Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
Sulejman-Rexhepi

ЦИВИЛ: Сулејмани да одговара за говорот на омразата

ЦИВИЛ – Центар за слобода остро ја осудува изјавата на поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи дадена на 14 март, на церемонија на поставување на камен-темелник на џамијата во скопското село Арнакија, а објавена на неговиот Фејсбук профил деновиве.Крајно неприфатливо е за еден поглавар на верска заедница да се служи со таков говор на омраза и да поттикнува верска и национална нетрпеливост.Неприфатливо е поглавар на верска заедница, чија цел е да обединува, а не да создава раздор меѓу народот, своите сограѓани да ги квалификува како „дивјаци и луѓе без идентитет“. Неприфатливо е човек кој е полн со толкава омраза да биде највисокиот претставник на една верска заедница во земјата. Исто така, неприфатливо е што оваа своја постара изјава, реисот повторно ја промовира на социјалните мрежи, и тоа во време на изборна кампања, со што дава еден поинаков контекст на целата содржина и отвора можности за манипулации и злоупотреба.ЦИВИЛ констатира дека со ваквата изјава, поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи грубо го крши членот 391 од Кривичниот законик, според кој не е дозволено предизвикување на омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.ЦИВИЛ потсетува дека однесувањето на Сулејман Реџепи, како и многу пати досега, се коси со начелата за кои се претставува дека се залага. Уцени, поддршка на режими кои брутално убиваат новинари, како што беше случајот со новинарот Кашоги, уцени со враќање на имоти за поддршка на изборите, попречување на донесувањето на закони, како оние за абортус и антидискриминација, објавување лични фотографии на кои се наоѓа тој и малолетни членови од неговото семејство на кое држат оружје во рацете..., се само дел од ваквото однесување на Реџепи, на кое сведочиме со години.Однесувањето на Реџепи е крајно неприфатливо и мора веднаш да престане! Верските заедници, како исламската, така и православната и сите останати, мора да бидат одвоени од државата!Последната изјава на Реџепи, која предизвика експлозија од реакции во јавноста, а претставува пример за недолично и крајно неприфатливо однесување и за говор на омраза и дискриминација, ја оценуваме како кривично дело за кое Реџепи мора да поднесе одговорност!ЦИВИЛ бара од Министерството за внатрешни работи и од Јавното обвинителство да реагираат веднаш и да го повикаат Реџепи на одговорност! Законот мора да важи за сите подеднакво, па и за Реџепи!Исто така, бараме од Реџепи да се извини и да ја повлече својата изјава! 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

ОЈО Гостивар поведе истрага за разбојништво во кичевска обложувалница

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Кичево за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот на 08.04.2019 година, со употреба на сила и закана дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на друг, употребувајќи опасно орудие, одзел туѓ подвижен предмет со намера противправно да го присвои. Имено, тој влегол во спортска обложувалница во Кичево, со црна маска на лицето и со нож во раката, па се упатил кон шалтерот за уплата и исплата. Притоа со ножот му се заканил на оштетениот вработен во обложувалницата и од фиоката на работната маса одзел парични средства во вкупна вредност од 8.990 денари во различни апоени. Веднаш потоа се оддалечил во непознат правец. Осомниченото лице подоцна е пронајдено и лишено од слобода.Ценејќи дека се исполнети сите законски основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. 

пред 6 години

6 год.
Zastava-cz-99

Едно лице осомничено за неовластено држење оружје во својот автомобил

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот жител на селото Грчец на 07.04.2019 година, на булеварот „Партизански одреди“ спроти трговскиот центар „Лептокарија“, во својот автомобил, неовластено држел полуавтоматско огнено оружје – пиштол марка „Црвена застава 99“ со калибар 9 мм, како и пет куршуми муниција за тој пиштол. При преглед на возилото од страна на овластени полициски службеници, оружјето било пронајдено и одземено.Против истото лице, во Основното јавно обвинителство Скопје во тек е уште една кривична постапка за исто кривично дело, по кривична пријава поднесена во октомври 2018 година. Имајќи го предвид овој факт, надлежниот јавен обвинител ценеше дека е оправдан стравот дека осомничениот би можел да го повтори кривичното дело или да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, па до судијата на претходна постапка достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. 

пред 6 години

6 год.
avtobus-krov

Повредените во автобуската несреќа на 13 февруари ослободени од партиципација за здравствено лекување

На оваа своја седница Владата ja разгледа и усвои Информацијата за ослободување од обврската за плаќање на учество (партиципација) при користење на здравствените услуги од страна на повредените патници во сообраќајната несреќа која се случи на 13.02.2019 година на патот Скопје - Тетово, кај селото Ласкарци, во знак на солидарност и сочувство со фамилиите на починатите и повредените.

Македонија | пред 6 години

6 год.
avmu

Регулаторна стратегија за аудио и аудиовизуелната дејност треба да биде ревидирана

На барањето на Собранието на Република Северна Македонија, Владата на РСМ донесе одлука да даде негативно мислење за предлогот за Регулаторна стратегија за развој на аудио и аудиовизуелната дејност за периодот од 2019 до 2023 година, предложена од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со образложение дека предлогот не е усогласен со другите стратешки документи за развој на оваа област и достави мислење дека предложената Регулаторна стратегија за развој на аудио и аудиовизуелната дејност треба да биде ревидирана.

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC_8864

Одобрени средства за реконструкцијата, пренамена и доградбата на ЈЗУ Општа болница Кичево

На денешната седница, Владата одобри Министерството за здравство да ја започне постапката за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка за втората фаза од реконструкцијата, пренамената и адаптацијата и доградбата на ЈЗУ Општа болница Кичево, во вкупна вредност од 298.000.000,00 денари без ДДВ, со тригодишна динамика на исплата на утврдените средства.

Македонија | пред 6 години

6 год.
arena-2

Мултифункционалната Национална арена ќе го носи името „Тоше Проески“

На денешната 129-та редовна седница Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за преименување на мултифункционалната национална арена „Филип Втори“ во Национална арена „Тоше Проески“.

Скопје | пред 6 години

6 год.
planski-regioni

Регионални бизнис центри за поддршка на приватните иницијативи во општините

На денешната седница Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за спроведувањето на активностите за поддршка на приватниот сектор од страна на Центрите за развој на планските региони – Регионални бизнис центри. Во периодот што следува Министерството за локална самоуправа во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка, ќе пристапи кон потпишување на новите анекс договори за финансиска поддршка на регионалните бизнис центри за обезбедување на поддршка за подобрување на советодавните услуги на бизнис центрите, како што е утврдено во Буџетот на проектот.На предлог на Министерството за локална самоуправа, Владата на РСМ денеска донесе Одлуката за доделување средства за финансирање на проекти за развој на планските региони за 2019 година во вкупен износ од 288.746.849,00 денари.

Македонија | пред 6 години

6 год.
bazeni

Владата започнува проект за изградба на 14 пливачки базени

Владата на РСМ на оваа своја седница ја разгледа и усвои Информацијата за реализација на Проектот за изградба на 14 пливачки базени во Република Северна Македонија, со што е одобрено отпочнување на постапка за склучување Договор за повеќегодишна јавна набавка за изградба на 14 пливачки базени во Република Северна Македонија, а средствата потребни за оваа намена во тековната 2019 година во вкупен износ од 30.000.000,00 денари да се вклопат во рамки на расположливиот Буџет на Агенцијата за млади и спорт за 2019 година.Дополнително, со заклучок на Владата на РСМ, Агенцијата за млади и спорт е задолжена во наредните 3 години да ги планира и вклучи средствата потребни за реализација на договорот во буџетското барање за 2020, 2021, и 2022 година, а на општинитe Штип, Чаир, Струмица, Велес, Неготино, Прилеп, Битола, Гостивар, Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Тетово и Кичево, им препорача да изберат и предложат локација, за која треба дa побараат и обезбедат Одобрение за градба.

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC_0936

ГАЛЕРИЈА: На Скопје му се случи невиден спектакл, а на Саша настап за кој ќе се зборува со години

На Скопје му се случи нешто што одамна му требаше, а тоа е вистински спектакл. Спрската ѕвезда Саша Ковачевиќ на концертот кој го одржа во Борис Трајковски успеа сите да ги крене на нозе, но и да пејат заедно со него, а со тоа да уживаат во бескрајно добрата атмосфера. Концертот беше во организација на „Балкан медиа“.Концертот на Ковачевиќ започна со „Још ти се надам“, која наместо тој, ја пееше публиката. Атмосферата се загреа за нецела минута откако тој излезе на сцена.Оние кои беа во првите редови пред Саша, со кренати раце се обидуваа да се поздрават него, додека останатите, со кренати телефони правеа снимки за на социјалните мрежи.Уште во првите минути откако Ковачевиќ излезе на сцена кажа дека по три години се враќа на нов концерт во Скопје, оти најомилената публика му е во Македонија. Тој додаде дека кога и да пее во нашата држава, атмосферата е секогаш посебна.Публиката се прилагодуваше на темпото на неговите ултра познати композиции, иако репертоарот беше измешан, а песните одеа брза, спора, брза. Концертот не можеше да заврши без песните како „За мало твој“, „Температура“, „Браним“, „Кажеш не“, „Како после нас“. Премиерно, Саша за публиката ја испеа и „Преварена“, композиција која ја објави пред неколку денови.Публиката коментираше дека за концертот на Саша во Скопје ќе се зборува уште долго. На сцената му се придружи и Љуба Станковиќ, кој ја отпеа „Бато“ од Калиопи, а потоа настапи и неговата сестра.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/304568990215493/?v=304568990215493

Магазин | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Стоилковски: Пендаровски во едно телевизиско интервју го покажа сиот Заевизам што го спроведува

Вчера Стево Пендаровски го покажа своето лице уште еднаш, покажа дека е кандидат на Заевизмот, и дека всушност го претставува второто лице на истата паричка заедно со Зоран Заев.Искусен во службите, Пендаровски вчера бесрамно во едно телевизиско интервју изнесе повеќе невистини, во обид да го злоупотреби токму гостувањето во медиумот. Во само еден час, Пендаровски го покажа сиот Заевизам што го спроведува, што го продава и што се обидува да го наметне за следните 5 години, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Ќе набројам неколку од примерите:Како прв, Пендаровски вчера бараше доказ дека некогаш не споменал СТОКА за народот, веројатно сметајќи на акцијата за бришење на таа изјава од социјалните медиуми. Ако Пендаровски ја нема во своите архиви и ја бараше вчера од медиумот, тука сме да го потсетиме.Еве го потсетуваме на изјавите Стево Пендаровски како тој вели дека народот бил стока, го качувале во автобуси, дека луѓето биле затворани во трло и дека ако се луѓе не би требало да бидат, присутни а станува збор за еден собир од 2015 година и дека партиските членови фактички не се луѓе.Денес на истите граѓани Пендаровски демократски пак им порачува, на оние што доаѓаат и што ги носат според списоци по, нели со комбиња на неговите трибини, демократски им порача да не му се појавуваат пред очи ако загуби! Ова е класичен пример за заевизмот и за политичката филозофија „Кажувам заборавам негирам“Продолжувам со втор пример, Пендаровски вчера бесрамно одглуми декане помни дека рекол дека е следен од разузнавачки служби, дека другиспоменале следење, а сите се сеќаваат како самиот во едно друго телевизискоинтервју порача дека бил следен од служби, и дека е загрижен за безбедноста!Почитувани ќе потсетам дека дури и Заев и Спасовски потоа јавно изјавуваа дека нема опасност по него, а истото го направи и Генералниот секретар на партијата, Кирацовски.Тоа уште еден заевизам покажан од страна на Стево Пендаровски, уште едно кажување, заборавање, негирање.Ќе преминам на третиот пример од неколку издвоени од вчерашното гостување на Стево Пендаровски во едно телевизиско интервју. Тој вели дека присуството на министрите и на премиерот на митинзите не е спорна. Патем нели самиот претходно посочи дека Заев можел сам да му ја води кампањата. А еве што мисли ОБСЕ за таквото присуство, ќе се повикам на првичниот извештај од изборната 2014 година, кога на двојните избори СДСМ загуби од ВМРО- ДПМНЕ со над 200.000 гласови. ОБСЕ наведува, цитирам „во голема мера беа присутни премиерот и останатите министри од кабинетот. Јасната поддршка во текот на изборната кампања придонесе кон нерамноправен терен и нецелосно почитување на раздвојувањето на партијата од државата, согласно побарувањата од ставот 5.4 од Копенхашкиот документ на ОБСЕ од 1990 година, како и стандардите на Советот на Европа.Е па почитувани, се мери ли работното време на Заев на Спасовски, на Манчевски министерот за партизација на администрацијата? Или не им е јасно дека тоа е заплашување на гласачите? Заплашување можеби за појавување на митинзите според утврден список? Или како да гласаат?Тоа е уште еден пример од неколкуте што ги посочив, само од едночасовно интервју зошто Стево Пендаровски е марионета во рацете на Заев.Секојдневно Пендаровски потврдува дека е искусна марионета во рацете на заевизмот. На Македонија и е многу и еден Заев, на Македонија и е потребна правда и правдина за Македонија и таа правдина за Македонија ќе победи, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
zaev-mickoski

СЈО ќе стане историја, опозицијата ќе го предложи јавниот обвинител? Што се договорија Мицкоски и Заев

Премиерот Зоран Заев и министерката за правда, Рената Дескоска, синоќа оствариле средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и адвокатот Тони Менкиковски, кој го предводи преговарачкиот тим на опозицијата, околу прашањето за постоењето на Специјалното Јавно обвинителство.На средбата разговарале за Законот за јавно обвинителство со кој се решава и судбината на СЈО, но се договориле да не излегуваат со детали во јавноста додека да се постигне некаков договор.Извори и од владејачката, но и од опозициската партија за Скопје 1 велат дека Заклучено било  СЈО  да не  продолжи да функционира во оваа форма како досега, но и дека начелно е договорено опозицијата да предложи нов Јавен обвинител. Останало да се договори временска рамка во која тоа ќе се реализира.Разговорите меѓу групите продолжуваат .

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Николовски: Работиме на долгорочна стратегија за земјоделството да биде стожер на македонската економија

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска присуствуваше на годишното собрание на Националната федерација на фармери. Николовски во своето обраќање ги презентираше мерките од новите Програми за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како и идните политики на кои ќе работи министерството.Воедно, посочи дека отворената комуникација и директните средби со земјоделците и земјоделските здруженија се важни за креирање на соодветни мерки за развој на земјоделството и нивна ефикасна имплементација.Националната федерација на фармери како економско-социјален партнер на МЗШВ е член на потсекторските групи во рамки на МЗШВ и како таква активно учествува во подготвка на годишните програми и политиките за развој на земјоделството.„Земјоделството е значаен сектор за македонската економија, учествува со околу 10 отсто во бруто-домашниот производ и со голем процент на ангажираност на работна сила, но се соочува со сериозни предизвици, поради што посветено работиме на вклучување на сите чинители заради креирање на соодветни политики. Се надевам дека во рамки на потсекторските групи во склоп на МЗШВ заедно со социјално –економските партнери и со професорите ќе креираме соодвтени мерки и стартегии за развој на земјоделството. Имаме уште многу работа, ова е само почеток, и ова е само трасирање на патот на стабилизирање на земјоделството. Пред нас е макотрпна заедничка работа која што сум убеден дека во периодот што следи ќе даде позитивни показатели и дека земјоделството ќе биде стожер на нашата економија“, изјави министерот Николовски.При тоа министерот посочи дека се преземаат активности во делот на изградба на откупно-дистрибутивни центри на кои заеднички се работи со Факулетот за земјоделски науки и храна.Во текот на месец мај факултетот ќе ја презентира стратегијата за откупно- дистрибутивните центри која ќе даде точни податоци во кој регион што треба да се прави во однос на откупните центри. До крајот на годината Светска банка ќе обезбеди 20 милиони евра исто така за проектите за откупно - дистрибутивни центри. Овие активности како што потенцираше Николовски се важни за обезбедување на сигурен пласман на земјоделските производи и решавање на вишоците на производи.Во однос на барањето на Националната федерација на фармери за измени намерката 115 од четири годишната Програма за рурален развој 2018 -2021, акоја се однесува на жените од руралните средини, Николовски информирашедека веќе се работи на измени на оваа мерка, информацијата е во владинапроцедура и по завршувањето на претседателските избори ќе биде иформално изменета. Воедно, посочи дека се воведува и нова мерка која сеоднесува на жените од руралните средини и којашто предвидува поддршка од3.000 евра.Министерот Николовски ги презентираше и дургите нови мерки планирани за оваа година, како што е воведувањето на евтината зелена нафта за земјоделците, зголемената поддршка за младите земјоделци од 10.000 на 20.000 евра, новата мерка за малите земјоделски стопанства, поддршката за инвестиции во преработувачката индустрија, мерките од ИПАРД 2 програмата и друго. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC_5765

Костадинов: Од луксузниот дворец, се вадат вредни предмети и истите наводно се донираат под крајно сомнителни околности

Зад мене е луксузниот дворец на ВМРО-ДПМНЕ, симболoт на криминалот и корупцијата на режимот, изграден во времето на најголемата сиромаштија во земјава. Од овој луксузен дворец, деновиве се вадат луксузни, вредни предмети и истите наводно се донираат под крајно сомнителни околности, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски пред јавноста треба да кажат колку чинат и како се набавени скапите лустери?Дали и каде, во кој финансии извештај ја пријавиле оваа луксузна набавка?Да потсетиме, имтот е замрзнат заради судски предмет пред надлежниот суд а во ек на кампања не се дозволени донации.Дали криминалниот имот, стекнат на сметка на граѓаните сега се шверцува на сомнителен начин?Еве шанса и за Гордана Сиљановска, која сака да зборува за правото, да се изјасни за лускзусните лустери и обидот на ВМРО-ДПМНЕ замрзаниот имот да го прошверцува, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Жена и маж каснати од кучиња скитници во Центар

На 08.04.2019 во 17.05 часот во Полициската станица Центар, С.Ц.А.(51) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 11.00 часот на улица „Кеј 13-ти Ноември“ била касната од куче скитник на десната нога.На 08.04.2019 во 17.50 часот во Полициската станица Центар, З.Т.(35) од Скопје пријавил дека на Плоштад „Македонија“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Кај 26 годишен жител од Грчец пронајден пиштол со една рамка со пет куршуми

Секторот за внатрешни работи Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје, поднесе кривична пријава против Ф.Л.(26) од село Грчец, скопско, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик. На 07.04.2019 околу 23.40 часот на булевар „Партизански одреди“, при преглед на патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, полициски службеници пронашле и одзеле пиштол со една рамка со пет куршуми калибар 9мм, што ги поседувал без дозвола. Ф.Л. бил лишен од слобода.

Македонија | пред 6 години

6 год.
5-1

(ВИДЕО) Донација од околу милион евра од Владата на Република Чешка

Денешниов настан не е само важен во однос на натамошното унапредување на техничко-организационите капацитети на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, туку уште повеќе тој е значаен како силен показател на едно, веќе етаблирано, искрено и конкретно партнерство и поддршка што во годините наназад ја имаме од нашите колеги од чешкото министерство за внатрешни работи и од владата на пријателска Република Чешка, рече министерот Оливер Спасовски по денешното потпишување на договорот за донација од Република Чешка за нашето Министерство за внатрешни работи од околу еден милион евра.-Преку Договорот што пред малку го парафиравме со министерот за внатрешни работи на Република Чешка, г-динот Хамачек, за користење на финансиската донација од речиси еден милион евра, ние продолжуваме во насока на реализирање на заедничките цели, а тоа се високите и квалитетни безбедносни стандарди во интерес на граѓаните. Финансиските средства се наменети за активности поврзани со зајакнување на капацитетите на Одделите за гранични работи и миграции, за сузбивање на организиран и сериозен криминал, како и за воздухопловните единици при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија- рече Спасовски.Со оваа донација се проширува опсегот на меѓусебна соработка во повеќе безбедносни сегменти од взаемен интерес за техничко осовременување и доопремување на неколку организациони единици при МВР, со посебен акцент на миграционата проблематика.-Колегите од чешката полиција се во континуитет присутни на нашата јужна граница од 2016 година до денес, каде што заедно со припадниците на нашето министерство заеднички остваруваат задачи на обезбедување на граничниот појас. Сакам, на крајот, во оваа прилика во свое и во име на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија уште еднаш да им се заблагодарам на нашите пријатели за помошта и поддршката што ја добиваме, убеден дека таа наша соработка не само што ќе продолжи во иднина туку и ќе биде значително интензивирана во интерес на националната, регионалната и глобална безбедност- рече Спасовски.Министерот Хамачек потенцира дека Република Чешка и во иднина ќе продолжи да и помага на Република Северна Македонија на патот кон евроатланските интеграции, а денешната посета е еден од конкретните примери за одличната соработка меѓу двете држави.-Република Чешка е пријател на Република Северна Македонија, кој ќе и помага на нејзиниот пат- рече министерот Хамачек.Покрај финансиската помош, веќе неколку години полициски службеници од Република Чешка и помагаат на нашата полиција на јужната граница. Веднаш по завршувањето на денешната средба, министрите Спасовски и Хамачек ги посетија овие полициски службеници, изразувајќи им благодарност за нивниот придонес за гарантирање на безбедноста на јужната граница.

Македонија | пред 6 години

6 год.
ilco-zahariev

Пронајден мртов 23 годишниот син на поранешниот градоначалникот на Штип

Ноќеска во викендичка во Делчево бил пронајден мртов Александар Захариев, 23-годишниот син на поранешниот градоначалникот на Штип, Илчо Захариев,.Од СВР Штип сè уште не ја потврдат информацијата, но најавија повеќе детали во текот на денов. Неофицијално смртта настанала со бесење, а на телото нема траги на насилство.Телото е предадено на обдукција.

Македонија | пред 6 години

6 год.
kamion-pesocan-1

(ВИДЕО) Камион со приколка удри во надвозник кај Песочан

Товарно возило на подизведувач на автопатот во изградба Охрид – Кичево, утрово удрил со приколката во надвозник кај селото Песочан. Најверојатно приколката на возилото не била спуштена.Причината за несреќата во која е предизвикана голема матријална штета ќе треба да се утврди.Дали возачот заборавил да ја спушти, или станува збор за дефект ќе покаже истрагата. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
dramski-komemoracija

Комеморацијата и во Драмски – колегите со простуваат со Беличанец

Долгогодишни колеги, роднини и пријатели дојдоа денеска во Драмски театар на комеморацијата за актерката Билјана Беличанец Алексиќ, која почина во саботата вечерта, објави Фокус.Режисерот Слободан Унковски, актерите Диме Илиев, Драган Спасов Дац, Игор Стојчевски, Благоја Човечки, Лазе Манасков се само дел од актерите кои дојдоа да и оддадат почит на Беличанец.Билјана Беличанец (1973-2019) беше актерка во Драмскиот театар од 1997 година, а три години претходно работеше во Прилепскиот театар. Од дипломирањето на ФДУ во 1994 Беличанец имаше голем број театарски улоги и награди на фестивали.Играше во претставите: „Заводникот од западниот свет“; „Свадбата на Фигаро“; „Кандид во земјата на чудата“; „Тетовирани души“; „Три сестри“; „Домот на Бернарда Алба“; „Демонот од Дебар Маало“; „Кинегонда во Карлаленд“; „Грев или шприцер“; „Последните Македонци“; „Љубовници“…, како и во филмовите „Мајки“ и „Од денес до утре“. Беше дел од ТВ-проектот „Здраво генијалци“, а во последните години го позајмуваше гласот за ликови во турски ТВ-серии.Беличанец беше добитник на бројни награди за најдобро актерско остварување.Денеска е ден на жалост во општина Кисела Вода, каде Беличанец беше градоначалничка од 2013 до 2017.  

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања