваат да стигнат до границата со нашата земја почнале кон полицајците да фрлаат со камења и шишиња, пренесуваат регионалните медиуми.Отворете ја границата, извикуваа стотиците мигранти околу кампот Диавата, 60 километри од македонската граница.Освен во Солун, напнато е и во Атина.Таму синоќа околу триста луѓе ја окупираа железничката станица Ларисис, барајќи да им биде овозможено да заминат кон Северна Грција.  Тие се вратени во прифатните центри, но како што велат, не се откажуваат од патот кон Европа.И покрај напнатоста на границата, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска смирува. Таа вели, АРМ и полицијата будно следат."Земјава е подготвена да се соочи и со зголемување на притисокот на бегалци на македонско-грчката граница. Министерствата за одбрана и внатрешни работи ја следат состојбата на границата со Грција, но важно е во секој момент да се биде буден и подготвен“, вели Шеќеринска.   

Македонија | пред 6 години

6 год.
milos

Со години ја негувал неподвижната мајка, а денеска пронајдени мртви двајцата

Милош Д. (43) и неговата мајка Добрила Д. (73) се пронајдени мртви во нивниот стан во белградска Звездара.Како што пишува српски „Курир“, соседите неколку денови не го виделе момчето, а потоа почнала да се чувствува непријатна мирисба.Полицијата открила во станот две мртви тела кои припаѓаат на мајката и на синот и двајцата со прострелни рани во главата.Според првичните и неофицијални информации, неподвижната мајка, инаку пензиониран судија во Окружниот суд во Белград, ја убил синот кој ја негувал со години. Тоа го направил со истрел од огнено оружје, а потоа и пукал и самиот.На нивните глави имало видливи рани од куршум, а пиштолот е пронајден меѓу нозете на синот.Соседите велат дека двајцата биле мирни и културни, но Милош не бил многу расположен за разговор, не се дружел со никого, иако секогаш ги поздравувал.

Свет | пред 6 години

6 год.
56300184_2130460633741361_345774657221165056_n

Трендафилов ги слушна проблемите на жителите од Љубаништа, Трпејца, Пештани и Елшани

Кандидатот за градоначалник од редовите на Граѓанско Демократска Унија, Михаил Трендафилов-Нанче, се сретна со жители на селата: Љубаништа, Трпејца, Пештани и Елшани.Граѓаните од селото Љубаништа се пожалија на лошиот пат кој го поврзува Охрид со ова село, а исто така и со манастирот Св. Наум. Луѓето потенцираа на иселувањето на младите.Жителите на Трпејца се пожалија за немањето на канализација и на фактот што 30 години претходните градски татковци им ветувале дека ќе го решат овој проблем, но досега се останало само на зборови.Во Пештани како основни проблеми на жителите беа истакнати нефункционалниот колектор и канализацијата.Жителите на селото Елшани се пожалија на неасфалтираниот пат до училиштето, тие ја истакнаа потребата од уште една трафостаница, исто така го напоменаа фактот дека патот за поврзување меѓу селата Елшани -Пештани е во лоша состојба и подвлекоа дека имаат проблем со водата и канализацијата. Жителите на селото Елшани побараа проширување на влезот на селото.Михаил Трендафилов-Нанче им објасни на луѓето дека проблемите не можат да се решат со магично стапче, но им вети дека со домаќинско и одговорно работење истите можат да се решат чекор по чекор. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC03

Силјановска Давкова: Ние имаме едно партиско послушно комунистичко собрание,кое работи без опозиција

Кандидатот за претседател Силјановска Давкова денеска пред Кумановчани истакна дека во Собранието на Република Македонија има пратеници кои носат одлуки без дијалог, претходно договорени, наместо разумни одлуки за доброто на граѓаните.Ние имаме едно партиско послушно комунистичко собрание, ова не е навреда за минатото туку сакам да кажам дека без опозиција, без дијалог нема делиберативна демократија оти тоа значи расправа со аргументи. Ако 81 човек таму само чека да притисне на копчето бидејќи претходно веќе е донесена одлука тогаш тоа не е парламент, вели таа.Силјановска Давкова посочи дека во меѓународното право јасно стои дека со меѓународен договор не може да се прекрши Уставот на ниту една држава, алудирајќи на Преспанскиот договор кој го склучи владата на СДСМ и Заев.Во меѓународното право се вели јасно дека со меѓународен договор не може да се прекрши уставот на некоја држава.Според нејзе, волјата на граѓаните на 30-ти септември за референдумското прашање не е испочитувана од страна на граѓаните, додавајќи дека нашите предци не се бореле за Северна Македонија .Сами си го сменија уставот и тие 81 пратеник и тоа во незаконскапостапка. Дури и кога побараа збор на референдумот, а референдумот беше неуспешен а во Преспанскиот договор пишува ако референдумот биде успешен иго потврди со тоа решенијата од Преспанскиот договор тогаш ќе биде валиден.Но тие заборавија дека не се суверенот туку дека ја украле волјата на суверенот и си ги усвоија уставните измени. И така пишува дека вашите татковци и мајки пишува дека се бореле за Северна Македонија, додаде Силјановска Давкова.Таа нагласи дека сите правни акти кои не се темелат на правните норми се ништовни и лесно оспорени.Кога било кој акт меѓународен ли е домашен ли е нема правен темел, кога не е правно втемелен тој е правно проблематичен и нему му се заканува ништовност, оспорување и тоа по правен пат а не со сила, бидејќи силата ја оставаме на историјата. Но, ние веруваме во силата на зборот и јас ве уверувам дека тоа што го говорам го помнам, тоа што го помнам ќе го остварам. Значи не е она друга филозофија која што ја владее Македонија, кажувам, заборавам негирам, од тоа не бива реформа, објасни таа.Силјановска Давкова побара масовна мобилизација и обединетост на граѓани за поддршка на 21 април и 5 мај се со цел да се врати правдата и правдината во Република Македонија, посочувајќи дека сака да внесе простор за една поинаква перцепција за политиката и поинакво практикување на претседателската функција, потенцирајќи дека граѓаните го имаат нејзиниот збор а таа што ветува тоа и ќе го исполни.Јас ветувам дека ќе се обидам да ставам едно камче во политичкиот мозаик што се вика претседател на Република Македонија, што ќе отвори простор за поинаква перцепција на политиката, за поинакво практикување на претседателската функција.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања