Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
Нема фотографија

Ѓорчев: Македонија буквално умира, бројот на бебиња во јануари е намален за невидени 20 проценти

 Месечниот статистички билтен на завод за статистика на Република Македонија изнесе фрапантен, загрижувачки податок за пад на родените бебиња во Македонија во месец јануари во однос на месец јануари минатата година од 19 проценти, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Падот изнесува: 2018 година јануари 1.861 бебе. 2019 година јануари 1.512 бебиња.Падот уште еднаш заокружено е од 1.900 бебиња на 1.500 бебиња.Станува збор за невиден досега фрапантен пад во бројот на родени деца во Македонија во една година од 20 проценти.Ако ова не е загрижувачки, тогаш не знам што е. Овие податоци зборуваат и кажуваат дека Македонија умира, дека Македонија исто така исчезнува. Дека стануваме држава и земја без народ.Зоран Заев, Стево Пендаровски и Мила Царовска треба да кажат неколку збора за овие теми не само неколку збора. Потребна е итна седница на Влада, затоа што кога ќе се појави и кога има демографска рецесија од речиси 20% во една година тогаш тоа е знак за узбуна. Тоа е знак за тревога. Тоа значи дека нешто и тоа како не е во ред во државата. Уште еднаш ќе ви речам падот на новородени деца е од 1.861 дете на 1.512. Пад од 19%, рецесија од 19 проценти, ова е буквално демографска катастрофа. И гледаме дека никој со прст не мрднува. Гледаме дека Мила Царовска секој ден дава изјави, секој ден се слика и исто така и Зоран Заев исто така и Стево Пендаровски.Господине Пендаровски, во Вашата кампања пред 5 години слоганот беше „Демографија и економија“, сега кога ја имате Вашата влада што Вас Ве поддржува и Вие ја поддржувате. Имате негативни рекорди како никогаш досега во последните 70 години. 70 години немало полош месец во Македонија.Исто така би изнел уште еден податок, а тоа е дека согласно прелиминарните податоци кои што конечни и ревидирани податоци ќе бидат изнесени во месец јуни. 2018-та година е најлоша демографска година во историјата на Македонија. Прелиминарните податоци зборуваат за 21.666 родени бебиња. Никогаш помалку во Македонија. Во однос на 2016-та година падот изнесува од фрапантни 6%. Падот е речиси 1.400 родени бебиња. Ова се катастрофални бројки, овие бројки човекот го остануваат без текст. Овие бројки значи дека ќе имаме празни училишта, дека нема да може да се потполни пазарот за работната сила. Овие бројки значат дека Македонија се иселува како никогаш досега.Македонија од периодот од 2006-та до 2016-та година беше единствена земја во Јужна Европа од Португалија преку Шпанија преку Италија до Балканските земји која што имаше раст на родени бебиња 2.8%. Од 22.585 на 23.002 бебиња тоа беше огромен и голем успех. Од 2.8%, а сега во една година имаме пад од 20%.Ова е буквално катастрофа за која што јас немам зборови. Имаме податок на Амбасадата на Сојузна Република Германија која што вели дека се издаваат 75 визи дневно. За Германија не се потребни визи, не се работи за визи за патувања се работи за визи за иселување и за работа. 75 дневно. Швајцарија вели дека месечно оперираат со од 500 до 700 визи. Исто така не се потребни таму за посета и патување туку визи за работа. Тоа се околу 8.000 заминати само во Швајцарија годишно. Во Македонија се случува невиден егзодус. Секогаш имало иселување, секогаш имало луѓе кои што заминуваат, но ова што се случува во моментов, е невидена демографска, економска и секаква катастрофа во Македонија. Бројките тоа го докажуваат. Ова се се бројки кои што ги изнесов во делот на родени бебиња од статистичкиот билтен од заводот за статистика.Претходно секогаш број на родени бебиња во јануари изнесувал 1.700, 1.800, 1.900 но да спадне бројката на 1.500 тоа значи дека катастрофа се случува во Македонија.Уште еднаш ако треба за вашите прилози да го скратам во триесетина секунди би било следново:На Македонија со оваа власт и се случува невидена демографска катастрофа. Бројот на бебиња е најмал откако постои статистика и историја во Македонија. Само во јануари оваа година падот на родените бебиња во однос на минатата година е речиси 20%. Тоа е демографска катастрофа на Зоран Заев, Мила Царовска, Стево Пендаровски и нивните 28 министри.Македонија исчезнува, државата се празни. Македонија умира. Бројките се покатастрофални од колку било кога. Можеме да одиме 70 години наназад ова никогаш нема да го видиме. Тоа во моментов се случува.Ете тоа се бројките кои што сакав да ги кажам, можам уште доста статистики да ви кажам но навистина катастрофално и поразително, стануваме земја без народ. Се селат сите, се селат луѓе и од Скопје, и од Полог, и од Пелагонија, и од Малешевијата и од централните делови на Македонија. Ние во Македонија веќе не дискутираме да се отвори некаде фабрика, абер нема.Имавме ситуација каде што секој месец во Македонија се отвораа фабрики, а сега, сега само броиме колку насади за марихуана има семејството на премиерот.Тоа е катастрофата што ни се случува, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
civil-deca

ЦИВИЛ: Политичката злоупотреба на децата продолжува со несмалено темпо

Од долгорочниот мониторинг на ЦИВИЛ - Центар за слобода се констатира дека политичката злоупотреба на децата продолжува со несмалено темпо. Децата се во првите редови на митинзите и се употребуваат во видео снимки, пропагандни спотови и фотографии што се објавуваат на социјалните мрежи и во медиумите, како да не постојат јасни домашни и меѓународни кои таквата злоупотреба ја забрануваат.ЦИВИЛ најостро ја осудува злоупотребата на децата и малолетниците во политички и изборни цели и уште еднаш ги повикува институциите веднаш да реагираат и да ги санкционираат сите што ги вовлекуваат децата во политиката на било кој начин. Според член 12, став 4 од Законот за заштита на децата, се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување.СТОП за политичката злоупотреба и индоктринација на децата! Како и во своето претходно соопштение, ЦИВИЛ уште еднаш ги потсетува политичките партии, родителите, медиумите и институциите дека секое дете, без никаков исклучок, има право на достоинствен живот и да ги ужива сите права наведени во Декларацијата за правата на децата и во Законот за заштита на децата. Голем број деца немаат пристап до квалитетно образование, здравствена заштита и достоинствени услови за живот.  Тие имаат право на безгрижно детство, ослободено од дневно политичките случувања.СТОП за политичката злоупотреба и индоктринација на децата! 

Македонија | пред 6 години

6 год.
balevski-1

(ФОТО) Др Балевски во Виена трчаше полумаратон, а го посвети на пациентите со ретки болести

Денеска во Виена - Австрија се трчаше 36 тиот полумаратон на кој учествуваа над 50 000 учесници од целиот свет! Др Ристе Балевски од Охрид своите истрчани 21 км им ги посвети на пациентите со ретки болести!

Спорт | пред 6 години

6 год.
EDC56A0F-AA7E-443E-915F-ABEF9362D12D

Директор од СДСМ најави дека Пендаровски ја нема неговата поддршка

Џеват Исени: На овие избори мојот глас ќе го дадам за тој што ќе гласа мојот почитуван другар др. Арбен Таравари Ветеран и функцционер на СДСМ, кој е и актуелен претседател на бордот директори на ПУИК, Џеват Исени, се огласи на соијалната мрежа Фејсбук, изразувајќи ја неговата поддршка и глас за кандидатот за Претседател на Македонија кој е поддржан од Арбен Таравари, односно Алијансата за Албанците, просесорот Блерим Река, споделувај ќи на неговиот профил слики за поддршка од собирот на Алијансата во Струга. – На овие избори мојот глас ќе го дам таму каде што ќе гласа мојот почитуван другар др. Арбен Таравари. Господинот Зијадин Села заслужува поддршка. Зошто на 27 април додека он се бореше со животот, и лидерот на СДСМ Зоран Заев крвареше со неговите пратеници некој се радуваше и се смееја. Зато на овие избори ќе гласам токму така како јас што мислам, стои на Фејсбук статусот на Исени.

Македонија | пред 6 години

6 год.
C5B0BD8D-9689-4D8F-A04C-B8F1A3447022

Пендаровски со нови пораки

Кандидатот за претседател поддржан од граѓаните и од 30 политички партии, на жителите на Шишево им порача дека го застапува концептот на единство и заедништво.Доста беа делби, обединети, треба сите заедно да гледаме напред  и за младите да направиме европска  држава и иднина, е пораката на Пендаровски.„Ние сите сме исти. На 21 април и 5 мај да излеземе масовно на избори, за да дадеме поддршка да продолжи политиката која е поддржана од мнозинството граѓани, политики на заедништво, на едно општество за сите, за напредок. Единствено тоа не води кон Европа и НАТО. Политиката на Гордана Сиљановска ги следи насоките на Никола Груевски и Мицкоски и тоа ќе значи поништување Законот за јазици, ќе значи акции против напредокот и заедништвото. Тоа де факто значи трет мандат на Иванов “, рече Пендаровски.Пендаровски побара граѓаните, сите заедно, да не дозволат да се вратат тие политики назад, туку да дадат придонес за напред, за подобар живот, нови работни места  и соживот. Изминативе две години, рече,  гледаме целосно нов пристап во нашето општество, градиме заедништво, едно општество за сите, многу е важно да продолжиме по тој пат, рече Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
a5

Пендаровски со пензионерите: Патот кон ЕУ и НАТО е единствениот кој ќе донесе подобар живот и за пензионерите

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, на средба со пензионерите  рече дека  напредокот што политиките на актулената Влада го обезбедуваат мора да продолжи затоа што тоа е вистинскиот пат до подобар живот за пензинерите но и за младите истовремено, се вели во соопштението од СДСМ.За да се постигне посакуваната цел мораме да продолжиме по вистинскиот и единствен пат, а тој води кон НАТО и ЕУ. Тоа значи сигурност, безбедност и стабилност, но тоа значи и повеќе пари кај граѓаните.„На овие  избори ќе се судрат два концепта кои се многу спротивставени. Мојот концепт  е напредкот, државата да биде дел од Европската унија. Другиот концепт е напредокот кој започна да се поништи и да се прекинат сите разговори со ЕУ и со НАТО и да се вратиме назад.Нашиот избор е напред, да одиме напред заедно“ рече ПендаровскиТој посочи дека не смееме да се исцрпуваме со кавги и внатре и со соседите.“Да му дадеме шанса на овој концепт кој ние го нудиме, да дадеме  ветер во грб на оваа политика, само тој е патот по кој може да одиме. Минатата година беше година на интеграции, а оваа е година на економијата, затоа што заслужуваме подобар живот, подобар стандард, нови и подобро платени работни места“, рече Пендаровски,На средбата присуствуваше и членот на ЦО на СДСМ, Мила Царовска,  која рече дека како расте економијата така ќе растат и пензиите.„Во сите проекти на ММФ и Светска банка, доколку се продолжеше со претходниот систем и политики, ние за 10 години ќе имавме фискално цунами на пензискиот систем. Ние сме одговорни и работиме за да се обезбедат стабилни и поголеми пензии но не само за сегашните туку и за идните пензионери“, рече Царовска.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zaev-mickoski

За Мицкоски, премиерот е стенд-ап комичар

Насекаде ја чувствуваме енергијата на нашите сограѓани дека иден претседател на Република Македонија е професотката Гордана Силјановска Давкова, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој рече дека ќе му остави можност на претседателот на владата, Зоран Заев еднаш да си го одржи зборот и да распише предвремени парламентарни избори.„Вчера бев сведок на еден нервозен реалити стенд-ап настан на претседателот на владата господинот Заев, бидејќи и тој е свесен дека ситуацијата не е онаа иста како што беше пред две три години кога успеваше на помалку комичен начин со своите лаги да разговара со граѓаните во Република Македонија. Но, години подоцна граѓаните на Република Македонија видоа со каков човек имаат работа, дека станува збор за човек кој што освен распродажбата на националното достоинство и националната чест, се служи многу со лаги и манипулации и тоа е насекаде очигледно“, изјави Мицкоски.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека дека Заев треба да им се извини н аграѓаните за сето она што се случило во изминатите две години.

Македонија | пред 6 години

6 год.
282559-0.Basic-duel

Пендаровски во тесно водство пред Силјановска

Стево Пендаровски има тесно водство во однос на Гордана Силјановска Давкова пред претседателските избори на 21 април, покажа анкетата на „Детектор“ објавена на Сител.За кандидатот на СДСМ и владината коалиција со сигурност би гласале 28,8 отсто, додека за конкурентот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ својот глас потврдиле дека ќе го дадат 26,6 отсто. За Блерим Река, зад кого стојат Беса и Алијансата за Албанците, би заокружиле 7,1 проценти од испитаните гласачи.Кај етничките Македонци води Силјановска со 35,8 отсто, додека Пендаровски има над 17 отсто кај албанските гласачи. Силјановска води кај другите етнички заедници.Со оглед на тоа што сите кандидати се професори, направено е посебно испитување кај студентите, а таму води Пендаровски со 26,1 отсто. Тој е најпопуларен и кај јавната администрација со 39,1 отсто пред Силјановска со 32,2 отсто.69,3 отсто рекле дека ќе излезат на гласање од тие што живеат во Македонија, односно не се иселени во странство.Само 6,3 проценти одговориле дека треба да се бојкотираат изборите

Македонија | пред 6 години

6 год.
igor-durlovski-1

Дурловски за Беличанец: Најчесто доцниме со некој убав збор…p

Оперскиот пејач Игор Дурловски од актерката Билјана Беличанец се прости со зборовите:“Најчесто доцниме со некој убав збор…Мирен пат Билјана Беличанец”, напиша тој.

Македонија | пред 6 години

6 год.
ohrid-ezersko-derbi

Навивачи од навивачката група „Паткари“ се втурнале во навивачката група „Рибари“

На шести април оваа година околу 20 часот, на спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид, за време на спортски натпревар, предизвикано е насилство со тепачка. Најнапред, двајца навивачи од навивачката група „Паткари“ од Струга, се втурнале во навивачката група „Рибари“ од Охрид а потоа и кон полициските службеници кои, преземале службени мерки за безбедност. Притоа, Б.Б. (20) од Струга физички нападнал униформиран полициски службеник. СВР Охрид презема мерки за идентификација на неколку лица-членови на двете навивачки групи, кои, учествувале во насилството. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
siljanovska-davkova

Силјановска: Таа имаше уште толку многу да ни даде нам и на театарската уметност

Професорката Гордана Силјановска Давкова која е и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претседател на претстојните избори, се прости од Билјана Беличанец Алексиќ.„Секоја загуба боли. Веста за секоја смрт погодува. Но, најголем вознемир предизвикуваат вестите за нечија прерана смрт. Посебно кога смрта не била судбина…Длабоко ме потресе веста за заминувањето на личност како Билјана Беличанец-Алексиќ, чиј лик и глас допирал во секој наш дом, кој ни станал близок и кој ќе ни остане врежан во сеќавањата. Таа имаше уште толку многу да ни даде нам и на театарската уметност.Но, ќе остане запомнета, меѓу другото, и како една од ретките жени градоначалнички во Република Македонија. Нека почива во мир“, напиша Силјановска Давкова.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Hvataj

Денес е Благовец: Eве што треба да направите на овој ден

Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, (или на 25 март според стариот) календар.Меѓу народот повеќе е познат како Благовец, Благоец, Блошчојне и слично, и се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи.Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица итн.Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, но некои го сметаат и за празник Господов.Според народните верувања овој ден е благ, па и раната не боли, па затоа на малите деца им ги дупат ушите за обетки.Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.Се верувало дека Благовештение жените не треба да се чешлаат.Оние кои сакаат да имаат деца да појдат во црквите и манастирите, на иконите посветени на Благовештение и да се помолат.

Македонија | пред 6 години

6 год.
BZEG4qqCUAAKjB3

Зафирчев за Беличанец: Не напушти на најтрагичниот од сите можни начини

Актерот Васил Зафирчев се прости од својата колешка Билјана Беличанец, која вчера беше пронајдена мртва.„Билјана Беличанец. Ретка билка со раскошен талент за цветање. Можеше да даде уште многу цутови. И сакаше. А не напушти на најтрагичниот од сите можни начини. Како вистинска античка хероина. Вечна пролет за неа и за нејзиниот редок и убав цвет“-напиша тој.

Македонија | пред 6 години

6 год.
vesna

Весна Бејби во шок по смртта на Беличанец: Мирно небо Бибс!

Актерката Весна Бејби изрази сочуство со својот Фејсбук профил за прераната смрт на нејзината колешка и пријателка Билјана Беличанец.- Почивај во мир драга моја Беличанец, напиша таа.https://www.facebook.com/bejbimama/posts/10219114733637994:0

Македонија | пред 6 години

6 год.
mickoski

Мицкоски за Беличанец: Луѓето кои со своите дела оставаат трага никогаш не умираат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и лидер на опозицијата, Христијан Мицкоски, денеска на Фејсбук се прости со Билјана Беличанец Алексиќ.- Луѓето коишто со своите дела оставаат трага никогаш не умираат. Почивај во мир Билјана, напиша тој.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pendarovski4

Пендаровски: Во 2014 јас не изгубив од Иванов, туку луѓето беа натерани да гласаат за него

Промената на демократскиот амбиент е една од причините зошто професорот Стево Пендаровски, одлучил да се кандидира повторно за претседател на државата. Тој вели дека во 2014 не изгубил, туку резултатот се должел на изборниот фалсификат, за кој, вели Пендаровски, се водат истраги, пишува Фокус.–Ние бевме заробена држава во тој период, не по моја или ваша констатација, туку според ЕК, според Брисел, од неколкумина. Ниту имавме рамноправен пристап кон медиумите, државните ресурси беа злоупотребувани за партиски кампањи… Главната причина е што сега во демократски амбиент луѓето имаат право да ја кажат својата волја за кандидатите, а тогаш тие тоа го немаа. Во 2014 година јас не изгубив, туку луѓето беа натерани да гласаат за еден кандидат наспроти друг и тој изборен инженеринг во неколку предмети е третиран од СЈО. На локалните избори 2017 година дотогашниот режим беше тотално поразен – вели Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
11052506_727880334000145_8851328751471671259_n

Ксенија Николова: Замина талент кој скришно се бореше со внатрешни демони

Писателката Ксенија Николова на својот фејсбук профил се прости од Билјана Беличанец.„Почивај во мир, драга Туфи, прекрасна дамо Беличанец.Секој пат кога ќе чујам за смрт, јас се потресувам, дури и да не знам за кого станува збор, јас се потресувам. Таква сум.А, кога од светот ќе замине талент кој скришно се бори со внатрешни демони, срцето ми се распарчува.Се плашам, се плашам од тоа каде оди светот, а колку ние се’ уште молчиме.Демоните не’ грицкаат, нас ни е тешко да признаеме, затоа што ако признаеме, кој ли ќе не’ разбере низ што поминуваме?!Менталното здравје пријатели, тоа е тема за која треба да се зборува.Да имаме емпатија и да даваме помош, да не чекаме да ни ја побараат“, стои во објавата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Timot-od-Blaze-Koneski

Основци од Македонија меѓу најдобрите во кодирање во Западен Балкан

Осмоодделенците од училиштето „Блаже Конески“ од Прилеп, Петар Апостолоски, Антонио Барлески и Михаела Наумоска, со нивниот систем за спречување и намалување на последиците од сообраќајни несреќи креиран со помош на уредот микро бит, го освоија второто место на Регионалниот натпревар за кодирање. Овој натпревар се одржа во Белград во рамките на Дигиталниот самит за Западен Балкан, во организација на Британскиот совет.Учесниците на Регионалниот натпревар во кодирање имаа задача да направат проект со кој ќе решат некој реален проблем со помош на микро бит, џебен компјутер со големина колку дланката. Вкупно 13 училишта од шест земји од Западен Балкан учествуваа во натпреварувањето, кое е дел од проектот „Училишта на 21 век“ што го спроведува Британскиот совет. Од Македонија на регионалниот натпревар учествуваа седум ученици од тимови од две основни училишта, „Блаже Конески“ од Прилеп и „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.Проектот на тројцата основци од Прилеп е насловен „Транспортен информационен систем со употреба на микробит“.- Системот е составен од хардвер и софтвер кој овозможува подобро надгледување и контрола на сообраќај и оптимизација на сообраќајниот тек. Во него се вклучени камион и станица за прием на сигналите од камионот, при што на камионот се поставени 3 микро бит уреди. Едниот ја мери надворешната температура и го предупредува возачот за ниската температура со звучен сигнал и палење на светло. Вториот при удар испушта звучен сигнал и пали две лед диоди, додека третиот микро бит уред при голем потрес или удар испраќа сигнал за помош. Со намалување на дневната светлина ги пали лед диодите на микробит уредот. Со помош на микробит уредите, кои се потпираат на сензори, овој информационен систем му помага на возилото во несоодветни услови, предупредува на опасност од удари и обезбедува контрола над возилото и возачот во случај на опасност – објаснуваат учениците како функционира нивниот проект.Првото место на регионалниот натпревар го освои тим од Босна и Херцеговина, чии членови Ана-Марија Тодоровиќ и Немања Рикиќ го претставија проектот за паметна куќа управувана од сензори и поврзана со мобилна апликација. Македонските основци го поделија второто место со тим од Косово, додека третото место му припадна на тим од Црна Гора.Награда за победничкиот тим е патување на Интернационалниот саем на нови технологии Бет Шоу Едукејшн (Bett Show Education) што ќе се одржи во јануари следната година во Лондон.- Имавме можност да ги видиме проектите на училиштата кои беа дел од пилот-фазата на програмата што се имплементираше во изминатите две години. Благодарение на инвестицијата од 10 милиони фунти од Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, сега сите училишта во Западен Балкан имаат свои микро бит уреди. На овој начин, Британскиот совет ќе овозможи милиони ученици да стекнат нови дигитални вештини, како и вештини за критичко размислување и решавање проблеми што ги бараат модерните работодавци – рече Клер Сирс, директор на Британскиот совет за Западен Балкан.Во оценувањето на проектите, жирито го зеде предвид критичкото размислување и решевањето проблеми, како и тимската работа и вештините за кодирање.- Паметна куќа, сензори за паркирање, медицински тајмер, се само некои од проектите со кои младите луѓе покажаа бескрајни можности работејќи со микро бит. Најголемата предност на овој уред е тоа што технологијата повеќе не е присутна само на СТЕМ субјекти, туку има своја употреба и во учење на јазици, музика, историја, географија – рече Магда Вуд, претседател на жири-комисијата и раководител на учење во Микро бит фондацијата.Програмата „Училишта на 21 век“ ги поврзува сите ученици од земјите од Западен Балкан на заедничка платформа со 10 водечки светски земји во областа на математиката и науката.Тригодишната програма „Училишта на 21 век“ во Македонија и во другите земји од Западен Балкан ја спроведува Британскиот совет, во соработка со релевантните министерства и институции од областа на образованието. Програмата опфаќа над 4.000 училишта во регионот за кои обезбедува ресурси, алатки и тренинг за да можат сите ученици да добијат можност да се стекнат со вештини на иднината.

Македонија | пред 6 години

6 год.
biljana-belicanec-8983298932

УЖ на ВМРО-ДПМНЕ: Беличанец беше брилијантен актер, мајка и сопруга

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, изразува најдлабоко сочувство за големата загуба, во телеграма со сочувство која ја испрати до семејството на Билјана Беличанец Алексиќ, која вчера беше пронајдена мртва.-Билјана Беличанец беше член на ИК на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, жена градоначалник, беспрекорен работник, полна со љубов и разбирање. Но пред се беше, брилијантен актер, мајка и сопруга.  Ќе ни недостасуваш Билјана. Почивај во мир. Сочувство до семејството, се наведува во телеграмата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zaev-hrvtska-2

Заев призна дека му нудел на Мицкоски влез во Влада, под услов промена на име

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Битола пред два дена обелодени дека Зоран Заев му нудел техничка влада и министерства, а за возврат барал да го поддржат Договорот со Грција.Мицкоски, ваквиот предлог го одбил, со образложение дека честа и достоинството немаат цена.Во интервју за ТВ Тера, премиерот Заев призна дека му го понудил ова на Мицкоски.-Таму на преговорите, ние не бевме сами, таму беше Али Ахмети, беше Билал Касами од БЕСА кога разговаравме. Реков дека сум спремен да седнеме заедно и да го поддржиме Договорот и да го истуркаме процесот и постапката, фондови, преговори со ЕУ, ратификацијата со НАТО, комплетно заедно. Не, не сакаше, истакна Заев.Тој посочи дека не му понудил 5 министерства на Мицкоски бидејќи СДСМ во Владата има 9.– Тоа не е така, тоа не е од татко ми. Повикот беше заедно да се договориме. Мој е мандатот, немам проблем, го имам. Мојот мандат ќе го поделам ВМРО-ДПМНЕ, но тој одбил, истакна Заев.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања