Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
Naum-PRESS-3103-Glavna-Slika-1

Стоилковски: Се нуди времено вработување за 22 лица во Царина, со можност за замена на работа за посакувано однесување на изборите

По огласите за вработување во УЈП и во Македонија Пат, денеска повторно ќе посочиме на oглас за вработување распишан во предизборен период, што е можност да се разгледува како Поткуп во изборни цели. Министерството за финансии Бирото за јавни набавки на 28 Март, три дена пред почеток на претседателската кампања бара 22 времени вработувања во Царинската управа, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.22-ца времено ќе бидат ангажирани во Царина, за кои што понудите ќе бидат доставени до 18ти април, три дена пред првиот круг на претседателските избори.Еве ја понудата во пари тешка над 2 милиони, 203 илјади денари но, во етичка и уште повеќе во правна смисла многу потешка.Ова е тешка манипулација, се нуди времено вработување за 22 лица, со можност за замена на работа за посакувано однесување на изборите! Ова се нови 22 кои со претходно објавените 44 се веќе 66 семејства за кои објавуваме дека се врши класичен поткуп во изборни цели!Ова е уште еден доказ за корупција во изборни цели, времени вработувања кои треба да бидат мамка за гласање за можност за постојани вработувања.од моментот кога се распишани избори секое вакво вработување, секој оглас е криминогено однесување со една единствена цел. Дури и овие ангажирања да се согласно годишните планови, многу е интересно што е тоа толку итно во УЈП, Македонија Пат или Царина, што не можело да се одложи за барем еден месец или да се завршело пред еден месец или два месеци?  Што е тоа толку големо и неодложно што овие 66-мина во УЈП, Македонија Пат и Царина мора сега и веднаш да го направат за да бидат и времено ангажирани на работа? Токму во предизборен период.Пазете станува збор за вработување за УСЛУГИ! Што можат да бидат тие услуги кои вредат 100.000 денари годишно по вработен, односно месечно за нешто над осум илјади денари плата по ангажиран работник? И услуги кои што се неодложни и итни за да се спроведува вработување во предизборен и изборен период. 22 за по 8 илјади. Што ќе прават тие? Дали ќе ја намалат сивата економија и даночната евазија, ќе го обезбедат небезбедниот автопат Миладиновци Штип или ќе го дигнат капацитетот на Македонската Царина?Одговорот на овие прашања почитувани е дека станува збор за корупција во изборни цели,  станува збор за криминал! Ова се кривични дела од корпусот корупција. Има 24 дела во кривичниот законик, а во тие дела се поткупот, потоа злоупотреба на службена положба, трговија со влијание, и тоа е коруптивно кривично дело. Секаде каде се наметнува личниот интерес односно партиски, во извршувањето или неизвршувањето на службената должност е кривично дело, и сето тоа е коруптивен криминал!Едно е сигурно, власта паѓа! Додека преговара за закон за јавнообвинителскиот систем влегува во нови изборни криминогени коруптивни дела! Тоа е показател дека знаат дека доаѓа времето на Правото и правдата!ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи трговија со право и правда, трговија со демократијата, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Vlatko-PRESS-3103-Glavna-Slika

Ѓорчев: Во месец март има повеќе од петстотини пожари низ Македонија - никој не превзема одговорност

Со недели и недели половина Македонија гори, никој не превзема одговорност. Г-дине Заев време е за оставки, време е за разрешување. Имаме ситуација во која како никогаш досега, во месец март има повеќе од петстотини пожари низ Македонија којшто никој не ги гаси, за којшто ништо не се превзема и не се бркаат сторителите. Се работи за пустош низ Македонија, се работи за невидена анархија досега во историјата на Македонија којашто многу, многу ги чини граѓаните на Македонија. Исчезнуваат шумите, горат овошни насади на луѓето, имаме евакуирање на цели села. Прашање на време е кога ќе дојдат жртви, истакна Владимир Ѓорчев-член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Никогаш во Македонија немало повеќе од петстотини пожари во месец март. Тоа значи дека нема држава. Тоа значи дека нема институции. Тоа значи дека има целосна спрега на криминалот заедно со државните институции.Вклучени се шумската мафија, вклучени се институциите на полицијата, локалните власти и министерствата. Не може во Македонија да има повеќе од петстотини пожари, а институциите да се индиферентни. Има таква зачмаеност, да има таква негрижа. Оваа негрижа многу ги чини шумите многу ги чини граѓаните, имотите на луѓето коишто ги имаат уништено. Се уништуваат националните паркови. Во време додека Зоран Заев оди и се поздравува и пие кафе низ чаршијата во Охрид гори струшко, гори Галичица, гори Преспа, гори трската. Никој ништо не превзема. Тоа е невидена негрижа.Господине Заев време е за оставки, време е за разрешување. Време е некој да поднесе одговорност за оваа невидена негрижа која доведе до тоа да имаме такво охрабрување, такво осоколување на криминалците кои што се заштитени од вашите институции, за да имаме ситуација којашто во месец март внимавајте имаме повеќе од 500 пожари. Ваква негрижа и анархија не е видена во историјата во Македонија, горат огромни подрачја шумски и на Скопска Црна Гора и на Шара, гори во Поречието, гори во Источна Македонија во Малешевијата. Во Македонска Каменица се евакуираше цело село, беа загрозени животите на луѓето, гори националниот парк Галичица, гори Преспа, гори трската гори околу езерата. Имаше огромни пожари околу Кавадарци и Неготино, гори во Струмичко. Ваква негрижа едноставно човек го остава без зборови. Очекуваме и јавноста бара да има одговорност, оставки и разрешувања, ова е фијаско и дебакл на државните институции, фијаско и дебакл на државните институции на Зоран Заев.Имаме одговорност во Министерството за внатрешни работи и на Оливер Спасовски кои што ништо не превземаат за да имаме одвраќање на оние кои што палат, имаме одговорност на Министерството за шумарство, да тоа е Министерство за шумарство, Министерство за земјоделие но исто така и шумарство. Министерот Николовски никаде го нема а половина шуми му изгореа.Имаме одговорност во Македонски шуми, Дирекцијата за заштита и спасување чии што директор исто така пие кафиња додека половина Македонија гори. Тоа е трагична неодговорност, тоа е трагична неодговорност и сето она што сега го гледаме, да Македонија регресира. Имаме ситуација каде што во Македонија половина држава гори, никој не се грижи за тоа, половинаМакедонија се иселува на никој око не му трепнува, каде што германските инвеститори велат нула, нула е Владата за инвестиции, никој не е разрешен, каде што имаме рекет и убиства низ цела Македонија никој не презема одговорност едноставно ситуација каква што никогаш, никогаш, никогаш сме немале во Македонија. Ова е државна катастрофа што се случува, истакна Владимир Ѓорчев-член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.    

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

(ФОТО) Гори оган околу нај обезбедуваниот музејскиот комплекс во Охрид

Чадот доаѓа од просторот меѓу галеријата на икони кои се со непроценлива вредност и црквата која исто така е од непроценлива вредност и претставува еден од бисерите на наследството од ерата на Византија.ШТО ПРЕТСТАВУВА ОХРИДСКАТА ГАЛЕРИЈА НА ИКОНИ ? !Галеријата на икони во Охрид се наоѓа во музејскиот комплекс на црквата Света Богородица Перивлепта во Охрид. Колекцијата опфаќа повеќе икони, но околу 30-тина од нив се оценети како врвни уметнички дела, кои се создавани во еден подолг период од XI до XIX век. Охридските икони се со непроценлива вредност и поради тоа се изложувани на неколку големи светски изложби.Македонија очигледно е изложена на некаква диверзија бидејќи гори се што може да се оцени како природна вредност, а од утрово ево чади и од дворовите на непроценливото културно наследство.КАДЕ Е ПОЖАРНАТА, ПОЛИЦИЈАТА, ЗАВОД И МУЗЕЈ, ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ?Галеријата на икони во Охрид е едно од нај обезбедените места во градот. Објектот е под 24 часовно физичко обезбедуванје, видео мониторинг, и е обезбеден со сите видови аларми, ко иреагираат и на чад. Како се случува тоа да гори оган во дворот и да чади низ Стар Град Охрид , а никој од надлежните институции да не реагира, па дури ни алармите да не се активираат ќе треба да се даде одговор дополнително, секако ако медиумите го отворат тоа прашање.Институциите во државата како да се неспособни ни да пронајдат барем еден пироман, неодговорен граѓанин или диверзант кој ги прави овие најблаго кажано луди работи.Фотографијата на Фејсбук ја објави Владо Жура, новинар во пензија кој на истата стави и духовит коментар.

Македонија | пред 6 години

6 год.
izbori2_g111ynj56uj65u56uj56-88972

Денес Кодексот за фер и демократски избори, од утре почнува кампањата

Кандидатите за претседатели по денешното потпишување на Кодексот за фер и демократски избори, врз основа на член 8-в од Изборниот законик, во Државната изборна комисија, од утре официјално ја започнуваат изборната кампања.Стево Пендаровски ќе ја започне својата кампања со митинг во Прилеп, Гордана Силјановкса Давкова во Охрид, а Блерим Река првиот митинг ќе го одржи во Скопје.Според Изборниот законик, кампањата ќе трае до 19 април, на полноќ, кога ќе започне и изборниот молк.Кампањата за претседателските избори почнува од утре, 1 април и завршува на 19 април на полноќ. Првиот круг на гласање за претседателските избори ќе се одржи на 21 април, а вториот на 5 мај.Доколку не се постигне цензус од 40% во вториот круг, претседателот на Собранието треба веднаш да распише нови избори. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
pozar-drvja

Пожар над манастирот „Св.Богородица“ во село Матка, но и во Кичевко

На 30.03.2019 во 11.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар над манастирот „Св.Богородица“ во село Матка, при што биле опожарени околу 15 хектари нискостеблеста шума. Во 15.30 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. На 30.03.2019 во 18.15 часот во Полициското одделение Осломеј било пријавено дека на место викано „Долг Камен“ во атар на село Калешовци настанал пожар, при што била опожарена сува трева, стрништа, смреки, високо и нискостеблеста дабова шума и овошни насади на површина од околу 1000 метри квадратни. Во 19.10 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кичево. На 30.03.2019 околу 19.50 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Ц.М.(70) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 13.30 часот во село Кучково, скопско, бил каснат од куче скитник во пределот на нозете.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pozar-pruga

Пожар кај железничките пруги кон железничка станица „Лисиче“

На 30.03.2019 во 10.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар покрај железничките пруги во правец од железничка станица „Драчево“ кон железничка станица „Лисиче“, при што биле опожарени околу 100 дрвени нефункционални прагови, жици и два оптички кабли од два контактни столба. Повредени лица нема. Во 13.20 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита.

Скопје | пред 6 години

6 год.
trska-1-1

Изореа папрат, сува трева, борова и букова шума

На 30.03.2019 целосно бил изгаснат пожарот што настана на 28.03.2019 над маалата „Аџии“ и „Траканица“ во село Саса-Македонска Каменица во кој изореа папрат, сува трева, борова и букова шума. Во гасење на пожарот учествувале екипи од Територијалната противпожарна единица Македонска Каменица, вработени во Шумското стопанство „Голак“-Делчево, вработени во ЈП „Камена Река“-Македонска Каменица и вработени во рудникот „Саса“.

Македонија | пред 6 години

6 год.
brza-pomos

Пешак по сообраќајна несреќа пренесен во болница

На 30.03.2019 во 21.30 часот на улица „Душан Тасковиќ“ во Скопје, патничко возило „Шкода октавија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(42) од Скопје, удрило во пешакот Н.Ќ.(70) од Скопје. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила Н.Ќ. и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

6 год.
soobrakajka

Судар помеѓу мопед и „Фолксваген голф“ , со тешки повреди возачот на мопедот

На 30.03.2019 во 19.30 часот на крстосницата од булевар „Киро Глигоров“, улица „808“ и улица „15-ти Корпус“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „Јиндинг“ со скопски регистарски ознаки, управуван од З.Р.(51) од Скопје и патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(52) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил З.Р., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Откриени две лица кои со лажни фотографии од деца собирале парични средства по основ на донации

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против М.Ш. (53) и А.Ш. (49) поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело - “компјутерска измама“ по чл.251-б од КЗ на РСМ.Имено, пријавените со цел да се стекнат со противправна имотна корист формирале Фондација “Допир“ и креирале веб страна https://bidihumansega.mk/ која активно работела на собирање средства за помош на деца со посебни потреби и ретки болести.Од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, утврдено е дека регистрант на веб страната https://bidihumansega.mk/ е лицето М.Ш., кој и воедно е претседател на Фондацијата.Во рамки на спроведената истрага, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика изврши низа проверки, меѓу другото и околу тоа дали лицата, односно корисниците на веб страната за кои се собираат донации, евидираат во системот на Министерството за внатрешни работи и притоа констатирано е дека поголемиот дел од корисниците не постојат, односно креирани се измислени, лажни, фиктивни профили преку кои веб страницата собирала донации и парични средства.Притоа утврдено е и дека заклучно со 27.03.2019 година преку веб страната https://bidihumansega.mk/ собрани биле 3.531.199 денари.По направената анализа на банкарските сметки констатирано е дека од собраните парични средства, пријавените вршеле повлекување на парични средства за сопствени потреби. На 27-ми овој месец, а по претходно обезбедена судска Наредба за претрес, издадена од Основен суд Скопје I Скопје, извршен е претрес на деловни простории во стан во Скопје, при што беа пронајдени голем број на докази кои укажуваат дека лицата М.Ш. и А.Ш. свесно вршеле внесување на невистинити податоци и фотографии од деца кои биле предмет за собирање на парични средства по основ на донации и со тоа довеле во заблуда голем број на граѓани и правни лица кои донирале парични  средства. Со Наредба од Судија за претходна постапка од Основен Суд Скопје I – Скопје, паричните средства од фондацијата се замрзнати.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Capture

Состојба со пожарите на отворен простор до 08:00 ч. – сеуште активни неколку големи пожари во земјава

Скопски регионВо текот на вчерашниот ден, од утрото екипа на БППЗ на Град Скопје гаснале пожар на  м.в. Љуботенски бачила. Опожарена е нискостеблеста шума и трње. Поради силниот ветер пожарот се ширил кон место викано „Башинец“. Теренот е непристапен, затоа е побарано да дејствуваат авионите на ДЗС. Во гасење на пожарот интервенирале и вработени од Шумско Стопанство Караџица.Исто така, во попладневните часови, по дојавата за појавен шумски пожар  интервенирано е на запалена мешана шума и сува трева над с. Сушица. Во гаснењето се вклучени и неколку работници од Караџица. (Општина Петровец); Велешки регионВо општината Чашка, пожарот во атар на с.Црешнево е активен. Во гаснењето на пожарот интервенирале екипи на ТППЕ Велес и ШС Бабуна. Од ШС Бабуна најавија дека во раните утрински часови ќе се упатат екипи за гасење. Исто така, пожарот во атарот на с.Богомила и пожарот во атар на с.Мокрени се активни. Интервенирале вработени од ШС Бабуна. На теренот имало силен ветер кој го отежнувало гасењето. Од ШС Бабуна најавија дека во раните утрински часови ќе се упатат екипи за гасење. Тетовски регионПожарот кај с.Луковица, опш.Желино. е се уште активен. Во текот на вчерашниот ден интервенирале од ЈП Македонски Шуми Лешница, вработен од ДЗС Тетово и од ЕЛС Желино. Потпомогнат од силниот ветер пожарот се ширил кон село Седларево. Поради неможност да го стават под контрола, побарана е интервенција на авионите од ДЗС.Во општина Гостивар, во текот на вчерашниот ден во попладневните часови, пријавен е шумски пожар кај село Ѓурѓевиште. Интервенирала екипа на ТППЕ Гостивар и пожарот е локализиран. Охридски регионОд ТППЕ – Македонски Брод известуваат дека пожарот во атар на с.Рамне е активен. Гори ниска деградирана шума и смрека на многу непристапен терен. На гаснење на пожарот биле ангажирани вработени од ШС.Сандански, лица од опш.Македонски Брод, како и лица од месното население. Пожарот поради ветерот се ширил кон населеното место Рамне од кое е евакуирано едно лице кое живее во него.Пожарот во  атарот на село Ботушје е сеуште активен. Гори дабова шума. На гаснење на пожарот биле ангажирани  вработени од ШС Сандански.Во текот на вчерашниот ден во попладневните часови појавен е пожар на запалена сува трева во атарот на с.Црешово м.в. Старовци. Во гаснење на пожарот биле ангажирани лица од ШС Сандански. Штипски регионПожарот во м.в Цареви колиби с.Владимирово каде гори папрат и деградирана дабова и борова шума сеуште е активен. Во гаснење на пожарот биле ангажирани вработени од Шумското стопанство и месно население за да се спречи ширење на пожарот кон викенд куќички. Поради временските услови екипите биле повлечени од терен а останале само дежурна екипа за следење на пожарот.Во текот на вечерните часови, пријавен е пожар на сува трева во село Пресека Кочанско. Интервенирала екипа на ТППЕ Кочани и Македонски шуми, која констатирала дека пожарот на сува трева има можност да ја зафати боровата шума, но, поради временските услови се планира да се интервенира во утринските часови. Кумановски регионПожарот во атарот на с.Живиње према с.Сушево-скопско е сеуште активен. Гори нискостеблеста шума. На гасење на пожарот интервенирала екипи од ТППЕ-Куманово. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
zaev-za-kandidat

Заев: Го намалуваме ДДВ-то за гасот на 5%

Премиерот Заев преку својот Фејсбук профил ја информираше јавноста дека донесена е одлука, да се намали ДДВ-то за гасот од 18 на 5%, како дел од мерките за намалување на трошоците за енергија и намалени емисии на штетни гасови во воздухот.„Северна Македонија се гасифицира со брзо темпо. Гасификацијата е една од највредните капитални инвестиции од која очекуваме значајни придобивки за компаниите, за општините, како и за граѓаните, во насока на намалување на трошоците за енергија и намалени емисии на штетни гасови во воздухот.Од тие причини донесовме одлука да го намалиме ДДВ-то за гасот од 18 на 5%. Веќе ги анализираме можностите за субвенции или евтини кредити за приспособување на внатрешните инсталации и опрема за пристап и избор до поевтин еколошки енергенс“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

6 год.
vreme-31.03

Денеска сончево време со температура до 24 степени

Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец.И за утре метеоролозите најавуваат сончево и потопло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од променлив правец.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pozar

Владата се налути, засилени контроли и санкции за потпалувачите на стрништа

Владата најостро го осудува палењето на стрништа или оган на отворен простор кои предизвикуваат пожари, и воедно упатуваме апел дека институциите редовно ги следат сите локации низ земјава со цел да се превенираат предизвикани пожари.Потенцираме дека лица кои ќе се затекнат како палат оган на отворен простор и кои предизвикуваат пожари поради палење на стрништа, ќе подлежат на законски санкции.Воедно, од страна на Министерството за внатрешни работи во 2019 година, за предизвикани пожари поднесени се 8 кривични пријави за сторени 8 кривични дела „предизвикување на општа опасност“ против 8 сторители.Исто така, потенцираме дека државниот инспекторат за земјоделство и државниот инспекторат за шумарство и ловство вршат постојани контроли на терен со цел превенција од пожари предизвикани од палење на стрништа.Владата на Република Северна Македонија упатува апел до граѓаните да внимаваат при посети на отворени места или при работни активности во шумите и други локации кои се со обрасната или необрасната шума. Поради опасноста од пожари, посебно се предупредува да не се палат стрништа или оган на отворен простор на необезбедени места, меѓи и други површини, да не се фрлаат шишиња и друга стаклена амбалажа и отпад, да не се врши палење отпад и друг запалив материјал и да не се фрлаат остатоци од цигари на отворен простор.Поради појавата на шумски пожари се воведува забрана за движење во шума и шумско земјиште од 00:00 до 24:00 часот. Забраната започна да важи од 29.03.2019 година и ќе трае се до нејзино отповикување. Оваа забрана не важи за вработените во ЈП “Национални шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории (Национални паркови, Парк шуми, шуми со специјална намена споменици на природата и сл).За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 Законот за шумите ќе им се изрече глоба Забраната не важи за движење во парк шумата Водно, Гази Баба како и за организирани тури на туристи, Националните паркови и заштитените подрачја со посебна намена во Република Северна Македонија, кои ќе бидат одобрени со дозволи од соодветните субјекти кои стопанисуваат / управуваат со шумите, во придружба на преставник од истите.Истовремено, ги потсетуваме граѓаните, доколку забележат одредени сомнителни места во кои е присутен оган или дим, веднаш да ги известат надлежните служби во најблиските институции и установи или да се јават на телефонскиот број 195, како број за итни повици на Центарот за управување со кризи. Воедно ги охрабруваме сите граѓани да пријават лица кои потпалуваат стрништа и оган на отворено во најблиските полициски станици или на телефонскиот број 192.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zemjodelci

ВМРО ДПМНЕ: Земјоделците станаа колатерална штета на неспособноста на оваа власт

Земјоделците станаа колатерална штета на неспособноста на оваа власт. Тие како и сите граѓани во Република Македонија станаа жртви на Заевизмот, на лагите и манипулациите, на неправдата и неисполнетите ветувања. Овие луѓе кои со пот и мака го заработуваат лебот станаа жртви на системот кој урнисува се пред себе, наречен Заевизам, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Заев од позиција на опозиција ветуваше брда и долина за земјоделците, ветуваше зелена нафта, ветуваше сигурен откуп. Сега заборави на сите свои ветувања и целосно го девастираше земјоделието.Последни жртви на Заевизмот се оризарите кои се соочуваат со катастрофален откуп на оризот. Амбарите се полни, земјоделците немаат каде да ги продадат производите од ланската година, а веќе ги подготвуваат нивите за нова реколта.Оваа култура како и сите други култури се соочува со катстрофален откуп. Власта ветуваше загарантиран откуп и повисоки цени, а наместо тоа го клекна земјоделството на колена. Покрај оризарите веќе две години проблем со откупот имаат и производителите на праски, јаболка , а пад во производство има буквално кај сите земјоделски производи.Додека министерот за земјоделство Љупчо Николовски се шета по елитни дестинации и се фали со скапата гардероба, земјоделците се борат за тешко заработеното парче леб. На црнилата и Заевизмот мора да им се стави крај.Неправдата нема да победи, Зоран Заев набрзо заминува во историјата како најнеспособниот премиер. Ќе победи правото и правдината, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
gasifikacija

СДСМ:Процесот на гасификација е во напредна фаза

Процесот на гасификација, еден од капиталните проекти во енергетиката е во напредна фаза. Според официјалните податоци, досега се реализирани  36 отсто на магистралниот гасовод Неготино - Битола, преку Прилеп, а очекувањата се во септември да започнe изградбата на сите фази од блок станиците, со што, практично, ќе се влезе во завршницата на овој крак, се вели  во соопштението од СДСМ.Веќе во следниот месец треба да финишира проектот за магистралниот гасовод Неготино-Штип, а се работи забрзано и на магистралата Скопје - Тетово – Гостивар, кадешто досега се изградени 30 отсто, со што следната година и оваа траса ќе  биде целосно изградена.Владата предводена од СДСМ во континуитет ја потврдува грижата кон граѓаните и животната средина.Во меѓувреме, донесена е одлука за намалување на ДДВ за гасот од 18 отсто на 5 отсто, со што се намалува цената на гасот, а користењето на овој енергенс станува уште попривлечна за компаниите, општините  и граѓаните.Со приближување на завршницата околу процесот на трасите и доаѓање  до секундарните мрежи се разгледуваат и можностите за субвенции или евтини кредити за приспособување на внатрешните инсталации и опрема за пристап и избор до поевтин еколошки енергенс.Гасификацијата останува врвен приоритет за Владата предводена од СДСМ, а доказ за тоа е фактот дека за оваа цел, за оваа година во Буџетот се издвоени 1 милијарда и 557 милиони денари, или 1,1 милијарда денари повеќе во споредба со 2018 година.Придобивките на земјава со гасификацијата се огромни. Со неа, се обезбедува значително намалување на трошоците за енергија што значи помали сметки за граѓаните и  намалени емисии на штетни гасови во воздухот односно поздрава животна средина за сите граѓани, стои во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
55861025_282611255990688_4897395635323404288_n

Заев е новиот Тито, а Дарко Каевски е новата Јованка Броз

Споредувањето на премиерот Зоран Заев со поранешниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито, од страна на претседателот на подмладокот на СДСМ и директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи.https://twitter.com/AMiloshoski/status/1111999874856189952https://twitter.com/Pravdonosecot/status/1111982886884990976https://twitter.com/Matrixx41653205/status/1111583928106864641https://twitter.com/KazamDa/status/1111674199830089728https://twitter.com/evrosimoski/status/1111664524745195520https://twitter.com/OtecDare/status/1111592936725233664https://twitter.com/Semir_k11/status/1111383244132409347https://twitter.com/thajoker_MK/status/1111552089753305088?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1111552089753305088&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Fdruzhe-zo-i-ubichice-bela-tebe-voli-omladina-cela-tviter-za-sporedbata-na-zaev-so-tito%2Fhttps://twitter.com/Karpush_4/status/1111682580473171969https://twitter.com/She_NoVirgin/status/1111554334293180416 

Македонија | пред 6 години

6 год.
1-20

Мајката на Пино побарала помош од Заев, тој ја пријавил во полиција

Денеска пред Собранието на Македонија се одржа протест на роднините и пријателите на иcчeзнатите Пинета Секондо Пино и Арбен Аслан. Пино и Арбен се исчeзнaти веќе подолг период, а нивните роднини и пријатели протестираат поради како што велат неажурноста на МВР во пронаоѓањето на нивните најблиски. Таткото на Арбен и мајката на Пино пред камерата на Инфомакс истакнаа дека воопшто не се задоволни од начинот на кој полицијата работи на нивните случаи и во повеќе наврати изразија сомнеж дека можеби некој одвнатре работи нивните деца да не бидат пронајдени.На прашањето дали можеби имаат контакт со Зоран Заев и двајцата одговорија потврдно. Мајката на Пино, Маја Трпковска истакна дека контактирала, а набрзо откако тоа се случило била пријавена од страна на Зоран Заев во полиција за вознемирување. Очигледно Заев излaжa и дека дневно одговара на преку 4 илјади пораки со оглед на тоа што луѓето кои се обидуваат да побараат помош од него тој ги пријавува во полиција.-Контактирав, ме пријави, имам пријава од господинот Заев, затоа што му праќав пораки на Вибер и не одговараше на моите пораки на Вибер. И господинот Заев на човекот кој плаќа даноци му праќа пријави. Требаше да земам една копија да си ја урамам и ставам во дневна. Јас имам најубав документ, најубава пријава од господинот Заев, наместо да ми рече госпоѓо мајка сте ја сум родител, ако можам ќе ви помогнам, тој мене ме пријавува за вознемирување.Извор: Инфомакс.мк

Македонија | пред 6 години

6 год.
trska-2

ВИДЕО: Нов пожар во Преспа

Попладнево нов пожар кај одморалиштето Крани во Преспа, за среќа брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица од Ресен бил брзо локализиран и спречен да се шири. И овој надлежните велат дека се работи за човечки фактор.Пламените јазици во националниот парк Галичица се намалени, заштитните појаси кои во текот на денешниот ден се правеа со цел заштита од проширување и заштита на туристичките населби беа од голема помош за локализирање на пожарот.ИЗВОР: ТВ21

Македонија | пред 6 години

6 год.
ohrid-struga

Охрид го совлада КЛ7, утре ќе се знае шампионот на Македонија во младинска конкуренција

Охрид го совлада КЛ7 со 28-23 вечерва во четврт финалниот натпревар од ракометниот шампионат на Македонија во младинска конкуренција, кој се игра во СРЦ „Билјанини извори“.Добриот почеток на мечот им донесе предност на охриѓани . Ракометарите на КЛ7 и покрај тоа што успеаја да се доближат, но не успеаја да ја стопат предноста и целосно да се вратат во игра до крајот на првиот дел.Во тимот на Охрид се истакна Наум Костов кој постигна 9 погодоци, а во тимот на КЛ7 најефикасен беше Дејан Џигероски со седум голови.Натпреварот за трето место на новиот ракометен шампион на Македонија во младинска конкуренција ќе се знае утре, 31-ви март од 15:30 часот, а големото финале е закажано за 17:30 часот, кога силите ќе ги одмерат Охрид и Металург.Ова е вторпат Охрид да биде домаќин на завршен турнир, пред две години овде се одржа Ф4 турнирот во пионерска конкуренција.

Спорт | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања