Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
Нема фотографија

Семејно насилство во Струшкото село Горно Татеши

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „телесна повреда при вршење семејно насилство“ и „одземање на дете“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против М.А.(52) од струшкото село Горно Татеши. Тој, казнените дела ги сторил на 27 март оваа година, во стан на Кеј „8 Ноември“ во Струга со вербална распрвија и физички напад врз невенчаната сопруга. Потоа, насилно и ја одзел малолетната ќерка.

Македонија | пред 6 години

6 год.
press-2

Георгиески: Заштитата на животната средина е еден од најважните приоритети во нашето работење

Охридскиот регион заедно со Охридското Езеро е непроценливо природно богатство, па затоа Заштитата на животната средина е еден од најважните  приоритети во нашето работење. Колекторскиот систем долги години не беше функционален со целиот свој  капацитет, а во одредени периоди во годината претставуваше огромен еколошки проблем за Охридското Езеро. Благодарение на посветеноста на  Премиерот Зоран Заев и на Владата, веќе се преземени конкретни мерки за решавање на ова горливо прашање, на што сме посебно горди. Донесена е одлука за Формирање на ново Јавно претпријатие „Колекторскисистем“, кое ќе ги преземе обврските за одржување, обновување и продолжување на Колекторскиот систем, истакна Д-р Константин Георгиески, кандидат за Градоначалник на Охрид од редовите на Социјалдемократскиoт Сојуз на Македонија.Во насока на заштита на езерото, преземени се и конкретни чекори заедно со општините Дебрца и Струга за пренасочување на реката Сатеска во старото корито. Спореднајавите,проектот ќе се реализира со средства од европските фондови.Исто така започната е постапка за изработкана Студија за валоризација на СтуденчишкотоБлато, а вотек е подготовка на нов Локален еколошки акционен план на Општина Охрид.За подигнување на капацитетот и подобрување на услугите, за потребите на ЈП „ОхридскиКомуналец“ набавени се 7 специјалникомуналнивозила, а во соработкасоова претпријатие веќе се презевмени конкретни мерки за решавање на проблемот со кучињата скитници согласно сите позитивни законски прописи.Во нашата Предизборна програма имаме уште многу планови со кои сакаме да придонесеме за современи еколошки стандарди какви што му доликуваат на еден туристичкицентар. Планираме да ги следиме стандардите за модерно одлагање на отпад во урбаните зони, а ќереализирамеи проекти за осовременување на примарната селекција на отпадот во домаќинствата.Ќе преземеме активности запоставувањенановиподземнии прес-контејнери,за кои веќе има утврдени локации. Вложуваме напори за изнаоѓање на Локација за депонирање на градежен шут и цврст отпад со што би се решил проблемот  со дивите депонии во околината, особено во делот на Националниот Парк „Галичица”. Планирамеопремување на современа Претоварна станица за комунален отпад како и поставување на мерна станица за контрола на квалитетот на воздухотво Охрид.Знаеме дека  граѓанитесејасни и сериознивосвоитебарања  за чиста животна средина, одговорно гислушаме и гиразбираменивните потреби и посветено работиме да донесеме видливи резултати!Охридзаслужувадаодинапред, охриѓанизаслужуваатповеќе!На 21-ви април да го избереме бројот 7! Заедно Напред за Охрид, истакна Д-р Константин Георгиески, кандидат за Градоначалник на Охрид од редовите на Социјалдемократскиoт Сојуз на Македонија. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
9C422137-1C8E-4609-815A-EAA820241295

ОЈО Скопје работи на утврдување на причините за авионската несреќа

Двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со екипи на Министерството за внатрешни работи, судска медицина и други релевантни институции утрово извршија увид во реонот на планината Јакупица каде што вчера се урна авион од типот „Цесна“ со четворица патници.Притоа, по наредба на јавен обвинител, врз телата на починатите патници ќе се врши обдукција од страна на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија.Местото на кое паднал авионот се наоѓа на исклучително непристапен терен и во моментот не постојат услови за извлекување на леталото. Локацијата е целосно обележана, а експерти од Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења на МВР и од Комитетот за истражување воздухопловни несреќи и сериозни инциденти ќе ги вештачат остатоците од авионот, со цел да се утврдат причините за авионската несреќа. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG-e24adad3d4c41d6c9a7fc700d717bb1e-V

Каратисти на „Маваши“ од Кисела Вода освоија 4 медали на меѓународен турнир

На меѓународниот турнир „Солидарност опен 2019“ кој се одржа во Скопје каратистите на „Маваши“ од Кисела Вода освоија 4 медали, од кои 2 златни и 2 бронзени.Во конкуренција од над 500 натпреварувачи на турнирот златни медали освоија Ана Љубевска, генерација 2008 година и Адријан Зекири, помлад кадет. Додека, со бронзени медали се закитија Атила Зекири, помлад кадет и Марта Димковска, кадет.

Скопје | пред 6 години

6 год.
9C422137-1C8E-4609-815A-EAA820241295

ОЈО Скопје врши увид на местото на авионската несреќа

 Двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје од утрово се на увид во реонот на планината Јакупица каде што вчера се урна авион од типот „Цесна“ со четворица патници.Обвинителите го вршат увидот заедно со екипи на Министерството за внатрешни работи, судска медицина и други релевантни институции за утврдување на причините за авионската несреќа. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Нема ден без напади од кучиња скитници – се нижат пријави

На 02.04.2019 во 15.40 часот во Полициската станица Центар, Н.Д. од Скопје пријавил дека истиот ден околу 11.30 часот на улица „Македонија“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.На 02.04.2019 во 08.30 часот во Полициската станица Аеродром, Н.А.(58) од Скопје пријавил дека на 01.04.2019 околу 13.00 часот на булевар „12-та Македонска Бригада“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Скопје | пред 6 години

6 год.
zaev-borisov-1

Борисов: Спремни се одма да испратиме хелихоптери за Македонија

Бугарскиот премиер Бојко Борисов разговарал со премиерот Зоран Заев за урнатиот приватен авион, во кој загина четиричлено бугарско семејство. Борисов за бугарските медиуми посочил дека е подготвен да прати хелихоптер на местото на несреќата. Тој изразил надеж дека тимовите ќе ги разјаснат причините кои довеле до уривање на приватниот авион.Пронајдени се телата на четворицата патници од авионот што попладнево се урна на Солунска Глава. Станува збор за Бошнаков Ангелов Георги роден 1970 год, Бошнакова Георгиева Гергана, родена 2005 год., Бошнакова Георгиева Билјана, родена 2000 год. и Корнајева Цонева Калина родена 1972 година.Главниот помошник за безбедност на летовите во Техничкиот универзитет во Бугарија, Марин Петров, за тамошните медиуми изјавил дека при воздухопловни инциденти, се разгледуваат сите причини кои би можеле да доведат до несреќа. Според него, ќе треба да се провери обуката која ја поминал пилотот, состојбата на авионот, временските услови.

Свет | пред 6 години

6 год.
nesrekja-avion

(ВИДЕО) Пилотска грешка или проблеми со моторот - Што ја предизвика авионската несреќа?

Главниот помошник за безбедност на летовите во Техничкиот универзитет во Бугарија, Марин Петров, за тамошните медиуми изјавил дека при воздухопловни инциденти, се разгледуваат сите причини кои би можеле да доведат до несреќа. Според него, ќе треба да се провери обуката која ја поминал пилотот, состојбата на авионот, временските услови.„За овој тип летало, кога има силни турбуленции и силно струење, е забрането да лета низ такви облаци. Тоа е крајно опасно, оти брзината на потоците е толку голема што може да доведе до паѓање на авионот и уништување во воздух“, објаснил Петров.Тој објасни дека Георги Бошнаков имал аматерска лиценца, за управува со мали авиони. Таа лиценца се стекнувала со курс од неколку месеци, кој вклучувал 140 часа тероија и 40 часа пракса.Петров беше дециден дека во воздухопловството, во овој случај, одговоноста е на пилотот.Димитар Ставрев пак, новинар кој истражува авионски несреќни, рече дека малиот авион со еден мотор бил во добра сосојтба и покрај неговата старост.„Дел од пилотите кои управуваат вакви летала, сметаат дека тоа е како да возиш џип, односно можеш да возиш во секое време и покрај сите пречки на еден таков лет“, рекол Ставрев за „Бугарија ОН АИР“.Според експертот за воздухопловство, Ангел Борисов, на местото на несреќата е многу тешко да се лета, оти има серија на високи врвови. Според него, теренот е многу опасен. Експеротот претпоставува дека и покрај лошите временски услови, пилотска грешка е причина за несреќата. Пилотот прво барал да слета во Скопје, а потоа заминал за Софија. Третата веројатност, според експертот, може да е неисправност на моторот на авионот.Експертот Ангел Борисов додава дека пилотот ја потценил ситуацијата. Тој коментираше дека имало итна ситуација, што го принудила да го спушти авионот.„За мене турбуленцијата не е нешто што треба да го присили пилотот да влезе под нивото на врвовите. Можно е да имало проблем со моторот. Можеби и проблем со управувањето на авионот“, додаде експертот за бугарската телевизија.Регистрацијата на авионот била германска, а пилотот имал бугарска лиценца.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pozar-stolb

Изгаснат пожарот на Огражден, изгоре 30 хектари нискостеблеста шума, бука и смрека

На 02.04.2019 бил изгаснат пожарот во атарот на с.Бајково, с.Баделен и с.Стиник на планината Огражден, кој беше активен неколку дена. Опожарена била површина од околу 30 хектари нискостеблеста шума од бука, смрека и габер.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pozar-drvja

Пожар кај Блаце, за среќа брзо локализиран

На 02.04.2019 околу 14.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во правец од с.Долно Блаце кон с.Горно Блаце, скопско, долж државната граница, кај место викано „Барди мост“, настанал пожар при што горела нискостеблеста шума. Околу 19.00 часот пожарот бил локализиран.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Турчин сакал да премина граница со камион со фалсификуван зелен картон

На 02.04.2019 во 14.20 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, при пасошка контрола и контрола на товарно возило „Даф“ со полуприколка со турски национални ознаки, што го управувал П.Р.(45) од Република Турција, било констатирано дека зелениот картон од возилото бил фалсификуван. Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Албанец сакал да премине граница со пасош каде недостасуваат страници

На 02.04.2019 во 12.25 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, при пасошка контрола било констатирано дека во патната исправа на лицето Б.Е.(28) од Република Албанија недостасуваат неколку страници. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

6 год.
marihuana2

Приведен 46 годишен Гевгеличанец, поради трговија со дрога

На 02.04.2019 во 16.30 часот во Полициска станица Гевгелија од слобода бил лишен И.М.(46) од Гевгелија поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

6 год.
9C422137-1C8E-4609-815A-EAA820241295

МВР пристапи до авионот кој падна кај Солунска Глава, акцијата продолжува

Од утрово интензивно се работи на извлекување на телата и увидот кај Солунска глава, по вчерашната вионска несреќа. Екипи на Министерството за внатрешни работи, заедно со Комитетот за истражување на воздухопловни несреќи. На местото е присутен и јавен обвинител на местото каде загина четиричленото семејство од Бугарија.Авионот „Цесна“ кој вчера во 16:16 часот се изгубил од радар, а летал од Охрид до Софија, беше лоциран по 19 часот, северозападно од Солунска Глава. Акцијата на МВР беше прекината поради лошите временски услови, но и непристапниот терен.Лоцирањето било направено од воздух, но било невозможно да се пристапи до теренот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
56344508_317288455642262_4354047203971432448_n

ВИДЕО: Автомобил падна во водите на Охридско Езеро

Утрово возило со марка „Пежо“ заврши во Охридско Езеро.Според неофицијални информации, автомобилот бил управуван од охриѓанка, која се паркирала на кејот и заминала да пие кафе во локалните кафичи.[embed]https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/314724162553668/[/embed]По кратко време, автомобилот паднал во езерото. Непознато е дали станува збор за грешка на возачот или пак, некој намерно го турнал автомобилот.Полицијата изврши увид, а ќе ги прибавува и снимките од назорните камери, за се утврди причината.Возилото во моментов од Охридско Езеро го вадат возила на противпожарната бригата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
siljanovska

СДСМ: За каква правда зборува Силјановска кога брани насилници осудени за 27 април

Гордана Силјановска е лицемерна и нуди лажен патриотизам исто како и Христијан Мицкоски. Дури и слоганот на Силјановска е лажен и лицемерен. За каква правда зборува Силјановска кога брани криминаци и насилници осудени за насилствата од 27 април?, велат од СДСМ.„Се повикува на правда, а ниту еднаш не се огради од тоа што почесниот претседател на партијата што застана зад нејзината кандидатура е осуден криминалец и бегалец од правдата.Силјановска лаже дека е натпартиски кандидат, лаже дека е за правда и е иста како Христијан Мицкоски.Лицемерното однесување пред граѓаните е неприфатливо.Затоа граѓаните на изборите ќе одберат искрен и чесен претседател кој ќе работи во интерес на правото и правдата.Граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски, вистински претседател што достојно ќе ја претставува државата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
nato-mkd-3-1170x780

Дипломатска дискусија „Патот до Брисел”

Дипломатска дискусија на тема „Патот до Брисел” ќе се одржи денеска во Владата на Република Македонија, на која ќе се обратат премиерот Зоран Заев и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.Ќе се дебатира за процесот на ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, а ќе учествуваат и амбасадори на земјите членки на НАТО во нашата држава.Настанот, во рамките на НАТО неделата, го организираат Министерството за одбрана, Евро Атлантскиот совет (АТА) и амбасадата на Република Словенија.

Македонија | пред 6 години

6 год.
b0e64fd0d4bb388d91f7ae215ced368c_w790

Полицијата казни 71 возач за погрешно паркирање

Девет лица се полесно повредени во седум од вкупно 11 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во четири сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.Според податоците на СВР Скопје, издадени се казнени мерки за 18 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, еден возач кој возел под дејство на алкохол, 12 пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и четири возачи почетници.Од сообраќај се исклучени и 12 нерегистрирани возила. Издадени се и казни за 71 возило за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 54 возила.Санкционирани се и четворица возачи кои поминале крстосница на црвено светло, четворица возачи кои  не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца за неправилно престројување, еден за неправилно престигнување,  двајца возачи на мотор, мопед и мотоцикл за некористење заштитен шлем, еден за неносење сигурносен појас и тројца за користење на мобилен телефон додека возеле.

Скопје | пред 6 години

6 год.
MFA_8353

Димитров денеска на состанок на министрите за надворешни работи на земјите од НАТО

На покана на Генералниот Секретар на Северноатлантската алијанса, Јенс Столтенберг идомаќинот, Државниот Секретар на Соединетите Американски Држави, Мајк Помпео, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров денес и утре ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, кој се одржува во Вашингтон. Станува збор за прв состанок на министерско ниво за надворешни работи на кој што претставена преку министерот Димитров, нашата држава активно ќе учествува во својство на поканета земја за членство.Прославувајќи ја 70 годишнината од формирањето на Северноатлантската алијанса, Вашингтон ќе биде домаќин на серија пригодни настани и свечености, на кои ќе учествува и МНР Димитров. Во таа смисла, особено е значајна конференцијата „NATO Engages: The Alliance at 70”, на која министеротДимитров, во друштво на својот грчки колега, ќеговори за: „Наследството и иднината на НАТО политиката на отворени врати“, непосредно пред изјавата на потпретседателот на САД, Мајк Пенс. Се очекува на конференцијата да присуствуваат повеќе од 200 официјални претставници на државите-членки на НАТО. Јубијелот ќе биде симболично одбележан со прием во Andrew W. Mellon Auditorium, каде што во 1949 год. бил потпишан Договорот со кој се ставени темелите на Северноатлантската алијанса. Церемонијата ќе биде заокружена со поздравни обраќања на Државниот Секретар, Помпео и Генералниот Секретар на НАТО, Столтенберг.Работната посета на Вашингтон ќе биде особено збогатена со непосредните средби што министерот Димитров ќе ги оствари со Државниот Секретар на САД, Мајк Помпео и Филип Рикер, Помошник Државен Секретар. Се очекува посебно внимание да биде посветено на безбедносните предизвици со кои се соочува алијансата и придонесот на нашата земја кон глобалната благосостојба.Во својство на „поканета земја - invitee“, министерот Димитров активно ќе учествува на двете работни сесии, работниот ручек и дискусиите со НАТО сојузниците, посветени на широк спектар на безбедносни дилеми и предизвици пред кои е исправена трансатлантската заедница.

Македонија | пред 6 години

6 год.
1-20

(ФОТО) Мајката на Пино го објави разговорот со премиерот Заев

Мајката на Пино Секондо (26), Маја Трпковска речиси четири месеци очајно трага по своето дете и бара ажурност и одговори од МВР.Откако во декември минатата година Пино исчезна без трага, таа редовно апелира до надлежните служби да ја сфатат сериозно, а веќе неколку седмици наназад, секоја сабота излегува на мирен протест пред Собрание во Скопје, барајќи одговори.Мајката на Пино објави фотографии од разговорот со премиерот Зоран Заев.„Дете барам сфаќате или не?Јас со Господинот Заев на некој начин се разјаснивме. Повторувам немам никаква партиска членска книшка. Имам мои лични мислења и идеи. Овде не се работи за политика! Луѓе сфаќате дека дете барам или си играте мајтап со мене!!!“, стои во објавата.Во саботата на протестот на роднините и пријателите на иcчeзнатите Пинета Секондо Пино и Арбен Аслан пред Собранието на Република Македонија, мајката на Пино истакна дека контактирала со Зоран Заев на Вибер, но тој не и враќал на пораките, по што добила пријава од премиерот за вознемирување.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања