Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
zaplena-1

ФОТО: Царината заплени девизи, цигари, алати, играчки, облека, семиња, возило со бункер

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани  девизи, цигари, употребуван алат, индустриска машина, хартија за пакување, автоделови, играчки, облека, обувки, бижутерија, семиња за земјоделски култури, медицински материјали, возило со бункер и фалсификувана патна исправа. Девизи– 20.000 евра, откриени од страна на мобилните царински тимови, при личен претрес на двајца српски државјани, кои со српски автомобил се пријавиле за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Во рачна ташничка на сопатникот во возилото биле пронајдени 30.000 евра, за кои не поседувал документ за потекло или потврда за пријавени готови парични средства при влез во државата, издадена од македонските царински органи. Согласно законските прописи на возачот му биле вратени 10.000 евра, износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата, а за сторениот девизен прекршок ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.– 8.550 евра, откриени при контрола на украински автомобил, со кој за влез во државата на граничниот премин Богородица се пријавиле тројца украински државјани. Во две рачни чанти, сместени на подот на возилото, биле пронајдени 38.550 евра, од кои на тројцата патници им биле вратени по 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата. За сторениот девизен прекршок, против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.Цигари– 137 штеки цигари марка Camel Blue со македонски акцизни маркички, откриени на Интернационалниот Аеродром Скопје, при контрола на рачниот багаж на државјанин на Латвија, кој имал намера да отпатува со лет за Лондон. Непријавените цигари се привремено задржани, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.– 76 штеки цигари марка PALL MALL и Chesterfield со македонски акцизни маркички, откриени при контрола на албански камион управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановцеавтопат. Непријавените цигари пронајдени во фабричка преграда под подот на приколката, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.Алат, автоделови и индустриска машина– 114 парчиња употребуван алат (компресори, циркулари, апарат за заварување, хилти, дигалки за возила, бормашини, брусалки, убодни пили, бонсеци и друго), откриени од страна припадници на Министерството за внатрешни работи, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, извршена во Скопје. Производите, за кои возачот не поседувал документи за потекло и платени увозни давачки биле предадени на мобилните царински тимови. Истите се привремено задржани, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.– 1 машина за нанесување парафински лепак, 7.560 железни конусни игли и 27 парчиња мрсна парафинска хартија, откриени при контрола на разна стока со потекло од Италија, наменета за увозник од Виница, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Делчево. Производите кои не биле опфатени со царинските документи, се привремено задржани а против увозникот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.– 134 употребувани и нови автоделови за патнички возила марка VW Golf(ламели, летви, клапни за карбуратори, пумпи за гориво, шепи за кочници, инструмент табли и турбини), откриени при контрола на германски автомобил со кој за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, се пријавиле двајца македонски државјани. Непријавените автоделови, пронајдени позади предните седишта и во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.Играчки, облека, бижутерија, делови за мобилни телефони, велосипеди и друго– 813 парчиња облека, 22 пара обувки, 415 детски играчки, 150 пара очила за сонце,  80 батерии и 6 велосипеди, откриени во 5 одвоени случаи од страна на мобилните царински тимови.Во првиот случај, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце, во најлонски кеси сместени позади предните седишта, на задните седишта и во багажниот простор, биле пронајдени 415 детски играчки, 96 комплети спортски дресови (горен и долен дел), 150 пара очила за сонце и 80 батерии од 1,5 волти.Во вториот случај, при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, биле пронајдени 12 тркала и 6 рамки за велосипеди, кои биле прицврстени со ремени за товар за шасијата под приколката.Во третиот случај, во багажникот на патничко возило без таблички, натоварено на возило за влечна служба, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Ќафасан, биле пронајдени 416 парчиња облека и 22 пара обувки.Во четвртиот случај, при контрола на македонски автобус што сообраќал на релација Нови Пазар – Скопје, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце, во две вреќи сместени во тоалетот на автобусот, биле пронајдени 96 комплети спортска облека.Во петтиот случај, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, во две торби сместени во багажникот на возилото, биле пронајдени 205 парчиња работна облека (маици, дуксери и панталони).Во сите пет случаи, непријавените производи се привремено задржани, а против возачите ќе бидат поденесени барања за поведување прекршочни постапки.– 460 парчиња бижутерија (прстени, обетки, алки, синџирчиња и шноли), 229 делови за мобилни телефони (заштитни стакла, футроли, слушалки и полначи), 195 пара очила за сонце и 36 приврзоци за клучеви, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце. Непријавените производи, пронајдени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.– 35 парчиња женска облека (фармерки, џемпери, блузони и фустани), откриени при контрола на македонски автомобил со кој за влез во државата на граничниот премин Јажинце, се пријавиле двајца македонски државјани. Непријавените производи, пронајдени во најлонски кеси сместени под совозачкото седиште и позади предните седишта, се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.Семиња за земјоделски култури– 203.000 парчиња семиња за земјоделски култури (домати, зелка, карфиол, брокула, морков и диња) со вкупна проценета вредност од околу 324 илјади денари, откриени при контрола на косовски автомобил, управуван од косовски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица.  Семињата, пронајдени во два куфери со лична гардероба сместени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.Медицински материјали– 200 парчиња катетери марка Coloplast, откриени на Интернационалниот Аеродром Скопје, при рентгенска контрола на багажот на хрватски државјанин, кој допатувал со лет од Загреб. Непријавените производи се привремено задржани, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.Возило со бункер и фалсификувана патна исправаМобилните царински тимови, во два одвоени случаи, при контрола на две комбиња пријавени за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат, откриле  специјално конструиран бункер и една бугарска патна исправа за која постои сомневање дека е фалсификувана.Во првиот случај, при контрола на товарно комбе со фински регистарски таблички, управувано од државјанин на Ирак, позади кабината во товарниот дел бил откриен влез во специјално конструиран бункер поврзан со кровниот дел на комбето.  Комбето е привремено задржано а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна пријава.Во вториот случај, при личен претрес на македонски државјанин, патник во  македонско патничко комбе, во неговата рачна торбичка била пронајдена бугарска патна исправа на сосема друго име, издадена од МВР Софија, од која биле искинати неколку страници. Поради сомневање дека се работи за фалсификувана патна исправа, случајот е предаден на Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка.   

Македонија | пред 6 години

6 год.
taci

Хашим Тачи нареди - избори во српските општини на 19-ти мај

Косовскиот претседател Хашим Тачи  нареди  четири српски општини да одржат нови избори на 19-ти мај , објави АП.Тој рече дека одлуката е донесена “во консултација со политичките партии”.Косовскиот премиер Рамуш Харадинај пак  ги повика граѓаните од четирите општини со мнозинство српско население во северно Косово да излезат на 19 мај на вонредните локални избори и да гласаат за своите кандидати за градоначалници.Медиумите објавуваат дека со овој потег ќе се интензивираат тензиите меѓу Косово и Србија.

Свет | пред 6 години

6 год.
pozar-crna-gora

(ВИДЕО) Ги запалила поранешниот сопруг и невенчаната сопруга додека спиеле

Црногорската полиција денес ја уапси С.М. под сомневање дека подметнала пожар во Рожаја, град во североисточниот дел Црна Гора. Загинаа Сулејман Мурич 61- годишен маж и неговата 45- годишна невенчана сопруга. Кога пристигнале пожарникарите ги затекнале изгорените тела на мажот и жената.Уапсена е поранешната сопруга на Сулејман, Сафија.Според пријавеното таа ја полила собата со бензин, влегла низ прозор, запалила и побегнала.  Полицијата дознала дека откако побегнала со автобус се упатила кон Подгорица, па полицијата го сопрела автобусот и ја уапсила.

Свет | пред 6 години

6 год.
60A5DC4D-94C9-49CF-B79D-F7F6F2B7E738

Силјановска: Ќе ги привлечеме разочараните од СДСМ и „Шарената револуција“ да гласаат за мене

Добровечер бројни роднини, зошто дома сум, им се обрати на почетокот на митингот претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова на Кичевци. Таа му се заблагодари на ВМРО-ДПМНЕ што отвори врата за неа иако не е член на партијата.– Иако сум непартиски кандидат, ВМРО-ДПМНЕ го направи вистинскиот чекор, демократски, реформски, победнички, зошто заедно ќе ги привлечеме не само членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, туку и членовите и симпатизерите на коалициските партнери на коалицијата „За подобра Македонија“, но и неутралните членови, како и разочараните членови од СДСМ, разочараните од „Шарената револуција“ – рече Силјановска.Таа додаде дека Македонија и географски и културно, и историски секогаш била дел од Европа. Силјановска потсети дека за Западен Балкан велат дека е Ахилова пета на ЕУ.– Ама јас која предавам, не само Уставно право туку и Европско Уставно право ги убедувам студентите тоа е нашиот заеднички дом. И дека не се оди во ЕУ качени на „Ориент Експрес“ кон Брисел. Туку по ЕУ стандардите се носи дома. Тоа ќе го направиме ние – посочи Силјановска Давкова.Според неа, единствената промена што ја направила власта, закитени со придавката „реформска влада“ е промената на името.– Од владеење на правото јас не гледам ни траг, ни глас. Нема владеење на правото без поделба на власта. А, кај нас власта е концентрирана во рацете на извршната власт. Во рацете на премиерот. Тогаш не може да има спреги и кочници. Тогаш нашите слободи и права се загрозени. Зошто ние учиме дека секоја власт се заканува да ве корумпира. Апсолутната власт апсолутното. Затоа секој ден се соочуваме со скандали. Станавме скандалозна земја. Меѓутоа мора да го смениме ова – нагласи Силјановска Давкова.Таа повтори дека по нејзината победа на претседателските избори премиерот мора да распише итно предвремени парламентарни избори.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Стево Пендаровски е слуга на Зоран Заев и следбеник на антидржавните и криминални политики

Стево Пендаровски е слуга на Зоран Заев и следбеник на антидржавните и криминални политики на картелот, без право на збор секогаш кога неговиот господар Заев е со него. Стево Пендаровски 102,5% се идентификува со неговиот господар Заев кој го избрал за да го продолжи и аминува ограбувањето на граѓаните и распродавањето на националните интереси, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Пендаровски тврди дека не е продукт на договор помеѓу неколку лидери кои одлучиле тој да биде кандидат. Пендаровски лаже како Заев. Токму Зоран Заев и лидерот на ДУИ, кого го обвинуваше за криминал, одлучија со политички договор зад затворени врати тој да биде кандидат. Пендаровски лаже како Заев.Пендаровски пред две години исто како Заев тврдеше дека ќе се намали младинската невработеност и ќе се подобри стандардот на младите. Младинската невработеност не е намалена. Младите се повеќе се иселуваат. Пендаровски лаже како Заев, тие се 102.5% исти.Заев ветуваше просечна плата од 500 евра. Просечната плата е далеку од 500 евра и после две години откако тој ја презема власта. Пендаровски и Заев се исти. Заев лаже и Пендаровски лаже.Граѓаните секојдневно се соочуваат со последиците од погрешните политики во економијата на СДСМ. Нема нови работни места. Нема подобар стандард. Граѓаните почнаа да гледаат единствена опција во иселувањето.Според податоците на германската амбасада, истата издава скоро 20.000 работни визи годишно, тоа се пред се млади луѓе, од кои голем дел и трајно се иселуваат.Заев излажа кога кажа дека ќе ги врати младите. Иселувањето не само што не е запрено, туку е и забрзано. Заев излажа. Заев и Пендаровски се 102.5% исти во лажењето.Република Македонија нема потреба од нов Зоран Заев. Државата мора да тргне напред. Гласот за Гордана Силјановска Давкова е глас против лошите политики на власт. Глас за право и правдина, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ..

Македонија | пред 6 години

6 год.
dik

(ВИДЕО) ДИК објави видео прирачник за едукација на изборните органи

Државната изборна комисија објави видео прирачник за едукација на членовите на општинските изборни комисиии и на избирачките одбори за спроведување на гласањето во странство за претстојните претседателски избори.Преку видеото се даваат насоки и информации за комисиите и изборните органи кои ќе го спроведуваат процесот на гласање. Целта на прирачникот е да помогне за законито, квалитетно, стручно  исполнување на сите активности кои произлегуваат од надлежностите на изборните органи.Инаку Државната изборна комисија (ДИК) во соработка со Националниот демократски институт (НДИ) денеска ќе ги посети општинските изборни комисии во Дебар, Охрид и Ново Село каде ќе оствари средби со кандидатите за градоначалници на овие општини или со нивните овластени претставници.

Македонија | пред 6 години

6 год.
vnuka-sadam

(ВИДЕО) Внуката на Садам Хусеин: Одлучив да ја кажам вистината

Луѓето имаат погрешна претстава за она што се случило во Ирак, изјави внуката на поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин, Харер Хусеин Камел која се надева дека нејзината нова книга ќе ја расветли вистината за нејзината земја и семејство.– Избрав да напишам книга за да ја кажам вистината. Историјата на мојата земја е погрешно претставена, рече Харер Хусеин Камел објаснувајќи дека се чувствува одговорна да го разјасни начинот на кој бил прикажан Ирак и нападите на нејзиното семејство.Садам Хусеин владеел со Ирак речиси 25 години, додека не бил отстранет во текот на инвазијата под водство на САД во 2003-та година, а подоцна и погубен. Тој е обвинет за бројни кршења на човекови прави во текот на својот мандат.САД пратиле трупи во земјата, тврдејќи дека Хусеин имал оружје за масовно уништување, како и врски со Ал Каеда. Двете обвиненија подоцна биле докажани како лажни.

Свет | пред 6 години

6 год.
Koce-kuka-696x348

За само 1.000 евра Трајановски купил фирма, а „гратис“ добил парцела со куќа

„360 Степени“ открива нови елементи во случајот што пред неколку дена го објави порталот „Призма“ за новата куќа на поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, во Ќерамидница, на самиот кеј на реката Вардар.„Призма“ обелодени дека градежната дозвола е издадена во март 2017-та, во период кога Трајановски е градоначалник, а сопственик на парцелата е фирмата „Природна органска храна“.Трајановски и неговата сопруга ја купуваат оваа фирма, а со тоа и парцелата на која веќе се градела куќа, во јуни 2018-та.Договорот за целосно преземање на фирмата, според „360 степени“ води до нов сомнителен податокот, а тоа е дека екс скопскиот градоначалник и сопругата ја купиле фирмата, а со тоа и парцелата со куќа, за само 1.000 евра.

Скопје | пред 6 години

6 год.
arsim-zekolli-400x320-874x492

Зеколи до Пендаровски: Единствените „твои” гласови се криминалците од ДУИ

Поранешниот амбасасор и политички жаналитичар Арсим Зеколи реагираше на изјавата на претседателскиот кандидат на СДСМ и ДУИ Стево Пендаровски дека Река ќе ги освоел неговите гласови на претседателските избори.„Кој се тие “твои” гласови? Единствените “твои” гласови се криминалците од ДУИ и потрчковците им од Алтернатива. На кои други гласови мисли човеков?Река ќе ги земе „моите“ гласови во првиот круг, велиПендаровски“, пишува Зеколи на Твитер.

Македонија | пред 6 години

6 год.
56468314_2600181376661978_4621274889397993472_n

Мицковски: Пендаровски е во филм од 2014-та, некој комплекс има на изгубена победа

Ивор Мицковски ја коментира изјавата на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски дека противкандидатот Блерм Река ќе му ги земе гласовите во првиот круг на Претседателските избори закажани за 21 април.„Пендаровски: Река ќе ги земе моите гласови во прв круг.Река ќе ги земе своите и на ДУИ гласовите.Е дали после ќе ти ги даде е друго прашање.Твоите ќе ги земе во мал дел Силјановска, а во најголем дел ќе си останат „твои“.Човеков е во филм од 2014-та, некој комплекс има на изгубена победа.“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

6 год.
1-2-2

Пендаровски: Во мојот мандат нема да амнестирам криминалци

Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател, на трибина во Ѓорче Петров, говореше за евроатлантските интеграции, за иднината на младите, за концептот-едно општество за сите.„Пред две години дојде нова генерација политичари, меѓу кои се сметам и јас, кои не се грижеа за политичкиот рејтинг туку  работеа да ги отворат вратите за младите да имаат поубав живот и стандард. Направивме чекори кои не донесоа поблиску до Европа. Склучени се договорите со Бугарија и со Грција, ако продолжиме ќе добиеме  датум за почеток на преговори во јуни. За две години постигнат е  голем успех бидејќи овие политичари водат  сметка  не за партијата, туку за народот. За нас најважната партија е Република Северна Македонија“, рече Пендаровски.Потсети дека зад неговата кандидатура застанале граѓаните, пратеници и 30 политички партии од сите етнички заедници.„Неколкумина украдоа се,  ги наполнија торбите и заминаа и уште се бориме со финансиската руина која ни ја оставија. Многу сме блиску до мнозинство за  Закон за СЈО за да се продолжи со гонењето  на криминалците  кои треба и да ги вратат парите на народот. Во Кабинетот на оној  кој се уште е таму, пристигнале барања за амнестија за упадот во Собранието. Ветувам, во мојот мандат нема шанса да амнестирам криминалци, особено не на оние кои сакаат да убиваат граѓани“, рече Пендаровски.Пендаровски  рече дека Иванов 8 години бил нем посматрач а последните две години кочи се што власта прави за доброто на народот. Вети дека се ќе биде поправено во првите денови на неговиот мандат и ќе му биде вратено на народот она што му припаѓа.

Македонија | пред 6 години

6 год.
saso-tasevski

Тасевски: Нажален татко ќе ви влезе со калаш и бомби, нема да можат да ве состават

Актерот Сашо Тасевски на својот Фејсбук профил реагираше на веста дека Апелација му ја намалила затворската казна на пијаниот возач кој ја усмрти студентката Фросина на пешачки премин кај Универзална сала.„Само три години затвор за оној што мртов пијан прегази девојка на Партизанска и тоа на пешачки премин. Апелација ја намалила првичната пресуда за триипол години. Знаете што сакате? Да почнеме сами да го земаме законот у свои раце. Тоа изгледа сакате мамицата... Некој нажален татко еден ден ко ќе ви влезе со калаш и бомби, нема да можат да ве состават. Која е поентата? Родителите останаа без дете, а тој убиецот пак ќе биде на улица и ќе смее да вози по една година. За каква правда зборувате?“, напиша Тасевски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
krvodaritelska-akcija

Крводарителска акција по повод Денот на Царината

По повод 27 години самостојна и независна царинска управа на Република Македонија, се организира крводарителска акција под мотото „Вашата крв спасува живот – придружете ни се“.Во акцијата ќе учествуваат царински службеници од цела држава, а ќе почне 9 часот во просториите на Царинската управа. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
kir0628

Комеморација за Билјана Беличанец во Драмски театар

Драмски театар-Скопје денеска од 10 часот ќе одржи комеморација за актерката Билјана Беличанец која почина во саботата.Билјана Беличанец (1973-2019) беше актерка во Драмскиот театар од 1997 година, а три години претходно работеше во Прилепскиот театар. Од дипломирањето на ФДУ во 1994 Беличанец имаше голем број театарски улоги и награди на фестивали.Играше во претставите: „Заводникот од западниот свет“; „Свадбата на Фигаро“; „Кандид во земјата на чудата“; „Тетовирани души“; „Три сестри“; „Домот на Бернарда Алба“; „Демонот од Дебар Маало“;  „Кинегонда во Карлаленд“; „Грев или шприцер“; „Последните Македонци“; „Љубовници“…, како и во филмовите „Мајки“ и „Од денес до утре“. Беше дел од ТВ-проектот „Здраво генијалци“, а во последните години го позајмуваше гласот за ликови во турски ТВ-серии.

Македонија | пред 6 години

6 год.
1200px-Informal_meeting_of_ministers_for_foreign_affairs_Gymnich._Arrivals_Nikola_Dimitrov_36957321831

Димитров во работна посета на Берлин

Mинистерот за надворешни работи, Никола Димитров, во наредните два дена ќе престојува во работна посета на Берлин.Димитров денеска ќе оствари средби со повеќе пратеници во германскиот Бундестаг, меѓу кои и со работната група за надворешна политика на ЦДУ/ЦСУ, како и со претставници на Канцеларијата на германската канцеларка, Ангела Меркел.Во активностите на вториот ден од посетата ќе се вклучи и Бујар Османи, при што планиран е заеднички брифинг пред парламентарната Комисија за европски прашања во Бундестагот, на која ќе го ги презентираат напредокот и подготвеноста на земјата за почеток на пристапните преговори со Европската Унија во пресрет на јунскиот совет на ЕУ. Предвидени се и средби со министерот за Европа, Михаил Рот, и новата лидерка на ЦДУ/ЦСУ, Анегрет Крамп-Каренбауер

Македонија | пред 6 години

6 год.
b0e64fd0d4bb388d91f7ae215ced368c_w790

Во Скопје за 24 часа: Полицијата казни 110 возачи за погрешно паркирање

На подрачјето на Скопје изминатото деноноќие полицијата издала 110 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 69 возила.Според дневниот билтен на СВР Скопје, изминатите 24 часа од сообраќај се исклучени 34 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и еден возач почетник, како и 27 нерегистрирани возила. Полицијата санкционирала и 13 возачи кои возеле побрзо од дозволеното.Евидентирани се и 48 возачи за неносење сигурносен појас и 38 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле.Изминатото деноноќие се случиле седум сообраќајни незгоди во кои се повредени осум лица, како и една сообраќајка со материјална штета.Од СВР Скопје за денеска најавуваат дека ќе се реализираат едукативни работилници од областа на сообраќајот со ученици од седмо и осмо одделение во ООУ „Мирче Ацев“.Ќе се реализира и посебна воспистна мерка – сообраќајна поука на која ќе учествуваат граѓани кои направиле прекршоци по разни основи во својство на возачи.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Облачно со врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во утринските и претпладневните часови на повеќе места се очекуваат пообилни врнежи, локално над 20 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.Во источните делови ќе има и појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде помеѓу 5 и 11, а дневната ќе достигне од 10 до 16 степени.Во Скопје облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поројни, особено претпладне и околу пладне. Ќе дува умерен претежно западен ветер. Температурата ќе биде помеѓу 9 и 13 степени.Во наредниот период ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, проследени со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Најсончево, потопло и претежно стабилно ќе биде само в четврток.

Македонија | пред 6 години

6 год.
dimce

(ВИДЕО) Познат е идентитетот на човекот кој се закануваше на член од ВМРО ДПМНЕ

Лицето кое попладнево со пцовки и закани нападнал активист на УМС на ВМРО ДПМНЕ е долгогодишен член на владајачката партија СДСМ, дознава Скопје 1 од упатени извори во политичките партии. Лицето за кое активистот на ВМРО ДПМНЕ тврди дека ги отстранувал плакатите од претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова е пријавено во МВР.Според наши извори, станува збор за Димче А., на воздраст од 68 години и бил член на избирачки одбори од СДСМ.Непознат е мотивот зошто тој се одлучил да ги отстранува плакатите во општина Аеродром.Се очекува МВР да го комплетира случајот по што треба да одлучи дали Димче А. ќе добие кривична пријава за отстранување на плакати, но и за упатување на закани кон активист на ВМРО ДПМНЕ.Во видеото се слуша како приврзаникот на СДСМ му вели на активистот дека ќе го најде на друго место, што пак од јавноста беше сфатено дека станува збор за закана.Се очекува МВР да излези со детали за случајот и да го потврди идентитетот.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/437103387025380/?v=437103387025380

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG_0056

(ФОТО) Комеморација по повод трагичната смрт на поранешната градоначалничка Билјана Беличанец

Во новоизградениот Дом на културата КВК во Општина Кисела Вода се одржа комеморација по повод трагичната смрт на поранешната градоначалничка на Општината, Билјана Беличанец.На комеморацијата присуствуваа градоначалникот Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ, секретарот Александар Алексовски, поранешни и сегашни членови на Советот на Општина Кисела Вода, Цветанка Ласкова и Роберт Алаѓозовски, советници на премиерот, Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт и поранешни градоначалници. Присутни беа и блиски роднини, пријатели и колеги од театарот на Билјана Беличанец.За ликот и делото на Билјана Беличанец пред присутните говореа градоначалникот Филип Темелковски и поранешниот претседател на Советот на Општина Кисела Вода, Трајче Донев. Говореа и нејзините блиски колеги од театарот, познатите македонски актери, Дејан Лилиќ и Весна Петрушевска.- Со тага и неверување ја примив веста за смртта на мојата претходничка, поранешната градоначалничка на Општина Кисела Вода, г-ѓата Билјана Беличанец. Нема зборови со кои може да ги утешиме најблиските, посебно кога личноста што замина имаше само 45 години, зрачеше со елан, и од неа се очекуваше уште многу. Кога зборувам за г-ѓа Билјана Беличанец, зборувам за маркантна и уникатна личност, со која иако  доаѓаме од различна политичка провиненција, секогаш сме имале коректен однос полн со взаемна почит. Кога зборувам за неа, мислам на професионалец, мислам на градоначалник – визионер, со визија за урбана и модерна општина Кисела Вода, општина центар на културните збиднувања, мислам на актерка која често со задоволство сум одел да ја гледам во театарот.  И не случајно ја избравме оваа локација за нејзината комеморација. Таа го сакаше театарот, таа ја сакаше Кисела Вода.  Прерано беше за збогување, г-ѓа Беличанец! Од мене, бескрајна почит и вечна слава! – кажа во своето обраќање градоначалникот Филип Темелковски-Биле за тебе никогаш повеќе во животот нема да зборуваме во минато за тебе секогаш ќе зборуваме во сегашност затоа што ти ќе бидеш секогаш овде и овде кај нас. Билјана,  ние немаме друга Билјана Беличанец ти си една и единствена и таква и ќе останеш забележана во меморијата на сите нас затоа што си голем човек, чесен човек, искрен работник кој не бара ни пари, ни слава, ни награди, туку сака да го работи тоа што го работи. Четири години беше во оваа општина и знам дека многу направи за неа знам дека направи многу за македонскиот театар и затоа никогаш нема да те заборавиме и младите генерации ќе учат од тебе како е да се биде вистински професионалец на сцена.  Билјана да знаеш дека сето она што го имаш направено ние што бевме од самите почетоци со тебе како генерација ќе го пренесуваме понатаму затоа што заслужуваш. Една и единствена Билјана Беличанец нема да се роди, ни актерка, ни човек . Ова овде е твое дело и пред да те испратиме од твојот и од нашиот драмски театар знам дека на сцената ти никогаш не глумеше туку ти живееше, живееше со сета душа, со сето срце, живееше за себе , за твоите партенери, за твоите партнерки и за твојата публика. Нека ти е вечна слава драга моја – кажа Дејан Лилиќ.-Билјана беше нашата принцеза, ја паметам беше ведра, видра, многу вредна и многу наша, многу сакаше да учи, да пее, да зборува ноќе на телефон. Кога и честитав нова година и реков ајде годинава нова улога оти ни недостасуваш фалиш во македонскиот театар. Таа ми врати ова е најубавата честитка што некој можел да ми ја испрати. Таа беше нашето вечно девојче, девојчето со игриви очи со тажен поглед и со скриена насмевка, често пати разговаравме и ја прашував зошто и е потребно сето ова, таа ми рече имам само една идеја тоа е ова каде што сме сега тука да направам еден мал театар за да може да уживаат децата, да гледаат претстави децата. Зборовите денеска ќе поминат ние ќе го изразиме нашето сочуство, но има една работа која што треба сите да ја запаметиме колку почесто ја спомнуваме толку повеќе ќе живее Билјана во овој свет . Билјана беше храбар човек, Билјана беше достоинствен човек, Билјана беше човек. Бог да ја прости вечна и слава и да го негуваме споменот за неа. - кажа познатата актерка, Весна Петрушевска.-Драга наша Билјана, пријатели колеги, зашто сум убеден дека Билјана беше посебна, беше единствена. Најмалку јас можам овде да говорам каков актер си била кога ќе кажам каков соработник и другар си била, се запознавме во 2012 година, срдечно те пречекавме со тим од млади луѓе и низ изминатите години успешно работевме, години кои секогаш ќе остават трага врз мене и секојпат ќе се сеќавам на тебе, ќе кажеше можеме ли ова да го направиме. Со огромна болка денес сме овде собрани на ова место КВК токму ова место во целост е нејзино дело, нејзино творештво кое го изгради и поткрена, како и безброј други дела кои успеа да ги реализира затоа што беше голем борец, искрен пријател, добар соработник, најголем другар. Засекогаш ќе останеш во нашите мисли, почивај во мир, биди меѓу ангелите зашто ти го заслужуваш тоа.  – кажа поранешниот претседател на Советот  на Општина Кисела Вода, Трајче Донев.На комеморацијата беа прочитани и телеграмите со сочуство од претседателот и премиерот на Република Северна Македонија, Ѓорге Иванов и Зоран Заев.Билјана Беличанец беше позната македонска актерка и градоначалник на Општина Кисела Вода од 2013 до 2017 година.

Скопје | пред 6 години

6 год.
laze-press

Таневски: Централната и локалната власт предводена од СДСМ превзема конкретни мерки за развој на туризмот

Охрид е најголемиот туристички бисер во нашата земја, кој поседува прекрасна природна убавина, богато културно наследство и поволна клима. Овие уникатни потенцијали во  последните неколку години се надополнети и со поголема понуда на современи  сместувачки капацитети, кои заедно со долгата туристичка традиција, создаваат услови за развој на модерен туризам, истакна Лазе Таневски, Претседател на ОО СДСМ Охрид, на која што се презентираше дел од предизборната програма на кандидатот за градоначалник Д-р Константин Георгиески..Токму затоа, Централната и локалната власт предводена од Социјалдемократскиот сојуз презема конкретни мерки, кои носат видливи резултати во овој сектор.Кон охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ веќе се воспоставени нови директни линии до Виена, Малме и Милано, а од јули стартуваат и редовните авио линии кон Дортмунд и Меминген. Заедно со редовните линии кон Базел и Цирих, Охрид станува поврзан град преку целата година, што значително ќе влијае врз бројот на туристи и остварени ноќевања.Исто така за охридските туристички работници особено се важни директните чартер линии од Амстердам, Брисел, Тел Авив, Варшава, Катовице, Истанбул, Ајндховен и Талин, кои според најавите ќе продолжат да оперираат и во иднина. Важна улога во напорите за зголемување на бројот на туристи имаат и меѓународните саемски манифестации, на кои Агенцијата за промоција на туризамот, редовно го промовира Охрид како атрактивна дестинација.Свесни сме дека современите туристички текови наметнуваат потреба за поголемо и посоодветно планско и стратешко подобрување на условите за развој на нови форми на туризам и туризам надвор од шпицот на сезоната.Затоа, во соработка со туристичкиот сектор во Охрид, предвидуваме креирање на мерки за унапредување на квалитетот и содржината на туристичкиот производ. Веќе се изработува нова Стратегија за развој на туризам, а планирана е и подготовка на нов концепт за развивање и промоција на здравствениот, спортскиот, верскиот и конгресниот туризам.Тоа вклучува и организација на атрактивни манифестации надвор од летната сезона, како и настани за промоција на алтернативен туризам како што се посета на руралните подрачја, планинарење, велосипедски тури, летање со параглајдери, нуркање и спортови со пловни објекти.Ние ги препознаваме приоритетите за развој на Охрид и цврсто сме определени да работиме посветено за да ги постигнеме и реализираме сите зацртани цели! Охрид има огромни потенцијали, но само низ заедничка соработка може да го направиме светска туристичка дестинација!На 21-ви април да излеземе, да го заокружиме бројот 7  и да гласаме за нашиот кандидат Константин Георгиески, за уште една голема победа! Заедно напред, за Охрид, Лазе Таневски, Претседател на ОО СДСМ Охрид, на која што се презентираше дел од предизборната програма на кандидатот за градоначалник Д-р Константин Георгиески. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања