Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
Нема фотографија

Сончево со мала облачност, од утре пад на температурите

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, кој во југоисточните делови повремено ќе засилува.Утринската температура ќе се движи од минус два до пет, а дневната од 13 до 23 степени.Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.  Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 22 степени.Од денеска попладне следува период на променливо облачно време со локални врнежи од дожд и со умерен јужен ветер. Од среда дневните температури ќе се намалат за пет до седум степени.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Цело Скопје под блокада поради доаѓањето на Ципрас

Поради посетата на земјата од страна на премиерот на Грција, Алексис Ципрас, МВР информира дека во периодот од 9.30 до 20 часот ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот на сообраќајниците во поширокото централно подрачје на град Скопје.Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

16 сообраќајки во Скопје, 12 повредени лица

Дванаесет лица се здобиле со лесни телесни повреди во девет од вкупно 16 сообраќајни незгоди, а во седум е причинета материјална штета во изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје.Според податоците на СВР Скопје,  полицијата санкционирала 39 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената и 20 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило.Од сообраќај се исклучени пет возачи почетници, едно неисправно возило и 16 нерегистрирани возила.За непрописно паркирање се издадени 125 мерки, а со специјалното возило „пајак” подигнати се 84 возила.Казнети се и 12 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, девет возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 10 за неправилно престројување, 14 за некористење заштитен шлем од страна на возачите на вел со мотор, мопед и мотоцикл, седум за неносење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторно возило и 21 возач за користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Феномен од жена: Му понуди на Пендаровски да и биде татко

На трибината која СДСМ ја одржа во Прилеп, една од присутните вели две и пол минути го фалеше премиерот Зоран Заев и кандидатот Стево Пендаровски. Жената зборуваше за тоа колку е воодушевена од двајцата, колку е почестена што стои покрај нив, изразуваше задоволство и зборуваше во име на присутните. Таа во еден момент побара Пендаровски да биде нејзиниот татко, оти тој зборувал со срце и со душа.Не сме сосема сигурни на што се должат овие изливи на емоции на отворена сцена – дали на некаква посебна атмосфера што се создава на овие сеанси, дали на тоа што луѓето досега немале шанса да ја изразат својата огромна љубов кон политичките лидери, или можеби на внимателната организација на настаните.https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/788177001566070/

Македонија | пред 6 години

6 год.
izjava-zaev.Still085

(ВИДЕО) Попушти бината на митингот во Охрид

Уште на самиот почеток протоколот го заборави кандидатот да го спроведе до бината, а потоа додека на присутните им се обраќаше кандидатот за градоначалник на Охрид Митре Милошески одеднаш почна да попушта бината на која беа построени членовите на УМС на ВМРО ДПМНЕ.Најпрво се чу силен тресок и пад од неколку сантиметри надолу на целиот подиум на кој тие беа, за потоа уште еднаш да се слушне крцкање и пукање.По ова интервенира обезбедувањето кое ја испразна сцената.ВИДЕО:

Македонија | пред 6 години

6 год.
izjava-zaev.Still080

(ВИДЕО) Станува ли Мицкоски нај обожуван лидер на ВМРО ДПМНЕ ? !

Вмровците освен Мицкоски не гледаат ништо друго !Еуфорија, туркање да се поздрават или барем да го допрат, бакнежи, конфликти со обезбедувањето !Ова се случуваше на плоштадот во Охрид во моментот кога на него пристигна Христијан Мицкоски , а членовите на ВМРО ДПМНЕ ги зафати еуфорија и почнаа да се туркаат кон него. Силно обезбедување околу Мицкоски кој беше центар на внимание и реакции од присутните, кои пак освен Мицкоски речиси и да не реагираа на другите говорници или присутни политичар ии функционери од партијата вечерва во Охрид.Ова го отвора прашањето кое треба да се анализира : Дали Кристијан Мицкоски е нај обожуваниот лидер на ВМРО ДПМНЕ до сега ? !Оние кои со години ги следат митинзите на ВМРО ДПМНЕ , која секои избори ги започнува од Охрид, коментираат дека ваква еуфорија по партиски лидер не е видена на ни еден митинг, во ни една партија, од времето на Љубчо Георгиевски и Бранко Црвенкоски до денес.ВИДЕО:

Македонија | пред 6 години

6 год.
stop-policija

Посебен режим на сообраќај поради посетата на Ципрас

Поради посетата на Република Северна Македонија од страна на премиерот на Грција, Алексис Ципрас во придружба на грчка делегација, на 02.04.2019 година (вторник) ве известуваме дека во периодот од 9.30 до 20.00 часот Министерстовото за внатрешни работи ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје. Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.

Скопје | пред 6 години

6 год.
miting-VMRO-3

Силјановска Давкова: Нивната филозифија е кажувам, заборавам, негирам, а нашата кажувам, помнам, почитувам

ВМРО ДПМНЕ изборните митинзи традиционално ги започна од Охрид. Партискиот врв, но и симпатизери и членови на ВМРО ПМНЕ го преплавија плоштадот во Охрид.Додека се обраќаше кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова, граѓаните викаа Избори .. Избори...„Ние сме во моментов разочарани, понижени, навредени, но длабоко мотивирани и мирни затоа што веруваме Македонија. Тие се вознемирени, затоа што во химната ја нема Северна.  Нивната Северна, Прличев вака би ја опишал:Пискотници се слушаат од Галичник до Река, што тешка несреќа ги збра и мажите и жените, што гласи тажна ека та навева сал коб и зла“, истакна Силановска Давкова.Кандидатот за престедател од ВМРО ДПМНЕ во своето обраќање уште рече:„Ветуваа, реформи, независно судство, борба со корупцијата, но со што сме соочени, со хибриден режим - наместо парламент, имаме едногасно комунистичко собрание - наместо правосудтво, кривосудрв, реваншизам и селективна правда.Замислите во една од најсиромашните земји која има дури 26 министри ништо не сторија сем Преспанскиот договор и Промената на името.  Јас не сум против договори, но во договорите има две страни кои треба да се рамноправни, за жал едната е хеленската република другата е безимена. Нашиот устав вели дека меѓународните преговори ги скучува претседателот во име на државата. Заборавија дека министерот не е овластен да потпишува вакви договори во име на народот. Ние сме за право, правда и морал, рече Силановска Давкова.Таа го цитираше и великанот Бернард Шо кој велел:„Може да сменете облека, идеологија, ама татковна никогаш не можете да смените“.„Што треба да правиме, треба да победеме, треба да отвориме пат за предвремени избори за ново парламентарно мнозинство. Не велам дека ако ме изберите дека веднаш ќе го сменам името, тое  е невозможно, но сигурна сум дека ова име нема иднина. Уставот е процес не е состојба, ќе дојде одговорен претседател претседател од народот, со народот и за народот, ќе дојде одговорен парламент, кој ќе ја почитува опозиција. Ќе дојде нов устав кој ќе го брани уставот со знаење и морал. Тогаш ние со уставна промена ќе го заштитиме името со клаузула за непроменливост.Нивната филозифија е кажувам, заборавам, негирам...Нашата е кажувам, помнам, почитувам...Зошто и на почетокот се вели дека речта , зборот,.. а претседател неможе да биде некој кој нема збор, и не си го почитувам зборот, тој не си ја почитува вашата доверба.Јас ветувам дека ќе бидам претседател по свое и ќе го почитувам уставот. Ќе водам економска, културна, научна спортска диполматија. За таква дипломатија требаа квалификувани луѓе.Ќе го користам ветото секогаш кога се работи против уставот, истакна во дел од своето обраќање кандидатот за претседател од ВМРО ДПМНЕ од Охрид Гордана Силановска Давкова. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
51352852_777130685978142_866252714139451392_n

(ВИДЕО)- Силјановска преку Шарена Револуција сака да добие гласови за претседател

Верните подржувачи на Шарената револуција и забележаа на Гордана Силјановска Давкова за рекламната кампања. Статус на Ирена Стејровска го пренесуваме во целост:„Една од рекламите на Гордана Сиљановска има сцена со неколку штабски ботови офарбани во лицето директно цитирајќи не нас, шарените и повикуваат да се гласа за неа. Скандалозно е искористувањето на референцата со фарбаните лица и паролата “нема правда нема мир” ( за кои патем треба да се провери дали е легално) за полза на партијата против која се протестираше и се покрена едно такво историско движење.Јас како една од вистинските шарени револуционери оваа прилика ја користам да се оградам од тој ефтин обид да се манипулира јавноста.Вистинските Шарени Револуционери никогаш не би поддржале регрес и поделби, насилство од кое ниту таа ниту Вмро сеуште се немат оградено и протнување големи идеи на мали врати за ситни политични поенчиња.Брука сте и имате среден прст од барем едно од тие шарени лица кои само до пред една година ги нарекувавте хулигани, платеници, предавници, наркомани“, напиша на својот фејсбук профил Ирена Стејровска.https://www.facebook.com/vmromakedonija/videos/1260699254098014/

Македонија | пред 6 години

6 год.
siljanoska-ohrid

Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Силјановска Давкова откри каква предизборна кампања очекува

Што очекувам во кампањата, можеби е најдобро да кажам како јас ја замислувам кампањата. Веќе реков како рамноправен натпревар на идеи, како етички натпревар на програми, како витешки натпревар на ставови и јас ќе се држам до тоа. Ниту во животот сум правела, ниту имам намера да применувам „ad hominem“ или напад на личност, или перцепција на личноста во кампањата, истакна кандидатот за претсдедател  од ВМРО ДПМНЕ Проф. Д-р. Гордана Силјановска Давкова од Охрид.Секогаш ќе дискутирам за реалните проблеми, ќе им се обраќам се разбира, не само на оние кои ми отворија врата, веројатно сакајќи да покажат и да докажат демократски капацитет за некој однадвор некој како мене кој ги критикувал. Мислам на партијата ВМРО-ДПМНЕ, но јас ги критикувам и другите партии кога треба и ќе продолжам тоа да го правам. Туку ќе им се обраќам и на граѓаните, индивидуите, а не на партиите.Зошто? Бидејќи мислам дека меѓу нив има луѓе кои ме познаваат мене, како професорка, понекогаш како некој кој на медиумите ги изразува своите ставови, значи би сакала со мене и околу мене да бидат неутралните гласачи.Гласачите кои можеби идеолошки припаѓаат кон други партии но она што се случуваше овие години длабоко ги разочара оние кои првпат ќе гласаат. И мислам дека во нивно име ќе ги застапувам и пред Владата но исто така и пред Парламентот, значи шансите на некој кој е непартиски, натпартиски да ги преставува сите граѓани и да докаже дека е човек од народот, за народот, со народот. Мислам дека се големи и таквата личност има шанса да посегне кон помирување, бидејќи поподелено општество од македонското во моментов мислам дека нема, истакна  кандидатот за претсдедател  од ВМРО ДПМНЕ Проф. Д-р. Гордана Силјановска Давкова од Охрид.

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG_20190401_133416

Партиски кујни и центри на политичка моќ главни креатори на лажните вести

Ние како земја не сме познати по достигнувања на полето на економијата или науката туку по производство на лажни вести и прва асоцијација за лажни вести е нашата земја, иако тие не се наш производ. Сепак денес лажните вести се шират и стануваат непријател и на медиумите бидејќи придонесуваат за раст на недовербата кон нив, нанесувајќи штета и на целокупната јавност. Ова меѓу другото беше истакнато на денешната панел дискусија на тема „Сите тајни зад лажните вести“ што ја организираше Универзитетот Американ Колеџ, на која се дискутираше за феноменот лажни вести, причините за нивно појавување и можните начини за справување.На темата дискутираа Сашо Ордановски, преставник од Факултетот за политички науки и новинар, Ира Бабиќ, претставник од Факултетот за деловна економија и организациони науки од Универзитетот Американ Колеџ, Миле Бошњаковски, портапол на Владата на Република Северна Македонија и познати новинари, уредници и сопственици на медиуми – Снежана Лупевска Созен од Телма, Бранко Геровски од Слободен Печат, Александар Манев од Фактор медиа груп, Горан Михајловски од дигитална редакција Сакам да Кажам и Огнен Јанески од 24 Вести.Претставниците на медиумите се согласија дека лажни вести доаѓаат од партиски кујни, за чии потреби се создаваат лажни медиуми, лажни профили, а центри за за креирање на лажни вести се владите, партиите и центрите на политичка моќ. Лажните вести сепак не ги креираат само порталите иако најчесто се поврзуваат само со нив, бидејќи сме сведоци дека секоја информација која се базира на факти, ако се пласира на одреден начин и од одредена група, може на крајот да излезе дека е типичен пример за лажна вест. Според нив, многу често и нетранспарентноста на Владата и лошиот начин на менаџирање со кризите придонесува за креирање на лажни вести.Според портпаролот Миле Бошњаковски, Владата самостојно нема да презема мерки против медиумите кои делуваат во интернет просторот и саморегулацијата и професионалиозацијата ја остава на медиумските здруженија. А ако се преземаат одредени чекори, тоа ќе биде во партнерски односсо нив.Сепак дел од претставниците на медиумите сметаат дека саморегулација не е можна.-Со кого да се договараме, со оние што крадат вести, што немаат вработени и што дома во влечки водат портали и директно се конкуренција во поглед на огласувачите на медиуми кои имаат професионален новинарски кадар кој решил да живее од новинарската професија, истакна Горан Михајловски од СДК.И Лупевска Созен се согласува со тоа дека кога се зборува за огласувачите, од кои живеат медиумите, многу е тешко да се добие поддршка за сериозни истражувачки стории и прокти.За претставниците на медиумите е сосема јасно дека интернет просторот тешко може да се регулира. Сепак, притисокот кој постои во светот резултираше со тоа социјалните мрежи да почнат да бришат лажни профили и лажни интернет страници, многу земји донесоа одредени закони со кои се овоможува некаква контрола. Затоа се согласуваат дека е потребно да се направи барем минимална регулација и се повеќе да се дискутира на оваа тема што ќе придонесе и за eдукација на јавноста.

Македонија | пред 6 години

6 год.
internet-5g

До крајот на 2027 година, сите градови во државата да бидат покриени со непрекинат 5G сигнал интернет

На денешната седница, Владата на РСМ го усвои Националниот Оперативен Бродбенд План за пристап до побрзи и подобри интернет услуги согласно стандардите на ЕУ. Имајќи ги предвид овие ЕУ критериуми, како и идните најавени инвестиции на операторите во следните три години, националните бродбенд таргети за Република Северна Македонија утврдуваат дека до крајот на 2023 година, најмалку еден град да биде покриен со 5G сигнал, а до крајот на 2025 година, главните коридори согласно Договорот за основање на транспортна заедница на основната и сеопфатна патна мрежа во државата, ќе мора да бидат покриени со непрекинат 5G сигнал.Во Националниот Оперативен Бродбенд План е испланирано дека до крајот  на 2027 година, сите градови во државата да бидат покриени со непрекинат 5G сигнал и дека до крајот на 2029 година, секој граѓанин на нашата земја ќе има можност за пристап до интернет преку 5G со минимална брзина на пристап до интернет од најмалку 100 Mbps.До крајот на 2029 година најмалку 50% од вкупниот број на претплатнички договори на домаќинствата во цела држава, да бидат за пристап до интернет од најмалку 100 Mbps, сите домаќинства ќе имаат можност за пристап до мрежа која овозможува брзина за download од најмалку 100 Mbps со  можност за надградба на гигабитна брзина по прифатливи цени и дека сите јавни институции (училишта, универзитети, истражувачки центри и други образовни установи здравствени установи, министерства, судови, локални самоуправи и други државни органи и тела), ќе имаат симетричен пристап до интернет со брзина од најмалку 1Gbps.

Македонија | пред 6 години

6 год.
dik

Владата одобри 100 милиони денари за првиот дел од кампањата на претседателските избори за ДИК

На денешната седница Владата донесе одлуката за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година наменети за првиот дел од кампањата за претседателските избори на барање на Државната изборна комисија во висина од 100 милиони денари. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
granica-carina

Модернизацијата на граничните царински терминали

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за реализација на проектот „Надградба на објектите за царинење и инспекциски органи на граничниот премин Ќафасан“, и заклучи дека согласно предвиденото време за реализација, завршени се сите градежни работи, и дека проектот е реализиран во целост.Проектот „Надградба на објектите за царинење и инспекциски органи на граничниот премин Ќафасан“ се финансира од програмата ИПА и од Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 1,48 милион евра коишто се грант и над 300.000 евра од буџетот. Овој нов терминал ќе придонесе за зголемување на пропусната моќ на преминот за стоковни пратки, за намалување на времето потребно за вршење на гранични формалности, значително ќе ја подобри инфраструктурата за примена на современи средства за инспекција.

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC_9223

Започнува финансиската поддршка на проекти за рурален развој одобрени во 2018

На денешната редовна 128 седница, Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои информацијата за поддршката на инфраструктурните проекти финансирани од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година.Согласно оваа информација за програмата која континуирано се спроведува повеќе години, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе ја реализира исплатата на проектите одобрени на  јавниот повик за 2018 година кои предвидуваат подобрување на квалитетот на животот во руралните средини за инвестиции во локалната патна инфраструктура, вклучително и мостови, за водоснабдителни и канализациони системи и за изградба и за модернизација на објекти на пазари за земјоделски производи, како и за објекти за домови за деца и млади и домови на култура. Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој опфаќа и проекти за обнова и развој на селата, како и проекти за зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја.

Македонија | пред 6 години

6 год.
joga-goga

Јога со Гога

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претсеател, Гордана Силјановска Давкова, ја започна својата кампања од родниор Охрид. Вечерва традиционално ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинг во Охрид, а за утре Силјановска преку социјалните мрежи креираше настан и ги покани љубителите на јога дружење.„Сите јогисти од Струга, Охрид и околината Ве поканувам на едночасовна јога дружба на зелената површина покрај Куба Либре плажата во вторник од 10:30“, напиша Силјановска. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
zaev-odgovornost

И Апелација го ослободи Заев за „поткуп“

Скопска Апелација ја потврди ослободителната пресуда за премиерот Зоран Заев во случајот „Поткуп“. По речиси една година откако Кривичниот суд не најде вина кај Заев за барање мито, повисокиот суд денеска на први април соопшти дека колегите од скопска единица, донеле исправна одлука.Апелационен суд Скопје:Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет во јавноста познат како „Поткуп“, по одржана не јавна седница, донесе пресуда со која жалбата на Обвинителството за организиран криминал и корупција ја одби како неоснована и ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1“За потсетување Зоран Заев како градоначалник на Струмица беше обвинет дека од локален бизнисмен побарал 160 илјади евра мито за продажба на државно земјиште. На Јутјуб каналот мистериозно се појави и видео од разговорот во кабинетот на тогашниот градоначалник Зоран Заев. На 21 мај лани, Кривичен донесе ослободителна пресуда за Заев. Ваквата одлука до Апелација ја обжали обвинителството.По одлуката на апелација преку соопштение се огласи ВМРО ДПМНЕ. Тие велат:На денот на шегата, „Kацарска судството“ одлучи уште еднаш да се пошегува со правдата во Република Македонија и да го амнестира Зоран Заев за барање поткуп. „Кацарска судството“ го чекаше 1 април и почетокот на изборната кампања за да се пошегува со граѓаните убедувајќи ги дека тоа што го виделе на снимка, всушност не го виделе. „Кацарска судството“ ги потценува граѓаните со обидот да ги убеди дека Зоран Заев не е на снимката или дека барањето од „едно евро за црквата и едно евро за Вице-то“ не е криминално барање на поткуп.„Кацарска судството“ со денешната одлука на апелација правосилно да го ослободи Заев, ги претвора на „Мирчо свињарникот“ и менувачницата на Вице во официјални институции за наплата на рекет и решавање на проблемите на бизнисмените.„Кацарска судството“ не може толку да го амнестира Заев, колку што Заев е алчен и склон на криминал и корупција. Зоран Заев е единствен политичар во Европа три пати амнестиран за тежок криминал. Првиот пат за криминал тежок 8 милиони евра во случајот „Глобал“, вториот за „Пуч“ и третиот за 200 000 евра кои ги бараше како поткуп од струмички бизнисмен.Наближува денот кога правдата ќе се врати во Македонија и секој ќе одговара за сторениот криминал или замижувањето пред криминалот и коалицирањето со криминалците, стои во соопштение од ВМРО ДПМНЕ. 

пред 6 години

6 год.
slika-2

ВМРО ДПМНЕ: Светскиот ден на лагата 1 ви април му го чститаме на најголемиот лажго на денешницата - Зоран Заев

Се наоѓаме пред седиштето на СДСМ - Палатата на лагата. Овде сме да му го честитаме 1 април, светскиот ден на лагата, на најголемиот лажго на денешницата - Зоран Заев. Тој е политичарот кој се колнеше во дедовината, кој велеше дека додека дише нема да го смени уставното име на државата, молеше да не му се чепка жицата кога станува збор за Македонија, за само по неколку месеци без око да му трепне спротивно на волјата на граѓаните да го промени уставното име, истакна Сергеј Попов, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.Тој вети дека граѓаните ќе имаат 500 евра просечна плата и излажа.Вети 600 километри нови автопатишта, излажа. Заев вети 100.000 денари плата за лекарите и излажа. Вети поврат на 15% ДДВ, излажа. Зоран Заев вети бесплатно болничко лекување за сите, излажа.Зоран Заев вети изградба на студентски град во првите шест месеци од нивниот мандат и излажа.Тој вети подобрување на стандардот кај младите. Младинската невработеност во Македонија со над 50% е највисока во регионот.Зоран Заев вети намалување на сиромаштијата, а СДСМ преку соопштение призна дека бројот на граѓани кои живеат на прагот на сиромаштија од 400.000 во времето на ВМРО-ДПМНЕ е порасна на 500.000, откако е СДСМ на власт.Листата на лаги е преголема за може да се собере на еден лист хартија. Токму затоа по повод најмногу искажани лаги за период од две години му доделуваме на Зоран Заев пехар за најголем лажго, истакна Сергеј Попов, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
viber-image-2019-04-01-13.45.17

Кандидатот за градоначалник од ГДУ на градскиот кеј ја образложи својата визија и мисија за Охрид

Денес во градскиот парк во Охрид, пред спомениците на охридските великани Христо Узунов и Методија Патчев, со почеток во 12 часот, беше означен стартот на кампањата за градоначалничките избори во Охрид, од страна на кандидатот за градоначалник на ГДУ, Михаил Трендафолов - Нанче.Во присуство на бројни граѓани од Охрид кандидатот за градоначалник на Охрид – Михаил Трендафилов - Нанче ја образложи своја визија и мисија за Охрид. Во своето обраќање г-инот Михаил Трендафилов - Нанче ги изложи своите гледишта околу темите кои се горлив проблем за Охридѓани како што се : белата чума која владее во градот, т.е. се поголемиот јаз помеѓу стапката на морталитет и наталитет, се поголемиот и масовен одлив на локалното население од градот, се поголемата бесперспективност во градот и потрагата на младите по подобар живот во странство, како и безидејноста и хаосот кој владее во урбанистичката свера во Охрид. Особено беше потенцирана потребата од што поголема потреба градскиот татко да стави крај на урбаното дивеење во градот и согласно напатствијата на УНЕСКО да се гради градот во една урбанистичка и природна хармонија без притоа да се нарушуваат основните начела на етиката и без можност да се изгуби сјајот на Охрид, а со тоа и евентуалното губење на статусот Град на УНЕСКО.Кандидатот за градоначалник Михаил Трендафилов - Нанче особено ја истакна и неспособноста на досегашното дуо на власт помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во однос на погубните политики во Охрид особено во сферата на корупцијата, крадењето народни пари, безидејноста како и неможноста да се одржат комуналните стандарди во Општината. Тој, истотака истакна дека водењето на општина како Охрид не се заснова само на „шминкање“ на кејот и ривиерата, туку треба и да се потенцира развојот на селата во охридскиот крај преку обезбедување на комунални решенија за селата со што животот би се направил полесен и подостапен, како и организиран откуп на земјоделските производи кои ги произведуваат охридските земјоделци, нешто за што е посветено особено внимание во програмата на Михаил Трендафилов - Нанче.Исто така, кандидатот за градоначалник Нанче истакна дека трите точки на осврт на кои тој би се фокусирал во својот градоначалнички мандат би биле : СПОРТ, КУЛТУРА, ТРАДИЦИЈА и РЕДОТ ВО ГРАДОТ. Особен акцент би ставил на спречување на отселувањето на младите од градот преку конкретни мерки, заживување на селото и како една од главните точки на работа би била ставањето крај на дивеењето во урбаната свера и владеењето на редот и поредокот на локално ниво.

Македонија | пред 6 години

6 год.
b9834986-resize-820x0x100

Украдено државното знаме од пред конзулатот на Монголија

На 31.03.2019 во 13.00 часот во СВР Скопје, конзулот на Република Монголија во РС Македонија пријавил дека во периодот од 15.00 часот на 30.03 до 12.00 часот на 31.03.2019 година до 12,00 часот непознат сторител го одзел знамето на РС Македонија, кое било поставено пред Конзулатот на Република Монголија на булевар „Јане Сандански“ во Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на настанот.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања