Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
DSC_5901-1

Стевовиќ на ФБ: Алексис по нашки Бранко

Алексис (грч. λεξις, ст. грч. λεξις) по нашки е Бранко, од глаголот ἀλέκω (во епската поезија ἀλέξω бранам, заштитувам), пишува на Фејсбук јазичарката Светлана Кочовска Стевовиќ.– Од истиот глагол е и името Александар (грч. Αλέξανδρος, ст. грч. Ἀλέξανδρος), кое е сложенка од ἀλέξω бранам и ἀνήρ, ἀνδρός маж. Значи, Алексис е Бранко, а Александар? Бранимаж? Бранољуд? – додава таа.Како што се редат настаните, земјава од Бранко неможе да избега, човекот кој во првите 20-тина години на независна Македонија беше една од водечките личности на македонската политичка сцена.Црвенковски како некогашен претседател досега не го искажал својот став, околу промената на името на земјава, што би рекол народот „Мудро си молчи“.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Пендаровски: Пријателството со соседите носи економски развој и стабилност

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски во видео обраќање до граѓаните ја коментира важноста на денешната посета на премиерот на Република Грција, Алексис Ципрас и градењето пријателства. Пендаровски смета дека посетата е од историско значење, дека придонесува за стабилност во регионот и побрз економски развој за нашата земја, се вели во соопштението од пресс тимот на заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски.„Посетата на премиерот Ципрас со делегација од 70 компании е од историска важност за нашата земја. Новото пријателство кое го градиме меѓу двете земји, не само што ги стабилизра односите на Балканот, туку овозможуваат брз економски развој на нашата земјата. Денеска покажавме дека само со силна воља, лидерство и визија може да се прават големи чекори напред„ - вели Пендаровски во видеото.Пендаровски вели дека вратата кон сигурна иднина е отворен и дека граѓантие на 21 април имаат можност да изберат дали ќе продолжиме напред кон подобар живот или ќе ја затвориме вратата и ќе останеме во истото место каде што сме застанати со години.„Вратата кон сигурна иднина е отворена. Градиме мостови и пријателства со соседите, наскоро влегуваме во НАТО и започнуваме преговори со Европската унија. Можеме да избереме дали ќе продолжиме напред кон подобар живот за сите граѓани или ќе ја затвориме вратата и ќе останеме во истото место каде што сме со години. Верувам дека изборот на 21 ќе биде заедно да продолжиме напред!“Денеска Пендаровски кампањата ја продолжува во скопско, ќе се сретне со жителите на Сопиште, Студеничани, Центар и Аеродром.

Македонија | пред 6 години

6 год.
izbori2_g111ynj56uj65u56uj56-88972

Јавното обвинителство ги следи евентуалните противправности при организирањето и спроведувањето на изборите

Јавниот обвинител на Република  Северна Македонија формираше привремена Комисија за следење евентуални противправности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет  – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите на 21 април 2019 во прв круг и 5 мај 2019 година во втор круг. За претседател на Комисијата е определен Џелал Бајрами, јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Во привремената Комисија членуваат по еден јавен обвинител од четирите Виши јавни обвинителства и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.Проактивното и превентивно делување на Јавното обвинителство поврзани со претстојните избори е во насока на приоритетно постапување  за извршени изборни нерегуларности. Комисијата на дневна основа ги следи сите настани поврзани со организирањето и спроведувањето на изборите и секаде каде ќе оцени дека има индиции за сторени кривични дела поврзани со изборите ќе ги известува пониските основните обвинителства со насока за итно постапување.Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, преку Привремената комисија за следење на евентуални противправности  ја повикува јавноста, граѓанските организации, други организации, политички партии, домашни и меѓународни институции и сите кои сметаат дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со организирањето и спроведувањето на изборите, да достават поднесок/пријава до Комисијата на електронската адреса - izbori@jorm.gov.mk 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Стоилковски: Ново вработените јавни административци ја чинат државата над 1,3 милиони евра месечно

Бројот на ново вработени административни службеници во 2018 година во однос на 2017 година е зголемен за 3.300 лица. Ова е информација од власта. Всушност, СДСМ признава дека лани секојдневно ја полнела администрацијата со нови 13 нови вработени. На дневна основа, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.3.300 се нови вработени, на новоотворени работни места, не зе змајќи ги предвид и работните места во администрацијата кои се пополнуваат по пат на заминување во пензија или отказ од работно место на некој несреќник во администрацијата.Ново вработените јавни административци ја чинат државата над 1,3 милиони евра месечно, односно 15,7 милиони евра на годишно ниво.И тоа не е се. Преку агенциите за привремени вработувања во администрацијата се ангажирани дополнителни 2.439 лица. Што значи вкупната бројка е 3.300 нови административци. И тој број да потсетиме и денес расте секојдневно, со нови огласи, како оној што го потврди и македонската царина по пресот на ВМРО-ДПМНЕ пред некој ден.Во едно соопштение претходно власта вели дека биле отворени илјадници работни места, и дека со тоа ја намалуваат стапката на невработеност со редовната флоскула „враќање назад нема“.Нема поголема потврда за партизацијата, за непотизмот, за злоупотребите на администрацијата, за купувањето поддршка, од тоа власта да ги потврди сите претставки на опозицијата за полнењето и партизацијата на администрацијата.Е па почитувани, враќање назад нема, но нема враќање на иселените кои секојдневно бегаат од ваквата партизација и непотизам што го спроведува СДСМ. Се вработуваа во администрацијата со проектот мрежа, непотистички се вработуваа и мајки, и ќерки, и синови, баџанаци на пратеници, партиски функционери, гласноговорници, поддржувачи, и тоа во администрација во која платата е или екстремно повисока од просечната, како случајот во МНАВ или се ставаа заменици директори и нивни кабинети во администрација која и така се  бори за здив, но дури и во Македонски железници, каде доцнат платите и ова Јавно претпријатие го тресат протести и штрајкови.СДСМ која обвинуваше за трома, преобемна, партизирана администрација, која ветуваше дека ќе ја намали администрацијата, дури и дека ќе ја продава на приватниот сектор, сега ја користи само и само за обид за задржување на гласачкото тело. Така е тоа кога нема инвестиции, нема реализација на сопствениот буџет, нема развој, нема нови фабрики, нема нови капацитети.Во програмата им стоеше дека јавната администрација во Република Македонија беше сервис за згрижување на партиските кадри на власта и систем за изборна корупција и клиентелизам. Што создало и довело до целосно партизирана, често нестручна и неефикасна јавна администрација. Па вели дека се напредувало само по партиска заслуга итн. Што веројатно им стоело како програма што треба да се направи, а не како опис на она што било од претходната власт.Се стои само администрацијата се трупа. Не е важно каде, важно е да се вработат во администрацијата. Толку од вербата во растот на економијата и професионална администрација. Тоа е резултат на работата на СДСМ, и потврда на оценката нула за македонската економија со СДСМ.Почитувани, раст на економија, раст на нови работни места, истовремено и паѓање на бројот на ново вработени во администрацијата и секако нејзиниот пад атрактивност, и најболното, намалување на егзодусот на македонската работна сила е невозможна со СДСМ. Невозможна, бидејќи тоа е невозможно без правна држава, без право и правда. Граѓаните се желни за право и за правда ќе и пресудат на оваа власт, прво на претседателските, а веднаш потоа и на предвремените избори. СДСМ паѓа, залуден е поткупот со гласовите на нови вработувања, залуден е криминалот на оваа власт. Граѓаните се за правда за Македонија, и тоа ќе го покажат на власта на претседателските избор, истакна истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG_9442

Се гради патот регионалниот пат Јурумлери – Драчево

Реконструкцијата на регионалниот пат Јурумлери – Драчево што поминува низ Долно Лисиче е во полн ек.Со реализација на овој проект регионалниот пат во Долно Лисиче ќе биде целосно реконструиран и долгорочно ќе се реши повеќегодишниот проблем со несоодветна инфраструктура за локалното население.Проектот има исклучитено значење и предвидува градежни активности и материјали што се според високи меѓународни стандарди.Станува збор за многу фрекфентен пат и е прв од 12-те најоштетени делници што ќе се реконструираат во претстојниот период. За оваа намена се обезбедени 14 милиони евра од Светска банка.

Скопје | пред 6 години

6 год.
cipras-press-2

Ципрас: 30 години ни требаа за нормални односи, сега градиме нова историја

Средба Заев Ципрас. Еве што истакнаа по средбата:„Се обидуваме да изградиме нов наратив, една поинаква историја. Да премиенеме од историјата на конфлкти и војни кон нова. Да изградиме нов наратив на соработка и взаемно разбирање. Цврсто сум убеден дека овие напори потфати нема да се успеси само за Северна Македонија и Грција туку за Европа. Изгубивме многу време, мора да трчаме и да ги премостиме јазовите“, рече Ципрас. „Во изминатиот период стекнав нов пријател, другар, тоа е Алексис. Да создавуваме пријателство со Грција“, рече Заев.„Разговаравме за градењето на соработка во рамки на НАТО, но и на ниво на регионот. Северна Македонија може да одигра важна улога, оти е држава која ги поврзува Грција и Србија. Најважното прашање беше економијата и тоа не може да биде поинаку, оти мораме да забрзаме. И покрај тешкотиите, има многу грчки претприемачи кои работат и се активни во Северна Македонија. Воспоставивме координативен комитет кој ќе ги поддржува економските потфати. Ќе ги заштитуваме инвестициите и ќе избегнеме двојно оданочување. Во минатото немавме нормални односи во изминатите 30 години“, рече Ципрас.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zoran-drnovsek-1

(ВИДЕО) Светски ден за подигнување на свесноста за аутизам, иноваторот Дерновшек нуди помошно средство кое многу помага

Аутизмот е невроразвојно нарушување кое значајно влијае врз способноста на комуникација и социјална интеракција. Аутизмот е невроразвојно нарушување кое значајно влијае врз способноста на комуникација и социјална интеракција. Се карактеризира со ограничено и повторливо однесување. За разлика од минатото, кога проценките биле дека од аутизам страда 1 на 10.000 илјади деца, денес се смета дека 1 од 100 деца развиваат аутизам. Одредени анализи покажуваат дека во наредните години во светот ќе има повеќе деца со дијагноза на аутизам отколку со рак, дијабетес и сида заедно, што е повеќе од загрижувачки.Денешниот датум, 2-ри април, со резолуција на Обединетите нации од 2007-ма година се одбележува како Светски ден на аутизмот. Ширум светот се испраќаат пораки за поголема грижа од надлежните, повисока свест од општеството, подобри услови во градинките и училиштата за децата со аутизам.Раното откривање на аутизмот и навремениот третман се многу битни за понатамошниот тек на животот, бидејќи на детето му се помага да стекне одредени социјални вештини и самостојност.Во продолжение ви нудиме  линк од предавање од иноваторот Зоран Дерновшек на кое тој ги изложи резултатите од суплементот РЕНС кој според него помага кај различни состојби и како што самиот вели може да биде ефективен дел од комплементарниот медицински третман на аутизмот.Во неговите претходни предавања и интервјуа тој веќе ја изнесе неговата теорија за тоа како алгите можат да помогнат кај невродегенеративните болести и аутизмот кај некој деца како и кај детоксот на телото од тешките метали. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Тачи: Пендаровски е кандидат на Владата

Стево Пендаровски не е заеднички кандидат, не е консензуален кандидат за претседателските избори, изјави Мендух Тачи во гостувањето во емисијата Клик плус на ТВ 21.-Тој е кандидат на Владата, изјави претседателот на Демократската партија на Албанците.

Македонија | пред 6 години

6 год.
56163459_675528066200085_5726224229238571008_n

(Возменирувачки фотографии) Вреќи со убиени кучиња, медицинска опрема расфрлани во напуштена касарна

Хорор во Кумановско - вреќи со убиени кучиња, медицинска опрема, по што е евидентно дека се убиени од медицинско лице (ветеринар); расфрлани во старата касарна (населба Карпош, меѓу жители на Куманово позната како Рајкова куќа). Наш активист е таму и полиција е веќе повикана и на лице место, преку соопштение информираат од ANIMA MUNDI.Грозоморно сведоштво и фотографии  на кои се гледаат мртви кучиња во вреќи, расфрлани во старата, веќе непостоечка касарна (населба Карпош), запустено, изолирано место каде речиси нема никаква фреквенција на население.Кучиња во вреќи и некои надвор од вреќите, собрани во еден куп; куче кое делува дека барем кусо време било живо и се извлекло од вреќата за потоа да умре. Кучиња со вкочанети вилици - кои укажуваат на насилна смрт; со канили во вените што укажува дека интервенирал ветеринар. Вреќи полни ѓубре, медицинска опрема и некакви си ќебиња, јоргани, кои не ги отвораме за да користат како материјален доказ за итна полициска истрага. Нема зборови кои се потребни да се дополни овој ужас толку монструозен и видлив за сите, сега преку овие фотографии.Од Анима Мунди прашуваат:ДАЛИ КУМАНОВО Е ЦРНА ДУПКА ЗА ЖИВОТНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА, ЦЕНТРАЛНО МЕСТО ЗА УБИВАЊЕ НА БЕЗДОМНИТЕ ЖИВОТНИ ВО ДРЖАВАВА? ДАЛИ ВЕТЕРИНАРИ КОИ СЕ АНГАЖИРАНИ ОД СТРАНА НА ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ да стерилизираат и ги обележуваат животните, ги убиваат бездомните кучиња? Во тоа уверуваат бројни активисти од Куманово но и други градови (Кочани, Берово, Пробиштип, Струмица, Делчево), градови во кои како извршител на програмата за хуман третман се води ветеринарната болница Тодор Велков. Граѓани на кои кучиња се заловуваат за потоа да им се губи секоја трага. ДАЛИ ОПШТИНСКИТЕ ВЛАСТИ ИМААТ ТАЈНИ, УСНИ ДОГОВОРИ ДА КУЧИЊАТА СЕ ЗАЛОВУВААТ, НО ПОТОА НИКОГАШ НЕ СЕ ВРАТАТ НАЗАД?Располагаме со бројни сведоштва, бројни пријави се доставени до АХВ но никогаш не е превземено конкретно ништо!ИНФОРМИРАМЕ дека ВО МОМЕНТОВ на лице место е наш активист и е повикана полиција како и инспектори на АХВ и БАРАМЕ итна и темелна истрага, најстрога ЗАТВОРСКА КАЗНА за сторителот/сторителите , како и ТРАЈНО ОДЗЕМАЊЕ НА ВЕТЕРИНАРНИТЕ ЛИЦЕНЦИ на ветеринарните лица, доколку се докаже вистина она што го добиваме како информација во континуитет, велат од Анима Мунди. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
gr5

Николовски - Араховитис : Заеднички ќе се работи на интензивирање на трговската размена со земјоделски производи

Во рамки на официјалната посета на претседателот на Владата на Грција, Алексис Ципрас, министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на Република Северна Македонија, денеска имаше билатерална средба со неговиот грчки колега, министерот за земјоделство и храна на Грција, Ставрос Араховитис.На средбата двајцата министри разговараа за подготовка на Меморандум, кој ќе биде изработен од тимови од двете министерства. Во Меморандумот тимовите ќе треба да ги утврдат областите за соработка во делот на земјоделството и сродните сектори. Николовски и Араховитис, на средбата се договорија двете министерства да работат на размена на искуства, експертска помош, како и иницирање на соработка помеѓу регионите во Република Северна Македонија и во Република Грција, кои се познати по производство на ориз. Соработката во делот на оризопроизводството би подразбирала понатамошна поддршка на Институтот за ориз во Кочани и пренесување на искуства од страна на Институтот за ориз во Грција, како и иницијативи за локален развој преку воспоставување на соработка помеѓу општините кои се значајни реони за производство на ориз во двете држави.Двајцата министри се согласија дека е потребно заедничко дејствување за заштита на рибниот фонд, договорање на квоти за риболов и собирање податоци, кои се однесуваат на заедничките риболовните води односно на Дојранското и Преспанското езеро, а што е во интерес на двете земји.Грчкиот министер Араховитис, порача дека сега е вистинскиот момент за интензивирање на грчко-македонската трговска сорабтока во делот на земјоделско-прехранбените производи. Министрите се согласија дека заеднички треба да работат на одржливоста на руралниот развој и руралните средини особено во пограничниот регион. Министерот Араховитис, го покани министерот Николовски да присуствува на заеднички форум во Грција на кој би учествувале надлежните институции од областа на земјоделството и руралниот развој од Република Северна Македонија, стопанските комори и бизнисмените од секторот за преработка на земјоделски производи.

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC_5901

(ВИДЕО) Договор, преговор, средби - Ципрас во Скопје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и членовите на Владата на РСМ, на платото пред владата, го пречекаа премиерот Алексис Ципрас и делегацијата на Владата на Грција, кои престојуваат во нашата земја во еднодневна официјална посета.Пречекот заврши со претставување на членовите на двете делегации, по што премиерите Заев и Ципрас се повлекоа на тет-а-тет средба, а министрите на двете влади ги започнаа одделните билатерални средби.Според програмата на официјалната посета на премиерот Ципрас и на владината делегација на Грција, билатерални средби одржаа ресорните министри за одбрана, Заменик претседателката во Владата на РСМ и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за одбрана во Владата на Грција Евангелос Апостолакис и Заменик претседателот во Владата на РСМ задолжен за европски прашања Бујар Османи со Атанасија Сија Анагнастопулу, алтернативен министер за надворешни работи на Грција.Заменик претседателот во Владата на РСМ, задолжен за економски ресори Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши се сретнаа со вицепремиерот и министер за економија и развој во Владата на Грција Јоанис Драгасакис, и со министерот за животна средина и енергетика Георгиос Статакис, а министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски оствари средба со својот колега од грчка страна, министерот за развој на земјоделството и за храна Ставрос Араховитис.Заедничка средба имаа и министрите за здравство Венко Филипче и Андреас Ксантос, како и министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска, кои остварија средба со заменик министерката за внатрешни работи и за Македонија и Тракија, Елефтерија Хацигеоргиу.Министерот за ранспорт и врски во Владата на РСМ Горан Сугарески оствари работна средба со неговиот колега, министер за инфраструктура и транспорт Кристос Спирцис, а министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот без ресор, задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност Роберт Поповски имаа заедничка средба со министерот за дигитализација, телекомуникации и медиуми Николаос Папас.Одделна средба имаа и заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски заменик министерот за надворешни работи Маркос Боларис.Во продолжение на денешните активности, двете делегации ја одржуваат првата седница на Високиот Совет за соработка помеѓу Република Северена Македонија и Грција, со која ќе претседаваат Претседателот на Владата на РСМ Зоран Заев и Претседателот на Владата на Грција Алексис Ципрас.На оваа седница министрите од двете влади ќе реферираат за разговорите и заклучоците од нивните одделни меѓусебни средби, по што ќе следи церемонијата на свеченото потпишување на акцискиот план за интензивирање и зголемување на соработката меѓу Република Северна Македонија и Грција, согласно предвиденото во Спогодбата од Преспа, како и останатите договори и меморандуми за соработка и за реализација на конкретни проекти меѓу двете земји.Веднаш после седницата на Високиот Совет за соработка помеѓу Република Северна Македонија и Грција, двајцата премиери, Зоран Заев и Алексис Ципрас, ќе одржат заедничка прес конференција.Претседателите на владите на Република Северна Македонија и на Грција Заев и Ципрас, во текот на попладнето ќе ја поздрават работата на Бизнис форумот на кој за потенцијалите и за идната соработка меѓу двете земји ќе разговараат претставници на повеќе од 400 компании од Грција и Северна Македонија.Претседателот на Владата на Грција и владината делегација на оваа земја ќе заминат со специјален лет од Аеродром во Скопје во вечерните часови.  

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Поднесен Обвинителен акт за предметот „Пасоши“

По сеопфатна меѓународна истражна постапка, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, поднесе Обвинителен акт против три лица, македонски државјани. На лицата им се става на товар дека сториле кривично дело „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ од член 418-в став 1 и продолжено кривично дело- “Криумчарење на мигранти“ од член 418-б став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.Во период од месец јуни 2016 година до месец август 2018 година прво осомничениот, како организатор на криминалната група заедно со други македонски и странски државјани, обезбедувал фалсификувани документи на потенцијалните мигранти кои не можеле да добијат регуларни визи за САД и Канада. Тој од користољубие, правејќи им лажни патни исправи, илегално ги пренесувал мигрантите преку државната граница на Р.Северна Македонија и преку претходно договорена рута ги испраќал до Гватемала, Мексико, Костарика, за да можат од таму преку илегален премин – таканаречената зелена граница од Мексико да стасаат до земјите на крајната дестинација – САД и Канада.Во текот на првата половина на 2017 година, прво осомничениот заедно со другите двајца осомничени како дел од меѓународна криминална група составена од лица од Албанија, Шпанија и од други држави, од користољубие создале и организирале група за криумчарење мигранти. Во текот на 2017 година и првата половина на 2018 година, групата откако првично ќе остварела непосредна средба со потенцијалните мигранти – државјани на Р.Македонија и Р.Албанија, вршела нивно врбување, по што им организирала целосно патување од матичните земји, преку земјите членки на Европската Унија и Доминиканската Република, до земјите на крајна дестинација САД и Канада. Групата обезбедувала фалсификувани документи за потенцијалните мигранти, резервирала и купувала билети за автобуски и авио превоз, резервирала и плаќала времено сместување на мигрантите во хотели/мотели и хостели во земјите од рутата. За преземените дејствија, организаторите на криминалната група добивале парични исплати од мигрантите во износ од 20.000 до 25.000 долари по мигрант.Осомничените како организатори на криминалната група го планирале бројот на илегалните мигранти (обично од двајца до четворица) кои требало да бидат криумчарени, го договарале временскиот период и рутата по која ќе биде реализирано криумчарењето, како и локациите на кои во текот на криумчарењето мигрантите времено ќе престојуваат. Воедно, го договарале и начинот на обезбедување на гаранцијата и исплатата на договорениот паричен износ по пристигнување на мигрантите во земјите на крајна дестинација.Имајќи ги предвид видот, тежината и висината на запретената казна за кривичните дела за кои се товарат обвинетите, надлежниот обвинител со Обвинителниот акт поднесе и Посебен предлог за продолжување на мерката Притвор за обвинетите со цел непречено спроведување на кривичната постапка. 

пред 6 години

6 год.
kucinja-skitnici

Жена и маж во Скопје каснати од кучиња скитници

На 01.04.2019 во 15.20 часот во Полициската станица Центар, П.Ѓ.(24) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 11.50 часот на плоштад „Македонија“ била каснат од куче скитник во пределот на десната нога.На 01.04.2019 во 23.30 часот во Полициската станица Аеродром, О.И.(53) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 20.15 часот на булевар „АВНОЈ“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Скопје | пред 6 години

6 год.
trska-1-1

Нови пожари во Кочанско и Ранковце

На 01.04.2019 во попладневните часови од екипа на Територијалната противпожарна единица-Кочани, пожарот во атарот на село Пресека, кочанско, што настана на 30.03.2019, бил целосно локализиран. Со пожарот беше зафатена нискостеблеста шума.На 01.04.2019 во 18.40 часот во Полициското одделение Ранковце било пријавено дека настанал пожар над село Петралица. Екипа на Територијалната противпожарна единица Ранковце презема мерки за гасење на пожарот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
motori

И покрај акциите на МВР, откриени нови прекршоци кои ги чинат возачите на мотоцикли и мопеди

На 01.04.2019 во периодот од 12.00 до 17.00 часот на подрачјето на СВР Струмица е спроведена акциска контроли со цел откривање на прекршоци кои ги чинат возачите на мотоцикли и мопеди. Во акциите се откриени девет прекршоци, за кои се издадени девет прекршочни платни налози. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
joga-goga-2

(ФОТО и ВИДЕО) Вежбаме јога со Гога

По вчерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, утрово нивниот кандидат Гордана Силјановска-Давкова вежбаше јога на кејот од Охридското Езеро. Вежбите ги правеше заедно со инструктор, но и со нејзините поддржувачи кои се одзваа на поканата која вчера беше објавена на социјалните мрежи. Оваа активност е дел од кампањата која кандидатката за претседател ја спроведува во Охрид. Силјановска-Давкова, пред почетокот активноста рече дека таа во одреден период вежбала јога цели четири години, но потоа прекинала. Таа додаде дека оваа активност ја опуштала и за неа е филозофија на живеење и тренинг за духот.Инаку вчера, Силјанова-Давкова порача на граѓаните дека иако се навредени и понижени, тие се храбри и не се предаваат. Во говорот се осврна на принципите на кои ќе работи, но вети и дека ќе ја исправи неправда што власта ѝ ја нанела на државата со промената на името. https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/314265489272947/?v=314265489272947

Македонија | пред 6 години

6 год.
soobrakajna-nesreka

Сообраќајна несреќа, учесници „Кавасаки“ и „Ауди А4“

На 01.04.2019 во 17.25 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај село Т.Дол, кичевско, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Кавасаки“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од Ќ.А. (42) од село Колибари, кичевско и патничко возило „Ауди А4“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.С.(24) од с.Лешница, кичевско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Кичево. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

МВР санкционира и пешаци

Во текот на изминатиот ден (01.04.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 38 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 25 возачи од кои: 20 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и пет возачи затоа што биле возачи-почетници.Исто така, исклучени од сообраќај се и 17 возила бидејќи 16 биле нерегистрирани, а едно возило било технички неисправно. Санкционирани се девет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, 10 возачи поради неправилно престројување, 14 возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, седум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 21 возач поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Санкционирани се 12 пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 125 мандатни платни налози и 84 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.

Македонија | пред 6 години

6 год.
tabanovce

Полициски службеници се посомневале дека возачката дозвола фалсификувана, лицето приведено

На 01.04.2019 во 18.45 часот на Граничниот премин „Табановце“, при пасошка контрола и контрола на возило „БМВ“ со грчки национални ознаки, што го управувал M.А.(47) од Република Албанија, полициски службеници се посомневале дека грчката возачка дозвола била фалсификувана. Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

6 год.
aerodrom-skopje

Сакал да патува со туѓа патна исправа

На 01.04.2019 во 05.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен Аеродром-Скопје“, при пасошка контрола и проверка, било констатирано дека лицето В.Х.(30) од Косово приложил туѓа патна исправа на име на Ф.Б.(30) од Косово. В.Х. бил приведен за понатамошна постапка.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања