Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
saso-tasevski

Тасевски: Пуштете го Ѓорчев на митинзи, за Силјановска да не прави грешки

Фејсбук статус на актерот Сашо Тасевски, преку кој на ВМРО ДПМНЕ им понуди како што пишува покреативно решение за проблемите во кампањата. Тасевски пишува:Драги вмровци, мора малку покреативно да ги решавате проблемите во кампањата. На пример, вашава кандидатка не знае во кој град е кога држи говор, боже мој, се случува, особено ако го шетате човек со качулка на глава или у багажник. Ама и за тоа има решение. Со неа на говорница пуштете го и Влатко Ѓорчев. Он на пример нема село и град што не го посетил. Нема кооперација каде не јадел сардина и пиво со мештаните седнат на гајба. Е он нека биде со неа на говорницата. Па кандидатката штом каже: Добровечер најдраги мои... Овој одма нека дофрли: Кичевчани, кочанчани курајчани или долнодупенци. И решен проблем.Тоа е креативен пристап до проблемот што го имате. Извинете што ви се мешам во кампањата, ама морав, проработе вмровското во мене.

Македонија | пред 6 години

6 год.
500-denari

Од 2020 година ќе ги имаме и првите банкноти со Северна, ќе се започне со 500 денари

Од почетокот на 2020 година на банкнотите од по 500 денари ќе биде напишано новото име на Народна банка, а во втората половина на следната година ќе бидеат заменети хартиените 10-денарки со официјалниот назив.Од Народната банка велат дека пуштањето во оптек на парите со новиот назив, ќе го вршат постепено во рамки на редовните нови емисии, имајќи го предвид природниот животен век на парите кои веќе циркулираат во оптек и водејќи сметка за макроекономската стабилност.

Македонија | пред 6 години

6 год.
uapsen

Уапсен скопјанец кој затајувал данок

На 07.04.2019 во 14.10 часот на Граничниот премин„ Табановце“, при пасошка контрола било констатирано дека лицето Б.К.(37) од Скопје бил предмет на потрага за издржување казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело по член 239 став 1 од Кривичниот законик – „затајување.“ Б.К. бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

На Блаце приведен косовски државјанин баран од Интерпол

На 07.04.2019 во 09,30 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“ од слобода бил лишен M.E.(21) од Косово врз основа на барање на СМПС - Интерпол.Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

6 год.
heroin-111

Уапсен тетовчанец, му пронашле хероин

На 07.04.2019 околу 22.20 часот во Тетово, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово од слобода го лишиле Р.В.(34) од тетовското село Џепчиште.При преглед кај него бил пронајден и одземен хероин. По документирање на случајот, против Р.В. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

6 год.
50407320_2037289269697107_8259573472892551168_n

УНЕСКО денес го затвора извештајот за Охрид, се движиме ли кон губење на статусот?

УНЕСКО денес го затвора извештајот за Охрид од кој ќе зависи и тоа дали ќе го задржи престижниот статус на светско културно наследство.Информациите кои беа соопштени на Собраниската комисија за култура пред еден месец во Скопје, не влеваат оптимизам по однос на ова прашање.– Од неформалните комуникации што ги имам со некои луѓе од УНЕСКО, можам да кажам дека се движиме по работ. Се` уште не е ништо изгубено, но ни претстои период од еден месец за да доставиме дополнителна документација до Центарот за светско наследство, односно да покажеме волја и реален ангажман, што можеби би значело и подобрување на нашата слика. Важно е да се води волјата и се` понатака ќе зависи и од тоа што ќе се случува во Баку, истакна Билјана Прентоска, генерален секретар на националната комисија за УНЕСКО.Комисијата ги разгледуваше извештаите на надлежни институции за состојбата со природното и културното наследство во охридскиот регион.Во јуни и јули во Баку, главниот град на Азербејџан, ќе заседава Комитетот за светско наследство при УНЕСКО за, меѓу другото, да реши дали Охрид ќе го стави на листата на културно и природно наследство во опасност. Од владата се оптимисти дека Охрид нема да го загуби досегашниот статус, но експерти и граѓански активисти не се сигурни во тоа. Голем проблем овој период лоши вести кои влијаат на статусот се постојано палење и горење трска најверојатно заради нечии бизнис-интереси.Во јуни минатата година во Охрид се одржа министерска средба – „Спроведување на акции/мерки според одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО“, на која беше јасно потенцирано дека последниве години УНЕСКО бележи пораст на бројот на фактори кои негативно влијаат на заштитените подрачја.Постојат проблеми, но не се нерешливи, потенцира Синиша Шешум, шеф на канцеларијата при Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Европа.-Притисокот во охридскиот регион не е само од туризмот, туку и од развојот, па круцијално е да се најде баланс со кој ќе се заштитат вредностите поради кој е запишан на листата на УНЕСКО, потенцира Шешум минатата година.Прекумерната изградба на стамбени и угостителски објекти, често и во заштитени зони, палењето на трската, Студенчишкото блато, плановите за НП „Галичица“ се само мал дел од „сидрата“ кои го влечат Охрид надолу, кон губење на престижниот статус на светско културно наследство.извор: Алсат М 360 степени/ОхридПрес

Македонија | пред 6 години

6 год.
49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Собраниска делегација на сесија на ПС на СЕ во Стразбур

Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа, предводена од шефот на делегацијата Бетиане Китев, а во чиј состав се и пратениците Шпреса Хадри и Антонијо Милошоски, ќе учествуваат на Вториот дел од редовната сесија на ПС на СЕ што се оддржува од 8 до 12 април во Стразбур, Република Франција.Се очекува на сесијата да се обратат премиерите на Ерменија и Грузија. Собранието ќе има заедничка дебата за запирање на говорот и делата на омраза во спортот, за улогата на политичарите во борбата против говорот на омразата како и за зајакнување на соработката со ОН и имплементација на Одржливите развојни цели.Има и барање за итна дебата во однос на буџетската криза на Советот на Европа.Ќе се дискутира и за промовирање на парламентите слободни од сексизам и сексуално вознемирување, импликациите врз човековите права од социјалните медиуми и друго.Собранието, исто така, ќе дебатира за т.н. „Ландромати“ и новите предизвици во борбата против организираниот криминал и перењето на пари и ќе заземе став во врска со креирање на нов механизам за демократија, владеењето на правото и основните човекови права.Комисионерот за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, ќе го презентира нејзиниот годишен извештај на активности за 2018 година и ќе одговори на поставени прашања. Ќе има и вообичаена размена на мислења и ставови со сегашниот претседател на Комитетот на министри на СЕ, финскиот министер за надворешни работи, Тимо Соини и време за прашања со генералниот секретар на СЕ, Торбјорн Јагланд.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zoran-zaev-4-696x405

(ВИДЕО) Нов гаф на Заев: Лашки со опашки!

На вечерашниот митинг , Зоран Заев со нов гаф: Лашки со опашки!Коментарите под видеото се: Бисер до бисер-ѓердан ќе направи, но има и такви кои сметаар дека Заев се напил лашко пиво…https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/314686342539083/

Македонија | пред 6 години

6 год.
gordana-siljanovska-davkova

Силјановска: Преживеаните Македонци на „Титаник“ ги запишале како Македонци кога пристигнале во Америка

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, вчера зборуваше на митинг пред струмичани.Силјановска во својот говор се задржа на промената на името и праша зошто ако може Србија на Србите, Бугарија на Бугарите, Грција на Грците, да не можеме, како што рече, да кажеме Македонија на Македонците.–Кога на бродот „Титаник“ се качиле некои Македонци и кога преживеале, во Америка ги напишале како Македонци, а сега ние треба да докажуваме. Замислете да треба да докажувате дека сте маж или жена, тоа се незамисливи потфати – додаде таа.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Katica-Janeva

Јанева: Поголемиот дел од буџетот на СЈО се користи за вештачења

Шефицата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во интервју за „Независен“ зборува и за буџетот на СЈО, односно појанува на што се трошат парите. Во јавноста често пати има забелешки дека располагаат со голем буџет за разлика од редовнто обвинителство и дека обвинителите во СЈО земаат повисоки плати.-Со новиот закон останува нашиот буџет да го предлагаме самите и да не може врз тоа никој да влијае. Станува збор за меѓународни стандарди во оваа област. Сметам дека ресурсите и во Јавното обвинителство ќе бидат подобрени, има многу проекти во кои учествуваме и помагаме и ние, со цел јавните обвинителства да бидат поекипирани и да можат поефикасно да ги извршуваат задачите. Иако имаме поголем буџет, тоа не значи дека ја трошиме целата сума. Поголемиот дел од буџетот и претходно се користеше за вештачења, како и за други материјални трошоци неопходни за брзо и ефикасно завршување на истрагите за кои бевме ограничени со 18 месеци, имавме и други трошоци како тие за адаптирање на зградата во која сме сместени. Јас мислам дека сегашната влада има добар сенс за правосудството и за подобрување на интегритетот и независноста, не само на обвинителите, туку и на целата правосудна фела, вели Јанева.

Македонија | пред 6 години

6 год.
clipboard01-620x350-1

ВМРО-ДПМНЕ: Република Македонија нема потреба од нов Зоран Заев

Зоран Заев и Стево Пендаровски се исти 102.5%. Заев и крими картелот околу него секојдневно ги ограбуваат граѓаните. Заев го зголеми бројот на граѓани кои живеат под прагот на сиромаштија од 400.000 на 500.000. Заев ветуваше подобар стандард. Заев излажа. Пендаровски лаже исто како Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Економијата две години тоне. Стандардот на граѓаните секој месец е се помал.Јавниот долг на Република Македонија откако е дојден Заев на власт е зголемен за над половина милијарда евра. Заев ветуваше намалување на јавниот долг. Заев излажа.Пендаровски и Заев се исти 102.5% и Пендаровски лаже исто како и Заев.Секој месец власта во изминативе две години ја задолжува државата за над 20 милиони евра.Заев и Пендаровски ги презадолжија граѓаните и идните генерации, а ниту една капитална инвестиција не е направена. Економијата е на дно, а развој воопшто нема.Република Македонија нема потреба од нов Зоран Заев. Република Македонија има потреба од чесен претседател како Гордана Силјановска Давкова“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
reka

(ФОТО) ИМОТЕН ЛИСТ: Што поседува Блерим Река?

Еден од тројцата кандидати за претседател, Блерим Река, во својот имотен лист доставен до Државната комисија за спречување корупција, пријавил каков имот поседува.На свое име, како што јавува Емагазин, кандидатот за претседател има куќа од 200 метри квадратни проценета на 200 илјади евра.Исто така тој пријавил и дека поседува АудиА3.

Македонија | пред 6 години

6 год.
uniformi

Доктори, полицајци и војници доброволно даваат оставки во јавните служби

Доктори, полицајци и војници си дале најголем број доброволни оставки во јавните служби на Македонија.  според кои во текот на 2018 година од страна на државните институции:524 вработени си дале отказ, а на почетокот од 2019-та таа бројка изнесува162 вработени во јавниот сектор, објави Алсат. Иако имаат решенија, експертите велат дека поради ниските плати, некои од нив одлучиле да се откажат и да се иселат во западните земји.Според министерот Манчевски Тоа е првенствено за технички области, инженери и архитекти; медицинскиот персонал, особено лекарите и медицинските сестри, се откажувааат од јавниот сектор бидејќи ја напуштаат државата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
56248128_2143886405667315_207757206014132224_n

Заев: Химната ја прескокнавме за да нема Ципрас проблем во Грција

Откако македонската јавност бурно реагираше за тоа зошто не беше интонирана македонската химна за време на посетата на Ципрас во нашата земја, Зоран Заев во интервју за ТВ Тера, признава дека не ја пуштил македонската химна заради Ципрас.„Кога видовме дека се доцни, рековме од каде да скратиме. Дајте квалитативниот дел на разговорите да го одржиме. Скартивме по еден министер. Но, реално кажувам дека симболите исто така, на АРМ не беа сменети, а треба да ги смениме. Ако сме пријатели и го почитуваме Договорот, не треба да дозволиме Ципрас да се врати во Грција и да го критикува неговата јавност. Пријателите водат грижа за себе“, истакна Заев.

Македонија | пред 6 години

6 год.
unnamed-file-1

Заев: Јас сум роден во Социјалистичка Република Македонија, тоа значи дека моите деца не се мои бидејќи се родени во Република Македонија?

Ја слушам госпоѓа Силјановска Давкова како изјавува дека е родена во Народна Република Македонија и ако и дадат лична карта со Република Северна Македонија, нема да е таа. Е која ќе е? Некоја друга ли? Аманте со тоа, реагира премиерот, Зоран Заев, на изјавата на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.–Јас сум роден во Социјалистичка Република Македонија, децата мои во Република Македонија, и сега тоа не се моите деца? Јас сум тој, моите деца се тие, а и Давкова е истата, сите сме исти. Пресериозни амбиции имаме за претседателска функција, претседател на државата не може да му пркоси на Договорот – порача тој во интервју за ТВ Тера додавајќи дека влогот е влез во НАТО и ЕУ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Пендаровски : Ако не победиме, не ми излегувајте пред очи!

Кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски, среде митинг им се обрати на граѓаните кои беа дојдени да му дадат поддршка со реченицата:  „Ако не победиме не ми излегувајте пред очи!“.Чудно е што за ова Пендаровски доби аплауз.Но, ова видео молскавично се шири по интернет, особено на социјалните мрежи. Истото се споделува и коментира.Во продолжение видеото, а коментар за тоа во која конотација е кажаното донесите сами.https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/423189575164707/?v=423189575164707

Македонија | пред 6 години

6 год.
70D44252-EDB4-48D5-B149-F8AC2C99F6F3

Силјановска: Смешно е Пендаровски да тврди дека Иванов му ја украл победата

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, на денешниот митинг во Радовиш, ја прокоментира изјавата на нејзиниот протвкандидат, Стево Пендаровски, кој рече дека на претходните избори не изгубил од Иванов, туку граѓаните биле натерани да гласаат за него.-Не знам дали да се чудам да се думам или да смејам дека претседателот Иванов им украл ја победата. Замислете да украдете близу 200.000 гласови разлика. Не е можно, тоа е голема илузија на оние кои знаат дека уште еднаш ќе изгубат, па пак ќе не обвинат нас дека сме им ја украле побеадата иако тие се на власт – рече Силјановска.

Македонија | пред 6 години

6 год.
avtopat-tetovo-skopje

Изменет сообраќаен режим на делницата Миладиновци-Куманово

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.Од денеска 08.04.2019 до 11.04.2019 ќе се започне со изведување на градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Автопат А1, делница Миладиновци - Куманово (стара наплатна станица Романовце) за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.На 04.04.2019 година од 11:30 часот поради оштетување на мостот во с.Ваташа на регионалниот пат Кавадарци - с.Мрежичко воведена е забрана за ТМВ.Регионалниот пат Р-2332 патен правец Ресен – Охрид(Отешево - Трпејца, преку национален парк Галичица) од 15.11.2018 е затворен за сообраќај. Од охридската страна возилата со вкупна тежина до 3,5 тони можат да соообраќаат само до месноста “Kорита”.Се очекува да биде отворен на 01.05.2019 год.Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 6 години

6 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Сиљановска е против напредокот на земјата

Гордана Сиљановска, исто како Христијан Мицкоски, зборува секој ден дека Република Северна Македонија нема да добие датум за преговори со ЕУ, во јуни, велат од СДСМ.„Исто како Мицкоски и Сиљановска не сака да добиеме датум за преговори со ЕУ.Јасно е, Сиљановска е против напредокот на земјата.Нејзините желби, како оние на Мицкоски, Иванов и Груевски, нема да се остварат.Република Северна Македонија тргна напред и враќање назад нема да има.Сиљановска, Мицкоски и Иванов треба да знаат дека и покрај опструкциите и блокадите, Република Северна Македонија ќе продолжи да чекори напред, ќе добие датум за преговори со ЕУ и ќе биде полноправна членка на Унијата.Граѓаните ќе изберат претседател кој ќе гледа и ќе води напред, ќе го изберат Стево Пендаровски“, се  вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Andonovski20-221011

Венко Андоновски напиша песна за Билјана Беличанец

Писателот, поет и есеист Венко Андоновски напиша песна посветена на актерката Билјана Беличанец.Во нив, тој вели дека Билјана не починала, туку само се лизнала од „сплавот на очајот, занесот и стравот“.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања