Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
pozar

Пожари во ресенско, скопско и тетовско

На 29.03.2019 во 10,27 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека во атар на село Покрвеник, ресенско, настанал пожар во кој била опожарена сува трева. Околу 18.30 часот пожарот се проширил кон националниот парк „Галичица“. Екипи на Територијалната противпожарна единица Ресен преземаат мерки за гасење на пожарот. За пожарот е известен Центарот за управување со кризи.На 29.03.2019 во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека покрај патот кој води кон село Раовиќ, скопско, избувнал пожар при што горела сува трева и нискостеблеста шума на околу 1 000 метри квадратни. Во 11.20 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита.На 29.03. 2019 во 15,45 часот во Полициската станица за граничен надзор Рогачево било пријавено дека покрај регионалниот пат Тетово - Јажинце, во близина село Старо Село, настанал пожар во кој горела нискостеблеста шума и други видови шумска маса, со тенденција да се прошири во повеќе правци поради силен ветер. За пожарот биле известени Територијалната противпожарна единица Тетово и Центарот за управување со кризи. Се преземаат мерки за гасење на пожарот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Митески: Дали со новиот закон за јавни набавки се планираат нови тендери за Заеви и Анѓушев?

Власта влегува во нов обид за изборна корупција. Вчера, последен ден пред почетокот на кампањата владата побарала од сите органи кои извршуваат јавни набавки да донесат нови годишни планови со нови финансиски прагови, согласно измените во Законот за јавни набавки, операција која треба да ја изведат во ек на кампања, изјави Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.„Ова е циркуларен е - маил кој бил пратен до сите буџетски корисници, кои работат со јавни набавки. Од истиот се гледа дека власта бара од раководителите на овие институции да влезат во криминал, за сметка на креирање ситуација за изборна корупција и поткуп.Измените во Законот за јавни набавки се донесени скоро пред месец дена и власта имаше доволно време да го направи потребното за институциите да бидат спремни да го извршуваат новиот закон, кој стапува на сила од 1 април. Зошто се чекаше последниот рок?Дали со новиот закон се планираат нови тендери за Заеви и Анѓушев, дали со истиот се спремаат тендери за фирми финансиери на власта?ВМРО-ДПМНЕ ја повикува Државната комисија за спречување на корупција да постапи согласно чл.33 од Законот за спречување на корупција и да ја испита оваа можна злоупотреба на буџетски средства.  Исто така го повикува и дипломатскиот кор во земјава и сите меѓународни организации да апелираат на почитување на законите од страна на власта со цел гарантирање на фер избори.Нема да дозволиме власта со парите на граѓаните да отвора простор за можен изборен поткуп“, изјави Митески.

Македонија | пред 6 години

6 год.
soobrakajka

Во Велес се судрија Ауди и мопед, вазачот на аудито избегал но полицијата го пронајде

На 29.03.2019 во 10.00 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Велес се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди А3“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.Т.(41) од Велес и мопед со велешки регистарски ознаки, управуван од З.М.(61) од Велес.Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил З.М., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата во Велес. По незгодата, возачот на возилото не застанал, но во 14.00 часот бил пронајден и приведен. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zaev-hrvtska-2

(ВИДЕО) Заев: Дискусијата за легализација на марихуаната е отворена

Премиерот Зоран Заев смета дека идејата за легализација на марихуаната за рекреативни цели во туристичките центри како пример од надвор, ќе влијае на зголемување на туризмот. Но сепак предупредува дека во моментов државата не е подготвена за тоа, иако како што рече дискусијата е отворена.https://www.facebook.com/tv21hd/videos/728859164177850/„Јас лично мислам дека се уште не сме подготвени, но сакам да ви кажам до каде одат модерните трендови, дури и пуштање во употреба во рекреативни цели на марихуаната само во туристичките места. Некој кажува дека за 5 пати ќе се зголемат потребите од издавање на туристичките капацитети. Зошто велам не сме подготвени? Се уште немаме контролни механизми во државата вградени, но дискусијата е отворена. Ова светот го прави најмногу заради туризам“, изјави Заев за време на посетата на ОхридТВ21 пред неколку дена, повикувајќи се на извори од Владата, објави дека сериозно се разгледува прашањето за легализација на марихуаната, а во првата тест фаза, тоа би било во туристичките места како Охрид и Струга. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
soobrakajna-nesreka

Се судрија дедо и момче, со тешки телесни повреди сопатниците

На 29.03.2019 во 13.00 часот на крстосницата од улиците „Качанички пат“, „2“ и „1506“ во село Визбегово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Пежо 206“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.М.(73) од Скопје и патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Е.(24) од Скопје.Со тешки телесни повреди се здобила Д.М.(69) од Скопје, сопатничка во возилото „Пежо“, додека со телесни повреди се здобил Ш.И.(31) од село Визбегово, сопатник во возилото „Голф“. Тие биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Во Аеродром, скопјанец каснат од куче скитник

На 29.03.2019 во 16.30 часот во Полициската станица Аеродром, М.К.(82) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 10.00 часот на булевар „Јане Сандански“ во Скопје бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

Скопје | пред 6 години

6 год.
09fffb5060dfe9d75c33953d40701ef8

Еве кој ќе го замени Латас на местото главен уредник во ТВ СИТЕЛ

Популарниот музичар Ристо Самарџиев, кој долги години работи во ТВ Сител, ќе го замени Драган Павловиќ – Латас на позицијата главен и одговорен уредник на телевизијата – дознава Економски Лидер од извори во Сител.-Самарџиев ќе биде одговорен уредник на целата програма на телевизијата, додека на позицијата главен уредник на информативната програма ќе биде поставена досегашната уредничка, Славица Арсова – Спасовски. – вели за Лидер вработен во телевизијата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
12048951_10207853692155437_565132157_n

Најчевска: Ако Џаферовски, Ласкова и Адеми се најдобриот избор, јас ќе станам балерина

Во најразлични перформанси за време на шарената револуција таа глумеше балерина, сега, коментирајќи можни кандидати за министри за култура, таа вели дека може да стане балерина, доколку тие можат да станат министри.„Ако, Аднан Џаферовски, Цветанка Ласкова и Едмонд Адеми се најдобриот избор за министер за култура, тогаш јас ќе барам платен настап како балерина во Народниот театар. Јас секогаш ќе бидам подобра балерина отколку тие министри за култура (па и за било што ако веќе станува збор за квалитети, вештини, знаење и способност),“ напиша на својот Фејсбук профил активистката Мирјана Најчевска по информациите што протекоа во јавноста за тоа кои се потенцијалните кандидати за нов министер за култура.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Во автомобил на велешанец пронајдени марихуана и мешавина од марихуана и тутун

Полициската станица Велес поднесе кривична пријава против Ј.Д.(44) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“.На 11.08.2018 во Велес полициски службеници извршиле преглед на лица и возило, при што кај пријавениот била пронајдена и одземена марихуана и мешавина од марихуана и тутун.

Македонија | пред 6 години

6 год.
dejan

Да му помогнеме на Дејан, има рак каков што досега не е дијагностициран во Македонија

Дејан Наумоски има 26 години и има дијагностициран ЕКСТРАГОНАЛАЛЕН СМЕСЕЕН ТЕМОР НА ГЕРМАНАТА КУЛТУРА, односно туморот на ТИМУС жлездата.Тимусната жлезда е одговорна за производство на Т-лимфоцити и е од суштинско значење за имунолошкиот систем. Тие се јавуваат со стапка од само 3 случаи за секои 2 милиони луѓе и можат да се прошират на срцето и на белите дробови.Дејан е првиот пациент од Македонија дијагностициран со овој вид на рак. Во моментов, тој се наоѓа во болницата Memorial Memorial Bahçeelievler во Истанбул, Турција, на чекање за лекување.Вкупните трошоци на радиотерапијата и хемотерапијата се 40.000 швајцарски франци, што е околу 36.000 евра. Неговото семејство можеше да собере 22.000 швајцарски франци,а тоа е 19.700 евра.-Потребни се уште дополнителни 18.000 швајцарски франци. Бидејќи операцијата треба да се спроведе што е можно поскоро, бараме од луѓето во светот да ја покажат својата хуманост и да му помогнат на Дејан да ги собере потребните пари за успешен третман, велат од неговото семејство.На Дејан му треба помош од секој хуман граѓанин кој е во можност да донира.Можност за донција е преку интернет сајтот кој можете да го најдете ТУКАВие ја избирате сумата која сакате да ја донирате.

Македонија | пред 6 години

6 год.
tabanovce

На „Табановце“, приведено лице барано од Интерпол

На 29.03.2019 во 20.45 часот на Граничниот премин „Табановце“, при пасошка контрола и проверка било констатирано дека за лицето К.Т.(33) од Република Албанија има распишана меѓународна потерница од Интерпол. Тој бил лишен од слобода, а на 30.03.2019 во 01.00 часот бил предаден во Полициската станица Куманово за понатамошна постапка.

пред 6 години

6 год.
rezim-soobrakaj

Изменет сообраќаен режим, еве каде?

На 31.03.2019 година (недела) во периодот од 09.30 до 11.00 часот на булеварот „Илинден“ во Скопје (на потегот од Фонтана - Градски Парк до крстосница со булевар „Илинден“ до крстосница на булевар „Илинден“ и „8-ми Септември“, каде ќе се врти назад до Фонтаната, каде што ке биде и целта) ќе биде одржана традиционалната Атлетска женска Трка, во организација на Сојузот на спортови на Скопје. Поради тоа сообраќајот ќе биде пренасочен по булевар „Св.Климент Охридски“ ,улица „Орце Николов“ и булевар „8-ми Септември“.

Скопје | пред 6 години

6 год.
ezerani-pozhar

Пожар во Паркот на природата Езерани во Преспа

Гори трска и друга нискостеблеста вегетација во Паркот на природата Езерани во Преспа, пишува СДК.Дува силен ветер и го шири пожарот, а пламените јазици на терен ги гаснат и ренџерите од паркот.Езерани е заштитен резерват на ретки птици за кој минатата година Швајцарската агенција за развој преку програма на УНДП вложи 5 милиони долари.

Македонија | пред 6 години

6 год.
51989082_370770440319161_6422877176009326592_n

Димовски: Евидентирани се околу 500 пожари за пусти профити на поединци

Членот на извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски, на неговиот Фејсбук профил вели дека овој период се забележани преку 500 пожари во Македонија.„Речиси и да нема место во Република Македонија, каде што не е опожарена шума во последните триесетина дена. Во овој период се евидентирани околу 500 пожари.Гори од Малешевијата до Галичица. И сите тие пожари неможе да не се намерно запалени. Горат горите, за пусти профити на поединци, ама горат и куќи и овошни насади на луѓето. Им ги горите трудот и маката на луѓето, за да направите бизнис. Им ги горите душите. И никој не презема одговорност. А одговорни сте сите, од тие што ги предизвикуваат пожарите, командир на шумска полиција, министер за земјоделство и шумарство, до премиер. Сторителите не ги барате и не ги наоѓате, оти самите вие сте тие сторители.Државата ја претворивте во анархо-тоталитарен режим, во кој владеете со сила, во кој предизвикувањето на страв и психоза кај народот ви се алатка да ги држите под пресија. И сето тоа за да останете на власт и да ограбувате. Арам да ви е!Но, да знаете! Ништо под ова сонце не останало тајна. Се што правите, еден ден ќе излезе на виделина. И ќе одговарате. За сé ќе одговарате, од предавството, до егзодусот и пожарите“, пишува Димовски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zemjotres-1

Силен земјотрес во Сплит

Рано утринава околу 3 часот силен земјотрес беше почувствуван Хрватска, на околу 21 километар северно од Сплит. Сеизмолошкиот завод наведува дека јачината на земјотресот бил 4,2 степени по Рихтеровата скала.Жителите на Сплит велат дека се слушнал и силен звук кој ги преплашил.Земјотресот бил почувствувал и во Риека, која е 242 километри оддалечена од епицентарот на потресот.

Свет | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Се разгледува ново мнозинство на СДСМ со 8-те пратеници, БЕСА и Алијансата

По изборите се планира „пукање на тиквата“ во Владата.Ново мнозинство на СДСМ заедно со осумте пратеници исклучени од ВМРО ДПМНЕ, БЕСА и Алијансата на Села и реконструкција на Влада е опцијата која во моментов се договара меѓу овие политички субјекти - дознава „Скопје1“ од извори во групата пратеници кои се исклучени од ВМРО ДПМНЕ.На оваа тема работи и странскиот фактор кој деновиве оствари средби со осумте пратеници исклучени од ВМРО ДПМНЕ, а амбасадорите во јавноста испратија пораки на поддршка кон дејствувањето на осумте пратеници исклучени од ВМРО ДПМНЕ.Веќе подолг временски период во политичките кругови се зборува дека коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ е на стаклени нозе. Извори за „Скопје 1“ велат дека однесувањето на функционерите од ДУИ е главен проблем за СДСМ, кои пак тоа не можат да го дозволат под притисок на јавноста. Но, овие информации никој не сака да ги потврди.Во изминатиот период, ДУИ не дозволуваше да се отпочне постапката за носење на нацрт-законот за Јавно обвинителство со кое се регулира статусот на СЈО. Главна причина за ова се постапките кои се водат против функционери на ДУИ. Но ова е последната информација која се појави во јавноста.Претходно, министерката за труд и социјална политика излезе со обвинување за директорот на Фондот за пензиско и здравствено осигурување, каде тврдеше дека не се уплаќани пензиски средства за граѓаните. Ова наиде на остра критика и лутење од страна на ДУИ.Еден од низата скандали е легализацијата на дивоградби градени од функционери на ДУИ, но без потребни дозволи. Градоначалниците пак, не сакаат да постапат согласно законите и да ги урнат дивоградбите. Пример за ова е платформата на Матка, која наместо да се урне, таа и натаму се гради. Иако СДСМ постојано се повикува на законите, од ДУИ немаат намера да ги почитуваат.И во коалиционите партнери преовладувало мислењето дека толерирањето на ДУИ мора да има крај , а ослободување од ДУИ чии кадри со своите дејствувања го уништуваат редот и поредокот во државата се повеќе се гледа како опција и кај странскиот фактор.Фунцкионери од СДСМ го гледаат ДУИ и како пречка за интеграцијата во ЕУ и отпочнување на преговорите, оти нивни кадри ги кршат законите и не дозволуваат да се спроведат во пракса. Премиерот Заев е лут на ова и постојано се обидува да најде „средина“ за да остане коалицијата. Заев во изминатиот перид кажа дека имаат несогласувања со ДУИ, но дека не се скарани.Но, според нашите извори, ДУИ нема уште долго да биде заедно со СДСМ, доколку продолжат со вакво однесување. Чашата се прелива, а епилогот ќе треба да се види по изборите, кога е можно СДСМ да бара престанување на коалицијата со ДУИ.Доколку ДУИ излезе, се наѕира нова коалиција со Алијанса за Албанците, БЕСА и независните пратеници, кои ќе обезбедат ново мнозинство во Собранието.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zarko-764x420

Уапсен лидерот на „Христијанско братство“

СВР Тетово го уапси Жарко Гроздановски, „лидер” на организацијата „Христијанско братство“, кој со видео–снимка објавена на социјалната мрежа фејсбук му се закануваше на премиерот Зоран Заев и на сите останати членови на владата, соопшти министерството за внатрешни работи.Од МВР велат дека вчера во 19 часот и 50 минути во Тетово е уапсено 46-годишното лице Ж. Г. Од селото Брвеница, Тетово, кое околу 15 часот на социјалните мрежи, објави видео со заканувачка содржина. По целосното расветлување на случајот, против него ќе биде поднесена тужба.

Македонија | пред 6 години

6 год.
56281536_10157378103343291_6479656867000745984_o

„Некст тајм“ на гости кај Иванов

Дуото „Некст Тајм“ вчера објавија на нивниот фејсбук профил дека биле на прием кај претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов.„Огромна чест е што денеска имавме можност да бидеме гости кај претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, и да зборуваме на многу теми.Свесни дека не секој и секогаш има можност да седне на иста маса со него, така што веруваме дека овој момент ќе остане вечно во нашите сеќавања“, беше напишано од страна на браќата.Неодамна направија промоција на својот нов видео запис за песната „Нешто ќе те питам бабо“. Настанот се одржа во Драмскиот театар (Карпош) на 25 март.

Магазин | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

СДСМ: Напредокот во интергациите позитивно влијае врз економијата

Напредокот во евроинтеграциите, процесот на ратифицикација за пристапување и извесното членство во НАТО позитивно влијаат врз економијата, велат од СДСМ„По години изолација, економска стагнација и неизвосност, државата тргна во вистински правец а економијата е стабилиизрана и раздвижена.Последен доказ за тоа е податокот за раст на индустриското производство во првите два месеци од годинава. По растот во 2018 година што е највисок раст на индустриското производство во последните седум години, индустријата продолжува да расте и во 2019 година. Растот на индустријата за периодот јануари-февруари 2019 е за 9.6 отсто повисок во однос на истиот период од минатата година.Истовремено, во 2018 забележан е рекорден износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра во 2018 што е четири пати повеќе споредено со 2017 година. За само една година отворени се над 26.000 работни места, стапката на невработеност е под 20 отсто што е историски најниско ниво.Ова се само дел од податоците што покажуваат дека економијата, државата, чекорат напред кон раст и развој и враќање назад нема. Со влезот во НАТО и интеграцијата во ЕУ, дополнително ќе се интензивираат позитивните економски трендови. Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат економски раст, нови работни места, нови инвестиции, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани“, се наведува во соопштението. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ наместо да се грижат за најраливата категорија на граѓани, тие ги кратат нивните права

Заеви и криминалниот картел околу нив секојдневно ги шират бизнисите и го зголемуваат богатството, а социјално загрозените категории се повеќе осиромашуваат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев го води системот на социјална заштита во пропаст. Наместо да се грижат за најраливата категорија на граѓани како што ветуваа пред избори, тие континуирано ги кратат нивните права.Пратеничката група на СДСМ на вчерашната собраниска седница  ги одби сите амандмани предложени од ВМРО-ДПМНЕ  и Коалицијата „За подобра Македонија“ поднесени за Законот за социјална заштита.Амандманите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“  беа изготвени во координација со претставници од социјално ранливи групи , со лицата со попреченост и нивните претставници. Амандманите на ВМРО ДПМНЕ беа во полза на овие граѓани, но Заев одлучи да ја крати помошта која ја добиваат.СДСМ заедно со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска наместо да овозможат реализирање на што поголем број на права во овој домен, се залагаат  за нивно укинување.Оваа ненародна власт ги укина стекнатите права на граѓаните кои беа гарантирани со мерките за трето и четврто дете.Министерката Царовска со новиот Предлог закон за социјална заштита го намали на 50% додатокот за покривање на дел од трошоците за потрошувачки енергенси во домаќинствата.СДСМ го укина и користењето на надоместокот на услугата помош и нега во домот, доколку истовремено се користи услугата лична асистенција.СДСМ удри и по старите лица така што правото на постојаната парична помош ќе се трансформира и сега ова право ќе го ужива само еден од брачните другари со навршени 65 години, исклучувајќи ја можноста на брачниот другар или лицето со кое живее во вонбрачна заедница да го оствари тоа право.Во предизборието ветуваа социјална помош од  12.000 денари, но излажаа, како и за се друго.СДСМ во областа на социјалната заштита покажува целосна негрижа за граѓаните. Единствено се ажурни во продолжување на нивната политика на лажење. Се ближи денот кога граѓаните ќе стават крај на лагите на Заев и Царовска, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања