Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
pendaroski-himna

(ВИДЕО) Пендаровски: Ако не победиме не ми излегувајте пред очи

Кандидатот за претседател од владејачката партија СДСМ, Стево Пендаровски, ќе биде запишан во историјата по бројот на гафови во една политичка кампања.„Ако не победиме не ми излегувајте пред очи!“, изјави Пендаровски.https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/423189575164707/

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Облачно со врнежи од дожд и пониски температури

Времето во земјава ќе биде облачно со врнежи од дожд кои на повеќе места се очекува да бидат пообилни (над 25 л/м2), а локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи.Дневната температура ќе се движи од 10 до 16 Целзиусови степени.Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд со дневна температура до 16 степени.Во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на нестабилна и влажна воздушна маса која ќе предизвика пообилни врнежи од дожд (над 25 л/м2), кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Македонија | пред 6 години

6 год.
56451972_10217213617665303_5273234277637554176_n

ФОТО: Гореше Водно

Пожар избувна вечерва на планината Водно, во пределот над Клиниката за детски болести „Козле“.Во гаснење на пожарот интервенираат три возила и десет пожарникари од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.За сега не е познато што го предизвикало пожарот. 

Скопје | пред 6 години

6 год.
5

Заев: Важно е политичкото учество на граѓаните Роми во донесувањето одлуки

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и  пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија, Самка Ибраимоски придружувани од министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Северна Македонија, Музафер Бајрам денеска имаа свое обраќање на одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите – 8ми април.На овој свечен настан министерот Бајрам за време на своето обраќање истакна дека од круцијална важност е имплементацијата на Националната Стратегија за Роми која ги опфаќа реалните потреби на Ромите во областите на образованието, домувањето, вработувањето и здравството и повика на уште повисока граѓанска свест и одговорност кон потребите на ромската заедница во нашето општество. Исто така додаде дека Владата на Република Северна Македонија, цели да постигне социјална кохезија и еднаков развој и е цврсто определена да гради инклузивно општество со што ќе овозможи целосна социјална интеграција и на Ромската заедница.„Република Северна Македонија, како и целиот свет, на 8-ми април празнува и слави една уникатна традиција, верување и култура. Традицијата, верувањата и културата на Ромите, како значајна вредност во светското но и на македонското културно наследство. Првиот Светски конгрес на Ромите, одржан на 8 април 1990 година е еден од најважните историски датуми за ромската задница, затоа што со него Ромите добија своја химна и азбука, но и со него, на Ромите, им е загарантирано правото да бидат еднакви во општествата и да ги уживаат сите права, без дискриминација. За нас, за оваа Влада, целите на тој Конгрес, како и на Европската Платформа за вклученост на Ромите не се само обврска. Овие цели за еднакви права и достоинствен живот за сите, се пред сѐ желба, да изградиме инклузивно општество во Северна Македонија и инклузивна  Европа, а се и искрена верба, дека тоа е патот до успешна, заедничка земја, дом за сите, интегрирана во Европската унија и НАТО.Нашата определба да градиме и негуваме општество еднакво за сите, нашата цел да изградиме граѓанско општество, истовремено со почит кон социјалните, етничките, националните, верските и културните разлики - токму оваа цел е посебноста и суштината на нашето заедништво. Тоа заедништво што се градеше со векови, за нас претставува обврска за нашата заедничка иднина.Меѓународниот ден на Ромите, 8 април, е и ден на граѓанската свест. Затоа, во ова мое поздравно обраќање сакам да повикам и на уште повисока граѓанска свест за потребите на граѓаните Роми во нашето заедничко општество!И веќе ги направивме првите чекори кон решавањето на горливите проблеми со домувањето, поседувањето лични документи, малолетничките бракови, пристапот до вработувања, до здравствено осигурување, вклученоста на Ромите во културата и образованието, на што посветено работи Министерството за труд и социјална политика, во соработка со општините и со граѓанските организации, истакна премиерот во дел од својот говор.  

Македонија | пред 6 години

6 год.
stevo-pendarovski

(ВИДЕО) Пендаровски: Не, не го погрешив градот ...

Не, не го погрешив градот, цинично рече кандидатот за престедател Стево Пендаровски на почетокот од митингот во Битола.На социјалните мрежи веќе му забележуваат на Пендаровски за дозата на цинизам со која  како што велат ја навреди професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидат за престедател од ВМРО ДПМНЕ.За потсетување Силјановска направи лапсуз и на митинзи најпрво ги побрка Кавадарци и Неготино, а потоа Кочани со Кичево.https://twitter.com/gorgietod/status/1114602437137043457?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1114658764718845952&ref_url=https%3A%2F%2Fexpres.mk%2Fpendarovski-ja-ismevashe-siljanovska-vo-bitola-video%2F

Македонија | пред 6 години

6 год.
zaevchanel

Заев на ФБ за актерката Билјана Беличанец

Премиерот Зоран Заев, испрати порака на сочувство за ненадејната смрт на актерката Билјана Беличанец, која почина синоќа.„Скршени сме од веста што пристигна денеска за трагичното заминување на Билјана Беличанец.Јавноста е во тага и неверување што меѓу нас не е веќе една од најмаркантните театарски актерки која животот го посвети на публиката и на граѓаните.Не постојат зборови за утеха освен искреното и длабоко сочувство со болката.Нека е вечно сеќавањето на Билјана“, напиша Заев на фејсбук.  

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Ахмети од Струга: Утре може и еден Албанец да биде претседател на државата или на Владата, со разбирање се се постигнува

„Македонија, јас Ве уверувам, ако работиме со посветеност следниве 5 години, ќе биде полноправна членка на Европската Унија. Исто така треба да ги исполниме стандардите кои ќе бидат во наша корист, како прво, да владее законот, да имаме квалитетно образование, да се бориме против криминалот и корупцијата... Ние сме тие кои што најмногу добиваме бидејќи овие вредности ги има Европската Унија, ние треба да ги изградиме тука. Ова ќе се случи, бидејќи ние имавме дури и скептици во однос на тоа дека оваа земја ќе стане членка на НАТО, но 11 земји веќе го ратификуваа договорот и до крај на годината Република Северна Македонија ќе стане 30-та земја членка на НАТО”, истакна Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, од Струга.Тој додаде дека за еден консензуален кандидат се договорија четири албански политички партии и 27 други партии кои веруваат дека ќе му служи на иднината на земјата.„На никого не му е со тапија дадено правото, утре може и еден Албанец да биде претседател на државата или на Владата. Така како што не беше замисливо порано еден претседател на Собранието, министер за Внатрешни Работи, Одбрана, Народниот Правобранител, други раководни кадри во полиција, во државната сигурност да бидат Албанци, затоа со разбирање и соработка се се постигнува, рече меѓу другото Ахмети. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
biljana

Од последното интервју со Беличанец: Надежта постои дека и јас ќе имам среќа еден сончев ден, па дури и да е на залезот мој

Сѐ уште сум си најверната пријателка, велеше актерката Билјана Беличанец, најмладиот дипломиран актер на Факултетот за драмски уметности. Брзаше, прескокнуваше одделенија во основно и во средно училиште, секаде иташе да стигне прва, и дипломирраше на неполни 20 години. Посакуваше голема филмска улога и велеше дека ќе биде трпелива, макар и тоа да се случи на крајот на нејзината кариера, објави promotor.mk.Лес­но е да из­ле­зеш на крај со емо­ци­и­те, ако „лич­на­та кар­та“ на ли­ко­ви­те е јас­но раз­ра­бо­те­на и де­фи­ни­ра­на уште во са­ми­от про­цес на гра­де­ње. Са­мо во та­ков слу­чај би мо­же­ло да се из­бег­не са­мо­по­вто­ру­ва­ње­то или пре­поз­на­ва­ње­то на еден лик во друг. Се­ка­ко, ка­ко што се­ко­ја прет­ста­ва се раз­ли­ку­ва ед­на од дру­га, по­ра­ди мно­гу сег­мен­ти, та­ка би тре­ба­ло да се дво­јат и са­ми­те ли­ко­ви. Се­ка­ко е по­треб­на и из­вес­на до­за на моќ и на уме­е­ње на транс­фор­ма­ци­ја. Но, кол­ку и да са­ка­ме да по­бег­не­ме од се­бе, не е воз­мож­но. Не­ка­де ќе се на­ѕир­не ја­дро­то, па ќе ме на­се­ти­те са­ма­та ме­не, велеше Алексиќ во интервју за неделникот „Република“ кое беше објавено во 2013 година.Интервјуто во Неделникот „Република“ беше објавено по неј­зи­на­та игра во прет­ста­ва­та „Ге­не­ти­ка на ку­чи­ња­та“ каде што бе­ше оправ­да­но да ги со­бе­ре на­гра­ди­те за нај­до­бра жен­ска уло­га. Ду­шев­ни­от пу­стош на Са­ра Глем­бај прес­ли­кан пре­ку фе­но­ме­нал­на­та уло­га на Бил­ја­на Бе­ли­ча­нец – Але­ксиќ ве оста­ва без збо­ро­ви. Не­ми­нов­но, на кра­јот нај­го­ле­ми­от ап­ла­уз пуб­ли­ка­та ѝ го по­све­ту­ва ток­му на неа, на актер­ка­та што из­бег­ну­вај­ќи ги поз­на­ти­те шаб­ло­ни на игра­ње пи­јанс­тво и лу­ди­ло ус­пе­ва да нѐ вне­се во це­ла­та таа „игра“ и при­тоа за мо­мент да за­бо­ра­ви­ме де­ка сѐ е са­мо глу­ма на еден фе­но­ме­на­лен ар­тист. И ко­га ќе по­мис­ли­те де­ка го по­стиг­на­ле вр­вот во сво­ја­та ка­ри­е­ра, акте­ри­те од ран­гот на Бе­ли­ча­нец – Але­ксиќ ти по­ка­жу­ва­ат де­ка до вр­вот има уште мно­гу. „Сто­би“ и „Охрид­ско ле­то“ имаа мож­ност да ја за­поз­на­ат Ифи­ге­ни­ја од Ма­ке­до­ни­ја, а сега таа чест ја имаат и скопските театарски обожаватели доколку ја погледнат „Ар­хе­ла­ос или Еври­пид се вра­ќа на Бал­ка­нот“. А, ова е са­мо еден дел од тоа што сле­ду­ва со енер­гич­на­та Бил­ја­на Бе­ли­ча­нец – Але­ксиќ.Најм­лад дип­ло­ми­ран актер на Фа­кул­те­тот за драм­ски умет­но­сти. Ка­ко ус­пе­а­вте да дип­ло­ми­ра­те на 19–20 го­ди­ни?Бе­ли­ча­нец: Дип­ло­ми­рав на ту­ку­што на­вр­ше­ни два­е­сет го­ди­ни. Нај­ве­ро­јат­но, тоа се дол­жи на мо­е­то жи­вот­но тем­по, кое е ете, од не­кои при­чи­ни, по­за­бр­за­но. Нај­ве­ро­јат­но мо­јот ли­чен пе­со­чен ча­сов­ник исте­ку­ва та­ка…Има­те од­би­е­но да при­ми­те ед­на на­гра­да на овој фе­сти­вал – за нај­до­бар млад актер?Бе­ли­ча­нец: Мо­ја­та им­пул­сив­на стра­на на ка­ра­кте­рот и не­об­јас­ни­ва­та хра­брост во тоа вре­ме, што мо­же­ше да до­не­се, ако не пр­кос? Во жи­во­тов му пр­ко­сев на вре­ме­то, пр­ко­сев на про­сто­рот, сре­ди­на­та, пр­ко­сев са­ма на се­бе, зо­што не и на чи­нот- на­гра­де­на. Ја до­не­сов на сце­на Ме­де­ја, зо­што не и Ме­де­и­на од­лу­ка, ко­ја ка­ко меч со две остри­ла бев под­го­тве­на да ме ши­бне низ вре­ме­то. Тоа бе­ше ед­на од мо­и­те жи­вот­ни пре­сврт­ни­ци. Чин, кој од оваа вре­мен­ска ди­стан­ца, ако сѐ уште про­во­ци­ра да се го­во­ри за не­го, зна­чи де­ка се па­ме­ти. А, во оваа про­фе­си­ја, ко­ја е осу­де­на да е „умет­ност на ми­гот“, нај­важ­но е да си за­па­ме­тен. Еве, јас ва­ка си се прав­дам и ќе си доз­во­лам да да­дам не­кое се­ман­тич­ко зна­че­ње на од­лу­ка­та. (ха­ха­ха)Со кој ма­ке­дон­ски ре­жи­сер не би со­ра­бо­ту­ва­ле?Бе­ли­ча­нец: Сум со­ра­бо­ту­ва­ла со по­ве­ќе­то од нив, ка­ко од таа ге­не­ра­ци­ја на ре­жи­се­ри што се ди­рект­ни вте­ме­лу­ва­чи на со­вре­ме­на­та те­а­тар­ска ма­ке­дон­ска исто­ри­ја, до но­ви­те мла­ди ре­жи­сер­ски си­ли, кои се­ри­оз­но си го за­зе­ма­ат сво­е­то ме­сто во оваа фе­ла. Се­ка­ко, сум ра­бо­те­ла со стран­ски ре­жи­се­ри, со кои, пак, е пре­диз­вик не­поз­на­то­то во са­ми­от по­че­ток. Но, има и та­кви ре­жи­се­ри, со кои сѐ уште сум не­ма­ла сре­ќа да ра­бо­там, а искре­но си по­са­ку­вам. И, ко­неч­но, се­ко­ја со­ра­бо­тка, со кој би­ло од нив, за ме­не е ка­ко ма­ла сту­ди­ја или шко­ла, од ко­ја и во ло­ши­от слу­чај се учи мно­гу. И се­пак сме­там де­ка не е тоа „ре­жи­сер“ со кој не би са­ка­ла да ра­бо­там, ама мо­же да се слу­чи, да не се сог­ла­сам со кон­цепт, иде­ја, за­да­ча…И по ве­ќе 18 го­ди­ни на те­а­тар­ска­та сце­на, Ве не­мана филм­ско­то плат­но, ба­рем не со не­ко­ја по­го­ле­ма, глав­на уло­га. Се чи­ни нај­до­бри­те те­а­тар­ски акте­ри не­ма­ат сре­ќа на го­ле­мо­то плат­но, ба­рем не во зем­ја­ва. Ко­ја е при­чи­на­та. Вие не­ма­те жел­ба или?Бе­ли­ча­нец: А, па не сто­јат баш та­ка ра­бо­ти­те. Јас, пак, мис­лам де­ка си­те акте­ри што се наш­ле на ма­ке­дон­ско­то филм­ско плат­но до­се­га, а по­себ­но из­ми­на­ти­ве го­ди­ни, ка­ко што беа плод­ни во ма­ке­дон­ска­та ки­не­ма­то­гра­фи­ја­та, се на ви­стин­ско­то ме­сто со ап­со­лу­тен ква­ли­тет. Баш ка­ко нај­до­бри­те акте­ри за за­да­чи­те што им беа да­де­ни. Са­мо, им за­бе­ле­жу­вам на две ра­бо­ти. Пр­ва­та: де­ка не се­ко­гаш се за­чу­ву­ва прин­ци­пот на из­бор, па та­ка и не се­кој од нас е во рам­но­пра­ва­на по­зи­ци­ја да до­бие мож­ност. И вто­ратa: ре­тко кој од на­ши­те филм­ски ре­жи­се­ри по­се­ту­ва те­а­тар­ски прет­ста­ви, ре­чи­си и не по­се­ту­ва! Ка­ко што е и пра­кти­ка, на по­ве­ќе­то те­а­тар­ски ре­жи­се­ри, кои ме­ѓу се­бе не си ги гле­да­ат прет­ста­ви­те. А, за жал, ту­ка најм­но­гу гу­бат акте­ри­те. Прет­ста­ви­те, се нај­вер­на­та мож­ност за не­кој да би­де ви­ден, до ка­де ста­сал, ко­ја но­ва стра­на са­ми­от актер ја отво­рил и дал од се­бе, во ко­ја кре­а­тив­на фа­за е, кол­ку е под­ло­жен на транс­фор­ма­ции, ка­ко фи­зич­ки, та­ка и емо­тив­ни. Да, те­а­тар­ска­та сце­на е ка­ко го­лем сад со раз­но­вид­но овош­је, кои не­кои од­би­ва­ат ду­ри и да го ви­дат, а не, пак, да нѐ вку­сат. Зна­чи, да­ле­ку сум јас од таа по­зи­ци­ја да од­би­вам или да не­мам жел­ба, ту­ку, на­про­тив, до се­га во­оп­што не ми се ука­жа­ла мож­ност. Но, на­деж­та по­стои де­ка и јас ќе имам с­ре­ќа еден сон­чев ден, па ду­ри и да е на за­ле­зот мој. Текстот во целост на  promotor.mk 

Македонија | пред 6 години

6 год.
iva

НЕСРЕЌА ВО СРБИЈА: 19 годишна девојка загина правејќи селфи

Ива М. (19) од Ниш заедно со двајца другари на кров од зграда правела селфи и паднала од истата.– Девојката и двајцата нејзини другари биле на кровот од зградата. Во еден момент таа се обидела да направи видеоклип движејќи се наназад по што дошла до работ на кровот, изгубила рамнотежа и паднала на плочникот пред зградата. –изјавил извор за Блиц.На местото на трагедијата и натаму има видливи траги. Пред зградата на местото каде што паднала девојката има локви крв, а станарите не може да се повратат од шокот.Нејзината последна објавен афотографија на Фејсбук е токму од еден покрив во Ниш. Засега не е сигурно дали станува збор за местото од каде паднала.Ива инаку не живее во оваа зграда, а според зборовите на соседите, тука порано живеел нејзин другар.Овој трагичен настан е предупредување  од психолозите до младите но и до родителите. Тие велат дека не треба докажување и дека личната безбедност е на прво место. 

Свет | пред 6 години

6 год.
nance

Михаил Трендафилов- Нанче- Охрид најзадолжена општина

Ова може и да не е најстрашно. Сѐ зависи како и во што се потрошени парите. Досега освен разно-разни шпекулации не сфативме од каде е долгот. Зошто велам дека не е страшно, не е бидејќи најзадолжени земји се САД, Германија и Јапонија. Сите се задолжуваат , најголемите најмногу. Зошто е тоа така?  Задолжени се за нова технологија, за производство на знаење, за извоз. Создаваат нова, повисока вредност, истакна Михаил Трендафилов- Нанче, кандидат за градоначалник од ГДУ.Германија се задолжува за да ни продаде скоро сѐ што користиме, комуникациите не можеме да ги замислиме без јапонски и корејски производи. А ние? Земаме кредити, за да враќаме кредити (катастрофа), за купување на социјален мир, пензионери, социјални случаеви, судии, пратеници и сѐ што е на државна цицка (буџет).  Никој не прашува каде се парите што цел живот ги одвојував за пензија, за здравство... Кој ги „изеде“?!Е на тој бирократски апарат не му требаат промени. Па што треба да правиме? Да ги воспитуваме децата да се пресреќни ако се вработат во Општина за 3-400 евра, тоа е она за што ќе мечтаат средношколците, студентите... Тоа е амбиција? Тоа е амбиција на ниво на амеба. Произведуваме медиократи од Основно до крај. Не произведуваме луѓе кои ќе постанат милионери со чесно иновативно заработени пари. Ги произведуваме оние кои се задоволни со некој минимум.Државата, партиите направија таква негативна селекција, таква просечност што го уништија општеството. Прашање е дали од образованието остана О.  Како општество прифативме најголеми непријатели да ни се надпросечните, да правиме одмазда према оние кои имаат храброст слободно да говорат или да се борат за  правда, општество кое им се смее на луѓето кои се борат за права во фирма која е во стечај, да ни се смешни зошто плачат пред камера. Ние немаме чувства за нив. Подобро ни е да гледаме reality show, одгледувајќи ги децата со тие будалаштини, а животот пред нос да ни проаѓа.На крај ќе прашате. Што има ова со Охрид? Има , и те како има. Па ние сме слика-прилика на состојбата во целата држава. Затоа се потребни коренити промени, да го видоизмениме Охрид и нашиот град да стане пример за целата држава. Преродбата да отпочне од Охрид, без чекање, веднаш, сега и одма, истакна Трендафилов. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
lusteri-2

(ФОТО) Луксузот од ВМРО ДПМНЕ, лустерите – донација за македонските цркви и манастири

Јохан Тарчуловски, амнестираниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на „Фејсбук“ му се заблагодари на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, за одлуката лустерите од централниот штаб на партијата да бидат донирани во македонските цркви и манастири.Тарчуловски објави фотографии во црквата „Св. Никола“ во селото Љубанци, а на позадина се гледаат лустерите кои до скори висеа во централниот штаб на партијата.„Огромна благодарност до претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски за донацијата од лустери кој се извадени од централниот штаб, а кој беа означени како луксуз. Затоа се подаруваат по македонските цркви и манастири. Црквата Св. „Никола“ село Љубанци ќе ви е вечно благодарна”, напиша Тарчуловски на „Фејсбук“.https://www.facebook.com/Johan.Tarculovski/photos/pcb.2240796065963422/2240795645963464/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC_0083

ВИДЕО: Вистински бум на Саша, се пееја песни од Тоше и Калиопи

Саша Ковачевиќ приреди спектакуларен концерт во арената “Борис Трајковски”, кој беше во организација на “Балкан Медиа”.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/304568990215493/?v=304568990215493Сите посетители понесени од енергијата на српската ѕвезда се забавуваа на концертот и ужива во атмосферата.

Магазин | пред 6 години

6 год.
dsc1

Силјановска Давкова: Комисијата која решава за промена на македонската историја не е под капата на МАНУ или универзитетот, туку под политичка капа

Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денеска беше во посета на општина Аеродром.Силјановска Давкова во изјава за медиумите нагласи дека комисијата која решава за промена на македонската историја не е под капата на МАНУ или универзитетот, туку под политичка капа, односно како што рече таа не е против тоа да се избришат нешта кои што се навредливи, но дека тие немаат право во затворен круг да решаваат за македонската историја.Идејата е да разменам мисли со еден прекрасен амбиент и прекрасен ден околу нешта што мене ме загрижуваат врзани за македонскиот јазик, македонската литература, македонската археологија. Прашања што се значајни за македонскиот идентитет искрено имав и се уште имам дилема дали она што е предвидено со Преспанскиот договор а се однесува на меѓудржавни комисии под политичка капа, не под капа на МАНУ или Универзитетот може на политички начин иако меѓу нив има експерти не верувам дека се ренесанси личности кои знаат се да решаваат историски проблеми.Јас мислам дека историјата е процес, така се гради, дека никој нема право во затворен круг, во тесна ексклузивна дебата да се усогласи околу настани, околу личности. Мислам дека тоа е надвор од она што би било логично, вели Силјановска Давкова.

Македонија | пред 6 години

6 год.
kir0628

„Билјана се измори да се бори и да биде силна, а никој не и пружи рака на поддршка“

“Позната причината за смртта на познатата актерка” – се огласија утрово нашите експерти во новинарството (секоја чест на исклучоците). Познат е начинот на кој завршил животот на оваа преубава жена, која се обидуваше да се носи, во секој поглед, во суровиот и бескрупулозен свет на сопки, одмазди и непријателства. Причината за тоа зошто посегнала по својот живот ја знае само таа, а блиските веројатно претпоставуваат. Се изначитав утрово колку била успешна, моќна, убава, мајка на две деца и многу слични нешта.И успешните, талентираните и моќните имаат душа, и мајките се човечки суштества, и убавите жени се само кревки луѓе со сите човечки потреби. Тажно завршена приказна на една жена, која не можела да се избори со својата немоќ да ги исполни очекувањата на сите околу неа, а сепак да биде среќна. Осаменоста не се отсликува со отсуството на луѓе околу вас, туку со неможноста да се разговара со луѓето за тоа што е значајно за вас или неприфаќањето на вашите уверувања.Свет во кој се плашите да бидете среќни затоа што и пријателите ве гледаат завидливо, во кој парите, политиката, моќта, власта се приоритет, а личната среќа на луѓето споредна работа.Тажна е вистината дека човечкиот живот се состои од збир на непомирливи спротивности, а која од нив ќе надвладее зависи од многу фактори. Жал ми е за тагата на семејството и за децата без мајка, но, најмногу ми е жал за Билјана која веројатно се измори да се бори и да биде силна, а никој не и пружи рака на поддршка. Почивај во мир генерацијо.https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=2568232706581289&id=100001837551878 

Македонија | пред 6 години

6 год.
pretepal-do-smrt

Тепачки пред гостилница, кафе бар, во перална и на улица

На 06.04.2019 година во 21,00 часот во Полициската станица Чаир М.Ф.(33) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 14,30 часот на улицата “Втора Македонска бригада“ пред гостилница бил физички нападнат од три лица. Се работи на расчистување на случајот.На 07.04.2019 година во 01,30 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата “Бранко Заревски“ во кафе бар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу Е.Ч.(24) и С.Р.(28), двајцата од Скопје. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.На 06.04.2019 година во 10,40 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на булеварот “Илинден“ во перална дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу А.Ф.(41), З.З.(43) и Е.Х.О.(40) од една страна и А.С.(27) и С.С.(48) сите од Скопје. Сочинети записници за констатирани прекршоци по чл. 11 ст.3 од ЗППЈРМ.На 06.04.2019 година во 20,50 часот во СВР-Скопје било пријавено дека во с.Драчево- скопско на улицата “Партизански пат“ по меѓусебна расправија Б.Г (68) го нападнал Д.Т. (47) употребувајќи дрвен предмет и нож. Б.Г. е приведен во полициска станица, а на Д.Т. му е укажана помош во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

6 год.
izjava-zaev.Still091

Шеќеринска со ќерката на прошетка низ Дебар Маало

Премиерот Зоран Заев викендите ги користи за воење мотор, а министерката Радмила Шеќеринска за прошетки со ќерката.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zena-pocinata

67 годишна жена починала на автобуска постојка

На 06.04.2019 година во 09,30 часот во Полициската станица Центар од екипа на Итна медицинска помош било пријавено дека на булеварот “ВМРО“ во Скопје, на автобуската постојка, при интервенција на повик дека имало женско лице на кое му се слошило и паднало, кај истото била констатирана смрт без траги на насилство.Полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдено е дека починатата е Б.Д.А.(67) од Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција.

Скопје | пред 6 години

6 год.
pretepan

Кумановец нападнал полициски службеник

На 07.04.2019 година околу 04,10 часот во Куманово на улицата “Михајло Пупин“ М.Д.(22) од Куманово физички нападнал еден полициски службеник кој извршувал работни задачи. М.Д: е приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

6 год.
tepacka1

Тепачки пред кафе бар и во угостителски објект

На 07.04.2019 година во 04,00 часот било пријавено дека во Неготино на улицата “Ацо Аџиилов“ пред кафе бар дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка премсетка меѓу П.П.(38) од Неготино од една страна и Д.Д.(37) и Е.Ј.(28) двајцата од с.Криволак од друга страна. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. На 06.04.2019 година во 22.40 часот во Полициската станица Кавадарци Ј.Д.(49) од Кавадарци пријавил дека истиот ден околу 22,00 часот во угостителски објект во Кавадарци бил физички нападнат од М.Р. од Кавадарци. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Naum-stoilkovski

Стоилковски: СДСМ тоне во изборно беззаконие и самоволие

СДСМ тоне во својата криминогеност и злоупотреби на власта, тоне во трговијата со влијание, тоне во заштитата на сопственото беззаконие. СДСМ од позиција на власт спроведува самоволие и не го почитува и го крши изборниот законик чии што измени се донесени неодамна заедоно со пратениците на СДСМ. Според Законот во изборен период, кој се смета од денот на распишување на изборите, во случајот 08 февруари кога беше потпишано решението за распишување на шестите претседателски избори, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.НЕ СМЕЕ : да се вршат исплаќања на плати, пензии, социјална помош или други исплати и материјални надоместоци од буџетски средства или од средства на јавните фондови кои не се редовни месечни исплати ... ниту да се отуѓува државен капитал ниту да се потпишуваат колективни договори и да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи. да се започне изградба со средства од буџетот или од јавни фондови илисо средства на јавни претпријатија ... на нови објекти воинфраструктурата како патишта, водоводи, далноводи, канализација,училишта, градинки и други објекти, освен ако се работи за реализацијана годишна програма; тоа стои во изборниот законик член 8А.СДСМ е фатена во кршење на најмалку две од трите забрани коио што ги посочив. До ДКСК поднесени се 12 приговори за случаи кои не може а да не се предмет на разгледување како корупциски. Има кршење на изборниот законик и има коруптивно однесување.Ќе наведам дел од овие случаи, кои како настани се пренесени во медиумите.Ова е списокот на поднесени приговори за постапување за ДКСК и тоаЈавен повик за практиканство од страна на Агенцијата за вработување од 25 февруари.Градоначалникот Саша Богдановиќ подели 150 пакети со основни животни намирници на социјалјно загрозени семејства на 11 март.Јавен повик од 11 март од Град Скопје за субвенционирање за купување велосипеди.Реконструкција на дел од улицата Јури Гаргарин во Козле Општина Карпош.Јавен повик за субвенционирање на клима уреди инвертори од Град Скопје.Прес на градоначалникот на Штип од 9 март Бочварски Благој за градежна офанзива во Штип дека продолжувала за асвалтирање на улици што е спротивно на овој закон.Јавен повик за доставување барање за косистење на средства од мерките за воспоставување на локални акциски групи и реализација на стратегии на локален развој на рурални средини од страна на агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој од 19 март Јавен оглас за финансиска подршка на здруженија и фондации од Генералниот Секретаријат од Владата .Во касарни се работи на тротоари ивичњаци и канализација во полн ек е изградба на инфраструктурни зафати на улици и тротоари Вршителот на должност градоначалник во Ново Село дава согласност за вработување на 10 вработени.Има вработување во македонија пат.Ромските партии имаа прес за подршка на Стево пендаровски во Општина Шуто Оризари и низа други преставки. И ова не е се почитувани, власта бесрамно тргува со влијание што е криминогеност во делот корупција, тргува со влијание со земјоделците – имено на 4 и на 5 април во ек на изборна кампања се пофалија дека ги исплатиле долговите кон 2000 лозари, долгови преземени од винариите. Одлуката на владата за обештетување беше донесена на вонредна седница на владата во очи на распишување на изборите, буквално часови до распишувањето претседателски избори. Внимавајте се работи за 2.000 земјоделци на кои им се дадени пари НАД 1 МИЛИОН И 250 ИЛЈАДИ ЕВРА од буџетот при започната кампања. И тоа не може да се гледа подалеку од коруптивно однесување.Ја користам можноста да одговорам и на обвинувањата од СДСМ за лажни вести за односот на функционери од СДСМ и на други функционери на власта кон ДКСК. Иако од СДСМ велат дека се доставени сите пријави на функционери до ДКСК согласно законските обврски; Антикорупциска во свое образложение вели дека не поседува документи и информации за најмалку 19 функционери согласно законот за спречување на корупција и судир на интереси.Во однос на бараните документи кои се однесуваат на лица беше констатирано дека ДКСК не располага со бараните информации и документи а за кои че наведам дел од нив.Документи за претседателот на Собранието Талат Џафери. Државниот секретар во Министерството за локална самоуправа Кирил Парталов.Директорот на Рудници РЕК Битола Душан Вукадиевиќ.Директорот на МЕПСО Сашо Василевски.Градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јовановски.Градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудош.Министерот за економија Крешнир Бектеши и низа други звучни имиња кои што немаат доставено барани материјали од страна на ДКСК. Ќе ви ги покаам и повеќе пријави до комисијата поднесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ за кои што треба да се разгледуваат за нивното однесување во изборниот период и кршњењто на изборниот законик Почитувани, ова само покажува дека на државата и е потребно Право и е потребна Правда и токму овие два збора ќе победат на претседателските избори и веднаш потоа на предвремените парламентарни избори, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања