Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
avion-360x780

Мал авион кој полетал од Охрид, исчезна кај Солунска глава

Мал авион попладнево исчезнал од радарот во пределот на Солунска Глава. Леталото полетало од Охридскиот аеродром. Не е познато колку лица имало во авионот.Познати дека станува збор за Цесна тип со авионска регистрација D-EUIB.

пред 6 години

6 год.
pistol-vperen

Тетовец со пиштол им се заканувал на две лица

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.И.(40) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.На 26.11.2018 пред дискотека во Тетово, пријавениот упатил закани со пиштол кон лицата А.С. и А.И.. По преземени мерки, полициски службеници го пронашле пиштолот „’Чешка Зборевка’’ и 10 куршуми калибар 9 мм, кои пријавениот ги поседувал со дозвола.

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-traka

Германски државјанин пронајден мртов, се предозирал со метадон

На 01.04.2019 во 18.22 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека во хангар на улица „Димче Мирчев“ во Скопје имало починат маж.Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство и било утврдено дека се работи за лицето П.М.К.(30) од СР Германија, кој претходно таму бил со Д.К.(29) и користеле метадон.По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Скопје | пред 6 години

6 год.
1

Џафери се сретна со Ципрас

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со премиерот на Република Грција, г. Алексис Ципрас, кој е прв грчки премиер што престојува во официјална посета на Република Македонија.На средбата присуствуваа и г-ѓата Атанасија Анагностопулу, алтернативен министер за надворешни работи на Република Грција и амбасадорот г. Димитрис Јанакакис, како и г-ѓата Ирена Стефоска, претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Грција и г. Андреј Жерновски, заменик-министер за надворешни работи во Владата на Република Македонија.Претседателот Џафери, оценувајќи ја средбата како историска, упати честитки до г. Ципрас и г. Заев за храброста и за преземените чекори со кои се надмина деценискиот спор меѓу двете држави и на тој начин се отвори патот за евроатлантска интеграција на Република Македонија, стратешка определба на државата и мнозинството нејзини граѓани.Како парламент, ги поддржуваме сите напори за преточување на договорната соработка во конкретни проекти, кои очекуваме да добиваат на интензитет во иднина, истакна претседателот Џафери.Тој укажа на фактот дека по стапувањето на сила на Договорот од Преспа, се воспоставува правна рамка која ќе овозможи парламентарна соработка на сите основи и во таа насока ги информираше присутните за упатената покана до неговиот колега Николаос Вуцис да оствари билатерална посета на Република Македонија, како и за упатеното барање до грчка страна за формирање на група за пријателство во Грчкиот парламент со Собранието на Република Македонија.Премиерот Ципрас, заблагодарувајќи се за дадената поддршка, истакна дека во изминатиот период се донесоа големи одлуки и се преземаа големи чекори, и во тој контекст, му честиташе на претседателот Џафери за смиреноста во водењето на институционалната постапка во однос на Договорот од Преспа, што го оцени како тежок процес и за Собранието на Република Македонија и за Парламентот на Грција.Тој изрази жалење за тридецениската празнина меѓу двата парламента и искажа очекување дека Договорот отвора можност за пополнување на таа празнина. Тој го информираше претседателот Џафери за прифатената понуда од страна на претседателот на Парламентот на Грција, г. Николаос Вуцис и изрази надеж дека истата наскоро ќе биде реализирана. Исто така, изрази поддршка на формирањето на група за пријателство во Грчкиот парламент, која ќе овозможи размена на идеи и искуства и зближување меѓу пратениците од двете држави, што ќе придонесе за зближување и на граѓаните од двете земји. Премиерот Ципрас упати особени честитки до коалиционата влада и особено до претседателот Џафери како претставник на албанскиот елемент во земјата за соодветното претставување на неговите интереси, како и во однос на можноста за користење на албанскиот јазик како официјален јазик во Собранието на Република  Македонија.Владата на Република Грција презема чекори за поддршка на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан, бидејќи верува дека тоа е патот кој ќе обезбеди мир и стабилност што е важно и за народите на овие земји, нагласи Ципрас.Тој го увери претседателот Џафери дека Грција ќе даде сериозна поддршка и ќе биде партнер од доверба во остварувањето на стратешките цели на Република Македонија.Во однос на евроинтегративните процеси, претседателот Џафери упати благодарност за можноста земјата да стане членка на Јадранско-јонската иницијатива и за овозможениот премин во втората фаза на Процесот за стабилизација и асоцијација и го информираше соговорникот за заокружувањето на реформските активности на Собранието во однос на Планот 18, по што се очекува земјата да добие и конкретен датум за почеток за преговори за членство во ЕУ во јуни оваа година.Двајцата соговорници ја изразија поддршката за претстојните процеси во однос на донесување на потребната регулатива за примена на проеките кои произлегуваат од Договорот од Преспа, кои ќе налагаат максимална поддршка од страна на двата парламента. Успешноста на нивната реализација ќе им овозможи на граѓаните да се уверат во исправноста на претходно донесените одлуки од страна на политичарите на двете земји и ќе ја унапредат соработката во голем број области од заеднички интерес за двете држави и за нивните граѓани.

Македонија | пред 6 години

6 год.
prestrelka

Пронајдена 18-годишната девојка која беше исчезната

На 02.04.2019 пронајдена е и предадена на семејството И.А. (18) од Скопје, за која на 01.04.2019 во Полициската станица Карпош од страна на мајката Ф.А.(44) беше пријавено дека се оддалечила од домот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
53245259_1681223482176943_4489936812415909888_n

НАЈНОВА ВЕСТ: Советот на Охрид изгласа историска одлука за раздолжување на градот

Советот на општина Охрид предмалку со 12 гласа „за“ ја изгласа одлуката со која на општината и се овозможува да потпишува спогодби за исплата на долговите со средствата за раздолжување на Охрид одобрени од Владата на Македонија.Седницата во текот на денов еднаш беше одложена бидејќи на неа не присуствувал советникот од ДУИ, а ВМРО ДПМНЕ најавило дека нема да гласа „за“ оваа точка, а на седницата гласаа воздржано.Од како било обезбедено мнозинство од 12 советници, оваа историска одлука на која се чекаше со децении беше изгласана.Наскоро се очекува на јавноста да и се обрати в.д. градоначалникот Константин Георгиески.Наскоро повеќе...

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-123

19-годишен скопјанец нападнат во автобус

На 01.04.2019 во 19.30 часот во СВР Скопје, Џ.Х.(19) од село Семениште, скопско, пријавил дека истиот ден околу 19.10 часот, во автобус кој сообраќал од Скопје кон село Бојане, во близина на село Глумово бил физички нападнат од две лица.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
KIR_0837

Пожар во фабрика во Скопје, пет полицајци завршија во болница

На 01.04.2019 во 23.40 часот во СВР Скопје било пријавено било дека во фабрика во село Трубарево, скопско, настанал пожар во фабрика за пластика. Поради задушување од чад, во комплексот клиники „Мајка Тереза“ биле пренесени пет полициски службеници на кои им била укажана лекарска помош и биле пуштени на домашно лекување.Во 06.50 часот на 02.04.2019 пожарот бил изгаснат од страна Бригадата за противпожарна заштита.

Скопје | пред 6 години

6 год.
prostitutklka

Ја принудувал сопругата на проституција, па таа го пријавила во полиција

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.И.(29) од село Горно Орашје, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посредување во вршење проституција“.На 26.01.2018 во Тетово, пријавениот договорил средба со лице од Косово и ја однел неговата сопруга во зграда, каде таа на лицето за паричен надомест му дала сексуални услуги, по што парите му ги предала на пријавениот.На овој начин, пријавениот во неколку наврати ја принудил својата сопруга да дава сексуални услуги, по што таа го пријавила во Полициското одделение Теарце.

Македонија | пред 6 години

6 год.
kucinja-skitnici

За 24 часа три лица каснати од куче скитник

На 02.04.2019 во 01.50 часот во Полициската станица Аеродром, А.Б.(69) од Скопје пријавил дека на 01.04.2019 околу 15.00 часот на булевар „Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.На 01.04.2019 во 22.00 часот во Полициската станица Гази Баба, З.Б.(41) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 18.30 часот на улица „Маџари“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.На 01.04.2019 во 21.45 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.Т.(78) од Скопје пријавил дека на 31.03.2019 година околу 20.00 часот на улица „Трифун Хаџи Јанев“ бил каснат од куче скитник во пределот на левото колено.

Скопје | пред 6 години

6 год.
brza-pomos

Повреден работник во печатница, итно пренесен во болница

На 01.04.2019 во 08.30 часот во Полициската станица Кочани, од Итна медицинска помош Кочани  било пријавено дека истиот ден кај нив со повреди бил донесен Е.Х.(53) од Кочани. Според пријавеното, тој се повредил додека извршувал работни задачи во печатница во Кочани.Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
stop-policija

Контролирани 337 возила во Битола

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 01.04.2019 извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас...Притоа, контролирани се вкупно 337 возила и возачи и било констатирано дека 14 возачи ја пречекориле дозволената брзина, три возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле три возила и еден возач не користел сигурносен појас.

Македонија | пред 6 години

6 год.
51982135_761934034192496_3837100924430450688_n-696x462-1

Два дена по несреќата кај Ласкарци, „Дурмо турс“ добил тендер за превоз на ученици

Превозникот „Дурмо турс“ добил тендер за превоз на ученици, само два дена по страшната сообраќајка кај Ласкарци, објави Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ). Договорот е склучен на 15 февруари, а вчера е објавен на интернет страната на Јавни набавки. Вкупната сума на тендерот со ДДВ е 27.600 евра.Тендерот бил објавен од средното училиште „Неготино“ од селото Неготино во Општина Врапчиште, а „Дурмо турс“ била одбрана во конкуренција со уште една фирма.Како што пишувало во договорот, „Дурмо турс“ од 15 февруари до 31 декември ќе ги превезува средношколците од шест села од дома до училиштето и обратно. Критериум за добивање на договорот била најниска цена.Според податоците на Јавни набавки, „Дурмо турс“ понудила цена од 700 денари, а конкурентската фирма 3.300 денари.

Македонија | пред 6 години

6 год.
valon-bela

Директорот на гинекологија се пофали дека добил двојазични печати

Економскиот директор на Универзитетската клиника за гинекологија, Валон Беља, од денес има печат на албански јазик. Тој во својот профил на Фејсбук вели дека и Клиниката за гинекологија започна спроведување на двојазичноста.„Започна имплементацијата на двојазичноста како резултат на донесувањето на Законот за јазици.Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство сега веќе става печати и на албански јазик.Честистки. Честитки.# Продолжуваме_Работиме“, стои на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Кај жител од Велешта пронајден пиштол „Црвена Застава“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против У.В.(22) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.На 11.01.2019 полициски службеници, во угостителски објект во село Делогожда, извршиле преглед над пријавениот и пронашле и одзеле пиштол „Црвена Застава“ калибар 9 милиметри. Пријавениот, оружјето го поседувал без соодветна дозвола.

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC_6116

Се одржа првата седница на Високиот Совет, се потпиша повеќе договори

Претседателите на Владите на Република Северна Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас денеска претседаваа со седница на Високиот Совет за соработка помеѓу меѓу двете земји, која се одржа како дел од заедничките меѓувладини активностите и агендата на официјалната посета на премиерот Ципрас и владината делегација на Грција на нашата земја.На седницата учествуваа и министрите на двете влади кои реферираа за разговорите и постигнатите договори од нивните меѓусебни билатерални средби кои се одржаа непосредно пред седницата на Високиот Совет за соработка помеѓу меѓу двете земји.На отворањето на седницата, во својот воведен збор премиерот Заев ја изрази својата убеденост дека првата седница на Високиот совет за соработка ќе иницира многубројни проекти од заеднички интерес, и дека во иднина ваквите средби ќе станат многу почести.„Имаме што да си дадеме едни на други во таа соработка. Имаме многу да надоместиме, и убеден сум дека тоа е од огромен интерес и корист за сите граѓани од двете земји. Кога со Алексис го започнавме тешкото патување за да го затвориме долгиот спор што го имавме, ние не бевме сигурни дека ќе стигнеме до овој историски момент. Можам слободно да кажам, дека пред една година, само неколку луѓе во целиот свет сметаа дека можеме да стигнеме толку далеку. Но јас знам, дека ние секогаш имавме амбиции и политичка волја да одиме уште подалеку во градењето на нашето пријателство и во отворањето на нови можности за подобри односи и посилна соработка“, истакна Претседателот на Владата на РСМ во својот воведен збор на отворањето на седницата на Високиот Совет за соработка помеѓу меѓу двете земји.Претседателот на Владата на Грција Алексис Ципрас во своето воведно излагање на седницата истакна дека оваа седница е историски настан кој ја потврдува огромната желба да се унапредат односите во интерес на граѓаните на двете земји.Премиерот Ципрас нагласи дека после Договорот од Преспа, двете земји отвораат нов наратив на кој ќе се инспирираат и ќе го унапредуваат сите идни генерации на Грција и на Република Северна Македонија, и дека двете земји  отворија ново поглавје за заеднички иницијативи од интерес и за регионот и Европа.Во продолжение на работата на седницата на Високиот Совет за соработка меѓу двете земји, министрите на двете влади информираа за нивните меѓусебни средби, по што следуваше свечено потпишување на документи за соработка утврдени на овие средби и во подготвителниот период за организирање на оваа историска, прва официјална посета на премиер и владина делегација на Грција на нашата земја.Премиерите Заев и Ципрас го потпишаа Акциониот план за интензивирање и зголемување на соработката меѓу Република Северна Македонија и Грција, согласно предвиденото во Спогодбата од Преспа, по што следуваше потпишувањето на Договорот за одбранбена соработка меѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за национална одбрана на Грција, што го парафираа Заменик претседателката на Владата на РСМ и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за одбрана Евангелос Апостолакис.Заменик претседателот на Владата за европски прашања Бујар Османи и алтернативната министерка за надворешни работи на Грција Атанасија Сија Анагнастопулу потпишаа Меморандум за соработка меѓу Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за надворешни работи на Грција за забрзување на процесот на интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија.Горан Сугарески, како министер за транспорт и врски на РСМ и Кристос Спирцис, министер за инфракструктура и транспорт на Грција, потпишаа Меморандум за разбирање за соработка помеѓу Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија и Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција, како и Меморандум за разбирање за развој на патот и железничката врска Солун-Скопје-Табановце.Меѓу документите за соработка, беше потпишана и Спогодба меѓу Република Северна Македонија и Грција за отворање на нов граничен премин меѓу двете земји кој ќе го поврзува Мајден во Република Северна Македонија и Промахој во Грција, кој го потпишаа Андреј Жерновски, заменик министер за надворешни работи на РСМ и Атанасија Сија Анагнастопулу, алтернативен министер за надворешни работи на Грција.Првата седница на Високиот Совет за соработка меѓу двете земји, која се одржа како дел од активностите и агендата на официјалната посета на премиерот Ципрас и владината делегација на Грција на нашата земја, заврши со фемили фото на двете делегации.  

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG_1570-1

Темелковски се сретна со експертскиот тим кој го изработи катастарот на загадувачи за Кисела Вода

Денеска градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во својот кабинет оствари работен состанок со Магдалена Трајковска Трпевска, директор на „Технолаб“ ДОО Скопје, фирма која го изработи катастарот на загадувачи за Кисела Вода.На состанокот претставниците од „Технолаб“ го информираа градоначалникот за изработениот катастар на загадувачи кој за општината е од големо значење.Градоначалникот Темелковски се интересираше за добиените резултати од катастарот, се со цел за превенција и намалување на загадувањето во Кисела Вода.Имено, неодамна согласно Законот за животна средина локалната самоуправа во соработка со „Технолаб“ ДОО Скопје изготви катастар на загадувачи за интерна потреба. Истиот содржи податоци за деловните субјекти кои ја загрозуваат или можат да ја загрозат животната средина на територијата на општината. 

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Шилегов: Заштитата на животната средина еполе со отворени можности за соработка

Градоначалникот Шилегов денеска присуствуваше и се обрати на бизнис-форумот меѓу Република Северна Македонија и Чешката Република што се одржува во просториите на хотелот „Хилтон“.- Заштитата на животната средина за Република Северна Македонија, а особено за Град Скопје, претставува едно огромно поле на кое постојат многу отворени можности за соработка. Ме радува фактот што голем број чешки компании покажуваат интерес да инвестираат во Скопје. Тоа е добра појдовна точка и можност за градење нови стратешки партнерства во делот на решенијата за транспортот и транспортната инфраструктура, управувањето со отпадот, управувањето со водните ресурси, еколошките заштитни технологии и слично. Како градоначалник, со градската администрација стоиме на располагање на сите заинтересирани компании да ги обезбедиме сите потребни услови за поблиско и подетално запознавање со можностите за соработка во сферите од заеднички интерес и за чешките компании и за граѓаните за кои работиме – рече денеска Шилегов.Тој додаде дека во работниот дел на овој форум ќе се отворат многу нови можности за сите и нагласи дека потенцијалот за идна соработка е толку голем што  не остава простор за ништо друго освен за успех. Шилегов се заблагодари на Амбасадата на Чешката Република и на Амбасадорот Мирослав Томан за можноста да учествува на овој форум, како и на Сојузот на стопански комори на Македонија и Конфедерацијата на индустрија на Чешка.

Македонија | пред 6 години

6 год.
soobrakajka-tetovo

Видео од сообраќајката во која загина 51 годишна кичевка

Утрово во 06.45 часот на автопатот Тетово-Гостивар кај наплатната рампа кај Тетово се случи страшна сообраќајна несреќа во која загина едно лице, 51-годишна жена од Кичевo. Двете возила се судриле на самата наплатна рампа, практично меѓу две кабини, што се гледа од видеото.неофицијално, најпрво едното возило влетало со огромна брзина и удира во бетонот, па другото се забило во него. Загинатата жена е од Кичево, а возела автомобил Мерцедес со охридски регистарски таблички. Другото возило во кое имало тројца патници е марка Фолксваген Туарег од Дебар, а го управувало 37-годишно лице. Патниците во туарегот се тешко повредени и префрлени во тетовската болница каде се задржани на лекување.https://www.facebook.com/YeniBalkanGazetesi/videos/1453206078155914/?v=1453206078155914 Видеото е објавено од Yeni Balkan Gazetesi

Македонија | пред 6 години

6 год.
beti-bacijani4

(ФОТО) Сопругата на Ципрас беше на гробиштата во Бутел

Бети Бацијана, сопруга на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, која е заедно со него во посета на Скопје, околу пладне беше на гробот на славниот Грк, Георгиос Зорба, кој е погребан на гробиштата „Бутел“, објави Независен. Посетата на гробот на Зорба беше во рамките на програмата на сопругата на Ципрас, но тоа беше направено дискретно.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања