Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
pozar-nov-ohrid

(ВИДЕО) Нов пожар на влезот од Охрид – според ЦУК во земјава активни 12 пожари

Пожар на влезот од Охрид. Пожарот е активен и во моментов противпожарната екипа прави се да го локализира и изгасни истиот.За потсетување пред само три дена  имаше  голем пожар на охридското крајбрежје кај „Андон Дуков во кој“ изгоре површина од над 10.000 метри квадратни. Пламените јазици уништија бараки, шупи, трска, голем број дрвја, обработливи површини.Од охридската Противпожарна служба неколку часа се бореа со огнената стихија, која беше тешко да се контролира поради ветрот.Но не само овие во земјава активни се неколку поголеми пожари. Гори во источните делови на земјава кај Саса и Македонска Каменица и во преспанско охридскиот регион  сеуште активни биле неколку пожари меѓу кои во парк шумата Галичица и резерватот за ретки птици Езерани. Во скопско има еден пожар кај Бутел информираат од дирекцијата за заштита и спасување.Според Центарот за управување со кризи активни се пожари најмалку на 12 локации на цела територија, се користат авиони за да се спречи ширење.Инаку не само овој за само неколку денов на терироријата на општина Охрид и охридско за многу кратко време беа предизвикани повеќе пожари кои предизвикаа голема штета.  Токму поради тоа се одржа работен состанок помеѓу на претставници на СВР со претставници на Терериторијалната противпожарна единица, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот инспекторат за шумарство, Дирекцијата за заштита и спасување, Јавното претпријатие-шумско стопанство „Галичица“, шумската полиција и на Центарот за управување со кризи. Притоа, се договорија конкретни плански и зачестени координирани мерки на сите служби и поефикасна меѓуинституционална соработка како и нагласена и доследна примена на законските казнени одредби кон лицата кои ќе бидат затекнати како подметнувачи и предизвикувачи на пожари.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/269223634016933/?notif_id=1553895889197840&notif_t=live_video_explicit

Македонија | пред 6 години

6 год.
sasho-vasilevski-960x528

Василески: Не сме разговарале за коалиција со СДСМ

Пратеникот од Независната пратеничка група, Сашо Василески, не отфрла можност тие да влезат во коалиција со СДСМ. Ова следува откако претходно, во јавноста се појавија информации дека ќе се распадне коалицијата на ДУИ и СДСМ. Василевски вели дека конкретно до овој момент немале разговарано за коалиција со СДСМ.„ Секој пратеник може да стане дел од некоја коалиција. И Амди Бајрам е независен пратеник па е дел од владината коалиција. Ние сме независни пратеници и ние исто така можеме да коалицираме како што ќе процениме дека е од интерес за државата. До овој момент, единствено нешто што сме разговарале со премиерот Зоран Заев е околу нацрт-законот за Јавно обвинителството. Тој е клучен закон за европските интеграции и за тоа се разговараше бидејќи е од врвен интерес за државата и граѓаните. Околу проширување на разговорите влегување на нас како независни пратеници во владиното мнозинство немаме разговарано до овој момент“ - вели Василески за „Скопје1“. Се разгледува ново мнозинство на СДСМ со 8-те пратеници, БЕСА и Алијансата

Македонија | пред 6 години

6 год.
trska-2

Во Охридско превентивни, но и репресивни мерки за поефикасна заштита и превенција од пожари

СВР Охрид ги интензивира мерките на превентивен и репресивен план, со цел, поефикасна заштита и превенција од пожари. Во таа насока, а со цел натамошно позначително и покоординирано дејствување на терен, беше одржан работен состанок со претставници на Терериторијалната противпожарна единица, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот инспекторат за шумарство, Дирекцијата за заштита и спасување, Јавното претпријатие-шумско стопанство „Галичица“, шумската полиција и на Центарот за управување со кризи. Притоа, се договорија конкретни плански и зачестени координирани мерки на сите служби и поефикасна меѓуинституционална соработка како и нагласена и доследна примена на законските казнени одредби кон лицата кои ќе бидат затекнати како подметнувачи и предизвикувачи на пожари.На превентивен план, предвидени се средби со жителите од сите населени места во општините Охрид и Дебрца, со цел нивно информирање за правилниот начин за расчистување и палење на стрништата и необработливите површини и истовреман заштита на соседните ниви и објекти. Договорени се мерки и со Јавните комунални претпријатија и со градежниот инспекторат за спречување фрлањето шут покрај пристапните патишта до шумите како и зачестени контроли на обработливите земјоделски површини од Инспекторатот при Министрество за земјоделство.Предвидена е обнова на ознаките за предупредување поставени по шумските терени како и формирање повеќе работни групи кои ќе ги запознаваат граѓаните за безбедносните мерки и казнените одредби.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pozar

Фрлил отпушок од цигара и предизвикал пожар, опожарени две куќи и ниви

На 29 март оваа година околу 10 часот, во полициската станица Охрид, М.Х.(55) од Охрид, пријави пожар на нива во близина на улицата „Гоце Делчев“. Од извршениот увид, констатирано е дека пожарот го предизвикал А.И.(35) од Охрид, кој, извршувајќи земјоделски работи на нивата, фрлил отпушок од цигара.Притоа, опожарени биле неколку соседни ниви и две куќи сопственост на лица кои се на привремена работа во странство. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
pozar-stolb

Во Ботун изгоре електричен столб сопственост на „ЕВН“

На ден 29.03.2019 година околу 17,00 часот, во селото Ботун-општина Дебарца случен е пожар на отворен простор, во кој, целосно изгореле електричен столб сопственост на „ЕВН“ и други предмети во приватна сопственост. Од извршениот увид, констатирано е дека пожарот бил предизвикан од Б.С.( 55) од селото Ботун. Тој е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

6 год.
mercedes-ohrid

(ФОТО) Заев во Охрид се возеше со мерцедесот на Груевски

Очевидци во Охрид тврдат дека премиерот Заев во овој град допатувал со мерцедесот поради кој Груевски е осуден на 2 години затвор, објави lider.com.mk.Портпаролот на Владата Бошњаковски тврди дека Заев никогаш не се вози со тоа возило но фотографиите и тврдењата на Охриѓани одат контра оваа изјава.Текстот во целост на: lider.com.mk

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Пронајдени мигранти од Авганистан, кои од село Арачиново оделе кон Липково

На 29.03.2019 околу 09.00 часот, од страна на инспектори од Регионалниот центар за гранични работи Север била пресретната група од пет мигранти од Авганистан, кои се движеле од село Арачиново кон село Никуштак, општина Липково. Во 09.30 часот мигрантите биле предадени во Транзитниот центар Табановце.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
aerodrom-skopje

24 годишна Азербејџанка го пречекорила дозволениот туристички престој во земјава

На 29.03.2019 во 14.50 часот на Граничен премин „Аеродром – Скопје“, при пасошка контрола и проверка било констатирано дека Н.Б.(24) од Азербејџан го пречекорила дозволениот туристички престој од 90 дена во текот на шест месеци, односно престојувала 168 дена во последните шест месеци. Таа била приведена и задржана за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Малолетник со велосипед удрил во 4 годишно дете, детето пренесено на клиника

На 29.03.2019 во 11.45 часот пријавено е дека во село Студеничани, скопско, 15- годишник од село Студеничани, управувајќи велосипед, удрил во четиригодишно дете од истото село. Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zemjotres

Силен земјотрес во Грција

Земјотрес со јачина од 5.2 степени според Рихтеровата скала предмалку ја погоди Грција.Земјотресот е на длабочина од 10км на 129 км од главниот град Атина.

Свет | пред 6 години

6 год.
JSP-avtobusi-parkirani

Овие линии на ЈСП утре ќе имаат изменет режим на сообраќање

Поради одржување на Женска трка, автобусите на линиите 8, 15А и 18 утре ќе имаат изменет режим на сообраќање.Од ЈСП „Скопје“ информираат дека затворен за сообраќај ќе биде булевар „Илинден“, од крстосницата со булевар „Климент Охридски“ до крстосницата со булевар „8 Септември“ (кај МИ-ДА), и булеварот „8 Септември“, на потегот од вкрстувањето со булевар „Партизански одреди“ до вкрстувањето со булеварот „Илинден“.Автобусите на посочените линии ќе ги користат околните сообраќајници.

Скопје | пред 6 години

6 год.
KIR_0837

Синдикат на Клинички: Јавното приватно партнерство е штетно за државата, вработените и пациентите

Синдикатот на Клинички центар бара од министерот за здравство Венко Филипче да ја појасни вчерашната изјава во врска со државните болници низ земјава, при што ја спомена можноста за јавно-приватни партнерства во здравствениот систем пред се на болничко ниво, за ослободување од како што рече, непотребните трошоци за одржување на објектите.Од Синдикатот посочуваат дека од изјавата на министерот за здравство, не е јасно дали стратегијата за болниците во помалите општини во државата е регионализација или јавно приватно партнерство.-Доколку Министерството за здравство се залага за регионализација и затворање на болниците, Синдикатот на клинички центар смета дека за тоа прашање треба да се консултираат граѓаните. Поради несогласување на жителите од општината, во минатото не се оствари планот на Министерството за здравство за затварање на болницата во Крива Паланка. Ако се планира болниците да се дадат во сопственост на приватни газди, како модел на јавно приватно партнерство за Синдикатот на клинички центар останува нејасно како тие ќе ги исполнат капацитетите на болниците и од каде ќе обезбедат здравствен персонал, се вели во писмената реакција на Синдикатот на Клинички.Од Синдикатот исто така го прашуваат Филипче, дали се планира, здравствениот персонал да се пополни на сметка на Универзитетските клиники во состав на Клинички центар и истите да станат недоволно конкурентни на таквите „јавно“ приватни болници.-Сакаме да истакнеме дека целта на јавното здравство не е остварување добивка, туку обезбедување на социјалниот мир. Богатството и убавината на нашето јавно здравство е правото на избор на доктор за сите осигуреници, додека истото е привилегија на мал број граѓани во приватното здравство. Истовремено, јавното здравство целосно гледано, сеуште ја нуди најквалитетната стручна услуга во државата. Синдикатот на клинички центар смета дека јавно приватното партнерство, како долгорочен договор со преземени обврски и јасно дефинирани газди е штетен за државата, вработените во јавните здравствени установи, а сигурно најмногу за пациентите и граѓаните.

Македонија | пред 6 години

6 год.
MFA_8353

Димитров: Законот за СЈО мора да се донесе

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во интервју за „360 Степени“ на Алсат, зборуваше за извештајот на Европската комисија кој треба да биде објавен пролетва, носењето на законот за СЈО како еден од условите за позитивен извештај и почеток на преговорите со ЕУ, и што би се случило доколку законот не се донесе.– Мислам дека мора да се донесе законот. Мислам дека ситуацијата во Европа, од Брегзит, од претстојните избори за Европскиот парламент, од дебатите за буџетот, од дебатите за иднината на Европа и внатрешните реформи… ние мора, за да си ги зголемиме шансите за успех и конечно да почнеме пристапни преговори со ЕУ, пристап до кохезивните фондови итн, да им направиме на сите земји членки, непријатно тешко да не не поддржат. Не смееме да оставиме прашање што може да биде изговор или основа за негативен став. Ние успеавме и потешки прашања, да ги споменам амандманите на Уставот итн. Мора да бидеме на значењето на овој момент – рече Димитров.Тој рече дека ЕУ ќе го доведе во прашање својот кредибилитет доколку не ја валоризира нашата успешна приказна со домашните реформи и решавањето на отворените прашања со соседите.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Заев по којзнае кој пат на вработените во Еурокомпозит во Прилеп им ветија дека ќе им го решат проблемот

Лицемерието на Зоран Заев и СДСМ нема крај. Денеска по којзнае кој пат на вработените во Еурокомпозит во Прилеп им ветија дека ќе им го решат проблемот со заостанатите долгови на фирмата. Вработените во Еурокомпозит две години се лажат од власта дека само што не се решени нивните проблеми, а решението никако да го најдат. На владата ќе им заврши мандатот, а нема да успеат да најдат никакво решение ниту за Еурокомпозит ниту за било која друга фирма што има проблеми поради погрешните економски политики, се вели Соопштение до јавноста - реакција на соопштението на Владата на Република Македонија од посетата на Зоран Заев и Кочо Анѓушев на Еурокомпозит во Прилеп.Прилепчани на жртви на лажните ветувања на СДСМ. Ниту една нова инвестиција не е отворена, а веќе постоечките се уништуваат. Овие ветувања на Заев и СДСМ веќе не поминуваат кај граѓаните кои се уверија во неспособноста на оваа власт да ја води економијата. По негативната оцена која ја доби од сите германски инвеститори владата на СДСМ очајно се обидува во јавноста да се прикаже дека нешто работи.Ниту Зоран Заев ниту Кочо Анѓушев не успеаа да направат нешто за македонската економија кој секојдневно тоне, а граѓаните стануваат се посиромашни. Оваа влада предводена од СДСМ мисли само како да си намести тендери за фирмите на своите функционери.СДСМ на следните избори ќе го добијат одговорот од граѓаните за нивните погубни политики.

Македонија | пред 6 години

6 год.
55698519_270122923911649_2490806965521874944_n

ГДУ го промовираше својот локален клуб во Виница

Вчера, Граѓанско Демократската Унија го промовираше својот локален клуб во Виница. На промоцијата во ресторанот „Александар Парк“ присуствуваа голем број членови и симпатизери на ГДУ од Виница. Во своето излагање претседателот на локалниот клуб на партијата, Дејан Соколов, ја истакна идејата и целта на партијата и изрази жалење за тоа дека Виница веќе станува празен град, бидејќи не престанува трендот на иселувањето на младите луѓе, се вели во соопштението од ГДУ.„Не е проблемот секогаш во парите, проблемот е и во системот на државата, лошото здравство, образованието, судството, институциите“, изјави Соколов пред виничани. Граѓанско Демократската Унија-ГДУ ќе биде блиску до граѓаните и ќе ги очекува нивните идеи за подобрување на состојбите на повеќе полиња во Виница, додаде Соколов.Во своето обраќање претседателот на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ, Петар Колев, им порача на виничани да им дадат шанса на храбрите млади луѓе кои што сакаат да сменат нешто во државата, бидејќи и покрај тоа што до сега го давале својот глас за големите партии и нивните „паметни“ политичари резултатот е речиси испразнета Виница.За потпретседател на партијата е именуван Дарко Илиев. Локалниот клуб во Виница е четвртиот Локален клуб на Граѓанско Демократската Унија. Претходно ГДУ ги промовираше своите локални клубови во Штип, Охрид и Куманово.

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC_5021

Заев заедно со владина делегација се сретнаа со вработените во „Еурокомпозит“

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, во рамките на работната посета во Прилеп, заедно со заменик претседателот на Владата на РМ Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, во придружба на градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски, се сретнаа со вработените и менаџментот на акционерското друштво во државна сопственост „Еурокомпозит“.Состанокот меѓу делегацијата на Владата на РМ и претставниците на „Еурокомпозит“ се одржа во конструктивна атмосфера и со единствена цел да се разгледаат предлозите за трајно решение на деценискиот проблем кој резултираше со блокирана сметка и заостанати долгови.На средбата беше истакната заедничката цел да продолжи производството, да се обезбеди ново производство, и да биде платен трудот на вработените.На вработените им беа презентирани понудите од потенцијални инвеститори, а посебно внимание беше посветено на една од нив која има најповолни елементи. Се работи за инвеститор  кој работи во областа  на наменската индустрија сосема соодветна на профилот на „Еурокомпозит“, со што се отвора можност за решение во рамки на законите, кое ќе овозможи фабриката да продолжи да работи на задоволство на вработените.На средбата меѓу владината делегација и претставниците на „Еурокомпозит“, заеднички е договорено да се разгледаат сите аспекти на решението и во следните 15 дена да се донесе заедничка одлука од интерес на вработените и за економскиот развој на регионот и на државата.  

Македонија | пред 6 години

6 год.
zaev

СДСМ: Со социјалната реформа енергетски додаток ќе добиваат најмалку 30.000 граѓани

Лицемерието на ВМРО ДПМНЕ нема крај, нивните амандмани се уште еден доказ дека тие воопшто не се грижат за граѓаните. Во последните 10 години, за време на ВМРО ДПМНЕ повеќе од 400.000 луѓе живееа под линијата на сиромаштија, додека најбогатите 1% од населението стануваа се побогати, велат од СДСМ.„Оваа Влада, предводена од СДСМ е цврсто решена и ја менува оваа состојба. Со социјалната реформа бројот на домаќинства кои ќе бидат опфатени со енергетскиот додаток драстично расте од околу 5.000 на најмалку 30.000 граѓани.Со ова право ќе бидат опфатени сите приматели на гарантирана минимална помош и за разлика од досега веќе нема да им се бараат потврди за платени сметки и да се ограничува помошта токму на оние на кои им е најпотребна. Исто така, за првпат се воведува ново право за социјална сигурност на стари лица, со што се овозможува достоинствен живот за оние кои го граделе нашето општество.Штетните политики на ВМРО ДПМНЕ создадоа систем кој им служеше само на нивните партиски елити, на сметка на најранливите граѓани.Со новите законски решенија се исправаат многу неправди и се гради основа за вистински еднакво општество. Социјалната помош се зголемува за 300%, а бројот на деца кои ќе добиваат детски и образовен додаток ќе порасне за 20 пати.ВМРО ДПМНЕ упорно продолжува да се грижи единствено за нивните партиски елити.ВМРО ДПМНЕ да не си поигрува со најранливите во нашата држава, да престанат да манипулираат со јавноста и да почнат да работат за интересите на граѓаните“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
UaYct-

Кај Тетовец пронајдена марихуана и хероин

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Т.(41) од село Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанци и прекурзори”.При преглед кај лицето била пронајдена и одземена марихуана, додека под неговото возило бил пронајден и одземен хероин.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Стоилковски: ЈП Македонија пат вработува среде изборна кампања

Криминал, поткупи, трговија со правото и правдата , со еден збор беззаконие, тоа се условите во кои што Зоран Заев и оваа криминална власт знаат и посакуваат да функционира Република Македонија. Тоа е атмосферата, во која сакаат да мине и овој изборен циклус, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.„Денеска продолжуваме со прес конференциите во кои објавуваме низа сомнителни огласи и тендери распишани од оваа власт во предизборен период.Вчера објавивме за јавна набавка за сомнително времено ангажирање на 22 работници во УЈП, кој што завршува токму на денот пред почеток на кампањата, денеска, продолжуваме со ЈП Македонија пат Скопје.И повторно ангажирање на 22 лица за времено вработување, во време од 12 месеци, оглас објавен на 19. Март, а се затвора на 16ти април! Среде кампања!И повторно оваа власт посегнува по чувството за потребност на граѓаните, нивното чувство за работа, за потреба од работа, за корисност, на потребност во општеството, ветувајќи вработување во предизборен период. Односно на овој начин се правио поткуп во изборни цели.Почитувани ова е срамно, срамно за една власт која што не ги вади европските вредности од уста, а секојдневно ги гази сите принципи на демократијата и на човековите права.Криминалниот клан на Зоран Заев не размислува за вработувањата  на граѓаните во период меѓу два изборни циклуси, туку само во предизборие. Меѓу двата циклуси, референдумскиот и сега претседателските избори, размислуваше, оваа власт беше преплавена од афери во јавноста за непотизам. Во тој период власт размислува за вдомување на своите најблиски, за вработување на мајки, сестри, деца, на фризерки, на функционери, на видни членови, на звучни презимиња од СДСМ.На граѓаните и нивната потреба од работа размислуваат само во предизборие и тоа само од аспект на поткуп во изборни цели, играјќи си со надежта на граѓаните, на ангажираните дека ќе станат трајно вработени во замена за посакувано однесување на изборите. Внимавајте не се работи само за гласови на овие 22 ангажирани, или колку и да се бара во другите јавни претпријатија туку за целите нивни семејства!Почитувани, Заев и кланот се во паника, знаат дека граѓаните повеќе не можат да ги трпат нивните самоволија, нивното антидржавно, расипничко и криминогено однесување, дека се прочитани и дека ја губат власта. Повторно како во кампањата пред референдумот ставаат се на една карта, ставаат се ОЛ ИН, се расфрлаат со буџетот во обид да го намалат неизбежниот изборен пораз.Почитувани, Јавното Обвинителство не реагира, не реагираше ниту за однесувањата во предреферендумскиот период, а станува збор за настани од исклучителна важност за државата и за демократијата. И затоа мора да бидат испитани, и бараме од Антикорупциската комисија да ги испита овие случаи, доколку не ги испита верувајте ќе бидат испитани ќе бидат ревидирани и за нив ќе бидат покренати истраги и ќе одговараат они кои се одговорни.Ќе повторам и денеска. Нема трговија со правото и правдата. Нема трговија со принципот за еднаквост пред законот. На Македонија насушно и е потребна правда и тие е на дофат. Заевиот клан знае дека му се одброени деновите, изјави Стоилковски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Арсовски: Дали работењето на Иловица зависи од тоа дали фирмите на Заеви ќе добијат транспорт на руда до Петрич

Заев и СДСМ избегнуваат 4 дена да дадат оговори за која намена се формирани трите фирми на Заеви во еден стан во градот Петрич во соседна Република Бугарија. Затечениот Заев сеуште не кажа дали овие фирми се формирани за да добијат бизнис од рудникот Иловица за чие работење Заев драстично го промени ставот во споредба со изјавите кои ги даваше пред две или три години наназад, изјави Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.„Што се промени г-не Заев? Дали бизнисот со транспорт и логистика на рудата од Иловица до Петрич, бизнис тежок 10 милиони евра годишно, можеби ги промени вашите ставови?Почитувани еве неколку факти кои отвораат многу прашања и сомнежи.Официјалните податоци на компанијата која менаџира со проектот рудник Иловица тврди дека 60 до 80 илјади тони руда годишно од рудникот ќе се транспортираат со товарни возила 47 километри од Иловица до, внимавајте градот Петрич од каде потоа со железница ќе се транспортира до топилницата Пирдоп.Инаку градот Петрич е градот каде што се регистрирани трите фирми на Заеви.Многу симптоматично е што токму Заеви отвориле фирми во Петрич, во период кога Заев почнува да го менува ставот за работењето на рудникот Иловица и тоа за дејност транспорт и логистика. Овој бизнис кој се овозможува со отворањето на рудникот Иловица тежи над 10 милиони евра годишно.Зоран Заев зошто молчиш? Одговорете дали работењето на рудникот Иловица зависи од тоа дали фирмите на Заеви ќе го добијат транспортот на руда до градот Петрич каде се пријавени фирмите Гомасиндра, Ориент Груп и Радиша трејд? Што се случи со изјавите на вашата партија дека рудникот Иловица има сериозни закани по здравјето на луѓето, или пак некои бизнис интереси го променија вашиот став?Редно е да им одговорите на граѓаните и да не бегате и да се криете од јавноста“, вели Арсовски.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања