Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
Нема фотографија

Без струја дел од Карпош и Центар

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, во периодот од 10.30 до 15 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата Христо Смирненски бр. 38 во општина Центар и во периодот од 11.30 до 14 часот корисниците од зградата бр. 17А на улицата Московска и околните објекти во општина Карпош.

Скопје | пред 6 години

6 год.
reka

Река: Дојде време за претседател Албанец

Кандидатот за претседател Блерим Река денеска ја продолжи неговата кампања во Брвеница каде беше во придружба со лидерот на Алијанса на Албанците, Зиадин Села како и со лидерот на движење Беса, Билал Касами.-Дојде време за претседател Албанец, затоа што и Албанците се граѓани на оваа земја. За да може да го живееме концептот за една Република за сите, треба да постои реална еднаквост, а не само формална за сите граѓани на оваа земја. Македонија како мултиетничко општество не може да функционира како моноетничка земја. Затоа на 21 април вашиот глас е глас за промена, глас против корупцијата и против неправдата, рече Река.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Korica

Коле Ангеловски напиша книга за работниот век во Драмски театар

Деновиве од печат излезе книгата „Педесет години во Драмски...и клоцата во...“ на Коле Ангеловски, македонски театарски и филмски актер, театарски и филмски режисер, сценарист, писател, раскажувач и амбасадор на македонската култура.Книгата, всушност, е своевиден автобиографски запис за работниот век од педесетина години што легендата на македонскиот театар Коле Ангеловски ги помина во Драмскиот театар во Скопје како актер и како режисер, но и искрена приказна за самиот театар, за луѓето во него и со кои работел, за претставите кои ги режирал, за успесите и наградите, но и за разочарувањата што ги доживеал. Впрочем, самиот автор за книгата вели:„Мојот живот во Драмски, пред се, беше огромната љубов кон Театарот и луѓето во него. Ова е многу субјективна и носталгична приказна за работите мене ми се случувале и, ако во овие мои писанија некој се почувствува навреден или обесправен, да знае дека не е со зла мисла, а може да е со намера.Ова е приказна за луѓето во Драмски, директорите, актерите, техничките директори, сценските работници, инспициентите, електричарите, тонските мајстори, шивачите, шминкерите, реквизитерите, администрацијата, чистачките, портирите.... за ходниците, тајните места во театарот, чигите, рефлекторите, прашината, провевот... за бифето, разговорите, песните, кавгите и тепачките...Ова е приказна за претставите, пробите, животот во Театарот, за патувањата, турнеите, гостувањата, фестивалите...Сето ова јас го доживеав, но кој знае, можеби и не било баш така?!“„Педесет години во Драмски... и клоцата во...“ ја красат и педесетина фотографии од најзначајните претстави што Коле Ангеловски ги режираше на сцената на Драмскиот театар, а содржи и индекс на театарски текстови што тој ги напишал и на театарски текстови што тој ги превел.Рецензенти на книгата се Сашо Тасевски, актер во Драмскиот театар, и Свето Стаменов, новинар и публицист, кој е и уредник на изданието.

Магазин | пред 6 години

6 год.
milenko-nedelkovski

Миленко: Со концертот на Бени Шаќири и Ориѓански, СДСМ ќе го крши молкот

Миленко Неделковски на својот Фејсбук профил објави дека сите општински комитети на СДСМ имаат наредба да купат билети за концертот на Бени Шакири и Златко Оригански во Филхармонија вечерта пред прв круг избори.“Сите општински комитети на СДС (не заслужуваат М) имаат добиено наредба да купат билети за концертот на Бени Шакири и Златко Оригански во Филхармонија вечерта пред прв круг избори.Јасна е намерата на Заев и Пендаровски на овој начин, со помош на своите партиски дупеувлекувачи, да го изманипулираат законот во врска со 2-та дена изборен молк. Не зна, до Обвинителство, допре ли гласот?”, стои во објавата.

Коментари | пред 6 години

6 год.
avtopat-tetovo-skopje

Важни информации за сите кои тргнуваат на пат

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.Од 10.04. екипите на ЈП Македонијапат работат на расчистување на снежните наноси и целосно оспособување за сообраќај на патниот правец Маврово - Галичник. Работите ќе траат во наредните два до три дена до целосно расчистување.Г.П Илинден-Струга известува дека од 12.04.2019 поради изведување на градежни работи изградба натпатник за тирз зоната Струга на,регионалниот патен правец А2 с.Подмоље – Струга ќе има времен режим на сообраќајот. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.Друштвото Асфалт ДООЕЛ Скопје, известува дека поради изведување на градежни работи за изградба на електронски системи за наплата на наплатна станица Гевгелија во период од 18.03.2019 до 18.09.2019 на магистрален пат А1, делница Демир Капија – Гевгелијаи обратно, сообраќајот ке се одвива согласно oдобрението за времен режим.Од 08.04.2019 до 11.04.2019 се изведуваат градежни активности за поставување на индуктивни јамки на Автопатот А1, делница Миладиновци - Куманово(стара наплатна станица Романовце) за што има промена на режимот на сообраќај.Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.Регионалниот пат Р-2332 патен правец Ресен – Охрид(Отешево - Трпејца, преку национален парк Галичица) од 15.11.2018 е затворен за сообраќај. Од охридската страна возилата со вкупна тежина до 3,5 тони можат да соообраќаат само до месноста “Kорита”.Се очекува да биде отворен на 01.05.2019 год.На 04.04.2019 година од 11:30 часот поради оштетување на мостот во с.Ваташа на регионалниот пат Кавадарци - с.Мрежичко воведена е забрана за ТМВ.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 6 години

6 год.
oliver-spasovski

Министерот Спасовски со критики дека судството не е реформирано

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски смета дека намалувањето на затворската казна на возачот кој ја прегази студентката Фросина Цековска од Крива Паланка покажува дека судството не е реформирано, пренесе порталот СДК.„Одлуки на суд не коментирам. Но ова што се случи со студентката од Крива Паланка, покажува колку треба да се реформира судството. Судски одлуки не се коментираат, но судски одлуки кои се лоши за државата и поединецот, заслужува да се реагира. Минавме тежок период од 11 години кога правилата станаа исклучоци а исклучоците правила, во кој се промени менталитетот на граѓаните, одговори министерот Спасовски на прашање од граѓанин на трибина во Велес, за безбедноста во сообраќајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
1-2-2

Пендаровски: Десет години државата ја водеше човек кој го делеше народот

Со ваша поддршка за избор на претседател давате ветер во грб на оваа владина структура која за само две години направи многу важни работи за државата како што се договорите со Бугарија, Грција и законот за јазици со што е затворен Охридскиот рамковен договор. Со сето тоа Северна Македонија ја делат само два месеци од приклучокот кон Европската Унија, каде освен географски се обидуваме и културолошки и политички да бидеме составен дел, порача претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски од митингот во Тетово.-Десет години државата ја водеше човек кој го делеше народот и се интересираше само за неговите од партијата и етничката заедница. Но ние не велиме така. И пред пет години и сега рековме дека на Македонија и треба заеднички претседател. Наместо пари за споменици и слични глупости време е парите да одат кај народот. Од 2006 до 2016 се иселија повеќе луѓе отколку во првата деценија од самостојноста, рече Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Силјановска: Правам грешки, но барем не навредувам

Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за претседател на Македонија со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, синоќа во „Отворено студио“ на телевизија Алфа рече дека прави грешки на митинзите, мислејќи на имињата на градовите, но вели дека тоа е подобро отколку да се користи со навреди.-Кога одам на повеќе дестинации сакам да знам за сите проблеми на населението, се концентрирам на тоа и понекогаш се прават технички грешки, некогаш надвор кандидатите прават намерно такви грешки и се извинуваат, изјави Силјановска, која потенцираше дека од неа ниту некој чул, ниту ќе чуе понижување, навреда како што може да се слушне од еден од кандидатите во кампањата, рече Силјановска.За новото уставно име рече дека навлегува во правото на самоопределување, но дека не планира да го „пречкртува“.- Ми пречи „решението“. Ниту сум сопственик ниту креатор на ваквата кованица. Отуѓен и нетранспарентен беше процесот. Спротивно на уставот и меѓународното право. Не можам да пречкртувам, но прво ќе се обидам да укажам на заканите по меѓународното и домашното плата. Повикувајќи се на правото и правдата најпрво и укажам а потоа и ќе се обидам да го ревидирам, вели Силјановска.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Облачно со врнежи од дожд, викендов пад на температурите

Времето во земјава ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер, особено во северните и источните делови.Утринската температура ќе се движи од два до 10 степени, а дневната температура од девет до 23 степени.Во Скопје ќе биде ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе достигне до девет степени, а дневната температура до 19 Целзиусови степени.Максималните дневни температури ќе бидат во Маврово 10 степени, Пхрид 15, Битола 17, Кавадарци 21, Крива Паланка 16, Берово 15, Дојран 23 степени.Продолжува периодот на променливо и нестабилно време со локални врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Пообилни врнежи се очекуваат од петок попладне, во текот на ноќта и во сабота, кога ќе има пад на дневната температура.

Македонија | пред 6 години

6 год.
56816041_10218242931607796_396725416166948864_n

(ФОТО) Ќосето од ќелија: И во зандани пише аго „Слобода или смрт“

Осудениот за настаните од 27 април, Горанче Ангеловски Ќосето на својот фејсбук профил постави фотографија со натписот „Слобода или смрт“.Тој беше осуден на 12 години затворска казна, поради инцидентите во Собранието во 2017 година.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10218242931567795&set=a.10203558928996908&type=3&theater

Македонија | пред 6 години

6 год.
siljanovska-1

Силјановска до Пендаровски: Да се биде залутан патник во политиката е предност

Претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова преку Фејсбук порача дека не е „Залутан патник во политиката“, препознавајќи се во рекламните спотови на кандидатот од власта.„Во некои од рекламните спотови на кандидатот од власта, се зборува за „Залутан патник во политиката.“ Да потсетам на некои работи кои, очигледно, на кандидатот од власта не му се познати. Имено, живееме во време кога дискусиите во Европа се во правец на што поголемо владеење на правото во земјите членки, но и на оние кои сакаат да бидат дел од неа, како и казнување на оние земји што не го почитуваат владеењето на правото.Овој тренд бара нови лица. Многу „залутани“ личности се врвни европски и светски политичари. Еве и Словачка ја избра првата жена претседателка. Истакнатата адвокатка се појави на политичката сцена директно од судницата. Или треба да ве потсетам на Макрон и на неговото деби во политиката? Да се биде аутсајдер во политиката или залутан патник, како што мојот противкандидат милува да каже, е предност и тренд во Европа.На граѓаните во Македонија им е преку глава од лажни ветувања на вообичаеното лице на политиката. Граѓаните сакаат голема промена со лице кое нема багаж.Јас, докажана во академската работа, докажана како експерт, со целиот интегритет и непроменливост на ставови, бидејќи се основаат врз право и наука, ќе го прекинам трендот на лажни политичари, ќе ја воспоставам правдата и ќе ја вратам довербата на граѓаните во државата.Можеби имам различен стил од сите досега, но затоа сум сигурна дека сум вистинската промена! Јас сум страстен поборник за право и правда, за почитување и заштита на човековите права по сите основи и за еднакви можности за сите“, се вели во објавата.

Коментари | пред 6 години

6 год.
46804282_2706308569637663_264683870786420736_n-1

Мицкоски: Пендаровски е избран на мафијашки начин во скап и луксузен хотел

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на митинг во Сопиште се обрати пред граѓани, истакнувајќи дека Пендаровски е избран на мафијашки начин во скап и луксузен хотел, додека Силјановска Давкова е избрана на демократски начин на Конвенција во Струга со огромно мнозинство од страна на делегатите на ВМРО-ДПМНЕ.-Зошто он вели дека е 102, 5 проценти е ист како Зоран Заев, затоа што на деспотски начин во мафијашки стил во еден скап и луксузен скопски хотел беше назначен од страна на Зоран Заев. За разлика од него ВМРО-ДПМНЕ имаше внатрепартиска дебата деветмина кандидати се пријавија, делегатите на Конвенцијата во Струга во огромно мнозинство својот глас го дадоа за идниот претседател а тоа е Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова и тоа претставува пример на една внатрепартиска демократска дебата, кажа Мицкоски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Условна затворска казна за Медицинската сестра која издавала лекови со поминат рок

Медицинската сестра од Велес, Павлина Петровска доби условна затворска казна оти на пациентите во болницата кадешто работела им давала лекови со изминат рок, пренесува СДК.Петровска во Основен суд Велес ја признала вината за кривичното дело производство и пуштање во промет на штетни средства за лекување и доби казна од три месеци затвор, што ќе ги одлежи ако во период од една година стори ново кривично дело.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Sulejman-Rexhepi

МВР „ги засука ракавите“ ќе го истражува говорот на омраза кај реисот Сулејман Реџепи

Секторот за компјутерски криминал во МВР отвора предмет врз база на  документи за случајот со говор на омраза кај реисот Сулејман Реџепи. МВР ги превзема работите во свои раце, откако вчера Хелсиншки комитет поднесе кривична за ширење говор на омраза и излагање на подбив на македонскиот народ. Се анализира дали неговиот говор кога дава квалификации на „див“ и „непримерен народ без идентитет“.- „Министерството за внатрешни постапува по поднесената пријава од страна на Хелсиншкиот комитет , случајот се документира и во текот на денот ќе биде известено јавното обвинителство.“ - велат од МВР.

Македонија | пред 6 години

6 год.
karpos-sver-1

Карпош ќе добие три нови сквера

Со  усвојување на одлуката за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Карпош и Град Скопје за изработка на проектна документација, реализација и одржување на јавни површини, локалната самоуправа ќе добие три нови сквера на нејзината територија. Како што нагласи и градоначалникот Стефан Богоев, станува збор за комплетно урбано, хортикултурно и  реквизитно уредување на новите скверови, со патеки и корпи за  отпадоци. Локациите дополнително ќе бидат утврдени.Во соработка со Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, три локации во Општина Карпош дополнително ќе се раззеленат и облагородат. Булеварот „8. Септември“, од двете страни на улицата, на аголот помеѓу ул. Љубљанска и ул. „Волгоградска“ во урбаната заедница Карпош 4, како и просторот околу Драмски театар, во Карпош 2, ќе бидат хортикултурно уредени.На денешната седница на Советот на Општина Карпош, советниците ја  изгласаа  Одлуката за утврдување на реонизација на основните училишта кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа. Исто така се утврди реонизација на јавните установи - општински детски градинки во Карпош.Членовите на Советот дадоа согласност за  формирање на комисија за прием на деца над капацитетот и утврдување на критериумите за прием на деца во четирите детски градинки во Општина Карпош: „Пролет“, „Мајски Цвет“, „ Распеана Младост “,  и „Орце Николов“. 

Скопје | пред 6 години

6 год.
krv-karpos-3

Бесплатна крвна анализа за социјално загрозени и изнемоштени лица

Општина Карпош се приклучи кон хуманитарната акција на Лајонс клубот – Карпош, за бесплатна крвна анализа – крвна слика за вкупно 100 социјално загрозени граѓани и повозрасни, изнемоштени лица. Во просториите на урбаната заедница во Карпош 1, утринава, крвна анализа направија десетици наши сограѓани, а истата ја спроведе специјализиран медицински тим од лабораторијата „Авицена“.На денешната акција присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, кој со гувернерката на „Лајонс“ Дистрикт 132 Македонија, Соња Бојаџиева размени повеќе предлози за идна соработка меѓу локалната самоуправа и „Лајонс“ клубот. Оваа хумана акција има за цел да обезбеди здравствена заштита и превенција на социјално ранливите категории на граѓани. 

Скопје | пред 6 години

6 год.
antikorupciska-komisija

Антикорупциска комисија одби осум од деветте преговори на опозиската ВМРО ДПМНЕ

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ги разгледуваше првите приговори за злоупотреба на државни средства во изборната кампања, поднесени од најголемата опозициска партија ВМРО – ДПМНЕ. Антикорупциска одби 8 од 9 приговори поднесени од ВМРО-ДПМНЕ за прекрушвања на изборниот законик. Две од нив се однесуваат на субвенциите на Град Скопје за велосипеди и клима уреди. Опозициската партија тврди дека јавните повици се објавени по распишување на изборите,а средствата се обезбедуваат од буџетот. Градоначалникот Шилегов пак вели дека субвенциите се дел од програмата на градот за почист воздух.И покарј одбиените претставки, ВМРО-ДПМНЕ денеска објавува нови примери за прекршување на изборниот законик, незаконски вработувања и користење државни ресурси за партиски цели. Сето ова според опозицијата, го покажува стравот на СДСМ од пораз на изборите.Барањето на ВМРО-ДПМНЕ да се испита дали власта ги користи општинските канцеларии на Шуто Оризари за промоција на својот кандидат е единствената претставка прифатена од комисијата за спречување корупција.Одбиените приговори можат да бидат поднесени до управниот суд во рок од 24 часа, а судот треба да одговори за 48 часа.

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC_01-1

Комеморација во ВМРО ДПМНЕ по повод трагичната смрт на Билјана Беличанец

Денеска, 10.04.2019 година, во Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, беше одржана комеморација по повод трагичната смрт на Билјана Беличанец , актерка, политичар и поранешна градоначалничка на општина Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.На комеморацијата свои проштални говори имаа претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателката на УЖ Благица  Ласовска, како и поранешната претседателка Даниела Рангелова, но нејзиниот колега од театарските штици Роберт Велјановски. Присутни беа голем дел нејзини колеги, соработници, членови на нејзиното семејство.Во своето обраќање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски преку цитатат на Шекспир ја опоша Беличанец, тој рече:- Шескпир рекол „Не плашете се од големината: некои луѓе се раѓаат големи, некои стекнуваат големина, а на некои им доделена.“ Билјана беше дел од првата категорија на луѓе, тие кои се раѓаат големи. Таа беше предодредена да биде голема. И тоа не само во својата професија, туку и како човек, пријател, соработник. Професионалец. Поседуваше редок и раскошен талент, огромен човечки габарит. Во нејзе се судруваа контрастите на бесконечната насмевка, детската чистина, и огромната и нескротлива желба да ги направи луѓето околу себе среќни, задоволни, исполнети, дури и би рекол нештедејќи се себеси, жртвувајќи се за да измами насмевки, среќа, задоволство кај другите.Мицкоски посочи дека Беличанец лавовски се борела и во општината, додека била градоначалничка на Кисела Вода, општина која имала големи проблеми, при што успеала да направи многу.Драга моја Беличанец, во овие моменти ние ја продолжуваме битката за која ти говореше далеку пред времето. Потрагата по правдината, чесноста, мечтаењето, тагувањето и радувањето, кажа Мицкоски.Тој го заврши  своето обраќање со повик за еден огромен аплауз наместо молк, затоа што како што рече остануваме да го славиме нејзиното дело и име.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Велешанец заработи кривична пријава за компјутерска измама

Денеска (10.04.2019), по претходно обезбедени судски наредби за претрес поради сомнение за сторено кривично дело компјутерска измама, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР изврши претреси на објекти во кои престојува Т.А.(35) од Велес, и тоа на ул.„23 Октомври“ во Скопје и на ул.„ Орце Мартинов“ во Велес.При претересите пронајдени се предмети што потекнуваат и се поврзани со кривичното дело и тоа два GSM gateway уреди, еден уред за поврзување на опремата, еден simbox уред, 38 сим картички и еден мобилен телефон од кој е вршена активација на картичките.Против Т.А. ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство поради основано сомнение за сторено кривично дело компјутерска измама по чл. 251-б од КЗ на РСМ. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презема дополнителни активности со цел да се утврди дали пронајдената опрема и сим картички биле користени и за други нелегални активности.

Македонија | пред 6 години

6 год.
crna-dupka

(ВИДЕО) Објавена првата фотографија од црна дупка

Тим научници ја објави првата фотографија од црна дупка, оддалечена 55 милиони светлосни години од Земјата.  Широка е 40 милијарди километри, три милиони пати поголема од големината на Земјата и научниците ја опишуваат како „чудовиште“.Црната Дупка е оддалечена 500 милиони билиони километри од земјата и била фотографирана од мрежа на осум телескопи низ светот. Детали за фотографијата беа објавени денеска во списанието „Astrophysical Journal Letters“.„Она што го гледаме е поголемо од нашиот Соларен Систем. Има маса која е 6,5 милијарди пати поголема од онаа на Сонцето. И е Црна Дупка која сметаме дека има најголема маса од сите кои постојат. Се работи за вистинско чудовиште, шампион во супер-тешка категорија на црните дупки во Универзумот“, вели за Би-Би-Си професорот Хејно Фалк, од Универзитетот Радбуд во Холандија, кој го предложил експериментот.Фотографијата се совпаѓа со тоа како црните дупки ги замислуваа теоретските физичари, но и холивудските режисери.Револуционерната фотографија ја направил телескопот Ивент хорајзон (EХT), мрежа од осум радиотелескопи што опфаќаат локации од Антарктикот до Шпанија и Чиле, а во потфатот учествувале повеќе од 200 научници.„Првпат го фотографиравме овој најтаинствен објект“, рече Зири Јунси, еден од научниците, кој предава Универзитетскиот колеџ во Лондон. „Ова буквално е порта што води надвор од универзумот во нешто сосема непознато“.

Магазин | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања