Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
sulejman-redzepi

Зекири на ФБ: Резил улема Сулејман Реџепи позицијата поглавар на ИВЗ ја има узурпирано со калашникови

Мухамед Зекири, пратеник на СДСМ реагира на Фејсбук во врска со навредите што ги искажа поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи нарекувајќи го македонскиот народ диво племе.Зекири на фејсбук напиша:Го читав утринава Сашо Орданоски за Резилот на Реисот и го разбирам што бил крајно внимателен при изборот на зборови што ги користел во неговата колумна. Но, драг Сашо, за ваков „човек” каков што е Резил улема Сулејман Реџепи не е потребно да сте толку внимателен оти тој не заслужува никакво внимание, ниту почит од никого во нашава земја, вклучително и муслиманските верници кои за жал тој криминалец и нечовек и натаму ги претставува.Мене ми е драго што веќе нема потреба толку многу да се вложувам и докажувам кој и каков е во суштина Резил улема Сулејман Реџепи. Сега веќе на цела македонска јавност и е јасно за каков „човек” станува збор.И како новинар и како пратеник секогаш сум посочувал на криминалите и нехуманото однесување на овој „човек” и ќе продолжам тоа да го правам затоа што тој е СРАМ прво за сите припадници на исламската заедница во Република Северна Македонија, а потоа и за цела држава.Резил улема Сулејман Реџепи позицијата поглавар на ИВЗ ја има узурпирано со калашникови, со закани и сеење страв, нешто што безброј пати до сега сум го посочил. Повеќе од 10 години трае неговото самоволие во таа институција. Иако е најповикан да постапува во склад со тоа на што нè учи ИСЛАМОТ, имено да биде праведен и да ги почитува различностите, тој го прави токму спротивното.Тоа што тој го прави со години, мене искрено не ме зачудува. Прво им се чудам на имамите и членовите на највисоките тела на ИВЗ кои продолжуваат да замижуваат на сето она што овој „човек” го прави, и натаму молчат како кукавици и се се плашат од овој „човек”.Почитувани имами, охрабрете се, не молчете, СРАМОТА е тоа да го правите и со вашиот молк да ги одобрувате постапките на Резил улема Сулејман Реџепи.СРАМОТА е пред верниците, а пред сè пред Алах (Бога) да го одобрувате тоа што не го одобрува верата на која припаѓате и која ја проповедате пред верниците.Во светата книга Куран во сурата „Ел Маиде” се вели:„O, верници бидете праведни кога судите, бидете истрајни во тоа и заради Алах сведочете праведно! И омразата кон еден народ нека не ве натера да бидете неправедни. Праведноста е поблиску до богобојазливоста. Плашете се и од Алах. Алах, навистина, е Известен за она што го работите!”На крај уште еднаш јавно ќе повикам надлежните институции да продолжат со она што го започнаа, со силната контрола на работата на ИВЗ и останатите верски заедници. Никој не смее да е над законот. Сите сме исти пред законите!!!П.С. Резил улема Сулејман Реџепи мора да одговара и за ширење говор на омраза. На потег сега е Јавното обвинителство, пишува Зекири.https://www.facebook.com/muhamed.zekiri/posts/10158739693539466 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Patnici-SKP-1

Аеродромите во Скопје и Охрид со речиси половина милион патници во првите три месеци од 2019 година

Во првите три месеци од 2019 година вкупно 480.845 патници патувале преку двата аеродрома – Меѓународен Аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, што е пораст од 7% споредено со истиот период во 2018 година.Меѓународниот Аеродром Скопје опслужи 454.448 патници во првиот квартал од 2019 година, со 5,6% пораст на годишно ниво, додека наАеродромот Св. Апостол Павле Охрид опслжени беа 26.397 патници, што е 63,9% годишен пораст.- Првиот квартал од 2019 година го завршивме со речиси половина милион патници на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид. Скопскиот аеродром ја забележа очекуваната стапка на пораст од 5,6%, што ќе биде и повисока во вториот и третиот квартал од годината, поради отворањето на четирите нови дестинации, Баден-Баден и Бремен отворени во март оваа година, како и Ларнака и Турку, кои што ќе бидат отворени во јули 2019 година. На охридскиот аеродром забележавме неверојатен пораст во бројот на патници од 64%, како резултат на трите нови авиолинии отворени во последните 6 месеци – Виена во ноември 2018 година, Малме и Милано - во март 2019 година. Со дополнителните четири нови дестинации што ќе се отворат ова лето – Меминген, Дортмунд, Штутгарт и Дизелдорф, очекуваме да ја одржиме високата стапка на пораст на бројот на патници на аеродромот во Охрид, притоа постигнувајќи нови рекорди. ТАВ Македонија, заедно со сите владини тела во областа на воздухопловството, ќе продолжи да работи на развој на мрежата на авиолинии на двата аеродрома. Во исто време, задоволството на патниците ќе остане како еден од нашите врвни приоритети, со фокус на подобрување и иновација на услугите за авиокомпаниите и патниците - изјави Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.Според статистичките податоци за патнички сообраќај на ТАВ Македонија, од јануари до март 2019 година, најфреквентните дестинации одМеѓународниот Аеродром Скопје се: Истанбул со 10,9% пазарен удел, Цирих (7,5% пазарен удел), Базел (5,7% пазарен удел), Малме (4,9% пазарен удел), Виена (4,8% пазарен удел), Меминген (3,6% пазарен удел).Во однос на уделот на авиокомпаниите во патничкиот сообраќај, Wizz Air има превезено најголем број од патниците со 67,4% пазарен удел, а потоа следуваат Turkish Airlines со 8,4%, Germania Flug со 4,8%, Austrian Airlines со 4,7%, Edelweiss – 2,6%, Pegasus Airlines со 2,5%.Меѓународниот Аеродром Скопје ги поврзува патниците со вкупно 42 редовни дестинации, до кои сообраќаат 13 авиокомпании. На Aеродромот Св. Апостол Павле Охрид во моментов 11 авиокомпании опслужуваат 5 редовни и 8 сезонски дестинации. ТАВ Македонија ја заврши 2018 година со вкупно 2,3 милиони патници на двата аеродрома, што претставува 16% годишен пораст, и со 19.750 летови, односно 9% годишен пораст. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG-a25837fd5c073c8105b806c94b810c18-V-1

Во урбаните заедници „Цветан Димов“ и „Бирарија“ во Кисела Вода ќе се собира кабаст отпад

Акцијата за собирање на кабаст отпад и електронска опрема која Општина Кисела Вода и ЈП „Комунална хигиена“ ја спроведуваат заедно, утре и задутре продолжува во урбаните заедници: „Цветан Димов“ и „Бирарија“.Во истите урбани заедници локалната самоуправа ќе спроведе активности за расчистување на сметот. Во исто време ќе се средуваат детските игралишта, а ќе се кастрат и сувите гранки на дрвјата и грмушките.Кабастиот отпад граѓаните треба да го одложуваат до 11:00 часот пред своите домови, на тротоарите, но потребно е да внимаваат истиот да не го попречува движењето на возилата и пешаците. Одлагањето на отпадот забрането е после опредленото време и датум.Минатата седмица во урбаните заедници 11 Октомври - бараки и згради беа собрани 5 тони кабаст отпад и електронска опрема. 

Скопје | пред 6 години

6 год.
press-1

Николески: Бројни проекти за најмладите дел од програмата на кандидатот Константин Георгиески

Децата треба да бидат наша најголема грижа, затоа посветено и одговорно работиме на  проекти за подобрување на условите за згрижување и воспитување на децата од  предучилишна возраст. Веќе се преземени конкретни активности за подобрување на  условите во објектите на  градинката „Јасна Ристеска”, за решавање на проблемот со недостатокот на стручен кадар, набавка на нова опрема и нови детски реквизити, истакна Ристо Николески, на која што се презентираше дел од предизборната програма на кандидатот за градоначалник Д-р Константин Георгиески.Во текот на изминатиот период во соработка со Бирото за регионален развој и Центарот за развој на Југозападниот плански регион извршивме промена на покривната конструкција во   објектот   „Равигорче”,   а   во   наредниот   период   планирана   е   и   замена   на   целокуната електрична инсталација во овој објект. Преку Јавниот повик за финансирање на проекти од областа на одржливиот локален развој беше извршена и реконструкција на детското игралишпте во дворот на објектот „Росица”.Вложуваме максимални напори и работиме на проект за  изградба на нова градинка на просторот кај постоечката  „Централна  градинка”  со што ќе се зголеми капацитетот на градинката   и   ќе   се   реши   долгогодишпниот   проблем   со  преголемиот   број   на   деца   во групите и долгите листи на чекање за упис. Исто така во наредниот период се предвидува и  Реконструкција   на   покривите   во  објектите  „Лихнида”  и   „Росица”,   а  планирано   е   и подобрување на квалитетот на инвентарот во сите објекти од градинката.Со цел да се подобрат условите за рекреација на најмладите  во општината, планирана е реконструкција на детските игралипта во дворовите на сите објекти од градинката и веќе постоечките детски игралишта во сите населби. Исто така се предвидува и изградба на нови детски  игралишта  во  населбите „Радојца  Новичиќ”  и  „Воска”  како  и  во  неколку станбени комплекси во Охрид.Ние   ги   разбираме   приоритетните   потреби   на   заедницата,   ги   слушаме   барањата   на родителите и континуирано работиме на подобрување на условите за живеење на сите категории на граѓани! Дел од нашите противкадидати во својата предизборна програма, нудат виртуелни проекти со невозможни датуми за реализација, но ние сме различни и ветуваме реални и остварливи проекти.Граѓаните знаат да ги препознаат вистинските вредности и само заедно можеме да го  направиме Охрид подобро и посакувано место за живеење! На 21-ви април да излеземе и  да гласаме за нашиот кандидат Д-р Константин Георгиески. Да го заокружиме бројот 7 за  подобра иднина на нашиот град! Заедно Напред, За Охрид, истакна Ристо Николески, на која што се презентираше дел од предизборната програма на кандидатот за градоначалник Д-р Константин Георгиески. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Rabota-na-pat

Регионалниот патен правец Подмоље – Струга на 12 април ќе има времен режим на сообраќај

Г.П Илинден-Струга известува дека од 12/04/2019 поради изведување на градежни работи изградба натпатник за тирз зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с.Подмоље – Струга ќе има времен режим на сообраќајот.На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
pat-probien-2

ЈП Македонијапат: Два до три дена ќе се расчистува патниот правец Маврово-Галичник

Екипите на ЈП Македонијапат работат на расчистување на снежните наноси и целосно оспособување за сообраќај на патниот правец Маврово-Галичник. Работите ќе потрајат во наредните два до три дена до целосно расчистување.

Македонија | пред 6 години

6 год.
grabez-tirana

Филмски грабеж на аеродромот во Тирана - Маскирани разбојници од авион украле 10 милиони евра

Тројца мажи го ограбија авионот на „Австрија ерлајнс“ во моментот кога тој требаше да полета од Тирана за Виена, а еден од крадците беше убиен, соопшти полицијата.Иако албанските власти не открија повеќе детали околу пленот кој успеале криминалците да го украдат, британски „Дејли Мејл“, но и повеќето албански медиуми пренесуваат дека станува збор за сума од 10 милиони евра која била украдена од авион кој се подготвувал да полета. Тамошните медиуми откриваат дека четворица тешко вооружени криминалци пристигнале со возило на финансиската полиција и пресретнале блиндирано возило кое што ги пренесувало парите до авионот.Полициските сили и хеликоптери го пребаруваат целото подрачје во потрага по криминалците, а поради инцидентот бил откажан и лет за Виена. 

Свет | пред 6 години

6 год.
1

Османи и Димитров се сретнаа со Крамп Каренбауер во Германија

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во рамки на работната посета на Сојузна Република Германија остварија средба со Претседателката на Демохристијанската Унија (ЦДУ) на Германија, Анагрет Крамп Каренбауер.„Имаме исклучително важни два дена на средби и активности во Берлин.Германија е наш клучен европски партнер и поддржувач и нашата цел е овие два дена на нашите германски пријатели да им понудиме што повеќе  аргументи за тоа зошто заслужуваме да го направиме следниот чекор кон Европската унија и да ги отвориме пристапните преговори. Затоа новата лидерка на ЦДУ/ЦСУ ја запознавме со тоа каде Република Северна Македонија беше пред неполни две години и каде е денес, како пример за добар сосед и стабилен и веродостоен партнер во Регионот. Постигнавме многу и продолжуваме да работиме со сите напори и дома и надвор, за заедно со нашите партнери да обезбедиме дофатлива европска перспектива за земјата” - истакна министерот Димитров.„Од аспект на европските интеграции Германија отсекогаш сме ја сметале за наш стратешки партнер, во чии иницијативи ги наоѓаме мотивацијата и перспективите за нашиот успех“, истакна Османи јасно изразувајќи очекување, оваа поддршка и взаемна соработка да продолжи и во иднина. „Во периодот кој ни претстои неопходна ни е сета политичката поддршка од страна на сите наши пријатели внатре во Унијата за да ја прошириме европската приказна на Балканот, и да го отстраниме европскиот скептицизам кој навлегува преку периферијата на Европа, преку јасна и недвосмислена поддршка од страна на земјите – членки на ЕУ за европските перспективи на Република Северна Македонија, како предводник на Европската идеја меѓу земјите од Западниот Балкан“ - додаде Османи, посочувајќи на очекувањата од претстојните јунски самити на ЕУ, за конфирмација на минатогодишната одлуката за почеток на преговорите со Република Северна Македонија.Вицепремиерот Османи и министерот Димитров во рамки на работната  посета на Берлин ќе остварат средба со Државниот министер за Европа, Михаел Рот и ќе учествуваат на брифинг пред Комисијата за ЕУ во германскиот Бундестаг, на кој ќе реферираат за текот на имплементацијата на политичките обврски кои произлегуваат од Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија, како и за напредокот во спроведување на реформите во областите предвидени во заклучоците на минатогодишниот самит на Европската Унија, како клучни критериуми пред овогодинешниот самит на ЕУ во јуни, кога се очекува конфирмација на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
kanabis-medicina

15 компании во Македонија ќе одгледуваат марихуана

Владата издаде лиценци и на 15 компании со домашен и странски капитал кои одгледуваат канабис за медицински цели, со вкупна инвестиција од над 40 милиони евра и околу 300 нови вработувања.Станува збор за следниве компании и производства: Каба Хербал во Кочани, Оаза алкалоиди во Карбинци, Медицал 420 во Битола, 5 летерс во Ресен, Мам во Свети Николе, АЦПВ во Гостивар, Фарма Медика Канабис во Валандово, Ф&M 2017 во Гостивар, Фармаролли во Скопје, Греен лифе во Валандово, Канабис про во Струмица, Т.Х.Ц. Куалити гроуп во Росоман, Хелтх медикал солутионс во Гевгелија, Бул-Билдинг во Струмица и РСБ солутионс во Карбинци.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pat-probien-2

ФОТО: Украдена нафта за булдожерот што го пробивал патот кон Галичник

Тунел од снег е направен покрај патот кој води кон Галичник. Фотографиите се обајвена на Фејсбук профилот на месната заедница Галичник. Тие во објавата пишуваат:Денес е пробиен Царевец. Атрактивно за фотографирање :)А сношти, ноќеска, беа украдени 200 литри дизел и беше оштетен системот за довод на гориво на булдожерот.Случајот е пријавен во ПС Маврово и направени се увид и записник за настанатата штета. Механизацијата е ангажирана од Македонија пат  и Јавно претпријатие за државни патишта.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Тевдоски во Тексас ќе зборува за напредокот на Северна Македонија

Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска ќе зборува на „Bush School of Government and Public Service”, на А&M Универзитетот во Тексас. Станува збор, соопштуваат од Министерството за финансии, за една од најдобро рангираните школи во САД за јавна администрација, меѓународни односи и надворешна политика.Темата на која ќе се обрати Тевдовски се однесува на прогресот на Република Северна Македонија и зошто е тој важен за Западот. Во рамки на темата – како земјата од извор на нестабилност, може да стане позитивен пример за решавање конфликт, министерот ќе се осврне и на предизвиците за искористување на поволниот момент за да се зголеми економскиот развој и подигне стандардот.На „Bush School of Government” обраќања и предавања држеле гувернери, конгресмени, сенатори, амбасадори и познати универзитетски професори. Затоа ова е одлична можност за промовирање на нашата земја, како и реформите и напорите што ги прави во насока на евроатланските интеграции и економски развој.

Македонија | пред 6 години

6 год.
b0e64fd0d4bb388d91f7ae215ced368c_w790

Во Скопје подигнати 92 возила со „пајак“

Во текот на изминатиот ден (09.04.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 14 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени 26 возачи од кои: 24 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници.Исто така, исклучени од сообраќај се и 21 возило бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се девет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престигнување, двајца возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, двајца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 10 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак поради поминување коловоз на црвено светло.Во текот на изминатиот ден издадени се 123 мандатни платни налози и 92 возила се подигнати со специјално возило „пајак". Изминатиот ден се случиле 11 сообраќајни незгоди во кои едно лице го загубило животот, а пет лица се здобиле со телесни повреди. 

Скопје | пред 6 години

6 год.
brza-pomos

Работник паднал додека работел на објект во Гостивар

На 09.04.2019 околу 13.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во објект во изградба на улица „Бранко Станоевиќ“ во Гостивар, сопственост на Х.С.(64) од Гостивар, С.Џ.(51) од село Кондово, скопско, додека изведувал градежни работи паднал и се здобил со тешки телесни повреди.По укажаната лекарска помош во Медицинскот центар-Гостивар, С.Џ. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар и се работи на целосно расчистување на случајот. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Бугарин баран со потерница на Интерпол уапсен на ГП Богородица

На 10.04.2019 во 04.15 часот на Граничен премин „Богородица“, при контрола било констатирано дека лицето З.Т.В.(46) од Република Бугарија се наоѓа на листата со мерка „Апси“ по меѓународна потерница од Интерпол,  по потрага од Република Романија.Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

6 год.
napadnata

Психијатриско лекување за мајката што го тепаше своето бебе

Основното јавно обвинителство Скопје пред Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за кривично дело – Запуштање и малтретирање дете од член 201 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 12 став 2 од Кривичниот законик.Обвинетата, во состојба на битно намалена пресметливост, како родител на 13-месечно дете, во периодот од 15.06.2018 до 07.07.2018 година, со грубо запоставување на својата должност за родителска грижа, го запуштила детето и со тоа го довела во опасност неговиот живот. Во временскиот период додека таткото на детето се наоѓал на издржување казна затвор, таа детето повремено го оставала само, без родителска грижа и без да внимава на неговата сигурност и потреби. Како резултат на тоа, на 07.07.2018 година кај детето биле констатирани тешки телесни повреди изразени како скршеница на коските на черепот, крварење на тврдата мозочна обвивка, нагмечување на мозокот, скршеници на коските на двете нозе и на двете раце.Од резултатите на наредените психијатриски вештачења врз сега обвинетото лице произлезе дека таа делото го сторила во состојба на битно намалена пресметливост, при која имала намалена способност да го разбере делото и намалена состојба да управува со своите постапки заради намалена моќ на расудување, сфаќање и одлучување, односно намалена способност за анализирање на своите постапки и за разбирање на суштината на своето дејствување.Со оглед на тоа што постојат законски услови за изрекување мерка на безбедност во случај на битно намалена пресметливост, надлежниот јавен обвинител на Судот му предложи, со изрекување на казната, на лицето да му изрече и мерка на безбедност – задолжително психијатриско лекување на слобода.

Македонија | пред 6 години

6 год.
UaYct-

При претрес на возило пронајдена марихуана

СВР Велес поднесе кривична пријава против М.Ј.(26) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’.На 05.09.2018 во Велес полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Македонија | пред 6 години

6 год.
marihuana2

При претрес во дом пронајдени марихуана, пиротехнички средства и пари

На 09.04.2019, врз основа на судска наредба, полициски службеници  извршиле претрес во домот на Б.Д.(34) од село Турново, струмичко.При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, пиротехнички средства и пари. Лицето било приведено и задржано во Полициската станица Струмица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

6 год.
stevo-pendarovski

(ВИДЕО) Пендаровски за ДУИ: Од „измеќари на режимот“ до „чирак во дуќанот“

Владиниот коалициски партнер ДУИ се вклучи во изборната претседателска трка во која Стево Пендаровски е заеднички кандидат на владиното мнозинство, а зад кој тие застанаа и го поддржаа на овие претседателски избори.Но заедничкиот кандидат на СДСМ и ДУИ многу пати во минатото упатуваше низа навреди кон раководството на ДУИ.Ги нарекуваше од „измеќари на режимот“ до „чирак во дуќанот“.

Македонија | пред 6 години

6 год.
kacarska

Кацарска: Иванов нема право да ги аболицира осудените за 27 април

Претседателот Иванов нема ингеренции да ги аболицира неправосилно осудените и барање за амнестија кое го поднесоа адвокатите, вели судијката Добрила Кацарска, која ја изрече првостепената пресуда во случајот за 27 април, а во врска со информациите дека осудените поднеле барања за аболиција до претседателот.-Иванов нема право да ги аболицира неправосилно осудените за 27 април и мојот став е дека нема ингеренции за тоа. Уставниот суд го избриша оној член 11 од Законот за амнестија на кој се повикуваат адвокатите. Јас не сум го видела барањето за аболиција, но според она што ми го појаснувате нема право Иванов да помилува врз основа на така поднесени барања за амнестија. Адвокатите треба да прават разлика помеѓу Закон за амнестија кој е донесен со двотретинско мнозинство во Собранието на Република Северна Македонија и барање за аболиција. Знак на равенство помеѓу донесениот закон и барање за аболиција која е поднесено како резултат на претходно донесен Закон за амнестија, не може да има. Не се работи за нешто што е исто – вели Кацарска за МКД.мк.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Контроверзен видеоспот на ВМРО-ДПМНЕ: Не делат со наши пари

Ширењето негативни информации за да се наруши јавната слика за политичкиот противник, според експертската јавност, може да претставува мултивитаминска инјекција само за слепите поддржувачи, но ги одбива неутралните гласачи. Таков ефект, според познавачите, предизвикува и последниот видеоспот „Бутик“ на ВМРО-ДПМНЕ, со исклучително некреативно сценарио во кој се повикуваат граѓаните да го дадат својот глас за Гордана Силјановска-Давкова, пишува Независен.Дејствието се одвива во бутик каде што двајца продавачи – момче со очила кое би требало да го претставува претседателскиот кандидат на владејачката коалиција Стево Пендаровски и помлада девојка, која треба да ја претставува кандидатката на опозицијата Гордана Силјановска-Давкова – се обидуваат да му ја продадат секој својата маичка на купувач. Забележливо е дека момчето зборува жаргонски, во неколку наврати ги поместува очилата кон лицето и подшмркнува, а девојката говори литературно без „наркотикови“.Продавачот вели: „Маичка…, абе шо има врска дека не е ова оригинал, ова е ново, ново… одиме напред… знаеш, напред“. Таа, пак, убедува: „Оваа маичка има традиција, историјата на квалитет и за мене е најдобра“.Потоа тој ќе рече: „Мајка ти, татко ти, баба ти, дедо ти… носеле што носеле, знаеш сега е ново…од горе“. Девојката, пак, тврди дека нејзината маичка е резултат на труд на многу генерации, цел свет нè знае под овој бренд, милиони раце ја ткаеле.„На одмор у Грчка со оваа маичка гратис љежалка. Еј, бери памет, знаеш, Зоки и Нике ја шиеја, Рада и Оли ја пеглаа“, возвраќа продавачот. „За пусти пари…“, ќе поентира продавачката со одломка од вокабуларот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.На крајот тој се заканува „ако не купиш знаеш…, службени белешки, служби, ќе свириш клавир, стока“, а таа порачува „ќе направиш правилен избор, убаво ќе ти стои и ќе ја носиш со чест“.https://www.facebook.com/vmromakedonija/videos/1506661592799303/ Целиот текст можете да го прочитате тука. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања