Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
1-3

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Непознат човек кинел плакати од Силјановска, потоа нападна член на УМС со пцости и закани

На социјалните мрежи се појави видео во кое непознат човек ги кине плакатите од кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.На истото може да се забележи како тој со упатува пцости и закани кон член на УМС.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/437103387025380/

Скопје | пред 6 години

6 год.
presuda-27-2

Иванов може да ги помилува осудените за 27 април

Претседателот Ѓорге Иванов може да дава помилување и без спроведување на постапка за помилување пропишана со овој закон кога е тоа од интерес за Републиката, или кога посебни околности што се однесуваат на личноста и на кривичното дело укажуваат дека е тоа оправдано. Ова е пропошано во Законот за помилување, кој Иванов треба да го почитува во моментот кога ќе одлучи дали осудените за „27 април“ ќе бидат ослободени од вина.„Кога со помилувања изречената казна се заменува со условна осуда, соодветно ќе се применуваат одредбите на Кривичниот закон за изрекување на условна осуда, нејзиното дејство и отповикување, со тоа што времето на проверување не може да трае повеќе од три години и што кон условната осуда не се одредува заштитен надзор, ниту на условно осудениот му се наложува исполнување на посебни обврски“ пишува во Законот.Од Кабинетот на претседателот Иванов потврдија дека до петокот биле доставени повеќе барања за помилувања.„Тој може да аболира како што направи претходно за непочнати предмети. А дали ќе го направи тоа, не можам да претпоставувам. Во овој случај, од почитички причини и потреби, Законот за амнестијата е применет нееднакво. Претседателот Иванов во сите свои обраќања кажува дека е за почитување на законите и Уставот, па еве му шанса да докаже дека сите треба да бидат еднакви пред законот“, вели Давидовиќ за „А1он“

Македонија | пред 6 години

6 год.
lusteri-3

ЦИВИЛ: Скапоцените лустери на ВМРО-ДПМНЕ за црквата во Љубанци се незаконита донација

ЦИВИЛ – Центар за слобода остро реагира по информацијата која пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен осуденик за воени злосторства, Јохан Тарчуловски, ја пласираше во јавноста за донацијата која ја направила неговата партија во црквата св. Никола во селото Љубанци.Според информацијата што Тарчуловски ја сподели со јавноста, ВМРО-ДПМЕ на оваа црква ѝ ги донирала луксузните лустери од седиштето на партијата, чија изградба е поврзана со многу контроверзии, како и со кривични постапки.Доколку оваа информација од пратеникот Тарчуловски е точна, ЦИВИЛ ги потсетува јавноста и институциите дека сиот движен и недвижен имот на ВМРО-ДПМНЕ е замрзнат со судска одлука, поради постоењето на два судски предмети кои се однесуваат токму на имотот на партијата.Исто така, ЦИВИЛ нотира дека се работи за донација за време на изборна кампања, што е спротивно на законите.ЦИВИЛ од надлежните институции бара да го разгледаат целиот случај и да констатираат дали партијата со оваа го прекршува Изборниот законик и низа други законски одредби. Потсетуваме дека должност на државата и нејзините институции е да ги заштити граѓаните од манипулации и злоупотреба, па во тој контекст, да ги заштити и од корупција и поткуп маскиран во хуманитарни акции! 

Македонија | пред 6 години

6 год.
frosina

Намалена казна на 3 години затвор за возачот кој ја прегази студентката Фросина кај Универзална сала

За смртта на младата студентка Фросина Цековска која беше прегазена на пешачки премин кај Универзална сала во април 2015-та, Апелациониот суд ја намали затворската казна за 29-годишниот возач, потврдија за Телма од Апелациониот суд.Скопјанецот Љубиша Видојковиќ добил 3-годишна затворска казна односно апелација му ја намалила казната за една година. Покрај тоа Апелациониот суд му определил и мерка од едногодишна забрана за управување со моторни возила.Фросина Цековска загина на лице место кога Видојковиќ ја удри на пешачкиот премин кај Универзална.Текстот во целост на: telma.com.mk

пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Заев не очекува Иванов да ги помилува осудените за „27 април“

Премиерот Зоран Заев не очекува аболиција од претседателот Ѓорге Иванов за осудените за 27 април. Тој денеска одговарајќи на новинарско прашање истакна дека аболицијата од Иванов не ја очекува пред се, како што рече, бидејќи тоа не постои повеќе како законска можност.-Со последното давање на аболицијата се потврди непостоењето на соодветните членови кои не постојат во законот за претседателот да го искористи тоа право, истакна Заев.До кабинетот на претседателот Иванов во петокот попладнето пристигнало барање од дел од осудените во случајот „27 април“ за нивно аболирање.

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG_0015

Општина Кисела Вода прогласи Ден на жалост за поранешната градоначалничка Билјана Беличанец

Со едноминутен молк членовите на Советот на Општина Кисела Вода ја започнаа  денешната вонредна седница свикана по повод смртта на поранешната градоначалничка Билјана Беличанец.Советниците едногласно донесоа одлука утрешниот ден да биде прогласен за ден на жалост на територијата на општината. Со одлуката, се откажуават сите културни, спортски, забавни и други манифестации.- Лош, можам  слободно да кажам и трагичен,  е поводот поради кој ја свикавме денешната вонредна седница на Советот на Општина Кисела Вода, но за жал животот секојдневно ја покажува својата суровост. Денес на дневниот ред имаме само една точка, а тоа е утрешниот ден да биде прогласен за Ден на жалост во Општина Кисела Вода по повод прераната смрт на поранешната градоначалничка Билјана Беличанец. Искрено, како претседател на овој мандат на Советот на Општината, лично не ја познавав многу г-ѓата Билјана Беличанец. Неколку пати сме се сретнале, неколку пати сме поразговарале и мојот впечаток беше дека се работи за мошне интересна и харизматична личност, со пријателски однос, со многу идеи и со желба да ги направи работите подобри. За неа можеби повеќе можат да зборуваат колегите советници од претходниот состав од кои слушав за нејзиниот конструктивен и коректен однос, за нејзината хуманост секогаш кога некому му требало помош, за прифаќањето на добрите идеи и тогаш кога доаѓале од спротивниот политички табор. Таа беше и доказ дека политиката не е само за мажите. Храбро се залагаше за своите идеи и идеали, за своите убедувања. За неа можам да зборувам и како за актерка, бидејќи на сцената таа даваше смисол на она што СИТЕ го кажуваме - ДАСКИТЕ ШТО ЖИВОТ ЗНАЧАТ. Врвна актерка, со богата биографија. Со нејзиното заминување загуби многу и македонскиот театар и нејзините колеги, актерите и публиката. Изгубивме сите ние. Но сепак, најмногу загуби нејзиното семејество. Нејзините деца, сопругот, родителите, сестрата. Од име на сите присутни тука, сакам до нив да упатам најдлабоко сочувство за нивната загуба – кажа пред присутните претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ.Градоначалникот Филип Темелковски во своето обраќање изрази жалење за смртта на Билјана Беличанец која како што кажа беше успешен градоначалник. Темелковски најави иницијатива за преименување на новоизградениот Дом на културата КВК во Билјана Беличанец. 

Скопје | пред 6 години

6 год.
mvr

Скопјенец, пријавил дека пет лица му одзеле пропаганден материјал за Претседателски избори

На 07.04.2019 година во 11.40 часот во Полициската станица Гази Баба, Н.И.(25) од Скопје пријавил дека на 07.04.2019 околу 03.00 часот на ул. „Перо Наков“, од страна на пет лица му бил одземен пропаганден материјал за Претседателски избори 2019, по што Н.И. си заминал.Веднаш по добивањето на пријавата известен е јавен обвинител и преземени се соодветни мерки и активности. Во полициска станица во врска со овој случај е извршен службен разговор со Г.Ѓ.(26) и Б.А.(23). До надлежното Основно јавно обвинителство е поднесено писмено известување.

Скопје | пред 6 години

6 год.
pretepan

Тепачки во Арачиново и Чаир

На 07.04.2019 околу 21.30 часот во СВР Скопје, А.К.(59) од село Блаце пријавил дека во село Арачиново заедно со С.К.(50) и С.К.(31), од село Блаце биле физички нападнати од С.М. и уште неколку лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.На 07.04.2019 во 11.00 часот во Полициската станица Чаир, С.Б.(55) од Скопје пријавил дека на 06.04.2019 околу 21.00 часот во кебапчилница на улица „Втора Македонска бригада“ бил физички бил нападнат од Ф.Н. и уште две лица. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

37 годишен Виничанец заработи кривична поради заканувачка содржина на „Facebook”

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.В.(37) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистичко и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 03.04.2019 пријавениот, на социјалната мрежа „Facebook” објавил текст со заканувачка содржина.

Македонија | пред 6 години

6 год.
stop-policija

Во контроли на сообраќајната полиција, прекршувања во и вон населено место

Изминатиот викенд полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас... Притоа, контролирани се вкупно 1206 возила и возачи и било констатирано дека 33 возачи ја надминале дозволената брзина, 28 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле 18 возила, пет возачи не користеле сигурносен појас, а шест возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возило. Вчера (07 април) од 12.00 до 18.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово спроведена е акциска контрола за брзина со која се движат возилата надвор од населено место, пред се на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје и магистралниот пат Гостивар-Кичево. Во акциската контрола биле откриени вкупно 43 прекршоци (ТЕ-10 и ГВ-33). 

Македонија | пред 6 години

6 год.
soobrakajna-nesreka

Во судар помеѓу камион и автобус, повреден возачот на товарното возило

На 08.04.2019 околу 07 часот на патот Градско-Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „МАН“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(53) од Скопје и автобус марка „Мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Д.Ц.(58) од Крушево. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на товарното возило кој е пренесн во болницата во Кавадарци. Извршен е увид на местото на настанот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
revolver

Во домот на жител од Крива Паланка пронајдени револвер, пневматски пиштол, куршуми и пиротехнички средства

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против М.Д.(42) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.На 03.04.2019 во Крива Паланка полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле револвер „GASSER MOD.1873“ калибар 11 мм, 10 куршуми калибар 9 мм Para, 31 куршум за пневматски пиштол, пневматски пиштол „EKOL Firat Compakt“ калибар 9 мм и пиротехнички средства.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zlatko-slavenski

Почина режисерот Златко Славенски

Денеска во 53 тата година од животот почина режисерот  и професор Златко Славенски. Тој беше професор и шеф на катедрата за театарска режија.Неофицијално, на Славенски му се слошило за време на час со студентите, додека предавал .Славенски во богатата кариeра ги има поставувано текстовите на Шекспир, Гете, Пинтер, Горан Стефановски, Сашко Насев, Венко Андоновски.Славенски беше во брак со актерката од МНТ Искра Ветерова. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
droga-bugarija

На бугарско-српската граница запленети 1.500 килограми канабис

Бугарската погранична полиција денеска на границата со Србија заплени околу 1.500 килограми марихуана скриена во камион, соопшти шефот на царината Георги Костов. Канабисот бил скриен во камион што превезувал линолеум.Бугарските власти трагаат по српскиот возач на камионот, кој успеал да побегне во шумата во близина на градот Сливница.Неговиот идентитет е утврден и наскоро по него ќе биде издадена европска потерница, посочи Костов.Тој додаде дека тоа е една од најголемите заплени на марихуана во Бугарија.Крајната дестинација на канабисот била Турција.

Свет | пред 6 години

6 год.
9C422137-1C8E-4609-815A-EAA820241295

И Бугарското обвинителство ќе ја истражува авионската несреќа кај Солунска Глава

Обвинителството во Софија отвори предистражна постапка за уривањето на авионот „цесна“ кај Солунска глава на 2 април кога загина четиричлено семејство од Бугарија.Како што објави  бугарската агенција  Бгнес , сослушани ќе бидат претставници на надлежните за цивилниот воздушен сообраќај во Македонија, а ќе се побараат и информации од спроведените експертизи.Инаку во авионската несреќа загина четиричлено семејство, државјани на Бугарија, кога авионот „пајпер 210“, управуван од мажот, од засега неутврдени причини, се урна на еден од планинските венци кај Солунска Глава, на надморска височина од 2.200 метри.  Загинаа  Георги Ангелов Бошнаков (1970), Гергана Бошнакова Георгиева (2005), Билјана Бошнакова Георгиева (2000) и Калина Корнајева Цонева (1972).Според првичните информации, причина за падот на авионот биле лошите метеоролошки услови и силната турбуленција. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
lika

„Фокус“ дознава: Хазби Лика преговара за трансфер во БЕСА

Се уште актуелниот вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор од редовите на ДУИ, Хазби Лика, кој е поранешен заменик-министер за одбрана и градоначалник на Тетово, води преговори со БЕСА за премин во албанската опозициска партија, брифираат за Фокус од партијата на Биљал Касами.-Со Лика многу сме близу до договор да премине во нашата партија, што официјално треба да биде објавено после изборите, но пред изборите тој најверојатно ќе излезе и со јавна поддршка кандидатот за претседател зад кој застанавме како албанска опозција со Алијансата за Албанците Блерим Река – велат за Фокус добро упатени избори од БЕСА.Колку за потсетување, Лика беше организациски секретар на ДУИ, но си поднесе оставка од оваа партиска позиција во 2015 година, поради тоа што партијата не се дистанцираше од ВМРО-ДПМНЕ по избивањето на скандалот со прислушувањето, кој го обелодени актуелниот премиер Зоран Заев како опозициски лидер. Текстот во целост на: fokus.mk

Македонија | пред 6 години

6 год.
teretana

Пратениците внимаваат на изгледот, 300.000 денари за сервисирање на теретаната

Собранието ја информира јавноста дека на 25 септември 2013 година, Собранието и Друштвото за градежништво БЕТОН АД Скопје, склучиле Договор, со кој набавувачот (БЕТОН) треба да набави мебел и останата опрема за новоизградените и реконструираните простории. Под „останата опрема“, БЕТОН набавил и опремил  теретана во Собранието, со вкупна вредност од 1.096.383 денари. Поставени се трака за трчање, орбитрек, степер, статичен велосипед, машина за веслање, крос машина, пек дек машина, лег курл машина, хип хоп машина, пул ап дип машина, абдоминална клупа, универзална клупа, скотова клупа, долги олимписки шипки, сталак за плочи, тегови смит машина, плочи и лет машина.Теретаната е во функција од 10 јули 2014 година и има едногодишна гаранција, според Договорот. Оттогаш не е одржувана и тендерот од 29.3.2019 е прва јавна набавка за сервисирање и оддржување.Собранието е должно, бидејќи се работи за опрема, која веќе претходно е набавена, да не дозволи да пропадне, за што е неопходно одржување и сервисирање. Јавната набавка е во Годишниот план и е во висина до 300.000 денари. Договорот кој ќе се склучи е сукцесивен и вклучува по потреба подмачкување на апаратите и доколку се расипат замена на резервните делови. Ова значи дека 300.000 се максималната сума, но доколку нема потреба од замена на делови, сите пари нема да бидат потрошени.Со упатство за користење на фитнес салата е предвидено работно време од 09:00 до 20:00 секој работен ден и во сабота од 10:00 до 14:00 часот. Салата можат да ја користат пратениците секој ден и вработените во Службата на Собранието во вторник, четврток и петок од 16:30 по завршување на работното време до 19:30. Во деновите кога се одржуваат пленарни седници, фитнес салата се користи по завршување на седницата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Иванов со неверување ја примил веста за смртта на Беличанец: Го претвораше сонот во јаве, а животот во сон

Претседателот на државата Ѓорге Иванов, упати сочуство по повод смртта на актерката Билјана Беличанец.„Со неверување и длабока тага ја примив веста за трагичната смрт на нашата драга актерка Билјана Беличанец. Иако немам соодветни зборови што би ја ублажиле големата загуба дозволете, како претседател на Република Македонија да упатам најискрено сочувство до семејството, колегите од драмскиот театар и до целата македонска културна јавност. Нејзината драмска кариера започна во оној момент кога таа за прв пат го препозна повикот на театарот. Повик во својот живот да направи место за бројни ликови и да ги сподели со публиката. Преку незаборавните театарски улоги, Билјана го претвораше сонот во јаве, а животот во сон. И со тоа Билјана Беличанец го збогати македонското театарско творештво. Со нејзината трагична и прерана смрт, македонската театарска сцена остана без нејзиниот врвен талент и безрезервната предаденост кон драмската уметност, а сите ние останавме без нејзиното пријателство“, пишува во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
granica

Бугарија мобилизира 3.000 војници за обезбедување на границите

Бугарија е подготвена да мобилизира до 3.000 лица од армијата и транспортна техника доколку биде побарано да биде зајакнато обезбедувањето на границите, изјави денеска бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов.  Каракачанов додаде дека е подготвен да испрати војници на границата со Грција во случај да се влоши состојбата со мигрантите.Министерот на својот Фејсбук налот објави дека од петокот тој и министерот за внатрешни работи на Бугарија Младен Маринов е во постојан контакст со премиерот на Бугарија.Моментално на Бугарија не и се заканува опасност. Без огледа на тоа, за да осигруриме дополнителна гаранција за националната безбедноста на нашата земја, заедно со началникот на Генералштабот на војската, генералот Боцев рано утрово (во понеделник наутро) ќе го известам премиерот на Бугарија Бојко Борисов дека бугарската војка во случај на потреба е подготвена на граница да испрати 3000 војници со единици на транспортна техника, за да им помогнеме на силите на редот да им се спротивстават на потенцијалните групи илегални мигранти“, напиша Каракачанов на Фејсбук.https://www.facebook.com/KrasimirKarakachanovVMRO/photos/a.248862748459355/2357333707612238/?type=3&theaterКаракачанов додаде дека е можно бегалците во Грција и Турција да се користат во предизборни цели заради промена на западноевропските ставови пред изборите во мај.-Не сакам да има паника, но објективно гледајќи, кога во соседните земји има проблеми, треба да сме подготвени, изјави бугарскиот министер за внатрешни работи Младен Маринов.– Границата со Турција добро се чува, се почитуваат договорите. Но со Грција е проблем. Точно таму, околу Солун се развиваат тие процеси. Сега жандармеријата е таму, армијата е во состојба на подготвеност, распоредуваме техника и луѓе за да си ја зачуваме државата, изјави Борисов.

Свет | пред 6 години

6 год.
two_anonymous_agents

За жал нема ништо сензационално во самоубиство, а етичкото известување е неспоиво со сензационализмот

„Цел еден живот, една трагична приказна дадена во рацете на новинар да ја исцрта и сведе на изјави на комшиите, на чаршиски муабети и шпекулации, на слики на скршеното тело за да се задоволат неколку минути од нашето внимание.[embed]https://www.facebook.com/landovk/posts/2029429213834165[/embed]Крајно време е како професија јавно да се запрашаме: Дали со објавување на информацијата за самоубиство ние навистина го задоволуваме јавниот интерес или, пак, ниските страсти и потребата од сензација? За жал, нема ништо сензационално во самоубиството – тоа е длабоко трагичен чин, можеби најтрагичен начин за завршување на нечиј живот“Етичкото известување е неспоиво со сензационализмот!Објавено од Кристијан Ландов - „Фејсбук“ 

Коментари | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања