Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
Нема фотографија

Силјановска: Ако во концептот на власта се важни само Македонците и Албанците, што е со останатите заедници?

Кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на вчерашниот митинг во Гостивар го критикуваше концептот на власта „Едно општество за сите“, бидејќи според неа, им биле важни само Албанците и Македонците.-Тие велат дека во едно општество на сите граѓани сите етнички заеднии требало да бидат еднакви и рамноправни, но тоа не е точна теза. Ова општество е мултиетничко, нивното општество е еден опасен феномен на бинационална држава. Ако во тој концепт важни се само македонците и албанците, а што станува со останатите заедници. Ваквиот концепт води кон поделби, нерамноправност и конфликт, рече Силјановска.

Македонија | пред 6 години

6 год.
nikolovski-696x381

Николоски: Заев ќе одговара за притисоците за пратениците за случајот „27 април“

-Многу побрзо од што мисли, Зоран Заев ќе одговара за начинот на кој ги уценуваше пратениците да гласаат за промена на уставот, преку обвиненијата за случајот „27 април“ – порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во неговото вчерашно гостување во емисијата „Јади Бурек“ на Телевизија Сонце.Во однос на случајот „27 април“, Николоски истакна дека за него тоа е очигледно монтиран случај и со самото тоа што со него се уценуваа пратеници, се потврдува дека е монтиран.-Од 5 пратеници кои беа обвинети, двајца не гласаа за промена на уставот, тоа покажува дека осумтенимина можеле да постапат и поинаку. Тие кои гласаа целиот живот ќе си го носат тој товар на себе. – рече Николоски.Потпретседателот на опозицијата додаде дека и тој како и сите останати го осудува насилството за случајот, но дека за уцените кон пратениците Заев ќе одговара многу побрзо од што мисли. Во исто време, Николоски рече дека треба да има помирување, а пресудите говорат дека Заев е мал човек.-Се потврди дека Заев е мал човек кој не успеа да се издигне над себеси и тргна во одмазда. – рече Николоски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
70D44252-EDB4-48D5-B149-F8AC2C99F6F3

Силјановска: Не може да се разбираме преку преведувачи

Едно општество за сите може да биде само граѓанското општество. Мојата цел и целта на ВМРО-ДПМНЕ е една и заедничка – право и правда за Македонија, истакна кандидатот за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова вчера на митингот во Тетово.„Знам што го тишти најмногу Тетово. Јас не сум националист, меѓутоа не можам, а да не кажам дека јазикот е најважниот код за комуникација, особено во мултикултурно и мултиетничко општество. Не може да се разбираме преку преведувачи. Немам ништо против проширување на јазичните права, но само водена од правото и правдата ако е тоа во рамките на Уставот и на Рамковниот договор“, рече Силјановска.

Македонија | пред 6 години

6 год.
clipboard01-620x350-1

Мицкоски: Сакам да бидеме политичари кои наместо да газат по црвени теписи, ќе се спуштаат со проектите на терен

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „200“ на Алсат М телевизија, говореше за својата историска улога како политичар во Македонија.Тој истакна дека сака да даде една нова понуда кај граѓаните која ќе е симбол за политичари кои наместо да газат црвени теписи, ќе се спуштат кај граѓаните и ќе им понудат проекти.-Сакам да понудам една нова понуда кај граѓаните која ќе е симбол за политичари кои наместо да газат црвени теписи, ќе земат со проекти и ќе се спуштат доле кај граѓаните. Јас ова го сметам како моја лична историска улога.

Македонија | пред 6 години

6 год.
sneg-605x420

Снег на патот Маврово-Галичник

Снежни навеви има на патниот правец Маврово-Галичник. Екипи на ЈП Македонија пат работат на расчистување н целосно оспособување за сообраќај на овој патен правец.Работите, како што најавуваат, ќе потрајат во наредните два до три дена до целосно расчистување.

Македонија | пред 6 години

6 год.
vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Тричковски повикува на убиство на Милошовски, а надлежните молчат

СДСМ се во страв и паника затоа што знаат дека ги губат изборите и ја немаат довербата од народот. Токму затоа се впуштија во сценарио за ширење на страв и закани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Во последните неколку дена јавноста е сведок како членови и активисти на СДСМ  јавно се закануваат и шират говор на омраза, а сето тоа поминува без осуда од власта и без реакција на МВР и Јавното Обвинителство.Еден од мегафоните на власта, новинарот Бранко Тричковски јавно повика на насилство и убиство кон пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошовски, само затоа што ја прецртал Северна од името како претставник на Советот на Европа,  а надлежните молчат.Иако СДСМ ветуваа дека ќе се санкционира говор на омраза, за институциите јавен повик на убиство не е доволен за да реагираат.Впрочем ова не е прв пат Тричковски да шири говор на омраза, а МВР и Јавното Обвинителство да не реагираат. Претходно тој повикуваше на убиство на поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, но ниту тогаш не надлежните не презедоа ништо против него и немаше покренато обвинение против него.За нервозата и паниката во власта сведочи неодамнешната случка во скопски Аеродром, кога партиски активист на СДСМ, вербално и физички нападна член на Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ, кој го снимаше како нервозно ги кине плакатите на професорката Силјановска Давкова.  Од активисти на СДСМ, беше сторено и тешко кривично дело попречување на изборната кампања, откако нападнаа и им го одзедоа рекламниот материјал за изборите на младите активисти на ВМРО-ДПМНЕ.За ниту еден од овие случаи СДСМ не се оградува, не ги осудува, а надлежните не реагираат.  Очигледно е дека стравот од губење на изборите е голем и  СДСМ веќе не бира ни средства како да ги заплаши граѓаните.МВР и ЈО  мора да се одважат и да излезат од спрегите на власта за да ги истражат  овие случаи и да ги казнат виновниците.  Ширењето на страв, заканите, нападите и говорот на омраза не смее да останат неказнети.Неспособниот СДСМ единствениот начин да остане на власт го гледа преку закани и уцени. Граѓаните на Република  Македонија не заслужуваат да живеат во паника и страв. Тие заслужуваат подобро.Токму затоа на претседателските избори неопходна е победа на професорката Гордана Силјановска Давкова за веднаш потоа да следат предвремени парламентарни избори и СДСМ конечно да замине, за да може да дојде подобро утре за Република Македонија и граѓаните“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
20190410011046

(ВИДЕО) Вооружен грабеж на аеродромот во Тирана, еден убиен

Албанската полиција соопшти дека е пукано во маж откако група неидентификувани лица извела кражба на меѓународниот аеродром, но не е соопштено за која сума се работи и кој е ограбен.Како што пренесе Дејли меил се работи за сума од 10 милиони евра која е украдена од авион кој се подготвувал да полета.Полицијата само навела дека станува збор за група маскирани и вооружени мажи, како и дека кражбата се случила попладнето на аеродромот Мајка Тереза Ринаси во Тирана, пренесе АП.Како што се наведува, дошло до размена на оган на километар од аеродромот, и при таа прилика е убиен маж.Мафијашите се обиделе да го пресретнат блиндираното возило кое ги пренесувало парите до авионот.

Свет | пред 6 години

6 год.
policija-ilustracija

ОЈО: Прегазениот пешак во Ново Лисиче не поминувал на пешачки

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи на Министерството за внатрешни работи и претставници на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, вечерва изврши увид на булеварот „Видое Смилевски – Бато“ во скопската населба Ново Лисиче, каде во сообраќајна несреќа еден пешак го загуби животот.Според првичните сознанија, несреќата се случила кога 57-годишниот пешак излегол на булеварот надвор од обележан пешачки премин. Притоа, на него налетало возило Шкода октавиа со германски регистарски таблички, управувано со полномошно од македонска државјанка. Од ударот, пешакот починал на лице место.По наредба на јавен обвинител, телото на починатото лице е предадено на обдукција, а ќе се испитува и присуство на алкохол во крвта и урината на возачот на автомобилот. Од Министерството за внатрешни работи е побарано да изврши проверка на снимките од видео надзорот на околните објекти и на системот „Безбеден град“ со цел да се утврди дали камерите го регистрирале настанот. Во насока на утврдување на фактичката состојба ќе биде издадена и наредба за сообраќајно-техничко вештачење.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Облачно со врнежи од дожд и засилен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер, особено во источните делови. Повеќе сончеви периоди ќе има во западните делови.Утринската температура ќе се движи од три до 10 степени, а дневната температура од 10 до 22 Целзиусови степени.Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер, особено во источните делови.Утринската температура ќе достигне до осум, а дневната температура до 18 степени.Утре ќе настапи преодно стабилизирање, а потоа следува период во кој ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локални врнежи од дожд, повремено поинтензивни и претежно во попладневните часови.

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-6

Прегазен велосипедист во Ново Лисиче

 Трагедија вечерва во скопско Ново Лисиче- почина прегазен маж кој се движел со велосипед.Според информациите кои за Канал 5 ги потврдија од полицијата, прегазен е средовечен маж, кој им подлегнал на повредите. Тој возел велосипед , кога на него налетала Шкода Октавија на булеварот „Видое Смилевски Бато“ управувано од 49-годишниот М.Ц.Станува збор за машко лице на возраст од околу 50 год. По доаѓање на итната медицинска помош констатирана е смрт кај велосипедистот.Телото е пренесено на обдукција

Скопје | пред 6 години

6 год.
press-kostadin-pred-vmro

(ВИДЕО) Додека Костадин Костадинов, бара одговори, од белиот дворец ечи песната за „Костадин Војводата“

ВМРО ДПМНЕ го пречекаа портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов со музика. На денешната пресс конференција на која Костадинов  од пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ бараше одговор за луксузните лустери кои завршија како донација во црквата во селото Љубанци, од „Белата палата“ му ја пуштија песната „Слушам кај шумат шумите“ во која се раскажува судбината на „Костадин Војводата“.Музиката беше толку гласна, што Костадинов мораше да вика за да го слушнат новинарите.

Македонија | пред 6 години

6 год.
branko-trickovski1

Наместо да запре, говорот на омраза се разгорува, Тричковски на ФБ: Му предлагам на Антонијо да умре!

Се разгорува говорот на омраза на социјалните мрежи, а МВР засега молчи. Долгогодишниот гласноговорник на СДСМ, Бранко Тричковски, преку фејсбук  му посака смрт на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.Тој напиша:Му предлагам на Антонијо да умре!Да можам да го чкртнам на некоја читуља.Да го убијам како мртовецИ да го оживеам како будала!Инаку ова не е прв пат Бранко Тричковски на својот ФБ профил објави шокантен статус . Тој на 23 февруари на својот ФБ профил  напиша:-А да го киднапираме Мицкоски и да му ги извадите сите партиски органи? 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Sulejman-Rexhepi

Пријава за говор на омраза од Хелсиншкиот комитет за поглаварот на ИВЗ

Хелсиншкиот комитет  поднесе пријава за говор на омраза за Поглаварот на ИВЗ  Сулејман Реџепи. Хелсиншкиот комитет препознал ширење на омраза и излагање на подбив на македонскиот народ во неговиот говор кога дава квалификации на „див“ и „непримерен народ без идентитет“.За потсетување Реџепи присуствувајќи на поставувањето на камен темелникот на џамијата во скопското село Арнакија рече дека во минатото, еден македонски премиер, со 60 килограми динамит ја урнал џамијата.„Нам не ни пречи да градат цркви, но никогаш нема да молчиме кога не попречуваат во градењето на џамиите, кога не се одобрува нивната изградба, оваа работа нема да ја дозволиме никогаш. Никогаш нема да молчиме. Се надеваме со Господ напред дека ќе дојдат подобри времиња. Ние имаме народ и места секаде. Во село Лажец, Битолско, повеќе од 100 години немаат џамија. Замислете вие со каков див народ живееме. Овие се безпримерен див народ, затоа немаат идентитет и нема да имаат никогаш, без разлика дека ние сакаме да им помогнеме. Не се помага, бездушниот, не се освестува.“ -  рече  Реџепи.

Македонија | пред 6 години

6 год.
devojka

Девојка нападната во ноќен клуб

На 08.04.2019 во 14.30 часот во Полициската станица Аеродром, Е.Т.(32) од Скопје пријавила дека на 07.04.2019 околу 04.00 часот во ноќен клуб на улица „Анастас Митрев“ била физички нападната од С.К. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Capture-3

Противправно изградиле станбена куќа со деловен простор, на државно земјиште

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.Б.(56) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „поднесување лажни докази“ и против Г.Б.(29) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Во Кратово, на улица „Вера Јоциќ“, на парцела од 51 метар квадратен, сопственост на РС Македонија, пријавените противправно изградиле станбена куќа со деловен простор.Притоа, пријавените на парцела од 17 метри квадратни, сопственост Ц.В., А.В. и О.В., сите од Кратово, протиправно изградиле пристапни скали до наведениот објект. По ова, во Општина Кратово, во прилог на барањето за легализација на наведениот објект, првопријавениот доставил лажна изјава дека истиот бил изграден во 2010 година.

Македонија | пред 6 години

6 год.
tepacka1

35 годишен скопјанец нападнал две малолетни лица

На 08.04.2019 во 15.40 часот во СВР Скопје, С.Т.(43) и Б.С.(52), двајцата од Скопје, пријавиле дека истиот ден околу 14.30 часот на улица „Тодор Александров“ нивните малолетни синови на возраст од 14 и 15 години биле физички нападнати од И.Р.(35) од Скопје. Сочинет записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Каснат од куче скитник во училишен двор во Велес, напад од куче и во Гостивар

На 08.04.2019 околу 18.00 чaсот во СВР Велес, С.Н.(55) од Велес прјавил дека во училишниот двор на ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес бил каснат од куче скитник. На 08.04.2019 околу 10.00 часот во Полициската станица Гостивар, Б.Х.(22) од Гостивар пријавила дека на улица „Мајор Чеде Филиповски“ била касната од куче скитник на левата нога.

Македонија | пред 6 години

6 год.
heroin-111

Кај 25 годишен жител од село Неготино, гостиварско пронајден хероин

СВР Тетово поднесе кривична пријава против О.А.(25) од село Неготино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’.На 13.09.2017 година во Тетово полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Во возило полицијата пронашла марихуана – поднесена кривична пријава за две лица

СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.Б.(28) и Д.Ф.(40), двајцата од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 12.12.2018 на патот Неготино – Штип, во патничко возило управувано од второпријавенот, првопријавениот им овозможил на Д.Ф. и уште едно лице, да конзумираат марихуана.Во близина на Кочани, при преглед на наведеното возило, полициски службеници пронашле и одзеле кеса со 236 грама марихуана.

Македонија | пред 6 години

6 год.
skele

Работник се здобил со повреди при изведување на градежни работи на зграда во Кочани

На 08.04.2019 година во 11.10 часот во Полициската станица Кочани, од Општата болница Кочани било пријавено дека околу 09.00 часот кај нив со повреди бил донесен Д.Ц.(59) од Кочани. Според пријавеното, тој се здобил со повреди при изведување на градежни работи на зграда во Кочани. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициската станица Кочани и трудов инспектор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања