Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
administracija

Бројот на вработени во јавниот сектор за една година зголемен за 3.300 луѓе

Јавниот сектор во државата лани имал повеќе вработени во споредба со 2017-та. Ова го покажува извештајот на Министерството за информатичко општество и администрација за бројот на работните места во државни институции.Министерството за информатичко општество и администрација денеска го објави Извештајот за вработени во јавниот сектор за 2018 година. Извештајот содржи информации за структурата на вработените во јавниот сектор.Бројот на вработени во јавниот сектор заклучно со 31 декември 2018-та година изнесува 132.068. Вработените се распределени во 1.314 институции.За споредба извештајот од 2017 година, пак, покажува дека во 1.299 институции работеле 128.722 лица, што значи дека во државата се зголемува и бројот на јавни институции и бројот на вработени, односно за една година бројот на буџетарите се зголемил за 3346 вработени.Министерот Манчевски уверува дека реализираните вработувања биле неопходни бидејќи се пополнувале места каде недостасувал стручен кадар..Министерот Манчевски вели најавените вработувања во Царинската управа е одлука на институцијата и вели дека постојат отстапки при распишување огласи за вработувања непосредно пред избори доколку за тоа има неопходна потреба. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Како опозиција имаа превработеност во администрацијата, денеска се фалат со неверојатни 3.300 вработени

Македонската јавност повторно го гледа Заевизмот на дело. Уште еднаш ја гледаме на дело мантрата на СДСМ, кажувам, заборавам, негирам. Од позиција на опозиција СДСМ, Зоран Заев и сите околу него потенцира колку е обемна и неефикасна македонската јавна администрација, говореа за критериумите на Европската Унија во однос на истата, за сега од позиција на власт буквално да поплукаат на се што кажале, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ на изнесените податоци од страна на Дамјан Манчевски.Денеска министерот за информатичко општество и јавна администрација, Дамјан Манчевски обелодени информација дека само за една година во период од 2017-та до 2018-та година јавната администрација пораснала за неверојатни 3.300 вработени.Државниот буџет е оптоварен за нови 3.300 вработени, партиски војници, роднини и блиски на функционери на СДСМ и власта. На СДСМ не му беа ниту доволни веќе постоечките работни места па почнаа да измислуваат функции, некакви си заменици директори само за да ги вдомат ,,најзаслужните’’ за воведување на Заевизмот.Да потсетиме дека токму Манчевски во 2017-та година изјави дека ,, Во јавната администрација има превработеност’’. Што се случува сега во јавната администрација, дали Манчевски заборави што говорел?На ова лудило мора да се стави крај, мора да се стави крај на лагите и манипулациите со македонската јавност, со македонските граѓани. Мора да се стави крај на неправдите и лагите, мора да се стави крај на Заевизмот, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ на изнесените податоци од страна на Дамјан Манчевски..

Македонија | пред 6 години

6 год.
jablanica-5

СДСМ: Наместо осуда ВМРО-ДПМНЕ очајнички се обидува да профитира - пожарите се ставаат под контрола

ВМРО-ДПМНЕ ниту еднаш не го осуди чинот на предизвикување пожари и продолжува со старата пракса. Наместо осуда, ВМРО-ДПМНЕ побрза да шири неоснована паника и очајнички да се обидува да добие ситен политички поен, додека институциите со сите капацитети делуваат против пожарите, се вели во реакција од СДСМ на прес конференцијата на Владимир Ѓорчев од ВМРО ДПМНЕ.Наместо да се воздржи од ширење неснована паника, ВМРО-ДПМНЕ дрско лаже дека институциите не дејствуваат.Граѓаните да не потпаѓаат на манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ, пожарите се ставаат под контрола.Како што јавно објавија надлежните институции, најголем дел од пожарите низ државата се ставени под контрола. За предизвикани пожари, досега во 2019 година Министерството за внатрешни пожари поднело  8 кривични пријави за сторени 8 кривични„предизвикување на општа опасност“ против 8 сторители.Државниот инспекторат за земјоделство и државниот инспекторат за шумарство и ловство вршат постојани контроли на терен со цел превенција од пожари предизвикани од палење на стрништа. Воведена е забрана за движење во шума и шумско земјиште од 00:00 до 24:00 часот, којашто започна да важи од 29.03.2019 година и ќе трае се до нејзино отповикување.Владата предводена од СДСМ, надлежните инситуции на на национално и локално ниво ја следат ситуацијата, ги следат сите локации низ државата за да се превенира натамошно подметнување на пожарите.Истовремено, како партија го осудуваме чинот на свесно подметнување пожари. Граѓаните да се воздржат од палење оган на отворени површини, предизвикувањето на пожари и општа опасност е казниво со закон, се вели во реакција од СДСМ на прес конференцијата на Владимир Ѓорчев од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Ограбена обложувалница во Скопје

На 30.03.2019 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во обложувалница на булевар „Партизански Одреди“ непознат сторител извршил разбојништво и одзел пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
voz

Мигрант удрен од воз, пренесен во „Мајка Тереза“

На 30.03.2019 во 20.00 часот во СВР Скопје, од комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив било донесено повредено лице- странски државјанин.Според пријавеното, повреденото лице било донесено во текот на денот со возило на Итна медицинска помош од Гевгелија, а на нив им било предадено од екипа на Црвен Крст. Во разговор со полициски службеници тој изјавил дека се вика У.Ш., дека е од Пакистан и дека бил удрен од воз додека се движел по пруга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
crkva

Тешка кражба во црквата „Св.Константин и Елена“ – тетовско

На 30.03.2019 во СВР Тетово било пријавено дека на 29/30.03.2019 непознати сторители извршиле тешка кражба во црквата „Св.Константин и Елена“ во село Вратница, -тетовско и одзеле накит и бакарни лимови. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
tepacka1

Претепан затвореник додека имал дозвола за еднодневен излез

На 30.03.2019 во 19.10 часот во СВР Скопје, вработен во Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ пријавил дека затвореникот Р.Р.(48) од Куманово, кој на 29.03.2019 бил пуштен на еднодневен излез со дозвола, кај нив пријавил дека на 29.03.2019 година во 11.00 часот бил физички нападнат од неколку лица во парк шума Гази Баба.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
pretepan

Се тепале во близина на угостителски објект

На 31.03.2019 во 03.00 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во близина на угостителски објект на улица „Христо Смирненски“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу лицата К.Р.(20) и 16-годишник, двајцата од Скопје. Лицата биле задржани и по целосно документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Скопје | пред 6 години

6 год.
pretepal-do-smrt

До смрт го претепал својот рoднина

На 30.03.2019 во СВР Штип било пријавено дека околу 13.00 часот во Клиничката болница Штип починал С. М.(66) од Кочани, кој бил физички нападнат во неговиот дом, од неговиот внук В.З.(19), кој со метален предмет и камен му нанел повреди на главата. Телото на починатиот е предадено на обдукција. В.З. е приведен и задржан во Полициската станица Кочани за понатамошна постапка. Известен е јавен обвинител.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Capture

Изгаснат пожарот на граница со Бугарија, од Бугарска страна сеуште гори

На 30.03.2019 во 17.30 часот во Полициската станица за Граничен надзор Пехчево било пријавено дека целосно била изгаснат шумскиот пожар на територијата на РС Македонија, кој бил активен во близина на државната граница со Р.Бугарија. Во пожарот изгорела поголема површина нискостеблеста борова шума, папрат и сува трева. Пожарот се уште бил активен на територијата на Р.Бугарија.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

56 годишен скопјанец каснат од куче скитник

На 30.03.2019 во 22.10 часот во Полициската станица Центар, Ѓ.М.(56) од Скопје пријавил дека истиот ден во 20.30 часот ул. „Кеј 13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата надколеница.

Скопје | пред 6 години

6 год.
f7dk9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTnpVN01EQV8vNzI4ZjQzNTUzMGM1N2JkZmE5NzM2MDYzYzFhOTJlZmUuanBnkZMCzQLkAIGhMAE

Нападнат пожарникар во Струмица

На 30.09.2019 во 17.00 часот во СВР струмица, З.Ш.(56) од Струмица, вработен во Територијалната противпожарна единица Струмица, пријавил дека истиот ден околу 15.10 на местото викано „Просенички пат“ бил физички нападнат од лицетот Т.С.Според пријавеното, тој бил нападнат во моментот кога пристигнале на наведеното место по пријава во Територијалната противпожарна единица за настанат пожар. По целосно документирање на случајот, против Т.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Пронајден мртов мигрант од Бангледаш и 6 со тешки телесни повреди

На 31.03.2019 во 04.30 часот покрај магистралниот пат Удово-Демир Капија, во близина на Водисирска река, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ го пронашле починат С.И.(27), мигрант од Бангладеш и уште 14 мигранти од Пакистан и Бангладеш, од кои шест биле со тешки телесни повреди. По кажување на мигрантите, тие биле истоварени од возачот на возилото, со кое биле превезувани, кој им рекол дека мора да скокнат надолу затоа што на патот има полиција. Притоа се здобиле со повреди, а едно лице починало. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Валандово, и известен е јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција. Повредените се пренесени во болниците во Гевгелија и Кавадарци. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
ukraina-izbori

Украина избира претседател, фаворит комичарот Зеленскиј

Украинците излегоа на гласање, во кое комичар без политичко искуство може да победи уште во првиот круг. Володимир Зеленскиј (41) води во анкетите пред сегашниот претседател Петро Порошенко и поранешната премиерка Јулија Тимошенко.Зеленскиј стана привлечен за гласачите кои се презаситени од вкоренетата корупција во земјата која стана централна тема на спорот меѓу Западот и Русија по безредијата и насилствата во пролетта 2014 година со кои беше соборен претседателот Виктор Јанукович наклонет на подобри односи со Москва. Потоа, новите украински власти во настојувањата да се демонстрираат антирусизам, донесоа неколку уставни промени кои доведоа до отцепување на руското мнозинство на црноморскиот полуостров Крим и вооружен бунт во југоисточниот регион Донбас.Украина во последните две децении изведе две „обоени револуции“ поткрепени од Западот, кои на власт ги донесоа Тимошенко во 2005-та и Порошенко во 2014 година.На изборите има дури 39 претенденти за претседателската должност. Како кандидат на новата партија Слуга на народот, финансирана од олигарски кои ги финансираат и радикалните националистички сили, е предложен шоументо Владимир Зеленскиј, кој и води во анкетите. Петро Порошенко е втор според рејтингот, а го следи Јулија Тимошенко од партијата Татковина, а далеку зад неа е најверојатно прорускиот кандидат од Опоициската платфорам – За живот, Јуриј Бојко.Регуларноста на изборите ја следат над две илјади набљудувачи од 18 меѓународни организации и 18 земји. 

Свет | пред 6 години

6 год.
turcija-izbori

Крвави избори во Турција, две лица загинаа

Темел Карамолаолу, лидер на малата турска исламска партија Фелисити изјави дека две лица биле убиени во источниот дел од Турција на избирачко место.Тој на својот профил на „Твитер“ напиша дека волонтер и набљудувач на изборите се убиени во округ во провинцијата Малатја.Турската новинска агенција „Анадолија“ извести дека едно лице е убиено, а едно повредено во расправија помеѓу симпатизерите на конкуретскиот кандидат на локалните избори, пренесе „АП“.Во Турција денеска се одржуваат локални избори на кои право на глас имаат повеќе од 57 милиони луѓе на околу 200.000 избирачки места во 922 окрузи. Граѓаните избираат претставници во локалните собранија, како и десетици илјади соседски или селски администратори, наречени „мухтари”. Аналитичари оценуваат дека во случај на добар изборен резултат на партијата на Ердоган, тој ќе ја зајакне својата контрола врз претседателството, парламентот и локалната самоуправа. 

Свет | пред 6 години

6 год.
gradonal-kodeks

Потпишаа кодес и си подадоа рака, 5 те кандидати за градоначалник утре ја започнуваат кампањата

Петте кандидати за градоначалник на Охрид, кои ќе учествуваат на вонредните локални избори потпишаа Кодекс за фер и демократски избори.Охрид на предвремените избори за градоначалник овој пат има 5 кандидати и тоа д-р Константин Георгиески од СДСМ, д-р Митре Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ, Михаил Трендафилов-Нанче од ГДУ, Стевче Стевоски од партијата Демократи и Џемал Мена, како кандидат на Движењето БЕСА. На овие избори во Охрид нема независен кандидат.По потпишувањето на Кодексот, кандидатите за првата градска фотелја во Охрид дадоа изјави според редоследот на гласачкото ливче:– Потпишувањето на овој кодекс за фер избори претставува писмена гаранција дека ние учесниците на овие избори ќе бидеме фер и коректни како меѓусебно така и пред граѓаните на Охрид, рече кандидатот Стевче Стевоски.– За мене ова е фарса бидејќи во една земја во која постои Устав и закони нема потреба дополнително да се потпишува Кодекс за фер изботи. Ако некој ги прекрши фер изборите потребно е согласно закон да одговара, истакна Михаил Трендафилов – Нанче.– Чинот на потпишување на овој кодекс го сфаќам симболично, убеден сум, сите овие луѓе ги познавам, дека на овие избори може да има некаков проблем. Одговорноста за фер и демократски избори лежи на Владата, да обезбеди фер и достоинствени услови и терен за сите ние подеднакво да се натпреваруваме на овие избори, рече Митре Милошески.– Очекувам после овој потпис што го ставивме на кодексот на 21-ви април изборите да се фер и демократски, посакувам успех на сите кандидати, рече Џемал Мена.– Потпишувањетро на Кодексот можеби е протоколарен, но е убав чин кој ја збогатува демокрартијата. Ние ќе треба тоа во пракса да го покажеме и докажеме и да го потврдиме во овие 20 дена кампања и на денот на изборите. Јас се обврзувам и гарантирам дека ќе сторам сé изборите да се фер и демократски, истакна Константин Георгиески.Охриѓани на 21-ви април ќе избираат нов градоначалник, откако на 15-ти декември минатата година, ненадејно почина досегашниот градски татко, проф. д-р Јован Стојаноски.извор и фото: ohridpress.com.mk 

Македонија | пред 6 години

6 год.
kodeks-kandidati

Потпишаа кодекс за фер и демократски избори и си посакаа среќа

На еден ден пред официјалниот почеток на кампањата за шестите Претседателски избори, кандидатите за претседател на државата Блерим Река, Гордана Сиљановска Давкова и Стево Пендаровски денеска во просториите на Државната изборна комисија (ДИК) потпишаа Кодекс за фер и демократски избори.Блерим Река по потпишувањето на документот порача дека тројцата кандидати добро се познаваат и дека не очекува дека претседателската трка ќе биде трка за живот и смрт, туку ќе биде трка која можеби ќе отвори нова страница во изборната историја.Гордана Силјановска Давкова посочи дека претстојните претседателски избори се исто толку важни, а можеби и поважни од правото и правда заради што, додаде, строго ќе се држат до нив.Стево Пендаровски посочи дека е добро што потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори конечно стана пракса што никој не ја спори.Потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори е обврска на кандидатите според член 8-в според кој учесниците во изборниот процес недвосмислено се обврзуваат дека нема да вршат никаков притисок или обид за притисок врз вработените во јавната и државната администрација, во други институции или установи финансирани од Буџетот на Република Македонија, буџетите на општините и Градот Скопје, како и во трговски друштва и претпријатија со државен капитал. Исто така, се обврзаа дека ниедно вработено лице или граѓанин нема да биде предмет на било каква закана по однос на своето вработување и социјална сигурност како резултат на нивното поддржување или неподдржување на било која политичка партија или кандидат.Инаку, Стево Пендаровски ќе ја започне својата кампања со митинг во Прилеп, Гордана Силјановкса Давкова во Охрид, а Блерим Река првиот митинг ќе го одржи во Скопје.Според Изборниот законик, кампањата ќе трае до 19 април, на полноќ, кога ќе започне и изборниот молк.Кампањата за претседателските избори почнува од утре, 1 април и завршува на 19 април на полноќ. Првиот круг на гласање за претседателските избори ќе се одржи на 21 април, а вториот на 5 мај.Доколку не се постигне цензус од 40% во вториот круг, претседателот на Собранието треба веднаш да распише нови избори. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
jablanica-1

(ВИДЕО) Гори и планината Јабланица - теренот не е пристапен

Нов голем пожар на Јабланица. Пожарот е над селата Вевчани, Октири и Лабуништа.Неофицијално гори шумата кај локалитетот Вајтос - кој е археолошки локалитет од римско време на Јабланица. Од СВР велат дека теренот не е пристапен за проти пожарните екипи.   Инаку овој пожар сеуште не е регистриран во центарот за управување со кризи. Според нивните официјални подаци еве ги активните пожари до 13 часот во земјава:Скопски регионПожарот на м.в.Љуботенски Бачила, е активен, од ЕЛС Бутел е побарано ангажирање на авионите на ДЗС.Кумановски регионОд утринските часови вработени од ШС интервенираат на активни жаришта на опожарената нискостеблеста дабова шума од вчерашниот пожар во атарот на с.Живиње (опш.Куманово) – с.Сушица (опш.Петровец).Во интервенцијата учествуваат и ТППЕ Куманово.Струмички регионАктивен пожар има во атарите на селата Свидовица и Куклиш со кој опожарена е мешана шума, нискостеблеста даб и габер на површина од околу 5 хектари. Интервенираат вработени од ШС Беласица – Струмица и ТППЕ СтрумицаОхридски регионВо општина Македонски Брод активен е пожарот во атарот на с.Рамне каде гори ниска деградирана шума и смрека. Од утрово интервенираат вработени од ШС Сандански – Македонски Брод.Пожарите во атарите на селата Горно Ботушје и Црешово се ставени под контрола.Велешки регионНа територијата на општина Чашка има два активни пожари и тоа: Во атарот на с.Црешнево каде интервенираат ШС Бабуна – Велес и ЈКП Тополка – Чашка и во атарот на с.Мокрени каде интервенираат од ШС Бабуна.Штипски регионВо општина Кочани, пожарот кај с.Пресека (близу манастирот) сеуште е активен и опожарена е борова шума. Интервенираат од ШС Осогово - Кочани, од Шумска полиција и ТППЕ Кочани.Во општина Берово, пожарот кај с.Владимирово каде гори папрат и дабова шума е се уште активен. Интервенираат од ШС Малешево, месно население и од шумската полиција.Тетовски регионПожарот кај с.Седларево е локализиран. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
stevo-pendarovski-1

СДСМ: Започнува победничкиот караван на Стево Пендарвоски

Во текот на утрешниот ден (01.04.2019, понедленик), кандидатот за претседател Стево Пендаровски ќе биде помеѓу граѓаните на општина Пласница (13:00), Македонски Брод (14:00), Долнени (15:10), Кривогаштани (16:30) Крушево (19.00) и Прилеп (20:30 часот), се вели во соопштението од СДСМ.По средбите со граѓаните на Пласница, Македонски Брод, Долнени и Кривогаштани, Стево Пендаровски ќе учествува на отворена трибина со граѓаните на Крушево.На оваа трибина ќе се приклучи и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.Подоцна, со почеток во 20.30 часот, на градскиот плоштад во Прилеп, ќе се одржи централниот настан, отворена трибина со граѓаните на Прилеп на која ќе се обратат Стево Пендаровски, кандидат за претседател и Зоран Заев, претседател на СДСМ.Во прилог ви испраќаме целосен распоред на победничкиот каравan за првата недела од кампањата, велат од СДСМ. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Naum-PRESS-3103-Glavna-Slika-1

Стоилковски: Средба на работните групи за измените во законот за јавно обвинителство, треба да закаже Дескоска

На денешната пресс конференција Наум Стоилковски - Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ одговори на новинарското прашање: Дали ќе има средба на работните групи во врска со измените во законот за јавно обвинителство?Стоилковски рече:Во текот на викендот нема да има средба. Средбата треба да ја закаже министерството за правда, треба да ја закаже Рената Треновска Дескоска. Колку што знам оставен е период за внатрепартиски консултации по којашто ќе следува нова средба на работните групи. Во однос на претходното прашање за тоа што велите дека се очекува денеска да бидат изложени бројката на вработувања во јавната администрација, тукушто објавив нови огласи коишто се коруптивно дело, коруптивно влијание врз гласачкото тело во предизборни цели, во изборни цели што е тежок вид на криминал и корупција. Само овој период досега објавив три прес-конференции за три јавни институции, односно државни институции каде што се вработуваа времено работници, секако во очекување на нивно посакувано поднесување за време на изборите од страна на власта. Вакви огласи не беа спроведувани за време на оној меѓу период од референдумот до сега, а многу индикативно што вакви времени вработувања, огласи беа распишувани за време на кампањата и пред кампањата за референдумот што повторно е едно коруптивно едно криминогено дело за коешто Јавното Обвинителство се уште не се произнесе.Во меѓупериодот, во двата меѓуизборни периоди да потсетам дека јавноста беше шокирана од секојдневните афери коишто избиваат во јавноста токму заради непотизам и полнење на армијата од СДСМ во администрацијата односно злоупотребите за вдомување на партиски, звучни презимиња, нивни блиски на партиски одработувачи на синови и ќерки, мајки на пратеници на функционери на СДСМ , на функционери во локалните самоуправи во општините како и на се што може да се злоупотреби од јавната администрација за вдомување на партиската војска на СДСМ што е класична партизација што значи класично делување спротивно на европските норми и спротивно на она за што СДСМ се залагаше, а тоа е департизација на администрацијата и како што велеа намалување на како велеа неефикасната и неефективната администрација во Република Македонија. Така да што и да биде изложено како бројка за намалување на некакво намалување претпоставувам на невработеноста или за полнење на армијата во администрацијата апсолутно дека ќе следува реакција откако ќе ги слушнеме бројките но, не очекувам да биде подалеку од ова што сега ви го кажувам.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања