Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
Branko-Geroski-696x478

Билјана Беличанец си го одзеде животот, а хиените се обидоа да ѝ ја одземат честа

Не известувај за самоубиство, освен ако тоа не предизвикално поширок јавен интерес!Ова е една од клучните норми од етичките кодекси на модерниот журнализам, кои се однесуваат на обврската на медиумите да ја почитуваат приватноста на луѓето. Постојат околности во кои новинарите сепак известуваат за самоубиствата и за околностите поврзани со тие трагични настани.Напишано од Бранко ГероскиОбјавено на Плусинфо.мк 

Коментари | пред 6 години

6 год.
60A5DC4D-94C9-49CF-B79D-F7F6F2B7E738

Aко мојата ќерка ја одгледала Ромка, не знам зошто не би побарала помош кога ќе бидам претседателка

По повод Меѓународниот ден на Ромите, кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова во изјава за медиумите рече дека вреди да се одбележуваат важни датуми, како овој ден на Ромите во светот, меѓутоа уште повеќе вреди секој ден да биде пристоен ромски ден.Се разбира Република Македонија на овој план уставно правно зошто Ромите си го најдоа заслуженото место во Преамбулата, и институционално правно може да се пофалиме дека водевме сметка за своевидно самоуправување или себе управување во рамките на општина во која мнозинството се Ромите како што е Шуто Оризари. Но, мислам дека на овој ден треба да се обврземе да исполниме и многу други предизвици врзани за ромската заедница, особено на планот на правичната и соодветна застапеност на сите нивоа на власта, особено на посебна заштита на ромската заедница како најранлива категорија не само во светот и во Република Македонија. Тука мислам на посебните усилби за образованието, за здравството, за социјалната заштита, рече Силјановска Давкова.Силјановска Давкова рече дека се надева дека идната година на овој ден ќе имаме можност да ги истакнеме успесите во она што е предизвик за сите нас во почитувањето и остварувањето на ромските права.Ако станам претседателка на Република Македонија едно од моите први обраќања ќе се однесува на ромската заедница. Се разбира дека ако мојата ќерка ја одгледала Ромка, една прекрасна жена која влегла во нашиот живот и ние во нејзиниот, не знам зошто не би побарала помош од Ромките и Ромите и во вршењето на претседателската функција, рече Силјановска Давкова.Извор:republika.mk

Македонија | пред 6 години

6 год.
01

Се скара Дескоска со ВМРО-ДПМНЕ, оти никој никому не се јавил за амандманите за СЈО

По критиките на преговарачот од ВМРО-ДПМНЕ за СЈО Тони Менкиноски во САКАМДАКАЖАМ.МК дека министерката за правда Рената Дескоска не го бара за средба веќе една недела, таа денеска му се јавила да се сретнат. Но, според информацијата од Министерството за правда, Менкиноски побарал одлагање на средбата.„Господинот Менкиноски беше повикан на средба денеска, но одговорот е дека сѐ уште немаат изградено ставови во ВМРО-ДПМНЕ за одредени прашања и побара одложување на средбата, по градењето на ставовите“, одговори министерката Рената Дескоска за САКАМДАКАЖАМ.МК, по разочарувањето на Менкиноски дека му ветила оти ќе му се јави да разговараат за 65-те амандмани што ги поднесе за СЈО и за Обвинителството, а повеќе од една недела не му заѕвонила на телефон.Токму Дескоска тврдеше дека е оставен е простор ВМРО-ДПМНЕ да си направи консултации заради преиспитување на одредени нивни барања, а Менкиноски за СААКАМДАКАЖАМ.МК рече нема што да се консултираат, треба да зборуваат за амандманите, за денеска самиот да побара уште време за партиски консултации.

Македонија | пред 6 години

6 год.
56408502_10161525691170363_1556692187557658624_n

ФОТО: Стотина лица чекаат виза пред амбасадата на Словенија

На социјалните мрежи е објавена фотографија каде стотици лица чекаат пред Словенската амбасада, каде аплицираат за виза.Јета Џара, новинар во БИРН Косово, пишува дека од амбасадата добила информација дека издаваат до 200 визи неделно.

Свет | пред 6 години

6 год.
DSC_1117

Премиерот Заев доби признание за придонес за мир, благосостојба, развој и интеграција на Ромите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска, прими делегација на здружението Национален Ромски Центар (НРЦ), чиј извршен директор, Ашмет Елезовски, на премиерот Заев му врачи признание за придонес во обезбедувањето мир, благосостојба, развој и интеграција на Ромите и сите останати граѓани во државата.На средбата, која се одржа во Свечената сала на Владата на Република Северна Македонија, претставниците на Здружението НРЦ, во одделни излагања го запознаа премиерот Заев со својата работа и програмски цели,истакнувајќи дека тие работат на подобрување на правата, не само на припадниците на ромската заедница, туку на сите граѓани со различна социјална и етничка структура, особено на маргинализираните и социјално најранливи категории.„Овој ден, 8 април - Меѓународниот ден на Ромите, е одлична можност да Ви кажеме благодарам за сето она што го работите за децата, жените и општо за правата на Ромите, за подобрување на нивниот квалитет на живот и за останатите граѓани, бидејќи Вашиот активизам е од непроценливо богатство и од помош и за напорите и мерките кои ги презема Владата“, истакна премиерот Заев, честитајќи го празникот и потенцирајќи дека од име на извршната власт и на сите граѓани изразува искрена благодарност за сиот активизам на граѓанските организации, со надеж дека Владата дополнително ќе ги мотивира во понатамошните заложби.Премиерот Заев подвлече, дека Владата е насочена да работи на социјалните аспекти, за подобрување на инфраструктурата, условите за образование и за вработување на припадниците на ромската заедница.„Искрена ни е намерата да постигнеме еднакво општество за сите граѓани“, порача премиерот Заев, подвлекувајќи дека Република Северна Македонија создава услови за живот кои одговараат на една земја-членка на Европската Унија.Врачувајќи му на претседателот на Владата на Република Северна Македонија признание за досегашниот придонес за развојот на општеството за еднакви можности, директорот Елезовски и претседателката на Управниот одбор на Здружението, г-ѓа Нада Стојменова нагласија дека Националниот Ромски Центар ќе продолжи со мисијата за решавањето на проблемите со кои се соочуваат граѓаните и оние најранливи групи на кои им е потребна социјална, здравствена и правна помош, со единствена цел, остварување социјална инклузија и вклучување правда и еднакви права за сите.

Македонија | пред 6 години

6 год.
siljanoska-12

Силјановска: Младите заслужуваат европска иднина која власта нема капацитет да ја овозможи

Гордана Силјановска Давкова се огласи на Фејсбук.- Од младите зависи иднината на Република Македонија. А јас како професор, но и Претседател ќе сторам сè да помогнам да се стекнат со дополнителни знаења и вештини со цел да бидат подготвени за предизвиците што претстојат во иднина.Јас ветувам дека ќе работам со тим на компетентни лица кои ќе поттикнат реформи за да изградиме капацитет за членство во Унијата. Последниве две години видовме дека тоа е неопходно затоа што владата не ги спроведе планираните реформи.Поради тоа не очекувам датум за почеток на преговори во јуни. Промената на името не е замена за реформи, за добро владеење, за борба со корупцијата и непотизмот, за владеење на право и правна држава. На младите им должиме европска иднина која власта нема капацитет да им ја овозможи!

Македонија | пред 6 години

6 год.
romi

(ВИДЕО) РСС со порака: Запознајте ги Ромите и тие нека ве запознаат вас

Ромите се најголемо малцинство во Европа, но, дискриминацијата на Ромите и натаму е многу распространета во многу аспекти од животот – се вели во изјавата на главниот координатор на проектот „Интеграција на Ромите 2020“ на Регионалниот совет за соработка (РСС), Орхан Усеин, по повод Меѓународниот ден на Ромите.[embed][/embed]Според податоците од последното регионално истражување за положбата на Ромите, спроведено во 2017 г., само 21 отсто од Ромите се вработени во однос на 40 отсто од нивните соседи кои не се Роми. Во истовреме, 71 отсто од Ромите работат непријавени, во однос на само 17 отсто од населението кое не припаѓа на Ромите, наведува Усеин.Овие бројки укажуваат на потребата да се вложува во нивното образование, вработување, еднакви права, јакнење на економската независност, талент и на креативноста. Интеграцијата на Ромите е еден од важните приоритети за регионот на Западен Балкан, како дел од процесот за пристапување кон Европската унија – вели Усеин.По тој повод РСС го претстави и видео спотот во кој се пренесуваат пораките на млади Роми од регионот упатени до припадниците на своите заедници, но и до сите други.Проектот Интеграција на Ромите 2020 се спроведува од страна на РСС со владите од Западен Балкан, откако во 2016 година Европската унија го постави ова прашање на ниво на еден од условите за зачленување во Унијата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
ipard5

Се потпишуват договорите за мерката за инвестиции во преработувачки капацитети од последниот повик за ИПАРД 2

Од денеска започна склучувањето на договорите за мерката 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи“ од последниот повик за ИПАРД 2 програмата, кој заврши на крајот на јануари годинава. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, денеска во МЗШВ ги потпишаа првите договори со три компании од земјоделскиот сектор.Проектите на трите компании кои денеска ги потпишуваат договорите, се однесуваат на инвестиции во преработка на овошје и зеленчук, млеко и млечни производи и производство на свежо цедени сокови. Министерот Николовски посочи дека една од клучните политики на Владата е поддршката на преработувачката индустрија како гранка која ќе овозможи обезбедување на сигурен пласман на земјоделските производи и решавање на проблемите со вишоците производи, поради што изминатиот период и МЗШВ и Платежната агенција активно работеа на побрза обработка на решенијата и склучување на договорите.„Ако во претходните години постапките беа долги и апликантите чекаа повеќе од 1 година за склучување на договорите, на овој повик кој заврши на крај на јануари денеска после два месеци ги склучуваме договорите. Тоа се должи на посветеноста на сите вработени и на зајакнатиот капацитет на Платежната агенција, кои активно работеа овој период и ја забрзаа постапката. Станува збор за крупни инвестиции во преработувачката индустрија, кои треба да се реализираат до средината на октомври оваа година. Договорите со останатите компании чии што инвестиции се од различни земјоделски области, ќе се потпишуваат во текот на следните денови. Би сакал да потенцирам дека инвестициите што ќе се реализираат преку оваа мерка во голема мера ќе ја развијат преработувачката индустрија, ќе го раздвижат пазарот и ќе имаат голем удел во севкупното земјоделско производство. Сите овие инвестиции преку ИПАРД 2 програмата но и оние што ќе се реализираат преку Програмата за рурален развој ќе придонесат за модернизација на капацитетите и за изградба на нови преработувачки капацитети, што крајно ќе влијае и врз развојот на вкупната економија, и ќе го зголемат уделот на земјоделството во вкупниот економски раст“, изјави министерот Николовски.Директорот на Платежната агенција Николче Бабовски потенцираше дека вкупната вредност на финансиската поддршка што овие три компании ќе ја добијат преку ИПАРД 2 програмата изнесува 315 илајди евра.„Со максимална и професионална ангажираност на сите вработени направивме во најкраток рок да се обработат и да се потпишат договорите.Порано процесот на обработка траел подолго и за склучување се чекаше повеќе од година и половина. Сега за два месеци се обработија апликациите. Ова значи побрз пласман на европските средства до нашите корисници, претпријатијата од преработувачката индустрија и земјоделците, со што ќе се намали дисбалансот кои се јавува на пазарот, тоа исто така со зголемената побарувачка на земјоделски производи за преработувачките капацитети ќе се овозможи и откупните цени да достигнат повисока вредност а со тоа и да се извезуваат производи со поголема додадена вредност од Република Северна Македонија, што е од голем интерес на сите граѓани на нашата земја”, истакна директорот Бабовски.Претставниците на компаниите кои денеска ги потпишаа договорите позитивно ја оценија целата постапка за потпишување на договорите од апсект на брза обработка на апликациите, поедноставена процедура и брзо склучување на договорите, што како што изјавија претходно не било случај.За мерката 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи“ до Платежната Агенција пристигнаа 65 апликации со кои се побаруваат околу 15,4 милиони евра. Во моментов тече обработката на апликациите за повикот за Мерка 1 „ Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства има пристигнато 1.099 апликации и овие апликанти побаруваат околу 17,2 милиони евра. Или, вкупно на располагање за двете мерки согласно ИПАРД 2 Програмата на располагање има 25 милиони евра.Инаку од првиот повик за ИПАРД 2 програмата од склучени 950 договори, досега 794 ги завршиле инвестициите и доставиле барања за поврат на средства. 180 компании веќе целосно ја имаат добиено финансиска поддршка во вкупен износ од близу 2 милиони евра.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Vlatko-PRESS-0104-Glavna-Slika

Ѓорчев: Зошто Заев и Царовска молчат за иселувањето, демографската рецесија и падот на наталитетот?

Со жалење можеме да констатираме дека нема ниту еден единствен збор, ниту еден коментар, ниту еден одговор од страна на Зоран Заев, Стево Пендаровски и Мила Царовска во врска со демографската катастрофа од невидени размери која што се случува во моментов во Република  Македонија, истакна на пресс конференција Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. .Македонија умира, Македонија се празни. Македонија станува земја без народ. Во 2018-тата година според податоците на Заводот за статистика во прелиминарните податоци ја имаме најлошата демографска година во историјата на Македонија откако има демографија, откако има статистика.Бројот на родените од 2016-та година кој што беше 23.002 падна на 21.666, тоа е пад од 6 проценти. Значи 2018-та со владата на Зоран Заев и Мила Царовска беше најлошата демографска година откако имам статистика во Македонија со рекордно, рекордно мал број на родени бебиња од само 21.666. На тие 21.666 родени бебиња во минатата 2018-та година се надодаваат уште полошите бројки за 2019-та година.Во јануари 2019-та година бројот на родени бебиња е повторно паднат за речиси 20 проценти во однос на претходната најлошата 2018-та година и бројот на бебиња е паднат од 1861 бебе минатата година во јануари, оваа година на само 1512 родени бебиња. Тоа е пад од 19 проценти.Ова е буквално демографска катастрофа која што се случува пред очи, ваков пад од 20 проценти не е забележан никогаш во историјата.Бројките се навистина загрижувачки, но она што боли, она што загрижува, она што покажува вонредна голема неодговорност е молкот на Зоран Заев, на Пендаровски и на Мила Царовска.Уште еднаш ќе речам, ако имаме рецесија во економијата од 1 или 2 проценти веднаш се свикуваат владини седници, ако имаме рецесија во било која област веднаш се свикуваат итни состаноци, овде имаме рецесија во бројот на родени бебиња, од минатата година до јануари оваа година од 20 проценти и никој ништо не прави. Тоа е катастрофална неодговорност, тоа е негрижа за државата и иднината на оваа земја.Проблемот е што Македонија се празни и луѓето си заминуваат како никогаш досега, си заминуваат и од Тетовско и од Гостиварско, и од Штипско и од Струмичко, си заминуваат и од Скопје, си заминуваат од Битолско од прилепско, буквално од секаде, бегаат од она што германските инвеститори го нарекоа нула, нула оценки за владините економии, она што Светска банка го нарече најнизок раст економски на Балканот и она што го гледаме секој ден со неправдите поврзани со епидемискиот непотизам.Навистина е загрижувачки што целата влада, сите 28 министри и премиерот Заев не кажуваат ништо за демографската катастрофа која што ни се случува. Рецесија од 20 проценти по бројот на родени од јануари минатата година до јануари оваа година навистина е невидена откако има статистика во Македонија.Слоганот „за живот во Македонија“ од парламентарните избори или за локаните за живот во Скопје, за живот во Битола, за живот во Прилеп, за живот во Штип, за живот во Тетово, се сведе на живот во Канада, живот во Германија, живот во Шведска, живот во Австрија.Македонија се иселува како никогаш, никогаш до сега ова се поразителни и загрижувачки бројки и за жал владата ништо не презема.Ги повикуваме да се соочат со овој проблем, ги повикуваме да состават тим, ги повикуваме на мерки затоа што ваквите бројки се поразителни за сите нас, ги допираат и образовниот систем, ќе нема ученици, ќе нема здравствени осигуреници, ќе нема даночни обврзници, ќе нема луѓе по општините, буквално цели општини и региони исчезнуваат, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
milososki-antonijo

(ФОТО) Пратеникот Милошоски на акредитација ја прешкрта Северна

Пратеникот  Антонијо Милошоски кое е на редовното Парламентарно Собрание на Советот на Европа, како дел од македонската делегација, на својата акредитација ја пречкрта Северна.Македонија е името на народната воља, согласно референдумите од 1991 и 2018 година!Искористи ја за таа цел секоја можност, секоја акредитација, секој потпис и обележје, дома и во странство, во име на правото на самоопределување и заради достоинството на секој Македонец! – напиша Милошоски на својот Фејсбук профил.Инаку, во наредните 4 дена , делегацијата на Собранието на Македонија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа, предводена од шефот на делегацијата Бетиане Китев, а во чиј состав се и пратениците Шпреса Хадри и Антонијо Милошоски, ќе учествуваат на Вториот дел од редовната сесија на ПС на СЕ што се оддржува во Стразбур, Република Франција.

Македонија | пред 6 години

6 год.
ivor-mickovski-11

Ивор Мицковски: Со што заслужија партиските членови таков к*рч од Пендаровски?

Ивор Мицковски ја прокоментира изјавата на Стево Пендаровски во која кандидатот за претседател им соопшти на граѓаните дека ако не победи со голема разлика, да не му излегуваат пред очи.„Пендаровски: Ако не победиме, не ми излегувајте пред очи.Го разбирам, знае дека се обраќа пред партиски членови, оти никој неопределен повеќе не оди на митинзи.Ама и тие партиски членови, со што заслужиле ваков курч“-напиша на својот фејсбук  профил Ивор Мицковски.https://www.facebook.com/ivor.mickovski/posts/10157390067711042 

Македонија | пред 6 години

6 год.
kamion

(ФОТО) Товарното возило излетало од патот, пожарникарите три часа сечеле дел од каросеријата да го извадат возачот

Сообраќајка помеѓу товарно возило и минибус кај Дреновска клисура, повреден е возачот на товарното возило, кое излетало од патот. Тој бил префрлен во кавадаречката болница, објавува МКД.мкСообраќајот се одвива наизменично по една лента.Припадниците од Кавадарци три часа сечеле дел од каросеријата на товарното возило за да го извлечат повредениот возач.Во тек е увидот на местото на несреќата. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
gruevski-2

Груевски се прости од Беличанец: Загубивме талентиран и искусен актер

Поранешниот премиер, Никола Груевски денеска на Фејсбук се прости со Билјана Беличанец Алексиќ.„Билјана Беличанец ја познавав како пријатна личност и одличен актер во Драмскиот театар во Скопје, но најмногу ја запознав како градоначалник на општината Кисела Вода.Беше одличен и исклучително одговорен градоначалник на оваа општина која не располага ни приближно со доволно финасии колку што има реални потреби. Не е лесно човек да води таква општина со толку многу проблеми и очекувања од граѓаните а со толку малку финасиски ресурси.Се бореше за општината како за свој дом. Соработувајки со градот, владата, странските донатори, компаниите, граѓаните и правилно распоредувајќи ги средствата на општината, со голем ангажман и посветеност, заврши многу проекти за општината и остави свој белег и пример како може во една таква општина со многу проблеми а малку сопствени приходи успешно да се менаџира.Биљана имаше чесен приод кон работата, многу внимаваше да не направи грешка, сакаше секому да помогне и излезе во пресрет, да ги исполни дадените ветувања пред граѓаните и да си замине од функцијата со чист образ, како што и се случи.Не дозволи да и се случи ниту една афера или гаф иако влезе со многу мало искуство на оваа функција. Се грижеше за секој детал и за секој кој и бара некаква помош. Не се колебаше да побара помош за предизвици со кои неможеше самата да се справи и соработуваше со сите во интерес на зацртаните цели за општината и граѓаните. Одлично менаџираше.Многу чувствителна кон луѓето и со љубов кон работата.Тешко ги примаше неправдите но се трудеше да не го покаже тоа.Со изразено чуство на одговорност кон обврските, како ретко кој.Многу внимаваше некого да не повреди, да не создаде болка некому.Не сакаше кандидатура за втор мандат. Чувствуваше замор од преголемиот ангажман. Не се штедеше во работата.,,Сакам само чесно да си го одработам овој мандат и со крената глава и чиста совест да си заминам. За следните избори нека добие шанса некој друг, а дотогаш ќе работам до последениот мој атом,, - беа нејзините зборови уште најмалку една година пред истекот на мандатот кои потоа неколкупати ми ги повтори.Сакаше и се врати на театарот. Но, за жал не за долго.Нејзиното прерано заминување освен за нејзините блиски е голема загуба и за сите кои ја познаваа, соработуваа или на било кој начин беа во контакт со неа.Театарската публика загуби исклучително талентиран и искусен актер.Ќе ја паметиме по добро, бидејќи пред се, Билјана Беличанец беше добар човек.Почивај во мир Билјана“, напиша Груевски на својот Фејсбук профил.

Македонија | пред 6 години

6 год.
4-1

Џафери оствари билатерални средби со Анџело Фаруџа и Иракли Кобахиѕе

На маргините на 140. Собрание на ИПУ, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери оствари билатерални средби со Анџело Фаруџа, претседател на Претставничкиот дом на Република Малта и Иракли Кобахиѕе, претседател на Парламентот на Грузија.На средбата со г. Кобахиѕе, претседателот Џафери изрази задоволство од воспоставувањето на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Грузија во февруари оваа година и истакна дека, со овој чин во голема мера ќе се унапредат политичките односи и вкупната соработка на билатерален и мултилатерален план. Претседателот Џафери исто така подвлече дека двете земји споделуваат иста стратешката определба за членство во ЕУ и НАТО, при што го запозна соговорникот со активностите кои ги презема Република Северна Македонија за полноправно членство во НАТО и отворање на пристапните преговори со ЕУ.Г. Кохабиѕе истакна дека воспоставувањето на билатералните дипломатски односи со Република Македонија е чекор напред кон зајакнувањето на заемната поддршка и соработка во сите области. Тој се осврна на парламентарната соработка и размена на искуства, при што ја спомна посетата на нашето Собрание со цел запознавање со активностите, функционирањето и услугите кои ги нуди нашиот Парламентарен институт.На средбата со г. Анџело Фаруџа, претседателот Џафери истакна дека по воспоставувањето на дипломатските односи во 2016 година, односите и соработката се унапредија значајно во сите домени од заеднички интерес, особено во контекст на европските интеграциски процеси на Република Македонија. Тој се заблагодари на безрезервната поддршка што Република Малта и ја дава на Република Македонија во процесот на отпочнување на преговорите за членство во ЕУ и нагласи дека искуството на Малта би било многу корисно за нашата земја во процесот на ЕУ интеграцијата и токму во оваа насока има простор за размена на искуства и добри практики на ниво на институции и служби. Воедно, претседателот Џафери подвлече дека парламентарната соработка го отвора патот на владите понатаму да ја конкретизираат соработката со потпишување на спогодби и имплементација на истите.Г. Фаруџа упати честитки до Република Македонија за достигнувањата во процесот на евроатланската интеграција и додаде дека, Малта ќе ја поддржи нашата земја за членство во Европската унија и воедно ќе и помага низ целиот процес преку разни форми на размена на искуства, добри практики и стипендии за службениците за стажирање во нивните институции.Претседателот Џафери информираше за активностите на Собранието како и за текот на претседателските избори. Подвлече дека, во јуни се очекува нашата земја да добие датум за отпочнување на преговори со ЕУ, што ќе испрати јасен сигнал за европската иднина на Република Македонија и нејзините граѓани. Тој ја поздрави заинтересираноста на соговорникот за доделувањето на стипендии за службата за обучување на теми кои се однесуваат на улогата на парламентот во процесот на пристапување во ЕУ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
elemnema-defekt-vo-rek-bitola-222887

СДСМ: Обезбедени се 20,4 милиони евра за реконструкција на филтри на РЕК Битола

Владата предводена од СДСМ, државните претпријатија и институциите продолжуваат со мерки и проекти кои имаат за цел обезбедување на чист воздух и здрава животна средина, велат од СДСМ.„Распишан е тендер за реконструкција на електростатските филтри на РЕК Битола во вредност од 20,4 милиони евра, пари обезбедени од буџетот на АД Електрани на Северена Македонија.Воедно, оваа инвестиција претставува најголема инвестиција за заштита на животната средина, а средствата се обезбедени преку домаќинското работење на АД ЕСМ.Електростатските филтри последен пат се модернизирани во далечната 1989 година, а со новата реконтрукција, предивдено е значително намалување на издувот на прашина, што значително ќе придонесе за намалување на аерозагадувањето во Битола, Новаци и Могила.Продолжуваат успешните политики на Владата предводена од СДСМ во енергетиката.Од земја која беше зависна од увоз на струја, преку домаќинско и одговорно работење АД ЕСМ успева да призвесува и продава вишоци на струја.Владата предводена од СДСМ продолжува со мерките и политиките што обезбедуваат, чист воздух, развој на енергетиката и ефикасен и стабилен енергетски систем“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
soobrakajka

21 сообраќајка во изминатиот викенд

Во текот на изминатите денови (05, 06 и 07.04.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 63 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 90 возачи од кои: тројца затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 72 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и 15 возачи затоа што биле возачи-почетници.Исто така, исклучени од сообраќај се и 62 возила бидејќи 60 биле нерегистрирани и две возила поради претовар. Санкционирани се 21 возач поради поминување на крстосница на црвено светло, 17 возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, седум возачи поради неправилно престројување, девет возачи поради неправилно престигнување, шест возачи поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, 28 возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 14 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 42 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците санкционирани се седум пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 274 мандатни платни налози и 151 возило се подигнати со специјално возило „пајак". Изминатите денови се случиле 21 сообраќајна незгода во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а 20 лица со телесни повреди.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

70-годишен скопјанец каснат од куче скитник

На 07.04.2019 во 11.30 часот во Полициската станица Аеродром,  Т.М.(70) од Скопје пријавил дека на  булевар „Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Скопје | пред 6 години

6 год.
uapsen

Уапсен струмичанец поради овозможување употреба на наркотични дроги

На 07.04.2019 во 02.30 часот во Полициската станица Струмица, поради сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба наркотични дроги“, од слобода бил лишен и задржан К.С (41) од село Костурино, струмичко.По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Египќаните интелектуалци, бизнисмени, политичари и еснаф луѓе го кренаа гласот против Вахид Мемед

Целокупната интелектуална, политичка и бизнис елита на Египќаните се крена против полтронството и манипулациите кои еден нивни сонародник ги прави во оваа предизборна кампња.Од како Вахид Мемед даде оставка во ПОЕН и објави дека има формирано ново движење кое иако не е партија, кршејќи неколку закони јавно настапува како коалиционен партнер на ДУИ, плеада угледни, докажани, успешни и признаени во општеството Египќани со свој потпис застанаа зад писмото кое го испратија до јавноста, а во кое бараат да прекинат манипулациите и игрите со Египќаните, за лични интереси на поединци.ВАХИД МЕМЕД МОЖЕ КРИВИЧНО ДА ОДГОВАРАБидејќи учествува во избори и настапува на настани од политичката партија ДУИ, а се претставува како граѓанско движење кое никогаш и никаде правно не го регистрирал ( што значи правно не постои ) Вахид Мемед прекршил закони, за што се пдоготвува соодветна пријава.Писмото го пренесуваме во целост:Последните месец дена сведоци сме на уште една манипулација од страна на мала група на поединци за остварување на своите лични амбиции и интереси, во име на заедницата на Египќаните во Охрид. Имено станува збор за група на млади лица кои се декларираат како некакво си  граѓанско движење „Обединета Алтернатива на Египќаните“ , а делува исклучиво политички и се појави непосредно пред почетокот на изборната кампања за избор на претседател, како и за градоначалник на Охрид. Секој си има за право да делува политички како поединец за било која опција, но ако се појавуваат како организирана група, законите велат дека треба да имаат статут, програма за делување и да бидат регистрирани како политичка партија. Доколку пак делуваат како здружение на граѓани и доколку се регистрирани како такви, според Законот за здруженија на граѓани и фондации тие немаат право да учествуваат во изборна кампања, како организација и да се појавуваат со банери и симболи на тоа неформала група по политички настани. Никој не ги брани и како граѓани да поддржуваат некој кандидат или политичка партија, но тоа не можат да го направат јавно како нерегистриран правен субјект, а уште повеќе да кажуваат дека биле во коалиција со некоја политичка партија!Во случајот и во моментов т.н. Обединетата Алтернатива на Египќаните, не е во никаква коалиција, тукуе само дел на едно делување на политичка партија, а тоа јавно го прикажаа и во саботата на 06 Април 2019, на митингот на Демократската Унија за Интеграција во Охрид, каде и учествуваше и врвот на партијата на чело со господинот Али Ахмети. Бидејќи, за коалиција е потребно да има договор помеѓу два субјекти, доколку постои таков договор, (а знаеме дека не постои) истиот треба да биде јавно обелоденет за биде јавноста транспаретно запознаена.Во случајот со споменатато граѓанско  движење која го користи називот „обединета“, не е јасно кој со кого се обединил, како и кои други општини освен во Охрид, се приклучени во нивното „граѓанско движење“ врз непостоечката програма за делување.Сето ова покажува дека Египќаните од Охрид, како малцинска заедница, е повторно цел на перфидна бескомпромисна манипулација за лични цели и амбации на поедници, кои не бираат средства и начин да манипулираат со јавноста, а мирниот и лојалниот народ т.е. припадниците на заедниците на Египќаните да ги инструментализираат.Поради тоа ние долупотпишаните граѓани, интелектуалци, активисти и поддржувачи на каузата на Египќаните, упатуваме апел до сите граѓани, политички партии и кандидати на престојните избори за претседател на Република Северна Македонија, како и за градоначалник на општина Охрид, да го почитуваат достоинството на припадниците на заедницата на Египќаните, нивното граѓанско право на слободно уверување и гласање на претстојните избори, да не се манипулира колективно со нивните гласови за туѓи интереси, и да не се злоупотреби етнички идентитет на Египќаните, за остварување на интересите на поединци од оваа заедница, а во случајот и за поедници кои припаѓаат и на други заедници.Малик Јусуфоски, бизнисмен од ОхридДемир Далип дипл. Правник – активист на каузата на ЕгипќанитеУке Демироски – поранешен претседател на Здружението на Египќаните во МакедонијаНаполеон Камбери дипл. политиколог, поранешен претседател на Партијата Демократско Движење на Египќаните во МакедонијаСервет Курто, дипл. менаџер по царина и шпедицијаРешат Сулејман, бизнисмен од ОхридПроф. Рубин Земон, доктор по етнолошки науки – пратеник во Собранието на Република Северна МакедонијаБесим Демиров- советник во Советот на општина ОхридЈашар Ајдароски, бизнисмен од ОхридЗдружение на Египќаните „Пирамида“ – ЗЕМ

Македонија | пред 6 години

6 год.
biljana-belicanec-960x540

Комеморација за Билјана Беличанец во Дом на културата во Кисела Вода

Kомеморацијата по повод смртта на прерано починатата поранешна градоначалничка на Општина Кисела Вода, г-ѓа Билјана Беличанец ќе се одржи денес, со почеток во 15:00  часот во новоизградениот Дом на културата КВК во Општина Кисела Вода.    

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања