Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
asfalt

Општина Центар најавува реконструкција на патната инфраструктура

Општина Центар ја заврши реконструкцијата на улицата „Димитар Пандилов“ во населбата Долно Водно. Станува збор за еден од капиталните проекти од развојната програма на општината кој беше најавен минатата година во септември, кога после цели 20 години започна обновата на оваа улица.Во рамките на проектот, обновени се 2.850м2 коловоз, поставени се нови ивичници во должина од 897м2 и тротоари со површина од 1.485м2. Освен површинската реконструкција, на улицата е изградена нова атмосферска канализација во должина од 512м, нова фекална канализација во должина од 509м и нова водоводна канализација во должина 535 м.Застарената водоводна мрежа и цевките се комплетно заменети со нови, полиетиленски, со што значително ќе се подобри квалитетот на водата за пиење на жителите од овој дел од Центар.Дополнителна придобивка од новата водоводна мрежа е што ќе се реши проблемот со атмосферските води,со кој долги години се соочуваа жителите на оваа улица.Во насока на подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните, но и зголемување на безбедноста, Општина Центар паралелно работи и на завршување со реконструкција на улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“ во делот кон населбата Аеродром, а во моментов во општината течати постапките за набавка за отпочнување реконструкција на улична инфраструктура на улиците „Караорман“, „Ганчо Хаџипанзов“, „Мирче Оровчанец“ и„Петричка“, како и за целосна реконструкција на паркингот кај „Палома Бјанка“.

Скопје | пред 6 години

6 год.
berat-i-ohrid-4

Охрид и Берат и официјално ќе се братимат

Двата архитектонски бисери – македонскиот Охрид и албанскиот Берат, ги поврзува не само тоа што се заедно на светската листа на културни и амбиентални врености на УНЕСКО, туку и  заедничкото историско минато, влезено, мегу другото, и во легендата за охридската мома Биљана, која ги молела бератските винари “кротко да ги тераат карваните за да не и го газат даровното платно”.Со овие зборови, викендов во Охрид, им се обрати ВД градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, на учесниците втората „Езерска средба – Охрид 2019”, која, под покровителство на локалната самоуправа и негова – лично, се одржа во организација на Зружението на ветераните од одбраната и безбедноста на Република Северна Македонија, односано огранокот за општините Охрид и Дебрца.Од оваа година, Средбите ќе имаат два дела: Покрај во Охрид, ќе продолжат, на 18 мај, во Поградец и Корча, Република Албанија.Учествуваа високи претставници на здруженијата на ветерани од одбраната и безбедноста од нашата земја, Албанија и други соседни земји, како и градоначалниците од градовите кои гравитираат околу Охридското и Преспанското Езеро.Првиот човек на македонското Здружение, генерал Филип Котели, информираше дека се воспоставени први контакти за соработка и догодина ќе бидат канети и претставници на сродните асоцијации од Грција и Унгарија, како и од земјите на поранешната југословенска заедница.Централен настан, беше Свечената седница, на која говореа генерал Филип Котели, односно полковник Енвер Ајдари, во името на албанскиот Сојуз, како и претседателот на Општинската организација на  Здружението за Охриди и Дебрца, полковник Добре Вељаноски,Покровителот на манифестацијата, Константин Ѓорѓиевски, со задоволство ја прифатија иницијативата на претседателот на албанското здружение од Берат, Владимир Мема Охрид и Берат, вековната соработка, да ја крунисаат со потпишување на официјален акт за братимење, додека претставниците од Албанија тоа го поздравија со долг аплауз и извици – браво, браво...Охридска организација истовремено, прослави 11 годишната плодна активност, како една од најактивните и најмасовни општински организации, со членство од над 200 наши соработници, само од Охрид.- Нашата Општинска организација ја координира и насочува и работата на нашите колеги од општините Струга, Дебрца, Струга, Ресен, Дебар, Ростуше, Центар Жупа и Маврови Анови, а тесно соработуваме со колегите од Тетово, Битола, Ресен и Прилеп. Надвор од границите на нашата земја, тесно и врз основа на потпишани протоколи, соработуваме со сродните асоцијации од Албанија (Тирана, Пешкопеја, Елбасан, Поградец, Корча и Берат – градот со историски врски со Охрид), Бугарија (Софија, Ќустендил и Дупница), како и Србија - Панчево и Врање и други места – нагласи полковник Вељаноски.Во рамките на манифестацијата, беа одржани и заеднички спортски натпревари, во дисциплините шах, пикадо, табла, пинг-понг и стрелаштво.Домаќините, за своите гости организираат разгледување на културно-историските знаменитости во старото градско јадро, прошетка со брод по Охридското Езеро, како и  посета на Хидро биолошкиот институт, како манифестација на на заедничката грижа на Охридското и Преспанското Езеро.Во хотелот “Милениум Палас”, беше одржано импресивно заедничко другарување, веселба и свечен ручек. Гостите се веселеа, заедно со фолклорната група “Охриѓанка”додека посебно доживување беше настапот на малата Кетрин Коли, родена во Глазгов, Шкотска, а сега, со својата мајка – позната виолинистка со диплома од Кралскиот колеџ, Доминика Коли, живее во охридското село Климештани. На своето име и презиме, додала – Македонска.

Македонија | пред 6 години

6 год.
press2

Георгиески: Мојата Предизборна програма е базирана на реални основи и проекции за остварливи проекти

Охрид пред повеќе од една година, храбро и одговорно одлучи и за градоначалник го избра Проф. Д-р Јован Стојаноски,  кој неизмерно го сакаше нашиот град. Тој имаше безброј идеи и огромна желба за промени, но прераната смрт не дозволи да ги реализира сите започнати проекти. Ветивме дека ние ќе го оствариме неговиот сон, истакна на пресс конференција кандидатот за градоначалник од СДСМ Константин Георгиески.Георгиески  продолжи:Горд сум  што бев дел од неговиот тим и веќе добро го познавам патот по кој заедно одевме и имавме заедничка замисла да го направиме Охрид поубаво и посакувано место за живеење.Понесен од спомените на едно големо пријателство и братство, почувствував голема морална обврска и мотив да ги вложам сите мои човечки капацитети, сето мое искуство и време за да се борам и да го продолжам она што го започнавме заедно! За доброто на Охрид и за доброто на охриѓани, ние можеме и мораме да ги промениме работите, а за рок од една година достоинствено покажавме и дека знаеме како.Со поддршка на Владата, Општина Охрид повеќе го нема огромниот товар од долгови и камати кои со години го кочеа нејзиниот развој. Процесот на раздолжување е во завршна фаза и тоа е еден голем успех за сите нас. Финансиската стабилност ќе овозможи полесно функционирање и подобра иднина за општината, а ќе има повеќе средства за развојни и инфраструктурни проекти. Консолидацијата на јавните претпријатија беше исто така многу важна активност на која бевме многу посветени и со правилно менаџирање успеавме да обезбедиме услови за пораст на приходите и намалување на трошоците.Еден од нашите најважни приоритети да ја приспособиме целата постоечка урбана и рурална инфраструктура во функција на потребите на граѓаните. Во фаза сме на реализација на многу идеи и проекти за секој граѓанин да добие решение кое ќе му го подобри животот во неговата средина.Постојано преземаме мерки за почиста и поубава животна средина. Донесена е владина одлука за формирање на новото Јавно претпријатие „Колекторски систем“, кое ќе ги преземе обврските за одржување, обновување и продолжување на колекторскиот систем. Со ова очекуваме  конечно да се реши горливото прашање за заштита на нашето најголемо природно богатство- Охридското Езеро. Тековно спроведуваме и идеи и планови за подобрување на  условите за развој во туризмот, а кон охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ веќе се воспоставени нови директни линии до Виена, Малме и Милано, а од јули стартуваат и редовните авио линии кон Дортмунд и Менинген.Освен секојдневната посветеност на реализација на активности, воведовме и нов модел на отворена,  услужна и транспарента локална самоуправа која подеднакво е посветена на сите граѓани.Мојата  Предизборна програма е базирана на реални основи и проекции за остварливи проекти кои се од големо значење за охриѓани, но и за туристите кои секојдневно го посетуваат нашиот најголем туристички центар.Ајде заедно да ги поддржиме идеите за подобар Охрид! Ајде  повторно заедно да продолжиме да одиме напред!  Мораме уште еднаш да ја искористиме дадената шанса за подобро утре, за подобри услови за живот на нашите деца, кои сакаме да ја градат својата иднина тука, до нас, во нашиот град.Ајде да се одлучиме за уште една Голема победа во Охрид!Одиме напред- Охрид има Градоначалник, истакна кандоидатот на СДСМ Константин Георгиески.  

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC_8921

Заев:Институционално сме подготвени за справување со сите нелегални активности на границите во 21 век

Претседателот на Владата, Зоран Заев и амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која придружувани од директорот на Царинска управа на РСМ, Ѓоко Танасоски денеска имаа свое обраќање на почетокот на дводневната регионална конференција на тема „Зајакнување на капацитетите на Координативните центри за интегрирано гранично управување“. На оваа регионална конференција учествуваа претставници на граничните и царинските управи од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија , Грција, Косово, Романија и Турција кои ќе ги споделат најдобрите меѓународни практики за спречување на организираниот криминал и корупција.Во своето обраќање Амбасадорот Која истакна дека ваквите настани се од големо значење поради размената на искуствата и најдобрите практики за интегрирано гранично работење и одржување на безбедноста на границите како и подобрување на граничните услуги.Директорот на Царинската управа Танески исто така истакна дека одделните гранични служби се генерално поефикасни кога соработуваат и дејствуваат заеднички. Дополнително додаде дека за постигнување на целта отворени и безбедни граници, за Царинската управа значи потреба од постојани промени и прифаќање на нови начини на работа, кои ја надминуваат основната работа на институцијата како институција за наплата на давачки.„Апсолутно очекувано е да се прифати дека како земји кои се составен дел на глобалната светска заедница, глобалните закани, глобалните пазари и глобалните медиуми се нашата заедничка реалност. Дел од таа реалност се и нелегалните глобални прекугранични активности за кои се неопходни соодветни одговори. Предизвикот е двојно поголем бидејќи денеска границите не се само бариери и задолжително места кои треба херметички да затворат една национална заедница.  Напротив во глобалниот свет, ако слободниот проток на луѓе и производи мора да биде максимално ефикасен, двојно повеќе треба да бидат поефикасни мерките за борба против организираниот криминал, вклучувајќи ја корупцијата и илегална миграција, трговија со оружје, шверцот на дрога и трговијата со луѓе. Како порта на Европската Унија, Западен Балкан е клучната точка на овие нелегални активности. Затоа наша институционална и морална должност е да ги запреме сите криминални прекугранични активности, истакна во дел од своето обраќање премиерот Зоран Заев. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
FullSizeRender-01-04-19-11-57

ВМРО ДПМНЕ Охрид: Ќе го посетиме секое маало, секоја улица и куќа презентирајќи ја Програмата

Историски мигови за нашата татковина, за нашиот град, моменти кога е потребна сила, одговорност, одлучност. Охриѓани не живеат подобро од претходно, во целата држава има чемер и јад. Од денеска ни се отвораат вратите кон нови предизвици. Денешниот ден не е ист како претходните, бидејќи најавува едно подобро утре кое ќе внесе насмевка во охридските семејства. Уште денес започнуваме со работа, која ќе триумфира на 21 април. Oбединети и сплотени да продолжиме со создавање нови дела и вредности, кои се трајни и се за охриѓани, истакна на пресс конференција Сашо Донев, претседател на ОК Охрид.Ќе го посетиме секое маало, секоја улица и куќа презентирајќи ја Програмата. Сите симпатизери и членови на партијата, но и сите оние кои сакаат промени заедно да дејствуваме во насока на подобрување на општественото живеење во Охрид.Затоа, Ве повикувам на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ,,За подобра Македонија" денеска на Градскиот плоштад во 20:00 часот. Заеднички да излеземе и дадеме поддршка за победа на Д-р Митре Милошевски за градоначалник на Охрид и проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова за претседателка на Македонија.Зааедно да почнеме да го трасираме патот до уште една, уште поголема победа, за Охрид, за охриѓани, за Република Македонија.За поубав Охрид!За право и правда, за Македонија, истакна Донев, претседател на ОК Охрид.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pendarovski-prv-spot

СДСМ започна со скапи рекламни спортови, во првиот спот на Пендаросвки „Сите едно пееме“

Денеска на своите профили, заедничкиот кандидат за Претседател на 30 политички субјекти го промовираше видео спотот за песната „Сите едно пееме“, со која и го најави официјалниот старт на кампањата, се вели во соопштението од СДСМ.Со стиховите „Сите едно пееме, вечерва од љубов семе сееме, полиња со среќа полни жнееме, еден свет без граници да живееме“, песната на Стево Пендаровски мотивира, инспирира и испраќа силна порака за заедништво, соживот и единствената иднина која ја има оваа наша прекрасна земја.Видео спотот носи силна визулена поткрепа од убавините на нашата земја, планинските врвови и реки и единственото македонско зајдисонце, прекрасното Охридско езеро, револуционерното Крушево, старата скопска чаршија и традициите кои живеат во неа, хероите на македонскиот спорт и уште многу други.Во своето обраќање на крајот од спотот, Пендаровски повикува на обединување и потстетува дека патот што го изодевме беше долг и тежок, но и дека само обединети во една заедничка цел, можеме да продолжиме напред и да изградиме држава во која сите ќе сакаме да живееме.„Заедно напред. Затоа што заслужуваме модерна, Европска држава“,  завршува Пендаровски. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG-1e903e435cd4f700d5178a8df6056329-V

Во МЗ Подстаница, во населба и село Драчево собрани 5 тони кабаст отпад

Минатата седмица Општина Кисела Вода и ЈП „Комунална хигиена“ собраа 5 тони кабаст отпад и електронска опрема во МЗ Подстаница, во населба и село Драчево.Покрај ова, на истите локации локалната самоуправа спроведе активности за целосно расчистување на отпадоците одложени од страна на несовесни граѓани. Средени се детските игралишта, а скастрени се и исушените гранки на дрвјата и грмушките.Општината повторно апелира до граѓаните за совесно однесување, како би придонеле за чиста Кисела Вода.Акцијата за собирање на кабаст отпад ќе продолжи да се одвива оваа работна недела, во четврток и петок во урбаните заедници 11 Октомври – бараки и згради. 

Скопје | пред 6 години

6 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Дали Силјановска е потпишана на кандидатура за Претседател на Република Северна Македонија?

Гордана Силјановска исто како и Христијан Мицкоски не е искрена, не е чесна и лицемерна е кон граѓаните. Кандидатката на Мицкоски, Гордана Силјановска, во јавноста говори дека не го признава уставното име на нашата татковина, Република Северна Македонија. Таа јавно се обврза дека никогаш нема да го користи тоа име, се вели во соопштението од СДСМ.Но да видиме видиме дали е Силјановска чесна како што се претставува или не е како што знаеме?Пред граѓаните Силјановска треба да одговори како ја поднела кандидатурата до Државната изборна комисија?Дали Силјановска е потпишана како кандидат за претседател на Република Северна Македонија?Дали уште пред да почне кампањата, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ ја излажа јавноста за едно од нејзините клучни ветувања?Јавноста чека одговори, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Нови пријави на граѓани за каснување од куче скитник

На 31.03.2019 во 14.50 часот во Полициската станица Аеродром, Д.Р.(42) од Скопје пријавил дека на 30.03.2019 околу 18.50 часот на булевар „Видое Смилески-Бато“ неговата 16 - годишна ќерка била касната од куче скитник.На 31.03.2019 во 18.35 часот во Полициската станица Драчево, Б.А.(86) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 14.30 часот на улица „Иван Хаџиниколов“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Скопје | пред 6 години

6 год.
velosiped

Со товарно возило удрил седумгодишно дете-велосипедист

На 31.03.2019 во 18.30 часот во село Грчец, скопско, товарно возило „Мерцедес  508“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(45) од село Шишево, скопско, удрило во седумгодишно дете-велосипедист од село Грчец. Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pozar-drvja

Повторно активиран пожарот кај Ново Село

На 31.03.2019 во 11.00 часот во Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор „Ново Село“ било пријавено дека над напуштената караула „Бајково“ повторно се активирал пожар и се ширел кон село Бајково на место викано „Оровица“. Се преземаат мерки за гасење на пожарот. На 31.03.2019 околу 13.30 часот во Полициската станица за граничен надзор „Старавина“ било пријавено дека настанал пожар во правец на село Полчиште, прилепско, во кој била опожарена нискостеблеста вегетација, густа трева и околу 20 хектари борова шума. Биле известени Територијалната противпожарна единица-Прилеп и Центарот за управување со кризи и се преземаат мерки за гасење на пожарот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
soobrakajna-nesreka

Прилепчанец со автомобил удрил 9 годишно дете

На 31.03.2019 во 14.20 часот на крстосница од улиците „Војводинска“ и „Ладо Ланецот“ во Прилеп, патничко возило „Фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ѓ.(49) од Прилеп удрило во осумгодишно дете од Прилеп. Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Градската болница- Прилеп каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-3

Со југо излетало од патот, 74 годишниот возач пренесен во болница

На 31.03.2019 во 19.50 часот на локалниот пат село Вапила-село Косел, охридско, кај место викано „Лозја“, патничко возило „Југо Корал 55“ со охридски регистарски ознаки, управувано од В.В.(74) од Охрид, изгубило контрола и излетало од патот.Притоа, В.В. се здобил со тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.

Македонија | пред 6 години

6 год.
stop-policija

Сообраќајната полиција во Скопје, со полни раце работа

Во текот на изминатите денови (29, 30 и 31.03.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 158 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени 57 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и осум возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 60 возила бидејќи 54 биле нерегистрирани, три возила биле технички неисправни и три возила поради претовар. Санкционирани се 27 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, четири возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, 27 возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, 21 возач поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 26 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се 20 пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и 12 пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 216 мандатни платни налози и 149 возила се подигнати со специјално возило пајак.Изминатите денови се случиле 29 сообраќајни незгоди во кои пет лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 17 лица поминале со телесни повреди.

Скопје | пред 6 години

6 год.
zagina-rusinka

Во авионска несреќа загина една од најбогатите русинки

Една од најбогатите жени во Русија, Наталија Филева, сопственичка на авиокомпанијата С7, загина во авионска несреќа во Германија, соопшти нејзината фирма. Филева (55) летала со мал авион „ЕпикЛТ“ со шест седишта, кој се урнал и се запалил вчера попладне додека се приближувал кон мал аеродром на 10 километри од Франкфурт. Загинаа 3 лица, а германсктите власти ја истражуваат причината за несреќата.Форбс го процени богатството на Филева на 600 милиони долари.Повикувајќи се на полициски извори, германските медиуми наведуваат дека две лица загинале, а тројца се тешко пворедени кога полициско возило кое со ротација одело кон местотот на авионската несреќа, се судрило со друго возило, на неколку километри од местото на падот на авионот. 

Свет | пред 6 години

6 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Честит 1-ви април, денот на Мицкоски и неговите лаги!

Денешниот ден е на Христијан Мицкоски и неговите лаги. Во отсуство на програма, план, идеја и визија, Христијан Мицкоски своето делување го сведе на лажни вести, деструкции и блокади на иднината на државата и граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.Во морето на невистини и лаги пласирани од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ може да се издвојат:Мицкоски лажеше дека не бил асистент кај неговиот татко-професор, се потврди сосема спротивното.Христијан Мицкоски излажа дека не добивал пари за неговиот ангажман како советник на Никола Груевски, инаку негов ментор. Се потврди дека ангажманот како советник на Никола Груевски, ги чинел граѓаните околу 2 милиони денари.Мицкоски лажеше и за бизносот со хидроцентралите и земјиштето што го добил од владата на Никола Груевски, токму во времето кога му бил советник на Груевски.Помеѓу последните е лагата на Мицкоски дека неговата партија поднела амандмани до Министерството за правда во хартиена форма, што се покажа дека е целосна невистина.Тоа е Христијан Мицкоски, лаги, деструкции и ништо друго.Честит 1-ви април, денот на Мицкоски и неговите лаги, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
ujp_smetki

Од денеска УЈП ќе почне да додставува претпополнети годишни даночни пријави

Управата за јавни приходи од денеска ќе почне да ги доставува претпополетите годишни даночни пријави на даночните обврзници за приходи остварени во 2018 година.Претпополнетите годишни даночни пријави ќе се доставуваат електронски на корисничките профили што претходно ги регистрираа даночните обврзници, додека на е-маил адресата корисикот ќе добие нотификација дека е испратена претпополнетата годишна даночна пријава, која ќе треба да ја потврди или коригира.Ова е прва година во која граѓаните добиваат претпополнета годишна даночна пријава.Годишните даночни пријави Управата за јавни приходи треба да ги достави најдоцна до 30 април, а граѓаните да ја коригираат или да ја потврдат имаат рок до 31 мај годинава. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Македонскиот народ го прочита Заев. за сите лаги ќе го казнат

Зоран Заев треба да знае дека македонскиот народ е честит, достоинствен, колку и да го корне, тегне, уништува тој повторно ќе изникне, тој е пиреј. Правда отако СДСМ е на власт нема. Правдата денес не може да ја постигне ниту она распаднато СЈО, ниту пак Кацарска судството или Рускоска обвинителството. Тие се дивото месо на Заевизмот кои ја гушат правдата, и како куклен театар тој заевизам ги игра куклите, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Фирмите на Заев прават профит од 100 милиони евра годишно, а обичниот граѓанин се бори за парче леб. Кланот Заеви секојдневно ги шири своите бизниси во соседството, со цел да ги избегне погубни политики на власта која тој ја предводи,а истовремено илјадници млади граѓани на Македонија ја напуштаат државата.Република Македонија мора да се врати на вистинската патека, на економски просперитет и добробит за сите граѓани, на црнилата предводени од Зоран Заев мора да им се стави крај.Затоа на 21 април граѓаните масовно ќе излезат и ќе му порачат на Заев и на СДСМ дека се поразени и ќе се испратата во темната историја на Република Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Мицкоски од родното место на Заев му порача: Јас за разлика од Зоран Заев сум без хипотеки или без било какви долгови кон некого

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа пристуствуваше на трибина во организација на ВМРО-ДПМНЕ која се одржа во културниот центар „Антон Панов“ во Струмица.Во обраќањето Мицкоски истакна дека на Европа и требаа честити, принципиелни луѓе, а не луѓе коишто затварат цели планини за да скијаат, не луѓе коишто однапред договарат во четити очи зделки, не и требаат аболирани политичари, луѓе коишто бараат евро за себе, а евро за црквата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Претседателот Мицкоски пред граѓаните им се забралгодари на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од Струмица Васил Пишев и Ванковер Манчев кои и покрај многу уцени, на 19 октомври останаа храбри и достоинстевени и го зачуваа браникот на својата татковикна Република Македонија.Овој народ е честит, достоинствен, колку и да го корнеш, тегнеш, уништуваш тој повторно ќе изникне, ние сме пиреј колку господине Заев вие да не корнете, тегнете нема да не исчистите ќе останеме ќе се бориме, нема да заборавиме тоа што и го направивте на нашата таковина, порача Мицкоски од Струмица.На трибината претседателот Мицкоски ги спомна и петте стумички студенти којшто пролеаја крв за да може денеска овој народ да ужива во својата татковина, чие име и идентитет власта го смени.Не ни треба бентли, не ни треба мерцедес, не ни требаат дворци, не ни требаат златници, убава е само една обична мисла од еден наш граѓанин, една пофалба тоа што го ветивте успеавте, тоа е она што нас не крепи и да излеземе од ова политичко мочуриште, материјалното е краткотрајно и не не прави среќни, посочи Мицкоски.Тој порача дека на 21 Април граѓаните масовно ќе излезат и ќе му порачат на Заев и на СДСМ дека се поразени и ќе се испратат во темната историја на Република Македонија-И колку и да сака оваа власт да прикаже дека сме исти, не сме. Јас за разлика од Зоран Заев сум без хипотеки или без било какви долгови кон некого.Мене не ми требаше политиката за да станам успешен, јас влегов во оваа работа затоа што не сум човек кој седи со скрстени раце кога гледа дека се друго пропаѓа, затоа што кога ќе помине време сакам на моите два синови да им кажам да јас бев тој кој проба да ги смени работите, рече Мицкоски.Тој додаде дека и кога ќе праша некој зошто се бориме, кажете му за правда и вредности.-А правдата денес не може да ја постигне ниту она распаднато СЈО, ниту пак Кацарска судството или Рускоска Обвинителството. Причината е едноставна, тие се дивото месо на Заевизмот кои ја гушат правдата, и како куклен театар тој Заевизам ги игра куклите се додека преставата врви, а преставата иако на оној со куклите му одговора, за публиката е вистинска трагедија. Правда нема, изјави Мицкоски, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
prognoza-01.04

Времето денеска сончево, од утре дестабилизација

Сончево и малку потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.Малку до умерено облачно, во средината на денот и попладне со локален дожд претежно во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања