Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
siljanovska

Гога има двоен идентитет, со “љ” и “лј”

Кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ со “двоен идентитет”. На социјалните мрежи се отвори дебата кое е вистинското, односно точното презиме на Гордана, оти на различни места, таа различно е потпишана.Низ медиумите, но и на социјалните мрежи, Гордана е Силјановска, додека пак на промо материјалите, таа е потпишана со “љ”, односно Сиљановска. На документот кој денес СДСМ го објави, професорката е исто така потпишана со “љ” во презимето.Интересно е што кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ не реагира на тоа како е пишано нејзиното презиме, иако бурно реагира за промената на уставното име, а истовремено не го користи Северна Македонија во нејзините говори.На социјалните мрежи, некои од корисниците коментираат “Гога има двоен идентитет, па сеа не знам дали едниот ине за Северна Македонија, а другиот за Македонија”, “Како може кандидат кој не знае како се презива да ни биде претседател? За Гога прашувам”, “Ај кажете и на Гога да си го утврди идентитетот”.

Македонија | пред 6 години

6 год.
siljanovska-1

И кога сме немале држава сме биле Македонци, смета Силјановска

Според меѓународното право, според нормите на УНЕСКО, сè што е на ваша територија е ваше. Сè што е наша територија е наше. Ова вечерва од Неготино го порача Гордана Силјановска Давкова.Ние не само што сме должни да го чуваме тоа, туку и УНЕСКО ни вели дека треба да се грижиме за културното богатство и наследство. Како може кога газите по Хераклеа или по античкиот театар или по Стоби да не верувате дека тоа е дел од вашата историја? Никој никогаш кога настанувале државите и нациите во 19 век, не се закитил не го одбрал името Македонија и Македонци. Знаел дека е зафатено, зошто ние сме потомците на тие луѓе, рече Силјановска Давкова.

Македонија | пред 6 години

6 год.
56344508_317288455642262_4354047203971432448_n

Позната причината поради која “пежото” заврши во езеро

Невнимание е причина за несекојдневната случка кога автомобил утринава заврши во водите на Охридското Езеро.Увидот на полицијата за утврдување на околностите под кои возилото марка „пежо“, со охридски регистерски таблички, завршило во езерото покажа дека жената која управувала со возилото, го паркирала автомобилот пред поранешното музичко училиште на кејот на Охридското Езеро, а потоа го напуштила без соодветно да го обезбеди, односно не ја кренала рачната сопирачка.Конфигурацијата на теренот, односно косината на паркинг-местото, била причина возилото да се придвижи нанапред и да заврши во езерската вода.

Македонија | пред 6 години

6 год.
56480371_409142956316417_8550796951623303168_n

(ФОТО) Депонија сред Центар, веднаш до Триумфална капија

Македонската метропола се гуши во ѓубре на сите страни. Речиси да нема чиста општина во главниот град кој наместо да биде огледало станува депонија.До зградата на Рекорд, на само 100 метри од плоштадот Македонија куп ѓубре.  Ваква слика го краси центарот на Скопје.„Ова е срамота. Ова ни е огледалото пред светот. Странците доаѓаат да го видат центарот на Скопје, а насекаде депонија“, реагираат жителите. 

Скопје | пред 6 години

6 год.
mrtov

Пронајдено безживотно тело во објект во Скопје

На 02.04.2019 во 18.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во објект на улица „Босна и Херцеговина“ било пронајдено починато лице Р.Ф. (40) од Скопје без видливи траги на насилство. Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

Скопје | пред 6 години

6 год.
heroin-111

Кај стружанец и охриѓанец пронајден хероин

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против И.Т.(38) од Струга и И.С.(47) од село Долно Лакочереј, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 09.05.2018 година во Струга полициски службеници извршиле преглед кај второпријавениот, при што пронашле и одзеле хероин. Тој изјавил дека хероинот го купил од првопријавениот. По преземени мерки, полициски службеници извршиле преглед над првопријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.

Македонија | пред 6 години

6 год.
134301833

Нова измама за огревни дрва, овој пат измамена 82 годишна Битолчанка

На 02 април во СВР Битола, 82-годишна жена од Битола пријавила дека истиот ден околу 10.30 часот била измамена од непознато лице. Според пријавеното, во нејзиниот дом во Битола лицето и понудило огревно дрво по цена од 2500 денари заметар кубен. Таа му дала 10.000 денари, а тој требало за 20 минути да и донесе четири метри кубни огревно дрво. Лицето не се појавило подолго време и таа заклучила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
ademi-kultura

Адеми не дал оставка, велат од Министерството за култура

Министерството за култура ги демантира шпекулациите пласирани во одредени портали за наводна оставка на министерот за култура Асаф Адеми.Министерот Адеми без застој во работата ги извршува своите редовни работни обврски, и активностите на Министерството за култура се одвиваат според тековната динамика, се вели во демантот од министерството за култура.https://www.facebook.com/Ministerstvo.za.kultura/photos/a.1572749039415834/2368364176520979/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

На покривот од затворот во Тетово, кеса со марихуана

На 02.04.2019 околу 09.40 часот во СВР Тетово, вработен во Казнено-поправната установа „Затвор Тетово“ пријавил дека на покривот од магацинот забележал најлонска кеса, во која, подоцна, било утврдено дека има марихуана. Марихуаната била подигната за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
stop-policija

Во Битола се „ловат“ возачи кои не почитуваат сообраќајни правила

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 02.04..2019 извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас... Притоа, контролирани се вкупно 410 возила и возачи и било констатирано дека осум возачи ја пречекориле дозволената брзина, четири возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирано било едно возило, еден возач не користел сигурносен појас, а 15 возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pozar-skopje-1

ФОТО: Голем пожар кај спортскиот центар Борис Трајковски

Голем пожар избувна кај спортскиот центар „Борис Трајковски“.Според првичните информации до кои дојде КУРИР, во моментов гори дива депонија, која се наоѓа веднаш до СЦБТ.Но, на својот фејсбук профил од Министерство за безживотна средина напишаа:„Се отвори нов оган во главниот град на Северна Депонија. Нека не се секираат жителите на Смогје, Натовци се опремени со модерни сателити за снимање и ќе ги „фатат“ одговорните за огнот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
siljanovska

(ФОТО) Силјановска поднела кандидатура за претседател на Северна Македонија

Кадидатката за претседател, Гордана Силјановска-Давкова поднела кандидатура со новото уставно име, Република Северна Македонија.На официјалниот документ од ДИК, под кој Силјановска е потпишана, пишува „Листа за кандидат за претседател на Република Северна Македонија, име на поднесител на листата Гордана Силјановска-ДавковаСилјановска постојано вели дека не го признава и нема да го употребува уставното име на државата.Документот на социјалните мрежи го објави СДСМ.

пред 6 години

6 год.
DSC_3200

Костадинов : Толку од лажниот патриотизам на Силјановска

Гордана Силјановска е иста како Христијан Мицкоски и Ѓорге Иванов. Таа е лицемерна, не е искрена кон граѓаните. Едно зборува, друго прави. Силјановска вели дека не го признава и нема да го употребува уставното име на државата. Ова е официјален документ од Државната изборна комисија на кој јасно се гледа, дека Силјановска се потпишала на кандидатура за претседател на Република Северна Македонија, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.Толку од лажниот патриотизам на Силјановска.Силјановска во јавноста тврди дека нема да го употребува уставното име на државата, но нема проблем да се потпишува под уставното име заради лични цели и интереси.Исто како и Мицкоски.Граѓаните нема да дозволат лицемери и нов партиски послушник кој не е искрен со нив, нема да дозволат нов Ѓорге Иванов кој работи против ЕУ и НАТО, против интересите на државата. Граѓаните ќе одберат вистински претседател кој достојно ќе ја претставува државата. Граѓаните ќе ги изберат Стево, претседател на сите граѓани кој ќе ја води државата кон напредок, развој и инетграција во ЕУ и НАТО, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Стоилковски: Јавниот долг се зголемува и годинава ќе достигне до фантастични 53,4% од БДП

Македонската економија годинава ќе биде најслаба во регинот, а јавниот долг се зголемува и годинава ќе достигне до фантастични 53,4% од БДП. Растот на економијата, според проекцијата на Светска Банка е многу под 3,2 проценти како што милуваше да каже Заев, и ќе достигне најмногу до 2,9% од БДП. Најмногу, затоа што ќе следат ревизии и на оваа проекција, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Светската банка удри нов врел шамар и ја потврди оценката НУЛА дадена од германската бизнис заедница за економските политики на Зоран Заев и неговиот криминоген клан.Ниту економија, ниту раст ниту иднина може да се очекува ако Зоран Заев остане на чело на владата. Заедно со Анѓушев и Тевдовски, оваа тројка за економско цунами, јавниот долг длабоко загазува над психолошката граница од 50% од БДП.Од Светска банка велат дека е важно задолженоста да се користи за она што ќе гои забрза растот, но никој, ама никој во овие две години не гледа било каков развој! Почитувани Светска банка оценува дека јавен долг од фантастични 53,4% од БДП е реалност и пред нас! Па каде завршуваат тие пари? Пензиите ги скратија, инвестициите ги скратија, платите ги нема, каде одат овие пари?Продуктивноста на работниците заостанува вели Светска Банка, додека се намалувала невработеноста. Тоа е само уште еден показател за погубноста на политиките, работна сила или се иселуваат или се натрупува администрацијата- што и власта го потврди пред неколку дена.Владата троши на непродуктивни работи. Лошата фискална политика ќе направи јавните инвестиции годинава да потфрлат за 65% споредено со 2017 и 10% помалку од рекордно ниската 2018 година. Јавниот долг за 2018 е зголемен за плус 415 милиони евра наспроти долгот во 2017, а Светската банка прогнозира уште поголем за оваа година.Задолженоста вртоглаво расте, а ништо, буквално ништо нема од реализација на капиталните инвестиции. Ништо не се гради, лопата нема низ државата, а сите не задолжуваат!И Зоран Заев и СДСМ и после сето ова ќе ве лажат како била поставена стабилна основа за раст, како имале успешни економски политики, се раснело и производство и извоз и финална потрошувачка.Ќе даваат изјави со шлемови на глава, во жолти елеци на некое градилиште, по теркот на комунистичките филмски журнали!Почитувани сите во регионот го намалија јавниот долг, сите имаат повисока проекција на раст, сите се грижат за економијата- само криминогениот клан игра Ол Ин во грижата за лично богатење преку тендери и договори за сопствените фирми! Корупцијата е единственото нешто што ги интересира!Почитувани, ја девастираа државата, го понижија граѓанинот, ја распродаваат историјата, ја распродаваат иднината. Ова лудило, ова уништување мора да сопре сега и веднаш! Македонците почитувани, повторно се борат за своите правдини, и ќе се изборат, прво на претседателските и веднаш потоа на предвремени избори, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Арсовски: Уште не почната изборната кампања, СДСМ прави изборен поткуп

Уште не почната изборната кампања СДСМ веќе почна да прави изборен поткуп.Костадин Георгиевски кандидатот на СДСМ во Охрид во сред изборна кампања прави масовен поткуп на бизнисмените во Охрид, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.На вчерашната седница на советот на општина Охрид, советниците од СДСМ изгласаа одлука со која што наместо раздолжување на општината, тие вршат масовен предизборен поткуп на голем дел од фирмите кои имаат побарувања по различни основи од општината.На Костадин Георгиевски и на СДСМ очигледно заради стравот од пораз и недовербата на граѓаните, им се брза со раздолжувањето на овие 8 милиони евра за фирми, кои ги одобри Владата за општината.Но, фактот е дека, и покрај овие 8 милиони евра раздолжување, општината ќе остане должна и понатака повеќе од 9 милиони евра на правни и физички лица, долг за кој и понатака ќе продолжат да течат камати и ќе расте и понатака долгот на општината. Да потсетиме, истиот долг го направија изминатите мандати градоначалниците од редовите на СДСМ.Ова е еден масовен предизборен поткуп од страна на СДСМ и Костадин Георгиевски.Според нашите сознанија и ова е многу важно се сомневаме дека на дел од фирмите им било понудено да им се отплати долгот, но притоа морале да дадат одреден процент од добивката кај одредени луѓе.Па така јавно го прашуваме Градоначалникот и луѓето од СДСМ од Охрид, дали дел од фирмите на кои ќе им биде исплатен долгот, дел од парите ќе мораат да вратат во партијата односно СДСМ и кај Костадин?Притоа СДСМ и Костадин се се повеќе во страв и паника од изборен пораз, па затоа наместо раздолжувањето да се изврши после изборите, тие брзаат да ги завршат сите овие операции претходно, иако рокот е 1ви јуни, но и многу е важно дека не смеат да се прават вакви трансфери на пари во изборна кампања кои сепак алудираат на изборен поткуп.Сега веќе ви е и повеќе од јасно зошто на СДСМ и на Костадин им се брза.Затоа, на изборите Костадин Георгиевски и СДСМ мора да бидат казнети и ве повикуваме да се придружите на кандидатот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кандидатот за општина Охрид, за градоначалник на Охрид Митре Милошевски, и сите заедно да го направиме Охрид убав град за живеење, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ..

Македонија | пред 6 години

6 год.
taravari-1

Таравари со обвинување за министерот за образование, Арбер Адеми

Градоначалникот на Гостивар и поранешен министер за здравство од редовите на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, на својот Фејсбук профил пишува дека министерот за образование, Арбер Адеми, во екот на изборната кампања за претседател на држава, назначил директор на гимназијата во Гостивар.-Ниту во времето на Тито, ниту за време на Груевски, директорите не се сменуваа, ниту не се именуваа за време на кампања или за време избори, денеска министерот за образование назначил нов директор во гимназијата во Гостивар. Каква срамота и безличност!, стои на Фејсбук статусот на Таравари.

Македонија | пред 6 години

6 год.
ademi-kultura

Адеми поднесе оставка- реконструкција на Владата по изборите

Министерот за култура Асаф Адеми, кој е кадар на Беса, поднел оставка од функцијата. Тој веќе ја депонирал оставката, но нема да биде избран негов наследник до изборите. Моментно Адеми не оди на работа и го користи одморот.Инаку Адеми вели дека се повлекува од функцијата поради здравствени причини, иако шпекулациите се дека Адеми е разочаран од тоа што мораше да ја измени годишната програма за доделување на средства во културата. Тој цврсто застана во одбрана на конкурсот и доделенеите пари, но во јавноста, нема дилема, одлуката и распределбата беа оценети како контроверзни.Но, нема само Адеми да ја напушти Владата. Неофицијално дознаваме дека по изборите ќе има реконструкција на Владата. Засега како спорни министрества каде ќе има промена се спомнуваат министерството за животна средина и просторно планирање и министестерствот за образование, поточно, замена ќе се бара за Садула Дураку кадар на ДУИ, Арбер Адеми исто така  кадар од ДУИ. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
mickoski-ohrid-rez

Мицкоски: Ако, гардата и химната го навредуваат нашиот гостин, тогаш чуму ни е сето ова кое вчера ни се случуваше

Новинарите прашуваат, Мицкоски Одговара: Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски , одговара на новинарски прашања: Прашање новинар:Задоволни сте од кампањата на сите тројца кандидати? Дали е фер и демократски како што имаше најава?Христијан Мицкоски : Па ние водиме кампања за да победиме. Практично ние сме убедени дека професорката Гордана Силјановска Давкова ќе биде иден претседател на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија подржа надпартиски кандидат затоа што веруваме дека честитоста, личниот профил на кандидатот проф. Гордана Силјановска Давкова гарантира дека Македонија во иднина ќе биде едно поинакво општество и ќе излезе од ова политичко мочуриште коешто и се случува во Република Македонија од независноста до ден денеска.Мотивирани од сето ова, мотивирани од профилот на кандидатот, ВМРО- ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија води една таква кампања, оптимистичка кампања, но истовремено мораме да ги потенцираме и сите оние недостатоци коишто за жал ги има во голем број и секојдневно се појавуваат на политичката сцена во Република Македонија. Мотивирани од настапите на кандидатот за претседател на СДСМ, мотивирани од настапите на премиерот Заев, така што не можеме да останеме имуни и да бидеме вакцинирани од сите оние негативни настапи на овие политичари од Република Македонија.Често пати ги потенцираме на нашите настапи , односно даваме пример како не треба еден политичар да се однесува во Република Македонија, а професорката Силјановска преку својот пример води една позитивна кампања, практично ги претставува политиките коишто во иднина планира да ги води.Гледаме дека поддршката е се поголема, поддршката од ден на ден се зголемува и ние сме убедени во победата, најпрвин на 21-ви април, а потоа и на 5-ти мај каде што Македонија ќе добие претседател како што заслужува, надпартиски, човек кое што со своето лично CV, со својата биографија, со сиот оној кредибилитет којшто го има позади себе и како професор и како родител и како сосед и како другар ќе го гарантира.Прашање новинар: Како ја коментирате посетата на Ципрас вчера на вториот ден од кампањата? Од власта велат дека има многу бенефит од оние договори кои вчера ги потпишаа?Христијан Мицкоски : Од власта велат изминативе две години дека има многу бенефит, откако се тие власт во Република Македонија, за жал не само што граѓаните тој бенефит никако да го почувствуваат со исклучок на неколку семејства блиски до власта. Претпоставувам таков ќе биде резултат од оваа посета на господинот Ципрас, ако е бенефит да се срамиме да ја построиме македонската гарда и да ја емитуваме македонската химна каде што јасно стои дека денес над Македонија се раѓа и дека Македонците се борат за своите правдини. Ако тоа го навредува нашиот гостин, тогаш чуму ни е сето ова кое што вчера ни се случуваше во Република Македонија?Ако нашите пријатели не не прифатат онакви какви што сме, тогаш чуму ни се нас такви пријатели?Јас воопшто во сите оние најави кои што ги кажува владата на СДСМ и Зоран Заев, граѓаните не веруваат. Првата практично испорака на тие неверувања ќе се случи на 21-ви април а тоа ќе биде потврдено на 5-ти мај, а јас сум убеден дека конечно еднаш премиерот ќе си остане на зборот и откако ќе доживее дебакл неговиот кандидат, неговиот избраник на овие претседателски избори ќе распише предвремени парламентарни избори и тогаш ќе ја види вистинската состојба во Република Македонија.Прашање новинар: Вчера имаше и четврто .., за специјалното јавно обвинителство, но не открија работните групи што е договорено. Дали има веќе некој договор за Катица Јанева или за нејзиниот тим?Христијан Мицкоски : Па не би навлегувал јас во суштината за да не го загрозиме процесот. На процесот треба да му се даде шанса. Ние како што знаете имаме парола се бориме за правда но правда целосна, не селективна и за правда за определени политичари и определен временски период , туку правда во вистинска смила на зборот правда, а не трговци со правото и правдината за да реализираат определени политички цели. За жал министерката за правда нема менаџерски капацитети не успева некако да излезе од онаа матрица на сопственото политичко мочуриште со кое што е опкружена и оние флоскули од 2015 и 2014 и претходно. За жал заборава дека сега е министер на еден ресор во кој што покрај тоа што треба да има професионално знаење, треба да има менаџерски капацитети и не успева да најде баланс помеѓу тие две работи . Не успева да ги води преговорите во насока на тоа да се договориме, но сега гледаме кои биле нивните мотиви.Ние апелиравме во минатото дека Владата но и сите оние кои што сме поврзани со политиката во Република Македонија се свесни дека повторно ние како држава нема да добиеме јасна препорака за отпочнување на преговори со Европската Унија што впрочем се случи вчера и денеска ги гледаме најавите од таму повторно некоја нова формулација за некои подготвителни процеси кој што досега ниту една земја практично ги немала и за да го затскријат овој неуспех се обидуваат да ја играат играта кој е виновен зошто ние нема да добиеме преговори, се обидуваат практично да ја префрлат вината на опозицијата.Нормално ние овој несмасен обид на Министерката за Правда како и на Премиерот господинот Заев го осуетивме и ја предупредивме македонската јавност дека тоа ќе се случува и потврдата еве гледаме секојдневно стига .Практично министерката преговара за да не се договори. Еве имаме амандмани на маса нека ги прифатат амандманите ако тоа е навистина услов за отпочнување преговори да одиме во Собрание и да го изгласаме новиот закон за јавното обвинителство но очигледно дека некој ниту има намера да се договори, ниту сака да се договори а ниту пак и покрај тоа што евентуално би го изгласале тој закон за јавното обвинителство Македонија би добила датум за отпочнување на преговори. Така што долгата приказна на кратко жената за жал нема менаџерски капацитети да води едни преговори за жал, второ што можам да кажам преговараат за да не се договорат и трето за жал на македонските граѓани на македонската јавност и покрај сите понижувања и омаловажувања што ни се случија изминативе две години ние повторно нема да добиеме чиста препорака за отпочнување на преговори со Европската Унија. Најверојатно ќе има повторно некоја прослава како минатата со понекој чочек на плоштадите во Македонија но ќе чекаме изгледа некоја друга прилика и некоја друга комисија.

Македонија | пред 6 години

6 год.
1-1

(ВИДЕО од паднатиот авион) МВР: Во несреќата во која вчера падна авион, нема преживеани

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека четворицата патници од авионот кој вчера полета од Охрид за Софија се починати.„Вчера, околу 19 часот припадници на МВР го лоцираа авионот на локација на околу пет километри северозападно од Солунска глава“, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција.Во несреќата загинаа Г.А.Б. (1970 год.), К.Ц.К.Б.(1972 год.), Г.Г.Б. (2005 год.) и Б.Г.Б. (2000 год.) сите од Република Бугарија.„Министерството за внатрешни работи изразува сочувство до роднините на починатите и до сите граѓани на Република Бугарија. Службите на МВР, Институтот за судска медицина и Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти вршат увид под раководство на јавен обвинител“, рече портпаролот Ангеловски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
nance

Трендафилов: Едните лажет, Другите мамет, Заедно крадет и се амнистирет

Како прво, ја поздравувам оваа одлука, сѐ што може да се реши со договор го поздравувам, но за нештата да станат појасни морам да направам краток осврт на излагањето на в.д. градоначалникот, истакна кандидатот за градоначалник од ГДУ, Михаил Трендафилов Нанче.Тие додаваат:Во своето излагање Георгиески вели:„Со помош на Владата почнуваме со реализација на процесот на раздолжување на Општината, нејзина финансиска консолидација и почеток на нов развоен циклус.“Општина Охрид ќе го намали вкупниот долг за 948 милиони денари од кои 495 мил се средства обезбедени од Владата, 260 мил, по основ на камати и 192 мил од основниот буџет.Цитирам, со донесување на оваа ИСТОРИСКА одлука за Општина Охрид, долгот ќе се сведе на ниво од 530 мил, со тоа ќе се овозможи и полесен пристап до европски фондови. На повикот за спогодбено утврдување на долгот, се пријавиле повеќе од 100 доверители (тешко нив). Приоритет при исплата на доспеани, а не платени обврски имаат доверителите со кои е постигнато целосно откажување од каматата, односно намалување на главницата. Со 35 доверители е постигнато целосно откажување од каматата. По завршување на процесот на договорање успеале да остварат заштеда на долгот само по основ на камати од 260 милиони.Заклучок: Со оваа помош вкупниот долг се намали за 15 милиони и 400 илјади евра и се сведе на приближно 9 милиони евра. Се наметнуваат следните прашања и констатации:1) Од каде, чии средства Владата дава?2) Каква порака испраќа?3) За да го дополни буџетот очекувајте да си издвоите средства за казни од УЈП, полиција и одкого? Од ВАС.4) Доверителите пресреќни намалуваат главници, отпишуваат камати. Зошто?5) Во меѓувреме се поставува прашање, колку пропаднале, колку опстанале и како успеале да опстанат?6) Дали истава постапка може да се повтори и на ниво на цела Општина со отпишување на долгови на фирми и приватни лица?7) После се, не научивме кој, зошто, како го направил тој долг, дали има криминал?Сево ова мора да има завршница!Јас ќе бидам ваш градоначалник, а не партиско-мафијашки.Изборот е ваш!!!И запамтете веќе еднаш:Едните лажетДругите маметЗаедно крадет и се амнистирет, истакна кандидатот за градоначалник од ГДУ, Михаил Трендафилов Нанче. https://www.facebook.com/MihailTrendafilovNanche/videos/789666334739855/?v=789666334739855 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања