(ФОТО) Карпошани со уникатна порака до крадците
Карпошани подолго време се жалат дека им ги крадат цвеќињата кои ги садат пред зграда.Бидејќи не можат да ги сопрат крадците на цвеќиња тие им оставиле порака.
Скопје | пред 6 години
Карпошани подолго време се жалат дека им ги крадат цвеќињата кои ги садат пред зграда.Бидејќи не можат да ги сопрат крадците на цвеќиња тие им оставиле порака.
Скопје | пред 6 години
Вардар победнички го заврши осминафиналниот дуел од ЕХФ Лигата на шампионите со ППД Загреб, откако и во реваншот во Скопје триумфираа „црвено-црните", овојпат со 32-30 (19-13). Сега играчите и стручниот штаб може да размислуваат за следниот предизвик, Ф4 турнирот во СЕХА Газпром лигата што ќе биде во вторник и среда во Брест, Белорусија.Ова е шеста сезона по ред Вардар да се пласира меѓу осумте најдобри во Европа, а истовремено и 66 победа во групната фаза од ЕХФ Лигата на шампионите. „Црвено-црните" се најуспешната машка екипа од Македонија во Лигата на шампионите. Сега грабиме кон следната цел, а тоа пласманот на Ф4 турнирот во Келн. Нашиот следен ривал треба да биде подобриот од дуелот ПИК Сегед и Висла Плоцк, и веројатно е дека ќе треба да патуваме на дуел во Унгарија.Во меѓусебните дуели на Вардар и ППД Загреб во ЕХФ Лигата на шампионите сега позитивниот биланс е на страна на нашиот тим. Во 12 натпревари сега Вардар има шест победи, и едно реми.Вардар покажа дека не постои прв и втор тим, прва и втора постава. Откако во 15 минута Парондо направи „хокеарски измени" и во игра ги внесе, Скубе, Горбок, Војводиќ, Кисељев, Борозан, Шишкарев ништо не се смени во играта. Вардар продолжи да доминира, а оние што беа на теренот „скокаа на глава" за секоја топка, се бореа лавовски без разлика што разликата беше 3-4 гола. На полувреме заминавме со „плус 6" за водство 19-13. Тие шест гола и претходно ги имавме во текот на првото полувреме.По долгата пауза и операцијата на преднит евкрстени лигаменти во тимот се врати и сергеј Горбок. При првите допири со топката дојде во ситуација да постигне гол, но беше спречен не прописно и изнуди пенал. Во последните секудни од првиот дел левиот бек постигна и одличен гол од десет метри носејќи голема радост на трибините.Парондо реши да го почне мечот со Калифа Гедбан. Имаше повеќе топки во рацете, но несреќно завршуваа зад неговиот грб. Имаше три интервенции и покажа дека од натпревар во натпревар неговата форма постојано се подобрува и прераснува во врвен голман.Да не беше опуштањето во второто полувреме ова ќе беше уште еден меч за „десетка" на вардарци. Имавме водство и од „плус7" за 22-15. Тоа беше знак дека речиси е се завршено. Но гостите нм ислеа така. Ги искористија нашите измени во сотавот, и неколкуте загубени топки и нереализирани напади. Предноста полека се топеше и во 57 минута ППД Загреб првпата израмни, 30-30. Потоа следеше гол на Скубе, и во последната минута и гол на Шишкарев.Целта беше остварена, втора победа против ППД Загреб сезонава во ЛШ, и отворање на вратата кон Келн.ВАРДАР – ППД ЗАГРЕБ 32-30 (19-13)ВАРДАР: Милосављев, Гедбан (8 одбрани), Стоилов 1, Кристопанс 1, Мораеш, Дисингер 1, Карачиќ 3, Скубе 2, Калараш 3, Чупиќ 9, Дибиров 3, Горбок 2, Шишкарев 2, Борозан 2, Војводиќ 1, Кисељев 2.ППД ЗАГРЕБ: Кастелиц, Ристановиќ, Ереш, Мраковчиќ 3, Божиќ Павлетиќ 2, Контрец 1, Буриќ 5, Сршен 3, Хорват 11, Поточник 2, Јотиќ, Равниќ, Мандиќ, Хрстиќ 1, Бичаниќ 2, Векиќ.извор: RK Vardar
Спорт | пред 6 години
Александар Кирацовски, предводникот на изборниот штаб на владиниот кандидат за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, синоќа во студиото на 1ТВ откри дека се договорени четири дуели со конкурентот од редовите на опозицијата Гордана Силјановска Давкова за време на кампањата пред да се одржат изборите на 21 април, односно на 7 мај.– Она што засега на некој начин е договорено, ако можам така да кажам, се четири телевизискји дуели и тоа на 2 април на телевизија Телма, на 12 април на Македонската радио телевизија, на 14 април на телевизија Сител и на 17 април на телевизија Алсат – рече Кирацовски.
Македонија | пред 6 години
Дивеењето на Мерко е последица на лошата и хазардерска политика на владата да им ги помири долговите на општините, пишува новинарот Ивор Мицковски на својот Фејсбук профил.„Еј, да се офира некој овака со коли и чалам и тоа во момент кога јавноста е веќе надркана за пожарите и горењето на трската.Просечната старост на противпожарните возила во Струга е 38 години, еееј, ауди од 70 илјади евра купува.Значи вие ни се смеете во фаца, ни ја трљате мизеријава од глава и ни се церекате.Заев беше ли во Охрид вчера, виде ли нешто, нотира ли овој лик нешто освен својата херојска аура, о премиер–нобеловец.Кажете му дека гори во Преспа, еј Преспа премиере, како Преспански договор, ти текнуе?!“, пишува Мицковски.
Македонија | пред 6 години
Бура од реакции и коментари на социјалните мрежи по вчерашното гостување на градоначалникот на Струга ,Рамиз Мерко на Телевизија 24 кој изјави дека е пишман што не купил подобар автомобил од луксузното „Ауди“ од 67.000 евра, и покрај тоа што Општина Струга е во долгови.https://twitter.com/principe984/status/1112044366309310465https://twitter.com/cmol1902/status/1111734504337653760https://twitter.com/najdenGermanec/status/1111911099773915136https://twitter.com/GTturbo16v/status/1111868627085611008https://twitter.com/Jovanovski_mk/status/1112007413912215554https://twitter.com/stav_gu/status/1111725843980652544https://twitter.com/sem_ujak/status/1111992499176960001https://twitter.com/jp_wanderer/status/1111961218162610176https://twitter.com/zsenkovski/status/1111937302782201856https://twitter.com/PlombaNaRana/status/1111927300340285440
Македонија | пред 6 години
„Ролинг стоунс“ ја откажа турнејата во САД и Канада поради здравствените проблеми на својот фронтмен Мик Џегер. Седумдесет и петгодишниот пејач изјави дека е „уништен“ поради тоа што ги изневерил фановите, но не даде други детали за својата состојба.Лекарите му кажале на Џегер дека не може да оди на турнеја во овој момент, но и дека се очекува целосно да заздрави.„За жал, ‘Ролинг стоунс‘ мора да ја одложи својата турнеја низ САД и Канада и им се извинува на сите оние кои ги имаат купено картите. Мик беше советуван од лекарите да не оди на турнеја, бидејќи му е потребен третман“, соопшти групата.Турнејата требаше да почне на 20 април во Мајами и да заврши во Канада на 29 јуни.„Им се извинувам на сите фанови од САД и Канада. Мразам што вака ве изневерив. Ќе се потрудиме што поскоро да се вратиме на сцена“, напиша Џегер на Твитер.
Магазин | пред 6 години
Акцијата за чистење и обнова на урбаната опрема во парк шумата Гази Баба продолжува и овој викенд. Заеднички екипи на ЈКП Гази Баба и ЈП Паркови и зеленило и денеска на терен ја чистеа парк шумата Гази Баба, а поставена беше и нова урбана опрема.Целта на овие активности е да се заживее парк шумата, како убаво место за одмор и рекреација на граѓаните уживајќи во убава природа која се наоѓа во срцето на градот Скопје.За жал иако минатиот викенд при работните акции беше поставена и обновена урбаната опрема, по неколку дена истата беше целосно уништена. Денес при оваа акција беше извршена повторна интервенција и обновување на уништената урбана опрема.Апелираме до сите граѓани да ја чуваат и одржуваат поставената урбана опрема и во парк шумата, но и низ целата општина, да ги сочуваме јавните зеленила чисти и отпадот кој при нашиот престој во природа го правиме да биде уредно собран во соодветните корпи.Само на овој начин парковите нема да бидат претворени во депонии, а урбаната опрема ќе биде во функција. Свеста кај секој од нас мора да биде поголема, затоа што од нас зависи.
Скопје | пред 6 години
Центарот за управување со кризи на страницата објави информација за активните пожари на отворено до 18 часот.Скопски регионВо место викано Љуботенски бачила зафатена е поголема површина на нискостеблеста дабова шума и трње, а во моментот дува силен ветер и го шири пожарот кон м.в. „Башинец“.Пожарот во близина на фабриката за тули „Типо“ - Драчево е изгаснат. Пожарот зафати дел од пругата, поради што сообраќајот беше во прекин на релација Скопје – Велес, но веќе е нормализиран.Шумски пожар е појавен и кај манастирот Св. Богородица – Матка, а поради силниот ветер пожарот се шири брзо. До сега е опожарена голема површина на даб и смрека.Битолски регионПожарот кај селата Прељубје и Покрвеник.- Перово место викано Вича е целосно изгаснат.Пожарот во Национален Парк Галичица реонот туристичка населба Сирхан-м.в. Кале е ставен под контрола.Во општина Долнени појавен е пожар кај село Небрегово гори шума, на терен се екипи од ТППЕ-ПРИЛЕП.Активен пожар има кај с.Топлица во близина на каменоломот, на терен се екипи од ТППЕ-ПРИЛЕП.Тетовски регионПожарот кај с.Лакавица, општина Желино е се уште активен. Пожарот се шири кон село Седларево потпомогнат од силниот ветер.Во општина Гостивар појавен е шумски пожар кај село Ѓурѓевиште на пожарот интервенираат од ТППЕ ГостиварОхридски регионВо моментот има активен пожар во атарот на село Рамне во многу непристапен терен, гори ниска деградирана шума и смрека. На гаснење на пожарот има вработени од ШС.Сандански.Во општина Македонски Брод се интервенира на пожар во атарот на село Ботушје каде гори дабова шума.Велешки регионАктивен пожар има во атар на с. Црешнево. Во гаснењето на пожарот интервенираат екипа на ШС Бабуна и пожарникари од ТППЕ Велес.Во општина Чашка има пожар во атарот на с. Богомила, екипа на ШС Бабуна интервенира со правење на заштитен појас .Штипски регионВо атарот на с. Саса м.в Маалаците пожарот е локализиран, но дел од пожарот се уште e активен и зафатена е нискостеблеста шума на површина од околу 150 Ха.Во општина Берово има активен пожар во атарот на м.в Цареви колиби, Владимирово каде гори папрат и деградирана дабова и борова шума. Во гаснење на пожарот интервенираат вработени од Шумското стопанство и месно население за да се спречи ширење на пожарот кон викенд куќички.Струмички регионВо атарот на с. Свидовица с. Куклиш има шумски пожар каде гори борова шума. Во гасењето учествуваат од ТППЕ Струмица и од ШС Беласица.Кумановски регионВо Општина Липково пожарот во атарoт на село Никуштак кај место викано Баре е изгаснат.Во општина Крива Паланка во атарот на с. Габор маало Милчовци према Метежево има пожар каде гори сува трева и мешовита шума. Во гасење на пожарот интервенираат ТППЕ Крива Паланка и екипа од ШС Крива Паланкa. Шумскиот пожар во атарот на с.Живиње е исто така сеуште активен.
Македонија | пред 6 години
Дали транзитно, дали на пропатување до Виена или не, ВМРО-ДПМНЕ призна дека Христијан Мицкоски, на ден пред почетокот на предизборната кампања бил во Будимпешта, велат од СДСМ.„Дали посетата на Мицкоски на Будимпешта била со цел да се сретне со неговиот ментор, осудениот криминалец Никола Груевски?Дали во очи на предизборната кампања, Мицкоски од Груевски барал совети за нивната кандидатка Гордана Силјановска?Дали Мицкоски од Груевски добил нови насоки за деструктивно делување преку кое ќе се обидува да ги блокира реформите, а со тоа иднината на државата?Мицкоски да не се крие зад параниочни соопштенија на неговата партија, туку да излезе пред граѓаните и да одговори“, се наведува во соопштението.
Македонија | пред 6 години
СДСМ за две години го зголеми бројот на граѓани кои живеат под прагот на сиромаштија за 100 000. Тоа значи дека Зорав Заев , Мила Царовска и криминалниот картел околу нив дневно по 140 граѓани доведувале до питачки стап, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„СДСМ денеска отворено ја призна оваа катастрофа со која што се сочуваат полoвина милион жители на Македонија.Арамиите од СДСМ без срам сакаат да им брцнат во џебот и на овие социјално најранливи категории.По налог на Зоран Заев и Мила Царовска им се крати помошта која што ја добиваат од државата.Со новиот Закон за социјална заштита, министерката Царовска ќе го намали на 50% додатокот за покривање на дел од трошоците за потрошувачки енергенси во домаќинствата.СДСМ го укина и користењето на надоместокот на услугата помош и нега во домот, доколку истовремено се користи услугата лична асистенција.Оваа ненародна власт ги укина стекнатите права на граѓаните кои беа гарантирани со мерките за трето и четврто дете.Во предизборието ветуваа социјална помош од 12.000 денари, но излажаа, како и за се друго.Сето ова покажува дека СДСМ води целосна негрижа во доменот на социјална заштита. Доаѓа денот кога граѓаните ќе стават крај на овие погубни политики на СДСМ“, се вели во соопштението.
Македонија | пред 6 години
Професорката Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил напиша дека невозможно е да се гради демократска држава во услови на ваква концентрација на глупост.„Северна Македонија е една од најпримитивните држави кои сум ги видела во светот (а сум прошетала навистина доста). Во неа живеат огромен број глупи луѓе. Многу глупи луѓе. Луѓе кои испогануваат се што ќе допрат.Кои најпрекрасната природа ја претвораат во пустелија.Кои ќе испоцркаат затрупани во сопствениот измет.Кои немаат елементарно разбирање за тоа што е заедничко добро, што е тоа што го наследиле од дедо-прадедо, што е тоа што треба да им го остават на своите деца.Глупи и тупи.И навистина е невозможно да градиш демократска држава која се потпира на владеење на правото во услови на ваква концентрација на глупост.И немој да сум слушнала збор дека повторно го навредувам македонскиот народ.А тоа верниците нека се пикнат во некоја дупка да не ги гледам. Како бре може да бидете верници и да ја испоганите творбата на оној во кој верувате. Не сте вие верници туку крлежи.Како бре можете да го испофрлате сето ова ѓубре во нашата прекрасна рекичка? Како можевте толку да ја испоганите Бањанска река да не може да се стапне до неа?Купишта ѓубре не доаѓаат од еден човек. Доаѓаат од голем број многу глупи и примитивни луѓе“, напиша Најчевска на Фејсбук.
Македонија | пред 6 години
Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија распиша тендер за хортикултурно одржување и уредување на објектите на државната управа со вредност од 41 милиони денари (околу 670.000 евра) Главен критериум за добивање на тендерот е најниската понудена ценаТендерот ќе се доделува по пат на електронска аукција.
Македонија | пред 6 години
Денеска се одржа завршниот настан од манифестацијата „Денови на екологија: Онлајн со природата“ кој е во организација на Општина Бутел.Во рамките на оваа манифестација изминативе 10 дена на територијата на општина Бутел беа организирани голем број на еколошки настани и активности чија главна цел беше јакнење на еколошката свест кај граѓаните.Под мотото „Вози велосипед за почист свет“ денеска се одржа големо велосипедско дефиле, на кое учество зедоа ученици од сите основни училишта од Бутел. Во велосипедското дефиле учествуваа и градоначалниците на Град Скопје и Општина Бутел, Петре Шилегов и Велимир Смилевски, а пред одржувањето на дефилето им се обратија на присутните.Градоначалникот Шилегов во своето обраќање наведе дел од проектите коишто Градот Скопје ги реализира за подобрување на велосипедската инфраструктура, како и за општите бенефити од користењето на велосипедот како рекреативно и превозно средство.- Возењето велосипед освен што е здрава навика, ќе ни помогне многу и во намалувањето на сообраќајниот метеж кој станува реален проблем во градот. Но најважно од сѐ е тоа што ќе го намали и аерозагадувањето предизвикано од сообраќајот кој е еден од трите најголеми фактори на загадувањето покрај индустријата и загревањето на домаќинствата. Само така ќе успееме да постигнеме одржлива урбана мобилност во нашето Скопје и само така ќе фатиме чекор со модерните европски градови кои посветуваат сериозно внимание на оваа проблематика. Во изминатите децении воопшто не е работено на велосипедската инфраструктура во северниот дел на градот и тоа е нешто што во изминатиов период работиме да го поправиме. На две од четирите градски улици во Бутел имаме велосипедски патеки, а работиме на велосипедски патеки на повеќе сообраќајници во должина од 2,5 километри во Чаир, за лани да изградиме над 14 километри велосипедски патеки, а ќе продолжиме со подобрување на оваа инфраструктура и во иднина - кажа градоначалникот Шилегов.Во рамките на завршниот настан на манифестацијата „Денови на екологија: Онлајн со природата“ беа доделени награди и благодарници за учениците кои зедоа учество во активностите и настаните кои се одржаа изминативе 10 дена, а доделени беа и наградите од конкурсот за најдобар Екострип.
Скопје | пред 6 години
Владимир Кочовски, командир на противпожарната единица во Скопје, на својот Фејсбук профил напиша дека пожарите што деновиве се шират низ речиси целата држава се подметнати.„ПожариСите, буквално сите пожари на отворен простор, најодговорно тврдам дека се подметнати.За причините во некоја друга прилика.Исто како и пластичните контејнери кои, статистички гледано, горат во Карпош и Центар во 90 % од случаите.Реков дека во некоја друга прилика може да кажам дали пожарите имаат политичка заднина?Дали тоа го прават дрвокрадците, земјпделците кои ги палат стрништата па потоа тоа излага од контрола?Поентата е дека во моментов Бригадата работи со намален број на луѓе кои прават натчовечки напори за да ги угаснат пожарите.Скоро половина од возилата се секој ден на сервис.Се троши огромна количина на гориво.Возилата се уништуваат затоа што мора да се вози и по непристапни места.Затоа, што повеќе полиција на терен( не инспектори).Забрана за движење во шума.Казни за секое запалено стрниште.Ангажирање на чуварска служба, полиција, што и да е, на сите депонии.П.С. За тоа време, додека сите се на терен за да гасат подметнати пожари, треба да знате дека може да се случи пожар на објект на кои повик ќе нема доволно луѓе и возила за пожарот да биде угаснат“, стои во објавата на Фејсбук.
Македонија | пред 6 години
На 29.03.2019 во 20.00 часот во Полициската станица, З.М.(32) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 14 часот на паркинг на кејот на Вардар непознат сторител го одзел неговото возило „Фолксваген пасат“, користејќи го оригиналниот клуч.Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото.
Скопје | пред 6 години
На 29.03.2019 во 13.56 часот во СВР Скопје, Д.Б. пријавил дека во стан на ул.„Никола Киров Мајски“ во Скопје го пронашол починат без траги на насилство З.С.(45), кој живеел сам во станот на неговата сестра.По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Скопје | пред 6 години
На 30.03.2019 во 02.00 часот во Полициска станица, 43-годишен маж од Скопје пријавил дека во првата половина на февруари 2019 во близина на игралиште во село во Скопје три лица со кои се познавала извршиле други полови дејствија над неговата малолетна ќерка.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Скопје | пред 6 години
На 29.03.2019 во 12.30 часот во Полициската станица Чаир, А.У.(31) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 11.40 часот во авто сервис на ул.„Македонска Косовска Бригада“ бил физички нападнат од две лица и сопственикот на сервисот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Скопје | пред 6 години
На 29.03.2019 во 17.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека настанал пожар во село Ботун, охридско. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Б.С.(55) од Охрид запалил ѓубре во дворното место, а огнот се проширил и зафатил електричен столб, сопственост на ЕВН. Б.С. бил лишен од слобода и задржан во СВР Охрид за понатамошна постапка.По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава
Македонија | пред 6 години
На 29.05.2019 во 10.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Гоце Делчев“, охриѓанец запалил сува трева во нива сопственост на неговиот дедо, при што се запалила покривна конструкција на куќата сопственост на М.А. од Охрид.Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, а повредени лица нема. А.И. бил приведен во полициска станица за расчистување на случајот.Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Охрид.
Македонија | пред 6 години
Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.
Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања